Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 2 of 42
Страна 2 of 42 • 1, 2, 3 ... 22 ... 42
Re: Интервјуа и колумни
luxor напиша:Јове Кекеновски до Грујошеску...Кекеновски: Груевски, извини се и замини си од политичката сцена, спаси ја партијата од срамот!
Го повикувам јавно Никола Груевски што побргу да ја спаси ВМРО ДПМНЕ од голем срам и политичкиот багаж кој мислам дека ќе ја потопат и уништат партијата која ја градевме сите над 25 години! Сум вложил многу во оваа партија, ја сметам и за мое чедо, и како секој млад човек и таа знае да застрани по лоши патишта и време е да ја вратиме на патеките по кои беше замислена да оди. А тоа е интересот на Македонија и македонскиот народ а не на поединци кои сакаат да профитираат од партијата и од Македонија, вели професорот Јове Кекеновски во интервју за порталот Мактел.
ударно е!!Браво Јове.
- Го повикувам Груевски да го следи примерот на Љубчо Георгиевски од 2003-та и да се повлече уште додека има време, да се извини на македонскиот народ за грешките и да замине со барем малку достоинство од политичката сцена. Тоа му личи како лидер на светата партија ВМРО-ДПМНЕ која е главен столб на она што се нарекува Македонија и македонштина. Доколку не го направи ова тој ќе и нанесе несогледливи последици на ВМРО-ДПМНЕ од кои партијата долго можеби и никогаш нема да може да закрепне. А тоа е лошо за Македонија, затоа што ВМРО-ДПМНЕ и треба на Македонија, тие се нераскинливи една со друга, врзани се како сијамски близнаци, и ова го мислам во најпозитивна смисла во една насока и тоа ВМРО ДПМНЕ кон Македонија а не обратно што гледаме дека се случувало и се случува во моментов. Членството е загрижено за она што се случува овие денови и Груевски мора да покаже сериозност и доблест и да не си игра со судбината на партијата и на земјата изјавил Кекеновски за порталот.
Долгогодишнит член на владеачката партија тврди дека деновиве му се јавуваат пратеници, членови на ИК и ЦК, дури и некои градоначалници кои се загрижени од ова што се случува во Македонија.
– Не сум зборувал со Марјан Ѓорчев кој е споменат на снимките но еве јавно го повикувам да излезе со став како човек кој беше во игра за да ја води партијата пред десет години. Ги повикувам сите да не се кријат и да излезат со ставови затоа што ова се сериозни времиња кои бараат сериозно однесување. Јас си ја сакам партијата и и сакам се најдобро, затоа го правам ова. Сметам дека идеалот на ВМРО ДПМНЕ е прекршен и извалкан, оваа партија никогаш не била против македонскиот народ, никогаш не го малтретирала, прислушкувала, крадела и замолчувала. Тоа се само застранувања на кои мора да реагираме додека не е предоцна – вели Кекеновски.
Запрашан што мисли за улогата на Борис Стојменов во целава приказна, тој вели:
- Тоа се тие големи вмровци кога има интерес, но кога ВМРО ДПМНЕ ќе западне во тешка криза после сето ова, партијата ќе биде оставена сама на себе и сите овие милионери и профитери ќе се разбегаат во непознат правец. Знаеме како изгледаше ВМРО ДПМНЕ во 90-тите кога беше во опозиција, тогаш немавме пари за гориво за колите во кампања. Исто ќе биде и после сето ова, некои ќе заминат на Карибите со големо богатство, но партијата и народот ќе бидат оставени на цедило. Ова мораме да го знаеме сите и да бидеме свесни за сето ова. Најголем вмровец цо моментов е Ѕинго, а сите знаеме за неговата улога кон ВМРО-ДПМНЕ во 90-тите. Исто ќе биде и по сето ова. Запаметете ми ги зборовите - објаснува професорот Кекеновски.
Тој во ова интервју на прашањето што мисли за вчерашната изјава на Заев околу улогата на Груевски за пазар со името вели – „Ништо веќе не ме изненадува за никого после се што излезе овие денови во јавноста“.
http://libertas.mk/%D0%BA%D0%B5%D0%BA%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD/
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
sekako vredi da se procita! Arsim Zekoli kako i sekogash ...precizen do bolka!
http://www.kotle1.ca/kolumni/item/471-namejovicastanisic
http://www.kotle1.ca/kolumni/item/471-namejovicastanisic
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Stevka gromobranka na "analiza 24" - LUPA LI LUPA, trese zeleni kako nikogash, sere li sere, lizhe svinjski pomii pa gi povrakja, se macka so vazelin pa probuva so sila da se uvlekue u shupakot na grujo, place, se mrsuljavi i ligavi ..........KATASTROFA....i ovoj gi spremil kuferite po se izgleda!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Nema toj da odi pdaleku od Idrizovo...Treba da objasni nekoi raboti...Kako na primer, cenite na shortcevite...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
More koga ke go stavat u ista kjelija so Goca (poshto se i dvajcata so sumljiva polova pripadnost) ima da popizdi! Ima frizerkata da pukne od ljubomora!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Астеруд до Канческа-Милевска: Имате ли зборови на себезгрозување од тој ваш муабет?
По вчерашниот статус на министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милеска, дека покажала поддршка за семејството на Тоше Проески, со свој коментар се огласи и професорката Каролина Ристова Астеруд.
Таа ја прашува Канчевска-Милеска дали има зборови за себезгрозување од муабетот кој беше презентиран од СДСМ.
Еве што напиша Каролина Ристова Астеруд:
„Ова сериозно узурпатор-министерке?! Навистина ли СДСМ ќари политички поени на тоа што открива како ВИЕ од ДПМНЕ сте сакале да ќарите од семејството на Тоше, не политички поени, туку политички гласови на избори, ни помалку, ни повеќе?! Ако не ги дадат, се што направила државата за спомен на Тоше, оп, закана дека ќе се одземе и затвори, онака, од чиста политичка одмазда! Имате ли нешто да искоментирате за муабетот меѓу вас и колегата узурпатор-министер Че Миле,а? Имате ли зборови на (себе)згрозување од тој ваш муабет, а? Очигледно и натаму не. Срам и арам да ви е! А читам и по ФБ, членството и симпатизерите на ДПМНЕ, сите „згрозени„ што „ Заев и опозицијата го вмешувале и Тоше„. Добро бе луѓе, дајте употребете елементарен капацитет за расудување!
Не е така, тоа ВАШИТЕ го вмешале Тоше во нивните соципатски и грозоморни изборни валканици и криминали. Заев само ви го открива тоа! Што би рекле вие, има разлика, нели? Патем, имате ли вие, поддржувачи на ДПМНЕ, некој коментар на згрозување и осуда за размислите и искажаните зборови на Че Миле? Не ви ли се превртува нешто во стомакот? Нееее, не видов таква осуда, тук-таму понекој исклучок. Вие би да го „задавите„ тој што ве открива сите вас во вашата морална и политичка грдотија, во сиот ваш примитивизам и примитивни инстинкти, па макар и на ниво на размисла, или што би рекле Амери, вие сте повеќе за kill the messanger! И уште нешто. Гледам ептен сте уфилмани сосе узурпатор-министерката на чело дека баш ВИЕ сте давале пари за семејството на Тоше, па дека баш вие сте ја направиле спомен-куќата. Навистина?
Не се сеќавам дека ДПМНЕ собирала лични и приватни донации или се дала партиска донација за таа цел. Колку што знам сето тоа се финансира од буџетот, така? Ако е така, тогаш дали сте свесни дека тоа се пари собрани и од поддржувачите на СДСМ и целата опозицијата, како и од парите на тие што можеби воопшто не гласале, за ниедна од партиите, а? Кога бре еднаш ќе се свестите дека државниот буџет не е ваш личен, приватен или партиски буџет и дека не можете така да се однесувате со него, така да си го доживувате и така да си го присвојувате?! Тој буџет е на сите и за задоволување на потребите на сите, и на тие што гласале за вас, и на тие што не гласале за вас! Парите за семејството на Тоше се дадени со општа поддршка! И не можете тие заеднички пари да ги користите за притисоци и уцени по било кој основ! Дали можеби треба да ви се демонстрира тоа што сиот нормален свет го знае ?
На пример, со ала-Ганди методи на финансиско рушење на вашето узурпирање и киднапирање на државата? Можете ли за момент да си замислите колкав ќе биде и на што ќе личи државниот буџет ако се што е опозиција во државата се реши на даночен/фискален и сеопшт финансиски бојкот на се што го храни режимот, а? Впрочем, како што заповеда еден од клучните темелници на демократијата – нема даноци без политичко преставништво! А вие на СИТЕ што не се со вас им го крадете, фалсификувате, силувате, заканувате и присилувате политичкото преставништво! Дали сте свесни каде ја водите земјата со тоа што со години на цела земја и на сите други политички сили во земјата им го одземате тоа што ви беше цивилизирано дадено и цивилизациски пренесено во 2006 – легални, фер и чесни избори?
Ако не се свестите и не се корегира тоа што го правите и сето тоа што така безумно го поддржувате, земјата сигурно ја водите во пропаст, пропаст не само на „комуњарите„, туку и ваша сопствена! Во тоа ич да немате сомневање! Македонија не е Германија, Италија или Јапонија, нема толку голем историски, демографски и секаков друг потенцијал за да преживее еден ваков узурпаторски режим кој има амбиција да се трансформира во отворена диктатура. Работата ќе биде, слобода или смрт за Македонија, да не се залажувате дека ќе биде поинаку, за несреќа на сите нас, ама баш на сите! Некои природни и општествени законитости против кои како залудени одите сега едноставно ќе не прегазат сите нас!“.
http://a1on.mk/wordpress/archives/462605
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Ova mora da se prochita...Kazhuva se...
Да работиме институционално, брат!
Најважната поента од незаборавните детонации во Универзална сала во Скопје е онаа кога виден претставник на кликата на Никола Груевски признава дека компромитацијата на изборниот процес не е прост збир на поединечни злоупотреби, туку обмислен концепт, спроведуван и усовршуван со години. Во еден од разговорите, Влатко Мијалков, брат на влијателниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, на министерот Миле Јанакиевски му го објаснува концептот и во манирот на некаков модерен Кардељ на изродбата, исфрла и теоретска дефиниција на грабежот: „Да работиме институционално!“
Сите кои денес наивно мантраат дека политичката криза требало да се решава институционално, ете, сега знаат дека кликата на Груевски осум години веќе работи така, „институционално“ - таа темелно и систематски ги партизира и ги корумпира институциите и од нив ги истиснува и нивната демократска суштина и добрите практики по кои се препознава една европска јавна администрација. МВРО-ВМРО, обвинителствата, судовите, министерствата, јавните претпријатија и поголемите компании се под директна контрола на кликата на Груевски. Сите се во истиот базен - терминот што Влатко Кардељ го чул од Мартин Протогер и воодеупшевено го употребува - од кој режимот се напојува со гласови и со лажен легитимитет во сушните периоди, кога е јасно дека изборите се добиваат само ако од нив се направи кланица.
Затоа, на сите коишто ви велат дека кризата треба да се решава институционално, речете им – така е, ама прво да ги истераме лудациве и забеганиве (сами признаваат дека се такви), потоа ние малку да поработиме „институционално“, па после да седнеме и да размислиме. Се шегувам. Ако зборуваме сериозно, треба да се каже ова - мора да престанеме да работиме „институционално“! Од институциите треба веднаш да се избркаат партиските комесари и нивните фаланги. Институциите мора да се обноват. Треба да се сфати дека ние денес немаме професионална полиција, независно судство, одговорна државна телевизија, сериозни државни претпријатија – сето тоа се местни комитети и штабови на ВМРО.
Обновата на институциите треба да биде главната задача на идната македонска преодна влада, задача за која таа мора да добие широка политичка поддршка од сите релевантни политички и граѓански организации во земјата, но и од меѓународниот фактор. Тоа е единствениот начин да ги вратиме слободата и демократијата и да дојдеме до првите фер и демократски избори по речиси цела една деценија.
http://plusinfo.mk/vest/17984/da-rabotime-institucionalno-brat
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Na telma "Top tema" .....
Dali Vankovska moze da se spushti ushte podolu? Taa zena e brdo frustracia, neebana i neizdrkana masa zbutana vo edno 100kilsko bure! Dno dna, patos, mifka od selski volnen usmrden i ligav materijal. Ne bi i dal u trafika cigari da prodava a kamoli na moe dete da mu drzi predavanje! Taa e najlosha i najevtina kurveshtija od benziskata kaj MTV!!! Nakratko dushevna i fizicka GRDOTIJA!!!!!!
Dali Vankovska moze da se spushti ushte podolu? Taa zena e brdo frustracia, neebana i neizdrkana masa zbutana vo edno 100kilsko bure! Dno dna, patos, mifka od selski volnen usmrden i ligav materijal. Ne bi i dal u trafika cigari da prodava a kamoli na moe dete da mu drzi predavanje! Taa e najlosha i najevtina kurveshtija od benziskata kaj MTV!!! Nakratko dushevna i fizicka GRDOTIJA!!!!!!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Shanac na 24 vesti!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
SHANAC.....EEEEEJ GLUPERDO, NAROD TE GLEDA! AMA NE SI VO TEATAR BRE MAJMUNE, OVA SE BELEZHI I SNIMA!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
kako laze bre gledaj go ...edinstvena knishka od dpmne ...beshe i u vmro -np ,beshe i so bratot ljube ,..beshe i so marjan dzorchev vo zemjodelska partija .....abe ovoj e idiot parekselans ,glej go voditelot kako go ishupchi ,a ovoj e stvarno za nikade nishto ne go DOPIRAHamad bim Khalifa напиша:SHANAC.....EEEEEJ GLUPERDO, NAROD TE GLEDA! AMA NE SI VO TEATAR BRE MAJMUNE, OVA SE BELEZHI I SNIMA!
Последната промена е направена од osa на Сре Мар 11 2015, 21:45. Мислењето е променето 1 пати
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
lele on zbori deka za milioni mu go menuvale mislenjeto na Velija !!!!!
auuuuuu a on za shto se smeni i pak e za dpmne
auuuuuu a on za shto se smeni i pak e za dpmne
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Zosto mu stavile prekar "SHANAC" ?
Epa jasno e ..... komotno mozelo dodusha da bide "ENDEK" !?
Mishko go SHUPCI ...... alal da mu e!
Epa jasno e ..... komotno mozelo dodusha da bide "ENDEK" !?
Mishko go SHUPCI ...... alal da mu e!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
ДЕЛУМНО ТОЧНО
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Ова не сум јас, туку мојот лош брат близнак
1. Пред неколку години, во шоуто на Џери Спрингер во серијата "Прељубници", имаше случај на маж што си ја изневерува жена си со сестра $. Екипата на серијата го следела прељубникот од А до Ш. И ја имаше снимено целата афера. На крај, во студио ги соочија прељубникот со жена му и го покажаа снимениот материјал. И што $ рече прељубникот на жена си? "Тоа се креирани снимки. Не сум јас тој на снимките. Тоа е мојот брат близнак. Не сакав досега да ти кажам дека имам брат близнак, оти не сакав да те вознемирувам". По овој одговор, жената го праша "Зошто?" А овој и одговара: "Затоа што тој е многу лош ,а јас сум добар". Па навредено продолжува со: "А зошто ти мене ме следеше? Зарем не ми веруваш? Јас толку добро правам за тебе, а ти вака ми враќаш. И сега што ќе правиш со снимките? Мила, зарем повеќе им веруваш на своите очи отколку на мене?"
Во нашава епизода од реалното шоу "Пуч и бомба" одат сличните реплики. Повеќе им верувате на своите уши или ни верувате на нас?
2. Сега го гледаме вистинското лице на политиката. Политичарите немаат лице.
Од серијата снимени прислушувани разговори дознавме дека вицепремиер и министер за внатрешни работи си се жалат меѓу себе дека не можат да добијат термин кај премиерот за да разговараат за проблемите. И веднаш по објавените разговори во кои слушнавме тешки обвинувања за премиерот и за колеги, се сликаа заедно сосе ликовите од разговорите за да прослават уште еден владин успех.
Успесите се редат, така што дури и летото може спокојно да дојде. Оти и песокот на Преспа доби камен-темелник за плажа. За неколку месеци кавгите ќе се заборават. Впрочем, во која фамилија нема кавги? Важно е дека кога е во интерес на фамилијата, работата мора да врви.
Само ме интересира на кој начин се договорија што ќе кажат во јавноста и на кое одбележување успех ќе се појават. По телефон ли се договараа? Дали тоа значи дека телефонските линии сега се сигурни? Или имаат друг начин на комуникација преку кој си ги разменуваат клучните зборови што ќе ги кажат во изјавите. Кој е најбезбеден начин на комуницирање? Курир.
3. Синодот на МПЦ-ОА ги покачи цените на услугите на поповите. Официјалното објаснување е дека рипнал стандардот на граѓаните.
Поповите, очигледно, не ги слушнале последните снимки од "бомбата" на Заев. Тие си гледаат МТВ. А таму сме лидери во регионот, втори по ова, најголем раст по она, вработувања на сите страни, БДП-то расте, инвестиции едно чудо, исплатени субвенции, покачени пензии, кој на бања, кој на скијање...
Самата вера е догма. Ама имаме среќа што тие што ја проповедаат имаат широки видици. Мора да бидат во чекор со барањата на времето. Па и производителите на луксузни коли се фалат со нови модели. Ни поповите не можат да им одолеат на искушенијата на растот на стандардот.
4. СДСМ најавува дека ќе прави масовни собири во спортски и концертни сали. Вчера рекоа дека ќе ја закупат Универзална сала.
Нека не се фалат многу за Универзалната, оти таа чека реновирање. Може да му текне на Груевски уште викендов да ги викне сите министри на сликање. И за да означи почеток на изградба на нова Универзална, да одлучи да ја урнат. Со динамит. Да не ја тупиме многу. А и МВР ќе куртули од вонредни технички прегледи на автобуси.
Туку, ако има толку интерес за "бомбите", зошто СДСМ-вците не направат саем за папки? Со посебни штандови. На еден штанд папки со тема судство. На друг папки со тема медиуми. На трет штанд - организирање избори. На четврт штанд - папка за ДУИ. На петти штанд промена на ГУП-ДУП. На шести штанд пејачи за кампања. И да остават еден штанд за прашања и нарачки на папки. За заинтересирани граѓани. Одиш кај хостесата и прашуваш: "Извинете, имате некој муабет за ова - за она..." А хостесата љубезно одговара, затоа што разговорот, нели, се снима: "Почекајте да проверам во комбето или да се јавам до странската служба. Немате среќа. Дојдете идната недела, може ќе најдеме нешто и за вас".
5. За македонската внатрешнополитичка криза расправале и пратениците во германскиот Бундестаг. За македонската политичка криза не расправале пратениците во македонското Собрание.
Нормално. Германците расправале, веројатно, затоа што немале доволно информации. Така рече премиерот Груевски. А зошто не расправале неговите пратеници? Затоа што тој така одлучил.
6. За над 8 илјади жени во Шутка со години нема матичен гинеколог. Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека никој не се јавувал на огласите и проблем е што има малку гинеколози во државата.
Чудо како министерот досега не се снашол. Нека најде некој од оние стручњаците што ги носи од Америка. Само да не биде од оние мајсторите што лепат вагина со анус.
7. Зошто од претседателот Ѓорге Иванов досега нема излезено ниту една снимка на прислушуван разговор? Затоа што има телефон со безбедносен сертификат. На неговата мобилка нема микрофон. Има само слушалка.
8. На крајот на уште една епизода од серијата "Пуч и бомба" сè уште не ми е јасно што е точно, што е делумно точно, а што е целосно неточно од она што го слушаме. Дали одговорот лежи во искрената исповед што ја регистрирав на една од снимките: Добро, бе луѓе, ние ненормални ли сме?
Остана ли некој нормален во државава? Некој што ќе може да организира избори? И по она што го чувме вчера, остана ли некој нормален што ќе сака да излезе на избори? Некој што не го влечат за уши.
http://www.vest.mk/?ItemID=2FA1A1BDAEE34745A4E45139D0AFC486
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Pazete go ovoj!:
http://narodenglas.com/%d0%b1%d1%80%d0%b5-%d0%b1%d1%80%d0%b5-%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%87%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5-%d1%88%d0%b0%d1%80%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0%d0%bd-%d0%bfa%d1%80-%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d1%81/
Stanuva se pojasno deka se u TEZHOK OCAJ!!!
A postiraniov ke bide glavna Soraja i Stanija na nekoj STANOJKO i slicni SURAT FACI u Idriz beg! ..... Neka pobrza so nabavka na vazelinot - da ne bide kasno naskoro, ke go snema vo trgovija od golema pobaruvacka!
http://narodenglas.com/%d0%b1%d1%80%d0%b5-%d0%b1%d1%80%d0%b5-%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%87%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5-%d1%88%d0%b0%d1%80%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0%d0%bd-%d0%bfa%d1%80-%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d1%81/
Stanuva se pojasno deka se u TEZHOK OCAJ!!!
A postiraniov ke bide glavna Soraja i Stanija na nekoj STANOJKO i slicni SURAT FACI u Idriz beg! ..... Neka pobrza so nabavka na vazelinot - da ne bide kasno naskoro, ke go snema vo trgovija od golema pobaruvacka!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Koja e ovaa na Telma: Ivanka Dodovska, univerzitetski profesor? Znae li nekoj detali, aman za aman....... koj ni gi uchi decata ?!?!?! BOG DA CUVA I BRANI!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
mene samo prezimeto nejzino me asocira na Marjan Dodovski ,poraneshniot predsedatel na VMRO _NP ,onoj shto se prodade pred izborite za 100 000 eura i premina vo dpmne
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Ako se zaedno...... se nasle: Kucheshko GOMNO i Kravja LEPESHKA!!!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Koja jaka emisija za sostojbite vo MK na Aldzezira!!!!! Momentalno odi!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Одлична колумна на Сашо Ордановски...
http://libertas.mk/%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D1%83%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%B5%D1%87%D0%B5/
Времето за аболиција неумоливо тече
Во принцип, на Груевски би требало да му одговара што побрзо започнување, не предолго траење и што побрзо завршување на многу потенцијалниот судски процес што ќе се води против него и неговите соработници во долгогодишниот проект за поткопување на уставното уредување, законското функционирање и елементарната морално-политичка пристојност во Република Македонија.
Сето тоа е во врска со мандатот на претседателот Ѓорге Иванов, кој ја има врвната моќ во државава за аболиција на оние осудени за криминал. Да потсетам, тој мандат трае до 2017 година, а месеците брзо си течат. Со оглед на тоа што со секој изминат ден, со новите сознанија за сторени тешки кривични дела во различни области од (не)функционирањето на државата, расте и потенцијалот за кривично-правната комликуваност на случајот што најверојатно ќе се води против Груевски и другите обвинети за злосторничкото здружување; а се намалува потенцијалот за политичката компликуваност околу Груевски (тој, имено, побрзо одошто се надева, ќе остане прилично персонално осамен и политички изолиран, вон најтесниот круг од неговите лојални соучесници) – така и расте неговата потреба одмотувањето на судската разврска да започне што побрзо, за да не се испушти крајниот рок кога Иванов ќе замине во претседателска пензија, веројатно во првата половина од 2017 г. Потоа нема да има аболиција. Ќе има отслужување. И конфискација.
ВРЕМЕ Е ЗА ЛИЧЕН ИНТЕРЕС
За да ја забрза работата, чисто од личен интерес, Груевски навистина има само едно решение: итна оставка на сите партиски и државни функции и брзо пријавување кај Зврлевски и кај баџанакот на Мијалков во обвинителството за организиран криминал за започнување на кривичното гонење против себе. Знам, ова сега звучи како зафрканција, но ве уверувам дека Зврлевски и баџанакот на Мијалков (забравам му го името!) му се последната шанса за досудување помали пресуди заради договорот што осомничените за кривични дела, според неодамнешните законски решенија, можат да го испазарат со обвинителите, со претходно признавање на вината за обвиненијата. Впрочем, Зврле е веројатно и последниот обвинител што би прифатил таков договор со Груевски.
Проблемот на Груевски е што ни таквата негова евентуална брзина не гарантира дека ќе го избегне редот од оние што ќе чекаат да се пријават за заштитени сведоци во судските процеси токму против него и неговото злосторничко здружение. Ако самиот застане на крајот на тој ред, со сигурност ќе ги пропушти роковите за аболиција за кои овде расправам. А 2017-та ене ја каде е! Значи, ќе мора да фати врска за процесуирање на сопствените дела „преку ред“. Мислам дека за таа работа ќе му излезат во пресрет Мијалков и Јанкуловска кои, како што слушаме, имаат извонредни влијанија и врски кај дузина „нивни“ (ако не и сите!) високо поставени судии и обвинители во македонскиот правосуден систем. Ќе види Гордана во „судскиот“ тефтер – ех, тој тефтер вреди милион долари и г-ѓа Јанкулоска сигурен сум дека љубоморно ќе го чува до крај, за кога нејзе ќе ѝ дојде редот кривично да се придружи кон здружението, да има и таа со што да се пазари! – и ќе му фати врска на Груевски кај некој од „нивните“ судии…
Еееј, колку пророчки звучи сега изјавата на ноторниот затвореник Љубе Бошковски кој, после некоја од десетте пресуди со кои го натоварија, легендарно ѝ порача на судијката што го судеше: „Ќе дојде време кога ќе ве наредиме како шишиња и вам ќе ви судиме!“
Па, дури ни овој правосуден пристап не му одговара на Груевски: со оглед на неговата висина, каде ќе биде тој во редот на „аптекарските“ шишиња на Љубе?! Пак на крај! И така ќе го пропушти датумот за аболиција од претседателот Иванов!
ИМА И ОЛЕСНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИ!
Но, молам за идните обвинети да биде земена предвид една голема олеснителна околност. Имено, кога на времето Груевски и неговото здружение го поставија за министер за правда г. Михајло Маневски и го назначија за водечки човек на реформата на правниот систем во државата, на ништо друго – освен на тотална катастрофа! – не можеле ни да се надеваат дека ќе излезе од целиот овој правно-политички галиматијас кој резултира со персонално и законско торпедирање на македонскиот правен систем. Па, г. Маневски, ако добро паметам, беше последниот министер за правда во социјалистичката Македонија за чие проблематично работење во ресорот Правда мораше кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век да одржи специјална затворена седница и самиот Централен комитет на Сојузот на комунистите на Македонија! Уште тогаш се знаеше разорната моќ што ја поседува потентниот правосуден пар Филимена/Михајло – тоа што не успеаја (!) да го направат со судскиот систем во недемократската, комунистичка Македонија, сега, еве, слушаме дека извонредно им пошло од рака во демократската, Грујова Македонија.
Затоа, молам како олеснителни околности на идните обвинети, тогаш премлади за да ги помнат времињата на македонскиот социјализам, да им се земе тоа што некој дрско им го криел минатото на правосудниот дует Филимена/Михајло, иако во таа работа (во криењето на минатото) веројатно директен соучесник е г-ѓа Нада, мајката на возљубениот премиер, која е и блиска другарка на г-ѓа Филимена. Ма, всушност, сето тоа е еден фамилијарно-баџаначко-кумашински „преплет на црева“ на кој ни почеток ни крај не можеш да му фатиш… Но, велам, не може само Грујо да биде виновен за сѐ – јас мислам дека тоа е веќе доволен основ за олеснителните околности на кои апелирам овде! А и за подоцнежна аболиција, ако се фатат сите изборни термини на време.
„НОВАТА ОПШТЕСТВЕНА ЕЛИТА“
Целата оваа мега-афера, додуша, го отвора и прашањето за изборниот и политичкиот легитимитет на самиот претседател Иванов, во кого се вложуваат сите аболициски надежи. Белки нема сомневање дека и неговиот последен избор е наместен?!
Но, некако сум склон да мислам дека нашиот претседател правно-политички ќе се извлече, бидејќи сум сигурен дека и кога му ја местеле изборната победа, тој за ништо не бил прашан. Можеби му довериле да ги полева фикусите во резиденцијата, а можеби и не, што може да се востанови од самата состојба на фикусите. Имено, ако растат и се развиваат (фикусите), постои основано сомневање дека ни тоа задолжение не му било доверено на г. Иванов. Веројатно дека на крајот бил информиран дека е избран за претседател – и толку. И му било кажано да ги полее фикусите и да не ги фаќа копчињата.
Сепак, шегата на страна, со секоја наредна испукана „бомба“ на Заев, ни станува сѐ појасно дека Македонија е една тажна, тажна, тажна земја. Бројот на оние функционери, на мали и поголеми политичарчиња, на партиски активисти и разни „човечиња“ кои немаат никаков морален и професионален интегритет и кои се подготвени „до смрт“ и „до крај“ да им бидат верни како кучиња на оние што ги ранат, е депресирачки. Кои се овие токмаци и чавки што ги слушаме по снимкиве?! Што се глупира и оној Заев, па ги правда со тоа дека биле уценети и уплашени од фамилијата?! Од под кои камења се исползени, од кои кории се излезени, од кои планини се симнале, од кои бунари се искачиле, од кои мочуришта испливале, колку кал од чевлите избришале, каде учеле и кој ги воспитувал? Тоа ли е „новата општествена елита“ со која Груевски сака да ги замени „комуњарите“, со нив ли треба да се гради посветлата иднина на Македонија? Заради нив ли од земјава ни се иселија илјадници интелигентни и надежни низ светот?
Вистинска општествена трагедија ја снајде Македонија со еднодецениското владеење на г. Груевски и неговата фамилија. Нам, како нација, не ни одговара правдата да биде бавна, но достижна. Би било фер и од Груевски да ѝ помогне на нацијата и да си замине што побрзо од јавниот и политичкиот живот на Македонија.
Сашо Орданоски
http://libertas.mk/%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D1%83%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%B5%D1%87%D0%B5/
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Vo srzhta...
Угледен и чесен криминалец
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција (значи јавно, не преку телефон) изјави дека министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дозволил продажба на државно земјиште на атрактивна локација среде Скопје, кај зградата на „Автомакедонија“, за само 100 евра по метар квадратен. И, плус, приложи документи за јавното наддавање од 2012 година на кое се случила продажбата. Јанакиески се навредил, го тужи Шилегов и му бара 5.000 евра за да ги санира штетите му ги нанел на честа и угледот.
Сега, од оваа перспектива, министерот е целосно во право. Благодарение на „бомбите“ што ги објавува партијата на Шилегов, целата македонска јавност слушна како добриот глас на Јанакиески бара чаре - моторни пили, динамит - како да го сруши „Космос“, како да ги отвори црните вреќи со избирачки списоци, а тоа никој да не го забележи, како се заканува дека ќе брка од работа, дека ќе преместува згради, ќе исклучува лифтови, ќе му помага на премиерот како да ја парчосаат парцелата на Водно, што неговиот шеф ја начекал за џабалак... Значи, во светло на ваквите големи, мрачни злодела обвинението дека јавно продал градежно земјиште - кое можел тајно и бесплатно да го земе или да го даде, сеедно - навистина на Јанакиески му изгледало навредливо, недостојно за критериумите што владеат во криминалната фамилијата за тоа што е чест и углед, потценувачки за нивото и, особено, за неговиот формат (А4).
(Слободен печат)
http://plusinfo.mk/vest/19638/ugleden-i-cesen-kriminalec
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Trichko na fejsbuk..
Идиот пред куќата во пламен!
Кога ќе сретнете некој идиот кој спокојно гледа во куќата во која горат илјадници луѓе и калкулира дали модрата боја на пламените јазици доаѓа од рускиот гас, а жолтеникавите и браон нијанси од малешевскиот чам и бор, можете да бидете сигурни во пет работи: прво, идиотот е чипиран, второ, чипот има ознака вмро-дпмне, трето, чипираниот идиот со ознаката вмро-дпмне ја има запалено куќата, четврто, ако сакате да спасите макар еден човек од куќата во пламен морате да го тргнете лудакот за да можете со цревото со вода побргу да стигнете до жртвите и, петто, не е паметно, дури, може да се каже, глупаво е, да дебатирате со лудакот за што било!
Идиот пред куќата во пламен!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 25.03.15.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
ТРПЕ НЕПОКОРЕНИОТ
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - А народни судии има? Тоа народен суд многу страшно звучи.
1 Кога некој ќе ви се закани: "Ќе се видиме на суд!", одговорете му со хумор. Раскажете му виц. На пример, одличен виц е кога некој ќе каже дека аферите "Пуч" и "Прислушување" мора да добијат судска и институционална разврска. А уште подобар виц е кога Здружението на судии по едномесечна анализа ќе излезе со соопштение дека "судиите имаат капацитет и интегритет да ја вршат судиската функција".
Кои судии имаат интегритет? Оние што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си ги избираат со компензација? Или оние што имаат по два плуса во тефтерчињата на партиските функционери и тоа заведени под бројче? Може и еден плус, под услов препораката да е стасана од некој наш или ептен наш. Здружението на судии заклучи и дека неговите членови со својот интегритет "обезбедуваат непристрасно судење, заштита и унапредување на слободите и на правата на граѓаните и доследно почитување на принципот на владеење на правото". Види што убаво соопштение напишале. Што сè треба од сивите мозочни ќелии да избришеме за да им поверуваме?
Всушност, ако може да им се верува на снимките што ги слушнавме, судиите не биле судии. Судиите биле извршители.
Така што, ако не дај Боже дојдеш до дереџе да бараш правда на суд, оди прво помоли се пред споменикот на оној со ножот и пушката истопорен пред Судска палата. Ама, за секој случај, стави си едно парче "сваровски" во џебот. Убаво спакувано. Барем додека оние што го добиле тоа место со компензација не научиле дека "сваровски" е бижутерија.
2 ВМРО-ДПМНЕ, по снимките за наводното партиско влијание во судството, реагираше со соопштение, во кое одговори дека "во Собранието на Република Македонија по партиски список од кадровските комисии на СДСМ беа избрани 617 судии и стотина јавни обвинители".
Па затоа ли ги биравме да го победат СДСМ? За да стават свои судии? И за да се качат на Водно?
Значи, имало СДСМ-овски судии и ВМРО-вски судии. А народни судии има? Тоа народен суд многу страшно звучи.
3 Од последниве снимки го сфатив вистинското значење на стихот "ВМРО, ти си моја судбина". Како да му се загорчи животот на вработен за кого во една од претходните епизоди слушнавме дека "не е наш, ама не е ни нивни". Овој пат дознавме дека тој бил бистро дете, добар работник и чесен човек. Плус и правосуден испит имал положено. Арно ама не се покорува. А и кога морал да се извини, не се извинил од срце.
Е тоа ти е судбина.
4 Сега ги разбирам илјадниците луѓе што минатата недела дојдоа на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во салата "Борис Трајковски" во Скопје. Секој си ги гледа својата живејачка и домашниот есап. Ако си наставник и десет години си чекал вработување, па конечно со партиски список си се вработил за да го издржуваш семејството, сигурно дека ако те викне партијата, ќе дојдеш на митинг. Ни сок ни сендвич не мора да му дадат.
Што би добил тој обичен човек и граѓанин кој не мора да е член на партијата, со тоа што би одбил да се качи во автобус во една убава сончева недела за да дојде до Скопје? А има што да изгуби.
5 Гледав некоја анкета на вести. Во скопската населба Аеродром многу згради останале без вода речиси два дена. И прашуваа граѓани по улиците. Сите насмеани, расположени... Една повозрасна госпоѓа рече дека $ снемало вода во моментот кога само што ставила шампон на косата. Морала така да излезе. И слатко си се изнасмеа. Друга се пофали дека во нејзината зграда имало две вертикали. Во половина станови имало вода. А еден господин се пожали дека останале неизмиени оти нема вода два дена и мудро заклучи со насмевка: "Е тоа ти е!"
Што народ сме ние непокорен. Чудесен народ. Во секоја неволја ја бараш светлата страна од животот. Кога, инаку, би излегол на улица со коса забетонирана со шампон? Немало вода? Може така треба.
И после се чудиме зошто во сите македонски приказни има некој Трпе. Трпе непокорениот.
6 Додека оние во Аеродром немаат вода, овие во Центар аздисуваат. Ај што непречено се возат со лифтовите, па и хидрантите им работат, сега запнале на референдум за Трговскиот центар ќе излегуваат. Си ја бараат бељата.
Туку да си фатат со време да ги вежбаат нозете оние што живеат во кулите. Да набиваат кондиција. За на денот на референдумот кога ќе им ги исклучат лифтовите, да можат да излезат да гласаат. Или ноќта пред референдумот нека преспијат кај комшиите на пониските катови. Со надеж дека ќе им го пуштат лифтот и кога референдумот ќе заврши. А и вода ќе им пуштат.
7 На учениците во основните и во средните училишта им воведоа екстерно тестирање за да ги проверуваат наставниците. Откако почнаа да ги казнуваат наставниците, имаше штрајк. И еден убав ден Владата и СОНК се договорија и ги укинаа казните за наставниците. А на учениците некој помисли? Нека извинат оти немаат детски синдикат. Оти ним им останаа и екстерното тестирање и оценките во свидетелствата.
Изгубени се смислата и причината зошто беше воведено екстерното тестирање. Не е кому му е пишано, туку кому му е судено.
http://www.vest.mk/?ItemID=4786B8A59E6EA64FA3A51EA480D03973
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Беа поставени неколку прашања од бивши членови на Воденица.
tmoro- Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
БРИСЕЛСКИ ЛУДОРИИ
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Ова не се случува во онаа далечна земја на Истокот што нема турска чаршија во главниот град
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Ова не се случува во онаа далечна земја на Истокот што нема турска чаршија во главниот град
1 Не знам зошто толку возбуда околу предлогот на Министерството за економија да се унифицираат излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија. Па ние добивме нов лик на центарот на Скопје преку ноќ, а сега проблем било што набрзина ќе добиеме и нова Стара чаршија. Па и таа е дел од центарот на Скопје.
Не се сомневам дека квалитетен архитект ќе го направи дизајнот за новиот изглед на излозите на дуќаните во Чаршијата. Во секој случај, ќе биде некој со космополитски поглед на светот и со универзален ум. Оти ќе мора разноликоста што се трупала во Чаршијата низ вековите и генерациите да ја поедностави. За да биде поубава како што е поубав и другиот дел од центарот преку Вардар. Тој генијален ум ќе смисли решение кое ќе одговара и на семкарница и на златарница. Ист излог ќе имаат и дуќанот за специјална облека за сунет и ќебапчилница. Како и ковач и бурекчилница. Има логика? Како нема? Сè тоа на тендер ќе оди.
Целиот проект ќе се поткрепи и со соодветна маркетиншка кампања. Која ќе оди под слоганот: "Да бидеме едно, да ги избришеме разликите".
Следната фаза од бришењето на разликите ќе предвиди и избор на облека за шетање по Чаршијата. Ќе има повеќе типови облека, за да не се сфати како униформираност. И ќе бидат дозволени повеќе типови фризури. Оти злобниците веднаш тоа би го споредиле со една земја од Далечниот Исток. А сите знаеме дека споредбата не држи. Во нивниот главен град нема турска чаршија.
2 Многу се радувам кога ќе започне нова серија. Од понеделник почнува нова домашна серија со македонско-европска продукција. Дејството се случува во блиска иднина. Според најавите, серијата ќе опфаќа повеќе жанрови. Замислена е како драма во која ќе има елементи на мистерија и политички трилер. Но експертите недвосмислено укажуваат дека станува збор за научна фантастика.
Серијата се вика "Бриселски лудории". Во првата епизода, наводно, ќе се појавеле Радмила Шеќеринска и Никола Поповски, како претставници на две страни во конфликт. Нормално, со натсинхронизација. Во серијата Рада и Никола во Брисел ќе отвораат уста, а текстот ќе го кажува некој во Скопје.
Се очекува серијата "Бриселски лудории" да ја надмине популарноста на серијата "Њујоршки шепотења", која трае веќе дваесет години, станува здодевна, а не и` се гледа крајот.
Впрочем, ако можат Македонија и Грција дваесет години да преговараат во Њујорк, зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не би преговарале во Брисел.
3 Судскиот совет е тело кое избира и разрешува судии. Значи, највисоко тело. Нема претпоставен од другите власти. На негово чело е Благоја Ушковски.
Завчера на телевизија го видовме претседателот на Судскиот совет, кој никогаш не бил судија, како самиот си одговараше на прашања кои самиот си ги поставил, оти претпоставувал дека можат да бидат од интерес, и самиот си ги одговори. Додуша, не ги имаше научено напамет. Туку си читаше што му е напишано. Притоа, во еден од одговорите прочита и дека бил автор на прирачник.
Првиот впечаток од новиот претседател на Судскиот совет е охрабрувачки. Се уверивме дека знае да чита и да пишува.
За разлика од неговата претходничка Александра Зафировска, која знаеше и да рапортира кај секретарки. Чувме.
4 Чувме и дека за мислење не се казнува. Додуша, тоа правило важело само за министри. За новинари знаеме дека не важи. Оти е потврдено со неколку пресуди за душевна болка.
Арно ама мислењето е гола вода додека не го потпише некоја службеничка. Значи министерот ќе даде мислење и нема да одговара, ама службеничката што ќе го потпише ќе го јаде стапот.
Тоа е таа истата службеничка која мора да се откаже од неделниот семеен ручек за да маршира на партиски трибини, да ракоплеска на говори, да донесе 30 телефони на пријатели што ги убедила сигурно да гласаат за партијата, да става лајкови на Фејсбук и да изгуби работа ако каже погрешно мислење на Фејсбук...
Пази сега. Ова не се случува во онаа далечна земја што нема турска чаршија во главниот град.
5 Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ по трет пат за три месеци се пишманат. Како што ги сменија законите за државниот испит на факултетите и за хонорарците, сега ќе го менуваат и Законот, според кој јавната администрација мора да учи англиски. И министерот Иво Ивановски ќе мора да го јаде истиот срам како што го јадеа Абдулаќим Адеми, Спиро Ристевски и Диме Спасов. Само до пред една недела ја крстосуваше Македонија да ги убедува службениците колку е добар законот и колку сите ќе имаат корист.
Законот ќе почне да важи една година по влегувањето на Македонија во ЕУ. Значи, сега ќе добиеме закон со многу прецизен рок за стапување во сила.. Еве гледам по министерствата сите се на штрек кога ќе почнат да го учат англискиот. Да не си раат ако си државен службеник.
6 Едно штипско семејство нема пари да го донесе во Македонија телото на синот што загинал во Шпанија, па сега со СМС пораки се собира хуманитарна помош. Досега со испраќање пораки им помагавме на живите да останат живи. А сега, еве, дојде време и на мртвите да им се помага.
Еве една нова тема при преговори со инвеститорите. Со секоја нова инвестиција да одвојат по пет отсто за помош на живите и на мртвите.
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=4BDAD8C3183A7A41AB418798035B9CF8
Гостин- Гостин
Страна 2 of 42 • 1, 2, 3 ... 22 ... 42
Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 2 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот