Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЗАДУШНИЦА 2020 г во сабота на 6 јуни

Go down

ЗАДУШНИЦА 2020 г во сабота на 6 јуни  Empty ЗАДУШНИЦА 2020 г во сабота на 6 јуни

Пишување by osa Чет Јун 04 2020, 23:55

ВО САБОТА Е ЗАДУШНИЦА- ДЕН КОГА СЕ МОЛИМЕ ЗА ДУШИТЕ НА ПОКОЈНИТЕ!

Во сабота е Задушница (Мртва сабота, Мртвен, Мртвени дни) — деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн.
Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.


Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.
Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата, па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Во црквата постојат два вида задушници: општи и засебни. Засебните задушници се одржуваат од семејствата во спомен на нивните упокоени роднини, а општите задушници ги назначува црквата, грижејќи се за сите свои упокоени верници. Така, секоја сабота, црквата во своите молитви се обраќа кон сите светци, сеќавајќи се на сите претходно упокоени верници

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот