Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 40 of 42
Страна 40 of 42 • 1 ... 21 ... 39, 40, 41, 42
Re: Интервјуа и колумни
БРИКС е сојуз на држави. Први се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафричката Унија. За жал кога ЕУ продолжува со статистичкото изживување врз македонскиот народ што го започна НАТО. Денеска продолжува притисокот на претставници на ЕУ кои вршат притисок врз опозицијата да ги слуѓа нив наместо македонскиот народ и да продолжи со кастрирање на македонскиот народ. Не знам дали западниве се сметаат за богови или се обични кудаци кога еден од условите што и го поставуваат на Македонија е дека јас на пример треба да лажам дека татко ми и дедо ми биле Бугари, што е обична лага. Јас 40 години сум живеел со татко ми, од тоа 52 години во ист стан, па не може некој да ме за,ајува дека тој во 1916 година е роден како Бугарин. Порано мислев дека на запад владее демократија, сега веќе не. Демократско средство, доколку западниве лудаци нависрина мислат дека народот го сака ЕУ повеќе од себе е да бараат референдум или нови избори по кои би се одлучувало за накудничавите барања од Македонија што треба да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Бидејќи народот не сака Бугарија да ги диктира нашата историја, учебници и слично што го овозможуваат протоколите. За жал опозицијата нема друг начин освен блокада на промената на Уставот за да го спречи политичкото насилство на евроатлантската меѓународна банда. Македонија е мала зрмја, па мора да си обезбеди силни сојузници во таа борба. Едноставно е принудена на тоа. Една од можностите е таа што се предлага во колумната, сојузништво со Кина и Русија. За жал мали се шансите ЕУ да почне нормално да се оснесува кон Македонија по повеќегодишното водење на политика на виткање кичма.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
трендафил напиша:БРИКС е сојуз на држави. Први се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафричката Унија.
Тигарот од хартија наречен Руска Федерација бриши го. Ќе се распадне после поразот од Украина.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Интервјуа и колумни
Русија во Украина не се бори само против кршењето на правата на руското малцинство во оваа земја, туку против НАТО. Човечкиот потенцијал на Украина е во најголем дел домашен, кога се работи за војниците на фронтот, но оружјето и муницијата се од НАТО, организација која не и пружи поддршка на Македонија кога беше нападната од Косово во 2001 година. Но и покрај тоа Украина нема некој забележителен успех, освен поединечни терористички акти како нападот на мостот кон Крим во кој загинаа цивили. Реално да не беше идиотското садистичко изживување на евроатлантската ,еѓународна банда врз Македонија и Македонците, веројатно ќе бев неутрален во војната во Украина и ќе жалев за жртвите од двете страни, вклучувајќи ги тука и војниците од двете страни кои никогаш не би земале оружје во раце ако западот не го испровоцира тоа. За жал, мислам дека во моментов единствена шанса за опстанок на Македонците како народ е пад на евроатлантската меѓународна банда. Но треба да издржиме до тогаш. Под пад не мислам на воен пораз, туку на избор на влади во најсилните западни земји кои нема да уценуваат странски држави и народи да им бидат вазали. Ако на пример во Македонија, што присилно стана северна, мислат дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи патот на земјата кон ЕУ од лични причини, а не затоа што спроведува волја на народот, демократско решение се или референдум или нови избори на кои ќе одлуч волјата на народот. Не праќање на емисари што ќе вршат притисок врз политички партии, а можеби и врз пратеници поединечно како што се случи за Преспанскиот договор. Ако партизаните размислувале како СДСМ и ДУИ, требало да им се придружат на германските фашисти, па место гугарска фашистичка окупација би имале домашна квислиншка влада. Но на злото и тогаш и сега треба да се спротивстави, а не да се придружо кон него. Како што нарпавиле балистите, на пример.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Ќе се најде ли јунак на Агелер да ѝ го каже она што Адем Демачи ѝ го кажал на Медлин Олбрајт во 1999 година?
Адем Демачи, херојот на Косово, несомнено заслужува една улица во Скопје да го носи неговото име.
За жал, истакнатиот косовски дисидент не заслужи тоа да се случи на ваков начин – со отфрлање на името на една од најважните македонски воени формации која во Втората светска војна се бореше против фашистичкиот окупатор, со што македонските власти уште еднаш, овој пат шверцерски, застанаа зад софиската агенда за поткопување на антифашистичкиот карактер на македонската народноослободителна борба.
Адем Демачи не заслужува неговото славно име да се злоупотребува во ваква дневно-политичка антимакедонска агенда. И бездруго не доликува неговото име да се слави со еден ваков великоалбански триумфализам, кој по својата суштина не се разликува од великосрпскиот хегемонизам на Слободан Милошевиќ.
Цели 28 години од својот живот Демачи помина во затвор, како жртва на Србија на Милошевиќ. Па сепак, во раните 1990-ти години, кога во јавните настапи зборуваше за Србите, човекот наречен „Балкански Мандела“ често ги користеше термините „нашите браќа, српскиот народ“ или „херојскиот српски народ“. Обвинуван дека не гледа што им прави Србија на Албанците од Косово и на другите во Југославија, Демачи одговораше дека добро знае за теророт што се врши врз Албанците, но објаснуваше дека српскиот народ е манипулиран од властите и дека цел народ не треба да се поистоветува со ниту една политичка класа на власт.
„За мене сите народи се добри. Нема лоши народи. Тие лоши работи што ни ги прават денес српските власти, тоа истото би можеле да му го направат и на сопствениот народ“, ќе рече тој визионерски во тие кризни години.
Кон крајот на таа деценија, Адем Демачи, иако секогаш се залагал за мирен отпор, веќе е на чело на политичкото крило на ОВК (УЧК).
Интересно е дека Демачи одбива да учествува на меѓународно спонзорираната Конференција во Рамбује во 1999 година, бидејќи во неа беше предвидена само автономија на Косово во рамките на Југославија предводена од Србите.
Добро се сеќавам, во тоа време западните лидери вршеа жесток притисок врз албанските прваци да прифатат автономија. Кажано со денешниот модерен речник што го користи американската амбасадорка Анџела Агелер, на пример, дипломатите ги убедуваа Косоварите дека е „лажна вест“ дека можат да испреговараат подобро решение за Косово и дека „секој иден предлог за нив ќе биде полош“.
Американската државна секретарка Медлин Олбрајт му телефонирала на Демачи и побарала од него да го убеди лидерот на ОВК, Хашим Тачи, да го потпише договорот од Рамбује. „Дајте му благослов на Тачи. Ако не му дадете, неуспехот на договорот ќе ве следи како сенка цело време кога обичните Албанци ќе продолжуват да бидат убивани“, го предупредила таа.
Медлин Олбрајт беше опасна и опака жена. Главно со Србите, ама не ги штедеше и Албанците…
Но, Демачи беше тврд орев. На Олбрајт ѝ одговорил: „Ние сме благодарни за вашите напори, но не сакаме да се брзаме. Ако треба да загинат 30.000 Албанци, нека загинат, но ние нема да го предадеме оружјето само врз основа на ветувања. Никогаш нема да се откажеме од нашиот сон да бидеме слободни“.
Олбрајт потоа изнела аргумент за кој Демачи сметал дека не држи вода: „Србија е силна и ве убива и ве уништува“. Демачи одговорил: „Ние не ја започнавме војната за да видиме дали можеме да ја добиеме; ја започнавме за да победиме. Нема да се повлечеме од војната за слобода“.
Епилогот од таа војна е познат. Косово денес е независна држава, призната и од Македонија, а преговорите меѓу Белград и Приштина сега се водат за тоа дали ќе постои автономна српска енклава на северот на некогашната југословенска покраина. Рамбује е заборавена епизода…
Адем Демачи почина во 2018 година, а последните години на својот политички активизам ги посвети на заштита на српското малцинство на Косово.
И покрај некои контроверзи поврзани со неговите ставови, Демачи е неспорен великан на албанската политика. Актуелните албански политичари во регионот се третокласници во споредба со него. Агендата на тие коишто се на власт во Македонија, пак, се сведува на релативизирање на малигната корупција и на отворена поддршка на бугарската негаторска политика кон Македонците За жал, во сивилото на таа кукавична безидејност се вклопи и Али Ахмети.
Единствен албански политичар кој по својот стил и храброст наликува на Демачи веројатно е косовскиот премиер Албин Курти. Можеби затоа и не сум изненаден што Курти одбил да се сретне со прваците на ДУИ и со претставниците на македонските власти.
А да можел од гроб да стане Демачи и од некаде да се појави, веројатно и на „своите“ и на „моите“ би им згрмел – што правите, бре фејкери, вие заедно ли ќе живеете, ќе се почитувате, или ќе сојузничите со софиските ајдамаци, а гаќите ќе ви се тресат од заканите на разноразни медлинки!
И јас се прашувам, дали имаме ние овде еден Демачи, што би ѝ одговорил на Агелер како што треба?
Што би рекол еден херој политичар за заканите дека ништо подобро не можеме да добиеме од она што го „испреговарале“ Таче и Маричиќ?
Што би рекол Демачи за спинот што ни го нацрта Бујар Османи на училишна табла, за потоа Софија најдиректно да го демантира? Се обложувам дека би го гаѓал Бујара со кредата во глава…
Би се исплашил ли Демачи од одбивањето на „преговарачката рамка што не може да биде подобра“ и од тој европски страшен ноември, после кој, ако не сме ги прифатиле уставните промени, Македонија ќе била одделена од Албанија и изолирана?
За жал, нема да го добиеме одговорот на овие прашања…
Ние немаме храбри луѓе во врвовите на политиката, немаме идеалисти и херои како Адем Демачи. Ни меѓу Македонците, а ни меѓу Албанците.
Ние сме заробеници на една група безрбетници, кои, кога ќе им ‘ржнат треторазредни дипломати, се жалат дека чувствуваат бодежи во стомаците. Потоа, пред да почне да дејствува абдоминалната перисталтика во насока на празнење на стресот преку дебелото црево, истите тие се грчат во позата на спасоносна опстипација и тргнуваат во грчевит напад против „руските ботови“ и против сите други непријатели на нивниот „европски фронт“. Тие лиглиња секој ден молат на сите страни да се појават дипломати кои ќе ги заплашуваат Македонците како што Медлин Олбрајт го плашела косовскиот дисидент и херој.
Тој напад личи на начинот на кој свраките го напаѓаат јастребот – се збиваат во јато, серат обилно и со изметот ги покриваат крилата на јастребот. Тој, кутриот, се обидува да си ги исчисти пердувите, но изметот се стврднува брзо и јастребот, ако не избега навреме од оваа напаст, ќе помине многу лошо. Нобеловката Токарчук го опишува овој феномен во својата најдобра книга…
Но, да се вратиме на темата.
Македонија нема орли и јастреби со величината и храброста на еден Демачи. Македонија има само глупави и свраки, чија сила е збрана во нивните нервозни анални отвори.
И попусто чекаме да се појави нашиот Адем Демачи.
ПС. Во колумната користев информации од обемна статија на Балкан инсајт од 2018 година.
https://plusinfo.mk/e-se-na-de-li-unak-na-ageler-da-go-kazhe-ona-shto-adem-demachi-go-kazhal-na-medlin-olbra-t-vo-1999-godina/

Француски предлог и бламажа на ЕУ
Од Ивица Челиковиќ
Глас за Европа. За посигурна македонска иднина, деблокирана преку „францускиот предлог“, кој беше проследен со контроверзна дебата, но наиде и на низа критики пошироко во Европа, со предупредување дека на национализмот и историскиот ревизионизам не би требало да имаат местото во ЕУ.
Софија не чекаше долго за да го изрази своето задоволство дека ЕУ преку предлогот на француското претседателство ги прифатила гледиштата на Бугарија за „нерешените прашања“ во однос на „минатото и заедничката историја“. Зошто Бугарија воопшто би протестирала и би се спротивставувала на овој предлог, кога ЕУ практично и овозможи отворен простор да продолжи да инсистира да се прифатат нејзините максималистички барања за ревизија на историјата, јазикот, образованието, и не помалку од внесување промени дури и во Уставот на Македонија.
Каде тоа француското претседателство виде можност дека некој, според еднострани гледишта и ставови, може да ја „коригира и исправи“ историјата, а со што би се постигнал договор за градење добрососедски односи? Некои европски познавачи на приликите на Балканот ги нарекоа француските заложби „катастрофа“.
Што се однесува до ставовите во Скопје, – како што забележа Шјел Магнусон, еден од најпознатите шведски истражувачи на балканските конфликти, – македонската Влада се изјасни позитивно, очигледно наговорена од ЕУ според принципот „сега или никогаш“, тврдејќи потоа дека македонскиот јазик практично е признаен, како и дека историјата и идентитетот не се дел од преговарачката рамка, а што, според Магнусон, „е во спротивност со текстовите во договорот“.
Непобитен факт е дека ЕУ никогаш порано не инсистирала прашањата поврзани со јазик, идентитет и историја да бидат дел од преговорите за членство, а поради потребата од градење „добрососедски односи“. Укажувајќи на апсурдноста на јазичниот спор што го наметнува Бугарија, шведскиот истражувач понудува интересна перспектива за соодветни споредби во поширок контекст, нагласувајќи дека бугарскиот и македонскиот јазик во добар дел се засновани на сосема различни дијалекти, така што доколку би зеле „српскиот јазик да одговара на шведскиот, тогаш македонскиот би бил норвешки, а бугарскиот дански“. Да се тврди денес дека македонскиот е бугарски дијалект е како да се тврди дека норвешкиот е всушност дански.
Бугарскиот фактор упорно продолжува со обидите да се наметне во иднината на македонската држава и нација. Но македонскиот национален идентитет сепак стигнал значајно да еволуира по 1944 година. Инаку, како што многумина во Европа веќе укажаа, слична логика би можела да се бара и пошироко во Европа и светот, вклучувајќи го и наведениот пример од Скандинавија.
Данската монархија долго време владеела со Норвешка, но никој не бара норвешкиот јазик да се прогласи за „севернодански дијалект“, без оглед што остатоци од данското културно и јазично влијание сè уште се присутни меѓу Норвежаните. И Шведската круна била суверен во Норвешка се до распадот на шведско-норвешката кралска унија во 1905 година, (што не е временски толку далеку од „коминтерновско-титовска“ 1944-та, на која се повикува Софија), но денес шведскиот и норвешкиот се два самостојни, соседни јазици во две самостојни држави. Што би се случило во ЕУ ако некоја од овие скандинавски држави настапи агресивно, барајќи ревизија на националните истории на своите соседи, а во интерес на сопствените државни интереси?
А што се однесува до „францускиот предлог“, веројатно не е соодветно да се нарече „диктат“, но што е тој ако не е „прикрпен“ предлог (набрзина преправен за само една недела по првата верзија), како израз на историски типично политичко-дипломатско лицемерие од позиција на моќна европска сила? Имало спорни прашања во преговорите за ЕУ-членство и меѓу други источноевропски земји, како, на пример, во крајно тензичните преговори меѓу Унгарија и Романија околу Трансилванија и унгарското малцинство, но ниту Франција, ниту, пак, некоја друга важна европска земја не барала тоа да влезе во нивната преговарачка рамка. Токму напротив, бил извршен притисок врз Унгарија и Романија тие прашања, колку и да биле чувствителни за националните интереси на двете земји, да бидат оставени настрана, додека траеле нивните преговори за зачленување во ЕУ.
Следствено на тоа, од каде сега толкаво интересирање на Париз, билатералните бугарско-македонски прашања поврзани со историја, јазик, национална посебност и самоопределување, да бидат вградени во преговарачката рамка? Секако дека тука тешко би можела да се бара некаква теорија на заговор, но дали нема ни бламажа на ЕУ околу идентитетските прашања, како и историско повторување на потценувачката политика со паричето за поткусурување за промашените и неостварени геополитички идеали?
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, зборуваше во македонското Собрание и им посака на Македонците и на македонскиот јазик добредојде во Европа, но не беше целосно искрена кога рече дека билатералните разговори за историјата не се услов за македонските преговори за членство. Не, не се за да започне процесот на преговарање, но се претпоставка за негов позитивен исход.
И по Франција Претседателството со ЕУ не ги смени своите позиции ни за милиметар. Шведска во изминатите децении важеше за еден од најзначајните приврзаници на процесот на ЕУ-проширувањето, но како претседавач во првата половина на годинава ниту со еден збор не го спомена проширувањето, ниту, пак, иницираше каква било дискусија околу можна ревизија на францускиот предлог, со отстранување на билатералните прашања за јазикот, историјата и идентитетот од преговарачката рамка, чиј фокус главно треба да бидат владеење на правото и судството, функционална демократија и економија, човечки права и права на малцинствата. Ниту од актуелното шпанско претседателство со ЕУ не доаѓаат поинакви сигнали.
Од Претседателството со ЕУ се очекува да го осигури континуитетот на ЕУ-агендата и да се заложи законодавните процеси и соработката меѓу земјите-членки да се одвиваат непречено. За да се постигне таа цел, Претседателството мора да дејствува како чесен и неутрален посредник. Во спротивно, од придонесот на Брисел во развојните процеси на ЕУ би можело да има помалку полза, а повеќе штета.
https://plusinfo.mk/francuski-predlog-i-blamazha-na-eu/

Јас сум Америка, Навахо од Македонија, не сум Европа
Од Александар Русјаков
Имав чуден сон. Во Македонија учениците имаат учебници. Неколку општини од ЕУ сами си го фатија патот кон Русија во потрага по бесплатен гас. Африка слави Кинеска нова година. Тексас стана членка на БРИКС. Јас на Хаваи. Меѓу два коктела ги убедувам Хавајците да излезат и да им кажат на своите политичари дека се против насилното членство на Хаваи во САД. Кога одеднаш, ете го тој дедото, почна да раскажува приказна за мачката што за малку ќе му изгорела. Колку некреативен пресврт за еден сон, си реков и се разбудив. Кафе, цигара, кафе, цигара… пак се разбудив, овој пат вистински. Фаќам мобилен и право на Фејсбук.
Па, дали сте вие нормални? Како можевте ова да ми го направите? А бе, вчера, колку само се израдував кога го видов оној клип со Александар Николовски каде што вели, ние (ВМРО-ДПМНЕ) сме антизападни и против евроинтеграции. Да имав шампањ ќе го отворев. Си реков, конечно вмроовциве станаа комплетно нормални, оти кој бре денес со два грама памет е прозападен и сака евроинтеграции? Мислам, како да си нормален и прозападен истовремено, по сиот оној геноцид врз Блискиот Исток? Како да си нормален и прозападен истовремено, ако знаеш дека откако лажеа за хемиско оружје во Ирак убија милион цивили, па уште онаа монструозна жена Медлин Олбрајт да ти каже дека тоа било за нивно добро? Ма кој нормален сака евроинтеграции, по триесетгодишна ЕУ-тортура врз нас, од Лисабонска декларација до денес, со намера да ни спроведат идентитетски геноцид?
И што гледам сега? Клипот со Николовски е фејк. Сечено, лепено и монтирано… познат нордистански ритуал за докажување дека интелектуалната бижутерија е… факинг бижутерија. Цареви сте да ми го расипете денот. Тамам, за првпат им поверував на прогресивниве фактчекери, кои можат и на вистината да ѝ докажат дека лаже. И сега, статива, вмроовците си остануваат прозападни, шест прста отворени за евроинтеграции.
Океј… ќе просурфам уште малку по фејс… о, Господе, што ми се случува со профилот? Каде се објавите на моите пријатели? Каде исчезнаа сите оние слики од поставени маси, селфија од убавите згодни дами, каде отидоа сите чудни коментари, корисни рецепти и лоши вицови? Мојата фејсбук-страница е окупирана од спонзорирани објави на цивили, фронтлајнери, рацини. Наместо украинска офанзива, зјапам во офанзива на мојот профил од американски ботови, беспилотни летала и камикаѕе-дронови, кои вообичаено, во моите очи извршуваат интелектуално самоубиство по првата прочитана реченица. Затоа и не одам таму… во нивната прва реченица и се задржувам само на насловите.
А едни наслови… По Содом и Гомор, Господ ќе фрли оган врз Нордистан ако нема уставни измени. Еволуцијата ќе тргне назад, од идни ЕУ-граѓани, ќе се вратиме на гранки за да си јадеме вошки, оти алката што недостига се уставните измени. Петтиот јавач на апокалипсата е Мицковски, а петтиот елемент не е Мила Јовович, туку Мило Јовев, нордистански Бугарин што мора да влезе во устав. Ако не се отвори устав, Адам и Ева ќе го напуштат Стариот завет и ќе фатат сами пат кон рајската градина на Борел. Амбасадорка облече креација на Скелетор, фустан со черепи, како симбол на некогашното ВМРО, за да им каже на сегашните вмроовци да заборават на коскеното минато и да се завртат кон мускулестата иднина каде што ги чека еврокомесарот Хи-мен до кој се стига само преку бугарскиот премиер Орков. Ескобар јава на булдожер и доаѓа во Нордистан за да ги натера вмроовците да шмркаат уставни измени.
И како сега да отидам подалеку од насловиве? И зошто да читам американски ботови кога можам да уживам во американски генијалци? Само што ми го донесоа од Белград романот „Виножито на гравитацијата“, еден од десетте најважни романи на американската книжевност, од генијалниот Томас Пинчон. Зошто да читам ботови, а не се ни Американци, за познавање на американскиот дух воопшто да не зборувам, кои сè нешто џавкаат за иднината, кога можам да се завртам кон минатото каде што ме чекаат Мелвил, Твен, Фокнер, Хемингвеј, Селинџер, Керуак, Буковски, Фанте и Карвер, кои пишувајќи за нивната сегашност што нас ни е минато, ја објасниле иднината. И на крајот на краиштата, зошто да читам ликови со спонзорирана љубов кон Америка, кога низ годиниве, сам се вљубив во американскиот дух летајќи на стиховите на Витман, Гинзберг, Ферлингети, Паунд и Сандберг преку Атлантикот.
Атлантик, да… Така се викаше операцијата на нордистанските тајни служби пред пар години, спроведена спрема сите нас што сме против наци-срањето од Преспа. Нè следеа, прислушуваа, снимаа, ни ѕиркаа во интима и слични европски вредности наследени од НКВД, Штази и УДБ-а, а јас си реков, океј, одлично, еден ден кога идните генерации ќе си ја вратат Македонија, ете им доказ дека сум заслужил име на улица. Читам, повторно го активирале кафкијанскиов процес, ама сега да ти бил насочен против руски ботови под чија сила црпена од Кремљ, ВМРО-ДПМНЕ не сака уставни измени. Ај, да не се мачите со мене, сè ќе ви признаам. Не сум руски бот, туку Русјаков, во презиме го носам она што го мразите, сеедно што во македонскиот јазик (од кој произлегува бугарскиот како дијалект), рус човек значи нешто сосема друго, јас сум скроз задоен со руска пропаганда, од Достоевски до Пељевин, од Гогољ, Хармс и Булгаков, до Сорокин, од Толстој до Довлатов, од Есенин до вечноста. И уште шетам сибирско хаски по улици. Во зима носам руска шубара. А да, ако некогаш запознаам жена со руска убавина, со нозе од стиховите на Пушкиновата поезија, ветувам, ќе се вљубам во неа.
Ете, ви „отпеав“ една љубовна песна за вистинските Америка и Русија, иако ние тука во средина… во Европа… уф, ние сме Европа. Колку генијален наслов за кампања. И со право. Во моментот кога на сила, од слободна Македонија, нè однесоа во гетото Нордистан, сè ми се чини дека сум во нацистичка Германија. Хм, ама па и тоа е Европа. Но добро е за децата да им се каже дека сме Европејци, оти немаат учебници за да научат дека Европа е континент на планетата Земја што припаѓа на Сончевиот Систем во галаксијата што не е Бугарија, црна дупка за идентитети низ која се влегува во Европската Унија. А јас, благодарам, ама не сум Европа. Јас сум Америка, Навахо од Македонија, ги презирам вирусите што ми ги подметнувате во ќебињата на стварноста. Јас сум и Африка, Масаи од Македонија, не сакам да робувам на вашите плантажи на лицемерноста, под камшикот на лажните вредности со кои сакате да ми ја ставите во пранги слободата.
https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/jas-sum-amerika-navaho-od-makedonija-ne-sum-evropa/
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Македонија во Макронова „Европа со повеќе брзини“ ќе биде налик на камион претоварен со камења што јури по удолница во лер!
Бранко Геровски
Минатата недела ги слушнавме драматичните апели на нашите еврохистерици.
Итно да се усвојат уставните промениии!
Подобра шанса немамеее!
Бугарија нема да поставува нови условиии!
Во 2030 година членка на ЕУ ќе станемеее!
Џам ќе свиткамеее!
Живи глупости…
Овие апели не беа упатени кон македонската јавност. Еврохистериците знаат дека од огромното мнозинство граѓани на Македонија се прочитани ко селски буквар. Речиси никој веќе не верува во нивните лаги, манипулации, кодошења и спинови. Не, тие пискотници од Галичник до Река беа за да се импресионира и да се настрви американскиот дипломат Габриел Ескобар, од кого дунстериве очекуваа итно и безусловно да го скрши отпорот на опозицијата кон предложените уставни промени.
Ескобар дојде, виде колку е саатот и си замина.
Викендов, пак, слушнавме што велат вистинските Европејци. Не бриселските чиновници, чија работа бездруго е да шират безразложен оптимизам, а суштинските проблеми да ги кријат под тепих, еуфемизирано нарекувајќи ги „предизвици“. Не. Сега се огласија лидерите на земјите членки со решавачко влијание врз нашиот евроинтеграциски процес, како и лидерите на земјите аспиранти од регионот Западен Балкан.
Бугарскиот премиер Николај Денков ја демонтираше лагата на пропагандата во Скопје дека Софија нема да поставува други услови, ако се усвојат уставните измени. „Не се менува бугарската позиција. Од Македонија се очекува да ги исполни обврските преземени пред ЕУ“, изјави тој.
Значи, да му преведам и да му нацрта уште еднаш, по кој знае кој пат, на Бујар Османи, ако треба и на неговата прочуена табла со креда – Бугарија очекува Македонија да ги исполни сите преземени обврски кон ЕУ. Сите, а не една!
А такви обврски во Договорот за добрососедство и во двата протокола, на кои се повикува и Преговарачката рамка, има многу. За жал, најголем дел од тие обврски – на пример, обврската да се ретушира историјата и да се пишуваат нови историски наративи во македонските учебници – немаат никаква суштинска и формална врска ниту со Копенхашките критериуми, ниту со легислативата на ЕУ.
Ова нашите еврохистерици не можат да го разберат. Толку долго и упорно ја гледаат „големата слика“ што веќе не можат да го фокусираат погледот на нејзините клучни суштински сегменти, а камоли на најважните детали, во кои обично се крие ѓаволот, нели.
Затоа, пак, суштината на проблемот одлично ја разбира хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој на форумот во Блед побара сите билатерални прашања коишто не се формално-правно поврзани со легислативата на ЕУ да бидат елиминирани од пристапниот процес.
„Примерот со Северна Македонија е симболичен. Чекаа 15 години да се реши грчкото прашање и штом тоа беше решено, сега имаме ново прашање. Тоа не е фер, тоа е штетно за имиџот на ЕУ и јас го велам тоа јавно со години и ќе продолжам да го велам“, изјави Пленковиќ.
Да е Пленковиќ случајно од Македонија, нашиве ќе го прогласеа за евроскептик и за руски бот. И ќе му порачаа да се консултира со македонските келнери на Блед пред да коментира за нашата надворешна политика.
Инаку, незадоволни од пристапниот процес се лидерите на сите земји аспиранти. Освен нашиот Таче. Кој секогаш кога е во странство е импресиониран ко куче во лифт.
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, на пример, потсетува дека Црна Гора ги почна преговорите пред десетина години, дека нема проблеми со соседите, дека ја почна борбата со корупција, а членството во ЕУ никако да дојде. Српската премиерка Ана Брнабиќ потврди дека и Србија преговара со ЕУ десетина години, без успех, бидејќи, како што се жали таа, ЕУ постојано измислува нови барања. Премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека не верува дека неговата земја ќе стане членка на Унијата до 2030 година.
Во таквите шарени лаги на бриселските бирократи веруваат само Ковачевски, Османи и Бојан Маричиќ. Никој друг!
Реалноста е обесхрабрувачка. Политиката на проширување на Европската унија долги години ја оспоруваат токму лидерите на водечките земји членки на оваа организација. Тие постојано разговараат за можна нова архитектура на Унијата.
Минатата година францускиот претседател Емануел Макрон го тестираше форматот наречен Европска политичка заедницa, замислен како заедница од 44 држави – вклучени 27 земји членки на ЕУ како и 17 други европски држави кои не се дел од Унијата. По изразените резерви дека ова, всушност, е идеја за формирање „европска Б лига“, иницијативата се притаи. Потоа Германците почнаа внимателно да го испитуваат расположението за еден друг формат на приближување на аспирантите кон Унијата, кој подразбира создавање единствен европски економски простор како приоритетен проект. Ќе видиме како ќе заврши таа идеја.
Макрон викендов отворено кажа во која грмушка лежи зајакот. Европската унија тешко функционира и со 27 членки, а со 32 или 35 земји членки нема да биде полесно. ЕУ треба да се реформира, ако сака да прими нови членки, категоричен е францускиот претседател. Ништо ново, но добро е вистината да се слушне уште еднаш.
Новото френско предложение, кое овој пат не само за нас, се вика „Европа со повеќе брзини“.
Колку и да ни е тој Макрон неомилен, непристрасната анализа сепак води кон заклучокот дека човекот е во право. Тој и сите што мислат дека со вака комплицирани процедури на одлучување, кои произведуваат и политики на уцени и дури и корупција внатре во Унијата, проширувањето тој организам ќе го направи уште понефункционален и тром. Затоа Макрон се залага за ревизија на процедурите на ЕУ. Едноставно, гласот на Франција или гласот на Германија, на пример, не може да имат еднаква „тежина“ со гласот на хировитата Бугарија денес, или утре со гласот на снисходливата Македонија, на пример.
И додека нашиве чаламџии ништо не читаат, не следат и се советуваат само со своите локални пропагандисти и со персоналот на западните амбасади во Скопје, лидерите на земјите аспиранти, барем оние кои имаат подобри информации и поумни советнички тимови, се трудат да ги разберат отпорите кон политиката на проширувањето и да конституираат соодветни одговори.
Албанскиот лидер Еди Рама, на пример, зборува за потребата од континуирана финансиска поддршка и пристап на регионот до заедничкиот европски пазар. За него тоа е приоритетно прашање. Патем речено, во средината на јуни и поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски се заложи за еден „меѓучекор кон ЕУ“, за обезбедување брз пристап за земјите аспиранти до заедничкиот европски пазар и до европските фондови. Црвенковски тогаш се соочи со жестоки критики на своите сопартијци, кои се најдоа повредени од неговата оценка дека „ЕУ нема став што ќе прави со себе во иднина, а не пак да прима нови членки од Западен Балкан“.
Конечно, да го поставиме и најважното прашање – каде ќе биде Македонија во таа Макронова „Европа со повеќе брзини“? Со која брзина би возеле ние?
Тоа е добра тема за една друга, поопсежна анализа, тогаш кога Макрон можеби ќе соопшти повеќе детали за својата идеја.
Во оваа прилика ќе го споделам со вас само мојот впечаток дека ако нашата надворешна политика и натаму ја креира овој дунстерај, Македонија, оптоварена со своите внатрешни проблеми и со тежината на билатералните односи, во таа Макронова „Европа со повеќе брзини“ ќе биде налик на камион претоварен со камења што јури по удолница во лер!
https://plusinfo.mk/makedoni-a-vo-makronova-evropa-so-pove-e-brzini-e-bide-nalik-na-kamion-pretovaren-so-kame-a-shto-uri-po-udolnica-vo-ler/

Тие се Европа, ние сме Македонци
Александар Русјаков
И така, Емануел рече не може, нема проширување, тие тешко функционираат со 27 членки, којзнае колку ќе биде напорно со триесет и кусур, затоа, стоп, прво мора да се реформираат, нешто бамбореше за различни брзини, не го разбрав, ама генерално заклучокот е дека аспирантите ќе почекаат. Тој така и порано, кога менуваа некаква методологија, само нас кога ни се обраќа, пред референдум на пример друга песна пее, односно, по нашки, суши лаже, ама па и не е виновен, има кои веруваат. Како и да е, Ману рече заборавете на ЕУ.
Потоа излезе Мишел, еден ќелав чичко со брада и мустачиња и рече дека проширување ќе има, и тоа во 2030 година, што значи дека оној Ману веројатно тресе зелени со тоа брзините. Како и да е, по Шарл се појави Урсула и го фати тој Мишел за уши, па срочи дека всушност Шаци, а не Ману, треска глупости, ни 2030-те ќе видиме ни бутур, бидејќи тој муабет, дечково, од ракав го извадил, ниту се консултирал со неа, ниту со комисијата. На крајот се појави француска министерка, не можам да ѝ се сетам на презимето, знам дека беше некој град, Бон ли, Бриж ли, Брест ли, појма немам, ама сигурно се викаше Лоренс, една симптатична дама, и проба да го објасни Ману со тоа брзините, Мишел со годините, ама јас ништо не разбрав, оти веќе не слушав, само се ѕверев во неа, стварно цакана, бидејќи секако веќе не мислев на тоа што се зборува кога за пар минути почнува одбојка.
Добро… а кога ќе има љубов? Кога ќе се вљуби некој во некого? На пример, Ману да се вљуби во Лоренс, ама таа е вљубена во Шарл, но тој, Шаци, се крши во себе, оти е вљубен и во Ману и во Урсула, која, пак, лаже дека е вљубена во Шаци, а всушност е затрескана во Лоренс. А? Кога ќе се појави таа љубов во твојата приказна како што ја има во тоа што вие го викате серии, а јас го гледам на она што го нарекувате телевизија?
Да, мојот нов пријател, еден млад многу симпатичен вонземјанин, се навлече на телевизија, особено на серии. Веќе еден месец сум негов домаќин. Стигна на планетата Земја со неговите родители, кои имале да завршат некоја работа (тој не знае каква), му рекле дека веднаш се враќаат, да не мрда од бродот, ама тој млад, љубопитен, излегол, се изгубил, неговите кога се вратиле во бродот не забележале дека го нема и полетале. Сега ќе мора да чека еден месец за да се вратат по него, веќе воспоставија контакт, многу му беа лути, ама бидејќи јас го вдомив најдомаќински, не се во паника. Знам, многу интересна и оригинална приказна, мислам ова со мене и вонземјанинот што заглави на Земјата, плаче за филм, само што јас не сум по пишување сценарија, па, еве, Агенцијата за филм, таму сите се филмски писмени, ако сака, нека фати да ја напише и сними.
Океј, пробав да му објаснам на мојот млад пријател од вселената дека љубов и политика не одат заедно, иако… иако… начув муабет, не мора да е вистина, дека Урсула, и без да сака, секогаш кога ќе помисли, односно замисли, Русин кој отвора пегла за да извади чип од неа, почнува да чувствува пеперутки во стомакот. Ама сега доста за љубов и политика, му велам, почнува одбојка.
Молчиме и гледаме одбојка. Односно тој молчи, јас се дерам на секој поен што го освојуваме. Изгледа нешто го мачи. За кого навиваме, прашува. Па за нашите, му велам, ние сме Македонци. Повторно се задлабочи во мислите. Ние ја газиме Данска. По некое време, еве го пак. А кога ќе играме против Европа, прашува. Збунет сум, ама не можам да очекувам од него да знае за нашите земски работи. Види вака, пробувам да објаснам, не може да играме против Европа, затоа што сме на европско првенство, Европа е континент на кој има многу држави, меѓу кои и нашата, па во различни спортови има првенства каде што оние што се пласирале учествуваат. Разбираш?
Вели, да, ама не изгледа дека сосема разбира. Повторно се замисли. Чекај сега, ми вели, јас вчера гледав едни што викаа, ние сме Европа. Еве сега, ти навиваш за овие што им пишува, ние сме Македонци. Затоа те прашав, кога ќе играме против Европа.
Уф, како да му објаснувам кога ова неговово има толку силна, ем реална, ем метафорична смисла? Како да му објаснам дека таа Европа, поточно оној нејзин забеган, арогантен и без никаква логична причина вообразен дел, наречен Европска Унија, триесет години игра против нас, Македонците? Како да му објаснам дека тие кон нас не се однесуваат цивилизирано, хумано, со еден збор спортски, туку личат на гасна комора во која сакаат да ни го согорат македонскиот идентитет и сè што произлегува од него. Немаат тие проблем ако си ти маж што се чувствува како жена која понекогаш добива идентитет на пчела што сака да опрашува џунџулиња, ама веднаш прават проблем ако таа пчелка каже да е Македонка. Како да му објаснам дека и овие што досаѓаат со „ние сме Европа“, дека и тие играат против нас кои велиме ние сме Македонци? Како да објаснам дека тие, без разлика што се маваат во гради дека се Европа, демек се по европски вредности, од огромното културно европско наследство, знаат само за фондови и милијардите во нив, ама лажат, ја верглаат истата глупа приказна што веќе сме ја чуле, а не е вистина, за истовремено, да мразат сè што е македонско. Не само што не сме од ист континент со овие од „ние сме Европа“, не сме ни од иста планета, ние сме различни димензии во мултиуниверзумот на битисувањето. И добро е тоа, така треба и да остане, ама не сакам да го малтретирам пријателот од вселената.
Ајде, му велам, оди малку надвор, дружи се со децата. И научи ги нешто за вселената, додавам, оти овие што демек се Европа не можат едни учебници да испечатат, а и кога ги печатат, подобро да ги нема, оти не знаеш со какви сè глупости и грешки им се полни страниците, а бе ни ги осакатија образовно децата, којзнае може целта им е да ги доведат на интелектуално ниво како нивното. И мојот пријател ме послуша, излезе на дружба со децата. А да, тој има интересни моќи. Освен што, на пример, може да крене велосипед на небо, за да избегнеш скопски гужви, знае и да презема форми, па кога треба да се дружи со деца, станува дете, кога минатата недела отидовме на одмор, веднаш се трансформира во турист. На Блед имавме мал инцидент. Ми исчезна на неколку часа. Го најдов во една кафеана, преправен во келнер, им правеше гачки и зезанции на муштериите.
https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/tie-se-evropa-nie-sme-makedonci/

Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Македонија
Осумката е препознатлива по својот неверојатен елан, големата издржливост и внатрешната сила, го набљудува светот околу себе исклучиво со црно-бели очи, оди од крајност до крајност, во секоја дискусија влегува со жар и страст и покажува голема жртва кога блиските луѓе се во некаква неволја.
Осумката ја карактеризираат праведност, ред, рамнотежа, желба за совладување на предизвиците, добра моќ на набљудување, тоа се основните квалитети што ѝ се припишуваат на симболиката на бројот осум. Во него ја гледаме таа исконска потреба на човекот да ја совлада материјата, да воспостави закони што носат соодветна реакција за секоја акција и дека секоја амбиција е соодветно наградена. Интересна дисциплина е нумерологијата. Таа е една од многуте невообичаени системи, верувања и традиции за релациите меѓу бројките и реалниот живот. Но, сличноста со нешто што ви е познато, а поврзано за нас е чиста коинциденција, зарем не? Да, навистина бројот осум го означува и осмиот ден на септември, кога Македонија ја слави својата независност. До тоа е дојдено со многу жртви, крв, пот и солзи, стотици години низ нашата единствена, македонска историја. Тоа е нешто што е опипливо и реално, болно и радосно, во исто време. Затоа, Осми септември заслужува највисок пиедестал во срцата на сите нас, одамна заминати предци, неродени потомци и современици… Зад нас е патот што го прегазивме. Пред нас е патот што треба да се изгази. Да не се вртиме во осумки. Правиот пат што води во просперитет, ние самите да го истрасираме!
– Македонија опстојувала, опстојува и ќе опстојува. Малодушноста и сомнежите отсекогаш ги внесувале бедните по дух, медиокритетите и оние што лошо ѝ мислат на Македонија. Инаку, изградбата на државата и изградбата на нацијата никогаш не запира и никогаш нема конечност. Ќе има и подобри времиња, ќе има и смутни времиња, како сломот за време на владите на Заев, но Македонија ќе опстојува сè додека граѓаните на Македонија се решени да ја чуваат својата државна заедница. Можеби искушенијата, премрежињата и заблудите беа потребни за уште еднаш да осознаеме колку се значајни државата, институциите и суверенитетот. Немам никакви сомнежи дека Македонија ќе зачекори напред, а сигурен сум дека најдобрите денови за македонскиот народ допрва претстојат. Нам ни престои долго будење од кошмарот, сериозна анализа на научените лекции и изградба на јасна визија за нашата ролја во променетиот свет – порачува по повод Денот на независноста Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор.
https://novamakedonija.com.mk/makedonija/neka-ni-e-chestit-8-septemvri-denot-na-nezavisnosta-na-makedonija/

May the Worst be with you!
Како дете ја засакав фантастиката со сите нејзини поджанрови. Бајките ми го обликуваа раното детство. Потоа дојде Жил Верн. Сонував да станам петнаесетгодишниот капетан Немо и за осумдесет дена да стигнам до центарот на Земјата. Растен во Југославија, ги имав на располагање сите стрип-школи, оти сè можеше да се купи во една обична зелена трафика. „Супермен“ и „Враќањето на џедај“ ми беа прв допир со филмската фантастика.
Низ годините поминав многу фантастични одисеи, од Хомеровата до оние на Артур Кларк. Јавав на џиновски црви низ бескрајните дини на Аракис, пливав во живите води на Соларис, бев на пикник покрај патот каде што се врши обука за идни сталкери, станав непоправлив неормансер што се вљуби во совршената жена андроид, па заедно сонувавме електрични овци, трчав низ челичните пештери, од Трантор до Терминус создавајќи свои сонувачки задолжбини и сето ова беше воодушевувачки, ама дека ќе живеам фантастика во стварноста, со сите нејзини поджанрови, на памет не ми паѓало. Да, да, денес сакам да ставам пешкир преку рамо и да фатам автостоп низ галаксијата, до ресторанот на крајот од вселената и никогаш да не се вратам на оваа налудничава планета. Добро, не сум само јас страсен читател, еве и мисијата на ЕУ ќе се вселува во просториите на библиотеката во Тетово, па оттаму ќе нè храни со својата „зелена соја“.
Да се вратам на темата. Никогаш не ми паднало на памет дека стварноста ќе ми биде фантастика. Околу мене, од чистачка, преку медиуми, експерти, професори, уметници, па сѐ до моќните чипира… чиновници наречени политичари, сите, ама баш сите, цело време зборуваат за иднината. Ми ја цртаат, обликуваат, прераскажуваат, пикаат под перница, среде воздишки, во најинтимните делови на моите мечти, постојано повторувајќи ми да ја искршам временската машина за патување низ минати времиња, оти овие чудесни и фантастични ткајачи на иднината ја имаат совршената формула за интергалактички „гргуљ-бластер“ со која ќе ми ја обојат во розово стварноста. А додека се пенават за иднината, животот ни го направија дистопија. Триесет години со нив живееме гротескна епска фантастика со примеси на медиумска спејс-опера и експертски хорор, среде која тие треба да нè качат на нивниот „Ентерпрајс“ за да стигнеме до, светлосни години оддалечениот вештачки сателит, вистинската рајска градина, инаку познатиот саНАТОриум каде што ќе ни извршат космичка ЕУтаназија, по која ќе станеме среќни клонови во прегратките на Црната ѕвезда на Империјата, ама не онаа лошата на Дарт Вејдерович Путин, против неа се придруживме во коалицијата за војна на световите, туку вистинската правдољубива и со цивилизациски вредности исполнета Недојдија среде која сите нивни желби се исполнуваат.
Затоа имаме џедај за премиер. Ни го постави мадам Јода Кале-Анѓа. Нејзините поданици, нашата аристократија предводени од министерот Робокап, ни даваат пример, како треба да дадеме крв за господарите. А пред тоа, на сила, ама за наше добро, нè преселија од соѕвездието Македонија, во црната дупка Нордистан. Економијата не ја кренаа 20.000 милји под дното… на морето… за да се удавиме или закопаме, кој како милува, во благосостојба. Здравствените реформи ни се спроведуваат според програмата „Рипомен“, а образованите ни е во „Матрикс“ фаза каде што, како што вели вицот, ако ја земеш сината таблета сè ќе остане исто срање, ама црвената е со вкус на јагода.
Пред очи ни ставија монолит за да ни ја ослепат непотребната виделина, за да можеме полесно да се кренеме угоре, од земјата за која нè оковала гравитацијата, до гранките на слободата каде што слободоумно ќе имаме право на нивно мислење, додека ги кркаме бананите на спознанието.
Во своите „Илузии“, Ричард Бах пишува: „Тоа што гасеницата го доживува како крај на светот, Месијата го нарекува пеперутка“. Ама тоа се само обични илузии на еден небитен писател без вистински визии за иднината. За разлика од него, секој активист на невладината организација „Џаба Хата“, ќе ти каже дека она што непросветлените го објаснуваат со зборовите „прават од нас мајмуни“, просветлениот прогресивен припадник на интелектуалната бижутерија го доживува како евроатлантска интеграција со еволуцијата.
За да нема вакви недоразбирања и за да се намали бројот на непросветлени, секогаш креативните господари на црната дупка Нордистан, ни смислуваат разни игри без граници. Па така, својот трагикомичен џедај што ни го ставија за сатрап, одвреме-навреме го пуштаат во сајберпанк-авантури. Често пати намерно мешаат жанрови. Последно, го извадија од неговата удобна бурлеска каде што живее и го фрлија во нивната инсценирана гротеска да лови „дартвејдери“ комунисти на кои тој и неговите припаѓаа пред да мутираат во џедаи и блејдранери. Тука се и „АЛИените“, (омилени на Кале-Анѓа и нејзините јода-претходници), исклучително откачена банда забавувачи чии членови ги оставија на таван чизмите и ножевите за креирање апстрактна уметност врз човечки кожи, па ставија свилени ракавици на рацете, за сега, додека во една рака вртат, како јин јанг топчиња, тендери и амнестии, со другата ги држат конците за марионети на кои се закачени гореспоменатите џедаи и блејдранери.
Тука се и познатите „The hunger games“ или „Игри за гладните“. Играта е многу едноставна. Пикаш во ист кафез на бесмислата, таканаречени „вемероботи“, инаку десно програмирани евромашини и „леворигами“, познати како џиџани, шарени хартивчиња за украс и ги оставаш едни на други да си вадат очи, зашто и онака, на слепи не им се потребни.
Во паузите на овие „Игри за гладните“, со свои куси рецитали настапуваат „шипшејфтерите“ од ансамблот „Блиски средби со трети опции“, кои, демек, сакаат да нè вратат од црната дупка Нордистан кон матичното соѕвездие Македонија, а всушност се само евтина забава во замена за грицкање семки. Како новитет се најавува фешта од Будимпешта, односно враќање од иднината на извесен Груевски.
За сите овие забави смислени од господарите за нордистанците, кои се кренаа од земја на гранки, ама одвреме-навреме се спуштаат до кафеани или се фаќаат за коси по социјалните мрежи, ревносно известуваат локалните медиуми, крајно едноставни програмирани машинчиња на ниво на пејџери за да пренесуваат пораки, желби и наредби на малку покомплицирани гаџети, познати како вештачка неинтелигенција. Секако, по овој мој „малцински извештај“, (ние, малцинството воини наречени АрМакедони, обучени да ви го донесеме крајот на иднината, како што вие нас сакате да ни го наметнете крајот на историјата), очекувам да ми пратат некој терминатор, нормално од иднината, за да ми ја реши сегашноста и да ме претвори во непотребно минато.
Александар Русјаков
https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/may-the-worst-be-with-you/

Ја врамив сликата на Путин во преговарачката рамка со ЕУ
Од Александар Русјаков
Путин јавно ги повика Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени за Нордистан да фати пат кон ЕУ. „Францускиот предлог е вкусен како руска салата, а бидејќи таа е дел од секоја празнична нордистанска трпеза, се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже гастрономски сенс, па на менито ќе го внесат овој важен деликатес, наречен ратататуи на бугарски начин и така ќе им овозможат на своите граѓани бесплатно изобилие во елитниот ресторан, Европска Унија“, напиша на својот Твитер, В.В. Путин, па додаде дека „официјален Кремљ отсекогаш го гледал Нордистан како марципан на врвот од големата европска торта, каде што филот мора да биде со бугарски шербет“. И продолжи, „Нордистанската ајварка е дел од европската трпеза, рамо до рамо (иако пиперките немаат рамена) со германскиот колбас, италијанската паста и шпанската мушичка, но најпрво треба, во своите учебници по Гастрономска родова еднаквост да ја напишете вистината дека вашата ајварка има бугарски корен, а нејзиното семе еднакво е по род со бугарското, сеедно што кулинарскиот еретик Тито се обиде да ја калеми како автохтон македонски производ, додека класичната зелената пиперка, како мајка на сите пиперки, секако има грчки корен“.
На нордистанците адреналинот им удри во глава. Денот кога Путин му твитна на Мицковски, Владата го прогласи за државен празник. Во знак на благодарност кон руската офанзива за влез на Нордистан под бугарски диктат во ЕУ, ДУИ изјави дека ќе ја ребрендира својата марксистичко-ленинистичка идеологија, во ленинистичко-сталинистичка. Американската амбасадорка облече ново ф’станче со черепи на кои гордо блескаат руски шубари. Славјанка и Урсула одлучија да ѝ донираат на руската армија чипови од 300.000 миксери како поддршка во војната за ослободување на Киевска Русија од украинска окупација. По улиците излегоа ветераните на шарената револуција, па од мрак до зори се ореше „Руска ПРАВДА, ВладиМИР“. Само збунетите вмроовци стоеја како телиња пред шарена револуција оти не им беше јасно како се најдоа во овој кошмар на еден колумнист со проруско презиме. Но колумнистот продолжи да ужива во својот кошмар.
Утрото по твитот на Путин осамнаа и првите наслови на слободоумните прогресивни медиуми: „Тихиот Дон го поплави дон Мицко“, „Од Русија со љубов кон ЕУ“, „ДПМНЕ се распаѓа како Азов во Мариопуљ“. Заеднички прес одржаа лидерите на владејачката коалиција, Ковачевски, Ахмети и Агелер. Зад нив, во преговарачката рамка беше врамена слика на рускиот претседател. „Не гибајте ми ја нордистанската жица, оти таа е затегната на руска балалајка“, се јави од Холивуд и поранешниот премиер, кој се наоѓа во посета на „Парамаунт“ каде што му ја раскажа својата крвава биографија на Шон Пен (откако Зеленски веќе не е интересен) за потребите на новиот филм „Црпнат од нивата на спознанието, однесен од виорот на новата нормалност низ вратите на перцепцијата, за да фрли сидро и плови напред низ морето на љубовта“.
Во својата двотомна „Апологија за руската мечка“, Тричко го спореди Путин со Менделеев, Толстој и доктор Живаго. Сега, сите сме во очекување на блескавата експертска анализа на Малески со комплексен наслов, „Нордистан како дел од Санстефанска Бугарија во Европската Унија – историска реалност и предизвици за иднината“. Како последно во нордистанската ЕУфорија за ЕУтаназија, откако руската политика им залепи шлаканица на ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи им од важноста да се отвори Уставот, а да ја затворат устата, демек тоа кај нив не проаѓало, се јави и Груевски од Будимпешта со детална анализа на натпреварот од Лигата на конференции меѓу Ференцварош и Чукарички.
Што ме гледате така бело? Па кога е гротеска, нека биде совршена. Нека ми извинат Русите што ни криви, ни должни ги налепив во нордистанскиов театар на апсурдот, но тие, растени со Гогољ, Хармс и Булгаков, јасно им е каква книжевна алатка злоупотребувам во колумнава. Нека ми прости и Путин, кој секако не ги чита моиве колумни, ама сепак, не заслужил да го злоупотребувам во контекст на последните нордистански налудничави збиднувања, оти си има војна со НАТО на плеќите, ама и европска бурлеска пред очите. Но кога веќе излегов од кошмарот и се разбудив среде нордистанската безумност, опкружен со планетарниот идиотизам, да запрашам онака, меѓу пасуси, да не заврши војната во Украина? Не, сериозно, па никој веќе глагол не фрла на тоа што таму се случува. До каде е големата украинска офанзива што НАТО ја подготвуваше низ сите свои медиуми и украински степи? Ќе дадат некогаш отчет зошто ги минираа мировните договори од Минск, додека паралелно ја обучуваа Украина за војна поддржувајќи ја во убивањето на 15.000 цивили во Донбас, за Русија конечно да почне воена операција во која, истиве западни ликови фрлија 150 милијарди евра во ветер и половина милион Украинци во смрт? Ќе дадат отчет како што дадоа по лагите за Ирак и масакрот на милион ирачки цивили.
Да се вратам онаму каде што не сакам, во нордистански степи на безумноста. Последнава фарса воопшто не ме допира. Ова што се случува во ВМРО-ДПМНЕ го имале и во далечно и во блиско минато. Во игра се уставните измени, тоа е фокусот и на овој „скандал“, а тоа е веќе здодевно. Патем, оваа небитна политичка мравка од информација што сака да биде слон, за жал, ја прегази морбидната вистина, дека во војната меѓу Македонија и Нордистан, која еден ден ќе ја завршат идните генерации македонски ќерки и синови, оти ние ја посравме работата, Уставниот суд стана дел од злосторничкото здружување за идентитетски геноцид врз Македонците.
Но мене ме восхитува, не иронијата, туку цинизмот на судбината. О, Боже, ти благодарам за ова што го дочекав! Јас, со две реченици ја натерав да ме мрази интелектуалната бижутерија на шарената револуција во времето кога нивната „креативност“ беше затворени во комбето со боја на СДСМ, а сето тоа, преку Соросовата Ал каеда, финансирано со парите на американските даночни обврзници, кои тоа, секако, не го знаеја. Тогаш им пишав, „На моите книжевни промоции има повеќе народ“, а бидејќи ми врескаа дека сум мегафон на Грујо и вмровски фашист, им објаснив дека „Не го бранам ВМРО, туку со сето срце и ум се борам против вас“. Денес ништо не се сменило во мојот светоглед. Како што некои циници гледајќи на историјата тврдат дека за да бидеш на вистинската страна само треба да видиш што избрале Бугарите и да го избереш спротивното, патем ова денес се потврдува, така јас ја имам интелектуалната бижутерија. Штом тие нешто величаат, знам дека треба да бидам на другата страна. А дека уживам додека гледам како сами себе се посипуваат со сопствените кофи хистерија, стварно уживам, не можам да одречам.
https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/ja-vramiv-slikata-na-putin-vo-pregovarachkata-ramka-so-eu/

„ВМРО-ДПМНЕ е сплотено и единствено, власта ако смета дека има раскол ајде на избори, но кукавички бегаат затоа што се надеваат дека ќе докрадат со тендер повеќе“
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостување на утринска емисија на Алфа Телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е сплотено и единствено и сите му даваат поддршка на претседателот Мицкоски, додека позитивната страна која ја наметна партијата ја препознаваат сите и се повеќе граѓани и веруваат на партијата и сакаат ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, а тоа ќе се случи.
– Власта ако мисли дека ако има раздор, ајде на избори, да ги закажеме, но ќе побегнат кукавички затоа што знаат дека има уште неколку месеци да докрадат, да наместат некој тендер, да поминат некој закон како тој за амнестија, потенцираше Мисајловски.
Тој посочи дека власта беа од избори затоа што и остануваат уште неколку месеци кои сака да ги искористи за политички прогон, за тендери и сомнителни закони.
– Во земјава има политички прогон и затоа судството нема доверба. Законот за амнестија го договараат позади завесите и сакаат да направат амнестија на што повеќе затвореници. Ова се случи пред локалните избори 2017 година, ослободија преку 1000 затвореници и најголем дел од нив им помогнаа на избори, знам како беше на терен, затвореници работеа за СДС и ДУИ за да им помогнат да победат и тоа може да го слушнете јавно од тие луѓе, нагласи Мисајловски.
Мисајловски додаде дека во земјава има здравствена мафија, додека ако гледате пак во МВР тоа е мафијата која ја штити мафијата, бидејќи МВР ако сака може да се справува со проблемите.
– Луѓето кои прават тешки кривични дела сите се знаат, но ништо не прават, па се поставува прашањето дека полицијата ги штити сите криминални дејствија. Во Македонија има убиства помеѓу нарко банди, а не можат да ги најдат одговорните. Имате случај како Онкологија кој ги погодува сите, и ако имало предистрага подолго време зошто се чекало досега? Дали овој проблем го извадија намерно баш кога го носеа Кривичниот закон со европско знаменце? Помина законот, а многу луѓе се спасија од криминал и корупција. Сето тоа е димна завеса, се уште нема притворено луѓе ниту се знае кој ќе одговара за Онкологија, а законот помина, рече Мисајловски.
https://kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-e-sploteno-i-edinstveno-vlasta-ako-smeta-deka-ima-raskol-ajde-na-izbori-no-kukavichki-begaat-zatoa-shto-se-nadevaat-deka-ke-dokradat-so-tender-poveke/

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
cvetka- Број на мислења : 249
Join date : 2019-05-30
Re: Интервјуа и колумни
На прагот од бездната нема чергиче да си ги забришеме чевлите
Од Александар Русјаков
Едно нешто имам со сигурност разбрано во животов. Мене едноставно не ме бива да заработам пари. Сеедно што поседувам талент за пишување, кој многумина го ползуваат нарачувајќи од мене сценарија (од книжевност нема никаква заработувачка) што јас со задоволство ги создавам. Да, поседувам талент за креација и на тоа поле сум докажан (без разлика што има да каже Агенцијата за филм и луѓето околу неа), но оној другиот талент, да го материјализирам сработеното, не само што не го поседувам туку сум вистински уметник во неспособноста добро да се продадам. Тоа што се однесува до дарбата што ми е дадена, ама мора да признаете, понекогаш треба да се има и среќа.
Е па, немам среќа. На дофат од рака ми беа триста евра. Можеби вам не ви звучи како којзнае колку силна бројка, ама за мене, глуп да заработам, тоа е сериозна сума со која…, па можам да покријам една кирија и дел од сметките. И ги видов тие триста евра во мислите, ја подадов раката кон нив кога одеднаш… паффф… пукнаа како меур од сапуница. Ги снема. Па јас, факинг баксуз, од раѓање носам презиме Русјаков, а не, на пример, Русјаковски, за да можам да го исфрлам она проклето –ски и на негово место да си купам –ов што ќе ми ги фрлеше в скут оние прекрасни триста евра. Е, беља работа!
Цинизам на страна, стварно бев убеден дека онаа будалаштина со –ски и –ов на крајот од презимињата, демек Македонците се на –ски, а Бугарите на –ов, ограничена е со време и простор на бившата југословенска држава, кога гледај ваму, и Бугарите да ти ја сметале таа бесмислица за вистина, оти ене ја лејкана бугарска, нуди по триста евра, луѓе да си ги менуваат презимињата. А може е во право, а? Па нели сите знаеме дека Левандовски, некогашните браќа, а сега сестри Вачовски и секако Достоевски и Чајковски се Македонци, како што Чехов, Бироф (правилно Биров) и Асимов се асли Бугари. Даниел Стариџ, секако е Србин.
Зошто ви пишувам за оваа глупост? Затоа што обѕрнувајќи се околу себе за да фрлам поглед на светот што ме опкружува, добивам гадна мачнина во срцето (не во стомакот) и потреба да исчезнам, не од јавноста или од гротеската Нордистан, туку од планетава. Секое здраворазумско битие, сеедно што не спаѓам баш во таа категорија, по неколку минути набљудување на состојбата во која се наоѓа човештвото, веднаш добива желба да престане да се нарекува човек и во следниот живот, ако го има, да се роди како кокиче. Ете, јас ја имав таа ужасна несреќа да фатам некои детали од анализа на британски „Економист“ на темата зошто во Газа има толку мртви деца. Инаку, откако почна Израел со својата одмазда, во Газа се убиени близу 3.000 деца (за 20 дена) што е 40 отсто од цивилните жртви. И што заклучува „Економист“? Зошто има толку многу мртви дечиња? Затоа што Палестинките многу раѓале. Па, нормално! Затоа Западот уби милион цивили во Ирак лажејќи дека таму има хемиско оружје. Не затоа што психопатите Буш и Блер одлучија да искасапат цела една нација, туку едноставно, милион убиени има затоа што Ирачаните многу се размножуваат.
Што е? Ви се гади? Ме пцуете сега? Па мене ли само да ми биде расипан денот? Бидете колегијални! И верувајте во западните вредности кон кои, нели, сите се стремиме. Сакате уште? Кога Русија исклучуваше струја низ одредени региони и градови во Украина, тоа беше бестијален чин на психопатот Путин, а сега, кога Израел им сопре струја, вода и храна на Палестинците, тоа е затоа што Израелците имале право да се бранат. Секако, тука ја парафразирам онаа висока претставничка од Европската Унија, наречена Урсула, а со презиме Фон дер Лејен, инаку експерт за војна, чипови и руски миксери, а од скоро и врвен стручњак за уникатност на идентитети, иако генерално ова е западниот наратив кога станува збор за двата воени конфликта, оној меѓу Русија и Украина и секако, Израел и Палестина. Да фати човек да им се изблуе на наративот и вредностите, залудно е, оти историјата, блиското минато и сегашноста, постојано ни сведочат за константата во западното лицемерство кога се во прашање светот и политиката.
Посебно сегашноста. Двете војни, едната во Европа, а другата на Блискиот Исток, ни ја соголуваат којзнае по кој пат онаа политичка британско-евроамериканска лицемерност, оти кај руско-украинскиот конфликт отидоа дотаму што дури и режираа цивилни жртви за пропагандни цели, а сега кога практично имаме етноцид во Газа, за кој и мнозинството Евреи се побунија, не само што се прават наудрени туку и јасно и гласно го поддржуваат.
Ние, пак, како деца на мајката земја, на Македонија, како Македонци сега поробени во евроамериканското зомби Нордистан, точно ја познаваме таа нивна лицемерност, но барем уште не сме фрлени во касапница како оние во Донбас, Запорожје или Газа. Просто човек да не знае дали да му се гади од планетарната безумност или истовремено да му се гади и да се радува, затоа што Бог или иронијата на битисувањето, кој како милува, буквално на тацна, иако преку страшни примери, ни дава да посведочиме, споредиме и донесеме заклучок што е добро, а што зло, каде е лагата, но и од каде тргнува вистината. Иако секогаш ќе ги има оние фанатични ЕУ/НАТО-фундаменталисти и идолопоклоници, кои, сеедно што хоророт да им се одигрува пред носот, ќе те убедуваат дека западните вредности се света догма пред која мора да се поклониш, а таму на Истокот…, па таму се одвратните Руси, страшните Кинези и оние муслимани што, нели, многу се размножуваат.
Ете, затоа не ми се пишува за светот што се распаѓа. Дека ова се последните воздишки агонија на нашата цивилизација пишав во минатата колумна и мислам дека сме стигнати на прагот од бездната, а ние се прашуваме зошто нема чергиче да си ги забришеме чевлите. Секако, многу поедноставно ми е, иако ме боли, да се подбивам со уникатната нордистанска гротеска во која сме окупирани поради севкупната себичност и комформизам како основи на менталитетот на нашата генерација, плус минус постари и помлади, оти навистина сме уникат, мислам ваква уникатност како нашава нордистанска нова нормалност, светот тешко дека ќе види во блиска иднина, сеедно што светот веќе нема иднина, но, еве, нема веќе простор во колумнава, повторно поголемиот дел го истрошив за коментирање на морбидната планетарна стварност што нè опкружува. Ама и онака, никому посебно не му е до читање, гледам нордистанците се преокупирани со суштински збиднувања, како последнава медиумска фарса, инаку уште една потврда на марктвеновското „новинарство во Тенеси“.
https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/na-pragot-od-bezdnata-nema-chergiche-da-si-gi-zabrisheme-chevlite/

Тоа бачило петочна урда и сурутка дава, а сирење – веќе не!
За повеќето македонски партии, а особено за поголемите, може да се каже онаа народната „тоа бачило такво сирење дава“. Но, бачилото СДСМ веќе не дава никакво сирење. Народот не е мутав. Гледа, јасно му е и гласно коментира– овие на Илинденска, едноставно, не ги бива. Не помага тука ни мастер планот за враќањето на Груевски, последната надеж за пресврт пред изборите. Време е да се плати цехот за неуспесите.
Рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид е крајот на 2023 година. По овој пат мора да се вози со автомобили од Кичево до Охрид во јануари 2024 година!
Ова се зборови на премиерот Димитар Ковачевски од јавен собир. Искажани на јавен собир, во време кога се уште некој можеби можел да поверува дека – зборот си е збор.
Тогаш Ковачевски го повика својот министер за транспорт и врски Благој Бочварски да стане – ах, да стане како Цаци, да го види сала! – а присутните ги повика да му дадат поддршка, за да го исполни премиерското лесно дадено ветување.
Ова се случи на 19 ноември 2022 година.
Нецела година потоа, Ковачевски, Стани Благој Бочварски и лутиот вицепремиер Артан Груби, на сличен собир, побараа виновници за тоа што до сега на овој пат нема ниту 1 метар асфалт, најавуваат ревизија и прекин на договорот со Кинезите.
Во петокот, на конференцијата за патната инфраструктура, што се одржала во Охрид, министерот Бочварски за својот неуспех го обвинил моделот кој се применува при изградба на патиштата. Тој и директорот на јавното претпријатие за државни патишта смислиле „нов концепт за ефикасно градежништво“. Според статистиката, до сега сме граделе 5,8 километри автопат годишно, а новиот концепт ни дава можност да градиме над 20 километри годишно, објаснил директорот Рустеми.
Ви се верува ли дека овие од Илинденска, кои четврта година ги крпат дупките на автопатот Скопје – Катланово и никако да ги закрпат, се способни да изградат 20 километри автопат годишно?
Или барем 2 километри?
Па и 2 метри за нив би било епохално достигнување…
Нема да полемизирам со ниту едно од новите „откритија“ на владата на Ковачевски поврзано со моделите и концептите. Веројатно „генијалците“ се во право и дека може да се гради и попаметно и поефикасно. Но, сепак ќе поставам неколку логични прашања.
Дали на 19 ноември 2022 година постоеше некаков друг модел на градење, а не овој што сега е во сила и го критикуваат Стани Благој Бочварски и тој Рустеми?
Дали владата на Никола Груевски ги изгради автопатите Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип и ги заврши Скопската обиколница и автопатот од Куманово до Табановце според некој друг концепт?
Знаеше ли Радмила Шеќеринска за тој лош модел, кога од позиција на прва придружничка на мистер Зоран Заев во владата што требаше да донесе живот за сите, вети дека автопатот Кичево – Охрид, со сите нишани, ќе биде готов во 2021 година?
Дали е претерана проценката дека по тој стар концепт, со сите „административни“ и други „пречки“, Кинезите сепак завршија половина од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид?
Концептот ли е виновен што после 600 милиони евра потрошени на изградбата на овој автопат досега немаме ниту 1 метар асфалт на трасата долга 40 километри?
Кинезите ли се виновни? Или договорот со Кинезите? Патем речено, тој договор е идентичен со договорот за изградбата на Миладиновци – Штип…
Моделот ли е виновникот што после четири години ветувања за автопат од Скопје до граничниот премин Блаце, до сега и на оваа траса нема ни 1 метар асфалт? Државата има договор со компанијата „Гранит“ за изградба на првите 2 километра од овој автопат.
Косовците, за споредба, баш викендов објавија дека изградиле два долги тунела на пругата од Генерал Јанковиќ до Косово Поље и сега секој може од граничниот премин Блаце до Приштина да патува со воз. До Блаце се стасува по туцаник…
Но, да се вратиме на темата…
Како тоа Никола Груевски успеа за 11 години да изгради над 75 километри нови автопати, а Заев и Ковачевски за 7 години не успеаја да изградат, односно да завршат, ниту 1 метар?
Можеби тоа може да ни го објасни Груби? Тој е втор човек на ДУИ, а таа партија беше верен партнер и во двете влади.
Дали не е е факт и тоа дека после онаа оптимистичка премиерска најава пред една година, Стани Благој Бочварски и тој Ејуп Рустеми, толку колку што знаат и умеат да менаџираат, се помачија да му помогнат на својот шеф свечено да пресече барем една лента на делницата на автопатот Кичево – Охрид на која објективни може да се постави асфалт. За да може и Таче малку да се чалами. Цело лето, среде туристичката сезона, влезот во Охрид беше „градилиште“. И џабе – не успеаја да стават ни 1 метар асфалт!
Кој е виновен за тоа?
Ако мене ме прашате, не се Стани Благој Бочварски и тој Ејуп Рустеми повеќе виновни за неуспехот од самиот премиер, кој обожува своите министри да ги станува и да ги покажува да ги види сала. Без да размисли колку им сече…
А и Таче, за својот неуспех да пресече макар една црвена лента, не е ништо повиновен од својот претходник Заев.
Во годините пред Заевата ера (п.з.е.), неуспесите се „казнуваа“ со изнудени оставки, смени и реконструкции. Во времето на Љубчо Георгиевски, овие драми водеа кон формирање вмровски клон-партии, каква што е и неговата сега. Од оставштината на Бранко Црвенковски паметиме „хокеарски“ реконструкции. Никола Груевски беше мајстор за „рокади“ од кои сите беа, или мораа да бидат задоволни. Во последните 7 години з.е. живееме во време на неказнивост, но и на политичка неодговорност и несменливост. Отсуството на чувство за политичка одговорност ја засилува некапацитетноста на луѓето во кабинетите, а резултат од тоа е оваа трагична неспособност која кулминира токму сега.
СДСМ на Ковачевски за тоа ќе го плати цехот. Не Бочварски или Рустеми. И не Артан Груби, бездруго.
За повеќето македонски партии, а особено за поголемите, може да се каже онаа народната „тоа бачило такво сирење дава“. Но, бачилото СДСМ веќе не дава никакво сирење, евентуално малку петочна урда и сурутка.
А народот не е мутав. Гледа, јасно му е и гласно коментира– овие на Илинденска, едноставно, не ги бива!
Овие немаат ни метар асфалт за постилање, а се фалат со километри и километри безвредни модели и концепти на хартија.
Ете, тоа на изборите ќе биде казнето. Безмилосно.
Не помага тука ни мастер планот за враќањето на Груевски, последната надеж за пресврт пред изборите.
Овој народ веќе не се купува лесно со лаги и со измами.
Кој тоа не го разбрал до сега, веќе нема време – доцна е. Часот е 12 и 5.
ПС. Богдан Илиевски во петокот беше вреден и ги собра сите клучни изјави на оваа тема за својот стенд-ап за вечерното шоу на ТВ Алфа. Јас викендов бев мрзелив и ги искористив тие изјави. Ова е линк до неговиот духовит стенд-ап:
https://www.facebook.com/603272137/videos/1018807452505774/
Бранко Геровски
https://plusinfo.mk/toa-bachilo-petochna-urda-i-surutka-dava-a-sire-e-ve-e-ne/

Нордистан е Пирс Броснан
Од Александар Русјаков
Нордистан е чудо невидено. Во него, времето и просторот функционираат поинаку од секое друго место на планетата Земја. Тука е таму, а некогаш е сега и тоа некогаш што е сега, оттука треба да нè однесе таму. Колку и да ви звучи ова бесмислено, не сте во право, затоа што Нордистан може уште побесмислено и тоа секако да биде логично, ама и успешно. Едноставно не се доловува со зборови нордистанската блескавост среде неговата нова нормалност.
Ете дознавме, Таче ни кажа, онака окљафтен како да упаднал во темна соба, светлото нагло се запалило и битисувањето му викнало „сопрајс“, дека мапата на голема Албанија, со која толку често во последно време „мавтаат“ албанските политичари, најмногу ДУИ, да ти било нешто демоде, од пред 140 години и веќе не се важело. Океј, ама ДУИ, на пример, веројатно е, ако не и сигурно, омилената нордистанска партија во Стејт департментот и на Калето. Од друга страна, ене ги Бугарите, „мавтаат“ со идејата и мапата на Санстефанска Бугарија, која исто така е 140 години стара приказна. Интересно, нели? Патем, своите соништа за голема Бугарија, каде што припаѓа Македонија во која нема Македонци, Бугарите ги туркаат преку Европската Унија, сместени се во француски предлог, што значи Софија има поддршка од Брисел преку Париз, кој, исто како Берлин, прави што Вашингтон сака. Оттука заклучувам дека сè што има поддршка и амин од Брисел и Вашингтон е модерно, прогресивно и им припаѓа на западните вредности, па затоа, секако, нема да ми земете за зло што и јас имам некои свои замислени мапи во срцето. Мојата мапа на голема Македонија исто така е модерна и секси како мапите на голема Албанија и Санстефанска Бугарија. Додуша, мојата мапа, малку е поголема од нивните. Малку поголема од двете заедно соединети. Малку поголема и ако на нивните мапи се додадат мапата на голема Србија, а богами и онаа на голема Хрватска што пред извесно време нашите пошти ја акнаа на поштенска марка. Едноставно, мојата мапа можете да ја наречете мапа на Македонскиот Полуостров, што секако е реалност и историско-географска вистина.
Урсула не е во право. Македонија и македонскиот идентитет не се уникатни, тие се древни. Нордистан е уникатен. Толку е уникатен што итно треба да се заштити во УНЕСКО како нематеријално богатство, иако од него многумина материјално се офајдија, затоа што во пракса го потврдува Ајнштајновиот муабет за бесконечноста на вселената и глупоста. Еве, ни пристигна оној фамозен извештај на нефункционалната, изгубена во простор и време, Европска Унија. Пред извесно време, кога ВМРО-ДПМНЕ владееше со оваа држава, во овие колумни се исмевав со тој факинг извештај, затоа што заклучив дека пристигнува секоја година само за власта и опозицијата да бројат позитивни и негативни заклучоци со кои ден подоцна ќе се маваат меѓу себе како деца со снежни топки. Во овој последниот нема што да се издвојува и брои. Има само негативни заклучоци. И власта на СДСМ ни обелодени дека за негативниот извештај е виновна опозицијата. Согласен сум. Имам дури и решение. ВМРО-ДПМНЕ се една никаква опозиција и, итно, на нејзино место мора да дојде конструктивното и прогресивно СДСМ. Со нив во опозиција, Нордистан веќе нема да добива негативни извештаи, што секако не значи дека нема да бидат бесмислени, оти, сепак, од таква Унија доаѓаат.
Ако Македонија беше папокот на светот, како што беседеше Венко Андоновски, тогаш Нордистан е пирс на папокот на светот. Не… Нордистан е Пирс Броснан. Џејмс Бонд. Море Џејмс Бонд, Итан Хант и Индијана Џонс заедно. Нордистан ја разоткри големата планетарна фарса преку една невозможна мисија наречена, автопат Кичево – Охрид. Нордистан докажа дека Кинезите се виновни за сè. Крива им е трасата. Навалена им е терасата. Ма едноставно, погрешни се. Почнувајќи уште од оној нивни Кинески ѕид. Па, крив е бре. Тоа е затоа што такви се Кинезите. Нова година слават меѓу 21 јануари и 21 февруари (оваа година на 10 февруари), а не како сиот нормален западен свет, на 31 декември. А и очите им се закосени. Значи косо гледаат. И вие сакате да завршат еден пат како Кичево – Охрид. Тоа што прават супермодерен автопат од Кина до Европа, нема врска, фатаморгана е. Ти го гледаш, ама секој обичен гениј од нодристанската власт ќе ти каже дека не постои, погрешно е измислен, за разлика од оние 1.000 километри уберлуксузни и технички совршени патишта што тие ги изградија низ Нордистан.
Има уште. Нордистан е агрегатна состојба. Не, не е течна, тврда или гасовита состојба како досадната материја. Нордистан е посебна агрегатна состојба на шок. Шок поради поскапување на рускиот гас што го увезува од соседна Бугарија. Оној ист руски гас што на некој чуден начин трга од Русија. На која Нордистан ѝ акна санкции, ѝ протерува дипломати, ама и заедно со Урсула и со ЕУ ѝ фаќа сеир додека Русите се мачат чипот од миксер да го сместат во ракета. Има нешто налудничаво во сето ова, мора да признаете, ама бидејќи јас не се разбирам во (пали)гасификација на логиката, тука ќе запрам за да не му предизвикам непријатни фацијални грчеви на премиерот од ненадеен наплив на смеење поради овој пасус во колумнава.
Нормално дека Нордистан има уште многу специфични доблести, ама јас секако немам толкав простор да ги набројам сите. Можам само да додадам дека освен што е чудо, уникат, Пирс Броснан и агрегатна состојба на шок, Нордистан е ОБСЕсивно-комплузивна и ОНтолошки вообичаено воздржана банана-сплит држава. Воздржана да, освен кога е против осуда на фашизмот. Мислам, глупо е да го осуди фашизмот токму во момент кога треба да спроведе блескави фашистички уставни измени поддржани од ЕУ каде што Нордистан брзо ќе се зачлени, но само ако власта биде и власт и опозиција истовремено. За оние што не ме разбираат, пишувам за тангото што Нордистан го играше во ОН, а ќе го игра со ОБСЕ, две крајно бесмислени организации, затоа што првата (ОН) битисува за да носи резолуции што никому не му значат ништо, а втората (ОБСЕ) врска немам зошто постои. Што е сосема нормално, ако го земеме предвид фактот дека светот стана минско поле за културен и физички геноцид меѓу народите, па така, кога моќта на злото танцува, крајно е логична да има бесмислени организации и резолуции што глумат мир и загриженост за планетарната иднина. Оти со вакви вредности што ни ги рекламираат како врвни цивилизациски достигнувања, планетата и човештвото не треба да се грижат за иднината, затоа што е глупо да си загрижен за нешто што го нема.
https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/nordistan-e-pirs-brosnan/

Deluva aluminiumot so koj e prskan crepov.
Bosonoga- Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15
Re: Интервјуа и колумни
Ова е во стилот ако немаш аргументи против напишаното нападни го авторот.Bosonoga напиша:Deluva aluminiumot so koj e prskan crepov.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
„Куц-камен“ и „мижитатара“ во „сакате ли војна“
Од Александар Русјаков
Го знаете вицот за струмичанецот што фатил златна рипка? Можеби го знаете, а можеби не. Ќе ви го кажам, ама моја верзија. Најпрво да ѝ се заблагодарам на една почитувана читателка, која смета дека дури и без концентрација (во минатата колумна) сум маестрален, па ако напишам и рецепт, сигурно ќе биде ремек-дело. Секако не се доживувам како маестрален, ниту пак сметам дека создавам ремек-дела и не, не е ова скромност, јас сум суетно копиле, ама од срце ѝ благодарам. Затоа ќе се обидам во вицот да сместам и рецепт.
Ловел Јенс Столтенберг риби (во вицот, струмичанец) и фатил златна рипка. Рипката отворила уста, па му рекла: „Пушти ме, ќе ти исполнам три жел…“ Го загледала убаво и ја променила понудата: „Пушти ме и ќе ти исполнам три… пиперки“. Тука завршува вицот, ама јас продолжувам. Јенс се размавтал со радосни тикови (за разлика од оние негови бесни тикови кога им рековме факоф на референдумот) и викнал: „Важи, рипке, многу сакам полнети пиперки, ама да ми ги исполниш по НАТО-стандарди“. „Нема проблем“, рекла рипката и Столти ја пуштил.
По неколку секунди, ете ги пред него полнетите пиперки. Јенс се загледува дали рецептот е по НАТО-стандарди. И забележува… ситно сечкано лицемерство и двојни стандарди… а ха океј, си вели… еве и точна доза осиромашен ураниум за Балканци… одлично, одлично, мрмори радосен… на тоа додадено големо количество непостојно ирачко хемиско оружје како добро оправдание за геноцид врз цивили… браво, браво, плеска радосно… и на крајот сос од идентитетски холокауст врз Македонците… ма извонредно, крикнува… па сето тоа добро испржено, напикано во пиперките, тие ставени во тава да се печат на пеколна напалм-температура. „Го сакам мирисот на напалм наутро“, цитира Јенс и фаќа да игра „ринге ринге јаја“ околу полнетите пиперки.
Добро, не игра само НАТО, „ринге ринге јаја“, во Украина, додека Русите им го пеплосуваат супермодерното оружје со вили и лопати, ниту пак е осамен Столтенберг во играта наречена „едно јајце муч, сите нордистанци чуч“. Богами и во остатокот од светот имаме различни форми на „шири, шири, весели пешкири“. Во Аргентина победи некој лик што го викаат Лудакот, кој шетал на протести со моторна пила (појма немам, не сум видел, само прочитав), па сега излегуваат информации дека аргентинскиов Ел Локо да ти бил антиглобалист, ама убер проамериканец (генијално локо, а?) и сега дечково ќе ја вадел Аргентина од БРИКС, ама и ќе воведел долар. Одлично, баш ми се гледа продолжение на „Тексашки масакр со моторна пила“, ама економска, латино верзија.
И Европа се сплетка во свое налудничаво „коларичу-паничу“, од кое којзнае како ќе се извлече, откако ќе разбере дека не може да се извлече. Во Холандија победи некојси Герт Валдерс (веројатно нема да му ја гледаме веќе фацата на оној Руте ван Туте фон Муте), па сега пискотници се слушаат од Брисел, преку Балкан, до Вашингтон, оти „летачкиов Холанѓанец“ да ти бил ем про-Израел, ем про-Русија, ем антимуслимански расположен, ем против проширување на ЕУ. Оди, фати му го крајот. Исти маки во најава, белосветските промотори на новата нормалност, си имаат и околу Германија и можната победа на АФД на следните избори, па си ја маваат сега главата како да ја забранат таа партија.
„Длабоката држава“ на САД е во статус кво танц на „е ма е са са“ (мојот сон да пловам по Мисисипи на бротчето Марк Твен во кое гледал Самјуел Клеменс) и нормално, како најмоќна светска воена суперсила, супермоќно ги загуби војните во Авганистан и во Сирија, сега ја губи војната од Русија во Украина, ама се топори да војува со Иран и со Кина и со сите сили се труди да го стави Доналд Трамп во затвор за да не ги победи на следните избори, оти тој е единствениот американски претседател што не војувал и, како таков, ја намалува омразата спрема прекрасните Американци низ светот. Патем, велам прекрасни затоа што и самите окупирани од своите, воопшто не се виновни за налудничавоста на нивните политичари. Уф, за малку ќе заборавев. И ЕУ одат на избори следната година, што е крајно небитно, затоа што нивниот парламент е „џатали-купатали, колку сте“, односно колку се, толку се, небитни се.
Туку и Нордистан ќе оди на избори. Во мај, велат, освен, нели, ако „алитачевци“ не смислат некоја ујдурма од типот избори ќе има по внесувањето на марсовските Бугари во Устав, закон со европско знаменце. Како и да е, комплексно, многу комплексно. Тоа ви е како да се судрат „куц-камен“ и „мижитатара“ во „сакате ли војна“. Не се вреѓајте одма. Не мислам на слепо и сакато. Ќор значи без едно око. На куциот не му работи едната нога. Ќоравоста е поради заслепеноста на едното око кое е наменето да гледа на исток. Нефункционалната нога создава нерамнотежа, затоа и нема неутралност што ги прави Нордистан и нордистанците вазали на една моќ, наместо да станат Македонци и да бидат свои на своето, а светот ако сака нека оди и бестрага.
Е сега, пред да појде на избори, Нордистан се занимава со крајно сериозни работи. Како најмоќна западна колонија на Балканот се занимава со самит на најнебитната организација во светот наречена ОБСЕ, со која ниту една негова членка на сака да претседава, па излегува дека Нордистан ќе остане доживотен претседавач.
Во меѓувреме, жената што се смееше додека намерно забораваше луѓе во притвори и уништи голем број невини луѓе и семејства преку монтирани политичко-полициски судски процеси со криминалци како сведоци, одеднаш остана без работа затоа што помисли да посегне по оние што, дури и кога се виновни, се недопирливи. Колку што сочувствувам со сите нејзини невини жртви, толку не ѝ се ситам (оти гневи се на гревот, не и на човекот), затоа што сум убеден дека оние што ѝ дадоа крила, како што обично бидува, тие сега ѝ ги скастрија.
Она што е важно тука, ако еден ден Македонија се ослободи од Нордистан, сите оние невини што неправедно скапуваат по затвори, колку и да не може тоа да им ги врати раатот и загубеното, мора да ја добијат својата правда, огромна отштета, мир и спокој, а потоа да влезат во историјата како жртви и херои и да ги добијат своите споменици и улици. Оти јас верувам, вие секако не морате, Бог допушта несреќа колку што плеќите на човек можат да понесат, ама неговата правдина секогаш на крајот пристига, дури и во форми што ние не може да ги препознаеме.
https://novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/kuc-kamen-i-mizhitatara-vo-sakate-li-vojna/

Никица Корубин екс пратеник, екс член на ЛДП, на гости кај Борјан Јованоски на 21 анализа, ерфектен говорник, и познавач на политичките случување во моментов, околу Македонија и македонската национална свест.
Штета што немам повеќе вакви „политичари“ и не им даваме подршка на вакви личности.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
Злото ги краде сите реченици, ама љубовта мора да стави точка на приказната
Од Александар Русјаков
Ми стана нормално да испратам колумна во редакција, а неколку часа подоцна да излезе информација што сакам да ја коментирам. Така беше и минатиот петок. Само што ја испратив колумната, се појави интервјуто на Џејмс О’Брајан, заменик-државен секретар на САД. Сега излегува дека доцнам, ама ќе кажам што мислам, оти убеден сум дека ваквите изјави ни покажуваат во каква тешка состојба е Македонија окупирана од Нордистан и неговите спонзори и претворена во колонија.
Немам никаква намера да ги бранам ВМРО-ДПМНЕ од политичкиот насилник, можат сами да се бранат, големи се. Мене ме интересира проблемот на Македонија, односно фактот дека со години сме принудени да слушаме вакви безобразни мангупи и вообразени циници, кои крајно невоспитано сакаат да ни плеснат в лице дека тие одлучуваат за нас, а ние сме никој и ништо, односно дека од нас очекуваат само да затнеме нос и да ги голтаме нивните заповеди. Сакајќи да ни порача дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единствен предлог на маса што го имаме, дека друг нема да има, па затоа ова мора да го проголтаме, О’Брајан ни кажа дека тој ни автомобил не би купил од Мицковски, а камоли нешто друго, што веднаш го направи Стејт департментот коалициски партнер на СДСМ и ДУИ за следните избори. Не дека не сме научени. Од Бејли наваму истото го гледаме.
Не би купил ни автомобил, а? Вакви ликови човек треба само да ги гледа во очи и намерно да се прави глуп. За миг посакав да сум функционер на ВМРО-ДПМНЕ, па да му вратам со муабетот: „Стварно, господине, О’Брајан? Не знаев дека Мицковски продава автомобил. Па, не ми треба автомобил. Блиску ми е гласачкото место, натаму одам пеш за да гласам за него, туку чув дека САД продаваат дел од својата моќ и влијание, зашто на сè повеќе места во светот не поминуваат, бидејќи државите одлучуваат истото тоа да го купат од Кина и од Русија како поевтини, ама и поквалитетни, но кога веќе зборуваме за автомобили, гледам Трамп има многу покул машина од Бајден, вистина ли е тоа?“
Потоа дојде страшната недела за која воопшто не ми се пишува. Свирепи убијци ѕверски убија дете и стар човек. Има осомничени, приведени, избеган, па фатен во друга држава. Мотивите звучат крајно безумно, сеедно што секое убиство на човечко битие само по себе е безумност. Информациите што МВР и Обвинителството ги споделија со јавноста звучат чудно, контрадикторно и крајно збунувачки, но ништо од сето тоа нема да коментирам. Јас сум писател, писателите се склони кон создавање приказни, само ќе ви ја препорачам вторничката емисија „Заспиј ако можеш“, каде што имате врвен полициски кадар во пензија, кој стручно зборува за сите проблеми и недоследности. Ден подоцна, во истата емисија, и новинарот Момировски фрли сосема поинакво светло на истрагата.
Мора да признаам, ме исплаши и јавноста. Не дека првпат ми се случува тоа. За време на пандемијата бев вџашен од фактот дека многу луѓе се спремни буквално да те убијат од страв ако не се согласуваш со препораките што ги слушавме на телевизија. Особено имаше вербална бруталност спрема оние што се сомневаа во вакцината, иако од денешна гледна точка излегува дека токму тие биле во право. Сега ме исплаши желбата кај многумина ѕверски да бидат убиени убијците. Сосема сум свесен за гневот спрема сторителите на оваа грозна нечовечност, ама ако плачеме за правна држава каква што немаме, не може истовремено да бидеме и средновековни џелати. Што ли тогаш треба да кажат Норвежаните, чија држава ја гледаме како идеал за речиси совршено општество? Психопатот Брејвик уби 80 луѓе, од кои 69 беа тинејџери. Доби максимална казна од 21 година, со можност да биде продолжена ако се процени дека сè уште претставува опасност за општеството. Во Тексас ќе беше спржен на електричен стол, а ваму, веќе утре може група норвешки психолози и социолози да го прогласат за рехабилитиран. Не сакам да верувам во тоа, длабоко во себе не се согласувам со крајностите ниту во Норвешка, ниту во Тексас, ама па никако не сакам да бидам обвинител, судија и џелат истовремено. Мора многу да се внимава што ни излегува од срцето.
Да, живееме во грди, ужасни времиња, не мислам само ние тука, така е во сиот свет, страста за моќ ја гази сомилоста, омразата ја силува љубовта, војната му се потсмева на мирот, а материјализмот сака да ѝ ја отсече главата на духовноста. Не дека вака не било и во други времиња, но сега ја имаме модернизацијата, која го забрза животот, а со неа и злото како појава се вмрежува со сета своја сила и деструкција. Да не ме разберете погрешно, никако не сакам да ја обвинам модернизацијата, науката или технологијата, затоа што никогаш не е виновна алатката, туку оној што ракува со неа, само потенцирам дека злото секогаш е погласно, вреска, за разлика од љубовта и творечката енергија, па оттука и неговата моќ, во денешно време, посилно се наметнува. Внимавајте, злото има одвратна замка во која сите лесно паѓаме. Главна цел му е, предизвикувајќи зло врз нас или врз други, и нас да нè опие со својата смртоносна опивка.
Многумина со право се исплашени и вознемирени. И јас сум. Луѓето се прашуваат како вака духовно, морално, па и економски потонати, ќе испливаме? Не знам, немам точен одговор, конкретен лек или волшебно стапче, и јас сум гревовен и паднат, се борам да не ме опие злото со сите негови манифестации, од секојдневни, интимни, преку индивидуални или општествени, до глобални и политички. Не верувам во револуции и нагли пресврти, ниту дека она што долго време се уништувало, а ние сме дозволиле да се случи поради комформизам, прекуноќ ќе се промени. Не сум ниту песимист, ниту оптимист, не сакам крајности, не верувам дека мојата уметност ќе го направи светот поубаво место за живеење (ја создавам бидејќи не знам како да живеам без неа), како поединец сум сретнал премногу прекрасни луѓе и сум добил огромна количина љубов без да ги барам или заслужам и оттука не можам да кажам дека светот е грд, а луѓето вообичаено зли. Знам само дека во вечната битка меѓу доброто и злото, каде што на двете спротиставени страни стојат љубовта и омразата, едната како творечка, а другата како деструктивна сила, мора по секоја цена и постојано приоритет да ѝ се дава на љубовта, да се работи на неа и сите нејзини деривати, како индивидуално, така и во семејството, општествено, образовно, политички. Да, злото ги краде сите букви, зборови, реченици, ама ако не дадеме сè од себе, љубовта да стави точка на крајот на приказната, залудни сме.
https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/zloto-gi-krade-site-rechenici-ama-ljubovta-mora-da-stavi-tochka-na-prikaznata/

Јанушев манипулира, Ковачки лаже и признава дека лаже, Милошоски одамна дезинформира, Николоски e „копикет“ на сопартијците во дезинформации, Мицкоски докажано дезинформира и како таков е запишан во тефтерот на ЕУ… Цело ВМРО-ДПМНЕ дезинформира.
https://www.slobodenpecat.mk/celo-vmro-dpmne-dezinformira-ja-zloupotrebija-i-bolkata-po-smrtta-na-vanja/

OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Страна 40 of 42 • 1 ... 21 ... 39, 40, 41, 42
Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 40 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот