Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВО НЕДЕЛА Е СТАРА НОВАГОДИНА

Go down

ВО НЕДЕЛА Е СТАРА НОВАГОДИНА Empty ВО НЕДЕЛА Е СТАРА НОВАГОДИНА

Пишување by osa on Пет Јан 11, 2019 6:32 pm

Во недела е Стара нова година, ова никако не смеете да го заборавите!

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар во недела ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

ttps://kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-nedela-e-stara-nova-godina-ova-nikako-ne-smeete-da-go-zaboravite/

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


гласав за  СДСМ ,гласав за Заев ,само со нив одиме напред 
osa
osa

Број на мислења : 15881
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот