Praznici
+2
kiBik
Естир
6 posters
Страна 2 of 4
Страна 2 of 4 • 1, 2, 3, 4
Re: Praznici
utre e djurdjovden ,isto taka i imenden ,...slavat onie koi imaat ime djurdja ,djordji ,dhuro ,i.t.n.eve ushte vecherva da pochnam da izrazuvam chestitki kon site shto praznuvaat ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
секако и он киБик ...не го заборавив !
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
Здраво Естир. Одамна не сум бил на оваа тема. Еве утре е светиот пророк Илија. Старозаветен пророк кој е доста познат. Би сакал да ми кажеш, се разбира ако сакаш, каков би требало да биде односот на верниците кон овие празници? Дали треба да ги славиме, или да се однесуваме кон овие денови како и кон секој друг ден. Некои и се молат на овие пророци, па ако сакаш во одговорот би можела да се осврнеш и на тоа. Однапред се извинувам ако оваа тема е веќе обработена. Доста сум зафатен и немам многу време за форумот.
Гостин- Гостин
Re: Praznici
mumley напиша:Здраво Естир. Одамна не сум бил на оваа тема. Еве утре е светиот пророк Илија. Старозаветен пророк кој е доста познат. Би сакал да ми кажеш, се разбира ако сакаш, каков би требало да биде односот на верниците кон овие празници? Дали треба да ги славиме, или да се однесуваме кон овие денови како и кон секој друг ден. Некои и се молат на овие пророци, па ако сакаш во одговорот би можела да се осврнеш и на тоа. Однапред се извинувам ако оваа тема е веќе обработена. Доста сум зафатен и немам многу време за форумот.
Аз не ги славя, но ако имам познати, близки, приятели, които честват имен ден, им честитя, ако празнуват и ме поканят - споделям празника им. Но същевременно, за мен, са като всеки друг ден. Не са "свети", т.е. не се предполага, да ги "осветявам". Не знам дали знаеш, но библейското разбиране за "свят" е "отделен за специална употреба". В този смисъл, единственият ден, който Бог е осветил, т.е. отделил за специална употреба, е съботата.
А също е указал и да се отбелязва Господната вечеря. Така че, няма никакво основание да се честват "светци", още повече...че гърците, а оттам и наште православни, почти ката ден са си измисляли някой светец да отбелязват, дет се казва - празно нема в календара. А пък аз за техните предания - пет пари не давам - ни на западните, ни на източните ортодокси.
А за моленето на пророци, деви и т.н.....ами Библията е категорична:
"На Господа твоя Бог да се покланяш, и само Нему да служиш".
"А вие се молете така: Отче наш, Който си на небесата, да се свети Твоето име!...."
"има само един Бог и един ходатай между Бога и човеците, човекът Христос Исус,Който, като своевременно свидетелство за това, даде Себе Си откуп за всички;"
Не само, че няма библейско основание за отправяне на молитви към човеци, ами точно обратното - има категорично и на много места еднозначно казано: САМО НА ГОСПОД да се молим. Всъщност има категорична забрана да имаме други богове.
Естир- Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11
Re: Praznici
Denes e golem hristijanski praznik Uspenie na Presveta Bogorodica - Golema Bogorodica.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
еве неколку збора за овој голем христијански празник Голема Богородица.
Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.
Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
се за големиот христијански празник
По Христовото распнување, воскреснување, вознесение на небото и седнувањето оддесно на Отецот, таа поживеала на земјата уште 11 години. За неа се до нејзината смрт се грижел свети Јован Богослов. На Маслиновата Гора, на местото каде се вознел Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет. Тогаш ѝ се јавил Архангел Гаврил и ја известил дека по три дена (на 15.08./28.08) ќе биде упокоена. Тој ѝ донел една рајска гранка од палмово дрво, која светела со светлост од небесната благодат и која ќе се носи пред одарот на Божјата Мајка, како знак на тоа дека ја победила телесната и душевната смрт. И рекол дека: „Ќе помине во бесмртен живот за да живее вечно со Бесмртниот Цар на славата". Таа веднаш го известила за тоа светиот апостол Јован Богослов, а веста стигнала до апостолите и голем број христијани. Чудна сила ги донела 11-те апостоли при неа. Пред нив ја искажала предсмртната порака (која всушност е извршена), нејзиното тело да биде погребено во Ерусалим, во Гетсиманската Градина, таму каде што била гробницата на Нејзините родители, светите праведни Јоаким и Ана и стариот праведен Јосиф.
Започнал највеличествениот, најсвечениот погреб, во поворка со многу христијани. Се слушало ангелското пеење. Апостолите го носеле на рамења одарот на Пресвета Богородица. А најнапред одел Св. Јован Богослов кој ја носел светлата рајска гранка. Но, еврејските првосвештеници и книжници од завист испратиле војници да ја спречат поворката и наредиле „телото на Марија да го изгорат", а апостолите да ги претепаат. Но, Бог ги поразил со слепило злобните гонители, а на еврејскиот свештеник Антониј, кој се обидел да го сврти сандакот, невидлив ангел му ги отсекол рацете.
Таа, како и Христос, доживеала телесна смрт, но во третиот ден по погребувањето била воскресната од Синот и Својот Бог, и со телото земена на небото. Се вознела на небото.
Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се високо воздигнати во благословеноста на сепобедливиот Христос, и дека токму ова воздигнување е постигнато во Богородица Марија. Овој празник е знак, сигурност и славење на исполнувањето на сите оние животи, чии души Го слават Бога, целосно посветени на слушање и одржување на Божјото Слово кое е дадено на луѓето преку Богодетето на Марија, преку Спасителот на светот.
Постои традиција на благословување на цветовите во православните храмови на овој празник.

znam deka denes imenden slavat site shto se vikaat Marija ...no neznam drugi iminja shto slavat denes imenden ...ajde nekoj ako znae neka kaze da naucham ...
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
denes e golemiot hristijanski praznik sv.Arhangel Mihail ..neka im e chestit praznikot na site koi go slavat ...istotaka im go chestitam i imendenot na onie koi go slavat ...za mnogu godini ...
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
[size=30]Собор на Свети Архангел Михаил, 21 ноември[/size]
Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на Свети архангел Михаил. Празник на војводата на сите ангели. Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Рајна, Ратка...Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на Свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на Свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.
Пред да го создаде материјалниот свет, земјата, небото, ѕвездите, човекот ,Господ го создал духовниот свет - ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи, а за подобро да бидат сфатени и за да се создаде претстава за нив на фреските и иконите се претставени во човечка форма.
Тие се Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крилја. Тие се поим за младост и безгрижност поради што се претставени како деца бидејќи староста, обелувањето на косата и брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања. Тие се насликани во бела облека што симболизира душевна чистина и невиност. Единствено архангел Михаил е претставен во војводска облека. Зошто Архангел Михаил е насликан како војвода?
Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од Бога и почнале да прават зло дела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден меѓу нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, се одметнал од Бога, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство. Свети Архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете.
Кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши ги собрал Архангел Михаил сите ангели и како знак на верност кон Бога почнал заедно со нив да ја слави Света Тројца. Во спомен на овој собир црквата го востановила празникот Собор на свети Архангел Михаил што се празнува на 21 ноември. Со овој празник им се оддава признание на сите ангели кои ги има безброј. Зашто токму на овој ден се празнува денот на ангелите? Според некои истражувачи месецот ноември е одбран поради тоа што во поранешното сметање на времето, кога годината започнувала од март ноември бил деветти месец, а девет се чиновите ангелски. Денот осми (според стариот календар) е одбран поради тоа што на осмиот ден од страшниот суд ќе дојде Исус да им суди на живите и мртвите.
Како што беше споменато се верува дека има многу ангели. Тие претставуваат цела небеска војска раководена од Господ Саваот (а Саваот значи господар или командант над војската). Тие се поделени во девет чинови, групирани по три степени, со по три чина. Во првиот степен влегуваат шестокрилите серафими, многуоките херувими и престолите, во вториот спаѓаат господствата, силите и властите и во третиот началниците, арангелите и ангелите. На некои им се знаат и имињата како на пр. Гаврил, Рафаил, Урило, Салатиј, Егудило, Вархило.
Заедно со Архангел Михаил најпознат меѓу ангелите е Архангел Гаврил. Како Божји гласник тој има пренесено неколку важни вести. Ги соопштил зачнувањата на Богородица, Исус Христос и Свети Јован Крстител. Неговиот празник познат како Собор на Св. Архангел Гаврил се празнува следниот ден по Благовештение, денот кога на Богородица и ја пренел веста дека ќе го роди Спасителот. На Богородица и се јавил и пред смртта кога и соопштил дека е дојдено времето да оди кај својот син и и предал маслинова гранка за да ја носат пред одарот за време на нејзиниот погреб.
За сите јавувања на Архангелот Гаврил востановен е и празникот што се празнува во месец јули исто така наречен Собор на Св. Архангел Гаврил 26 јули.
Во народното верување Архангел Михаил е претставен како со меч им ги зема душите на луѓето, поради што во некои места е наречен „Арангел душевадник”. Уште еден ден од православниот календар е поврзан со името на Архангел Михаил. На 19 септември се празнува „Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил“ во спомен на чудото во Хон, место во Фригија, кога Свети Арангел Михаил ја спасил црквата од уривање од неверниците, кога водата што требало да ја потопи ја свртел во друга насока.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
denes e badnik spored gregorijanskiot kalendar ...zatoa ke im posakam ubava praznichna vecher na site hristijani koi go slavat badnik denes i sekako bozik utre .....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
Дел од христијаните го слават Бадник, утре Божик
Дел од христијаните кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос. На 24 декември, во пресрет на рождеството христово, се почитуваат строгите пости. Верниците, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите почнува свечената рождествена литургија.

Прочка
Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.
Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.
Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.
Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.

Прочка во Македонија
Скопје
Во минатото во Скопје често на денот на празникот Прочка се практикувало фотографирање во ателје. Скопските обичаи од кои дел имаале христијанска основа, а дел од нив биле поврзани со паганските верувања, најчесто биле исти како и сите останати од Македонија. По фотографирањето, пресоблечените возрасни и деца оделе на плоштадот во градот и на главните улици Краљ Петар (денешна Македонија) и улицата Војвода Путник (кејот на реката Вардар) каде што изгледало како на пазар на разнобојни костими и тоалети[1]. Празничната атмосфера се надополнувала со фрлање конфети, улични музичари со народни инструменти, игри и песна. По Втората светска војна празникот во редуцирана форма се прославувал само во круговите на семејствата според сопствената иницијатива и убедување, а од 60-тите години до денес почнува селективно навраќање на стариот начин на прославување со собирање на плоштадот и на Скопското Кале

Велес
Во Велес традиционално на Прочка се маскираат децата (во минатото и возрастните) и пеат во групи. Се нарекуваат прочкари и ја пеат песната „Оптири лајлам, тра ла лала лајлам“. Тие влегуваат во домовите на велешани за да го најават скорешното доаѓање на пролетта. Маскирани се во дедо, баба, зет, невеста или доктор. Штом ќе ја отпеат песната, ја боцкаат бабата а таа паѓа и лекарот ја кажува дијагнозата според која бабата е болна од шекерна болест и за неа лекот е баклава, а наградата за лекарот се парите. Тие се награда од домаќините за посетата на прочкарите. Така е до пладне кога започнува времето за ручек на кои бабата и дедото веќе ги поканиле ќерката и зетот. Од приквечер граѓаните се раздвижуваат низ улиците во градот и почнуваат визитарските посети во домовите на родителите, постарите членови на семејствата и кумовите. Помладите со лимон и портокал во раце, од постарите барат прошка велејќи: „Простете ми ако нешто сум згрешил-а“ на што постарите ќе одговарат: „Простено ви е и од нас и од Господа“.

Струмица
Струмица има една од најдолгите традиции кои се изведуваат за време на Прочка. Најпознат е струмичкиот карневал. До 1960 година карневалот се изведувал исклучиво во неговата првобитна функција, односно се изведувал во домот на армасаната (свршената) девојка како дел од обредот на иницијација на идната невеста. Но, од 1960 год. тој почнува да се одржува помасовно и поорганизирано на плоштадот во Струмица и тоа во ноќните часови. На карневалот почнале да учествуваат како поединци, така и организирани групи граѓани од Струмица од сите возрасти, но и граѓани од други градови од Македонија. Од 1990 година, Струмичкиот карневал почнува да се шири и да добива помасовен карактер со учество на карневалски групи и од други балкански земји, со што прераснува во „најатрактивна и најорганизирана традиционална манифестација, не само во Македонија, туку и на Балканот и пошироко“ Во 1994 год. Струмичкиот карневал, т.е. градот Струмица станува член на FECC, Федерацијата на европските карневалски градови и успешно се вклучува во светското семејство на најпознатите карневалски градови, прераснувајќи со тоа во меѓународна традиционална манифестација.[3]

еве еден обичај кој се изведува за празникот Прочка
Амкање
Амкањето бил обичај кој се одржувал вечерта на Поклади, кога потесното семејство се собирало дома. Обичајот се спроведувал така што варено нелупено јајце се врзувало на конопен конец и се обесувало на стапче или на сукало. Потоа, децата седнувале крај трпезата или клечеле на колена, а некој од возрасните го нишал јајцето, доближувајќи го кон устата на секое дете, кое викало "ам, ам" и се обидувало со устата да го фати јајцето. Потоа, јајцето се кршело и највозрасниот член на семејството ја вадел варената жолчка и во половините од белката турал малку вода од која сите учесници во амкањето пиеле по некоја капка. Потоа, конецот го палеле за да видат каква ќе биде иднината на семејството: ако конецот горел силно, тоа значело дека годината ќе биде здрава и среќна. На крајот, сите деца меѓусебно се проштевале, а потоа барале прошка од родителите.[

карневалски маски од 1933 година во Струмица
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
Денеска е Лазарева Сабота, народни верувања за овој ден
Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина…
Од повеќе причини празниците Лазарево воскресение, односно Лазарева сабота и Влегувањето на Исус во Ерусалим односно Цветници се празнуваат заедно односно тесно се поврзани меѓу себе и тешко е да се толкуваат одделно. Тие претставуваат посебни Господови празници но и во народното празнување и во црковното толкување се третираат заедно.
Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица и се празнува во спомен на Лазаревото воскресение.
Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуваат напредок на семејството, здравје и среќен живот на поединецот. Особено со многу лирски чувства се исполнети песните за малите деца како што е и оваа песна од зборникот на браќата Миладиновци:
Малечкоо убоо, о Лазаре! На диван ми седеше,
со јаболко играше; мајка ле му викаше:
-Малечкоо убоо! Доста седе на диван,
доста играш с јаболко, дан’те царот догледат,
дан’ти царство поклонит! Уште речта не рече,
ми го царот догледа и му царство поклони.
Во зборникот на браќата Миладиновци покрај повеќето лазарски песни среќаваме податок и за изведувањето на овој обичај во Струга, во половината на минатиот век. „Рано децата ходат по куќи со шарени стапчиња. Тој ден, а повике в недељата, в Цветници се собираат девојките по махали и направјет една од них невеста. Кого ке сретат на п’т обколисват и пејет секому по возраста му т.е. ако је неженет друга песна, ако је женат друга; ако је жена или девојка друга. Тој дават пари на невестата која му целива р’ка. Со тие пари накупвет нужните јела и се гоштевает и попраштает Лазара со ора и песни“.
Кузман Шапкарев, пак, запишал дека на овој ден „младите моми на возраст од 12-13 години, се собираат во дружина од по 5-6 девојчиња и по едно момче, одат од куќа во куќа и заедно пеат лазарски песни соодветни со состојбите и условите во секоја куќа. Штотуку влезат во собата лазарките се наредуваат исправени во полукруг или на отворен лак, обрнати со лицето кон огништето или кон домаќините и под раководство и иницијатива на танчерката испеваат една или две песни соодветни на условите во куќата. Кога ги пеат се полулуваат напред и назад со телата. По испевањето бакнуваат рака на домаќините и домаќинките кои ги даруваат со по неколку пари или јајца. Парите ги собира танчарката, а јајцата раководителот на лазарките т.е. момчето со кошничката, кое нарочно го носи со себе. Ова последново и не пее“.
Во Гевгелиско лазарките пееле во групи по четири девојки, тие што на Тодорица во црквата се заколнале дека заедно ќе учат лазарски песни и „ќе пеат Лазар“. Се собирале во една куќа и на тргнување ја запевале песната:
Еј Лазаре, Лазаре,
море младо војниче!
Чиј са вија дворуве,
с бел босиљук митени,
с црвен стратор ринани?
Низ цела Македонија одејќи по куќите лазарките пееле песни за сите членови од семејството започнувајќи од најстариот. Нему му се пеело за синовите, снаите, внуците, за богатство и убави абери. На машките деца им се пеело за учење во манастир: „он го пратил за три години/ од се научил за три месеци“, на девојчињата им се пеело да се омажат за царевиот син, на ергените за грабење девојка, за женидба и убав живот. На девојка за мажење и се нагласувала нејзината работливост, се пеело за нејзините дарови, за свекорот и свекрвата, за деверите, золвите и јатрвите. Особено топли чувства се испеани во песните за невестите без деца. На мајките со мали деца, пак, им се пее за децата и тие се споредуваат со Сонцето:
Угреале две сонца, е Лазаре,
у мајкини пазу’и, е Лазаре, у таткои скутои, е Лазаре. Не ми беа две сонца, е Лазаре, тук ми беа два сина, е Лазаре, мајка им и галеше, е Лазаре.
Лазарките секаде биле пречекувани со задоволство. Не пееле само во куќите во коишто имало скоро умрен. Во таа смисла Миленко С. Филиповиќ забележал дека во Скопско „не се дозволува да играт лазарки, ни мајмун, ни мечка пред куќата во која некој умрел.“
Евтим Спространов забележал дека во Охрид Лазара се празнувало Цветници, а во Струга во саботата. На Цветници пак, како и на Благовец раздавале цвеќиња, особено зеленика и дафино, кои се чувале пред иконата како свети нешата.
Во петроградското списание „Живаја старина“ во 1889 година објавени се повеќе обичаи и песни од Галичник запишани од Панајот Ѓиноски меѓу кои и такви што се изведувале на Цветници. „Цветници ја наречуваме Цветоносна недела, т.е. неделата што е пред Велигден. Утрината рано помладите невести ќе се променат во нова промена до тога необлечена, ќе си клает нов сокај и преврзок на глава или на чело и дарпна врзана и заедно со сфекрвите си, ќа си поет в цркоф на причесна. Напред требит да се причестит дете 3-5 годишно, пак по него невестата. Ако немат свое дете куќно ќе земет од некоја роднина, а без дете не се причестуват невестата, така гледает. В црков раздавает цвеќа (над кое пејана молитва) на сите, зато се таја недеља наречуват цветна.“
И во Скопско на Цветници се одело во црква од каде секој земал китка цвеќе, ја ставал во појас и ја носел цел ден. Во селата на Скопска Црна Гора тој ден се раздавал здравец, а по службата во црквата жените служеле баница, погача, ракија и слично.
Во гостиварското село Вруток на празникот Цветници се одело на цвеќе. „Напред по цвеќе одевме на Цветници во местото што се викат Бука. Таму беревме каќунки, петопрс, здравец и други цветќа. После се враќавме назад и се допиравме ке чешмата на Ласко-Равен. Туе ќе си ручавме посно јадење: риба, маслинки и друго. Нестите и дејките ќе го китеа зравецот и другото цвеќе. После ќе пеевме, оро ќе тргаа нестите и ќе си пеа, а мие машките-ергените и младоженците гледавме како играат. И мие машките игравме само ко имаше т’пан.“
Во Струга Лазара се славело три дена и тоа: петокот, кога се навестувал празникот, саботата – „Дај ми пара Лазаре“ и неделата – Цветници или „Вијур, вијур Гајдано.“ Празникот се најавувал на тој начин што во петокот малите деца до седум-осум години, носејќи шарени стапчиња (со три бои) оделе кај роднините. Во саботата на Лазарева сабота, девојките во групи од три до пет во групата, облечени во народна носија како невести и со венчиња на главата излегувале на улица на минувачите им го попречувале патот и им пееле соодветни песни. Неделата пред Велигден освен Цветници се вика и „Вијур, вијур Гајдано“. Тогаш машки деца на возраст од околу десетина години облечени во стара облека, маскирани, со кожи префрлени преку нив, со ѕвонци и други реквизити одат во посета на куќите. Притоа групата поред секоја куќа пеела:
Вијур, вијур Гајтано, кој те тебе развива,
на вечерина на вода. Гајтанот ти ѕунеше,
како на маска опашка. Леле леле Лазаре,
кога дојде помина, со устата пеевме,
со чевлите тропавме, со раце се држевме,
Да е жив стопанот, да е жива стопанката.
Потоа се благословувало со овие благослови: За (име на машко) една невеста. За (име на девојка) еден зет. Амин. За многу години, здрави и живи, порадосни и повесели. Момчињата од групата носеле, торби, дисаѓи или кошници во кои ги собирале даровите. Потоа си ги делеле. Ова се сметало за специфичен струшки маскенбал.
Интересен обичај што се изведувал на овој ден е обичајот Кошкање на децата. Во минатото на овој обичај му се посветувало големо внимание. Ги кошкале сите деца што биле родени меѓу двете Лазареви саботи, што значи деца до една година. Ги кошкале дури и децата што имале по неколку дена. За овој обичај секоја мајка месела погача наутлија. Откако ќе ги испееле сите лазарски песни лазарките застанувале во збиен круг, мајката им го давала бебето, тие го прифаќале и со кревање горе-долу неколку пати си го подавале една на друга, го кошкале така до три пати и за тоа време пееле:
Имаш мајка, имаш татко, гајтане мој, гајтане мој,
од капата една пара, гајтане мој, гајтане мој.
Ем с’с мајка, ем с’с татко гајтане мој, гајтане мој.
Откако ќе ја испееле песната три пати, едно од девојчињата „со мајка и со татко“ (што значи да не е сираче) застанувало насреде во кругот, а една постара жена обично свекрвата ја земала погачата, ја раскршувала над главата на детето и едната половина им ја давала на лазарките, а другата половина ја земала мајката и ја раздавала на роднини и пријатели за здравје на детето.
Колку и да се врзани со настаните со Христово влегување во Ерусалим обичаите и песните поврзани со празниците Лазарева сабота и Цветници се поврзани и со пролетта, со појавата на цвеќето, а посебно лазарските песни содржат пред сè семејни мотиви желби за напредок на поединецот и семејството.
Тропар
Лaзарева Сабота
(Свети Лазар)
Христе Боже, за да не увериш во општото воскресение, пред Твоите страдања, го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, носејќи како децата знаци на победата Ти викаме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што иде во името Господово!
Шијат, шијат терзии, е Лазаре,
на високи дивани, е Лазаре,
игли им се кршеа, е Лазаре,
во море и фрлаа, е Лазаре,
мостои се праеја, е Лазаре,
да минат лазарките, е Лазаре,
шчо сет морни, уморни, е Лазаре,
везден дена шетале, е Лазаре,
везден оро играле, е Лазаре,
играло се Лазаре, пејало се,
дур до века Лазаре до амина.
http://grid.mk/read/news/512349690/11364579/deneska-e-lazareva-sabota-narodni-veruvanja-za-ovoj-den

deneska e Veligden ...Hristos voskrese - navistina voskrese ....za mnogu godini da ni e praznikot ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
pokraj chestitkata eve gi i veligdenskite jajca
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Re: Praznici
Празник на обновувањето на природата и на животот воопшто
Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре,
Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.
Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.
- Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе, да кој ти рече да дојдеш?
- Мене ми рече Велигден! Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе,
брго по мене да дојдеш, по тебе шума и трева,
по трева идат ќејаи, по ќејаи идат овчари.
Според едни извори свети Георгиј Победоносец е роден во Кападокија, во Мала Азија, според други во градот Бејрут, а според трети во Лида Палестинска, околу 270 година. Неговите родители биле богати, но чесни и побожни. Рано останал без татко, по што мајка му заедно со него се преселила во Палестина од каде што потекнувала и каде што поседувала голем имот. Таму го минал детството посетувајќи ги местата каде што Исус го проповедал своето учење. Тука се стекнал и со образование. Бил висок, убав и храбар поради што добил висока служба во војската. Уште на 20 годишна возраст добил висок чин – воен трибун, а подоцна императорот Диоклецијан го поставил за член на државниот совет, што, исто така, значело големо признание. Но тогаш императорот не знаел каква религија исповедува младиот воен старешина. По смртта на мајка му тој станал наследник на големиот имот, но набргу ги ослободил робовите, а имотот го разделил на сиромасите. Со тоа како да се подготвувал за јавно проповедање на својата вера.
Кога Диоклецијан започнал жесток прогон на христијаните, Георгиј му се спротивставил, ги зел во заштита неправедно прогонетите и самиот признал дека верува во Господ Исус Христос. Тоа многу го изнедило и го разочарало императорот кој бесен на својот војник наредил веднаш да биде затворен и подложен на најсурови мачења, со единствена цел да се откаже од својата вера и да му се врати на идолопоклонството. Но св. Георгиј не би бил Победоносец ако не бил толку истраен во свото убедување. Легендата вели дека ноќта пред да оди кај царот му се јавил Исус, на главата му ставил победнички венец и го охрабрил да издржи во своето верување ветувајќи му дека наскоро ќе го земе кај себе.
Кога св. Георгиј на императорот му рекол дека не е само негов туку и Исусов војник бил подложен на најсурови мачења. Најпрвин бил положен на грб, нозете му биле ставени во клада, а врз него бил турнат голем камен. Кога тоа не го поколебало, го ставиле врз тркало под кое имало штици со шајки кои му го парале телото. Кога и тоа не повлијаело го тепале со воловски жили, го ставиле во дупка полна со негасена вар и турале вода, му облекле усвитена облека, три дена го држеле закопан во земјата само со главата над земја. Најпосле му дале да испие отров, а кога и тој не дејствувал му ја отсекле главата. Гледајќи ги овие страдања на св. Георгиј особено брзото исцелување на раните и отпорноста на отровот, жената на Диоклецијан, Александра јавно изјавила дека го прифаќа христијанството, поради што била осудена на смрт. Одејќи кон губилиштето таа му се помолила на Господа и веднаш му ја предала својата душа.
Свети Георгиј е погубен на 6 мај (23 април, с.с.) според некои извори 303 година и секоја година на овој датум Светата црква го празнува споменот на својот Великомаченик. На иконите, св. Георгиј е претставен како војвода, како на коњ ја убива ламјата којашто се наоѓа под копитата на коњот. И во легендите се раскажува, а и во песните се пее дека светецот навистина ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Преку убиството на ламјата симболично е прикажан придонесот на светецот во борбата и победата над негативните демони. На иконите во заднина се гледа женски лик што ја претставува царицата Александра, којашто, исто така, свесно се жртвувала, исповедувајќи ја истата вера како и светецот Георгиј Победоносец.
На Ѓурѓовден се изведуваат многу и најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник ги нема толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има цел да осигура напредок и плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето. Овој празник има многу сличности со други празници кај разни народи во разни периоди од развојот на човештвото воопшто. Така на пр. има многу сличности со римскиот празник Палилија (21 април) кога Римјаните ги кителе стоката и шталите со зелени гранки, а овчарите на богот Палес му принесувале жртви за тој да ги заштити и луѓето и стоката од разни несреќи и да обезбеди напредок. Празници, според обичаите, слични на Ѓурѓовден можат да се сретнат и кај некои други народи. Така на пр. Литванците во 16 век на 23 април му принесувале жртви на богот на пролетта, растенијата и зеленилото.
Кај нашиот народ со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн. Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред сè, полски работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, на разлистувањето на овошките на раззеленувањето на гората и на обновувањето на вегетацијата воопшто, бидејќи тоа значи и негова егзистенција. Меѓу повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно значајно место заземаат оние т.н. билјарски обичаи и песни што се изведуваат при берењето на билките, вечерта спроти празникот и на самиот ден рано наутро. Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките. На билје се оди во блиските шуми каде што можат да се најдат разлистани некои билки за кои се верува дека поседуваат магиска моќ, како што се кукурекот, здравецот, вратиката, среќата, но и некои други растенија како леската, дренот и сл. Таму, во групи, девојки, млади невести или постари жени, ги изведуваат билјарските обичаи и ги пеат билјарските песни, како што се пее во една песна од зборникот на Васил Икономов:
Кинисале ми, кинисале ми, двесте девојки,
Двесте девојки, двесте девојки, триста невести,
Да ми одат, да ми одат на билје брање.
Двесте девојки, двесте девојки, билје копаје,
Триста невести, триста невести, цвеќе береје,
Цвеќе береје, цвеќе береје, венци виеје,
Венци виеје, венци виеје, на мошки деца.
Вечерта спроти Ѓурѓовден се запотнува со гранки од леска и со кукурек. Според верувањето потката треба да ги чува објектите и предметите од разни опасности, болести и други несреќи, а нивите заедно со бериќетот од секаква штета, од пороен дожд, од штетни животни, инсекти, болести и сл. Со леска се запотнуваат нивите, леите, куќите плевните и други поголеми објекти. Леската, според народното верување, е сигурен заштитник особено од град и гром. Во леска гром не удира бидејќи Господ ја благословил, а удира само во дрво под кое седи ѓаволот. И кукурекот во народното верување има значајно место. Со кукурек се запотнува по вратите од куќите и плевните, потоа се става на креветите, ковчезите, амбарите, стомните, на бутинот, на каците, на бочвите, на плугот, јаремот, на колата итн. Вечерта спроти празникот кога билјарките одат на билје, бараат еден машки кукурек – самак (на едно место да има само еден корен). Го врзуваат со црвен конец и го оставаат да стои преку ноќта. Утрото на Ѓурѓовден пак се оди на билје и тој кукурек со мотика се откопува од корен. Со тој корен преку годината се лекуваат разни болести кај стоката. Во нашите истражувања во Дебарца (Охридско) ни беше рчено дека тоа лекување со коренот од кукурекот се вика спрежување. Имено кога ќе се разболи некое говедо, му се засекува кожата на градите и во засекот му се става од коренот на кукурекот со верување дека тоа ќе помогне болеста да биде победена. Најчесто вака се лекувала болеста кај коњите наречена бутур.
И вечерта спроти празникот и утрото на самиот ден кога се берат билките се пеат песни познати како билјарски песни во кои се опева токму тој чин, берењето на билките, запотнувањето, крмењето на стоката и др.
Ајде на билје бела Билјано,
Билје да бериш, стадо да крмиш,
Стадо да крмиш, стадо братово,
Стадо братово од брат Јанкула...
Од разните билки утрото на Ѓурѓовден се крми стоката. Билките се дробат на ситни делови, им се додава еден полжав што утрото го донесле билјарките, и тој издробен на ситни делови, се додаваат трици и сол и со таа крма се крми стоката со верување дека ќе биде поотпорна на болести во текот на целата наредна година.
И вапцувањето јајца со црвена боја има значајно место во ѓурѓовденските празнувања, исто како и во велигденските. Од Велигден до Спасовден (а во тој период редовно се паѓа и Ѓурѓовден) луѓето се поздравуваат со „Христос воскресе“ и си отпоздравуваат со „Вистина воскресе“, и вапцуваат јајца со црвена боја. За Ѓурѓовден јајцата се вапцуваат вечерта спроти празникот и никој, освен домаќинката што ги вапцува, не смее да ги види до утрото. Утрото пак, кога децата ќе се разбудат со црвено јајце им се минува по лицето со зборовите „Црвено бело дебело“ за да бидат дебели и црвени во образите како јајцето (црвенилото симболизира здравје).
Посебно значаен обичај што е поврзан со Ѓурѓовден е лулањето или нишањето. На зелени, односно сурови дрва (слива, врба, муренка, јаболкница и др.) се обесуваат ортоми и на нив преку целиот ден се нишаат децата, но и повозрасните девојки и момчиња, дури и помладите невести. Секој што е на нишалката во рацете држи црвено јајце, а во некои краишта уште и некој сребрен предмет (најчесто прстен), коприва, трева огојка, лепаец и камен. Среброто симболизира трајност, (долговечност), огојката – гоење, каменот цврстина, лепаецот се носи за да се лепат по девојките момчиња и по момчињата девојки, а и копривата во народните верувања поседува магиска моќ. При лулањето се пеат песни соодветни на возраста и положбата на оној што е на нишалката. Така, друга песна се пее на мало дете, друга на девојка или на момче, поинаква на невеста итн.
Самиот чин на нишањето е опеан во повеќе песни како што е оваа:
Од гранка в гранка, ај Ѓурѓе ле, јунаку в рака.
Викум вукаше фидан Јован, Ѓурѓе ле:
- Кротко фрлајте, ај Ѓурѓе ле, моето моме!
Да не ми падни, ај Ѓурѓе ле, да се отепа.
Јаже јажливо, ај Ѓурѓе ле, дрво црвливо
дрво шупливо, ај Ѓурѓе ле, место камливо.
- Чекај ја чекај, фидан Јован,
у десна рака, у десна рака фидан Јован, у лева пола.
Со Ѓурѓовден се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр., на тој ден рано во зори се пука од пушка за да се избркаат болвите, луѓето се мерат на кантар поставен на некоја гранка од зелено дрво, девојките си ги намачкуваат косите со јајце за да им бидат полни и густи како јајцето и гатаат за да го дознаат идниот брачен другар. Се изведуваат и обичаи за заштита на стоката особено од преземање на млекото зашто се верува дека на овој ден со магии можело млекото од една млечна крава да се пренесе на помалку млечна или дури и на жена доилка.
Во верувањата поврзани со Ѓурѓовден важно место има легендата според која свети Георгиј ја убил ламјата. Оваа легенда што нашла место на фреските и иконите во повеќе цркви во Македонија е раскажана е во преданија и е опеана во некои песни:
Кинисал ми свети Ѓорѓија, кинисал ми на ден Ѓурѓовден,
кинисал ми на потка да одит, да запотнит нивје и ливаѓе.
Кога беше сред поле широко, ги сусрете она суро ламја,
тој е извај него остра сабја, е пресеже она сура ламја.
Потекоа три силни порои, први порој се бела пченица,
Други порој она рујно вино, трети порој се руди јагниња.
Во Струга, на празникот Ѓурѓовден бил изведуван интересен обичај наречен ордија. Терминот ордија се однесувал на обичаите што се изведувале двата дена на 6 мај кога се правеле литии, и следниот ден, кога имало трпеза на љубовта. Имено на Ѓурѓовден по свечената литургија стружани, заедно со црковнослужителите, ги земале црковните реликвии и минувале низ чаршијата и другите улици и доаѓале на Црн Дрим. Тука се светела водата на реката во која имало ставени разни земјоделски предмети како што се: слама, јажици и др. потоа сите земале од водата и дома прскале низ куќата за дар и бериќет или се миеле за здравје.
Еден период кога црковните активности биле забранети овој обред се изведувал во кругот на црквата. Дури во 2010 година обредот бил обновен со нова содржина. Имено со благослов на надлежниот митрополит г. Тимотеј, монашкото сестринство од манастирот „Св. Ѓорѓи“ од с. Рајчица (Дебарско) и монашкото братство на манастирот „Св. Јован Бигорски“ под раководство на игуменот Партениј ги носеле светите мошти на Св. Ѓорѓија.
Се верува дека Ѓурѓовден е најпогодно време за изведување на магиски дејствија. Од веќе заборавените магиски активности поврзани со овој повпечатливи биле преземањето на млекото од туѓата стока (овци, крави и сл.), како и симнувањето на Месечината. Се верувало дека преземањето на млекото можело да се направи само спроти Ѓурѓовден. Но тоа не можела да го направи секоја жена туку само жена што прајасала (престанала да раѓа). Ова магиско дејствие се правело точно на полноќ (глуво доба) и требало да се изврши во најголема тајност, зашто ако некој ја видел жената што тоа го правела магијата не дејствувала. Тогаш жената се соблекувала сосема гола (како од мајка родена) јавнувала едно кросно и одела на средселото. Тука три пати ја обиколувала чешмата водејќи сметка да не стапне во водата. Потоа се упатувала во дворот, шталата или трлото каде што се наоѓала стоката чие млеко сакала да го преземе. Пред да влезе во објектот три пати го обиколувала, растурала пепел од грнето што го носела со себе, и потоа влегувала кај стоката. Тука од грнето вадела пепел и истурала по еден грст на колците на кои била врзана стоката. Потоа молзела по малку млеко од секоја крава и пред да излезе од шталата, се испоганува на самиот нејзин влез. Притоа велела: „На мене млеко и масло, на тебе г....!“ – Потоа се враќала во својот дом по истиот пат по кој одела. Пепелот што го тура на колците го прави за тука сè да се запусти, а кај неа сè да се подмлади.
Народот верувал дека ако некој го украде млекото од стоката (овци, кози, крави) тие нема да имаат воопшто млеко, и тоа што ќе го имаат ќе смрди. Ова верување до скоро беше дел од нашата народна кутура. По селата многу се раскажуваше за стада каде што овците се слаби наранети, а јагнињата се големи и нахранети. Тоа се сматаше за последица од пренесување на млекото од едно стадо на друго.
Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско пишува дека оваа жена што презема туѓо млеко пред да тргне да ја изведува магијата, најпрвин ја симнува Месечината на земјата, а дури потоа ја прави магијата во врска со млекото. Симнувањето на Месечината исто така се правело на полноќ. Жената магесница излегувала незабележано, се соблекувала гола, го јавнувала кросното, одела зад куќата и тука застанувала на главата и потпирајќи се на рацете три пати се свртувала во круг. Потоа на местото каде што и била главата се испоганувала (вршела нужда). Потоа пак го јавнувала кросното, завртувала три пати околу изметот и каснувајќи од него се свртувала кон месечината и велела: „Јас сум теле, ти си крава!“ Кога тоа ќе го речела три пати пак се свртувала околу изметот повторно ќе каснела од него и пак ќе ги речела истите зборови: „Јас сум теле ти си крава!“ Кога тоа ќе го речела и по трет пат и кога сè ќе направела, месечината голема како гумно, се спуштала и застанувала до неа. Месечината полека се претворала во крава и почнувала да рика токму како крава. Потоа ја допирала месечината и станувала невидлива. Откако тоа ќе го направела повторно завртувала околу изметот, каснувала од него и и велела на месечината: „Јас сум жена, а ти си месечина, јас сум доле а ти си горе“. Кога ова три пати ќе го речела месечината од мака ќе рикнела, и ќе се кренела нагоре, а жената гола качена на кросното ќе си го продолжела патот таму каде што тргнала.
Тановиќ уште запишал дека народот за најголем грев го сметал симнувањето на Месечината. Кога ова му го раскажувала некоја баба околу петнаесет пати рекла: „Ристос да е тука!“ „Ристос да е меѓу нас... Не се овие работи за кажување“... Ако човек разберел дека се симнува месечината требало да се крие, да не излегува од дома. И ако имало запалена ламба требало да се изгасне зашто во тие моменти можело човекот да настрада, да му се земе паметот, рака или нога.
Многубројните и разновидни обичаи што се изведуваат на Ѓурѓовден, како што се оние со билките, песните што го опеваат разбудувањето на природата, радоста поради враќањето на животот по зимскиот пасивен период и сл. упатуваат на сознанието дека Ѓурѓовден е сточарски и земјоделски празник, а свети Георгиј е небесен клучар кој ги контролира небесните и земните природни појави што влијаат да биде богат бериќетот. Во песните свети Ѓорѓија е воспеан како небесен клучар кој како што се пее во една белоруска песна, ја отвора земјата, ја пушта росата за да биде топло летото и бујно житото. Но и обичаите со крмењето на стоката, со првото пуштање на добитокот на пасење, со жртвеното јагне и сл. упатуваат на тоа Ѓурѓовден да го сметаме за сточарски празник. Како и да е очигледно е дека се работи за голем празник во кој следиме повеќе слоеви на паганската и христијанската религија.
Освен празникот Ѓурѓовден што се празнува на 6 мај (23 април, с.с.) нашиот народ празнува уште два празника поврзани со овој светител и тие спаѓаат во зимскиот период кога се празнува со домашни служби (слави). На 16/3 ноември, на денот кога е обновен храмот на св. Георгиј во Лида, се празнува празникот познат како Ѓурѓиц, а на 9 декември (26 ноември, с.с.) празникот познат како Св. Ѓорѓи – Посен.
Тропар
Свети великомаченик Георгиј Победоносец
Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.

chestit praznik i imenden na site shto slavat ....Ѓорѓија ,ѓоре,ѓоко,ѓорѓе(фикус )....ѓурѓа ,ѓурѓица и други
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16591
Join date : 2015-01-11
Страна 2 of 4 • 1, 2, 3, 4
Страна 2 of 4
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот