Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Грујо во ќелија или не???

+8
Luxor
SHARENI
Teo
трендафил
TRAJCHE
nino
osa
defo
12 posters

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by трендафил Пет Ное 16 2018, 08:44

Ако добро те разбирам само Заев и Ахмети ли треба да останат?
Газдите можеби го чуваат Груевски за после. Не верувам дека мислат да не издржуваат финансиски, па ќе треба некој да ја оправи економијата откако сегашната власт ќе не уфрли како нова нација во НАТО. Во секој случај во догледно време не сме ние граѓаните на Македонија тие што одлучуваат кој ќе биде кај нас на власт. Доколку ... (Прекинувам да пишувам затоа што не сакам некој да помисли дека повикувам на насилство)

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by defo Саб Ное 17 2018, 09:47

Трендо, Ахмети, не е ни политичар ни бизнисмен ниту па како тој се нарекува "борец", тој е само шизофреничар, кои работи за некои газди. Има употребен рок, малце подолг од што мислев. Ама ќе го насадат и него еден ден.
И друга работа трендо, јас према Заев не гаам чуства ко ти према Груески, за мене е Заев премиер на Македонија, кои и греши(а кој работи има право и да греши, рекол ежот и се симнал од четката), и треба да му се сигнализира на грешките. За разлика од тебе, абе груески и чмарчето да ти го искинеше, ти ќе викаше во право е.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by трендафил Саб Ное 17 2018, 18:23

Секогаш сум на страната на послабиот, а факт е дека меѓународниот картел што го симна од власт Груевски и го донесе на власт Заев е посилно од Македонија. И ако се обединиме, а не вакви разединети какви што сме. Груевски ќе биде како Крале Марко. Последен македонски лидер во една епоха, по преземањето на власта од османлиите тогаш, а неолибералите од длабоката држава, да не кажам неофашистите сега. Заев не победи на избори, не му помина референдумот, а се однесува како деспот и ја спроведува агендата на неолибералите. Ќе откачам тука без директна врска и дека републиканците, а не демократите од длабоката држава го укинаа ропството и на жените им дадоа право на глас во САД.

Интересно мислење во врска со изјавата на Заев во врска со киднапирањето на Груевски. Пред да изјавиш дека некој е киднапиран, консултирај се со својот лекар или фармацевт. Додека се занимаваме со бегството на Груевски се руши Македонија по сите основи. И етнички и економски. Следниот буџет ја носи Македонија во банкрот со задолжување од 600 милиони евра, во година во која целиот јавен долг (кредити што треба да се вратат) е помал од 280 милиони евра, па само многу заслепен или луд човек може за тоа да ја обвинува старата власт.

https://fn.mk/се-огласија-киднаперите-на-груевски-б/?fbclid=IwAR1YzJp-s5pstsQZnpd7dLNdUvSNcrgzhpd-_Y18Ig_B2YISGcSdPxLewsA
https://fn.mk/пресврт-во-случајот-бегство-груев/
https://fn.mk/мвр-ги-изгуби-и-доказите-против-груевс/
https://fn.mk/иселувањето-продолжува-уште-еден-док/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by Bosonoga Саб Ное 17 2018, 18:53

трендафил напиша:Секогаш сум на страната на послабиот, а факт е дека меѓународниот картел што го симна од власт Груевски и го донесе на власт Заев е посилно од Македонија. И ако се обединиме, а не вакви разединети какви што сме. Груевски ќе биде како Крале Марко. Последен македонски лидер во една епоха, по преземањето на власта од османлиите тогаш, а неолибералите од длабоката држава, да не кажам неофашистите сега. Заев не победи на избори, не му помина референдумот, а се однесува како деспот и ја спроведува агендата на неолибералите. Ќе откачам тука без директна врска и дека републиканците, а не демократите од длабоката држава го укинаа ропството и на жените им дадоа право на глас во САД.

Интересно мислење во врска со изјавата на Заев во врска со киднапирањето на Груевски. Пред да изјавиш дека некој е киднапиран, консултирај се со својот лекар или фармацевт. Додека се занимаваме со бегството на Груевски се руши Македонија по сите основи. И етнички и економски. Следниот буџет ја носи Македонија во банкрот со задолжување од 600 милиони евра, во година во која целиот јавен долг (кредити што треба да се вратат) е помал од 280 милиони евра, па само многу заслепен или луд човек може за тоа да ја обвинува старата власт.

https://fn.mk/се-огласија-киднаперите-на-груевски-б/?fbclid=IwAR1YzJp-s5pstsQZnpd7dLNdUvSNcrgzhpd-_Y18Ig_B2YISGcSdPxLewsA
https://fn.mk/пресврт-во-случајот-бегство-груев/
https://fn.mk/мвр-ги-изгуби-и-доказите-против-груевс/
https://fn.mk/иселувањето-продолжува-уште-еден-док/

sega ke ne ubeduvash deka ne ne zadolzile minatata vlast ,jas uste go pamtam LJubcho koga objasnuvashe deka tie pari shto treba da se vratat se ogromni i nie nemoze da go izdrzime toa ,ova go zboreshe kritikuvajki ja vlasta na grujo koga zemase krediti i prodavashe obvrznici so ogromni kamati .
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by трендафил Саб Ное 17 2018, 20:23

Минатата власт се задолжуваше со исто темпо како претходните, односно владите на Црвенковски, Георгиевски и Бучковски си тоа во апсолутна бројка, што во проценти е помалку на поголема, акумулирана, вредност. Нормално е дека за 9 години колку што беше ВМРО на власт, не може задолжувањето да биде како за 4 години. Очигледно илузијата што со 50 милиона евра пропаганда ја плати Џорџ Сорос, плус пари од некои амбасади пали кај северномакедонците, но се работи за чиста пропаганда што лесно се проверува кога ќе се види задолжувањето по години. Плус ВМРО воведе да се евидентира целокупниот јавен долг, не само на владата туку и на јавните претпријатија како што се прави во сите нормални земји. Плус плус имаше и светска економска криза кога кај сите земји се зголеми задолженоста. Актуелната власт до крајот на наредната година ќе направи долг поголем од 2 милијарди евра за 2,5 години, што другите влади не правеа за цел мандат од 4 години. Старата власт ги зголеми парите усмерени кон граѓаните и стопанството. Ги зголеми пемзиите, социјалните давачки, направи многу објекти. Не велам дека дел од парите во инвестициите не им се враќал во вид на провизии иако до сега тоа не е потврдено во судска постапка. Можеме да дискутираме и за оправданоста на некој објект, но не и дека е изграден. Сето тоа со намалени даноци и доприноси. Сегашната влада ги намали инвестициите, а ги зголемува даноците и давачките, а нема инвестиции.
Зошто Љубчо сега молчи е веројатно прашање на неговото учество во коалицијата за Северна Македонија и формирањето на нова нација, без историја која сака да го превземе името на досегашните Македонци. Сега борбата за идентитетот повеќе нема да се води со Бугарите и Грците, туку основен проблем ќе бидат условно кажано северномакедонците што ќе сакаат да се нарекуваат Македонци и со тоа ќе го загрозуваат нивниот идентитет. Луѓе со историја и новосоздадена нација без историја не може да имаат исто име.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by трендафил Нед Ное 25 2018, 16:42

Оригиналната вест на Алсат е Груевски пред да исчезне се слушнал со Заев!
Чудна е изјавата на Заев дека пријателските земји низ кои поминал Груевски требало тоа да го спречат. Премиерот изгледа не смета за будали, па не знаеме дека без потерница (а немаше меѓународна се додека Груевски не се јавил од Будимпешта) не може никој да биде уапсен. Интересен е твитот на Зеколи.
https://infomax.mk/wp/зеколи-скандалозно-е-заев-да-ги-критик/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by Dino Нед Ное 25 2018, 17:18

Ne dupat i ednite i drugite da zjapame kako telinja u sarena vrata dodeka niv im odi biznisot, i sdsm i vmro bogatasi stanaa.

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by трендафил Вто Ное 27 2018, 09:50

За жал кај нас политичките партии имаат мафијашка организација, со тоа што за прв пат во Македонија имаме власт директно составена од меѓународна мафија наречена „Длабока држава“. Имало странски влијанија и порано, но сега имавме брутално мешање во составувањето на власта, не само пропаганда. СДСМ и ДУИ го имаат бенефитот од преку 100 милиони евра пропаганда од страна на Сорос и фондови од разни амбасади.
Јасно е дека актуелната власт активно учествуваше во заминувањето на Никола Груевски. Не очекуваа толкав негативен ефект од тоа кај своите поддржувачи, за другите ги заболе, па сега на разни начини се обидуваат тоа да го намалат, со пропаганда за наводно измамување со купување на затворски алишта, на пример, сега со одземање на пратеничкиот мандат на бегалецот наменето за будали што не сакаат да разберат дека од тоа нема полза откако Груевски доби унгарски азил. (Доколку го немаат веќе купено следниот пратеник од листата што треба да го замени Груевски во собранието) Нема инаку потреба на некој што е осуден на ефективен затвор да му се определи притвор, затоа што ако Груевски дојде во Македонија ќе биде упатен директно во затвор на одлежување на двете години за набавка на мерцедесот. Гледам и една смешна работа во соседството. Соросоидот Тадиќ ја обвинува српската власт за тоа што Груевски не го уапсила кога минувал низ Србија иако во моментот немаше меѓународна потерница, а истиот тој Тадиќ како претседател на Србија има купен на ист начин како Груевски ист мерцедес за иста сума на пари. Политиката од секогаш била курва, но по мешањето на странци на Балканот очигледно станува ороспија од најнизок ред - дроља. Истото важи и за најголем дел од новинарите.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by OPOZICIONER Чет Ное 29 2018, 13:59

EPP glasase za ekstradicija na Grujo.

Европскиот Парламент гласаше за екстрадиција на Груевски од Унгарија

Европратениците ги усвоија двата амандмани со кои се бара од Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија.

Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник.

Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презик кон судството и владеењето на правото во земјата.

Во интервју за МИА вчера Саргентини изјави дека ваквиот речник е „знак“ и „политички сигнал“ дека Европскиот парламент со тоа покажува “карактер“.

-Тоа што Унгарија го прави е мешање во судските работи на една земја која макотрпно се обидува да се подобри и да стане членка на ЕУ. И тоа не е конструктивно, изјави вчера Саргентини за МИА.

Социјалдемократите поднесоа два амандмани за азилот на Груевски, и двата беа усвоени денеска. Со овие амандмани, Европскиот парламент става на знаење дека Никола Груевски добил “транспарентен судски процес“ потврден од повеќе судски инстанци и потсетува дека тој е инволвиран во дополнителни пет кривични истраги.

Европскиот парламент ги отфрли сите грчки амандмани, вклучително и оние кои бараа да се избрише зборот “македонски“ од извештајот, како и амандманот на грчка пратеничка која бараше во резолуцијата за Македонија да се вклучи ниската излезност на референдумот.

Усвоен е и амандманот на групата на Зелените за загрозувањето на животната средина преку одредени инфраструктурни проекти. Европскиот парламент бара да се суспендираат проектите во Националниот парк Маврово додека не биде комплетирана “Стратешка проценка за животната средина“ во целосна согласност со европското законодавство за животна средина.

Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл беше усвоена со 470 гласови за и 116 против.

https://novatv.mk/evropskiot-parlament-glasashe-za-ekstraditsija-na-gruevski-od-ungarija/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by трендафил Чет Ное 29 2018, 20:41

За волја на вистината Европскиот парламент никој не го онади. Тој на пример од 2008 година секоја година изгласува дека Република Македонија треба да ги започне преговорите за членство во ЕУ, па хунтата што ја има извршната власт таа одлука ја отфрла. Не е сигурно дали и овогодишната одлука ќе помине и на Советот на Европа кој го има завршниот збор. За азилот на Груевски одлучува само Унгарија. Се сеќавате кога поранешниот министер за здравство Владо Димов беше уапсен по македонска потерница, а беше пуштен затоа што има бугарско државјанство. Не знам дали европарламентот го поддржа и реалното шоу со мачките и мерцедесот во режија на хунтата на власт во Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо во ќелија или не??? - Page 2 Empty Re: Грујо во ќелија или не???

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот