Непознати и необработени факти во и околу Македонија
Страна 1 of 1
Непознати и необработени факти во и околу Македонија
Еве некои интересни примери и податоци, факти кои не се обработени и споделни со пошироката маса во Македонија.
Еден таков пример е делото на Душан Попов, двоен агент од Кралството Југославија кој служел за британската МИ6 во Втората светска војна и давал лажни информации на Нацистичка Германија.
Преземено од FB.
Еден таков пример е делото на Душан Попов, двоен агент од Кралството Југославија кој служел за британската МИ6 во Втората светска војна и давал лажни информации на Нацистичка Германија.
Душан Попов (Тител, Србија; 10 јули 1912 - Опио, Франција; 18 август 1981) — двоен агент од Кралството Југославија кој служел за британската МИ6 во Втората светска војна и давал лажни информации на Нацистичка Германија. Тој е познат по неговите кодни имиња: Душко (Југославија); Иван (Германија) и Трицикл (Велика Британија). Имал семејно потекло од Тетовско.[1]
Попов бил инспирација за Џејмс Бонд според неговиот автор Ијан Флеминг.
Џејмс Бонд или Душко Попов
Душан Попов (10 јули 1912 - 10 август 1981 година) бил шпиун кој има многу интересна приказна, и според кој е направен ликот на познатиот јунак од франшизата Џејмс Бонд. Имено, Попов бил роден во градчето Тител кое тогаш било во составот на Австро-Унгарија, а денес се наоѓа во Србија.
Тој потекнувал од богато трговско семејство, па имал можност да се школува низ повеќе европски центри. Така, од 1936 година заминал на пост-дипломски студии во Германија, а во Хамбург се запознал Јохан Ебсен кој подоцна го внел во шпиунските води. Во тој период во нацистичка Германија, се случувале прогони против Евреите, со што Попов не се согласувал, па го изразувал својот револт, за што бил уапсен, иако за брзо неговиот татко преку врските што ги имал во владата на Кралството Југославија успеал да го ослободи.
За време на почетокот на Втората Светска војна, Попов се наоѓал во Дубровник каде водел адвокатска фирма, а на 4 февруари 1940 година, добил телеграма од неговиот пријател Ебсен кој побарал да се сретнат во Белград. Тогаш Ебсен му соопштил дека започнал да работи како двоен агент за британската тајна служба МИ6, и дека всушност работи и за германската тајна служба Абвер, и секако го поканил Попов да му се придружи. Тој се согласил и во британската амбасада во Белград ги понудил своите услуги.
Откако МИ6 го прифатила, тој стапил во контакт и со Абвер, каде лажел дека има влијателни пријатели во Англија, и дека може да им биде од корист. На тој начин успеал да го мине тестот на Абвер, и го ангажирале за да известува за силата и моралот на британската војска. Така, Попов во соработка со МИ6 започнал до Абвер да проследува грешни информации. Сепак, Абвер немал потполна доверба во Попов, па така му најмиле шофер кој всушност исто така бил агент, а и долгогодишен познаник на семејството на Попов, со цел да го прати. Но, Ебсен успеал да стигне до информациите за шоферот на Попов, и го известил, по што Попов го организирал неговото убиство, на тој начин да изгледа како обична кражба, од која тој успеал да се спаси, но не и неговиот шофер.
Потоа, Абвер го испратила во Лисабон, Португалија, кој тогаш бил разузнавачки центар. Од таму ја продолжил својата улога за давање грешни информации на германската тајна служба, но интересно, МИ6 во Лисабон го најмила Ијан Флеминг како агент кој требало да го прати Попов. Така, Флеминг подоцна по инспирација на Попов, го создал ликот на Џејмс Бонд.
Уште една интересна епизода од активноста на Попов, била таа кога тој стигнал до информации за нападот на Перл Харбор и заминал во САД, да ја извести ЦИА. Сепак, таму кога побарал средба со директорот на ЦИА, Хувер, тој не ја прифатил средбата со Попов, бидејќи знаел за неговата улога на двоен агент. Оваа информација никаде не е официјално потврдена, туку е верзија која подоцна ја кажал Душан Попов.
Душко Попов никогаш не бил откриен од Абвер за неговата двојна улога, дури ни кога Ебсен бил откриен, но не го открил тајниот идентитет на неговиот пријател.
Попов во 1974 година објавил мемоари под наслов „Трицикл“ кое било кодно име за него од МИ6, а починал на 10 август 1981 година.
Преземено од FB.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Similar topics
» Околу цивилизацијата
» ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
» 10 ПСИХОЛОШКИ ФАКТИ
» ЗА И ОКОЛУ Љ У Б О В Т А
» ОКОЛУ ИЗБОРИТЕ ....
» ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
» 10 ПСИХОЛОШКИ ФАКТИ
» ЗА И ОКОЛУ Љ У Б О В Т А
» ОКОЛУ ИЗБОРИТЕ ....
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот