Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г

Go down

ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г Empty ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г

Пишување by osa Чет Фед 20 2020, 23:50

[size=41]Во сабота е Задушница: Ова никако не го правете[/size]




Сподели на Facebook
 
Твитни
  
скопје24
февруари 20, 2020

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Задушница. Задушница е секогаш во сабота. Секогаш се оди во црква каде што се служи литургија и парастос.
ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г Download-1-12
[size]
На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните и се молат за душите. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој одбие да земе храна или пак избрка туѓинец.
Оваа Задушница секогаш се одбележува во сабота и е точно една недела пред Прочка. Прочка секогаш се паѓа во недела.
[/size]
ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г Unnamed-1-1-1
[size]
Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела. Оваа недела не се јаде месо, се јадат млечни производи.
Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Велигден.
[/size]
ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г Zadusnica
[size]
Во продолжение информација за ЈСП Скопје. Во пресрет на верскиот празник Задушница утре и во сабота ЈСП ќе воведе дополнителен број автобуси на линијата 59, 59А и 59 Б.

[/size]

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г Empty Re: ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г

Пишување by osa Саб Фед 22 2020, 13:03

[size=41]Задушница, Прочка па Велигден
12:20 22.02.2020


Православните христијани оваа сабота ја одбележуваат задушница во чест на душите на мртвите. Оваа задушница секогаш се паѓа една недела пред празникот Прочка. Така, тогаш се посетуваат гробиштата, каде што се изразува помен за починатите. Свештениците на Македонската православна црква-Охридска архиепископија веќе неколку години апелираат верниците да ги напуштат суеверијата и обичаите, кои со години ги практикувале за овој ден и да му се посветат на христијанскиот начин на одбележување на задушница, односно да се посветат на молитвено застапништво за починатите, а не во тоа колку количество храна ќе се раздаде на гробиштата.
Според нив, под принесување жртва се подразбира варена пченица и вино и на тоа се ограничува принесувањето на жртвата, зашто во православието има само бескрвна жртва.

– Во црквата секој ден си има свое значење и намена, па така како ден за покојните е одредена саботата. Затоа и задушниците се прават секогаш во сабота. Значи, спомените не треба да се прават во недела, туку секогаш во сабота – посочуваат свештениците.
ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г 5ada0104d93cf405208049f74cd144ba
ЗАДУШНИЦА Е ВО САБОТА НА 22 ФЕВРУАРИ 2020 г Lg.php?bannerid=2934&campaignid=1389&zoneid=327&loc=https%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com

Отец Бобан Митевски, свештеник од МПЦ-ОА, вели дека црквата се моли и за сите починати воопшто, но го практикува тоа во секоја сабота.
– Во нашата традиција, три од овие саботи се изделуваат, и тоа саботата пред Духовден, месопусната сабота и саботата пред празникот Митровден, и се нарекуваат задушници. Самиот израз „за душата“ означува дека тоа се особени периоди, односно денови во годината, кога христијаните својот молитвен труд им го посветуваат на упокоените христијани. Приносот што се дава е во вид на бескрвна жртва, коливо, односно варена пченица, која го симболизира воскресението и вино, страдањата Христови. Некаде се принесува и леб. Но освен овие работи, на гробовите не би требало да се принесува никаква друга храна – нагласува отецот.

По оваа задушница, следува Прочка, а потоа веднаш почнуваат велигденските пости. Следната недела, односно неделата пред Прочка се вика месопусна или месна недела, а некои ја викаат и недела на месни поклади, зашто на тој ден се запостува со месо, месни производи и со свинска маст. Теолозите посочуваат и дека следните седум дена од месни поклади до Прочка се вика и сирна недела или сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и бела недела. Треба, како што велат теолозите, строго да се внимава во текот на сирната недела да не се јаде месо.
radmila.z@novamakedonija.com.mk[/size]

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот