Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Смеа, забава, вицови

+21
defo
Albatros
Nebula
EVITA
Luxor
Teo
chargerburnout
Естир
kiBik
хан Ацо
tmoro
Arhimed
Боко
Hamad bim Khalifa
Фири
sofmak
Бело конче
reiter
gerasim
bratucedot
osa
25 posters

Страна 26 of 33 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 29 ... 33  Next

Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:06

Го викнал директорот Петров во својата канцеларија и го прашува:
– Петров, ти испотени жени сакаш ли?
– Аааа… Како ќе сакам! Кој сака испотени жени?
– А топло пиво сакаш ли?
– Во никој случај! Кој сака топла пиво?!
– Тогаш годишниот одмор ќе го користиш кога ќе дојде зима!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:07

- Мамо, зошто тато има толку малку коса на главата?
– Затоа што многу мисли.
– А зошто ти имаш толку многу коса?
– Марш на спиење!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:07

Маж влегува во аптека:
– Еден литар чист алкохол!
Аптекарката:
– А имате ли рецепт?
Мажот:
– Јас да имав рецепт сам ќе си го направев, немаше да го купувам…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:09

Жена се јавува на својата пријателка:
– Дојди ми на гости. Имам двоен повод за честење.
– И кои се поводите?
– Мажот ми избега со една позната, која одамна не можам да ја поднесам.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:10

- Тато, дали ти некогаш во училиште си се заљубил во учителката?
– Се разбира дека сум се заљубил.
– И што се случи?
– Па ништо. Мајка ти дозна и те премести во друго училиште.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:10

Дете го прашува татко си:
– Тато, што е тоа крокодил?
– Еј, кога веќе спомна крокодил, оди да купиш леб, зошто мајка ти уште малку ќе се врати од работа!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:10

Еден маж си купил нови чевли и од мерак ги облекол уште во продавницата. Се враќа дома среќен и уште од влезната врата и вели на жена си:
– Нешто ново гледаш ли кај мене?
– Не! – Одговара жена му, без да го погледне.
– Како не! Ај види поубаво!
– Што е ново бе!? Не гледам ништо.
Мажот се налутил, излегол од собата, се соблекол сосема гол, ги оставил само чевлите. Повторно се вратил кај жена си:
– А сега? Сега пак ли не гледаш ништо ново кај мене?
– Е што е ново?! Пак ти е свиснат надолу!
– Не е свиснат надолу, туку гледа во новите чевли.
– Па тогаш требало да си купиш нова капа!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:12

Седи поголемо машко друштво. Еден слабичок маж од групата кој му се обраќа на оној кој става ракија:
– Не ми ставај, нема да пијам, мојата вера не ми дозволува!
– Ти да не си муслиман? – Го прашува мажот.
Се јавува друг од тајфата:
– Не бе, другар! Жена му се вика Вера и тежи 105 килограми…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:14

– Трпано, сакам да се разведеме.
– Не може Трпе. Вдовица ме зеде, вдовица ќе ме оставиш!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:15

Си оди едно дете дома целото задишано и му вели на татко му:
- Тато... заштедив 20 денари!
- Како?
- Трчав по автобусот!
- Што не си трчал по такси ќе заштедеше 100 денари!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:17

Одлучиле газдите на една фирма за вино да го зголемат прометот и отишле в црква да го замолат попот:
-Може ли ти попе кога ќе ја кажуваш молитвата наместо "Дај ни боже леб наш насушен" да смениш и да биде "Дај ни боже вино"?
-А не знам јас тоа, ќе морате да го прашате Св. Петар.
Отишле после овие кај Св. Петар, му објасниле за што се работи и го замолиле да ја измени молитвата.
-Ќе морате вие да одите кај Господ, сепак тоа е молитва и не можам јас тоа да решам.
Отишле и кај Господ, а овој кога ги ислушал им рекол:
-Само еден момент морам да се јавам кај Св. Петар да го прашам нешто...Слушај Перо, абе до кога ние имавме договор со оние од пекарата?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:17

Сообраќаец сопрел некој возач кој му бил сомнителен...
- Дувнете овде ве молам - му вели на возачот, подавајќи му балон за алко-тест. - Не можам, имам астма, еве лекарско уверение... - Тогаш ќе морате да дојдете со мене во станица за да ви земеме крв. - Не може ни тоа, имам хемофилија. - Ајде тогаш одете по белава линија десетина чекори. - Не можам, пијан сум.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:19

Отишол Трпе на доктор:
- Докторе, морам да ти кажам дека сум многу болен, мислам дека за мене повеќе нема шанси... што мислиш ти, може ли некако да ми помогнеш?
- Трпе, мораш да одиш на бања и да почнеш да се мачкаш со кал!
- Леле докторе, а мислиш ли дека тоа може да ми помогне?
- Па не баш, али тоа ти е добра прилика да почнеш да се привикнуваш на земја.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:20

Трпе кај доктор.
- Трпе ти не можеш да имаш деца, едното јајце ти е дрвено, а другото метално.
- Врска немаш докторе, јас веќе имам две деца, едното ми е второ одделение и се вика Пинокио, а второто работи во втора полициска станица и се вика Робокап.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:23

-Мамо мамо, зашто жените кога прават свадба се облечени во бело?
-Па како бе синко, тоа им е најсреќниот ден во животот.
-Ааа, сега сфаќам зошто мажите се облечени во црно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:23

Трпе пијан се враќа по полноќ и пред себе тркала една автомобилска гума.
Трпана го прашува:
– Зошто ти е таа гума, бе, глупак, па ти немаш кола?!
– Те прашувам ли јас тебе зошто си купуваш прслуци?!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:31

Во детска градинка учителката ги тера децата да
бројат. Стојанче: - Еден, два, три, четири? Гоше: - Пет,
шест, седум, осум? Иванчо: ...- Девет, десет, џандар, дама, поп

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:32

Цветко отишол на некоја прослава и си заседнал
на една маса. Доаѓа келнерот:- Господине се извинувам ама ова е шведска
маса.- Е добро де, ќе станам кога ќе дојдат Швеѓаните!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:33

Таткото го заспива својот син: -Мирно спиј злато за ништо не грижи се, ако во текот на ноќта ти притреба што било, само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:33

Го прашува Хасо Мујо? Мујо, дали твојот коњ пуши? НЕ .....Тогаш, ти гори шталата!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:34

Слонот ја среќава мравката затрчана, jа прашал зошто трчa, а оваа во трк
му одговара:
- Ќути не прашувај, некој ја силувал лавицата па сега
лавот ги брка сите сомнителни.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:35

Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
- Како се случи тоа?
- Тајна...
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да снесам јајце тешко шест килограми.
Потоа репортерот го прашува петелот:
- Како се случи тоа?
- Тајна.
- Какви се вашите планови за во иднина?
- Да му ја скршам главата на нојот!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:37

Мујо го прашува Хасо:
- Хасо со која рака го бришеш задникот?
- Со десна, ти?
- Е па Хасо, јас мојот задник го бришам со тоалетна хартија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:39

Се караат Трпе и Трпана и Трпана му вика:
- Како не ти е срам, фудбалот ти е поважен од мене. Тој е сè во твојот живот. Никогаш не излегуваме заедно. Не ми купуваш подароци. Или си на натпревар или гледаш фудбал на телевизија. Сигурно не можеш ни да се сетиш кога се зедовме.
А Трпе враќа:
- Е можам! Се зедовме на денот кога Пелистер и Вардар одиграа 1:1 во Купот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 18:40

Плавуша му вика на мажот. - Влезе вода во карбураторот на колата. - Ај да видам, каде си ја паркирала. - Во базенот е!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 26 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 26 of 33 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 29 ... 33  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот