Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Украина

+5
PRVOBOREC
alienmk
Albatros
defo
трендафил
9 posters

Страна 2 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Чет Сеп 29 2022, 21:16

Избегнуваш да одговориш каков став имаш кон евроатлантската либерална окупација на дел од Србија, на Косово. Јас не дискутирам врз основа на симпатии, туку на реалност. Прашање р дали Србија некогаш, да речеме со помош на Русија, Кина или некој трет ќе го ослободи Косово од евроатлантската окупација. Истото тоа важи и за Украина. Дали поддршката на либералите ќе и помогне или со тоа што ја испровоцира да се закачи со Русија ќе ја уништи Украина. Немам емоции во двата случаја. Ме боли за Македонија. Ние обратно од Украина, не се спротивставивме на ментално пореметените барања ни на Грција ни на Бугарија. За жал не бевме поддржани од западните либерални „пријатели“. Тие напротив во секоја ситуација го поддржуваат нашиот непријател. Се однесуваат кон нас како да сме будали па треба да мислиме дека историјата ја уништува иднината, па со препуштањето на нашата историја на Бугарија и Грција овие брзо ќе пропаднат.
Утре се очекува Путин во согласност со референдумите да ја прошири територијата на Руската федерација со новите членки дијдени од Украина. Дали тоа ќе биде привремено или трајно за жал ќе се одлучува на бојното поле. Да не изигрувам нов наследник на македонката Баба Ванѓа, но мислам дека доколку Русија ги задржи овие територии, наскоро и Кина ќе си го врати Тајван. Турција ќе си го задржи цеверен Кипар. Јас посакувам обединување на Македонија преку членство во ЕУ, но за жал тоа е нереално затоа што и да си ја избришеме цела историја нема да станеме членка на ЕУ во време кога тоа е исплатливо. За некое време и ние нема да сакаме членство во таква групација.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Пет Сеп 30 2022, 19:30

Русија ја прифати волјата на граѓаните изразена на референдум и четирите дела порано дел од Украина од денес се дел од Руската федерација. Секој што ќе ги нападне за Русите ја напаѓа нивната земја и според најавите во одбрана ќе ги користат сите средства вклучувајќи и атомско оружје. Разбирливо сите што го признаа правито на Косово со помош на странска војна да се отцепи од Србија сега тврдат дека тоа е спротивно на меѓународното право. Не верувам дека ќе и помогнат на Србија да си ја поврати територијата, па сметам дека се работи исклучиво за друга врста на право, правото на посилен. Проблемот е што не се знае во моментов кој е посилен и што Србија немаше нуклеарно оружје, а Русија го има, па последиците можат да бидат катастрофални за целиот свет.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by defo Саб Окт 01 2022, 21:31

трендафил напиша:Русија ја прифати волјата на граѓаните изразена на референдум и четирите дела порано дел од Украина од денес се дел од Руската федерација. Секој што ќе ги нападне за Русите ја напаѓа нивната земја и според најавите во одбрана ќе ги користат сите средства вклучувајќи и атомско оружје. Разбирливо сите што го признаа правито на Косово со помош на странска војна да се отцепи од Србија сега тврдат дека тоа е спротивно на меѓународното право. Не верувам дека ќе и помогнат на Србија да си ја поврати територијата, па сметам дека се работи исклучиво за друга врста на право, правото на посилен. Проблемот е што не се знае во моментов кој е посилен и што Србија немаше нуклеарно оружје, а Русија го има, па последиците можат да бидат катастрофални за целиот свет.

Значи според тебе, не е во ред отцепувањето на Косово од Србија (што не беше), а во ред е да му влезе во 21 век Русија да менува граници и да ти повторам ради нив да живееме во некаов стрес, дали ќе преживееме до плата, дали ќе можам на детето да му купам кашкавал или не. Да направам зимница или не?!?! Да живеам на ивица. Не бе не ја подржувам Русија, како не ти е јасно. Ова шо се дешава е штетно за сите.Наредните 5 години ќе живееме во ваков стрес. Лудаку еден.
Иако не е тема сенилна будало една, јас бев и против НАТО/УСА нападот на Србија, релано нема потреба од жртви. Оружје е непредвидлива работа. Што во тој случај се докажа,имаше оклу 1000 невини жртви. Едино нешто беше само Милошевиќ и неговата националистичка контрабанда да се исчисти.

И запомни да си против „демократските“ политики на Америка е хумано дело!!!
Да си за Руските политики во однос на Украина е психолошка состојба.


Слобода за Украинскиот народ.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3454
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Нед Окт 02 2022, 11:11

Претпоставувам дека не те интересирала состојбата со правата на Русите во Украина откако добија марионетска власт по кај нив еднобојната (кај нас беше шарена, да не кажам педерска, револуција. Дека борбата ја почнаа Русите во Доњецк и Луганск, се разбира помогнати но без директно учество на нивната матична земја во востанието. Беше потпишан мировен договор во Минск кој Украина, веројатно по налог на газдите Украина не го почитуваше. Со Крим е друга ситуација. Таму Русија има воена база уште од времето на царска Русија, а Крим е станат дел од Украина како република во времето на СССР, по Бтората светска војна, кога тоа не било важно затоа што за разлика од ЕУ каде не се признаваат правата на пример на Македонците во Бугарија и Грција, во СССР се почитувани етничките права и сите народи биле рамноправни. Останува и правото на посилен што САД го користеше екслузивно во последните 30 години, вклучувајќи ја тука и поддршката на УЧК во Македонија иако наводно сме две пријателски земји. Не се работи за господар и слуга.
Во врска со економијата проблемите ги направи евроатлантската мешународна банда. Русија не почна ни со намакување на испораките на гас, сакаше да го отвори и Северен тек 2, но по наредба од САД слугите од ЕУ не го сакаа тоа. Војната почна на 22 февруари кога секој нормален земјоделец веќе има вештачко ѓубре дома, да не говорам за складиштата на увозниците. И економијата е друга приказна. Цените исто така почнаа да растат пред почетокот на војната. Очигледно е дека евроатлантската банда ( длабоката држава) одлучи постепено да се намалат правата што ги добија работниците за да не подигнат социјална револуција по примерот на социјалистичките земји. Излегува дека на луѓето ако живеат добро не им пречи наместо демократски да имаат претседател што самите го ибрале имаа крал што не го бираат или некој друг им наметне власт. Да имав богат живот (не се жалам затоа што имам и сега за наши услови пристоен живот) и да не се вршеше притисок врз мојот идентитет со препуштање на историјата на некои наши соседи баш би ми било гајле кој е на власт.
Не велам дека понекогаш не навивам за непријателите на нашите непријатели, кои го креираа тоа што во моментов го имаме во Македонија. Само преку Сорос се влезени скоро 200 милиони долари за испирачи и испирање на мозок на граќаните на Македонија.
Нашата држава имаше многу мала економска размена со Русија и Украина, па не знам зошто кај нас последиците се потешки отколку за една Германија на пример.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Вто Окт 04 2022, 19:40

Чудно никој не го предложи Заев како посредник меѓу Русија и Украина. Веројатно доколку се прифати негов предлог Украина постепено ќе се русифицира, а областите што сакаат да се спојат со Русија ќе го направат тоа целосно вклучувајќи ги и деловите што во моментов не се под руска контрола.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Пет Окт 07 2022, 12:51

Либералите мислеа дека Зеленски ќе ја добие нобеловата награда за мир. Тоа не се случи, ја добија белоруски активист и невладини организации од Русија и Украина. Украинците се борат за човековите права на сите во Украина. И на Русите чие кршење од страна на украинските власти е причина за војната.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Саб Окт 08 2022, 16:19

Еден успех на Украина. Во терористички напад е оштетем мостот кон Крим. Загинати се цивили кои случајно се нашле на местото на настанот и веројатно возачот самоубиец.


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Пон Окт 10 2022, 20:52

Прво да изразам жалење за непотребните цивилни ѓжртво (при што како цивили ги сметам и тие што никогаш не би земале оружје во раце ако некоја ливерална будала не предизвика војна сега во Украина, која е најпопуларна иако се гине и во други држави во моментов. Секаде една страна е евроатланската меѓународна банда. За жал очекувано беше по терористичкиот напад на Кримскиот мост, во кој исто така загинаа цивили за кои ниту македонската власт и другите власти што им служат на либералите, ниту „цивилизираните“ газди не изразија жалење, да има одмазнички напади.

Што да кажам за понатамошниот тек на војната. Мислам дека Русија чека да залади и да замрзнат калливите терени во Украина, па да појдат во вистински напад. За прв пат по почетокот на воената операција тие ќе имаа повеќе војници. Првите напади ги направија со помалку луѓе од бранителите.
Интересно е и тоа што Русија покрај санкциите им помага на сиромашните пријателски земји. Ние, како непријателска земја, не можеме да очекуваме да ни помогнат и на нас. Нели пред референдумот за Преспанскиот договор една од паролите беше дека името нема да ни ги плаќа сметките. Колку што гледам ни новото насилно наметнато име не ни ги плаќа сметките, но ни ги зголеми.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by Albatros Сре Окт 12 2022, 06:44

Se usraa bugarite od strav, uste malku i ke utvrdat deka ne se ni vo nato ni vo eu.

Вчера претседателот на истражниот комитет на Русија, Алкесандар Бастрикин, изјави дека била утврдена маршрутата по која се движел камионот – Бугарија, Грузија, Ерменија, Северна Осетија, Краснодарската област

https://360stepeni.mk/bugarskata-vlada-go-istrazhuva-sluchajot-so-kamionot-shto-eksplodira-na-krimskiot-most/

Камионот разнесен на мостот на Крим никогаш не бил на територијата на Бугарија, утврди бугарската влада

https://360stepeni.mk/kamionot-raznesen-na-mostot-na-krim-nikogash-ne-bil-na-teritorijata-na-bugarija-utvrdi-bugarskata-vlada/

Albatros

Број на мислења : 822
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Сре Окт 12 2022, 20:45

Северен тек е оштетен во региони што не се под руска контрола, а Данска и Шведска не дозволуваат руски истражители да учествуваат во наоѓање на виновникот.
Кога сме кај користење на нуклеарно оружје ќе напишам дека Русија ди сега не го користеше, се надевам и дека нема да ја принудат да го користи во војната во Украина и бившите делови од Украина што пристапија кон Русија. САД и западните сојузници го користеа (во вид на осиромашен ураниум) во скоро сите војни. Во соседството во Србија, ајде ќе го напишам и Косово иако по западни правила не би требало да биде независно затоа што е насилно издвоено од суверена држава, Црна Гора и Република Српска. Како последица на тоа има зголемен број на заболени од карцином. Дури и во Македонија каде што зрачењето е дојдено преку прашина, подземни води, земјоделски производи од контаминирана територија (Пшеница, масло за јадење, шеќер ...), со минување низ контаминирана територија и слично.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by alienmk Пет Окт 21 2022, 18:35


alienmk

Број на мислења : 372
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by PRVOBOREC Саб Окт 22 2022, 15:42

Многу точно.

Украина - Page 2 Img_1316

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2448
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Пон Окт 24 2022, 12:20

За потсетување, во 2001 година во Украина немаше марионетска влада, слуга на глобализаторите либерали (неофашистите), а опремата ни ја продаваа, не ни ја донираа. Но откако нашите безбедносни сили се стабилизираа и дојдоа во ситуација да ги победат терористите од страна на САД и нивните евроатлантски слуги бевме ставени под ембарго за оружје, а леталата мораа да летаат без офанзивно оружје. Откако во посета на Украина отиде Кондолиза Рајс, шефицата на Стејт департментот и Украина се придружи на ембаргото за оружје кон Македонија. Победата ни беше оневозможена, а ни беше натурен Охридскиот договор. Подоцна ни беа натурени Тиранската платформа, Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија преку црпнатиот од Муртино. Не знам дали заевистите се изветреанио и не ги помнат овие работи. Во секој случај ајде да напишам уште еднаш дека не поддржувам ниту една војна, па и таа во Украина, но кршењето на човекови права од страна на Украинците поттикнато од евроатлантската меѓународна банда доведе до тоа. Војна во Украина се води повеќе години. На 24 февруари само директно се вклучи војската на Русија. И на Косово тие што се замислуваат дека се господари на светот прво го помагаа УЧК, а дури после се вклучија директно во војната и ја окупираа покраината и ја отцепија од суверената држава Србија. Се користи правото на посилен во двата случаи , но и од двете страни. Украинците очигледно мислеа дека западот е посилен и ќе им помогне како што им помогна на косоварите, но изгледа дека нема да биде баш така. Мое предвидување е дека Русите ќе појдат во офанзива веднаш штом замрзнат мочуриштата во Украина и дека ќе нападнат од север за да оневозможат дотур на оружје од запад (најповеќе преку Пилска. Така мислат и високи офицери од НАТО, не само од Русија, а логично е да биде така. Се надевам дека тоа нема да доведе до светска војна. Инаку не обрнувам внимание на разни пропаганди. На пример дека добро е кога се уништуваат руски воени структури и оружје со турски дронови (Нешто не се споменуваат во последно време) но дека е геноцид кога истото го прават иранските дронови што ги има сега Русија. Едноставно би сакал Македонија да биде неутрална во однос на војната во Украина, но за жал по зачленувањето во НАТО како добар слуга мора да биде на страна на САД. За жал, војната ќе зацрни многу семејства во Украина и во Русија. Не и во Америка која е главна причина за војната.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Саб Окт 29 2022, 19:32

Еве еден виц за последиците од војната во Украина.


Синот го прашува таткото: Тато, зошто е толку ладно?

Неговиот татко одговара: Затоа што Русија ја нападна Украина.

Синот повторно прашува: Но, каква врска има тоа со нас?

Таткото: Тоа е така поради тоа што им воведовме санкции на Русите.

Синот: Зошто?

Таткото: За Русите да се чувствуваат лошо.

Синот: Значи ли тоа дека ние сме Руси?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by Luxor Сре Ное 02 2022, 20:29

Вицот инаку го кажал Путин. Денеска е уапсено лицето кое дојавувало за поставени бомби во училиштата. Во последната порака е напишан токму овој виц. Ако Трендафил исчезне од форумот барем ќе знаеме зошто е отсутен.

Шега на Владимир Путин во денешните закани за бомби во скопските училишта

https://www.slobodenpecat.mk/shega-na-vladimir-putin-vo-deneshnite-zakani-za-bombi-vo-skopskite-uchilishta/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6586
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by Albatros Чет Ное 03 2022, 16:19

Spored izjavata na JO privedeniot e nevin i pusten na sloboda.

Albatros

Број на мислења : 822
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Пет Ное 04 2022, 06:43

Како што е прецизирано, 40 отсто од анкетираните целосно или делумно се согласуваат со констатацијата дека „специјалната воена операција“ е реакција на Русија на бројните провокации на НАТО. Тоа е за 11 отсто повеќе од април, пишува листот.

Се напомнува дека речиси двојно се зголемил бројот на оние кои веруваат оти е неопходна промена на власта во Украина.

Според истражувањето, 44 проценти од Германците се целосно или делумно убедени дека рускиот претседател Владимир Путин се спротивставува на т.н. глобална елита „која ги влече конците од втор план“. Во април, непосредно по почетокот на војната против Украина, 12 отсто помалку се согласуваа со тоа.

https://www.expres.mk/shpigel-se-povekje-germanci-smetaat-deka-ruskata-voena-intervencija-vo-ukraina-e-opravdana/

Луѓето полека се освестуваат дека нема војна во светот во која немаат замешано прсти либералите (што би рекле неофашистите, глобализаторите што сакаат да владеат со светот, а не да биде рамноправна заедница на државите и народите. Барем ние во Македонија, земја во која тие ни избираат власт во последните гидини и која ги спроведува нивните интереси и кога се апсолутно штетни за Македонија и македонскиот народ. Вклучувајчи и наша трансформација во Македонци со бугарско потекло и без античка историја, односно дека во античкото време уште сме биле мајмуни, а до 1944 година Бугари.

Сите полека стануваат свесни дека парите што ги плаќаат сите народи на светот со поскапувањата наводно поради војната во Украина идат кај либералната елита и нивните поддржувачи.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Чет Ное 10 2022, 14:03

Македонија повторно испрати, трета тура, воена помош на украинските неофашисти. Во 2001 година на пример за авионите ние им плативме на украинците по милион евра за еден авион, а сега сите им ги вративме без наплата. На нас никој не ни даде помош во оружје кога бевме нападнати од Косово, дури по наредба од САД добивме забрана да купиме оружје.

https://infomax.mk/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%bd-%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%b2%d0%be%d0%b7-%d0%b2%d0%be%d0%be%d1%80%d1%83%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bc%d0%b0/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by Albatros Сре Ное 16 2022, 16:11

Ukraina ispalila raketi, ubila poljaci, amaaaaa Rusija e kriva. Bolesnici.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави вчерашниот напад врз Полска најверојатно бил од воздушната одбрана на Украина.

„Инцидентот најверојатно бил предизвикан од украинска ракета за противвоздушна одбрана лансирана за одбрана на украинската територија од руски ракетни напади. Но, да бидам јасен. Овде не е виновна Украина. Русија ја сноси крајната одговорност бидејќи ја продолжува својата нелегална војна против Украина. Немаме индикации дека ова е резултат на намерен напад и немаме индикации дека Русија подготвува офанзивни воени акции против НАТО“, рече Столтенберг.

https://fokus.mk/stoltenberg-za-intsidentot-vo-polska-ne-e-vinovna-ukraina/

Albatros

Број на мислења : 822
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Чет Ное 17 2022, 09:48

Вчерашниот случај со нападот на Украина врз село во Полска во кој за жал има и двојца загинати, Бог да ги прости; ја покажува целата ситуација со војната во Украина. Веќе не е чудно што ракета ваљда лансирана кон исток им отишла на запад, затоа што и дрон им избега до Загреб, па ова е втор напад врз земја членка на НАТО. Се гледа и способноста на НАТО да ги брани земјите членки, на што се надева Македонија. Јасна е само пропагандата и лагите. Добро е што излезе фотографија од настанот на која се гледа дека ракетата е од советско производство и како застарена не се користи повеќе од армијата на Русија, па веднаш беше јасно кој е напаѓачот. Иако САД во тоа време имале набљудувачки авион кој ја снимил целата патека на ракетата од лансирањето до експлозијата. Добро е и тоа што кај НАТО постои страв од директен судир со Русија, па по извесно време и официјални се изнесе вистината. Можеби помогна и тоа што тријца вработени во Пентагон анонимно ја кажаа вистината неколку часа пред тоа званично да биде потврдено. Затоа Третата светска војна не се прошири надвор од Русија и Украина. Колку малку треба за тоа, дури и ако причината биде лажна. Господ да не чува сите. И на бугарофилите од СДСМ кои се продаваат како глобализатори на кои се надевам брзо ќе им дојде умот и ќе сознаат дека секој си ги гледа своите интереси.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Чет Ное 17 2022, 10:55

Да напишам и дека вчера Украинците свесно лажеа, па не знам колку може да им се верува во иднина. Сигурно е дека знаеле во кој правец им отишла ракетата. Ова доколку со ракетите работат професионалци. Втората варијанта е дека оружје им даваат во раце на необучи лица, што е опасно за светот, не толку во вчерашниот случај кој имаше потешки последици, туку со дронот што падна во Загерб. Тогаш се виде и колку е контолирано небото над земјите од НАТО.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Саб Дек 03 2022, 20:49

Интерес обид на евроатлантската меѓународна банда да ја искористи нафтата како оружјем со ограничувањето на цената на руската нафта на 60 долари по барел, што е под пазарната цена. Веројатен ифдовор на Москва ќе биде забрана на извоз на нафта во ЕУ и други земји штп ќе прифатат да бидат уценувачи на Русија. За кусо време ќе слушаме приказни дека Русија ја користи нафтата како оруѓје и дека светот е блесав и ќе заборави кој прв почна.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by Bosonoga Пон Дек 05 2022, 00:04

KOLKU DA SE OPIRA RUSIJA KE MORA DA POPUSHTI ,SEKOMU TREBAAT PAI PA I NA RUSIJA ..AJDE DA GO POCHEKAME RASPLETOT
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 980
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Сре Дек 07 2022, 15:47

Не верувам дека Русија во периодот од 1941 до 1945 година имаа повеќе пари отколку што имаат сега или дека Виетнам иаше повеќе пари од САД што победи во војната. Неспорно е дека парите се еден од факторите. Не гледам ниту дека во Мометов Русија има поголеми економски проблеми од Македонија (членка на НАТО, нели?), ниту од другите земји од Европа. Не знам дека на пример во Русија има препораки за намалување на температурата за греење или луѓето да станат небањати за да не трошат топла вода. Не поддржувам војна. Напротив посакувам воопшто да нема војни. Но во случајов очигледно е дека Русија не сака да биде слуга на САД и очигледно е дека не е осамена.
Македонија е друга приказна, Тука има луѓе што се спремни да лажат дека нивните предци биле Бугари, што кај мене бидејќи сум живеел заедно со дедо ми роден на крајот од 19 век и што во тоа време учел гимназија во Солун и татко ми роден на почетокот од 20 век што дипломирал пред Втората светска војна не може да помине. Не сум политичар и со самото тоа не сум лажго.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by трендафил Вто Дек 13 2022, 16:56

Ме изненади коха видов дека Русија смета само 49 од 193 членки на ОН за непријателски, односно земји што се директно замешани во војната со воена помош за Украина и економски санкции кон Русија. Исто така дека нити Украина нити евроатлантската меѓународна банда немале намера да го почитуваат договорот од Минск од 2014 година, туку само сакале да добијат во време за да ја зајакнат улраинската војска. Исто јаји што не се почитува резолицијата 1244 за Косово.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11123
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Украина - Page 2 Empty Re: Украина

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот