РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
+2
Teo
Luxor
6 posters
Страна 1 of 3
Страна 1 of 3 • 1, 2, 3
РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Еве дури сега откриваме колкаво зло биле дпмне.
ЌЕ ГИ ЗГАЗИМЕ СДСМ, А НОЌТА НА ПЕТТИ ЌЕ ИМ СЕ МОЧАМ У УСТА НА А1, СЕ ЗАКАНУВА ПРОТОЃЕР ПРЕД ЈАНКУЛОСКА ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“
Обвинетиот Мартин Протоѓер шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски исто така обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО, според бомбите што е се слушаа денеска во Кривичниот суд, во телефонски разговор непосредно пред парламентарните избори во 2011 година на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ѝ одговара како стои ВМРО-ДПМНЕ на теренот.
„Ќе ги згазиме! А ноќта на петти, ќе им се мочам во уста на А1!“, вели Протоѓер.
Анкетите им ги изработува Владимир Божиновски-Влајко, координатор на Центарот за истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) кој денес се декларира како независен аналитичар. Јанкулоска во разговор вели дека тој имал еден куп нарачки, цел штаб на ВМРО-ДПМНЕ му бил на грб. Но, и дека ветил оти на толку работа, ќе ја повтори ако треба анкетата за четвртата изборна единица, каде што од необјаснети причини паѓал рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред изборите.
Според документите што ги објави новинарската истражувачка мрежа БИРН лани на 5 септември, повеќе од 600.000 евра од три државни институции има земено Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 2011 до 2017 година за истражување на јавното мислење. „Овој институт во јавноста често беше застапуван преку Владимир Божиновски – Влајко, кој во јавните настапи редовно ги бранеше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите на ИПИС за рејтингот на политичарите секогаш одеа во корист на поранешната владејачка структура“, вели БИРН.
Во Кривичниот суд до крајот на рочиштетот се слушаа бомби како Јанакиески договара со транспортни фирми на нивни трошок да разнесуваат гласачи, наши иселеници, во избирачките места во дијаспората.
Вкупно денеска се преслушаа 112 бомби, а следното рочиште е закажано за 12 септември.
Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности е обвинет поранешниот премиер Никола Груевски, половина од тогашниот Извршен комитет и други партиски финкционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 21 обвинет. Oбвинети се Mартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
https://sdk.mk/index.php/makedonija/ke-gi-zgazime-sdsm-nokta-na-petti-ke-im-se-mocham-u-usta-na-a1-se-zakanuva-protoger-pred-jankuloska-vo-bombite-za-titanik/
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Srekja shto se izleze na videlina...eve megju chlenovite na dpne imalo i chesni lugje koi si gi sakaat narodot i drzhavata...
Повеќе од 200.000 вмровци ќе му одбијат послушност на Мицкоски за референдумот
Дел од членовите на партиското раководство воопшто не кријат дека во Извршниот комитет постои разногласие, односно дека дел од членовите веќе се изјасниле против бојкот на референдумот со став дека партијата не смее да остане надвор од актуелните процеси со интеграциски предзнак.
https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/poveke-od-200-000-vmrovtsi-ke-mu-odbijat-poslushnost-na-mitskoski-za-referendumot/
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Денес имаше интересен случај. Пуштен е еден ист разговор како доказ два пати, а времињата во кои се направени записите според СЈО се различни. Изгледа дека екипата на СДСМ што ги монтирала разговорите не сакајќи два пати ја снимило својата креација, а СЈО тоа не го забележало.
https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/preslushani-122-bombi-na-sudeneto-za-titanik-prodolzhuva-na-12-septemvri/
П.С.: Ниту една диктатура не е симната со избори. Интересно ми е кога ДУИ , вашиот коалиционен партнер, го обвинувате за диктатура.

_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
И што сега, очекуваш да им веруваме на адвокатите кои земаат грдна пара да ги бранат криминалците од дпмне?
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Адвокатите само го потенцираа тоа што се случи во судницата и што сите присутни го видоа и слушнаа. Еден ист разговор е пуштен два пати, но снимен е во различно време. Нешто во што само многу будала може да поверува. Доколку не е дел од реформираното северно македонско судство. Немате ли некој нормален обвинител што нема да прави вакви будалаштини. Веќе спомнав на друга тема разговор снимен во 24:56, што ниту еден компјутер не го прави, туку би запишал 00:56 или разговор во кој говорниците се поздравуваат со добар ден и завршуваат со ќе се чуеме вечер, а разговорот е наводно снимен околу полноќ. Сето тоа во еден ден. Како после вакви будалаштини да верувам во реформираниот северномакедонски правосуден систем.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Останува да видиме што ќе рече судот на очајните обиди на одбраната да спаси што се може.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Не знам дали обвинетите се виновни. Ако се треба да одговараат. Тука нема ништо спорно. Јас не сум како вас да ги оправдува криминалците од партијата чии членови се или ако како мене не се членови на партија криминалците од партијата за која гласале. Но ваквите будалаштини на власта и судството ја доведуваат во сомнеж целата постапка. Идиотски е Заев или некој новинар да ги најавува пресудите, а да не зборувам за доказ од типот еден ист разговор да биде презентиран пред судот два пати како да се работи за два различни доказа и тоа снимени во различно време. Дали беа нормални тие во СДСМ, ЦИА или некоја друга организација што ги спремаа доказите.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Не ги оправдуваш криминалците ама тврдиш дека доказите се наместени иако судот не се произнел, дури ни лагите не ти се инвентивни.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Јас само нотирав дека не е можно еден ист разговор да биде прикажан како два различни доказа што се случиле во различно време. После таква идиотска грешка не можам да не се посомневам во нечесните намери на СЈО. Знаеме кој е творците на ова обвинителство се и евентуалните татковци на евентуалната Северна Македонија и северномакедонците кои до 1944 или 1991 година биле Бугари. Може ќе излезе и дека Заев е татко на северномакедонската нација од 2019 година.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Ама како што веќе ти кажале тоа е тврдење на одбраната, судиите досега не се произнеле.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Се работи за докази што јавно беа презентирани пред сите присутни во судницата. Не за докази што адвокатите ги слушале на само на некое друго место. Ако судот се прави блесав за нешто што сите го имаат видено и слушнато, можам да замислат што прават на затворени судења. Ти очигледно го немаш следено вчерашното судење лично, туку ти го презентирал некој друг обработено.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Сакаш да кажеш дека ти лично беше таму?
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Најдобро би било да има директни преноси од вакви судења, па народот да биде судија.
Ајде да те прашам дали ќе си го смениш никот ѕатоа што првоборците не се бореле ѕа Северна, туку ѕа обединета Македонија. Или по бришењето на историјата куртон револуционерите ќе бидат прогласени ѕа првоборци од куртон владата што ја имаме.
Ајде да те прашам дали ќе си го смениш никот ѕатоа што првоборците не се бореле ѕа Северна, туку ѕа обединета Македонија. Или по бришењето на историјата куртон револуционерите ќе бидат прогласени ѕа првоборци од куртон владата што ја имаме.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Се бореле за независна Македонија, и тоа е во потполност остварено.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
За жал не е во потполност остварено тоа за што се бореле. До скоро беше отстварено на територијата на Република Македонија, а не на цела Македонија, а по марионетската влада што ја имаме не знам дали воопшто сме слободна земја. Кога зборуваме веќе за историјата и минатата власт, самиот факт што власта си замина по избори, и тоа предвремени, е доволен доказ дека не се работело за диктатура. Далеку по диктаторска е изјавата на Заев дека нема да ги еб. резултатите од референдумот и ќе си го спроведе тоа што го наумил и во случај на неуспешен референдум.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Не можеле ниту да очекуваат обединување на целата територија на Македонија со оглед на тогашниот распоред на политичките и воени сили.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Денес на местото кај што СДСМ прави масакр врз паркот шума Водно за да не ја смени трасата на гасоводот кон гласачите што во големо број треба да го поддржат Преспанскиот договор (од Гостивар и Тетово) ќе дојдеше до инцидент. Некое партиско војниче следбеник на црпнатиот од село Муртино му нареди на возачот со булдожер да помине преку активистите што сакаат да го спречат уништувањето на овој дел од белите дробови на Скопје. Добро е што возачот не беше будала како неговиот шеф.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Ne znam shto tolku si se zagrizhil za bagrata na Apasiev...Samo vi odvlekuvaat glasachi od dpne...
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Зошто кога некој се бореше да се спаси едно дрво е позитивен, а ако се бори за спасување на шума од дрва багра. Ако не се работи за слепило или друг вид на хендикеп од политички причини, не гледам друга причина за нешто такво. Дали низ розеви очила не успеваш да ги видиш исечените дрва на Водно. Или најново, во населбата Железара.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Pa chovekot samo go sproveduva DUP-ot donesen od gradonachalnikot i sovetnicite na dpne od prethodniot sostav... Shtio sega se pravite mrdnati i pushtate partiski vojnici da protestiraat?
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Ако добро го разбирам твојот северно македонски јазик, сакаш да кажеш дека тој што ќе гради е од СДССМ. Има можности. Општина Центар на пример објави мораториум на градење. Вака ќе излезе како за автопатот, го градеше ВМРО, а ваш ќе биде само чочекот на свеченото отворање.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Бидејки пишуваш и зборуваш на истиот тој јазик, според неговото понижување во твоите зборови заклучувам дека твојот патриотизам е лажен.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Кога со некој не сакаш да се разбереш потполно е сеедно на кој јазик зборуваш. Нели се срамиш од изјавата на министерот за култура кој сака во Македонија да воведе цензура и линч на уметници поради тоа што него нешто го навредило. При тоа без да го види филмот го оценува дека е без уметничка вредност. Фиолмот иначе ќе се прикаже на фестивалот во Монтреал, кај што не би поминал доколку нема уметничка вредност. Македонците, пардон, Северните Македонци во власта ја свиткаа опашката пред своите газди Албанци. Еве ја најавата од филмот што ги навредила чувствата на Албанците кои сметаат дека борба за човекови права е убиството на момче што игра кошарка (чиј убиец патем деновиве е пуштен на слобода), или киднапирање и убиство на 12 цивили што ги извршија терористите од УЧК. Еве ја најавата за филмот
https://www.facebook.com/100028273306351/videos/116935849258858/
Еве го и одговорот на режисерот на филмот на небулозите од страна на диктаторската власт во Македонија.
ЈАНИ БОЈАЏИ ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА: Вака почна и во илјадагодишниот Рајх, прво со уметниците, потоа…!
Министерството за култура со ова соопштение повикува на насилство и терор врз мене како уметник и насилство
и терор врз филмот ,,Ругање со христос,, како уметност! Ова ,,комунике,, напишано во недела на 2-ри септември е вовед во фашизам во Македонија. Министерството за култура ме обвинува замислете за ,,идеолошка малверзација“! Со такви обвинувања за ,,идеолошка застранетост,, во 1936 година Хитлер го започнал прогонот врз модерната уметност во Германија, Сталин големите чистики, а во 1949 година со таа реченица луѓе биле праќани на Голи Оток! Ова е Макартизам од најдолен вид!
Македонското министерството за култура без око да му трепне јавно објавува дека ќе ,,воведе контрола врз цитирам: темите, идеите и пораките што ги испраќаат овие филмови“! Ова е директно и недвосмислено ограничување на правото на слободен говор и тоа за уметничко дело кое дури и не е покажано јавно во целост.
Залудно ќе редам фрази затоа што знам дека немате ни срам ни перде, ниту сте пораснати во умот и снагата за да се носите со ситуацијата во која што сте. Не ви е гајле. Ви ја разбирам силата. Зад министерот и неговиот став очигледно е дека стои неговата партија, премиерот, Владата и ,,меѓународната заедница“ кои прават се во мојата земја да завладеат европски вредности и стандарди! Среќна европска слобода на уметноста!
Патем, тврдам дека во филмот не се навредени никакви чувства на никој народ затоа што на филм карактерите не се колективни-народи, туку индивидуалци со нивните ставови и постапки!
Ја повикувам и подржувам Агеницјата за филм како независно тело да застане во одбрана на својата независност од политика и да се стави во заштита на филмот, филмаџиите и нивната творечка слобода!
Барам медиумите да застанат во одбрана на нашиот филм ,,Ругањето со Христос“ и правото на слободно изразување на идеи, мисли и ставови.
Ова работа така започна и кај ,,илјадагодишниот рајх“: Прво со уметниците на крајот со Евреите!
И, немојте да пишувате во инбокс закани, па после да ги бришете! Не ви се плашам воопшто! Прашајте се што ве интересира, ќе ви одговрам. На крајот, цивилизирано е да купите билет, да отидете во кино и да не се согласувате со ништо со тоа што ќе го видите на платното. И се разбира доколку мислите така, јавно да дебатирате за се, без да ми се заканувате со разни УЧК искуства и принципи!
Среќна слобода! Ви посакувам да владеете толку долго колку што ќе биде доволно еден цел живот да се срамите од ова!
Ова е јавното обраќање на режисерот Јани Бојаџи. Претходно, Министерствоо за култура објави, како што пренесе Макфакс, дека филмот е „без никаква уметничка вредност“ и дека ги навредува чувствата на граѓаните:
„Агенцијата за филм е независна институција од Министерството за култура и заедно ги осудуваме решенијата на претходните гарнитури кои финансирале проекти без никаква уметничка вредност и кои ги навредуваат чувствата на граѓаните, се наведува во соопштението на Министерството во врска со, како што велат, скандалозниот филм „Ругање со Христос“, финансиран од Aгенцијата за филм во 2015. година.
Од Министерството информираат дека се подготвува ново законско решение кое ќе ги спречи ваквите злоупотреби во иднина и ќе овозможи контрола врз темите, идејите и пораките што ги праќаат филмовите.
„Министерството и Агенцијата за филм потенцираат дека ова е последен пат со парите на граѓаните се снимаат филмови кои ги навредуваат истите тие граѓани. Такви тенденциозни играња со историја, настани кои наштетуваат на соживотот и животот на граѓаните, финансиери на истите дела, веќе нема да најдат поддршка“, стои во соопштението, во кое се наведува дека Агенцијата за филм веќе започнала голем број на постапки за проекти финансирани во минатото.“
https://denesen.mk/jani-bojadzi-vaka-pochna-i-vo-iljadagodishniot-rajh-prvo-so-umetnicite-potoa/

Небањат, решив да погледнам што е снимено и уште првата сцена глупост невидена. Исус бил син на Александар. Глупи се раѓате или во партијата ве заглупуваат, какви верници сте вие кога и библијата ја фалсификувате?
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: РАЗГОЛЕНА ДИКТАТУРА
Се работи за филм кој не се базира на историски факти како филмот Трето полувреме на пример во кој се опишани настани за кои ми зборувал татко ми, кој е починат уште во времето на СФРЈ. Сите знаеме дека Александар загинал во 323 година пред нашата ера (пред Христа), но авторот на филмот има своја визија. Се надевам дека филмот ќе можеме да го видиме во нашите кина па да дознаеме во која смисла е тоа во врска со Исус и Александар. Но кога се работи за меѓународната банда и домашните предавници не е исклучено и филмот да го снајде судбината на Македонската енциклопедија, односно да биде забранет и да гледаме илегални копии во домашни услови далеку од очите и ушите на службениците на Оливер Спасовски.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 1 of 3 • 1, 2, 3
Страна 1 of 3
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот