Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

5 posters

Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by osa Саб Ное 03 2018, 23:19

Пензиска реформа: 28 илјади пензионери ќе може да се вратат во државниот пензиски фонд
03.11.2018 | 17:37ЕкономијаПрочитано: 4762
Со сет мерки ќе се реформира пензискиот систем. Старосната граница не се менува, пензиите нема за замрзанат, се воведува државна пензија. Ова се само дел од мерките. Министерката Царовска денеска обелодени дека за да се пополни дупката од 19 милијарди денари што сега недоставуваат во државниот пензиски фонд се посегнува по повеќе реформи кои ќе значат стабилност на системот.



Минимално се зголемуваат придонесите за пензиско и здравствено осигурување од наредната година, и тоа за вкупно 0,5 процентни поени. Односно - компаниите на своите вработени наредната година ќе им плаќаат 18,4 проценти пензиски придонеси и 7,4 проценти придонеси за здравство.

„Македонија е социјална држава и има и бруто плата. Бруто платата треба да се зголеми за о.5 и пресметката така да се направи. Но, дека бизнисите ќе го оптерети нема да се согласите кога ќе ви ја кажам сумата што треба да се оддели за најголемиот дел од вработените дека не е така и дека тоа е сто денари. Но, на целата масаима ефект во намалување на дефицитот и ако денеска е 19 милијарди со сетот на мерки ќе добиеме 16, 9 милијарди. Тоа ни кажува дека со спуштањето или намалувањето на дефицитот добиваме одржлив систем.“ - вели Мила Царовска - министерка за труд и социјална политика.

Понатаму точно утврдува кои не може да биде во двостолбен систем со тоа што сега се отвора можност за 26.000 до 28.000 илјади осигуреници да се префрлат од приватниот во државниот пензиски фонд, бидејќи се утврдило дека ако останат тоа е понеповлна положба за нив, односно би земале помали пензии од оние кои им следуваат. Така што сите оние кои се родени до 1.1.1967 година ќе може да се вратат и да добиваат пензија само од првиот столб. Право на избор ќе имаат и работниците со бенефициран стаж.

„Нашата анализа покажува максимални 28 илјади осигуреници кои што може да се префрлат, вклучително оние со бенефициран стаж кои не им даваме можност да одлучат зошто бенифициран стаж зошто им ги спушта многу пензиите.“ - вели Царовска.

Се воведува и државната социјална пензија со која ќе бидат опфатени околу 6000 грагани. Со оваа мерка ќе бидат опфатени лицата над 65 години, со најмалку 15 години живелиште во Македонија и кои имаат еден ден работен стаж. Тие ќе примаат околу 5.800 денари месечно пензија. Пензиите ке се усогласуваат два пати годишно со растот на трошоците за живот. Владата очекува со ови е мерки дефицитот во фондот нареднатгодина да с енамали за 35 милиони евра или од сегашните 309 да се спушти на 275 милиони евра.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by Dino Нед Ное 04 2018, 00:20

Bedna populisticka merka u stilot na VMRO, neka ne se falat so tie 6000 sto ke zemat tuku da kazat sto da pravat tie seeste iljadi pretezno zemjodelci i slicno sto nemaat nitu den staz.

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by osa Нед Ное 04 2018, 00:33

pa tokmu za tie se ovie drzavni penzii Dino

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by osa Нед Ное 04 2018, 00:36

mene pa drugo me zbuni ...onie shto se rodeni 1.1.1967 ne se vo penzija ...imaat ushte da rabotat ...i spored moi soznanija tie ne bea zakonski opfateni da mora da se i vo dvata penziski stolba ,pa sega shto e rabotata da se vratat od tamu kaj shto ne ni bile ???

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by Dino Нед Ное 04 2018, 00:52

E pa zosto lazea deka site ke zemat penzija so ne kazaa deka toa e samo za tie sto imaat kolku tolku staz? I so gi dupat u zdrav mozok koj bil voopsto osiguran ili vraboten samo eden den. Zatoa e laga i populizam da vikaat penzii za site neka si kazat ubavo penzii za ponekoi potocno za malkuto a za mnoguto zivotot ne dojde.

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by OPOZICIONER Нед Ное 04 2018, 09:44

Tie sto nemaat nitu den staz a nemaat prihodi ke zemaat toa sti i dosega, socijalna pomos. Treba samo da ja napravat trajna da ne se turkaat lugeto po salteri na stari godini, a moze veke e napravena.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by трендафил Нед Ное 04 2018, 18:03

Тие државни пензионери ќе добијат пари на сметка на пензионерите што ги исполнуваат досегашните услови. Најголем дел ќе бидат емигранти доселени во Македонија, најголем дел од Косово, па затоа се бара да имаат 15 години живеено во Македонија и помал стаж од истиот. Не знам како со зголемување на бројот на пензионери ќе се стабилизира фондот. Лично не гледам зошто би поддржал намалување на мојата реална пензија затоа што се укинува порастот на пензиите и според покачувањето на просечната плата (останува само делот според ппорастот на животните трошоци што е лесно се манипулира). На сметка на државниот фонд ќе се дестабилизираат приватните кои ќе мора да повлекуваат пари од вложувањата во разни акции и хартии од вредност за да префрлат пари во државниот фонд за тие со бенефициран стаж. Се работи за уште една диктаторска одлука на власта без никаква консултација со работодавачите и синдикатите.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by Luxor Нед Ное 04 2018, 20:14

Префрлање во државниот фонд во моментов е најбезболниот начин да се санира дупката во ПИОМ. Инаку преостанува само зголемување на старосната граница за пензија. Во овој случај синдикатите се согласуваат со владата а работодавачите не се повикани да одлучуваат за пензиите на вработените, ако нив ги прашуваш сите треба да работат до смрт по можност за минимален надомест.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by трендафил Нед Ное 11 2018, 10:50

Дупката во ПИОМ може да се пополни и со средства од буџетот, затоа што дупката е наследена од времето кога СДСМ, тогаш СКМ, ги потроши парите што требаше да бидат депонирани за пензионерите . Македонија со влезот во плурализмот наследи празни фондови со задолжувања од СДСМ (СКМ). Гледам за сметка на државните пензии ќе се укине надокнадата за трето дете. Не знам дали денес ќе се одржи протестот со оставање на трети деца пред владата, што би било невидено нешто до сега во светот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by Luxor Нед Ное 11 2018, 10:59

Секоја година 500 милиони евра од буџетот се слеваат во ПИОМ. Тие пари можат да се искористат за подобрување на животот на граѓаните а ПИОМ да се оспособи сам да се финансира. Голема лага е дека било што е наследено, дупката ја направија твоите дпмне-офци на чело со твојот пастир, осудениот криминалец во бегство Грујошеску.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by трендафил Нед Ное 11 2018, 20:55

Не знам од каде ти е информацијата дека Груевски е во бегство, но тоа не е тема на разговорот. Во Македонија со децении пензионерите чекаат уплата на придонесите од сегашните вработени за да земат пензија, наместо да се чуваат нивните пари како што прават приватните фондови кај нас и сите пензиски фондови во нормалните земји во светот. Минатата влада ги намали доприносите затоа што оцени дека буџетот може да ја финансира дупката на пари во ПИОМ. Претходно пензиите се исплаќаа по групи со мало за првата и големо доцнење за третата група. Не знам од каде ти е мислењето дека пензионерите не се граѓани. Дали актуелната влада сака да го намали финансирањето на пензискиот фонд од буџетот за да си ги поделат парите партиите на власт?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by Luxor Нед Ное 11 2018, 21:30

Не гледам причина да се пополнува дупката од буџетот кога тоа се решава со едноставно укинување на задолжителното партиципирање во приватните фондови, па им се дава можност на граѓаните да одлучуваат сами каде ќе одат нивните придонеси. Кога пишувам "Тие пари можат да се искористат за подобрување на животот на граѓаните а ПИОМ да се оспособи сам да се финансира. " потполно е јасно дека и пензионерите спаѓаат во таа група на која ќе и се подобри животот наместо тие пари да се користат само за нив и затоа престани да вадиш реченици од контекст и да инпутираш работи кои не се кажани. Истото го можам и јас но не го правам заради квалитет на дискусијата.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА  Empty Re: ДРЖАВНА ПЕНЗИЈА - ВЕТУВАЊЕТО СЕ ИСПОЛНУВА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот