Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 1 of 42
Страна 1 of 42 • 1, 2, 3 ... 21 ... 42
Интервјуа и колумни
Temava e zamislena kako mesto kade ke se postiraat kolumni i intervjua za koi mislite deka vredi da gi spodelite so ostanatite chlenovi...Eve kako za pochetok edna kolumna od Erol Rizaov...
ПРОФЕСОРОТ БАЛТАЗАР
Ерол Ризаов
Колкава е разликата кога претседателот Ѓорге Иванов е професор и кога е политичар
Претседателот на државата Ѓорге Иванов бил многу несреќен што не успеа да стаса на големиот марш на единство во Париз, каде што беше целата светска елита. Од претседателскиот кабинет ми велат дека бил страшно лут што целиот државен апарат, заедно со силната и влијателна македонска дипломатија, покрај сите напори не можеле да му обезбедат покана каде што се оди без покана. Штета што не им текнало да прашаат некој од државниот врв на соседите како да патуваат до Париз, ќе им кажеа дека на вакви настани се оди без канење. Болката и гневот на претседателот ќе бидат залечени со утешно патување во Катар, каде што ќе ги бодри нашите ракометари на Светското првенство.
Да ви кажам искрено не верувам многу во овие кулоарски и кабинетски приказни, мислам дека претседателот на државата остана дома поради две клучни причини на кои го обврзуваат државничките пишани и непишани правила. Прво премиерот Никола Груевски замина до Индија на многу важна бизнис-конференција. Не може во исто време и премиерот и претседателот да бидат отсутни и да ја остават обезглавена државата. Се сеќавате ли како бедно се чувствувавме кога два-три пати се случи да мора да бидат надвор од земјата и претседателот и премиерот. Сите бевме уплашени и загрижени како сираци што ќе се случи со нас кога „таткото и мајката“ на нацијата не се дома. Паметам со какво олеснување и радост ги дочекувавме кога се враќаа, простете, веќе не се сеќавам од каде.
И втората, можеби, пресудна работа зошто претседателот Иванов не замина за Париз е средбата со неговите колеги професори, Гордана Силјановска и Абдулменаф Беџети, како претставници на професорскиот пленум. За ништо на светот професорот Иванов не би ја испуштил оваа значајна средба со проф. Силјановска која е еден од потписниците на неговата кандидатура за претседател на државата и со академик Беџети. Особено не во ваква заострена ситуација кога над 10.000 студенти маршираат по скопските улици и кога над 500 универзитетски професори и асистенти се обидуваат со отворени писма и јавни петиции до Владата да ги покажат трагичните последици од замешателствата на власта во работите на универзитетот со арогантно наметнатиот државен испит и екстерното оценување од позиција на свршен чин како главен адут во спроведување на неопходни реформи во целокупното образование на Македонија. Проф. Иванов, како осведочен демократ, се разбира, не може да прифати никакви, па макар и најмали загрозености на автономијата на универзитетот, особено не може да прифати навредливо однесување на владата и парламентот со полноќни седници и со одлуки во црни темници, пред мугри да се забрза донесувањето на пакетот закони кои се во суштинска спротивност со вистински реформи на сите нивоа во образованието од основно училиште до факултетите.
Проф. Иванов чувствувал силна потреба да ги потсети своите колеги дека повеќепати како универзитетски професор укажувал на бесмисленоста да се отвораат стотици факултети низ македонските гратчиња и населби и да имаме 23 универзитети, а со Богословскиот, велат 24 универзитети. Проф. Иванов сакал отворено да им каже на своите колеги дека повеќепати јавно упатувал на искуствата во целиот свет дека за квалитетно високо образование не се доволни само стотици факултети и илјадници студенти кои немаат друг избор во животот освен да студираат, туку се неопходни многу други работи без кои не е можна квалитетна настава и студирање и полесно совладување на знаењата. Наставните програми усогласени со најдобрите универзитети во светот, нагледни средства, лаборатории и кабинети за научни експерименти, квалитетен професорски и асистентски кадар се голема желба на проф. Иванов, но истовремено и голема јанѕа бидејќи добро знае колку е тоа тешко и мачно да се постигне во најсиромашната држава на Европа која троши милијарди во политичка потрага по пославно минато. Знае проф. Иванов што не' чека кога повеќе се инвестира во минатото, отколку за иднината и кога повеќе се дава за субвенции на гласачите отколку за наука и унапредување на високото школство и воопшто на образованието.
Проф. Иванов лично, меѓу нас кажано, ги осудува колегите кои поради политички мотиви се организирале во контра професорски пленум, па сега ајде на ура ако вистинскиот пленум напише писмо до Брисел, еве ги и нив со контра писмо. Ако претседателот на државата ги прими колегите од автентичниот пленум , еве ги по нив и контрашите кај него. Професор Иванов нема никогаш да ги потпише законите донесени в зори без јавна дебата и без стручна и научна анализа, без изјаснување на универзитетскиот сенат и против аргументите на 500 професори од кои многумина му биле учители и кај нив полагал, се разбира, без државен испит.
Ете тоа е вистината што се однесува до проф. Иванов. Сосема друга е работата со претседателот на државата, политичарот Иванов, кој повеќе води грижа за својот рејтинг отколку за рејтингот на Македонија, кој повеќе мисли на својот комодитет, отколку на слободата и автономијата на универзитетот, кој повеќе мисли на своите слободи, отколку на жртвите од злоупотребата на власта во случајот со наметнатите државни испити и закони кои се непознато во научниот свет. Затоа, проф. Иванов овој пат ќе постапи како претседател на државата и како и многупати досега нема да стави вето на штетните закони. Можеби и проф. Силјановска како и проф. Шкариќ, како и сите ние, веќе дозна која е разликата меѓу професорот Иванов и политичарот Иванов. А, да не грешиме душа, можеби и нема разлика.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=F851274049FE8141AD5B32649C910C8D
Последната промена е направена од luxor на Сре Јан 14 2015, 22:56. Мислењето е променето 1 пати
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Goran Mihajlovski so "sakam da kazham"...
33,3 ПРОЦЕНТИ
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Со тротинет низ цел свет
1 Не знам зошто професорите од Професорскиот пленум беа изненадени оној ден кога пред "Александар палас", среде прес-конференција, им се појави премиерот Никола Груевски? Ај што беа изненадени. Беа избезумени. Дали затоа што воопшто дошол, или затоа што дошол навреме?
За мене многу поголема мистерија од онаа како премиерот за првпат успеа некаде да се појави навреме, останува зошто професорите не му го кажаа в лице тоа што го прочитаа пред хотелот само пет минути пред неговото доаѓање. А и тоа што потоа го читаа пред Собранието. Професорите велат дека не сакале да го кршат Уставот и оти ги почитуваат институциите на одвоеност на законодавната од извршната власт. И не отишле во Собранието на дебата оти премиерот не би требало да ги кани во институција каде што не е домаќин.
Ептен јака институција е тоа Македонското собрание. Особено овој состав без опозиција. Со кого сакаа да дебатираат професорите? Со онаа пратеничка на која не $ го знаеме името, што одби да ги викне и нив и студентите при првата расправа во надлежната комисија оти немало потреба? Со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои смеат да мислат поинаку од партискиот лидер и од министрите од нивната партија? Со Трајко Вељаноски ли ќе дебатираат? Да ги избрка со полиција кога ќе му здодеат? Конечно, ним не им беше целта да го бранат Собранието од Груевски. Тие требаше да си ја бранат автономијата на универзитетот.
Груевски е политичар. И, очигледно, си ја знае работата. А професорите, очигледно, ни по девет години не научиле со кого си имаат работа. За разлика од него што нив добро ги познава. Точно знае колку му е силата. И точно знае кои се слабостите на противникот. И досега никогаш го нема потценето. Се сеќавате како се појави на интервју на импровизираното студио на А1 телевизија пред да ја затворат? Така што, што се однесува до Професорскиот пленум, новиот закон за високо образование веќе е издувана тема.
Студентскиот пленум не се збуни. Си кажаа дека нема дебата додека Владата не го повлече законот. За разлика од нив, Груевски ги зашемети професорите од нога, па тие го заборавија дури и тоа што го имаа напишано на хартија. Дека и тие нема за што да дебатираат кога сметаат дека Владата упаѓа во автономијата на Универзитетот. Јас барем така го сфатив и нивниот протест. А не како договарање во која кафеана ќе пиеме. Во оваа или во некоја друга?
2 Груевски, за волја на вистината, им исполни една од желбите. Ја продолжи дебатата за цел еден ден. Пред да влезе во второ собраниско читање, беше предвидено за законот да се дебитира на 31 декември, на 2 јануари и на 5 јануари. Во последен момент се дозволи уште еден ден за испраќање забелешки до Владата. Осми јануари. Така што од три, дебатата се прошири на четири дена. Забележан е пораст од 33,3 проценти во јавното дебатирање.
3 За време на дебатата со ректорите во Собранието, ректорот на УКИМ Велимир Стојковски рече оти "факт е дека образованието не е тоа што некогаш било, меѓутоа постои уште еден факт кој укажува на тоа дека со дипломата од нашите универзитети дипломираните лесно наоѓаат работа во странство".
Така е затоа што во странство не те прашуваат дали имаш партиска книшка.
4 Кога бев мал, пред едно четириесет години во ова време од годината, за време на распустот моите ме испраќаа кај баба ми и дедо ми во Битола. И оти беше зима, а Битола беше позната по екстремни студови, никогаш не ме праќаа со автобус. Плетвар треба да се качи. Патот е ист и тогаш и сега. Најсигурно беше да се патува со воз. Имаше еден деловен воз, се викаше "Пелагонија експрес". Застануваше само во Велес, Богомила и во Прилеп и, кај и да е, и да врне и да вее и метар снег да има, возот стасуваше во Битола за два и пол до три часа. Побрз беше дури и од "брзиот" од Љубљана.
Четириесет години подоцна паднаа дваесет сантиметри снег. Во Македонија, земја-лидер во регионот и трета по економски раст во Европа, веднаш зад Ирска и Велика Британија, сите два воза кои одеа за Битола и за Кичево беа укинати на неодредено време поради лошите временски услови. Така рекоа на вести.
Ту, мајката. Да не паднеше снегот ненајавено среде зима, може и Британија ќе ја изедевме.
5 Среќа што по четириесет години снегот што ги завеа патиштата ги отвори новинарските видици. Македонската слободна мисла на почетокот на 2015 доживеа ренесанса. Имаше наплив на критички осврти. Не само што сите медиуми смееја туку беше пожелно да се критикува "Македонија пат". И да се пишува против директорот на јавното претпријатие, кој е кадар на ДУИ.
Министерот за транспорт Миле Јанакиески изјави дека не бил задоволен од "Македонија пат". Па што не го смени директорот? Шеф му е. Или нека го укинат "Македонија пат". И нека и` ја дадат работата на приватна фирма.
А тие од ДУИ во власта ли се? Последен пат кога прашав, уште беа таму.
Знаев јас дека некој мора да е виновен. Прво пробаа да го обвинат времето за завеаните патишта. И заклучија дека "не постои држава во светот која се справила со невреме". За да го лоцираат подоцна вистинскиот виновник. ДУИ.
Ако ја прошириме истрагата, виновни за неисчистените патишта се и СДСМ и ДПА. СДСМ затоа што изгуби на изборите неодамна, во 2006 година, па ВМРО-ДПМНЕ мораше да дојде на власт. Ај што дојде на власт туку и коалицираше со ДПА. А ДПА се виновни затоа што беа неодговорни, па ВМРО-ДПМНЕ мораше да коалицира со ДУИ. А кадрите на ДУИ "неквалитетно се справуваат со невремето". Како што заклучија критичките медиуми.
6 По 11 дена во мрак и студ, и селата од реканскиот и од струшкиот регион добија струја. Како што ЕВН им пушти струја така компанијата побара и разбирање. Ги замоли жителите да ја користат струјата само за ладење, а не и за греење.
Разбирање имаше и ЕВН кога Владата побара од нив да си ја сменат фасадата на нивното седиште. Австријците се согласија еден од највредните симболи на модерната архитектура во Скопје да го претворат во барок. Ама и Владата има разбирање за дополнителните трошоци на ЕВН за барокизирање. Па ја одложи либерализацијата на пазарот на струја.
Така што иако јавно се караат, Владата и ЕВН одлично си се разбираат. Сигурен сум дека ги разбираат и граѓаните. Ама натчовечки напори си се натчовечки напори. Како што повторно остро забележаа критичките медиуми.
7 Во сиот наплив на меѓусебно разбирање, градот Скопје, во кој ни Господ десет дена не успеа да ги одмрзне тротоарите , паркинзите и помалите улици, ќе распише тендер за набавка на електрични тротинети. Оти факт е дека тоа го немаме.
Бидејќи "Скопје 2014" ни го донесе цел свет на Плоштад, редно е да имаме и светско превозно средство. Градоначалникот Коце Трајановски, кога ќе се стопи мразот, ќе промовира нова туристичка кампања. Со тротинет низ цел свет.
8 МТВ јави дека ТВ-мрежата "Национална географија" била заинтересирана да прави емисија за несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски и да ја емитува во рамките на серијалот за истраги на авионските несреќи.
Ние таа епизода нема да ја гледаме. Цензорското тело уште не го одобри каналот "Национална географија".
9 За Божик, кога некој ќе поздрави со "Христос се роди", другиот одговара со "Навистина се роди".
Премиерот Никола Груевски од Тетово поздрави со "Христос се роди". И веднаш сам си отпоздрави: "Вистина се роди".
Е тука, навистина, нема простор за дебата.
http://www.vest.mk/?ItemID=C103A1F84784BC43956C0499B7367889
Последната промена е направена од luxor на Сре Јан 14 2015, 22:56. Мислењето е променето 1 пати
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Mitko Jovanov ,so svojata kolumna vo Libertas...
Анатомија на автократската власт на Груевски
Груевски многупати јавно изразува чудење зошто опозицијата го именува како диктатор, автократ, власт на фамилијата и слични квалификации. Швајцарскиот весник „Ное Цирихер цајтунг“ лани беше уште подиректен и Груевски го нарече мал диктатор. Верувам дека на Груевски сосема му јасно и е целосно свесен дека автократски владее, но се обидува пред јавноста да го скрие грдото лице на неговото практикување на власта преку омаловажување на опозицијата. Поради граѓаните треба да појасниме како се случи изминатите осум години да се инсталира власт во која улогата на народен водач ја има Груевски, моќта е кај братучедот, финансиите кај кумот.
Имено, откако стана лидер на ВМРО-ДПМНЕ во 2003 година, на Груевски му требаа околу две години за да ја узурпира партијата, период во кој ги избрка и ги отстрани личностите што размислуваат самостојно и имаат свој став и се опкружи со „вечни“ студенти и потрчковци да ги исполнуваат беспоговорно неговите наредби. Токму затоа од ВМРО-ДПМНЕ денеска остана само ДПМНЕ. Тоа не би не засегало како општество ако Груевски не ја искористи ДПМНЕ како инструмент за да ја освои целокупната власт во државата, откако во 2006 година стана премиер со помош на НСДП, која, пак, настана со отцепување од СДСМ, а штетите по државата допрва ќе ги осознаваме и ќе ги чувствуваме. Откако стана премиер, на Груевски му требаа неколку години за да ја освои целокупната власт во државата и да ја концентрира во кругот на најблиските и семејно поврзани личности.
Од 2009 година, номинален претседател на државата е Ѓорге Иванов, а реален е Груевски. На 24 декември 2012 година со полиција ги исфрли опозициските пратеници од Собранието заедно со новинарите. Во 2013 година ги освои и општините на локалните избори според претходно разработен и применет план на претходните избори, за нивно фалсификување, а минатата година ДПМНЕ ги надгради и ги прошири измамите за фалсификување на изборната волја на граѓаните и затоа опозицијата на чело со СДСМ не ги призна изборите и не ги прифати мандатите. Со тоа Груевски ја заокружи операцијата за узурпирање на државата – на сите нејзини институции, што ја почна од 2006 година, а претходно откако застана на чело на ДПМНЕ, веројатно и ја планирал. Токму затоа денеска нема веќе реална поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Нема веќе ниту реална децентрализација на власта, туку целиот политички, економски, културен живот и општествени процеси, веќе се управуваат од зградата на владата на Илинденска број два. Не само што им се узурпирани уставните функции на Собранието, претседателот на државата, судовите, општините, исто така им се реално узурпирани ингеренциите и законските овластувања и на министрите за да раководат со ресорите – тие се само номинално/формално министри. Законите и другите владини проекти се подготвуваат во кабинетот на Груевски и само формално се претставуваат и се презентираат преку министерствата.
Кога ќе згусти ситуацијата, тогаш во нивна одбрана се вклучува лично Груевски. Последен пример е предлог-законот за високо образование, откако се избламира министерот Адеми во јавните настапи како и неговиот заменик Ристовски кога студентите почнаа со протести, а и професорите се вклучија во отпорот кон законот, тогаш се вклучи Груевски на јавната сцена за да го брани законот преку омаловажување на студентите и професорите. Токму затоа е заблуда ако веруваме дека политиките во здравството ги креира министерот Тодоров или, пак, Диме Спасов во Министерството за труд и социјални работи, Јанакиески во транспорт и врски, Елизабета К. Милевска во Министерството за култура, Јанкуловска во ресорот полиција… Ист е случајот и со ресорите на чие чело номинално се министри Албанци.
Треба да ни биде јасно дека не постои меѓупартиска коалиција помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, туку лична соработка/договор меѓу Груевски и Ахмети за поделба на власта. Тие под власт подразбираат пари и моќ, а ги делат преку распределба на државните тендери, вработување партиски послушници и користење редица други привилегии. За да може Груевски да ја менаџира власта што ја приграбил од другите институции, му треба тим од лојални луѓе, кои ќе му бидат потчинети директно нему и ќе бидат под негова команда на дневна основа. Сепак, и Груевски не е натчовек па да може да го пробие времето и владиното 24/7 да го надгради и да го прошири, на пример во 36/12. Токму затоа Груевски формира паралелни служби во владата, кои се инсталирани во канцеларијата на премиерот и Генералниот секретеријат на владата. Потврда за тоа е невобичаеното масовно вработување на Илинденска број 2. Имено, на 6 јули 2014 година беше распишан оглас и се вработија 13 советници во Канцеларија на премиерот, меѓу кои, советник за политички прашања, советник за ЕУ, советник за надворешни работи, советник за животна средина, советник за рударство, советник за култура, советник за економија, советник за земјоделство, советник за правосудство, советник за енергетика, советник за транспорт и врски, советник за информациски технологии, советник за локална самоуправа…
На 10 октомври 2014 година повторно е распишан оглас за вработување на 28 државни службеници и пак за во Канцеларијата на премиерот, дел од нив на позиции државен советник за економски прашања, државен советник за надворешна политика, државен советник за правни прашања, државен советник за меѓународни односи, советник за односи со меѓународни финансиски организации. Тоа не е сѐ. Во Секретаријатот на владата се примени 87 лица во октомври минатата година, дел од нив на следните позиции – раководител на одделение за соработка со Собранието и со претседателот на државата, советник за соработка со Државното правобранителство…
Ако ја погледнеме структурата на работните места, делокругот на задачи и обврски, се забележува дека тие наликуваат и функционираат како паралелни служби на министерствата и на другите државни институции, а се под директна команда на Груевски. Токму преку нив, во голема мера, Груевски ги дерогира/нарушува надлежностите на државните институции да функционираат согласно Уставот и законите. Не случајно беше спроведено предвремено пензионирање на полицајци за да се примаат нови, кои ќе бидат лојални на Груевски и на неговата фамилија на власт. Дополнителна потврда за ова е и тоа што дипломците од Факултетот за безбедност беа изоставени, иако се школувани токму за да работат во полицијата.
Сево ова е школски пример како настануваат автократиите и диктатурите, за што ни потврдува историјата преку многубројни примери.
М-р Митко Јованов
http://libertas.mk/%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3/
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Rizaov so novata kolumna vo Utrinski...
http://www.utrinski.mk/?ItemID=E371FB314446CA4D8AAF835C63AF9BE4
САМО АКО ДОЗНАЕ ГРУЕВСКИ
Познати приказни од историјата на сите режимски општества кога водачот ќе дознае дека неговите најблиски го лажат
Во последно време како што расте бројот на аферите и скандалите на високи функционери во Владата, се' почесто од моите пријатели на власт ја слушам истата реченица во разни варијанти: за ова Груевски не знае, само ако дознае ќе им ја расплаче мајката. Човекот се отепа од работа, а овие околу него го лажат, бргу ќе им дојде крајот. Не може се' сам, го опкружиле од сите страни, не се стасува до него, ама прашање на ден е кога ќе има голема чистка, ќе си го најдат тоа што си го бараат. Тој ги направи луѓе, ги донесе на високи позиции, а гледај како му враќаат. Е, нема веќе да ги спасува ќе мора да платат за тоа што бараат преку леб погача... Време е за реконструкција на Владата, да дојдат млади и чесни луѓе.
Ова се познати приказни од историјата на сите режимски општества, овековечени и во литературата. Повозрасните читатели веројатно се сеќаваат на ситуациите кога во едни одамна минати времиња слушавме со шепот од сигурни извори дека Тито не знаел дека 1968 година студентите протестираат за да се стави крај на неправедното богатење, дека прашуваат чии деца студираат во странство, дека викаат долу црвена буржоазија, не читајте, штампа лаже.... само ако дознае Тито, готови се сите што го опкружиле и го лажат. И се разбира, кога Тито дознал дека студентите не се виновни, веднаш тие непријатели и странски платеници станаа „нашите деца“ кои се злоупотребени. Или уште порано, за време на Инфорбирото и судирот Тито – Сталин, голем дел од јавноста, а и најголемиот број заточеници на Голи Оток биле убедени дека Тито не знае за нивната голгота и страдања, повеќето биле сигурни дека Тито воопшто не знае дека има затвор на Голи Оток.
Големиот руски писател и дисидент Солженицин, опишувајќи ги страдањата на илјадници луѓе по гулазите на Сталин, во Сибир, пренесува автентични сведоштва дека затворениците, особено оние што биле на високи позиции во власта, биле убедени дека вождот Јосиф Висариониович не знаел дека тие се во прогонство по сибирските казамати. Постојано се обидувале да му достават писмо на другарот Сталин за да бидат спасени. Му пишувале на својот џелат убедени дека луѓето околу него се вистинските виновници за нивната несреќа и страдања.
Најдобрите романи на нобеловецот Маркес и на цела плејада јужноамерикански големи литерати совршено е опишан малиот човек-страдалник наспроти корумпираното општество и големината на диктаторот и патриотскиот вознес кон татковината и верата. Долги години пред револуциите и пролевањето реки крв за слободата, луѓето биле убедени во безгрешноста на најголемите диктатори. Причините секогаш ги барале во корумпираните полтрони кои го обиколувале чесниот татко на нацијата и ја криеле од него вистината.
Најголемата несреќа откако постои човештвото, Втората светска војна, и стотиците милиони човечки жртви како последица на фашизмот и нацистичката иделогија, се' уште се просто неверојатен историски доказ колку заслепеноста по водачот, до последен здив ги прави луѓето зависници и верници на еден лудак. И Германците долги години биле убедени дека Хитлер е безгрешен, дури и кога паѓале бомби врз Берлин. Грешките биле само на неспособните генерали околу него.
Во 21 век, во новите демократски несозреани општества со ограничени слободи, овие историски симптоми се разбира се одразуваат на друг начин, но во суштина ги имаат истите обележја. Повторно во центарот на вниманието е водачот кој се амнестира од сите одговорности, било да се работи за половина Македонија завеана и во мрак по 30 сантиметри снег паднати среде зима, било да се работи за масовни студентски демонстрации и петиции на стотици универзитетски професори, било да се работи за коруптивни афери на најблиските соработници и министри во Владата. Зошто премиерот би морал да знае дека „Македонија пат“ склучувала договори кои смрдат на корупција со приватници човек-фирма и два скапани булдожера за милионски износи кога сето тоа е легално и на тендер. Е, тоа легално на тендер, кога човекот-фирма ги победува големите градежни компании е всушност озаконетиот арамилак кој премиерот не го знае, како што не знае дека неговиот министер има сериозен судир на интереси кога на владини клиенти издал куќа под кирија. Или зошто премиерот треба да знае непотребни детали од студентското и професорското движење и што во суштина претставува автономија на универзитетот. Или што е улогата на еден, да речеме Универзитетски сенат. Тоа не е работа на еден премиер кога има извонреден министер за образование и наука, каков што Македонија никогаш немала.
Зошто премиерот би требало да знае дека Апелациски суд донел одлука пред повеќе од еден месец по жалбата на новинарот Томислав Кежаровски, но не ја соопштува од безбедносни причини за да не се вознемири некој премногу кога во Македонија и во светот сите станаа „Шарли“ борци за слобода на медиумите. Во такви услови не е баш пожелно да се соопштуваат судски одлуки кои премиерот не ги знае и не треба да ги знае оти доаѓаат од независен суд што си ја знае работата, кога, како и што треба да соопшти. Зошто премиерот би морал да знае дека уредниците на најгледаните телевизии знаат на памет непишани списоци на проскрибирани стотици луѓе кои не смеат да се појават на нивните екрани. Зошто би се замарал со такви работи еден премиер кога телевизиите одлично како и судовите си ја вршат работата. Зошто премиерот би морал да знае колку пари добиваат за тоа од буџетот добрите телевизии кога тој ги знае странските платеници во медиумите. Зошто премиерот би требало да знае кого утре ќе лустрираат кога за тоа си има независна лустрациска комисија, која редовно си крати се' што стрчи. Овие работи и уште стотици други ги знаат само тие што го обиколиле и не даваат никој непожелен да го вознемирува водачот. Така ќе биде се' додека премиерот не ги дознае работите. Е, тогаш ќе видите што ќе им направи. Ќе летаат како партали.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=E371FB314446CA4D8AAF835C63AF9BE4
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
ПУКА ЛИ БРАНАТА ВО ВЛАДАТА?
Мерсел Биљали
Некои луѓе го прашале славниот грчки филозоф Аристотел нешто за планетите. Тој кратко им одговорил дека не знае. А зошто те плаќа толку многу кралот кога ти не знаеш?! – додале тие. Па тој ме плаќа за тоа што го знам. Да ме плаќаше за тоа што не го знам, целата државна каса немаше да биде доволна за да ми плати – одговорил тој. Тој веројатно сакал да каже дека добрите работи имаат граница, а лошите не. Типичен пример за тоа сме ние, кои скапо плаќаме луѓе кои не знаат ништо, а и не сакаат да научат. Дури знаењето го сметаат за нешто што му припаѓа на ѓаволот. Ние сме уникатни во светот по тоа што водачите не само што не знаат ништо од тоа што треба да го знаат, туку уште полошто – тие не знаат ниту за етика, ни за совест, уште помалку за морал и одговорност.
Пред две години, тогашниот германски претседател Кристијан Вулф поднесе оставка, затоа што медиумите обелоденија дека за време кога бил премиер на една покраина добил кредит за покуќнина од една банка со помала камата од вообичаенато! Јавниот обвинител побарал одземање на имунитетот за да може непристрасно да преземе дејствија. Минатата година, две министерки во јапонската влада, таа за правда Мидори Мацушима и таа за индустрија Јоко Обучи, поднесоа оставки само поради тоа што медиумите пишувале за некаква мала финансиска малверзација. Пред два месеци, португалскиот министер за внатрешни работи Мигел Маседо поднесе оставка само поради критиките од медиуми дека не дејствувал соодветно во аферата „Златни визи„ поврзана со еден странски инвеститор.
Дури и во тие држави кои до вчера ги нарекувавме “банана држави“ вредат некакви елементарни правила за одговорност. Така, пред некое време премиерот на Хаити – Лорент Ламоне поднесе оставка поради социјалните незадоволства во државата кои резултираа во големи протести. Ја прифати одговорноста поради тоа што не успеел да направи нешто повеќе во полза на подобрувањето на состојбата. Дури и во едни номадски држави властодржците се соочуваат со сопствен морал. Така, премиерот на државата Мали – Муса Мара поднесе оставка оти не успеел да направи доволно во насока на смирувањето на меѓуверските односи во државата. Дури и во нашето непосредно соседство имаме добри примери. Пред некој месец, црногорскиот министер за здравство си поднесе оставка поради некоја масовна инфекција во болницата во Бијело Поље, каде што почина едно бебе.
Има уште безброј случаи каде што влади, премиери, министри и други носители на јавни функции поднесувале оставки дури и за, по нас, банални причини. Меѓутоа, совеста е таа што ги има натерано на таков чин. Нашите водачи не ги гризе совеста бидејќи воопшто ја немаат. За нашите водачи не се ништо мага-аферите од типот “Македонска Банка“ “Загорац“ “Актор“ “станови“ “милионче“ и многу други. За нив нема тежина социјалната и економската хаварија во државата! Голема работа што исчезнале околу пет милијарди евра од државата! Проблемот што долгот е дуплиран иако немаме ништо изградено освен пералницата “Скопје 2014“ и не е некаков голем проблем! Направивме чисти пари ама валкан образ! Не значи ништо тоа што луѓето се соочуваат со колективни трауми, со убиства и секоjдневни самоубиства! Па што ако пропадна пописот?! Се крадеа гласови, се фалсификуваа исправи, па и тоа нема некое значење! Егзодусот на половина милион млади надвор го прогласија за успешен туризам! Дури не е некаков проблем ни тоа што во куќата на министерот за транспорт и врски се регистрирани фирми што добиваат повеќемилионски тендери! Ги прашувам овие луѓе – што уште треба да се случи за да понесете некаква, барем морална, одговорност?! Треба да падне некој астероид од вселената по ваша вина за да превземете некаква одговорност?! Ама и тогаш ќе го обвините Севишниот!
Зарем не е за оставка и одгoвoрност тоа што 15 пати го менуваат законот за високо образование и пак за катастрофата се виновни професорите и студентите! Вакво понижување на професорите не направил ниту Хитлер, кој сепак имал почит кон универзитетите. Секој нормален се прашува што уште треба да се случи за да сноси одговорност некој од власта!? Ваква неодговорност не е видена ниту во Колумбија каде што владеат нарко-картели и банди! И во светот на животните си има некаков инстикт за рационалност, а кај нашето водство не! Овде љубовта кон туѓите пари создава голема омраза кон сите други. Какво суштества треба да се овие чиј морал е толку низок, а амбицијата толку висока?! Да сакаат вистински квалитет во образованието ќе беше доволно само еден член од законот да сменат за да наведат дека – на работа и во унапредување клучен ќе биде успехот (највисокиот просек). И образованието ќе цветаше. Напротив, овие го убија квалитетот. Го уништија знаењето. Џабе велат дека млади се примаат на работа транспарентно кога ги примаат само тие што носеле партиски транспаренти, кога партиските плакати станаа поважни од квалитетните дипломи!
Измамите и манипулациите веќе се претворени во стил на живеење и општа култура. Сега стана срамота да сте чесен! Ветија многу добри работи, а остварија само лоши. Сега вмровската лекција успешно ја научија и интегративците кои успешно се интегрираа во организираниот криминал. Лажеа за консензуален претседател за да добие сегашниот, кој функцијата шеф на државата ја претвори во објект за потсмев. Ветија едната од трите функции во државата, а не добија ништо. Ветија уставни промени за јазикот и изборот на претседател на државата, а добија уставни промени за перење пари. Ги ветувааа ЕУ и НАТО, а го остварија вмровскиот лав!
Но, се си има свој крај. Браната веќе пукна и прашање на време е кога ќе ни се случи поплавата. Пукна и вмровското лажно единство, оти луѓе околу лидерот веќе му подметнуваат нему се подлабоко да тоне, за да можат самите да се спасат. А во ДУИ скоро половината од пратениците не поддржуваат повеќе криминал. Тука веќе е видлива борбата меѓу криминалното крило и чесните пратеници кои ги гризе совеста и кои бараат радикални промени во партијата, збогувајќи се со тие кои се до гуша во корупција и криминал. Луѓето полека, но сигурно се ослободуваат од стравот. Веќе дојде времето стравот да се пресели кај власта. Луѓето сфатија дека за да ја добијат слободата мора да се изборат за неа. Тоа да го докажеме во вторник.
http://inbox7.mk/archives/3588

Се стега обрачот.Во интервју за шител телевизија,американскиот амбасадор Волерс,не гледа никаков проблем што опозицијата бара техничка влада.
Волерс за Сител: Барањето за техничка влада не е екстремно
Американскиот амбасадор во заминување Пол Волерс, смета дека техничка влада не е толку необична, затоа што и други земји имаат техничка влада или делумно технички влади, дури и вели дека живеел во некои, во интервју за Сител.
- Луѓето во одредени позиции се повлекувале за време на изборите, па потоа се враќале во зависност од резултатите на изборите. Техничката влада не е толку екстремна. Проблемот повторно е како да се сретнеш и да постигнеш договор, што ќе е добар за сите луѓе во Македонија, а не само за една или друга партија. Тоа е многу важен факт. Што е добро за сите и за иднината на земјата, не само сега, туку и за период од десет години од сега - вели Волерс.
Според Волерс револтот по најавените измени во законот за високо образование се последица на отсуството на дијалог на Владата со граѓаните и засегнатите страни.
- Не можам да заземам став за самиот закон, но повторно, мислам дека ова е симптом на поголем проблем, односно недостиг на дијалог меѓу Владата и луѓето кои се засегнати со новиот закон. Нормално е да сакате да дадете некаков придонес, некакви идеи за она што сакаат луѓето кои се инволвирани во проблемот, во случајов студентите и професорите. Мислам дека кога владата решава, за тоа што сака да направи, а мислам дека искрено реши дека овој нов закон ќе биде многу добар за земјата, и сакаа тоа многу брзо да се заврши и да го направат што е можно поефикасно. Но, тие не добија инпут, не добија согласност, и не остварија дијалог со засегнатите страни. Тогаш се случува ова, кога имате таков пристап и сакате да наметнете нешто од горе, без разлика колку добра волја имате и сте сигурни дека тоа е добро за земјата, ако не добиете согласност од луѓето кои се засегнати, ќе добиете отпор - вели тој.
Волерс предупреди дека Македонија ризикува да остане изолирана.
- Внимавајте да не останете сами! - вели тој.
Во врска со спорот околу името, тој смета дека целата работа не е толку во поттикнување, присилување на Грција да го отфрли ветото, туку да се натераат двете страни да сакаат да се посветат на прашањето, да дискутираат, да постои дијалог, да се работи на наоѓање заедничко решение кое за двете страни ќе биде прифатливо.
- Нема да биде 100 отсто исполнување на желбите на која било од страните, туку ќе биде доволно за двете страни да кажат дека извлекле нешто позитивно за да се оди понатаму - вели Волерс во интервју за Сител.
http://plusinfo.mk/vest/11823/volers-za-sitel-baranjeto-za-tehnicka-vlada-ne-e-ekstremno
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Navistina glupavo e da imas politicki baranja,kako na primer sloboda za mediumite , a da se ograduvas od politikata i partiite.Gerovski ova dobro go napisal...
Кој не се меша во политика, меша во скутот на Груевски!
Ме изнасмеа другар ми Петрит Сарачини, со својот пост на Фејсбук: „На оние што не сакаат да се мешаат во политика, им препорачувам да мешаат појако во скутот на Грујо. И секако, обавезно да му се извинат што се некултурни, оти му вртат грб дур ги онади“.
Петрит убаво го срочи она што и јас со денови и со месеци се обидувам да им го кажам на оние „невладините“ маргиналци што при секој протест се „оградуваат“ од „мешање во политиката“ и од партиите, но и на партиите, кои ги игнорираат граѓанските активисти, за да не ги „одбележат“ и така да си останеле, демек, „сериозни“.
Ало дечки, ајде освестете се малку и почнете сите заедно да се мешате во политика, оти вака навистина само наивно мешате во скутот на Грујо и му правите ќеиф. Или ики ќеиф, можеби. Политиката не е прерогатив на политичарите и на партиските апаратчици. Загрозувањето на човековите права и слободи, ригидноста на режимот и погубните јавни политики се првостепени политички прашања, што не засегаат сите.
Неправедната пресуда за Кежаровски и киднапирањето во петокот, на пример, беше и останува крупно политичко прашање. Ете, го кренавме гласот, се замешавме во политиката, протестиравме и сега освојувавме уште една битка – Кежаровски е пуштен на слобода и веројатно веќе нема да се најде зад решетки. Нашата борба ќе продолжи, се до конечното прогласување на нашиот колега за невин.
Некој напиша, малите победи треба да се нагласуваат, затоа што ја навестуваат големата победа. Се согласувам. Тој што не знае да се радува, не заслужува да победува. А овој режим ќе биде поразен тогаш кога сите ќе почнаме да се мешаме во политиката. Како одговорни граѓани, тоа е наше право, но и наша обврска.
http://plusinfo.mk/mislenje/210/koj-ne-se-mesha-vo-politika-mesha-vo-skutot-na-gruevski
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Gordana Popsimonova za Horhe...
ДРЖАЛНИК
Ѓорге Иванов до крајот на својот технички мандат ќе си остане техничко лице познато под техничкиот назив – Хорхе.
Претседателот на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов, ќе постапел како државник. Така пред 10-тина дена изјави тој самиот по средбата со претставници од Професорскиот и од Студентскиот пленум. На која моите колеги ги изнесоа нашите аргументи за измените на Законот за високо образование, наведувајќи дека станува збор за владина политика за девалвирање на академската заедница во нашата држава, за кршењето на Уставот и за грубата и нахална агресија врз автономијата на универзитетот.
Охрабрена од неговата изјава, тогаш напишав отворено писмо, односно јавен повик до претседателот на Република Македонија. Сметав дека државничкиот сенс на кој тогаш се повика тој, по автоматизам значи заштита на Уставот, односно ставање вето на неуставните акти.По вчерашното негово потпишување на Указот со кој пакетот образовни закони стапија на сила, Ѓорге Иванов не е веќе ниту професор, ниту доктор, а најмалку државник.
Простете на зборот, ама тој е ДРЖАЛНИК. Се држи за скутот на Груевски и грчевито ја стиска фотелјата која му овозможува претседателски бенефиции.
Станува соучесник во беззаконието, а неговата последна изјава дека добил „цврсто уверување од предлагачот (Владата) дека во наредниот период ќе биде организирана сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од сферата на високото образование со релевантните субјекти од оваа област“ го прави човек-бурлеска.
Каде го има ова луѓе мои? Нашиот претседател прво го озаконува незаконитиот закон, а потоа планира да организира расправа за неговата законитост. Ова би било добар виц, да не е наша сурова реалност.
По оваа козерија, сигурна сум дека Иванов, не само што нема минимум професорска етика, туку и во име на функцијата го фрлил на буниште своето минато во образованието и заборавил што значи Универзитет, што значи високо образование и што значи академска слобода.Иванов се претстави како сатрап (вазал) на владејачката партија, не само затоа што со својот последен гест покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку и дека е беспоговорен извршител на својот наредбодавец.
Сакам да го потсетам дека еден од синонимите за неговата функција е „шеф на држава“, а не „слуга на премиерот“.
Сакам да го потсетам дека државник е човек што обединува и што се грижи за заедничките вредности, а не што разединува и ги погазува законите.
Сакам да го потсетам дека секоја власт е менлива и минлива и дека еден ден ќе треба да ги погледне в очи своите колеги – професори и студенти.
И конечно, сакам да го потсетам дека и тој самиот е дел од една тоталитарна, бескрупулозна и забегана власт, која неартикулирано гази врз најсветите човекови права: слободата, еднаквоста и правдата.
Ѓорге Иванов до крајот на својот технички мандат ќе си остане техничко лице познато под техничкиот назив – Хорхе.
Гордана Попсимонова, универзитетски професор
http://fokus.mk/drzhalnik/
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Ako na nekoj ne mu e jasno kakva e sostojbata vo dpmne, neka go poslusha DROTOV....ke mu se razjasni!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Goran Mihajlovski so viduvanje na strajkot na nastavnicite,i kontramerkite na vlasta...
ЗАМЕНСКИ ДЕЦА
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Кога не пиеме нафта, вистинската реалност е анус споен со вагина
1 Еве цела недела како што заврши распустот, дома држам часови по граѓанско образование. Морам да им објаснам на децата зошто не одат во школо. Бидејќи го почитувам Уставот, а тој го гарантира правото на штрајк, не им ги оставив децата на заменски наставници. Би ги оставил, ама сè уште не се дојдени до одделение во кое се учи предметот граѓанско образование. Многу сум љубопитен како некој наставник што градоначалникот го ангажирал да ги замени колегите што штрајкуваат ќе држи предавања на таа тема. Да им објасни на децата што е штрајк, каква е улогата на синдикатите во демократско општество, што е слобода на говор, што е Устав, што е цензура, што е слобода на граѓанско здружување... Да им каже и што е лојалност кон државата. И дали лојалноста кон државата е поврзана со лојалност кон партијата од која е градоначалникот. Само се плашам децата, како што ме прашуваат дома, да не почнат многу да прашуваат и во школо.Што ако нешто не им е јасно? А заменскиот наставник не може да им објасни. И ако на градоначалникот не му се допаѓаат прашањата на оригиналните деца, да си донесе и заменски деца?
2 Како ги наоѓаат заменските наставници? Сами се јавуваат, доброволно заменуваат, или се само пренаменети? Прво партијата ги уценувала луѓето со тоа што со години ги држела со решение за вработување на одредено време или само на хонорар. А сега за да ги задржат работните места, еднаш уценетите мора да одработат замена на нивните колеги. Оти штрајк, нели, нема. Никој не бара поголема плата. А изгледа и не им треба. Плус, наставниците се согласуваат со казнената политика на Владата воведена со екстерните испити.
Всушност, со воведувањето на заменски луѓе само се институционализираше начинот на кој повеќе од 23 години функционира македонското општество. Тоа значи дека тоа што си лепел плакати и што си морал со своето присуство да правиш бројност на политички митинзи, и си морал да донесеш најмалку десет гласови на избори, па затоа си добил државна работа, сега ќе мора да го платиш. Со тоа што ќе се претвориш во заменски човек. Колку тоа гордо звучи.
А наставникот по граѓанско образование, па дури и тој што е прва замена, сигурно знае дека во Уставот пишува оти не само физичкиот туку и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. Ама така пишува само во Уставот. Со закон може и моралниот интегритет ќе го забранат. Исто како што правото на штрајк е гарантирано со Устав, а забрането со закон.
3 И во едно такво општество, поделено на оригинални и заменски личности, не е ништо чудно кога ќе ти дојде редот за операција, да му се паднеш и на некој заменски хирург. Кој под надзор на американски стручњак спојува вагина со дебело црево, како што се случи во една скопска болница. И нормално е после да те убедуваат дека така треба.
Стручњакот е дел од владините реформи во здравството. Ама ако поставиш прашање за одговорност на американскиот стручњак, ќе ти најдат замена што не поставува глупави прашања.
4 Приказната со колегата Томче Кежаровски, кој беше осуден на две години затвор, можеше да се реши на многу едноставен начин. Доволно ќе беше претседателот на државата Ѓорге Иванов да го аболира. Без да навлегува во судските одлуки, без да толкува правнички процедури, без дури и да се заморува со случајот. Едноставно. Тој е Претседател. Неговата функција е да ја претставува државата. Тој дури и победи со слоганот "Државата пред сè". Можеше само да каже дека не е добро за имиџот на државата да имаш новинар во затвор за објавен текст. Дека не е убаво за Македонија да ја споменуваат во иста група со Турција, Русија и со Белорусија кога се зборува за граѓанските слободи и демократија во Европа. И за доброто на државата, која му е над сè, ќе го ослободеше Кежо. Можеше, ама не направи така.
5 За разлика од случајот со Кежо, Ѓоле не нè разочара во врска со Законот за високото образование. Тој постапи токму така како што очекувавме. Го потпиша во предвидениот термин.
6 Кога сме веќе кај имиџот на државата и затворањето новинар, разочара и министерот за надворешни работи Никола Попоски. На прашање на австриски новинар, изјави дека не му јасно зошто новинарите протестираат кога "лицето веќе било на слобода".
Изгледа дека поради бројните службени отсуства од земјата не разбрал дека скоро две години во Македонија лежи новинар во затвор.
7 Го гледав министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како во вести ги промовира новите линии на унгарскиот нискобуџетен авиопревозник "Визер". Затоа што на унгарски газда му даваме наши пари од буџетот да ни вози патници со неговите авиони. Па уште и цени споменуваше, џанам да побрзаме да си резервираме додека не се потрошиле евтините карти.
Има ли држава во светот во која министер за транспорт се појавува да рекламира приватна авиокомпанија? Ај што компанијата е приватна туку е и од друга држава?Додуша, нам пријателска. Овие Унгарциве многу ербап бизнисмени излегоа. Многу јак портпарол имаат во Македонија.
8 Добро ни дојде падот на цената на нафтата. Порано во виното вистината ја баравме, сега во нафтата ја добиваме. Така ја одржуваме паралелната реалност во која економијата расте затоа што сиромаштијата не е измерена од 2012, расте и бројот на вработени со бришење на хонорарците, нема штрајкови, нема протести, се храниме здраво, а дишеме загаден воздух, има слободни медиуми, независни судови, ефикасно здравство и реформирано образование.
А кога не пиеме нафта, вистинската реалност е анус споен со вагина. Ама под меѓународна супервизија. И со уверување дека така треба да биде.
9 И за крај доаѓа препораката од локалните власти како да се однесуваме со загадувањето. Не излегувајте од дома. И не проветрувајте. Уживајте си во смрдеата што сами сте си ја направиле.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Љубчо , за Радио слободна Европа...
Линк до видеото со целото интервју...
http://www.makdenes.org/content/article/26811891.html
Љубчо Георгиевски: Власта сака да нѐ одалечи од западот и да нѐ спои со Србија!
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски во неделното интервју за Радио слободна Европа вели дека власта на Никола Груевски има јасна цел Македонија да биде што подалеку од ЕУ и од НАТО, а што поблиску до Србија и тој процес да финишира најверојатно со спојување на државава со Србија.
- Јас сметам дека во овој момент ние имаме отворено србизирање на македонскиот народ и дека малку фали ние утре на референдум 80 проценти да гласаме за спојување со Србија. Ова е една класична југословенска политика и јас сметам дека актуелната влада очигледно е инструмент на белградската политика во Македонија. Долги години не сакав тоа да го изречам толку јасно, меѓутоа дефинитивно кога ќе ги поставите сите тие игри во последните години ќе видите дека тие имаат јасна цел - Македонија што подалеку од ЕУ и од НАТО, што поблиску до Србија, и најверојатно во одредена фаза и спојување со Србија, изјави Георгиевски.
Во интервјуто Георгиевски говори за последните измени на Законот за високо образование, кои според него се „проект заради проект“, а експремиерот демантира дека тој и премиерот Никола Груевски се во некаков премолчан пакт и оти токму тендерот за барокен хотел, кој го доби неговата фирма, е доказ за тоа тајно сојузништво.
Георгиевски вели дека македонската економија оди во насока на банкрот во кој може да ги вовлече и домашните банки, а во разговорот за Радио слободна европа тој прашува зошто во Македонија не би можело да има техничка влада исто како на последните два изборни процеси во Бугарија.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19689
Линк до видеото со целото интервју...
http://www.makdenes.org/content/article/26811891.html
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
ех Војводо Војводо,оние малкумината што останаа со тебе се на мала душа и напрсти се бројат,целата чета изгина.
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
Што ти е чудно и каj вас и каj нас владеат луге блиски до поранешните служби. Каj вас тие беа под прека контрола на Белград и србомани до коска. Лjубчо беше еден од малкумината идеjалисти и каj нас не останаа вакви.
_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири- Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14
Re: Интервјуа и колумни
додека беше премиер имаше можност да се справи со службите односно со поединци кои влечеа конци во службите, ама ете...
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
Тоj за мене е еден не многу паметен но логичен човек. Немаше способности за премиер. Таму треба човек коjшто може да се оправува со луге. Ни еден од неговите избори не е верен само да ти покажем Груjо и повеке нема шо да збориме.А и сама птичка пролет не прави како кажуваме во Бугариja.
_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири- Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14
Re: Интервјуа и колумни
Еве и од Геровски една жестока колумна...
Вмровски штеп
Бранко Героски
Кога во есента 2005 година дојдов во редакцијата на весникот „Време“, за да го уредувам неделното издание што го покренавме тогаш, со Велија Рамковски, неформалниот сопственик на весникот, се договоривме прецизно – јас ќе имам целосна самостојност во уредувањето, а тој, доколку не му се допаѓа како си ја вршам својата работа, може да ме смени, но додека не го стори тоа, не смее да ја загрозува мојата уредничка автономија. Мислам дека во почетокот човекот не ме разбираше сосема и малку се лутеше кога го критикував, оти по телефон „уредуваше“ телевизиски прилози, во паузите додека ловевме плашица во каналот Студенчишта. Се сеќавам, се шегував со него: „Добро е што не си газда на болница. Оти да си, ќе влезеш во операциона сала и ќе оперираш. Има крв да се лее до колена“.
Морам јавно да посведочам дека Велија машки се држеше до договорот. Човекот доследно ја испочитува мојата уредничка автономија, што беше особено важно од 2006 година, кога го покренавме дневниот весник „Шпиц“, еден возбудлив и грандиозен проект. Од првиот до последниот број, „Шпиц“ беше критички настроен кон владата на Никола Груевски. Во тоа време, Велија и Никола тесно соработуваа. До криза во односите меѓу нив двајцата дојде дури во 2009-2010 година. Повеќе од две години газда Велија беспоговорно ја трпеше уредувачката линија што ја фурав со весникот и којашто веројатно му создаваше непријатности во релациите со суетниот Груевски (а можеби и можности за пазарење, кој да ги знае). Во втората половина на 2008 година, Рамковски се повика на вториот дел од нашиот договор – ме смени од позицијата главен уредник на весникот, но доблесно јавно призна дека тоа го сторил од политички причини (тогаш му пречеа мојот став за спорот за името и за НАТО). И уште нешто стори тој – ме замоли да останам на Перо Наков, за подоцна да ме врати на кормилото на „Шпиц“.
Сум пишувал, а во некоја следна прилика изгледа ќе мора пак, сега поисцрпно, да пишувам за вистинските причини за кавгата меѓу Рамковски и Груевски. Бидејќи ете, повторно читам лаги за таа работа, кои се сведуваат на тоа расколот да се објасни со наводниот „криминал“ на Велија (што „невиниот“ Никола, демек, не можел веќе да го трпи), или со наводното големо влијание на Бранко Црвенковски врз Рамковски, што наводно сум го обезбедил јас. И едното и другото не е точно. Но, велам, за тоа друг пат. Сега сакам само јавно да посведочам дека Велија, барем во односите со мене, на дело покажа дека разбира дека компетенцијата и креативноста што ги обезбедува уредничката автономија се многу поважни од гордото послушништво на кое беше навикнат.
Јас и тогаш знаев дека тоа мое искуство е многу различно од искуствата што ги имаа моите колеги уредници со своите формални и неформални газди и менаџери. Одлично ми беа познати приликите во „Дневник“ и во другите изданија на МПМ, на пример, од каде што дојдов кај Велија. Но, тогаш беше во мода Рамковски да се прикажува како бескрупулозен моќник, а другите медиумски газди како јагниња. И еве, деновиве, Зоран Димитровски јавно призна дека неговиот газда го спречил да објавува истражувачки стории за смртта на Никола Младенов во „Нова Македонија“ (да потсетам, единствените три стории ги напиша токму колегата Томислав Кежаровски). Го молам Жоро да не се лути што ќе речам дека додека не слушнам објаснување од Минчо Јорданов лично, ова негово тврдење ќе го земам со резерва. Но, мислам дека ваквите сведоштва, баш како и сведоштвата за тажните епизоди и драмолетки што се случуваа во „Дневник“ и во „Утрински“ (кои сѐ уште не се објавени), ќе покажат зошто во она време велев дека газда Велија, во споредба со некои други газди со сомнителни докторати и со уште посомнителни политички амбиции, беше своевиден гениј и морална вертикала.
Зошто пак ви раскажувам за Велија? Од две причини. Прво, зашто ми е мерак и оти ми се може. Втората причина, сепак, е побитна. Имено, мора да се знае дека само автономијата, или „самозаконието“ (превод од грчки зборови „авто“ и „номос“), може да обезбеди квалитетно и компетентно функционирање на многу области во животот. Државата не смее да ги „испитува“ професорите на факултетите и да ја нарушува автономијата, зашто во спротивно немаме универзитет. Газдите на болниците не смеат да оперираат, а газдите на медиумите да уредуваат. Судиите мора да судат самостојно, а не да примаат наредби по телефон. Министерот за финансии не смее да му биде шеф на гувернерот на централната банка. Министерот на култура не смее да ги уредува репертоарите, изложбите, насловите на книгите што ќе се печатат со државни пари... Накусо, во општеството во кое не се почитува автономијата, царуваат волунтаризмот и некомпетенцијата.
Од друга страна, треба да се знае дека автономијата е релативно „самозаконие“, таа не го укинува прерогативот на државата да ги поставува рамките и да ги креира јавните политики. Сопственикот на болницата (приватниот или државата, сеедно) не смее да оперира и да ги пропишува медицинските протоколи и терапии, но тој – а не лекарите! - одлучува каква болница создава и ги определува економските параметри. Газдата на медиумот ја определува генералната уредувачка линија, а не уредникот. Државата, како газда на државните универзитети, одлучува колку пари ќе издвои за нив, ако сака да добие бесплатно високо образование. Полицијата и армијата исто така имаат автономни системи на одлучување, но државата ги донесува крупните политички одлуки за тие организми (ете затоа Фрчкоски и првата влада беа во право кога жестоко се спротивставија на тогаш популарните идеи на чело на ресорите одбрана и внатрешни работи да застанат „професионалци“, што ќе рече генерали и полицајци – наспроти тоа, се наметнаа прерогативите на цивилната власт во овие области и на тој начин се обезбеди и цивилна контрола над армијата и над полицијата).
Денес, целиот тој систем на макотрпно градени сложени односи, е разурнат како кула од карти. Овој наш фашизоиден режим, опиен од сопствената неконтролирана моќ, нема никакво чувство и свесност за концептите на автономија и на саморегулација. Ние длабоко сме навлезени во царството на некомпетенцијата. Така се доведовме до ситуација некој неталентиран „шнајдер“ во нашето елитно здравство на пациентка да ѝ ги сошие вагината и анусот. Не, драги мои, не е тоа само банална лекарска грешка, туку многу повеќе од тоа – тоа е системска грешка! Тоа е грешка што ја направил лекар „едукатор“, странец, викнат да вежба во Африка чентрале. Дури не е толку крив човекот, кој имал право и да згреши. Проблемот е во тоа што никој не смеел да му укаже на грешката и што ја убедувале пациентката дека е „нормално“ изметот да ѝ истекува од вагината. Страшно е тоа што сите се плашеле да писнат, зашто сите знаат дека „едукаторов“ е дело на „реформите“ на министерот Никола Тодоров, оној ист министер што своевремено, ако ви текнува, на хирурзите во болницата во Охрид им објаснуваше како и самиот „оперирал“ на симулатор и колку тоа било едноставно, како видеоигра (при што, во видеохитот, „скромниот“ министер признава дека баш и не бил стручен, а еден од полтроните му вели: „Не би рекол дека е така“). И проблемот е што за последиците од оваа најнова метода на „лекување“ мејд ин Маседонија тајмлес, никој нема да одговара, а најмалку министерот со симулаторот.
Легитимно е да се праша, чуму им е на овие луѓе од власта, кои ги имаат сета моќ и сите пари на овој свет, кои се опкружени со горди послушници и полтрони што ќе исполнат сѐ што ќе им се побара, сега самите да оперираат, да уредуваат, да режирааат, да вајаат...? Зарем тоа им недостасува? Да, да, баш тоа им недостасува! Соочени со сопствената неспособност да го прават она што не го знаат и за што немаат талент, моќниците чувствуваат една болна фрустрација. Моќникот се чуди – како тоа, по ѓаволите, јас можам да ја купам половина филхармонија, а не можам да свирам на виолиона?!
На Велија не му се случи да си направи болница и да оперира. Но, верувајте, доаѓа време кога груевци ќе си ги лечат фрустрациите и ќе глумат не само лекари и научници, туку и писатели и поети, уметници и кандидати за нобеловци. Ако им се посака, има да оперираат во Клинички центар. Кој ќе ги спречи? Првиот чекор веќе го сторија – тие сега решаваат колку смее да трае преглед, а колку операција, кои апчиња треба да се пијат, а кои не... Има да се лее крв до колена!
Ви велам, драги мои, допрва ќе гледате циркуси. Кога ќе излегувате болница, нема да знаете што за што ви е сошиено. И дали тој вмровски штеп може да се отпара. Да се надеваме дека некој вистински талентиран хирург едукатор сепак ќе успее некако да ви ги поврзе рацете со кои гласате со мозоците. Сѐ уште неиспрани.
http://plusinfo.mk/mislenje/222/vmrovski-shtep
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
СЕГА УЛИЦАТА Е НАШИОТ МЕДИУМ!
Не можат сите да нѐ затворат, не можат сите да нѐ убијат, но на сите да ви биде јасно – ќе се обидат!
Џелал Хоџиќ 30 јан 2015, 13:45
Студентите со својот прв протест го разбудија македонското општество, па од тогаш следуваа протести кои беа доста помасовни од досегашните изблици на незадоволство. По првиот протест на студентите имавме демонстрации со илјадници луѓе во Битола и во Тетово поради загадениот воздух. Потоа се случи марш на студентите на кој имаше преку 10.000 луѓе. Следуваше протест на кој преку 3.000 луѓе го искажаа својот револт за хонорарците. Па, повторно протестираа студентите пред Влада каде што имаше околу 7.000-8.000 луѓе. Овој циклус на протести заврши со маршот за новинарот Кежаровски, на кој имаше околу 3.000 демонстранти.
ПРОЦЕС НА БУДЕЊЕ
Што се случи, па почнаа луѓето да излегуваат на улица? Порано изблиците на незадоволство имаа просечно по 500 луѓе, исклучок беа протестите по убиството на Мартин Нешковски и почетокот на протестите на иницијативата АМАН. Очигледно е дека јавноста почнува да се буди и да реагира. Сега ќе ѝ треба време да се измие, да се отрезни од длабокиот сон и да почне да реагира на реалноста во која се наоЃа.
Сепак, процесот на будењето на јавноста е почнат и тој процес веќе никој неможе да го запре. Мамурната јавност уште сега гледа кон студентите, од кои очекува да почне нов циклус на протести. Но, и да затаат студентите, на разбудената јавност нема да ѝ треба многу време да најде свој нов автентичен изблик на незадоволство. Протестите се единственото нешто нормално што се случува во ненормалното македонско општество.
Еве, сега, и СОНК со сите притисоци успева да штрајкува. Како што сѐ повеќе ќе поминува време од будењето на јавноста, така протестите ќе бидат сѐ помасовни. Сега улиците се медиум преку кој луѓето ќе можат да ја чујат вистината, ќе можат да ги добијат пораките од кои ќе се охрабрат.
Не случајно на протестите на кои има преку 3.000 луѓе веднаш паѓа интернетот. Да, почитувани, режимот на овој медиум нема да може со владини реклами да му ја купи уредувачката политика, ниту ќе може да му праќа инспекции. На овој медиум режимот нема да може да му го затвори сопственикот и целото негово семејство, ниту ќе може да го убие. Сопственик на нашиот нов медиум е јавноста што се буди.
Овој медиум, драги мои, само што почна со својата работа, а како поминува времето, така ќе биде сѐ подобар и подобар. Неговата гледаност сѐ повеќе ќе расте, како и довербата во него. За кратко време улицата ќе стане и највлијателниот медиум.
Некој ќе рече дека сум преголем оптимист и дека јавноста не се буди, туку како месечар шета во сон. Јас не сум оптимист дека груевизмот ќе падне во 2015 година, но дека се буди јавноста сум, а во 2015 година секако дека ќе се уверат и песимистите.
БИТКА БЕЗ КАЛКУЛАЦИИ
Јас не сум оптимист дека оваа власт може да се коригира во своето работење. Оваа наша власт нема ниту трошка совест, ниту, пак, чувство за одговорност. Оваа власт е брутална како оние убијци кои влегуваат по домовите на старите и изнемоштени лица и ги убиваат за 1.000 денари.
Ваква власт, почитувани читатели, не се урива со прес-конференции, кои ќе ги пренесат две радија, две телевизии, два весника и пет портали, а другите 90 отсто од медиумите, или ќе ја игнорираат, или ќе почнат да ја „филуваат“.
Оваа власт не се руши ниту преку институции. Не постои афера на светот, дури и сите да ги обедините во една, која би можела ова обвинителство да го натера да ја процесуира против пастирот. Или овој суд да го прогласи светецот за виновен. Во земји во кои нема демократија, деспотот себе се претставува за морална величина и преостанатото општество со сила го прилагодува на себе.
Па, така и во Македонија, кога нашиот пастир „јаде бурек“ кај бурекчијата кој му се упикува во анус, тој неговиот морал и неговата бедна душа, за која неколкупати наплатил пари дека ѝ била нанесена болка, ја претставува како величина.
Му било чудно нему како одредени новинари живееле со толкава омраза кон него, а притоа мртов ладен, дури и горд, кажа дека Кежаровски е осуден според закон кој е донесен во време на СДСМ и дека за него сѐ до апсењето не знаел дека постои на планетава.
Посакувам некоја нормална власт да ги суди според закони донесени во нивно време, време на ДПМНЕ. Затоа мислам дека оваа година на мнозинството граѓани, но и на опозицијата, две работи ќе им станат јасни.
Првата, сѐ додека има повеќе луѓе на концерт на Цеца отколку на улица како незадоволство од груевизмот, сѐ до тогаш црно ни се пишува.
Второто е: овој режим може да се порази само во голема и заедничка битка. Битка во која ќе се влезе до крај, без калкулации, без фемкање. Во битка во која, кога ќе се тргне, на секој ќе му биде јасно дека нема назад.
Сѐ додека ни фали таа одлучност, режимот ќе биде во предност и ќе биде посилен од сите нас заедно. Не можат сите да нѐ затворат, не можат сите да нѐ убијат, но на сите да ви биде јасно – ќе се обидат!
http://fokus.mk/sega-ulitsata-e-nashiot-medium/
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Eve go Boki, se javil...U negov stil...
Драга Маја Коцијанчич, драга ЕУ…
Колку примери ќе ви бидат доволно, за конечно и вие да разберете дека во Македонија владее диктатор, дека во Македонија премиерот е истражен судија, и судија, и Устав, и закон, и обвинител, и медиуми, дека тој е единствениот господар на сите институции, дека тој е и влада и парламент, и партија, и, дека никаква препорака која е во насока на промена на траекторијата на неговото однесување, а е во интерес на слободата и другите божем загарантирани човекови права, како и правото на презумцијата на невиност, допираат до диктаторот на начин на кој вие очекувате? Уште колку шанси мислите да му давате на диктаторот, после онаа најголемата од 24.12.2012 година, и на тој начин да станувате соучесници во се подрастичното губење на човековите права и слободи во Република Македонија?
Уште колку примери, драги наши гости, ЕУ претставници, амбасадори, дипломати, новинари, известувачи, инвестироти, газди и туристи, ќе ви бидат доволни да разберете дека во Македонија од година во година, на фалсификаторски начин, се зацврстува фашисоиден режим?
Премиерот обвинува, премиерот си закажува судско рочиште, премиерот си ја најавува „невиноста“, премиерот однапред ги осудува „кодошите“, шпиуните, колаборационистите на странските непријателски служби, премиерот како судско истражен експерт најавува отворена и транспарентна судска постапка, премиерот тужи, премиерот суди…
Пораката на граѓаните, за начинот на владеење на Боксерот, од сите слободомислечки луѓе во државава, ја испратија студентите, и ќе продолжат да ја испраќаат на истиот начин се’ до конечно капитулирање на овој режим, но, не заборавајте, вашето ноншалантно однесување кон диктаторот, вашето финансиско помагање за негово оддржување на „престолот“, вашите декларации за внимателно однесување и префинетата дипломатија, еден ден после освојувањето на слободата во Македонија, ќе бидат казнети од сите ослободени граѓани…
Престанете бре да се заебавате со пораки од речниците на плишаната дипломатија, време е за трескање од земја, драга Маја Коцијанчич…
Поздрав Боки Бургија…
http://libertas.mk/%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B8%D1%87-%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B0-%D0%B5%D1%83/
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Професор Гордан Калјџиев, за НОВА...
Проблемот е во криминалот за кој говори Заев а не во разговорите со Груевски
Професорот Гордан Калајџиев во интервју за НОВА говори за случајот "Пуч"
Секуловска: Постојат многу непознаници во случајот Пуч и обвинувањата кон Заев и од страна на МВР, но и од премиерот Груевски. Има разни шпекулации за обвинувањата кон Заев. Едно од нив е дека Заев примал документи од странци (нема обвинување дека се од странски разузнавачки служби), каде имало докази за злоупотреби на моќ, функција, криминални и коруптивни дела на Груевски и високи функционери во власта. Дали станува збор за кривично дело ако се добијат документи од лица кои не се државјани на Македонија?
Калајџиев: Според чл. 316 од Kривичниот законик е забрането да се даваат податоци и документи, а не да се добијат. Освен тоа, законот јасно ги штити интересите на државата, па мисли на податоци што ќе и наштетат. Ако му се давани документи на Заев кои се однесуваат на злоупотреби на моќ, функција, криминални и коруптивни дела, тој има должност да ги обзнани и предаде на надлежните државни органи.
Ние сега не знаеме од каде се овие материјали и дали е навистина проблематична нивната законитост. Она што е поважно е дали навистина има докази за корупција и криминал, за кое секој има морална а за потешки дела и правна обврска да ги пријави, или се работи за друг вид на компромитирачки материјал, за што нема индиции.
Секуловска: Дали според вас Заев смее да ги објави овие документи?
Калајџиев: Секој, па и Заев има обврска за пријавување документи кои се однесуваат на тешки кривични дела. Дали некои од доказите се незаконито прибавени не мора да биде проблем на пријавувачот, но секако е од секундарна важност.
Општествениот интерес за објавување и процесуирање на сериозен криминал и корупција претежнува над интересот за заштитата на приватноста на поединци и сл. Освен тоа, избраните и именуваните функционери имаат во таа смисла повеќе одговорности отколку права, што ги разликува од полоѓбата на обичните граѓани.
Секуловска: Но, Груевски тврди дека Заев го уценувал со овие документи, барал техничка влада и предвремени избори, дали му ветил дека нема да ги објави е во доменот на шпекулација
Калајџиев: Дали било паметно што Заев тактизирал или ако на некој начин го уценувал премиерот е проблем на Заев и неговата партија. Но тоа повторно не е главниот проблем. Тоа не го амнестира Груевски од неговата одговорност за некои работи кои ние сега не ги знаеме, но тој самиот лично ги призна пред целата македонска јавност! Оттука, клучното прашање е да видиме за што се работи и која е неговата одговорност или одговорноста на другите инволвирани.
Да си признаеме, Заев имал проблем бидејќи објективно не можел да им верува на институциите.
Ние немаме заштита на т.н. whistle blowers , луѓе од кои протекуваат документи и информации за коруптивност на власта, , иако за тоа постои обврска во меѓународните документи.
Затоа- дали Заев ги злоупотребувал овие разговори со Груевски е помал проблем. Поголемиот проблем е поголемиот криминал, односно документите за кои говори Заев а кои се однесуваат на криминал на Груевски.
Секуловска: Груевски во своеото обраќање му гарантираше на Заев независен судски процес
Калајџиев: Уф. Груевски во говорот призна 2 сериозни работи: прво, дека навистина има некаков криминал во материјалите од Заев, за што зборував претходно и второ, дека тој одлучува кој кого гони во оваа држава и кој ќе биде осуден. Не е негова работа ниту да гони, ниту да гарантира каква ќе биде судската постапка!
Страшно - премиерот и гони и суди во исто време. Ова за мене е пострашно, корупција имало и ќе има, повеќе или помалку, ама да ги окупирате инструментите на правната држава и да не се срамите од тоа е чиста катастрофа. А меѓународната заедница во соопштенијата кои се однесуваат на овој случај не реагира на ваквите изјави на Груевски.
Секуловска: Меѓународната заедница и покрај критиките и извештаите за непостоење на независно судство, за негова партизираност, сепак опстојува на барањето за транспарентно судење.
Калајџиев: Што да ви кажам, не ги разбирам, тие како да веруваат во можноста Заев да добие фер и транспарантно судење, а самите знаат дека нема услови за такво нешто.
Ако е точно тоа што и тие го тврдат дека судството, полицијата и обвинителството не се независни, не очекуваат белким дека тие ќе се променат преку ноќ или дека ќе се случи некое чудо!?.
Па еве на конкретниот случај гледаме дека се гони тој што пријавува криминал, а од петни жили се прават напори доказите за тоа да се скријат, да се прогласат незаконити и веројатно да се класифицираат. Не би се чудел и ако дел од нив се уништат. Затоа не ги разирам пораките на меѓународната заедница. Ако утре сите нас што ја критикуваме оваа власт не затворат, што ќе речат странците?
Исто- бараме транспарентно судење. Што ако не снема? Ќе бараат транспарентна истрага? Треба јасно да се каже дека Македонија нема сили правно да ја реши оваа криза. Токму затоа, идејата на Ахмети за случајот Монструм, за независен, странски мониторинг и согласноста на Груевски може да биде употребена и тука.
Јас прв јавно коментирав дека идејата на Ахмети не е прифатлива, ама сега не гледам друг излез. Мора да има некоја меѓународна гаранција за евентуалниот судски процес- дека ќе биде непристрасен, независен и надвор од било какви влијанија и притисоци на премиерот и на власта.
Секуловска: Дали може власта да ги забрани овие документи, да бидат објавени од Заев и од медиумите?
Калајџиев: Се работи за јавна функција, Груевски е политичар и тој обавува јавна функција. Сетете се со случајот на Зоран Талер- новинарите под лажен идентитет му изнудија признание за корупција. Мора да биде објавена корупцијата и криминалот на носител на јавна функција, не може да биде спречена.
Секуловска: Дали објавувањето на видеото на You tube а и објавени прво на Сител, подоцна и од други медиуми, од разговорите Груевски- Заев е повреда на кривичната постапка? Иако Владата не вели дека стои зад ова видео, невозможно е да биле снимани од други служби.
Калајџиев: Кој може да го снима премиерот во неговиот кабинет? Само со негова дозвола и само службите. Ако снимките се направени со Посебни истражни мерки, тие се автоматски класифицирани и нивното објавување е забрането и казниво. Ако пак се направени од безбедносни причини, секое снимање од овој тип на јавен простор или во институции според Законот за заштита на лишни податоци, каде ова е правно уредено, истото мора да биде јавно истакнато (дека се снима).
За ова исто има санкции во споменатиот закон. Неовластено снимање е инаку и кривично дело во Кривичниот законик. Друго е прашањето за политичката и демократската култура. Да го снимате политичкиот противник на средба „во четири очи“ е брука и покажува политичка и општа некултура.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19958
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Ljubco Gorgievski za Plus Info...
Во ова ВМРО-ДПМНЕ ја нема Македонија!
Љубчо Георгиевски
Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, основач на ВМРО-ДПМНЕ, човекот што во почетокот на деведесеттите години прв ја лансираше идејата за независна Македонија и кој после две децении доживеа да биде избришан од новата, ретуширана македонска историја, секогаш е благодарен соговорник. Зборува отворено, секогаш „во живо“, спремен да ги коментира актуелните политички настани.
Господине Георгиевски, медиумите објавија, а јавниот обвинител ја забрани за емитување тајната снимка од разговорот помеѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, воден во кабинетот на премиерот во зградата на владата. Сите знаеме дека таму нема поставено прислушна опрема. И вие бевте премиер, во истиот кабинет. Дали досега се случило таму, некој без знаење и без одобрување на премиерот, да постави прислушна опрема?
- Нема шанса за такво нешто. Освен ако некој од МВР на своја рака го сторил тоа. Да зборуваме за тоа дека некој од странство дошол и во кабинетот на премиерот поставил таква опрема, тоа е апсурд. Има само две можности - или премиерот самиот ги поставил уредите за прислушување, или тоа го сторила државна безбедност. Но, ако тоа е дело на ДБ, тогаш тоа е пуч, ама пуч од друг карактер, не ваков за каков што се зборува сега. Тоа би било нешто налик на аферата „Тито - Ранковиќ“.
Како ја оценувате напнатата политичка ситуација во Македонија сега, после „бомбашката“ војна на релација Груевски – Заев? И едниот и другиот јавно се закануваат дека имаат „бомби“, за кои барем до овој момент, кога го правиме ова интервју, никој не знае што се.
- Од тоа што јас го набљудувам, немам конкретни информации што се случува. Но, можам да заклучам дека Заев, дури и да го има тоа што го вели дека го има и го поседува, многу долго го влече. Стана веќе период од седум месеци. Тој му дозволи простор на политичкиот противник да се организира и да направи контраудар. Ако Заев поседува конкретни документи, сметам дека тој, во зависност од нивната тежина, не мораше да оди во јавноста, туку да поведе процес против јавниот обвинител. Мислам дека Заев самиот си дозволи да му биде направен еден ваков контраудар.
Да, но ако работата одеше само преку јавниот обвинител, прашање е дали јавноста немаше да биде исклучена од аферата. Велат дека станува збор за огромен материјал...
- И според изјавите на Груевски, и според Заев, едно е јасно, а тоа е дека има многу материјали од прислушувањето. Според Заев, има илјадници, а медиумите на власта споменуваат дури и милион фајлови. Значи, ние во Македонија имаме многу голем проблем, затоа што и двете страни го потврдуваат фактот дека има куп материјали од снимени разговори. Така што, целата работа, според мене, мораме да ја расчистиме и не е неважно како се направени тие материјали.
Што мислите, како?
- Првата варијанта, што ја заговара власта дека тие се снимени во странство па ѝ се дадени на опозицијата, е апсурдна. Тоа што тие се повикуваат на изјавата на Заев, кој вели дека материјалите му се од странство, не е ништо друго освен лажна трага. Да се фатиме сега за тоа и да правиме од него шпион на странските служби, тоа е парадоксално. Ниту една странска служба не би ви дала милион фајлови. Може таа снимала толку, но таа ќе ви ги даде десетте најкарактеристични. Никој од која било странска служба не е толку многу лут на некого во Македонија за да му даде на Заев милион фајлови. Апсурдно!
Логиката е јасна. Или власта снимала, или опозицијата снимала. Најважно е кој снимал. Но, јасно е дека некој прислушувањето го довел до патолошко ниво. Тоа не е здраво за Македонија и за нејзините граѓани. Секаде има тајно снимање, некаде е и законски дозволено, но овде станува за огромна цифра на снимка. И второ, многу е важно што е снимано. Двете работи, кој снимал и што има на тие компромитирачки снимки, се најважни. Сите сакаме да видиме што има во тие материјали.
За власта знаеме дека има цели системи на прислушување. Но, има ли опозицијата таква можност, самата да организирала тајно снимање?
- Како што опозицијата вели „власта снима“, така и власта настапи многу арогантно, дека снима опозицијата. Според мене, постои таква техничка можност. На многу места може да купите опрема за снимање телефони. И на интернет-шоповите се продава. Меѓутоа, некој да се дрзне да го стори тоа, треба да се соочи со фактот дека тоа е строго казниво, кривично дело. Сметам дека граѓаните не се ни наивни ни малоумни. Кога ќе почне процесот и кога ќе почнат во јавноста да излегуваат тие материјали, сè ќе се дознае и ќе биде јасно кој снимал, дали власта или опозицијата. Агресијата што сега се шири преку медиумите, нема да ѝ помогне на таа страна што сака вината да ја префрли на противникот.
Како граѓанин на Македонија, се чувствувате ли како да живеете во времето на КГБ, УДБА или на Штази?
- Апсолутно. Македонија по сите параметри може да се оцени како авторитарна држава. Сега имаме апсење на наводни шпиони. Тоа ќе беше можеби уникатно, ако пред една година не беа уапсени други дваесет „шпиони“. На секои три месеци има големи хајки и затворање луѓе. Само потсетете се колку луѓе се затворени откако ова ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Ако ја видите казнената политика, ќе видите дека се определуваат казни од пет, седум или десет години затвор, за дела што во другите држави се пресудуваат условни казни. Дефинитивно можеме да кажеме дека оваа власт има стил на авторитарно владеeње. Тоа е загрижувачки, независно од тоа што сега се случува со аферата „Пуч“.
Споменавте дека актуелниот премиер користи медоти што се слични на оние на УДБА. Прераснува ли денешното ВМРО-ДПМНЕ во нешто од кое еден ден вистинските вмровци еден ден ќе се срамат?
- Апсолутно. Од ова и сега се срамат вистинските вмровци. Којзнае како ќе биде утре, кога ќе се гледа од временска дистанца. Ова ВМРО нема идеолошка вмровска матрица. Гоце Делчев и Даме Груев во 1901 година ги тепале тие што тврделе дека се потомци на Александар Македонски. Тие биле класифицирани како гркомани. Тоа е јасно, тоа го пишува во литературата. Кое ВМРО сега го претставуваат овие?
Што е со жртвите на комунизмот? Ги рехабилитираат луѓето што биле во затвор зашто се противеле на таква Македонија каква што овие сега создаваат. Во сите нови нивни документарни емисии се вели дека тие луѓе биле жртви на македонските комунисти. Не е точно. Биле жртви на српските комунисти, а нашите биле извршители. Во нивните емисии никаде не се споменува Белград, божем сè било овдешна пресметка.
Ја поддржувам лустрацијата, но неморално е да лустрирате и мртви луѓе. Имаме еден куп личности што се тепаат да докажат дека биле основачи на ВМРО, а јас имам податоци дека тие пееле во УДБА и раскажувале таму сè. Такви се и пет-шест основачи и членови на првиот парламентарен состав. Дајте да ги лустрираме ВМРО и членовите, па да видиме кој бил патриот. Мене не ми пречи тоа. Ме интересира кои биле соработниците на ДБ. Ниту еден од ВМРО не е лустриран. Така ги држат изгледа. Им наоѓаат компромитирачки материјали и ги држат.
Значи, нашиот актуелен премиер долги години така функционира, со помош на тајната служба, со уценување и со прислушување?
- Јас имам сигурни докази за неколку луѓе, кои се во одредени управни одбори и нивни претседатели, кои имаат досиеја на кодоши и сè уште се на функции. Има луѓе што се на функции помошници или државни секретари во разни министерства, а се со такви досиеја и не се лустрирани. Има и претседатели на партии што се во владејачката коалиција, а се бизнисмени, па и тие не се лустрирани. Јасно е дека лустрацијата е еднонасочна. Едни ги лустрираат, а овие ги чуваат и ги употребуваат кога им треба. Стариот метод на УДБА.
Што е со ДУИ? Отсекогаш ли биле тврдоглави или само така глумеле?
- Кризата што ја имавме во 2001 година остана неразјаснета според документите, односно не дознавме какво е учеството на југословенската УДБА во кризата во Македонија. Документите што излегоа во јавноста за соработката на врвот на ОНА со српските тајни служби, во кои пишуваше дека командантите на ОНА биле нивни соработници, останаа неразјаснети. Јас мислам дека Никола Груевски токму со тие документи ја купува сервилноста на ДУИ денес. Има многу работи што јасно упатуваат на тоа. Тука е и најновата ситуација. Чии интереси Македонија денес застапува ако евроатлантските патишта не чинат? Очигледно, дури и при добиена битка во 2001 година, тоа немаше да биде крај за војната. Тоа беше голема операција против Македонија. Сè беше јасно. По серијата напади од Танушевци до Шара, јасно беше дека некој тоа добро го испланирал како стратешка операција против државава.
Ја препознавате ли ова ВМРО-ДПМНЕ партијата што вие ја формиравте?
- Не, никако. Ова ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е тоа што ние го направивме во 1990 година. Во ова ВМРО-ДПМНЕ има малку луѓе од тоа време, меѓутоа и тие што се таму, се задоволуваат со директорските и со началничките места што ги имаат сега. Оваа партија, пред сè, не е идеолошки наследник на тоа што ние го направивме, ниту, пак, е налик на старото ВМРО, на тајните организации и на тие што се затворани за таа идеологија. Ова сега е еден идеолошки Франкенштајн. Овие што денес се кажуваат вмровци, имаат сериозен проблем со разбирањето на таа вмровската идеологија. Станува збор за пропагандистичка организација, која едноставно има цел не да ги заштити интересите на Македонија по која било основа, туку сè се сведува на партискиот интерес, нешто што никогаш не било одлика на ВМРО, па ни во времето кога бев негов претседател. Јас сум демонстрирал дека иднината на државата ни е поважна од партијата. Во ова ВМРО-ДПМНЕ ја нема Македонија.
Чекајте, но и тие велат дека Македонија им е пред сè...
- Сегашното раководство има смислена политика за уништување на Македонија и присоединување кон Србија. Станува збор за една просрпска инсталација, која денеска раководи со ова ВМРО. Тоа може да се анализира од повеќе елементи, како што е, на пример, економско уништување на државата. Се фрлаат пари во промашени проекти за да „клекнат“ државата и економијата. На геополитички план, се врати старата пројугословенска политика што многу добро ја знаеме, односно кавгата со трите соседи, а отвореност само кон Србија. На планот на културниот идентитет, ни се случува уништување на нашиот јазик, на нашата песна, на нашата култура, а тоа најмногу се гледа во провладините медиуми. Доаѓаме до една парадоксална и трагикомична ситуација, партијата што десет години божем ни го брани идентитетот од Грција и од Бугарија, врши масовна просрпска асимилација.
о Започнавте една кампања „Стоп на српската асимилација на македонската нација“. Зошто?
- Кога зборувам за просрпската идеологија на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, немам предвид само една точка и анализа, туку серија такви анализи. Самото враќање на барокот во Скопје е остаток на српскиот колонијален систем, нешто што го има дефинирано професорот Борис Чипан уште во 1971 година. Кога ќе ги видите и ситните сегменти, ќе видите дека стариот театар, на пример, бил симбол на културната доминација. Домот на српското оружје што моментално се гради, бил отворен на роденденот на Александар Караѓорѓевиќ, истиот тој што е убиен од ВМРО. Сите институции се обновени и тоа е само на планот на архитектурата.
Ако погледнете на планот на историјата, ќе видите два парадокса што ниту комунистите не си ги дозволија. Тоа е споменикот Зебрњак - симболот на окупацијата на Македонија крај Куманово. Шлаг на сè е заедничката македонско-српска прослава на тој споменик. Внимавајте, ние со Бугарија разговараме за ситни нешта и тие се незабележителни, па правиме приказни од тоа, а овде го славиме најцрниот датум со поробувачите. И комунистите знаеја дека такво нешто е преседан да се направи.
Што е со односите со Грција?
- Ние со Грција имавме договор со името БЈРМ да влеземе и во ЕУ и во НАТО. Еден и единствен одговорен зошто тоа пропадна е оваа влада и никој друг. Таа и никој друг. А замислете, се судевме во Хаг да влеземе со БЈРМ таму. Бугарија беше наш најголем поддржувач, а денес од неа имаме неформално вето. Со Албанците внатре имаме постојани кавги, и ако забележите, на секои пет месеци имаме предвоена состојба. Имаме идеална коалиција ВМРО-ДУИ, но штом нешто се случува клучно, чекаме да ни пукне војна. Да не сме наивни, тоа е старата пројугословенска политика. Кавга со трите соседи, само не со Србија.
И најважно од сè, оваа партија на власт се уби од докажување и објаснување дека ни го брани идентитетот од Грците. Е, ако е така, како тогаш таа партија максимално ги отвори сите гардови за асимилација на граѓаните? Ако го браниме идентитетот, нели треба од сите да го браниме? Бранејќи ја српската култура, го девалвираме македонското достоинство. Секој пејач-тезгарош од Врање е национален херој во Македонија. Во една анкета беше откриено дека македонските девојки најмногу сакале да се со Срби. Никој не сакаше да биде со нашите момци. Нашите македонски фраери правејќи од Србите херои, сами се девалвираа. А тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Го изгубивме македонското достоинство. На сите нивоа сме доведени да се чувствуваме како да сме со помала вредност. Срамота. Во 1998-2002 година, децата овде не знаеја српски. Сега знаат. Тоа им го наметнуваат тие што ни го „бранат“ идентитетот.
Што мислите, ќе остане ли уште долго оваа власт да раководи со државата?
- ВМРО-ДПМНЕ владее тотално авторитарно, со тотална медиумска контрола освен ретки исклучоци, комплетно го троши буџетот во предизборите, но и со големи изборни фалсификати. Што и да направи опозицијата, тешко дека ќе може да се смени нешто во Македонија, освен ако странците не чукнат на маса и не речат „овој пат навистина сакаме фер и демократски избори“. Ако не се случи тоа, мислам дека ќе продолжат да владеат во Македонија. А има и втор момент, економскиот, земањето кредити. Прашање е дали странците и понатаму ќе го дозволат ова задолжување на државата. Тие два елемента се најважни. Демократизацијата на Македонија сега најмногу зависи од странство.
Во низа ваши говори и во текот на изборите, нагласивте дека народот се иселува од Македонија. Каде е проблемот?
- За да не ни се случува уште тоа, надеж ни е само евроатлантската иднина на Македонија. Луѓето да го почувствуваат тоа, но и економските бенефиции. Ако не влеземе во ЕУ, ќе имаме големи внатрешни проблеми во државата. Светот функционира глобално. До крајот на годинава, САД и ЕУ ќе потпишат договор за слободна трговија. Читав во бугарски весници за кои нивни производи повеќе нема да се плаќа данок. Тоа се тутунот и млечните производи. А ние тие ги имаме. Додека ние се занимаваме сами со себе, времето за светот не стои, а ние немаме никаква анализа за тоа. Земјите од Балканот ќе заминат подалеку од тоа што се сега, а ние повторно ќе бидеме зад сите.
КАКО МИНИСТЕР, ГРУЕВСКИ НЕ САКАШЕ ДА СЛУШНЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!
Освен по функциите и по она што се денес, јавноста малку знае кои се Никола Груевски и Сашо Мијалков пред да дојдат на власт. Ги знаете ли добро вие?
- Не можам да кажам дека и јас ги знаев и дека ги знам. Ги знаев како сосема други личности. Овие што денес ги гледаме, тоа се сосема други личности. Мијалков беше од поодамна во ВМРО-ДПМНЕ, додека Груевски дојде во партијата доцна, пред изборите во 1998 година. Груевски го познавам како човек што никогаш не зборувал за историјата, а што е интересно, дури не го ни интересираше политичката ситуација. Тоа беше човек што беше посветен на своето министерство, каде што финансиите и економијата требаше да бидат основен двигател. Го знам како доста суетен човек, бидејќи многу се караше. Единствените кавги на седница на владата беа меѓу него и тогашните министри Марјан Ѓорчев, Срѓан Керим и Бесник Фетаи.
За што се караа?
- Тоа беа многу интересни кавги. Морам да ви ги кажам. Министерството за финансии се спротивставуваше за субвенциите во земјоделството што ги бараше Ѓорчев, а сега субвенциите се главниот адут на Груевски. Неговото Министерство за финансии беше и против индустриските слободни зони, а сега и тоа им е главен адут. Максимално штедеше пари и се мачевме како влада за пари да платиме некој долг, а денеска комотно се троши. Јас го познавам како една друга личност, тотално спротивна од ова денес.
ЖАЛАМ КОГА ГЛЕДАМ НА КОГО ЈА ОСТАВИВ ВМРО-ДПМНЕ
Ваша беше одлуката да заминете од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ или некој ве присили?
- Лично моја. Никој не ме натера. Анализирав и заклучив дека има две ситуации. Меѓународната заедница не ме сакаше, а безмалку сите медиуми ги контролираше СДСМ, и ако останев на власт, поради тоа СДСМ ќе добиеше уште еден мандат. Во интерес на партијата беше да си заминам. Но, жалам што си заминав од партијата. Жалам што гледам кому му ја оставив, на кое раководство. Жалам кога гледам каде ги доведоа и партијата и Македонија.
Разговарал: Горан Наумовски
http://plusinfo.mk/mislenje/242/-vo-ova-vmro-dpmne-ja-nema-makedonija
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Мислам дека верно медиумите ва МК са слободни,како вика Груевич,штом такви морони како овой пишуват слободно
Зошто сме толку недоветни?
Уште во 90-тите години ние се откажавме од поддршката и заштитата на македонските национални малцинства во Грција, Бугарија, Албанија. Денес се самоуништуваме во самата Македонија со тоа што секојдневно отстапуваме пред експанзијата на албанскиот екстремизам.
Во својата неколкуилјадна историја Македонците повеќекратно биле на работ на опстојувањето. И, по некое чудо или по Божја волја, се спасувале себеси и својот идентитет. Ако Евреите се богуизбран народ во Стариот завет, такви се Македонците во Новиот завет . Затоа апостол Павле вели дека Македонците „се народ за спасение“. Истовремено, тешко ќе се најде народ кој толку многу работел против себе (во случајов и против Господ). Затоа и Гоце Делчев тврди дека не познава друг народ со таков самоуништувачки нагон. Ние сме светски рекордер по пропуштени историски шанси. Да го земеме предвид времето пред Илинденското востание. Познато е дека во 18 и 19 век Русија ја создава бугарската нација и (иако само на хартија) Санстефанска Бугарија.
Познато е исто така дека во името на таа бугарска нација Русите прават огромен притисок врз Македонците да се наречат Бугари . Но, по создавањето на бугарското кнежество во 1878 година Русија е разочарана, зашто Бугарија и врти грб и се ориентира кон Запад. Тогаш Русите вртат поглед кон Македонците. Познатиот руски дипломат и државник И. А. Зиновјев во извештај од март 1898 г. пишува: „Македонија ќе биде многу важен фактор во решавањето на источното прашање во целиот негов обем и затоа нема никаква основа уште сега однапред дефинитивно да ја решиме нејзината судбина.
Ако во поблиската или во подалечната иднина се појават околности што би можеле да повлечат промена на сегашните услови во Македонија, и во тој случај нашите напори би требало да бидат, изгледа, насочени кон формирање од неа автономна област, еднакво независна и од Србија, и од Бугарија“. Зиновјев го имам предвид фактот дека тогашната Внатрешна револуционерна организација соработува со бугарската власт и од неа не се еманципирала ниту политички, ниту национално. Во својот Извештај од мај 1901 г. рускиот дипломат В. Машков е уште поконкретен: „Ако оваа девиза (Македонија на Македонците – заб.авт.) беше прифатена искрено, навистина, давањето автономија би можело да се смета за најдобро решение на македонското прашање. За жал, оваа девиза е обична бугарска мистификација“.
Понатаму Машков се аргументира: „Оттука, нема никакви основи да се надеваме дека овие фактори, кои треба да бидат претставници и раководители на автономна Македонија, ќе го сочуваат нејзиниот општословенски, или посебно, македонскиот карактер. Нема сомневање дека автономна Македонија, со исклучок на крајбрежјето (каде што преовладува грчкиот или полугрчкиот елемент, а и тој се губи во заедничката словенска маса) ќе добие чисто бугарски карактер и при првиот поволен случај со радосни насмевки на цела Европа, со исклучок на Австрија, ќе влезе во составот на велика Бугарија, со која ќе стане орудие на Западот против Русија“.
Кои се сознанијата на Зиновјев и на Машков така да мислат?Во 1897 г. во Солун било основано „Бугарско револуционерно братство“ на чело со етничкиот Бугарин Иван Гарванов, кое добило директива да ја преземе Внатрешната организација и целосно да ја преориентира кон Бугарија. Во 1900 г. Братството се соединило со Внатрешната организација, а една година подоцна Гарванов застанал на чело на ЦК. Решението за кревање на Илинденското востание е диригирано од Софија. По задушувањето на востанието Русија врши притисок врз Бугарија и Србија да склучат меѓусебен договор (1904 г.) и да ги поделат сферите на влијание во Македонија. Подоцна тоа станало основа за договор за распарчување на Македонија.
Друг пример. До 1941 г. комунистичката партија во Македонија била во составот на комунистичката партија на Југославија. По окупацијата на Македонија од страна на Бугарија и Италија, ЦК на БРП (к) побарал македонските комунисти да бидат под негова контрола. Секретарот на Покраинскиот комитет на КПЈ во Македонија, Методи Шаторов направил контакт со БРП (к) и било променето името во „Покраински комитет на Работничката партија на Македонија“. Всушност, бугарските комунисти, иако официјално се бореле против фашизмот, биле националисти . Тоа го докажуваат и репресиите врз македонското мнозинство во Пиринска Македонија по 1948 г . И по капитулацијата на Бугарија во 1944 г., некои македонски патриоти, на кои им недостасува политичка зрелост, заигруваат на бугарската карта за „слободна Македонија“ надвор од Југославија.
Така, македонската глупост пред Илинденското востание го осуетила создавањето на автономна Македонија во нејзините географски и етнички граници. Ако не беа македонските комунисти во периодот 1941-1945 г., македонска држава немаше да се создаде ниту на еден мал дел од Македонија. Од осамостојувањето во 1991 г. до денес таа мала по територија Република Македонија е заплашувана со уништување. По 2004 г. територијата на Западна Македонија практично е отцепена од македонската држава. Значи, скратувањето на македонската територија оди со геометриска прогресија, исто како и пропуштените историски шанси.
Во двете последни децинии, чекор по чекор, партијноста ја ликвидира македонската држава. Затоа и државните институции, и македонската надворешна политика се во катастрофална состојба. Практично, уште во 90-тите години ние се откажавме од поддршката и заштитата на македонските национални малцинства во Грција, Бугарија, Албанија. Денес се самоуништуваме во самата Македонија со тоа што секојдневно отстапуваме пред експанзијата на албанскиот екстремизам. Од 2006 г. досега владејачката ВМРО-ДПМНЕ регистрира серија изборни победи. Само што таа победува тактички, а стратегиски губи.
Губи и во однос на албанскиот блок, и во однос на меѓународните фактори, кои ја уценуваат македонската држава и ја туркаат кон самоликвидирање. Нема сомнение дека и на изборите во април ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, но предизборната кампања досега покажува дека тоа ќе биде пирова победа и јалова. Зошто? Затоа што, за разлика од сите македонски партии и нивните лидери, само бившиот албански терорист Али Ахмети води конкретна пропаганда. Пред распуштањето на македонското собрание, ДУИ бараше консензуален претседател, т.е. да го избира претседателот на Македонија. Сега Ахмети веќе бара и консензуален премиер, претседател на Собранието, една третина од државниот буџет за Албанците и албанскиот јазик да биде официјален во Македонија.
Со два збора – бара федерализација на државата. Ниту една од македонските партии, поединечно и заедно со другите, не реагира на тие барања. Наместо тоа, пропагираат илузии – „достоинствен живот“, „соживот меѓу заедниците“, „заемно почитување“ и сл. ВМРО-ДПМНЕ бара мнозинство од најмалку 62 пратеника „за да не биде уценувана од ДУИ“. Но, не кажува што треба да се направи по изборите. А треба да се направи следново:
1.Создавање влада од македонски партии кои ќе ја минимизираат (ако веќе не можат целосно да ја исклучат) улогата на ДУИ и на ДПА во таа влада;
2. Спроведување попис на македонските граѓани:
-ако бројот на македонските Албанци е под 20% да се поништи Законот за територијалната поделба од 2004 г., кој им ја подари на Албанците цела Западна Македонија;
-ако бројот е над 20% (тоа практично е исклучено, зашто реално Албанците се меѓу 13,5 и 18,5 отсто од македонските граѓани), да се направи референдум во Македонија за промена на тој закон.
Пред да се спроведе пописот, треба да се назначи дека тој се однесува само на оние кои живеат во македонската држава, а не со авиони и со автобуси да доаѓаат тука само на неколку дни.
3. Врз основа на пописот (или референдумот) да се поништи Рамковниот договор од 2001 г.
4. Експресно да се изгласа Законот за бранителите, кои се бореа во 2001 г. против терористите.
Нема сомневање дека тие закони ќе предизвикаат остра реакција од страна на македонските Албанци и од САД, кои се залагаат за голема Албанија. Нема сомневање дека и едните и другите ќе се обидат да направат конфликт и војна како таа во 2001 г. Ете, тука треба да се пројави зрелоста и храброста на македонската држава и дипломатија, кои сега се живи мртовци. Сведоштво за тоа е фактот што од една страна Македонија досега не се придружи кон санкциите против Русија, а од друга – гласаше за резолуцијата во ООН, со која се осудува Русија. Тоа е недоветна имитација на политиката на Тито, што покажува дека денешната македонска дипломатија со светлосни години е оддалечена од поранешната југословенска дипломатија. Понекогаш имам чувство дека денешните македонски политичари се зомбирани од Западот, како што пред еден век многу македонски револуционери беа – од Бугарија .
И настојуваат својата зомбираност да ја пренесат и на македонските граѓани. Никој од нив не сака да разбере дека евентуално членство на Македонија во ЕУ и НАТО ќе биде катастрофа за државата . ЕУ и НАТО (под диригентската палка на САД) сакаат да ги уништат и македонскиот идентитет, и македонската држава . Тоа е очигледно за целокупниот свет, само не и за нашите политичари. Затоа продолжуваат да се пикаат и во едната, и во другата организација. Членството на Македонија во ЕУ ќе ја претвори во колонијална држава, слично на Бугарија, Романија и останатите бивши соцдржави .
Уште пострашно е членството во НАТО . Тоа може да ги одврзе рацете на некои од македонските соседи, членки на тој пакт, да влезе со војска во Македонија . НАТО нема да се вмеша, како што се случи во време на конфликтот меѓу Грција и Турција во 1974 г . Никој од надвор нема да ни помогне, зашто таков конфликт ќе биде третиран како внатрешна работа на НАТО. Може да изгледа чудно, но токму фактот дека Македонија се уште не е член на НАТО ја осигурува нејзината безбедност . Освен тоа, ако македонските Албанци побараат референдум за отцепување од Македонија кој може да ги сопре? САД стојат зад тој проект, а да претпоставиме дека ние сме во НАТО, водени токму од САД. Нашите сили не се доволни, Албанија може да се вмеша, а САД ќе направат притисок врз нашата влада да прифати федерализација или отцепување на Западна Македонија. Тоа значи дека со НАТО ние си го копаме гробот .
Од друга страна, се гледа дека Русија си ги враќа позициите на голема светска сила. Ситуацијата во Сирија и во Украина покажува дека Русија е спремна на моќни контраудари против улогата на САД на светски џандар. Идните чекори на Русија, освен кон источна Украина и Молдавија, ќе бидат кон Балканот. Русија во иднина ќе си ја врати контролата врз нашиот полуостров . Не само економски, туку и воено . Дали преку Србија, дали преку Република Српска во Босна, дали преку Црна Гора (иако таа држава глупаво се присоедини кон санкциите против Русите) – не е важно . А зошто Македонија да не биде државата која ќе има тројна печалба од стратегиско економско, политичко и воено партнерство со Русија?
Додека Србија се колеба меѓу Русија и ЕУ, доека Црна Гора прави глупости, а Бугарија и Романија прават воени маневри против Русија во Црното Море, зошто ние да не направиме како што направи Аргентина. Зошто истовремено да не влеземе и во воениот сојуз на државите со Русија, и во царинската унија . Тоа подразбира отворање руска воена база во Македонија и, од друга страна, отворање огромен пазар за македонските индустриски производи. Какви се печалбите од таков пресврт од ЕУ и НАТО кон Русија?
Прво, никој повеќе нема да смее да чепка по македонското име, идентитет, историја, јазик и култура. За тоа ќе се погрижи моќната руска пропаганда .
Второ, ќе се гарантира територијалната целост на државата, а македонските Албанци ќе се смират или ќе бидат присилени да бидат мирни. Зашто против нив нема да биде само Македонија, со која си поиграа во 2001 г., туку и Русија. А сите знаат дека руските војници не се шегуваат . Од друга страна, и македонските соседи – непријатели ќе бидат мирни ако Русија постави нуклеарно оружје во Македонија .
Трето, Македонија ќе заборави што е тоа невработеност . Пример за тоа е Белорусија, каде во моментов невработеноста е само 2%, а просечниот стандард е повисок од тој во Македонија, во Бугарија и во Романија . Тогаш ќе престанеме да се радуваме на странски инвеститори, кои вработуваат по 200, 500 или 2.000 луѓе. Македонија може да ја игра улогата на една Источна Германија од минатото, или на еден Израел денес . Соседите ги мразат Евреите, но во исто време стравуваат од нив. Зашто имат нуклеарно оружје и финансиска поддршка од САД од три милијарди долари годишно. Белорусија има поддршка од Русија од 10 милијарди долари годишно, а ако станеме руски приврзаник на Балканот може да добиваме и повеќе .
Има ли негативности тој план? Некои воени експерти тврдат дека моќта на Русија била трипати помала од таа на САД. Тоа значи дека ако нуклеарното оружје на Русија може веднаш да го уништи светот, оружјето што го имаат САД може да го уништи три пати. Вистина е и тоа дека годишниот воен буџет на САД е 700 милијарди долари, а на Русија – само 80 милијарди долари. Само што оружјата не стрелаат сами. И денес решавачки е човечкиот фактор. Затоа САД ја загубија војната во Виетнам, а Русија и САД – таа во Авганистан. Независно од тоа што располагаа со најсовремено оружје. Токму кај човечкиот фактор, во човековата психа е огромната предност на Русите пред Американците . Со исклучок на граѓанската војна во САД пред повеќе од двеста години, Американците немаат војувано на своја територија.
Во последните сто години Американците учествуваа во повеќе од сто заговори, преврати, воени интервенции во светот. Со исклучок на Втората светска војна, кога загинаа 322 илјади Американци, во другите случаи жртвите се малку повеќе од 100 илјади души. На пример, во Првата светска војна – 117 илјади, во Виетнам помалку, во Авганистан исто над 100 илјади луѓе. Може да се каже дека психолошката граница за дозволени жртви на Американците е меѓу 100 и 150 илјади души. Кога ќе се приближат или или ќе ја достигнат таа психолошка граница САД се повлекуваат. Пример е Виетнам, а сега и Авганистан. Уништувањето на кулите близначки во Њујорк во 2001 г., кога загинаа околу три илјади души, беше огромен психолошки шок за САД.
Обратно, во одбрана на својата држава, Русите се навикнати да војуваат на своја територија и да даваат огромни жртви. Само во времето на Граѓанската војна по Октомвриската револуција имаше 15 милиони жртви. Во Втората светска војна вкупниот број на жртвите (убиени на фронтот, во германски логори и цивилни лица) е повеќе од 30 милиони. Уништени се 1.700 града и околу 70.000 села. Ете зошто, за разлика од САД и Западот, Русија не може да биде уплашена од закана со војна, вклучително и со нуклеарно оружје. И во времето на Наполеон, и во времето на Хитлер, Русите ја видоа Москва и опожарена, и разурната, но Американците не знаат како е да исчезне од лицето на земјата, на пример, Њујорк или Вашингтон.
Последниот обид на САД и на Западот да се уништи Русија ќе пропадне како и сите претходни. Новиот фашизам нема да успее како што не успеа ниту хитлеровиот. Со или без идна светска војна, тежиштето на владеењето со светот ќе се пренесе кон Азија – Кина, Русија, Индија. Да не заборавиме дека почетокот на денешната цивилизација беше таму – во Месопотамија. Понекогаш големите сили може да си дозволат повремени катастрофи. Во моментов Македонија е мала држава и секоја следна недоветност на нејзините политичари ја води кон неповратна катастрофа. Зашто позната е народната мудрост: Бог помага, ама во амбарот не внесува!
Стефан Влахов-Мицов
http://www.mkd.mk/kolumni/zoshto-sme-tolku-nedovetni

хан Ацо- Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България
Re: Интервјуа и колумни
Neznam dali nekoj od melnicarive ja sledel 24 analiza so akterot Sasho Tasevski i dramoseron dimitrovski vo medijatorstvo na Mishko.
Mi trebashe sat vreme da dojdam pri sebe!
Dobro bre majkumu, sto im pravat na lugjevo? Pa ovoj Dimitrovski kako iskocen od vesh mashina pusten na 80 C i vrten na centrifuga - 1000 obr/min nemashe da izleze tolku shashardisan! Lobotomija da mu pravele pa ke mu go ostavea barem centarot za ramnotezha! Ova ne e ni biljka? Ma jok kaktus da beshe povekje ke mu raboteshe to crpkata ....abe ovoj e pretvoren u nekoja ameba, paramecijum ili neshto slicno!!! KATASTROFA!!!
Mi trebashe sat vreme da dojdam pri sebe!
Dobro bre majkumu, sto im pravat na lugjevo? Pa ovoj Dimitrovski kako iskocen od vesh mashina pusten na 80 C i vrten na centrifuga - 1000 obr/min nemashe da izleze tolku shashardisan! Lobotomija da mu pravele pa ke mu go ostavea barem centarot za ramnotezha! Ova ne e ni biljka? Ma jok kaktus da beshe povekje ke mu raboteshe to crpkata ....abe ovoj e pretvoren u nekoja ameba, paramecijum ili neshto slicno!!! KATASTROFA!!!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
јас гледав..истото и јас го мислам Хамад...лично мислев дека Димитровски ќе сложи барем една цела сложена реченица во емисијата..а тој ништо...чудно..
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
Covekot (ako taka moze da se narece amebava), e dramaturg ... ili taka nesto ...EEEEJ!
Ja neznam kako Sasko i Misko ne ripnaa na sred emisija da go zgazat kako konjsko gomno...samo za muvi privlekuvanje moze da posluzi, tolku ostana od nego! SMRDEZH!
Ja neznam kako Sasko i Misko ne ripnaa na sred emisija da go zgazat kako konjsko gomno...samo za muvi privlekuvanje moze da posluzi, tolku ostana od nego! SMRDEZH!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Јове Кекеновски до Грујошеску...
Кекеновски: Груевски, извини се и замини си од политичката сцена, спаси ја партијата од срамот!
Го повикувам јавно Никола Груевски што побргу да ја спаси ВМРО ДПМНЕ од голем срам и политичкиот багаж кој мислам дека ќе ја потопат и уништат партијата која ја градевме сите над 25 години! Сум вложил многу во оваа партија, ја сметам и за мое чедо, и како секој млад човек и таа знае да застрани по лоши патишта и време е да ја вратиме на патеките по кои беше замислена да оди. А тоа е интересот на Македонија и македонскиот народ а не на поединци кои сакаат да профитираат од партијата и од Македонија, вели професорот Јове Кекеновски во интервју за порталот Мактел.
- Го повикувам Груевски да го следи примерот на Љубчо Георгиевски од 2003-та и да се повлече уште додека има време, да се извини на македонскиот народ за грешките и да замине со барем малку достоинство од политичката сцена. Тоа му личи како лидер на светата партија ВМРО-ДПМНЕ која е главен столб на она што се нарекува Македонија и македонштина. Доколку не го направи ова тој ќе и нанесе несогледливи последици на ВМРО-ДПМНЕ од кои партијата долго можеби и никогаш нема да може да закрепне. А тоа е лошо за Македонија, затоа што ВМРО-ДПМНЕ и треба на Македонија, тие се нераскинливи една со друга, врзани се како сијамски близнаци, и ова го мислам во најпозитивна смисла во една насока и тоа ВМРО ДПМНЕ кон Македонија а не обратно што гледаме дека се случувало и се случува во моментов. Членството е загрижено за она што се случува овие денови и Груевски мора да покаже сериозност и доблест и да не си игра со судбината на партијата и на земјата изјавил Кекеновски за порталот.
Долгогодишнит член на владеачката партија тврди дека деновиве му се јавуваат пратеници, членови на ИК и ЦК, дури и некои градоначалници кои се загрижени од ова што се случува во Македонија.
– Не сум зборувал со Марјан Ѓорчев кој е споменат на снимките но еве јавно го повикувам да излезе со став како човек кој беше во игра за да ја води партијата пред десет години. Ги повикувам сите да не се кријат и да излезат со ставови затоа што ова се сериозни времиња кои бараат сериозно однесување. Јас си ја сакам партијата и и сакам се најдобро, затоа го правам ова. Сметам дека идеалот на ВМРО ДПМНЕ е прекршен и извалкан, оваа партија никогаш не била против македонскиот народ, никогаш не го малтретирала, прислушкувала, крадела и замолчувала. Тоа се само застранувања на кои мора да реагираме додека не е предоцна – вели Кекеновски.
Запрашан што мисли за улогата на Борис Стојменов во целава приказна, тој вели:
- Тоа се тие големи вмровци кога има интерес, но кога ВМРО ДПМНЕ ќе западне во тешка криза после сето ова, партијата ќе биде оставена сама на себе и сите овие милионери и профитери ќе се разбегаат во непознат правец. Знаеме како изгледаше ВМРО ДПМНЕ во 90-тите кога беше во опозиција, тогаш немавме пари за гориво за колите во кампања. Исто ќе биде и после сето ова, некои ќе заминат на Карибите со големо богатство, но партијата и народот ќе бидат оставени на цедило. Ова мораме да го знаеме сите и да бидеме свесни за сето ова. Најголем вмровец цо моментов е Ѕинго, а сите знаеме за неговата улога кон ВМРО-ДПМНЕ во 90-тите. Исто ќе биде и по сето ова. Запаметете ми ги зборовите - објаснува професорот Кекеновски.
Тој во ова интервју на прашањето што мисли за вчерашната изјава на Заев околу улогата на Груевски за пазар со името вели – „Ништо веќе не ме изненадува за никого после се што излезе овие денови во јавноста“.
http://libertas.mk/%D0%BA%D0%B5%D0%BA%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD/
Гостин- Гостин
Страна 1 of 42 • 1, 2, 3 ... 21 ... 42
Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 1 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|