Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

SDSM opraj se

+5
PRVOBOREC
Bosonoga
трендафил
Dino
OPOZICIONER
9 posters

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 15:15

Кого лажете со папагалското повторување "сме за ЕУ ама не сме за договорот со Грција" кога целата меѓународна заедница јасно ви стави на знаење дека без тој договор нема ЕУ. Да се изјасневте дека сте против секаква евроатлантска интеграција и да понудевте издржана алтернатива ќе ве мислеа за сериозни, вака сте само за потсмев.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 16:54

Има луѓе што ќе прифатат секс со работодавачот за да добијат работно место дури и ако се вработени, а новата работа е за малку подобра, а има и луѓе што едвај ќе преживеат но нема да дозволат некој да се изживува со нив. Првите по мои сваќања се курви. Јас не сакам Македонија како курва да влезе во НАТО и ЕУ. Ако тоа не го направивме кога навистина немаше друг излез, кога Русија и Кина беа слаби, не гледам зошто би го сториле сега. Заев и сите негови следбеници можеби уживаат да ја свиткаат својата кичма и да го напупат својот задник, но очигледно има и подруго мислење. Доколку обезбедите мнозинство на референдумот без да има сомнеж во фалсификат нормално е дека ќе ја прифатам таа одлука. Но да учествувам на референдум на кој резултатот треба да биде однапред познат не мислам да учествувам. Колку повеќе ќе се врши притисок за излегување од разни домашни и странски диктаторчиња, толку помали ќе бидат шансите да гласам. Посебно во ситуација кога поставеното прашање е креација на нечиј ненормален ум по мое разбирање на работите, затоа што на 3 прашање јас не можам да дадам еден одговор.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 17:05

трендафил напиша:Има луѓе што ќе прифатат секс со работодавачот за да добијат работно место дури и ако се вработени, а новата работа е за малку подобра, а има и луѓе што едвај ќе преживеат но нема да дозволат некој да се изживува со нив. Првите по мои сваќања се курви. Јас не сакам Македонија како курва да влезе во НАТО и ЕУ. Ако тоа не го направивме кога навистина немаше друг излез, кога Русија и Кина беа слаби, не гледам зошто би го сториле сега. Заев и сите негови следбеници можеби уживаат да ја свиткаат својата кичма и да го напупат својот задник, но очигледно има и подруго мислење. Доколку обезбедите мнозинство на референдумот без да има сомнеж во фалсификат нормално е дека ќе ја прифатам таа одлука. Но да учествувам на референдум на кој резултатот треба да биде однапред познат не мислам да учествувам. Колку повеќе ќе се врши притисок за излегување од разни домашни и странски диктаторчиња, толку помали ќе бидат шансите да гласам. Посебно во ситуација кога поставеното прашање е креација на нечиј ненормален ум по мое разбирање на работите, затоа што на 3 прашање јас не можам да дадам еден одговор.

Ете гледаш како знаеш какви се оние што ги интересира само амнестија на криминалите на врхушката на дпмне.

Тоа нешто како сакаш да се е*** ама не сакаш да ти влезе. Или си за ЕУ и НАТО или си против, се разбира со предлог алтернативно решение.

Го знаеш онаа рџавом к**** и длаке сметају, така и вие ќе направите. Дури и најчисто да биде се, дури и цел свет да го тврди тоа вие пак ќе тврдите дека е фалсификувано.

На исто такво или барем слично прашање веќе си гласал. "Дали сте за независна суверена република Македонија со право да стапува во сојуз со други држави". Познато ти е ова?
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 18:22

Повторно да ти кажам дека вие што верувате дека ваши предци се 103% од тие што дошле од Русија преку Карпатите и Дунав повеќе губите од договорот со Бугарија, а ние што сме поврзани со се македонско губиме повеќе и губиме по двата договора. Промена на идентитетот за мене е преголема цена за влез во некоја организација со неодредено време на траење. За тебе очигледно цената е мала и си спремен да ја платиш. Алтернатива во моментов е статус кво ситуација. Втора алтернатива е приближување кон Русија. Трета алтернатива е Турција. Четврта алтернатива е Кина. Ако мнозинството навистина смета дека до скоро сме биле Бугари, за вас алтернатива би било и федерација, конфедерација или унитарна држава со Бугарија, што автоматски значи членство во НАТО и ЕУ. Фала Богу светот не е диктаторски освен за тие што се робови во сопствениот ум, па алтернативи секогаш има повеќе.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 18:31

Да не сакаше Русија, досега вашата власт што траеше 11 години ќе заклучеше некаков договор со неа. Русија е полоша варијанта, виде ли како им помогнаа на србите? Турција е пред економски крах под притисокот на лидерот на НАТО, САД, што значи и тоа е полоша опција од НАТО. Кина не само што е послаба од НАТО туку и нема да си дозволи луксуз да се спротивстави на интересите на НАТО заради нас. Конфедерација или федерација со Бугарија исто не е опција, светските велесили ЕУ и НАТО, Македонија ја гледаат како независна држава и нивна членка така да немаме потреба за такво нешто. Стату кво е бесмислен и сам знаеш. Останува да излеземе на референдумот и да избереме иднина наместо минато.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 18:39

Колку што знам светските велесили Русија и Кина ја гледаат нашата земја како Македонија од почеток. Земјите од ЕУ и НАТО не гледаа како БЈРМ, а сега како Северна Македонија. Во секој случај за мене промената на името и идентитетот е превисока цена за членство во овие организации. Членството колку што гледам не им донесе некое голем добро на Романија или Бугарија. Ако како добро не се гледа иселувањето на повеќе милион жители.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 18:44

Да ја гледаат, ама не се ниту доволно моќни, ниту пак имаат посебно голема желба да ни помогнат. Во птаво си за иселувањето ама ионака веќе повеќе од половина милион граѓани се исели од Македонија. Што се однесува до твоето мислење не се согласувам со него, но го признавам твоето право да имаш различно мислење и да го промовираш истото.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Пон Aвг 13 2018, 21:24

Во демократија секогаш има судир на различни мислења. СДСМ има напредок. Да бев јавно против патот во комунизам порано како што сега сум за бојкот на референдумот веројатно ќе бев во затвор. За самостојна Македонија имаше и убиства. Како тоа на петте струмички студенти што беа егзекутирани на денешен ден 1951 година. Мирко Пецев, Стево Топчев, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Ѓорги Јармов , Бог да ве прости и слава ви.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 13 2018, 21:40

Да, имаше и убиства, но како што гледам добро си забележал, сето тоа беше за да добиеме незаисна македонска држава. Имало и стрелања кога македонските партизани, инаку најверојатно мобилизирани, во Штип барале да одат на Солун а не на Срем. Сепак крајот е крунисан со формирање на република, федерална единица на СФРЈ со право на отцепување што го искористивме во 1991 и станавме независна држава.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by TRAJCHE Сре Aвг 15 2018, 16:19

Stvarno za nikede, osven Zaev i po nekoj minister drugite kako Filipce spijat i sonuvaat tenderi namesteni.

https://emagazin.mk/otkako-mu-pishaa-na-zaev-obezbedeni-sredstva-za-isplata-na-nadomestok-za-privatnite-speci-alizanti/

TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Сре Aвг 15 2018, 16:49

PRVOBOREC напиша:Да, имаше и убиства, но како што гледам добро си забележал, сето тоа беше за да добиеме незаисна македонска држава. Имало и стрелања кога македонските партизани, инаку најверојатно мобилизирани, во Штип барале да одат на Солун а не на Срем. Сепак крајот е крунисан со формирање на република, федерална единица на СФРЈ со право на отцепување што го искористивме во 1991 и станавме независна држава.
Струмичаните се егзекутирани, не се осудени на смрт туку безмилосно убиени, во 1951 година. Повеќе од 6 години по формирањето на македонската држава во тогаш македонскиот манастир Прохор Пчински, кој го подаривте на Србија.
Заев не работи ништо, туку се појавува само како марионета, кукла која друг ја управува. Слушам нашиве се фалат дека имале поддршка од САД, а колку што знам Македонците во оваа земја се против налудничавата спогодба со Грција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Сре Aвг 15 2018, 19:16

трендафил напиша:
PRVOBOREC напиша:Да, имаше и убиства, но како што гледам добро си забележал, сето тоа беше за да добиеме незаисна македонска држава. Имало и стрелања кога македонските партизани, инаку најверојатно мобилизирани, во Штип барале да одат на Солун а не на Срем. Сепак крајот е крунисан со формирање на република, федерална единица на СФРЈ со право на отцепување што го искористивме во 1991 и станавме независна држава.

Струмичаните се егзекутирани, не се осудени на смрт туку безмилосно убиени, во 1951 година. Повеќе од 6 години по формирањето на македонската држава во тогаш македонскиот манастир Прохор Пчински, кој го подаривте на Србија.
Заев не работи ништо, туку се појавува само како марионета, кукла која друг ја управува. Слушам нашиве се фалат дека имале поддршка од САД, а колку што знам Македонците во оваа земја се против налудничавата спогодба со Грција.

Посета кај офталмолог добро би ти дошла, освен ако намерно се правиш будала.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Пет Aвг 17 2018, 16:44

Пред да даваш оценка за мојот вид симни ги партиските наочари. Ако ги гледаме анкетите, сите без исклучок покажуваат дека од етничките заедници само голем број од Албанците се промена на нашето име и идентитет. Што е безобразно некој друг да одлучува за нашиот идентитет. Наместо Бугарија да ни се извини за окупацијата во Втората светска војна и да побара зголемена грижа на македонската држава за македонското малцинство во Бугарија доколку нема дискриминација врз Македонците таму истото да го направи и Грција за својот однос кон нас, тие го бараат токму спротивното, а некој црпнат слепец од наша страна тоа им го дозволува.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Пет Aвг 17 2018, 16:51

трендафил напиша:Пред да даваш оценка за мојот вид симни ги партиските наочари. Ако ги гледаме анкетите, сите без исклучок покажуваат дека од етничките заедници само голем број од Албанците се промена на нашето име и идентитет. Што е безобразно некој друг да одлучува за нашиот идентитет.

Владимир Божиновски од ИПИС вели дека информацуиите не ти се точни, а како што знаеме тој е дпмне-офца. Јасно се гледа дека ммнозинството македонци се за промена на името.

SDSM opraj se - Page 3 Mkd-386567
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Пет Aвг 17 2018, 17:16

Тебе очигледно не ти е јасно дека тие што нема да гласаат не се за промена на името, а 26.2% што се против и 27,8% што уште сега велат дека ќе го бојкотираат референдумот се повеќе од 50%. Мислиш ли дека нема да се зголемува бројката на тие што ќе бојкотираат кога ќе сфатат дека со манипулација со гласовите на Албанците и Ромите и со помалиот дел од Македонците референдумот доколку излезат тие што се против, а не бојкотираат ќе биде од ден на ден се помал? Во секој случај не очекуваш се надевам дека ќе имам исто мислење со тебе. Јас го прифатив правото на бојкот како начин на гласање и кога вие тоа го направивте, за разлика од вас, фашистите, што сметате дека сте над другите и тоа што вие веќе го направивте немаат право да сторат другите.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Пет Aвг 17 2018, 17:47

трендафил напиша:Тебе очигледно не ти е јасно дека тие што нема да гласаат не се за промена на името,

Тие се незаинтересирани и своето право за одлучување по автоматизам го префрлаат на парламентот. А тие што се против се сепак помалку од тие што се за. заклучок, поголемиот дел од македонците е за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот со Грција.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Нед Aвг 19 2018, 17:40


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Нед Aвг 19 2018, 20:21

Јас нема да се цитирам, ќе го повторам постот за да ти биде појасно. ИПИС на Владимир Божиновски кој е докажана дпмне-офца го тврди ова. Ако не можеш на памет дигитронот во раце и сметај.

Анкета на ИПИС: На референдумот 43,2 % ќе гласаат „за“, „против“ ќе бидат 22 отсто, а ќе бојкотираат 22,7 % од граѓаните

Истражувањето на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека на претстојниот референдум 43,2 отсто од граѓаните би гласале „за" промена на името, 22 отсто „против", а 22,7 отсто од испитаниците рекле дека ќе го бојкотираат референдумот. Одговорот не знам како ќе гласам го избрале 12 отсто од испитаниците.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/anketa-na-ipis-na-referendumot-432-kje-glasaat-za-protiv-kje-bidat-22-otsto-a

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Нед Aвг 19 2018, 22:19

Цензус за излезност значи дека, во најдобар интерес на оние кои се против предлогот, е да апстинираат/бојкотираат, наместо да гласаат против. На пример, ако 48% од гласачкото тело е ЗА предлогот, 5% е ПРОТИВ него, а остатокот од 47% од електоратот планира воопшто да НЕ ГЛАСА – тогаш петте проценти на противниците на предлогот треба само, на денот на референдумот, да не се појават на гласачкото место за да го наметнат своето гледиште над оние кои се ‘за’ , пишува во Кодексот на Венецијанската комисија, во која вие се колневте.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by PRVOBOREC Нед Aвг 19 2018, 23:48

Што би било кога би било, тоа е твоето. Јас со бројки од вашиот ИПИС ти докажав дека цензус ќе има.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by трендафил Вто Сеп 11 2018, 09:21

Очигледно е дека меѓународната банда (заедница) и домашните предавници не сметаат така, па затоа секој ден имаме гости од странство и двојна кампања, на СДСМ со Албанците и на ЕУ за излегување на референдумот. Да беа анкетите точни и сигурни ќе немаше потреба од кршење на законите. Реално е и дека меѓународната заедница повеќе не смета на тоа дека само изборот ни е еден, НАТО и ЕУ, па се плаши од руско и/или кинеско влијание. Што би добиле со НАТО, на пример во случај на напад од ИСИЛ кој е присутен пред се секаде кај што има Албанци. Би загубиле ефикасна помош од Русија, единствена земја што успешно се избори со ИСИЛ, а би добиле помош од НАТО чија борба со ИСИЛ во арапските и азиските земји помина катастрофално. До степен што некои мислат дека се сојузници со ИСИЛ исто како што беа сојузници со терористите што од Косово ја нападна Македонија во 2001 година како една етапа во разнебитувањето на Македонија што треба да финишира со спроведувањето на Преспанскиот договор, кој ќе се проширува со духови. Нели имавме дух на Рамковниот, сега ќе имаме дух на Преспанскиот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by Teo Вто Сеп 11 2018, 10:34

Shto sega stana stalinist??? Dedo ti, ako i toj ne bil takov i lezhel na Goli Otok vo grob se prevrtuva...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by Teo Пон Ное 12 2018, 12:38

Nema da komentiram samo kje postavam nekolku prashanja...

1. Koj mozhe da kupi vozilo so standard Evro 6 i Evro 5???

2. Koi se tie shto mozhat da si dozvolat vozila so standard Evro 4 i Evro 3???

3. I koi se jadnicite koi moraat da imaat vozilo zaradi potrebata na primer da odat na rabota za da obezbedat gola egzistencija a na koi namesto da im se obezbedi kvaliteten gradski prevoz shto kje im go olesni zhivotot kje im bidat natovareni dodatni davachki za nalepnica, kje bidat iskluchuvani od soobrakjaj i kje bidat obelezhani kako zagaduvachi i unishtuvachi na zdravjeto na svoite sogragjani???

4. Dali ovie poslednive ne se dovedeni vo ista sostojba kako evreite vo nacistichka Germanija i so samoto obelezhuvanje kako zagaduvachi i nanesuvachi na shteta na zdravjeto na graghjanite i nivnite semejstva ne se diskriminirani a so toa i dovedeni vo opasnost od izlivi na omraza pa i nasilstvo protiv niv???

5. Po koi kriteriumi kje se dodeluvaat subvenciite za elektricni i hibridni vozila so ogled na toa deka se predvideni samo 200 godishno, odnosno chii bliski rodnini treba da bidat kandidatite za da gi dobijat istite ???

6. Po koi kriteriumi kje se dodeluvaat subvenciite za vgraduvanje na plinski uredi koi se ogranicheni na 1200 godishno, potochno shto kje treba partiskite vojnici shto kje konkuriraat za niv da napravat ili kogo treba da poznavaat za da gi dobijat???

7. Koga navistina sds kje se opravi, seriozno kje se zafati so reshavanjeto na problemot so zagaduvanjeto i kje gi locira i sankcionira vistinskite zagaduvachi koi neprecheno gi trujat gragjanite blagodarenie tokmu na vlasta koja go predlaga ovoj diskriminirachki zakon???

Prashanjata za idnite dobitnici na subvencii ne se sluchajni...Isto kako i izostavanjeto na bukvata M i upotrebenite malite bukvi vo imeto na partijata na vlast...

За возење без еколошка налепница казна од 500 евра
12 ноември , 2018

Новиот предлог-закон за возила, со кој ќе се воведе еколошка категоризација на возилата, односно нивно означување со налепници со зелена, жолта и црвена боја во зависност од тоа колку загадуваат, предвидува и казна од 500 евра ако приватното возило нема налепница. Ако пак станува збор за фирма, казната ќе биде 2.000 евра.

Тоа е утврдено со членот 9 од предлог законот, со кој се менува членот 26 на постоечкиот закон, со кој се исфрла регистрациска налепница и таа се заменува со новата еколошка налепница. Според одредбите од член 26 казната за возење нерегистрирано возило и неносење регистрациска налепница за приватно возило е 500 евра, а бидејќи со новиот закон таа ќе биде заменета со еколошката налепница, казната во тој износ останува. Но, ако од истекот на регистрацијата поминале помалку од 30 денови, казната е 100 евра. За возила на фирми, казните за возење без еколошка налепница ќе бидат 2.000 евра.

Дополнително, предлагачот на новиот закон, Министерството за економија, пресметало дека субвенциите од 5.000 евра за ново електрично возило, односно 3.000 евра за ново хибридно возило, ќе одлеат од државниот буџет 170 милиони денари во 2019 година, 245 милиони денари во 2020 година и 320 милиони денари во 2021 година.

Предлог-законот вклучува и проширување на обемот на податоци за возилата што ќе се внесуваат во Регистарот на возила, а голем новитет е и фактот дека техничкиот преглед на автомобилите ќе трае најмалку 15 минути, а на товарни возила и автобуси, најмалку 25 минути.

По стапувањето на законот на сила, со зелена налепница, за 1 еколошка категорија, ќе се означуваат возилата со стандарди Евро 5 и Евро 6, како и возилата со Евро 4 на кои е вграден уред за течен нафтен гас или компримиран земјен гас, како и електричните и хибридните возила. При енормно зголемување на загадувањето на воздухот во градовите, тие возила ќе може слободно да се движат во заштитените еколошки зони, според одлуките на општините и Град Скопје.

Втората еколошка категорија,со жолта налепница, ќе ја сочинуваат возилата со стандарди Евро 3 и Евро 4, како и возилата со Евро 2 на кои е вграден уред за течен нафтен гас или компримиран земјен гас. За тие возила при зголемено загадување ќе има ограничување на движењето, според одлуките на општините и градот Скопје.

Во третата, најниската категорија, која ќе се означува со црвена налепница, ќе бидат возилата со Евро 2 или Евро 1 стандард, или без таков стандард. За нив ќе биде забрането сообраќањето во периоди на загадување на воздухот.

Целта на измените е да се намали загадувањето на воздухот од страна на возилата.

Предлог-законот предвидува и субвенции од 5.000 евра за секое купено електрично возило, а 3.000 евра за купено хибридно возило. Во првата година по стапувањето на законот ќе се доделат вкупно 200 такви субвенции.

Исто така, ќе се субвенционира вградувањето на уреди на течен нафтен гас или на компримиран земјен гас, односно метан, и тоа најмногу 50 отсто од трошоците за набавка и вградување на уредот, но најмногу до 300 евра по возило. Во првата година се планираат 1.200 такви субвенции.

https://iportal.mk/makedonija/za-vozenje-bez-ekoloshka-nalepnica-kazna-od-500-evra/
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by Teo Пон Ное 12 2018, 13:38

Izgleda ne sum samo jas shto postavuva interesni i nezgodni prashanja...

SDSM opraj se - Page 3 122
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

SDSM opraj se - Page 3 Empty Re: SDSM opraj se

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот