Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПОВТОРНО БОМБИ ? КОЈ СНИМА ?

Go down

ПОВТОРНО БОМБИ  ? КОЈ СНИМА ? Empty ПОВТОРНО БОМБИ ? КОЈ СНИМА ?

Пишување by OPOZICIONER Саб Јун 29 2019, 23:44

[size=46]Аудио снимка за местење тендери или почитување процедури


 

 

 


[/size]
[size=16]Генерален секретар на Влада кој мести милионски тендер за радарски систем или пак, претпазлив администативец што ја штити безбедноста на македонското небо?  Аудио снимка на која се слуша првиот владин административец Драги Рашковски за набавка на систем за контрола на летање е последната аудио бомба објавена во јавност.
Се работи за тендер вреден 7 милиони евра што го добива италијанска фирма, а за кој парите се добиени  од Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD). Набавката е спроведена од М – НАВ – државно акционерско друштво за авио навигација. На 15 минутината снимка објавена на руски социјална мрежа, а пренесена од порталот „Експрес“ се слушаат уште два други гласа за кои се тврди дека се Претседател на одбор на М- Нав и претставник на италијанската фирма.
Рашковски не ја негира автентичноста, но вели дека се работи за местенка од поранешниот директор на М – НАВ.
„ Во снимениот разговор кој не е објавен во целост, во ниту еден момент не се зборува за манипулирање со тендерска постапка, туку за тоа како граѓаните да добијат побезбедно небо....
.... Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, ПО ЗАДОЛЖЕНИЕ НА ВЛАДА, а не самоволно се органира состанок во мојата канцеларија (кој Климент го снима но намерно го сече делот каде што тој збори) и на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР туку се збори за ДИНАМИКАТА НА ИСПОРАКА НА ВЕЌЕ ЗАВРШЕНА ПОСТАПКА ОД 2016 година, затоа што по вина на Климент Чепуњовски, не се потпишува договорот за испорака, напиша Рашковски на Фејсбук.
Ова е четврта серија на аудио бомби кои се појавуваат во јавноста за актуелни фукционери на власта. Првата беше за пратеникот Павле Богоевски за тоа дека наводно набавува кокаин, поради што и си даде оставка. На тапет беа и функцинерите на ДУИ во снимки кои беа објавувани од Ел Чека.  Минатата недела пак, главоболки на влста и создаваше и бомбата за првиот човек на општна Шуто Оризари Курто Дудуш за тоа дека наводно физички малтретира граѓанин на општината.
[/size]
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 968
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ПОВТОРНО БОМБИ  ? КОЈ СНИМА ? Empty Re: ПОВТОРНО БОМБИ ? КОЈ СНИМА ?

Пишување by OPOZICIONER Саб Јун 29 2019, 23:48

Владата во одбрана на Рашковски: Со разговорот се манипулира јавноста
Alsat2019-06-29T21:10:26+02:00

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој по објавувањето на тајно снимен разговор во неговиот кабинет, е мета на обвинувања за местење тендер, продолжува со дообјаснување на случајот. Во октомври 2018 година, Рашковски се сретнал со претседателот на Управниот одбор на М-Нав, Николче Тасески и шефот на кабинетот на министерот за транспорт, Митко Тајчулески, а според Рашковски разговорот бил снимен од директор на техника во М- Нав, во меѓувреме разрешен Климент Чепуњоски, кој исто така бил на состанокот. Рашковски вели дека разговорот нема врака со местење тендер за италијанската компанија „Леонардо“ за снабдување со опрема за радарски систем, туку дека се работи за постапка за предавање на опрема од договор склучен претходно. Тој го обвинува Чепуњоски дека за објавување на разговорот и негово искривување бил поттикнат од други причини.


„Имајќи предвид дека опремата е потребна за нормално функционирање на воздушниот сообраќај, со овластување од владата а не со моја волја, беше организиран состанок во мојата канцеларија (кој го снимил Климент, но намерно го исекол делот каде што зборува тој). На состанокот не е донесена одлука за некој тендер туку се зборува за динамиката за доставување на веќе завршената постапка од 2016 година, за која, поради вина на Климент Чепуњоски, не се потпишува спогодбата за доставување“, напиша Драги Рашковски, генерален секретар во владата.
Повеќе портали го објавила аудио разговорот помеѓу присутните во канцеларијата на Рашковски. Во дел од објавите се тврди дека разговорот открива оти Рашковски и присутните се договориле да се одбијат другите понуди на тендерот и да и се даде предноста на италијанската „Леонардо“. Разговорот, според порталите, е од 18 октомври, иако последниот рок за тендерот завршил три дена порано. Тендерот тежел 7 милиони евра, финансирани од Европската банка за обнова и развој. Се пишува и дека во разговорот Рашковски користи навредливи описи за граѓаните на државите од кои дошле понудите на тендерот.

Генералниот секретар на владата вели дека ќе објави и други факти со кои ќе се потврдат неговите тврдења, а најавува и детална прес-конференција.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 968
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ПОВТОРНО БОМБИ  ? КОЈ СНИМА ? Empty Re: ПОВТОРНО БОМБИ ? КОЈ СНИМА ?

Пишување by OPOZICIONER Саб Јун 29 2019, 23:51

spored mene za vakva "mestenka" mora da bidat kazneti onie koi snimaat i mestat i toa debelo ,so parichni kazni i so lezhenje zatvor ,samo taka ke prestanat ovie glupi mestenki
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 968
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ПОВТОРНО БОМБИ  ? КОЈ СНИМА ? Empty Re: ПОВТОРНО БОМБИ ? КОЈ СНИМА ?

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот