Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Od EU i NATO

+22
alienmk
zozoti
Nebula
misterija
Albatros
Dino
EVITA
Zhane
Bosonoga
SHARENI
Luxor
трендафил
TRAJCHE
Teo
OPOZICIONER
PRVOBOREC
defo
osa
Словен
Естир
Hamad bim Khalifa
reiter
26 posters

Страна 1 of 40 1, 2, 3 ... 20 ... 40  Next

Go down

Od EU i NATO Empty Od EU i NATO

Пишување by Гостин Чет Мар 12 2015, 19:15

Interesno kje bide da se sledat reakciite na strancite...Zatoa ja otvoram ova tema, kade kje se obideme da gi preneseme stavovite i politikite na strateshkite partneri na Makedonija, vo vrska so vladeenjeto na pastirot, bombite, i politichkata kriza...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Чет Мар 12 2015, 19:17

Полека се доведува во прашање нашето членство во меѓународните институции и организации.

Холандија се прашува дали треба да се преиспита поканата за НАТО

Холандија го предупредила премиерот Никола Груевски, дека на следниот самит на НАТО во Варшава во 2016 година, поканата за членство во НАТО за Македонија би требало да се преиспита доколку земјата не се придржува на демократските процеси.

Ова се случувало на ручекот во средата (11 март) помеѓу амбасадорите шест земји членки на НАТО и премиерот и неговата делегација, веднаш по средбата која Груевски ја имаше со генералниот секретар на Алијансата.

Амбасадорката на Холандија на ручекот се запрашала дали не треба да се преиспита поканата за Македонија поради нефункционалната правна држава, зависноста на судството од власта и недостигот на слобода за медиумите. Другите амбасадори не се произнеле на таа тема но познато е дека Холандија не е единствената земја која веќе одамна се прашува дали поканата за НАТО и препораката за преговори со ЕУ се уште имаат некое значење за македонските власти.

Според оваа реакција на холандската преставничка, очигледно е дека прашањето за поканата за НАТО се отвара. Овие земји се сериозно загрижени за нефункционалната демократија во Македонија. Особено оние кои имаат свои амбасади во Скопје и кои од ден на ден ја набљудуваат ситуацијата и се секој ден соочени со потези кои не и соодветствуваат на една демократија.

Овие прашања, барем во ЕУ, не се ништо ново. Веќе три години, пред секој извештај на ЕК, многу земји членки се колебаат околу тоа дали да ја поддржат препораката. НАТО досега се држеше настрана преокупиран со важни воено-политички прашања во Европа но и во светот. И повторуваше дека проблем за членство е само нерешниот спор со името.

Во една од своите последни изјави, на 4 март во Брисел, комесарот за проширување Јоханес Хан подвлече дека за да може во Македонија «да се задржи европската перспектива навистина е неопходно проблемите да се решат во земјата и да се вратите назад на адекватните меѓународни и европски стандарди».

Накусо, Хан предупреди дека Македонија ќе ја загуби препораката за преговори за членство доколку не успее демократски да ја реши оваа криза.

Уште една таква изјава дојде многу порано, во 2011 година, од екс-комесарот за проширување Штефан Филе кој изјави «Со моменталниот недостаток на реформи и половичниот пристап во имплементацијата, властите не треба да земаат здраво за готово дека и следната година ќе ја има препораката како оваа година, дури и да се реши прашањето за името».

Очигледно е дека евро-атлантската чаша на трпение почнува да се прелева.

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=20881

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Пет Мар 13 2015, 09:53

Нормално дека ќе се доведува. После девет години лажење и отстапување од реформите, дури и на најглупавите кариеристи од ЕУ и НАТО, им стана јасно дека Грујошеску не е човекот кој ќе работи за стратешките интереси на Македонија, и со тоа и за стратешките интереси на цела Европа. Почнаа да сфаќаат дека единствена цел на пастирот е заведување на цврста диктатура, држење на народот во сиромаштија и покорност, како и лично богатење, негово и на фамилијата. Овие се почетни удари, кои ќе се зголемуваат се додека на сите, вклучувајки ги тука и најглупавите зомбирани папагали, не им стане јасно дека Македонија, а заедно со неа и Македонците, немаат никаква перспектива под водство на криминалната банда на чело со Грујошеску.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Пет Мар 13 2015, 22:24

Брисел го заострува тонот за политичката криза

Od EU i NATO 20904golema

Македонските институции треба веднаш да ја завршат својата работа а јавните функционери треба да покажат дека се одговорни и да носат одговорност за нивните постапки.

Со овие зборови Европската комисија (ЕК) денес повторно реагира на настаните во Македонија, овој пат по објавувањето на разговорите во кои се откриваат манипулациите на изборите.

“Ние веќе ја искажавме нашата длабока загриженост од она што се обелоденува во земјата околу мешањето во судските работи, слободата на медиумите и сега и изборните неправилности. Очекуваме дека институциите во земјата ќе ја работат својата работа и ќе ги бранат фундаменталните вредности – веднаш”, вели преку соопштение Маја Коцијанчич, портпарол на комесарот за проширување Јоханес Хан и на шефицата на надворешната политика на ЕУ Федерика Могерини.

ОБСЕ и ОДИХР кои ги набљудуваа изборите во Македонија во нивните извештаи ја искажале исто така нивната загриженост, потсетува ЕК на заклучоците на ОБСЕ и ОДИХР по изборите во Македонија.

“ОБСЕ и ОДИХР во нивните обсервации на претходните избори покажаа загриженост околу матните врски помеѓу државата и партијата, заплашувањето на гласачите и пристрасноста на медиумите. Последните сознанија од прислушкуваните разговори се чини дека ги потврдуваат тие стравови, кои би биле длабоко вознемирувачки. Очекуваме од одговорните тела да ги истражат овие наводи веднаш и транспарентно на независен, непристрасен и кредибилен начин.

Европската комисија повторува дека јавните функционери треба да се однесуваат одговорно и да преземат одговорност за своите акции“, вели последното соопштение на ЕК.

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=20904

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by reiter Вто Мар 17 2015, 17:03

Лајчак: Вистината за Македонија мора да се открие напиша:
Вистината за настаните во Македонија мора да се открие. Во спротивно може да дојде до дестабилизација на земјата, предупреди вчера словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, за агенцијата „Мета“. Тој рече дека е многу загрижен за ситуацијата во земјава. „Со голема загриженост ги следам случувањата затоа што наводите презентирани од страна на лидерот на опозицијата се многу сериозни и бидејќи Македонија е земја-кандидат за ЕУ, мислам дека тоа е прашање кое министрите за надворешни работи на Европската унија треба да го дискутираат. Мораме да откриеме каде е вистината. Тоа е важно, не само за нас, туку и за граѓаните на Македонија. Потребна е непристрасна и објективна истрага“, вели Лајчак. Според словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак истрагата ќе биде добар начин да се спречи дестабилизација. напиша:

http://24vesti.mk/lajchak-vistinata-za-makedonija-mora-da-se-otkrie

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Вто Мар 24 2015, 16:36

Otide pretpristapniot...Ako naskoro ne padne diktaturata, kje ja izgubime i preporakata...

Замрзнат претпристапниот дијалог, загрозена е и препораката за ЕУ!

Европската комисија го замрзна претпристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, а сѐ поголем број европски и домашни претставици сметаат дека во прашање е и препораката за почеток на преговори со Европската унија, па дури и кандидатскиот статус, пренесе БИРН.

Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) меѓу Македонија и Европската комисија е ставен во мирување поради полтичката криза, потврдуваат за БИРН извори од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Ова е веќе втор прекин на високиот дијалог поради внатрешнополитички проблеми во Македонија, откако веќе еднаш беше замрзнат поради случувањата околу 24 декември. Тогаш Европската комисија укажа дека Македонија мора да ги усвои препораките од политичкиот договор од 1 март за да може Европската комисија да го поддржи реформскиот процес преку ХЛАД.

„Дијалогот е стопиран веќе еден месец и се очекува да продолжи откако ќе се најде решение за политичката криза“, велат извори од канцеларијата на ЕУ во Скопје кои побараа да останат анонимни. И дипломатски извори од МНР потврдуваат дека дијалогот што го става фокусот на клучните реформски приоритети кон ЕУ е прекинат.

Ако до вчера главно прашање во Брисел беше како да се најде решение за ситуацијата во која Македонија беше перципирана како обесправена поради тоа што шест години по ред не добива датум за преговори, сега на маса е прашањето дали како држава воопшто ги исполнуваме Копенхашките критериуми, правила кои одредуваат дали една земја воопшто е способна да ѝ се придружи на ЕУ.

Иво Вајгл, еден од тројцата европратеници кои треба да помогнат да се реши кризата во Македонија преку посредништво е директен и вели дека е загрозена препораката за преговори со ЕУ.

„Сѐ почесто се спомнува кризата на доверба и се зборува за криминал, што му штети на угледот на вашата држава“ вели Вајгл кој до крајот на месецов се очекува да има средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Брисел.

И неговата колешка од Хрватска, европратеничката Маријана Петир од редовите на ЕПП, вели дека е предизвик нештата да се вратат на своето место.

„Македонија изрази волја за да го започне процесот на евроинтеграции и ќе биде ценета според своите заслуги. Секоја внатрешна криза во суверена држава треба да биде предизвик за тоа работите да се вратат на своето место. Во секоја држава постојат предизвици и сите треба да направиме максимум за да функционира демократскиот систем“, вели Петир.

Од поканата на претставниците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ на средба во Брисел, за која партиите сѐ уште не дале позитивен одговор, ќе зависи и односот на бриселската администрација кон македонскиот пат до ЕУ.

„Ова е обид на земјите-членки и на Европската комисија за контрабаланс на политичката криза, бидејќи во одредена фаза мора да се постави прашањето дали Македонија ги исполнува Копенхашките критериуми, а со тоа и прашањето, како тоа ќе се одрази во следниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата“, вели амбасадорот на Австрија во Македонија, Томас Михаел Баер

http://libertas.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D1%80%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%B3-%D0%B7%D0%B0/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Пет Апр 03 2015, 17:50

LINK kon originalot...


Претставници на ЕУ предупредуваат дека Македонија „може да експлодира“


Претставници на ЕУ во Македонија ја обвиниле владата на Груевски дека ја води земјата кон катастрофа, барајќи од оние на власт, и од опозицијата, да се договорат за план што ќе спречи оваа балканска држава да експлодира. Сепак, тие признаваат дека ваквиот дијалог е тешко можен, пренесува Еурактив.

Две високи личности што редовно придонесуваат во донесувањето на одлуките во ЕУ во врска со Македонија вчера дале изјави пред мал круг присутни и побарале да останат анонимни, за да можат слободно да се изразат.



„Неверојатна недоверба“

Еден од претставниците го опишал како „неверојатно“ нивото на недоверба во „малата балканска земја“ откако беа објавени прислушуваните разговори што откриваат непотизам, корупција, местење на изборите и автократски практики.

Македонските политички партии најверојатно нема да најдат начин да почнат конструктивен дијалог, или каков било вид дијалог, рекол тој.

ЕУ треба да се вклучи како посредник во таквиот дијалог, додал тој, објаснувајќи дека во рок од две недели ќе се направи таков обид за да се види дали страните се подготвени да „придонесат кон наоѓањето компромис“.

Неприфатливо е секое понатамошно одложување на почетокот на преговорите. Тоа не е морално. Тоа е крајно глупаво, рекол тој.

Разликите се многу длабоки, недовербата е неверојатна, непријателството е многу силно, а постојат и секакви видови закани, додал говорникот, навестувајќи дека улогата на ЕУ во обидот да се најде политичко решение не би била лесна.

Македонија веќе помина еден мошне драматичен период, потсетил тој, алудирајќи на оружениот конфликт меѓу албанската Ослободителна народна армија и македонските безбедносни сили, на кој му беше ставен крај со Охридскиот рамковен договор од 2001 година, со посредство на Западот.

Тој предупреди дека во одредена ситуација, кога не би имало конкретна европска перспектива, овој меѓуетнички однос би можел сериозно да експлодира.

Претставникот, исто така, рекол дека е веројатно дека овојпат Европската комисија нема да предложи почнување на преговорите за пристапување. Во своите „извештаи за напредокот“ во 2013 и 2014 година Комисијата препорача да се почнат такви преговори, но оваа препорака не беше усвоена од Советот, каде што се земјите-членки, поради спорот за името со Грција.

Тој рекол дека политичката елита во земјава треба да биде свесна дека Македонија може да доживее такво уназадување. Овие извештаи обично се предаваат наесен.



Владата на Груевски под бура од критики

Другиот официјален претставник бил уште подиректен и покритичен кон владејачката партија, која, според неговите зборови, „ја игнорира важноста на политичкиот дијалог“.

Тој ја обвинил владата на Груевски за напад врз слободата на медиумите, наведувајќи дека според индексот на слобода на медиумите на Репортери без граници, Македонија од 34. место се симнала на 134. место, веднаш над Ангола.



Освен тоа, тој го осудил насилството во земјата на 24 декември 2012 година, кога сите опозициски пратеници беа избркани од Собранието, заедно со новинарите.

За многумина во ЕУ ова беше црвената линија во однос на демократскиот процес, рекол тој и додал дека владејачката партија целосно го игнорирала извештајот на мисијата на тогашниот комесар за проширување Штефан Филе.

Претставникот рекол дека не полага голема надеж во посредништвото на ЕУ, но дека вреди да се проба.



Недостиг од политичка култура

Претставникот зборувал и за „недостиг од политичка култура“ и „недостиг од зрелост“, за кои рекол дека се крајно сериозни со оглед на меѓуетничката димензија. Тој се осврнал и на новиот македонски закон со кој ѝ се одобри на полицијата да користи гумени куршуми против демонстрантите, што беше забрането дури и во Северна Ирска за време на т.н. „Проблеми“ меѓу 1968 и 1998 година.

Еден нов предлог-закон е директно насочен против албанското малцинство, рекол тој, нарекувајќи го тоа „уште еден нож во грбот на меѓуетничките односи“. Тој објаснил дека не бил донесен само поради тоа што помалиот коалициски партнер одбил да го прифати.

„Но ова е уште еден пример за недостигот од осет кај владејачката партија за меѓуетничките прашања и за пошироката ситуација“, изјавил претставникот.



Во однос на скандалот со прислушувањето, претставникот рекол дека во секое нормално општество владата досега ќе поднесеше оставка. „Но ова не е нормално демократско општество“, додал тој.

Тој рекол дека владата на Груевски продолжува да ги негира откритијата од прислушуваните разговори и дека вели дека тие се дело на странски разузнавачки служби.

Никој во меѓународната заедница не верува во ниту еден збор од тоа тврдење, рекол тој и објаснил дека стандардна практика на Груевски е да се повикува на странските разузнавачи, исто како кога уапси повеќе од 15 лица, меѓу кои и шефот на кабинетот на претседателот на Собранието, за наводна шпионажа.

Тој објаснил дека тоа е начин на владата да го одвлече вниманието од содржината на прислушуваните разговори.

Прислушуваните разговори, за кои веќе постојат преводи, се „апсолутно ужасни“. Претставникот рекол дека јазикот што се користи, „расистичкиот тон“, „фанатичниот тон“, без разлика дали станува збор за ромските гласачи, начинот на кој министерката за внатрешни работи зборува за ромските гласачи во разговорите со шефот на безбедност, кој му е братучед на премиерот, „се неверојатно расистички“.

Меѓу другите примери тој ги навел и „валканите трикови за местење на изборите што би биле соодветни за Чикаго во 1930-тите години“, како и откривањата за земање провизија во тендерски постапки, од кои најбесрамен е примерот со кинеските компании, кои Груевски ги нарекува „жолтите“.

„Тој (Груевски) зборува за провизија од 15 милиони евра за секој од договорите, а сега најновите откритија се однесуваат на провизија за шефот на безбедноста, добиена од израелските разузнавачи“, рекол тој, осврнувајќи се на опремата за прислушување што ѝ била продадена на Македонија од Израел.



Претставникот на ЕУ зборувал и за судските процеси. „Што и да ви текне – тука го има“, рекол тој и додал дека сите гласови се многу препознатливи и дека ниту еден од прислушуваните не ја негирал нивната автентичност.

Дипломатите за Еурактив изјавиле дека ЕУ ќе се обиде да изврши притисок врз Груевски да прифати едногодишна привремена влада, за да може земјата да се подготви за фер-избори. Британскиот амбасадор Чарлс Гарет дури бил и снимен како вели нешто слично.

Една друга идеја е да се назначи специјален претставник на ЕУ додека работите во свои раце да ги преземе нова, демократски избрана влада.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/pretstavnici-na-eu-predupreduvaat-deka-makedonija-mozhe-da-eksplodira

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Пет Апр 03 2015, 19:37

Kalifu, kade si bre...Klikni na linkot i otvaraj shampanjot...Gotovi se... Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Hamad bim Khalifa Пет Апр 03 2015, 20:23

Pa vide li pogore..... mu go spremia sarkofagot! Twisted Evil
Samo da znaesh deka opozicijata edvaj ceka da trgnat vo apsenje na Zaev! Vo rok od dva sata ke go gledame nashiot caushesku pred zid so zholt stiker na leviot rever - za reper!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Чет Апр 09 2015, 11:57

Рот: Да се испитаат потеклото, како и содржината на снимките

Загрижувачка ситуација во Македонија. И пред актуелниот спор имаше знаци за опаѓање на реформската ревност. Западен Балкан во ЕУ е од обостран интерес, вели за ДВ Михаел Рот, државен министер за Европа во германското МНР

http://www.dw.de/%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B8%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5/a-18367532?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Вто Апр 14 2015, 21:06

Se menuva pristapot na EU kon makedonskata politichka kriza...

Европската унија губи трпение

Шефовите на дипломатиите на ЕУ наредната недела ќе донесат заклучок за Македонија со кој ќе изразат загриженост за политичката криза која станува се подлабока.

Освен тоа, идната недела во посета на Македонија и разговори со власта, опозицијата и граѓанското општество ќе допатуваат претставници на земјите членки. Во досегашната работа со земјите кандидати за членство ЕУ немала вакво искуство и целта на оваа посета е самите да ја оценат длабочината на кризата и да помогнат да се најде начин за нејзино решавање.

Засега не е познато кои земји ќе бидат дел од оваа посета.

На иницијатива на Словенија, на која и се придружија уште десетина земји членки пријатели на Македонија, неделава во Брисел се подготвува заклучокот кој идната недела ќе го усвојат министерите на нивната редовна средба во Луксембург. Покрај Словенија во групата земја се наоѓаат Шведска, Австрија, Бугарија а најверојатно дека ним ќе им се придружи и Грција.

Според дипломатските извори на НОВА, заклучокот треба да ја изрази сета европска загриженост за политичката криза од која Македонија не само што не успева да се извлече туку во неа влегува се подлабоко. Советот на ЕУ ќе побара од Македонија да најде политичко решение на овој политички ќорсокак а од Советот на ЕУ ќе се побара да ја следи ситуацијата и да се наврати на прашањето во најскоро време.

Советот најверојатно нема да побара од СДСМ да прекине со објавување на “бомбите” ниту пак ќе побара опозицијата да се врати во Собранието без околу тоа да биде направен договор со власта.

Се очекува исто така дека Советот на ЕУ ќе ја поздрави работата на европската парламентарна тројка кој утре го одржува вториот состанок со претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Точната формулација на идниот заклучок би требало да биде позната до крајот на оваа недела.

Според изворот на НОВА, ЕУ почнува да го губи трпението поради настаните во Македонија и неспособноста на политичките сили сами да креираат услови за излез од кризата и да тргнат по пат на преговори.

Според дипломатскиот извор на НОВА, ЕУ засега нема намера да именува посебен пратеник за Македонија кој би добил мандат да посредува помеѓу политичките партии, иако овој предлог доаѓа од повеќе дипломати и аналитичари кои внимателно ја следат македонската криза.

Инаку, словенечката инцијатива беше предложена во петокот а идниот заклучок ќе биде усвоен без дебата помеѓу министрите на ЕУ. Ова е прво предупредување до Македонија дека е време да се тргне во решавање на кризата пред ЕУ да се одлучи за подрастични чекори.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Чет Апр 30 2015, 19:41

Se stega obrachot...

Советот на Европа бара сериозна истрага за содржината на снимките


Od EU i NATO 21995golema

Советот на Европа, паневропската организација со седиште во Стразбург, заклучи дека во Македонија е потребна сериозна истрага на содржината на снимките и враќање на опозицијата во Собранието каде што треба да се формира истражна комисија за целата криза и нејзините причини. Истовремено Советот на Европа топло го поздравува движењето на студентите и младите граѓани како "прво мултиетничко движење" во земјата.

Во Македонија неделава, на 28 и 29 април, престојуваа тројца пратеници од Комитетот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Стефан Шенах од Австрија, Роберт Валтер од Велика Британија и Андреас Грос од Швајцарија испратија соопштение од нивната мисија во Македонија во кое ја изнесуваат истата загриженост за политичката криза како Германија, САД или ЕУ.

«Уверени сме дека е голема грешка да се бојкотира Парламентот што не е добра политичка позиција, ние исто така сметаме дека легитимната загриженост и проблемите што ги пренесува опозицијата – а кои беа искажани во претхидните извештаи на Парламенатрното собрание на Советот на Европа – мораат да бидат решени. Претставниците на граѓанското општество и новинарите кои ги сретнавме ни изнесоа дека во земјата има клима на страв и заплашување што исто така е предмет на нашата загриженост», вели сооопштението на Советот на Европа.

Делегацијата на Советот на Европа ја осудува употребата на снимениот што го објавува опозицијата но е исто така загрижена за прислушувањето кое со години се одвивало во земјата. «Ова можеби е наследство на еднопартискиот систем на поранешна Југославија кој се чини никогаш не прекинало. Ние сме загрижени и за содржината на објавените материјали од страна на опозицијата и сомненијата за нарушување на основните демократски принципи како независноста на судството и медиумите и фер избори. Сето тоа фрла соменение врз целиот демократски систем», вели соопштението на Советот на Европа и додава дека секое сомнение мора да биде сериозно и длабоко истражено.

Оваа организација бара од обвинителот сето ова да гои стражи и бара од властите да прифатат експертиза и совет од меѓународните организации за да се биде сигурен дека истрагата ќе биде длабока и независна. Пратениците од Стразбург сметаат дека сите можности за излез од кризата се уште не се искористени и се залагаат за формирање истражна комисија со Собранието и зајакнување на демократската контрола на службата за разузнавање.

Конечно, тие упатуваат повик до властите серизно да ги земат во предвид барањата на студентите и младите граѓани и да се вклучат во интерактивен дијалог со нив. Тие сметаат дека «ова е прво мултиетничко движење и ова топло го поздравуваме», вели соопшението на Советот на Европа изразувајќи надеж дека ова движење нема да биде политички злоупотребено.

Посетата на овие тројца пратеници беше исцпрно покриена од страна на медиумите блиски до владата. За жал, нивната целосна порака не беше коректно пренесена.

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=21995

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Саб Мај 16 2015, 18:05

I toa navistina se stega...

Брисел го стега ременот околу македонската политичка криза


Брисел го стега ременот околу македонската политичка криза. Никола Груевски и Зоран Заев ги заменуваат нивните преговарачки тимови во Европскиот паралмент. Неизвесно е дали освен преговарачката тројка европратеници Кукан, Вајгл и Ховит ќе бидат засилени и од потежок дипломатски булдужер.

Средбата во Европскиот парламент доаѓа по лидерската средба в понеделник, на која четворицата лидери на најголемите парламентарни партии треба според официјалните изјави да договорат рамка со точки за евентуалните преговори. Нема детали дали Груевски и Заев во вторник ќе патуваат со конкртена стратегија од тука како власта и опозицијата би нашле излез од политичката криза.

На последната средба на маса имало повеќе идеи и понуди, но никој не сака да брифира детали. Извесно е дека опозицијата нема намера да отстапи доколку преодна Влада не биде дел од пакетот.

Патувањето на Груевски и Заев во Европскиот парламент доаѓа по протестот на опозицијата и митингот на власта, а очекувањата на дел од екс дипломатите се дека Европа планира да се вклучи посериозно во крзиата

Досега преговорите ги водеа преговарачки тимови, но според проценките, последните случувања во змејава, кумановските настани како и пораките од амбасадорската шесторка се дека политичката криза повеќе не се третира како внатрешен проблем во земјава.

http://24vesti.mk/brisel-go-stega-remenot-okolu-makedonskata-politichka-kriza

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Гостин Саб Мај 23 2015, 17:05

Се сеќавате кога шителите и куририте пред неколку дена трубеа дека Рада побегнала од државата? Е, па сега знаеме каде отишла.

Прогресивната алијанса усвои итна резолуција за Македонија

Od EU i NATO Radmila%20Shekerinska

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска вчера и денеска учестува на Конференцијата на Прогресивната алијанса којашто се одржува во Ротердам, Холандија. Во рамките на конференцијата е усвоена итна резолуција за Република Македонија.

Резолуцијата на Прогресивната алијанса повикува на суштествен политички дијалог кој што ќе ја врати довербата во демократијата и клучните институции во Македонија, преку Преодна влада со мандат да спроведе конкретни реформи, вклучително оние кои се однесуваат на интегритетот на изборниот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, цивилната контрола над работата на полицијата и вооружените сили и слободата на говорот.

Прогресивната алијанса е мрежа на прогресивни, демократски, социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии од целиот свет.

Во продолжение може да ја прочитате целата резолуција:

http://plusinfo.mk/vest/26935/progresivnata-alijansa-usvoi-itna-rezolucija-za-makedonija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Вто Мај 26 2015, 13:00

За волја на вистината се додека НАТО и ЕУ се предводени од идиоти немаме никаква полза ни ако ги исполниме условите (освен ако не си го смениме името и идентитетот како главен услов), па нема да имаме штета и ако во обид да извршат присилна смена на македонската влада, спротивно на волјата на граѓаните ни ги симнат препораките. Па не гледам зошто би губел време да дискутирам на тема за нешто од што ништо не зависи. И да ги задржиме препораките ниту ќе станеме членка на НАТО, ниту ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Ќе повторам. Се` додека на чело на овие организации се идиоти кои мислат дека се богови.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Мај 26 2015, 13:58

Pa sto kur potpishuval tvojot pastir dogovori za sorabotka so tie organizacii ?!?!?!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Естир Вто Мај 26 2015, 14:42

трендафил напиша:Се` додека на чело на овие организации се идиоти кои мислат дека се богови.


Хахахаха, единственият идиот, който се мисли за бог, е ваш Грую. Ма лошото е, че има много други в Македония, дето и те така го мислят Very Happy
Естир
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Вто Мај 26 2015, 22:54

Граѓаните на ЕУ преку своите представници, пратениците во Европарламентот, со години по ред ја подржуваат Македонија за почеток на преговорите за членство. Но за жал во ЕУ не се слуша гласот на нартодот, па оваа одлука ја суспендираат лидерите нма државите во Советот на Европа. Не можам да кажам дека ни се непријатели народите на државите од ЕУ. Но за жал нивното мислење не се почитува. Непријателите на Македонија се обидуваат членството во евроатлантските интеграции да го искористат како средство за уцена во врска со нашето име и идентитет.
Груевски не е Бог. Само ја доби довербата на гласачите на изборите. И нема право да ја изневери и да се повлече поради монтирани прислушкувани разговори од странска тајна служба. За која можам да тврдам со скоро 100% сигурнуст дека не е Русија или Кина, на пример.
Мене ми е многу тешко да поверувам дека како што тврдеа непријателите на Македонија, нашата УБК ја најмила терористичката банда што беше уништена во Куманово. Пред се` поради тоа што тогаш македонски платеници не би биле погребувани на Косово со почести. Со знамиња на (голема) Албанија. Не на Косово.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Мај 26 2015, 23:00

More da si go cuvame nashiov premieu, oti kakvi ima ovoj e lokum:http://brif.mk/?p=184094
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Мај 28 2015, 11:47

Eve mu gi Rusite na trendo i kompanija ovcarska:http://brif.mk/?p=184187
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Словен Чет Мај 28 2015, 13:59

трендафил напиша:Граѓаните на ЕУ преку своите представници, пратениците во Европарламентот, со години по ред ја подржуваат Македонија за почеток на преговорите за членство. Но за жал во ЕУ не се слуша гласот на нартодот, па оваа одлука ја суспендираат лидерите нма државите во Советот на Европа. Не можам да кажам дека ни се непријатели народите на државите од ЕУ. Но за жал нивното мислење не се почитува. Непријателите на Македонија се обидуваат членството во евроатлантските интеграции да го искористат како средство за уцена во врска со нашето име и идентитет.
Груевски не е Бог. Само ја доби довербата на гласачите на изборите. И нема право да ја изневери и да се повлече поради монтирани прислушкувани разговори од странска тајна служба. За која можам да тврдам со скоро 100% сигурнуст дека не е Русија или Кина, на пример.
Мене ми е многу тешко да поверувам дека како што тврдеа непријателите на Македонија, нашата УБК ја најмила терористичката банда што беше уништена во Куманово. Пред се` поради тоа што тогаш македонски платеници не би биле погребувани на Косово со почести. Со знамиња на (голема) Албанија. Не на Косово.

Словен

Број на мислења : 4
Join date : 2015-05-28

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Мај 28 2015, 14:21

Slovenac, ova sto go citirash Trendo......treba da znaci deka si od nashite ili od nivnite? Twisted Evil
p.s. Dobredojde!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by трендафил Чет Мај 28 2015, 21:13

Штом учествуваме на ист форум сите сме наши. Иако сите не размислуваме на ист начин. Поголемиот дел изгледа би биле среќни ако осудените за убиството кај Смиљковското Езеро бидат ослободени, а најсреќни кога би излегло дека Македонци (што е невозможно) се одговорни за случајот. Заев иначе ја демантираше изјавата за хамбуршки Ди Цајт дека осудените се невини, односно тврди дека новинарот што го интервјуирал погрешно го разбрал. Овој пак тврди дека има аудио запис од интервјуто. Што би рекле дека по обичај, лаже Агим Заевиќи.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Словен Пет Мај 29 2015, 22:58

Aбе батали ваши, наши. Него текстот кој го пишав не ми се испрати, незнам зошто.

Словен

Број на мислења : 4
Join date : 2015-05-28

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Словен Пет Мај 29 2015, 23:06

Оооо, сега се испраќа.
Е сега ќе пишам одговор на цитатот од Трендафил.
Трендафиле, разговорите не се монтирани, тоа и пилците веќе го знаат.
Прислушкувањето е вршено од УБК, нивен проблем е што некој им изнесол дел од материјалите.
Грујо се истрча за странски служби,па после ретерира, сега вика дека странски служби не се замешани. Па, после неколку заушки мораше и некоја вистина да каже.
За крај, не е далеку времето кога де јуре и де факто ќе се докаже кој бил инспираторот и со кои пари е платено Кумановското сценарио и што правиме после?

Словен

Број на мислења : 4
Join date : 2015-05-28

Вратете се на почетокот Go down

Od EU i NATO Empty Re: Od EU i NATO

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 40 1, 2, 3 ... 20 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот