Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 3 of 42
Страна 3 of 42 • 1, 2, 3, 4 ... 22 ... 42
Re: Интервјуа и колумни
Kompletnoto intervji na Kristine Althauzer, ambasador na Germanija vo Makedonija, za Radio Slobodna Evropa...
Алтхаузер: Со гонење на Заев, функционирањето на демократската опозиција се става под знак прашалник
Вашата земја треба да вложи сериозни напори за да ја задржи препораката за почеток на преговори со ЕУ. Справувањето со кризата, особено од страна на владата и институциите, сигурно ќе послужи како индикатор за посветеноста на вашата земја на евроатлантскиот пат, вели германската амбасадорка Кристине Алтхаузер во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Како гледате на политичката криза во Македонија поврзана со полициската акција Пуч и аферата прислушување што ја објави опозицијата?
Ви благодарам на прашањето и ви благодарам што дојдовте. Ние навистина сме многу загрижени за кризата која, од наша гледна точка, е комбинација од политичкото назадување на кое сме сведоци во последните години во земјава, така што со гонење на господинот Зоран Заев и другите обвинети луѓе, функционирањето на опозицијата, демократската опозиција се става под знак прашалник. Така што, ние ги повикуваме македонските власти, да ги разрешат овие сериозни обвинувања, на фер, транспарентен начин во суд со меѓународни правни стандарди и пракса, меѓу кои пресумпцијата на невиност е од круцијално значење. Независноста на судството треба да биде гарантирана. Кризата во исто време нуди уникатна шанса за македонските власти и институции и вистински предизвик и шанса што се појавува еднаш во животот да го покажат својот капацитет и посветеност на демократските стандарди и на крајот би сакала да кажам дека германската амбасада заедно со нашите меѓународни партнери во ЕУ и останатите ќе продолжиме одблиску да ги следиме случувањата, она што се случува во земјата. Ние одблиску ќе ги мониторираме идниот развој на настаните, вклучувајќи ја работата на судството и на правните институции во земјава.
Што би им порачале на власта и на опозицијата за надминување на разликите и разрешување на политичката криза? Опозицијата нема доверба во институциите и вели дека се под контрола на власта. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги негира таквите обвинувања и покрај објавата на прислушуваните разговори, но тврди дека опозицијата работи за странски служби.
Вие веќе го рековте тоа, ова е екстремно тешка ситуација. Од една страна, не можеме да ги занемариме сериозните обвинувања коишто ги истакна опозицијата базирани на објавените прислушуваните разговори. Дополнително двете страни во меѓувреме поднесоа кривични пријави едни против други, така што судството треба да одигра многу важна улога во овој процес и јас би сакала да го обрнам внимание на извештајот за напредокот на Македонија од Европската комисија за 2014 та година, во кој беше наведена загриженоста, сериозна загриженост, дури и во однос на политичкото влијание врз судството. Ако снимените разговори се автентични, тогаш се чини дека ја поддржуваат загриженоста на Комисијата. Ова навистина многу сериозно нè загрижува и треба да биде итно решено од властите на сериозен начин. На пример, преку целосно објаснување на владата на содржината на прислушуваните разговори, но од друга страна, судството не е надлежно да се справи и да ги реши другите отворени прашања, кои исто така беа спомнати во извештајот за напредок, дозволете да ги спомнам, одвојување на партијата од државата, независност на медиумите, слобода на говор, владеење на правото во поширока смисла. Ова се во основа и политички прашања кои треба да бидат решени од политичките сили во вашата земја. Така што политичкиот дијалог е една појдовна точка, според нашата гледна точка, за надминување на кризата. За да се спојат овие работи, ние сметаме дека е потребен паралелен пристап кон барањето на излез од ситуацијата. Дијалог меѓу политичките сили со добра волја и отворен дух, тоа е важно, додека паралелно е потребно правна истрага од независно судство. Сосема е јасно дека ништо од ова нема да дојде преку ноќ, но влегувањето во политички дијалог неминовно ќе отвори можности за напредок. И многу е важно да се каже дека политичкиот дијалог треба да се одвива внатре, нагласувам внатре во парламентот. За ова да се случи парламентот треба да создаде услови за негова непречена работа.
Каков е вашиот коментар околу информацијата на опозицијата дека неколку амбасадори во земјава биле прислушувани од страна на македонските власти?
Како и сите мои колеги кои зборуваа јавно за ова прашање, германската амбасада ги зема предвид овие објавувања на господинот Зоран Заев. Ние немаме повеќе информации дали членови на германската амбасада се прислушувани, но сакам да ја искористам можноста и да кажам дека се надевам дека македонските власти ги почитуваат обврските од Виенската конвенција за дипломатски односи, кои ги обврзуваат да ја осигурaaт безбедноста на амбасадата, на нејзиниот персонал, вклучувајќи ја и тајноста на нејзините комуникации. Оваа обврска е независна од прашањето „Кој можеби нарачал потенцијално снимање?“.
Какви се можните последици доколку е прекршена Виенската конвенција?
Ќе има истрага и тоа ќе биде решено подоцна.
Може ли Германија и ЕУ да помогнат во воспоставувањето политички дијалог?
Ние се надеваме и Германија ја поддржува иницијативата на еврокомесарот Јоханес Хан да посредува во конфликтот меѓу опозицијата и владата, вклучувајќи, како што спомнав, и набљудување на судската истрага за обвиненијата. Во меѓувреме, како што знаете, овие откритија остануваат непроменети. Понатамошното затегнување на кризата, тоа е сосема јасно, дека колку се продлабочува кризата, толку ќе биде потешко да се вложи медијаторски напор. Ние очекуваме двете страни јасно и недвосмислено да се обврзат кон процесот под медијација на Европската унија без одложување и да започнат преговори за опсегот и мандатот. Се разбира многу е важно, покрај медијацијата, и спроведувањето на механизам за супервизија за постигнатите резултати
Реална ли е опасноста Македонија да ја изгуби препораката за преговори од Европската унија во октомври доколку нема разрешница на политичката криза?
Уште едно тешко прашање, прашањето за препораката за почеток на преговорите со ЕУ е одговорност на Европската комисија, така што јас не сум во позиција да ви одговорам на прашањето директно, но верувам дека вашето прашање е малку преурането, затоа што сега е крај на март, а одлуката за ова се носи во Европската комисија во октомври годинава. Но, ако мислевте да прашате дали вашата земја треба да вложи сериозни напори за да ја задржи препораката, тогаш мојот одговор ќе биде – да. Да, се разбира. Како и во претходните години, препораките не треба да се земаат здраво за готово. Препораката е резултат на напредок препознаен од Комисијата во земјата кандидат. Напредокот се мери во однос со таканаречените копенхагенски критериуми, меѓу кои се сите области кои што ги спомнав претходно. Ние ќе треба да почекаме да видиме дали Комисијата ќе може да идентификува доволно напредок со цел да испорача нова препорака и дозволете ми да додадам уште една реченица. Справувањето со кризата, особено од страна на владата и институциите, сигурно ќе послужи како индикатор за посветеноста на вашата земја на евроатлантскиот пат и тие податоци ќе бидат земени предвид во дефинирањето на идните политики на ЕУ во однос на земјата.
Како ја оценувате економската соработка меѓу Германија и Македонија?
Економската соработка меѓу нашите две земји е во подем што се гледа преку големиот трговски суфицит кој вашата земја го остварува година по година со Германија. Честитки, не многу земји во светот можат да се пофалат дека извезуваат повеќе во извозниот шампион отколку што увезуваат од Германија. Во приватниот сектор ние може да заклучиме дека економските односи се подобри од кога било претходно. Како и да е, има и официјално ниво кое се состои во соработка за развој која Германија им ја нуди на властите тука. Во ова поле ние би сакале да видиме повеќе одговорност од страната на македонските партнери. Поддршката од Германската корпорација за развој се состои од помош за рамномерен економски развој во земјата, социјална инклузија, зајакнување на општинските капацитети, како и одржливо користење на водата. Ние сметаме дека овие прашања се важни за иднината на државата и за граѓаните и веруваме дека македонските власти ги споделуваат овие оценки.
Колку германските инвеститори во Македонија се задоволни од бизнис условите што ги нуди земјава?
Генерално, германските компании се задоволни од условите за бизнис, тоа е она што го слушаме од сите страни. Многумина јавно изјавиле дека имале други опции, но по темелно скенирање на други понуди, тие избрале да дојдат тука, тоа е добра поента. Јас лично сум среќна за ваквиот развој затоа што германските компании не само што создаваат работни места, туку испорачуваат вредности, работни методи, технологија, а тоа се оние работи за кои ние сметаме дека се важни за културен, економски и социјален развој. Понатака би сакала да истакнам дека за компаниите да инвестираат се важни „тешките“, но и „меките“ фактори. Еден многу важен фактор се разбира е политичката стабилност и предвидливата околина. Така што, моменталната политичка ситуација предизвика чудење кај одредени инвеститори, кои се чувствуваа непријатно изненадени со цел да не се наруши успехот кој земјата го постигна во последните неколку години. Уште една причина за побрзо да се дојде со решение за моменталната политичка криза е да се привлечат инвеститори. Се чини дека решението е императив.
Што треба да се направи за да се подобри соработката со цел привлекување на поголем германски капитал во Македонија?
Мислам дека тоа прашање го привлекува вниманието на нешто што треба малку да ѝ биде објаснето на публиката. Додека Германија е најголемиот пазар за македонските производи, Германија не е меѓу најголемите инвеститори во вашата земја. Други земји се многу понапред на листата, на пример Австрија. Мислам дека вашето прашање неодамна беше одговорено од Советот на инвеститори во Стопанската комора на Македонија, каде што се членки и неколку германски компании и нивните клучни препораки би сакала да ги истакнам. Прво, уште еднаш би ја споменала предвидливоста на законската рамка, политичката и макроекономска стабилност, вклучувајќи ги честите и рапидни промени на закони и регулативи кои се важни за компаниите. Намалување на административните процедури и законски оптоварувања, како второ. Како трето, континуирана борба против корупцијата и зголемување на напорите за владеење на правото, повеќе или помалку веќе го спомнав тоа. Забрзување на реформите во јавната администрација со цел да се подобри спроведувањето на регулативите и многу важно исто така е подобрување на образовниот систем кој би создал високо квалитетна специјализирана работна сила со адекватно знаење и вештини за модерниот пазар на труд. Германската амбасада ја поддржува оваа листа на барања од германските инвеститори до владата. Решавањето на овие приоритетни прашања со сигурност ќе ја подобрат бизнис климата и ќе создадат услови за повеќе инвестиции, исто така, но не само од германски компании.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Интервју на Кекеновски: Ако нема оставка од Груевски може да се случи народ како во Букурешт! напиша:
Доколку премиерот е убеден во она што го говори требаше јавно да побара експерти да се изјаснат”, вели Кекеновски за снимените разговори, во интервју за Репортер.Мк. Кекеновски не гледа реална поддршка во народните собири на ВМРО-ДПМНЕ „Видете ги лицата на тие луѓе и ќе ви стане јасно дали се дојдени поради тоа што го сакаат и го почитуваат нивниот лидер или во прашање е нешто друго”, одговара Кекеновски. Излезот од политичката криза го гледа во оставка и целосно повлекување на Никола Груевски од политиката. Во спротивно смета дека може да се случи народ. „Не сакам да ни се повторат случувања од Букурешт во 90-тите години на минатиот век и паѓањето на диктаторот Николае Чаушеску, но некако работата оди во таа насока”, вели Кекеновски. Богданка Кузеска Автентични или лепени, додавани, сечени, одземани, прилепувани како што вели премиерот Никола Груевски? Какви се според Вас снимките кои ги објавува лидерот на СДСМ Зоран Заев? За да се каже дали нешто е автентично, монитрано, сецкано или лепено си има стручни луѓе кои се занимават со таа проблематика. Доколку премиерот е убеден во она што го говори по последната 14 бомба, требаше да покаже доблест и да собере храброст и јавно да побара експерти да се изјаснат за истите, иако можеше и досега да го стори тоа, доколку е сигурен дека се работи за монитрани снимки. На тој начин ќе ја отфрлеше целата вина од себе и таа ќе паднеше кај оној кој ги монтирал и објавил снимките. Неговото молчење и несакање јавно за нив да се изјаснат експерти мене ми дава за право да верувам дека тој не е сигурен во тоа што го говори. Кога зборуваме за „Форум на слободоумни патриоти”, како што велите членовите од оформувањето на ВМРО ДПМНЕ , може ли истите да се пофалат со голема поддршка од партијата? Каква е навистина сегашната ситуација во ВМРО ДПМНЕ? Па , поддршката навистина се зголемува од ден на ден, се повеќе и повеќе. Добро е што се поголем број на луѓе се будат од ,,зимскиот сон” во кој беа западнале сиве овие години поточно се освестуваат од магијата наречена ,Груевски”. Секојдневно како ги слушаат детонациите на се посилните бомби, како се уверуват на кој начин се владеело и работело тие се повеќе се одважуваат и охрабруваат и јавно пристапуват кон Форумот. На терен претседателот на партијата Никола Груевски се фали со масовност. Како платена политичка програма често ги гледаме снимките од собирот во спорсткиот центар „Борис Трајковски“, денеска собир имаше во Штип? Реална ли е таа поддршка? После толку години владеење и начинот на кој се обезбедувала послушноста и ,, лојалноста” на членството и симпатизерите не ме зачудува тоа да потрае уште некое време, но со сè помал интензитет. Денес сите знаат како се водат луѓето на митинг. Но, видете ги лицата на тие луѓе и ќе ви стане јасно дали се дојдени поради тоа што го сакаат и го почитуваат нивниот лидер или во прашање е нешто друго. Видовте ли некоја еуфорија, овации на тие собири или насмеани лица? Не, барем јас не видов такви!. Дури видов голем број на луѓе кои јавно и отворено пред мене и пред моите соистомисленици дури и пожестоко говореле и го критикувале ова партиско раководство. И затоа бидете сигурни дека се помалку ќе има такви кои ќе се одзиваат на телефонските пораки и јавувања и оние кои се водат по список, затоа што најголем дел од нив едвај го чекаат денот кога ќе дојде крајот и да се ослободат од целото ова тормозење. Медиумите веќе објавија дека на претстојниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно, Никола Груевски ќе биде единствениот кандидат за претседател? Може ли да се очекува да му се спротивстави со кандидатура некој од “Слободоумните партиоти “? Мислам дека се уште е рано да се зборува за други кандидати на Конгресот од причина што ни претстојат уште 40-тина дена до неговото одржување, а во меѓувреме работите се повеќе ќе се усложнуваат во смисла дека ќе излегуваат нови докази за начинот на владеењето на Груевски и целата ситуација може да добие сосема друг тек. „Слободоумни патриоти” и „Холандска тројка “. Толку ли се драстични разликите, да не може соединети да се спротивставите на како што велите тие кои ја узурпираа партијата? Или постои соработка помеѓу овие да ги наречам две фракции во партијата? За да нема нејаснотии најнапред мора да направиме една јасна дистинкција. Членовите на т.н ,,Холандската тројка“ не се членови на ВМРО ДПМНЕ, туку луѓе кои имале функции во одреден период за време додека ВМРО ДПМНЕ ја практикува власта. Тоа се луѓе кои во овој момент не сакаат се врзуваат за партиско делување. Додека членовите на Форумот се претежно членови на ВМРО ДПМНЕ кои за сите овие години не учествувале во високите, па и во пониските структури на власта. И едните и другите имаме иста цел, а тоа е да си замине ова раководство и да ја демократизираме партијата и државата и засега сметаме дека е доволно нивото на меѓусебна комуникација и рабирање кое го имаме на овој план. Сепак, тоа се луѓе од кои двајца од нив работат и заснивале семејства во други држави и мислам дека немаат намера за брзо време да се вратат во Македонија, но, од друга страна како луѓе на кои им е битна иднината и опстојувањето на државата се нафатија со оваа патриотска обврска. Заедничката заложба на овој план продолжува и понатаму се до реализација на целта. Покрај острите критики и барањето на оставка на тесното раководство на партијата, сепак се најдовте на заедничка линија со поддржувачите на политиката на ВМРО ДПМНЕ, околу документарецот насловен „Луѓе и моќ: Македонија позади фасадата”, емитуван на Ал Џезаира. Тоа би значело и дека не се согласувате дека во Македонија постои закана од меѓуетнички конфликт. Ако не се случува тоа, што според Вас, се случува денес во Македонија? Не се работи за изнаоѓање на заеднички јазик со раководството на партијата, туку за негирање на неколку невистини кои беа искажани во овој документарен филм на Глен Елис. Имено се работи за констатација на авторот дека македонското, претежно муслиманско албанско малцинство, скоро потполно е избришано од историјата на земјата!? Дека во Република Македонија не се слави ниеден албански херој, како и дека на последните избори главно обележје било насилството врз албанското малцинство!? И четврто, она кое посебно не натера да реагираме е констатацијата на авторот дека на Смилковското езеро се убиени рибари, а не дека е извршено монструозно злосторство над невини деца од 18-19 години. Ова се тенденциозни и невистинити констатации, затоа што вистината е сосема друга. Албанското и сите останати етнички заедници во Република Македонија како во ниедна друга држава во светот уживаат многу поголеми права од општо прифатените меѓународни стандарди за национални или етнички малцинства содржани во документите на меѓународното право. Припадниците на сите етнички заедници во Република Македонија со Охридскиот договор како и со уставните измени се рамноправни конститутиенти на државноста, кои имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особености на своите заедници и да ги употребуваат симболите на својата заедница. Република Македонија ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници. Заради изразување, негување и развивање на својот идентитет припадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни, научни и институции и здруженија, право на употреба на јазикот, како и други права над загарантираните меѓународни стандарди.Со ноторни невистини и смислени провокации авторот на филмот и нанесува огромна штета на Р. Македонија, но исто така прави обид да ја дестабилизира и онака кревката меѓуетничка ситуација настојувајќи да предизвика меѓуетнички и меѓуверски тензии на овие простори. Како Вие го гледате крајот на оваа ситуација? Каде се крие излезот? Секако дека излезот е во свеста и совеста и моралниот и демократскиот капацитет на сите учесници во оваа невидено случување на овие простори. Се разбира деа е најдобро премиерот да си поднесе оставка и да остави институциите со помош на нашите пријатели од ЕУ да си ја завршат професионално и непристрасно целата оваа работа. Да се утврди изворот на снимките односно да дознаеме кој снимал, зошто е дојдено до тоа, но и да ја дознаеме целата содржината на снимените материјали, Да дознаеме колку ова раководство на ВМРО ДПМНЕ било патриотски настроено, колку си ја сакало својата државата, на кој начин владееле, како и се друго што е поврзано со незаконитото и криминално работење, се со цел секој да си ја добие заслужената казна, а партијата да остане единствена и повторно да биде победник на наредните ибори. Но, доколку не се случи оставка, тогаш мислам дека не е далеку денот кога можеби како резултат на се поголемото незадоволство на граѓаните од оваа власт, ќе ни се случи народ. Навистина не сакам да ни се повторат случувања од Букурешт во 90-тите години на минатиот век и паѓањето на диктаторот Николае Чаушеску, но некако работата оди во таа насока. И затоа доколку Груевски им мисли добро на граѓаните, на државата и на партијата треба побрзо да замине од политичката сцена. напиша:
http://www.dokaz.mk/intervju-na-kekenovski-ako-nema-ostavka-od-gruevski-mozhe-da-se-sluchi-narod-kako-vo-bukuresht/
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
-вечерва во 22,30 „360 степени“ на Алсат-М, фантастична дебата меѓу Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и Димитров од „амстердамската тројка“.
Абе овој Марјан Ѓорчев бил прав ДПМНЕОВСКИ ВОЛ ,појма немал од ништо ,Димитров го растури.
Абе овој Марјан Ѓорчев бил прав ДПМНЕОВСКИ ВОЛ ,појма немал од ништо ,Димитров го растури.
tmoro- Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
Nemam AlsatM.... steta, ama ajde, utre na net....
Inaku.... dpmnovcive izgubija osnova za veruvanje! Ke im treba mnogu trud i vreme da se isfiltriraat i dokazaht koj e za Makedonija a koj za svojot dzep?!
Inaku.... dpmnovcive izgubija osnova za veruvanje! Ke im treba mnogu trud i vreme da se isfiltriraat i dokazaht koj e za Makedonija a koj za svojot dzep?!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Генералот Ангелов пролеал крв за Македонија а Груевски купувал станови
Поминав низ центарот на Скопје забележав графити со следната содржина; „Стојанче Ангелов + УЧК“. Посебно ме предизвика да реагирам реченицата „Зошто се боревме“. Каконада од напади врз генералот Ангелов секојдневно има на владините медиуми.
Нарачателите и реализаторите на нападите на генералот Ангелов на секој можен начин користејќи ги медиумите, ниту се бореле во 2001 година, уште помалку ја разбираат состојбата која ни се случи во 2001 година. Голем дел од нивверојатно ги извртуваат фактите, односно лажат или пак глумат дека не им е јасно.
Генералот Ангелов не го познавам освен преку неговите јавни ангажмани околу враќањето на слободата и демократијата во државата. Токму преку неговите ангажмани што пред се граѓанска должност, тој одржува лекции како се сака Македонија. Тој се бори сега да се објават снимките на МТВ кои ги објавува Зоран Заев, лидерот на СДСМ и опозицијата-човекот кој нема страв вистината да ја обелодени.
Колку што знам генералот Ангелов бил тешко ранет во 2001 година и одвај преживеал. Многупати медиумите објавиле дека Никола Груевски, тогашен министер за финансии, купувал станови токму во 2001 година и на денот кога загинаа бранителите кај Карпалак. Тогаш Груевски набавил блиндиран џип за да се вози како министер а што направи тогашната Влада во која министер за финансии бил токму Груевски што направил да ги заштити и опреми подобро бранителите кои биле на борбените позиции.
Во оваа прилика нема потреба повеќе да образложуваме, секој од нас е способен да ја оцени вистината и да не робува на манипулациите односно да не биде роб на узурпаторите на државата кои ги користат ресурсите за да манипулираат со граѓаните.
Со лагите и манипулациите врз генералот Ангелов се напаѓа Македонија, бидејќи токму Ангелов и многу други пролеале крв за оваа држава а дел ги изгубија животите.
Митко Јованов
http://libertas.mk/%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82-%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B0%D0%BB-%D0%BA%D1%80%D0%B2-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5/
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Биљали за Ал Џезаира: Македонија на есен може да има предвремени избори
Македонија наскоро може да добие преодна влада, а до есен е можно да се одржат вонредни парламентарни избори, вели во интервју за Ал Џазеира, професорот по меѓународно право на универзитотот ФОН, Мерсел Биљали.
Во интервјуто тој зборува за можните сценарија за решавање на случајот „Пуч“ и аферата за прислушување,улогата за меѓународната заедница како и за прашањето за можни еткички тензии и промените во албанскиот политички табор.
Професороти вели дека Европската унија подолг период имала лажна слика за политичка ситуација во земјата и сите тензии во неа,па дури и оние кои укажуваа дека се сериозна диктатура, ги поврзуваше со нерешеното прашање за името.
- Подобро речено сметаше дека диктатурата е само резултат на нерешениот спор. Затоа ЕУ не сакаше премногу да форсира, веројатно сметаше дека поради ота ќе стагнира и просеот на реформите. Сега ЕУ полека се корегира и почнува да се чувствува одговорна, за тоа како дозволи да дојде во оваа ситуација. Евидентен е огромен криминал, кршење на основните човекови права, целосно блокирањи и корумпирани медиуми, мешање на криминалните структури во име на партијата во изборните процеси, нивно целосно креирање и спроведување - вели Биљали.
Тој посочува и на однесувањето на власт при последните промени на законот за образование и за работа.
- За мене, ова се последните контракции на немоќ на актуелната владејачка елита. Во таква ситуација, доколку ЕУ навистина сака да и помогне на Македонија, потребно е максимална да се посвети на решавање на оваа не само политичка туку и државна криза - вели Биљали.

Што е државна тајна во врска со опремата од Израел?
Ви ги пренесуваме ставовите на професорката Мирјана Најчевска во врска со тврдењето на МВР и директорот на УБК, Сашо Мијалков, дека аферата која ја отвори Заев, за провизија за опремата од Израел, не била скандалозна, бидејќи, како што велат, се работело за донација која била државна тајна, а провизијата не била за Мијалков туку банкарска. МВР најави и кривична пријава против Заев за оддавање државна тајна. Ставовите на Најчевска кои беа објавени на Фејсбук во три последователни статуси прочитајте ги во продолжение:

Доколку станува збор за државна тајна, тогаш тие кои што го водат разговорот треба да бидат повикани на одговорност.
Имено, кога се зборува за нешта кои се државна тајна тоа се прави од безбедни телефони и со посебни мерки на заштита.
Со зборувањето на обичен (не безбеден) мобилен или стационарен телефон всушност самите учесници во разговорот овозможиле откривање на државната тајна (доколку навистина станува збор за такво нешто).
Уште малку за државната тајна поврзана со донацијата за МВР.
Што е државна тајна во оваа активност?
Тоа дека Израел ни донирал пари за купување опрема за прислушување? Зошто би требале да криеме дека
Израел ни помага да ја опремиме полицијата?
Или пак државна тајна е тоа дека полицијата купува опрема за прислушување? Зошто ова би требало да биде тајна? Во нашиот Закон за кривична постапка има посебни истражни мерки кои подразбираат постоење на ваква опрема.
Тоа значи дека, доколку Мијалков купувањето на конкретната опрема го прогласил за државна тајна тој од самиот почеток всушност сакал да ја искористи оваа опрема за тајно прислушување а не за легална употреба врз основа на судски налог.
Ајде сега малку и од Законот за класифицирани информации:
член.12:
Создавачот на класифицираната информација го означува на видно место степенот на нејзината класификација.
ВО НИТУ ЕДЕН МОМЕНТ ОД ПРИКАЖАНИОТ РАЗГОВОР НЕ СЕ СПОМНУВА ДРЖАВНА ТАЈНА, КЛАСИФИЦИРАНИ ПОДАТОЦИ ИЛИ БИЛО ШТО ДРУГО ШТО БИ НАВЕЛО НА ПОМИСЛА ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА МАТЕРИЈА КОЈА ПОДЛЕЖИ НА ЗАКОНОТ ЗА КЛАСИФИЦИРАНИ ПОДАТОЦИ.
Член 20
Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка.
КРИМИНАЛОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАШТИТЕН СО НАЗНАКАТА ДРЖАВНА ТАЈНА.
Член 24
За заштита на класифицираните информации се преземаат мерки и активности за административна, физичка, информатичка и индустриска безбедност, како и за безбедност на лицата.
СИ ПОСТОЈАТ ПРОЦЕДУРИ, АЛАТКИ, МЕХАНЗИМИ ЗА ЗАШТИТА НА КЛАСИФИЦИРАНИТЕ ПОДАТОЦИ.
Член 28
Мерки и активности за информатичка безбедност се:
– сертификација на комуникациско-информациски системи и процеси;
– процена за можно нарушување на безбедноста на класифицираната информација со упад во информатичкиот систем и употреба и уништување на класифицирана информација обработувана и чувана во комуникациско-информациски системи;
– утврдување на методи и безбедносни процедури за прием, обработка, пренос, чување и архивирање на класифицирани информации во електронска форма;
– заштита на информациите при процесирање и чување на класифицирани информации во комуникациско-информациски системи;
– продукција на крипто клучеви и друг крипто материјал;
– криптографска заштита на комуникациски, информациски и други електронски системи преку кои се подготвуваат, пренесуваат, обработуваат и архивираат класифицирани информации;
– определување на зони и простории заштитени од компромитирачко електро-магнетско зрачење и
– инсталирање на уреди за чување на класифицирани информации.
ЈАС ВЕРУВАМ ДЕКА ВЛАСТА МИСЛИ ДЕКА СИ ИМА РАБОТА СО ИСКЛУЧИТЕЛНО ГЛУПИ И НЕПИСМЕНИ ГРАЃАНИ (ВПРОЧЕМ КАКО ПОИНАКУ И ПОКРАЈ СИТЕ КРИМИНАЛИ БИ БИЛА ОДНОВО И ОДНОВО БИРАНА),
МЕЃУТОА ИЗГЛЕДА ЗАБОРАВА ДЕКА МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ НИТУ ГЛУПИ НИТУ НЕПИСМЕНИ, ТИЕ СЕ САМО ИСПЛАШЕНИ ШУТРАЦИ КОИ ДОЗВОЛУВААТ СО НИВ ДА СИ ПОДИГРУВА БАНДА КРИМИНАЛЦИ.
СЕ НАДЕВАМ НЕ УШТЕ ЗА ДОЛГО.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Тричковски: Заев би направил се да биде уапсен ако тоа значи и крај за Груевски
Новинарот Бранко Тричковски го објави својот став на профилот на Фејсбук, во врска со изјавите дека е можно апсење на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради оддавање државна тајна.
Новинарот Бранко Тричковски го објави својот став на профилот на Фејсбук, во врска со изјавите дека е можно апсење на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради оддавање државна тајна.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
ЛЕСНОТИЈА НА ПОСТОЕЊЕТО
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Тројца со мотики во Брисел само чепкаат. Булдожерот уште стои паркиран во Вашингтон.
1 Како што се развива приказната во аферите "Пуч" и "Прислушување", квалитетот на животот во Македонија станува сè понеизвесен. Она што сега ни се случува, можеби најдобро би можело да се опише со она што чешкиот дисидент од времето на комунизмот Милан Кундера прецизно го срочил како неподнослива леснотија на постоењето. Па напишал книга со таков наслов. Притоа не се повикувам само на оној легендарен цитат од книгата дека "оној што мечтае да го напушти местото каде што живее е несреќен човек". Туку мислам на нашата неподнослива леснотија на постоењето, со која во оваа Македонија во која живееме сè потешко се наоѓа среќата.
Македонија живее во две паралелни реалности. Едните се собираат и маршираат затоа што се несреќни. Другите се собираат и маршираат за да покажат колку се среќни. Тоа што за СДСМ е провизија, за ВМРО е донација. Тоа што за СДСМ е рекет, за ВМРО е спонзорство. Тоа што за СДСМ е откривање корупција, за ВМРО е откривање државна тајна.
Кој ќе ги спои овие два паралелни света? Како сето ова ќе заврши? На избори? Кој ќе ги организира изборите? Кој ќе ги чисти избирачките списоци? Кој ќе утврди дали тие што се жители на Пустец се гласачи во Капиштец?
Единствената врска помеѓу двата паралелни света е судството. Од кое се откажа дури и Европската комисија. Па од Брисел кажаа дека нема да испратат свои експерти да ги набљудуваат процесите за "Пуч" и за "Прислушување". Ќе нè остават сами да си потонеме во калта што си ја направивме. За која и тие се кабает. Оти многу вода ни пуштаа. Можеби затоа и бегаат. За да не се открие и нивната вина за она што нам ни се случува.
2 Тие што го критикуваат новиот изглед на Министерството за правда, треба да знаат дека и во тоа има некаква симболика. Тие велат дека фасадата им личела на скап бордел. Ама забораваат дека од задната страна е останата старата фасада. Што личи на административна зграда.
Две фасади како две паралелни реалности. Однапред е бордел, а одзади е администрација на борделот. Оти, нели, политиката е курва. А за организирана проституција мора да се води и сметка.
3 Во мај 2008 година, ВМРО-ДПМНЕ најави дека воведува внатрешна контрола за дисциплинирање на локалните партиски моќници, по примерот на историските тројки за елиминирање на предавниците од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тогаш многу се дискутираше за демократичноста на овој метод. Не знам дали современите тројки профункционираа, но како и да е, тројките изгледа им се судбина на ВМРО-вците.
И сега имаме неколку тројки замешани во кризата. На завојуваните страни им помага бриселска тројка од тројца европарламентарци. На преговорите во Брисел одат завојуваните ВМРО-вска тројка и СДСМ-овска тројка. И во целата приказна на тројките се појавува и амстердамска тројка од разочарани ВМРО-вци.
Но ниту една од овие тројки нема да одекне така силно како што е добитната тројка Харис Џиновиќ, Весна Змијанац и Хари Мата Хари. Кои ниту и` плаќаат превоз ниту и` делат сендвичи на публиката за да им дојде во "Борис Трајковски". Напротив. И среќните и несреќните сами си плаќаат од 400 до 1.500 денари. Оти и двата паралелни света можат да се пронајдат во стиховите: "Погазиќу обеќања, превариќу осеќања".
4 Инаку, оние три тројки во Брисел договорија дека треба да се договорат. И дека пак ќе се видат после Велигден. Ова можеа и по телефон да го договорат. Чувме дека многу посериозни работи по телефон се договарале.
Туку, сè ми се чини дека и овој пат џабе се надеваме на Брисел. Тројца со мотики ништо не прават. Само нешто чепкаат. Додека не дојде булдожерот, ништо не правиме. А булдожерот уште стои паркиран во Вашингтон.
5 На последниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, вицепремиерот Владимир Пешевски, додека говореше на сцената, понесен од публиката, запеа: "Едно име имаме, во душата го носиме".
Па и на партизаните кога им било најтешко, пееле. Барем така сме гледале на филм.
6 Министерот за здравство Никола Тодоров пак е активен. Оваа недела промовираше неколку проекти. Со каква леснотија се појавува на телевизија и зборува за успеси , човек ќе заборави зошто умре деветгодишната Тамара. Завчера промовираше наш специјалист, затоа што нема доволно специјалисти низ Македонија. Која леснотија на постоењето ги натера лекарите да си заминат од местото во кое што живеат.
7 Ги исекоа дрвјата околу Владата. И паднаа многу вицови дека тоа го сториле за да нема влада во сенка.
Не е доволно само да се исечат стеблата. А корењата ги извадија? Да не ја тупиме многу. Треба да се сотрат.

Grujoshesku e vo ova vtoroto, a dobar del od negovite prishupaci...
Државна тајна или до гуша во лајна?
Во очај човек прави големи глупости. Такви се и последните реакции на премиерот Никола Груевски на „бомбите“ на Заев, кои се сведуваат на две нови обвинувања – едното глупаво, а другото опасно за безбедноста на Република македонија.
Според првото, со откривањето на зделката со Израелците, со објавените аудио-снимки во кои јасно и недвосмислено се зборува за провизија и кои тешко ќе можат да се оправдаат со приказната за некакаква „донација“, згора исплатена во кеш и тоа прeку странски банки, Заев наводно оддал државна тајна. Настрана тоа што откривањето факти за криминал не може да биде државна тајна. Многу други нелогичности ја оспоруваат оваа смешна теза.
Како може државна тајна да оддаде некој што не му е доверена на чување? Како тој воопшто може да знае дали некоја информација е државна тајна или не е? Зошто донација од странска земја, за било кого, би била државна тајна? Зошто „тајната“ набавка за специјалната полиција ја организира директорот на УБК, Сашо Мијалков, кога со специјалците командува Бирото за јавна безбедност, под контрола на МВР? Дали судијката Светлана Костова имала безбедносен сертификат за да ја чува „државната тајна“ што ја „оддал“ Заев?
Второто обвинување е многу посериозно, но не за Заев, туку за Груевски – лидерот на СДСМ наводно загрозил некакви тајни безбедносни аранжмани меѓу Македонија и Израел. Во муслинскиот свет, Израел се смета за држава непријател. Македонија е мултирелигиско општество, во кое муслиманите сочинуваат значаен дел од населението. Умно ли е владата да склучува безбедносни аранжмани со Израел од било каков вид, без една поширока јавна дебата за значењето на тие договори и за позитивните, но и за можните негативни последици за безбедноста на земјата?
Децава од Илинденска бб се спремни на се и при тоа опасно го губат компасот. Фатална комбинација!

Особено оној дел за МОСАД и муслиманите. Едноставно нели, нештата во светот на службите очигледно не функционираат така како што сакаат да ни ги претстават некои колумнаши. Т.е. најверојатно Геровски пишувал колку да ги пополни редовите.
Пат- Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04
Re: Интервјуа и колумни
Pa tie informacii gi dade dpmne...Neli oni bile zagrizheni za narushuvanje na sorabotkata so Izrael...A vo koja oblast na bezbednosta nie sorabotuvame so Izrael??? Vo kradenje pari od drzhavniot budzet???
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Да цитирам
Поидиотска изјава - здравје! Не знам дали знаете, но Бугарите не шијат во новинарство, да знаете какви колумни само пишуваат тие. „Колумнава“ на Геровски е како блог или пост на форум на некој адолесцент.
СДСМ наводно загрозил некакви тајни безбедносни аранжмани меѓу Македонија и Израел. Во муслинскиот свет, Израел се смета за држава непријател. Македонија е мултирелигиско општество, во кое муслиманите сочинуваат значаен дел од населението. Умно ли е владата да склучува безбедносни аранжмани со Израел од било каков вид, без една поширока јавна дебата за значењето на тие договори и за позитивните, но и за можните негативни последици за безбедноста на земјата? напиша:
Поидиотска изјава - здравје! Не знам дали знаете, но Бугарите не шијат во новинарство, да знаете какви колумни само пишуваат тие. „Колумнава“ на Геровски е како блог или пост на форум на некој адолесцент.
Пат- Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04
Re: Интервјуа и колумни
Abe mali Djokica koga ke izbega od cas, ke smisli bolje opravdanje za kaj ucitelkata otkolku ova kleptomanive pred svojot narod!
Tapcovci retardirani....izraelcive si vikaat : "aman kjutete, ne ne brukajte poekje..... a onoj Haim ke mu ebeme mamiceto u p...a!"
Tapcovci retardirani....izraelcive si vikaat : "aman kjutete, ne ne brukajte poekje..... a onoj Haim ke mu ebeme mamiceto u p...a!"
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Ne znam kakvi kolumni pishuvaat bugarskite novinari...Ako imash zhelba da ni pokazhesh, mozhesh da otvorish tema za sporeduvanje na makedonskoto i bugarskoto novinarstvo...A Gero, samo se vodi od poznatata izreka...celta gi opravduva sredstvata...Na sekoj napad se vrakja so adekvatno oruzhje...Ne mozhe on tebe so dezinformacii, a ti da se obiduvash da im objasnuvash na dpmne-ovcite visoka politika...Kje im zboruvash na jazik koj go razbiraat...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Отвори било кој весник бугарски, додуша сега и тие забегаа со русофилството и русофобството, но за новинарство, а особено за духовити и издржани колумни им симнувам капа. Овие нашиве, со исклучок на некои ретки егземплари, пишуваат со наврен кондом на перото. Еден од исклучоците е Тричковски, иако тој е од спротивната страна на моите идеолошки и историски разбирања.
П.С. Да се биде новинарски безобразен не значи да се пцуе каде треба и каде не треба.
П.С. Да се биде новинарски безобразен не значи да се пцуе каде треба и каде не треба.
Пат- Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04
Re: Интервјуа и колумни
Пат напиша:
П.С. Да се биде новинарски безобразен не значи да се пцуе каде треба и каде не треба.
Mozhebi...No zasega kje se drzhime do onaa...koj ne e protiv nas, so nas e...A Gero e so nas...I sojuznici ni trebaat...Duri i Sashe, Marjan i Rubin se od korist....
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Nema shto da se komentira...Generalot e sovrsheno jasen...
АНГЕЛОВ: НА МОЈАТА ИЗЈАВА, ЌЕ ПАДНЕ КРВ АКО ГО УАПСАТ ЗАЕВ, ГЛЕДАЈТЕ КАКО НА САМОЗАШТИТА
Стојанче Ангелов, денеска појасни што сакал да каже со изјавата, што вчера ја даде на протестот пред МТВ, декаќе падне крв доколку го уапсат Зоран Заев. Неговото објаснување ви го пренесуваме интегрално.
„Мојата изјава дека ќе падне крв ако го уапсат Зоран Заев, курирчињата ја засилуваат и спинуваат а некои наши пријатели ја разбрале погрешно па ме убедуваат дека не треба да се приближуваме кон СДСМ, дека токму ние сме третата опција, на изборите да настапиме самостојно, со нашите идеи.
Како прво! Мојот став за апсењето на Зоран Заев е принципиелен. На човек кој патем е лидер на најголемата опозициска партија, на човек кој претставува најголема опасност за Режимот, на човек кој има сериозни обвинување какви што има Заев, не смее да му биде судено од суд во кој судија е пријателка на Сашо Мијалков. Пријателка која станала судија поради нејзините квалификации кои немаат врска со правото. Пријателка која вели дека ќе му биде должна до крајот на животот. Да не зборуваме за останатите судии. Слушнавме повеќе од доволно! Повеќе од доволно, за било кое судење, во било кој наш суд, да го сметаме за праведно и кредибилно.
Како второ! На мојата изјава гледајте како на самозаштита. Доколку Зоран Заев биде уапсен Режимот ќе здиве. Ќе здиве со сета сила. Истиот момент кога ќе го нема Заев ќе започне ловот на вештерки. Јас верувам дека ќе бидам втор. Ако во меѓувреме не станам прв! Потоа ќе следи касапење! Касапење, ништење и сотирање на сѐ што претставува опасност за нив. Апсења, закани, насилство, тепање, инспекции, бркање од работа… Секој еден граѓанин кој поактивно се вклучил во нашата граѓанска иницијатива за ослободување од стегите на Режимот ќе биде изложен на ризик. На голем ризик.
За мене, не се плашам. Како што реков во повеќе наврати, јас умрев во Арачиново, во 2001-та. Секој ден живот, оттогаш наваму ми е гратис. А 14 години гратис, мора да се признае, не е малку. Од друга страна, ако умрам сега, ќе живем вечно. Барем во меморијата на мојот народ.
Но, сепак се плашам. Се плашам за луѓето кои во меѓувреме станаа мои политички соборци, пријатели и другари. Се плашам за луѓето кои се внимателно снимени од службите на Режимот. Се плашам за секој еден човек кој дошол на нашите протести. Со некои од нив се знаев од порано, некои од нив ми беа и многу блиски, но повеќето од нив воопшто не ги знаев. Дури, за некои од нив првпат слушнав. Не знаев дека воопшто постојат иако биле вистински македонски ѕвезди! Прекрасни луѓе. Чесни луѓе. Луѓе кои немаат, ниту пак некогаш имале врска со било каква политичка партија. Луѓе кои на нашата борба се приклучија со мотиви, чисти како солза, борејки се единствено за ослободување на Државата од канџите на Режимот. За да ги заштитам овие чесни и храбри луѓе подготвен сум да направам сѐ!
Како трето, изборите сеуште сѐ далеку и воопшто не размислувам за нив. Во овој момент единствено е важен падот. Падот на Режимот! Потоа да сѐ создаде нормална демократска атмосфера. Без омраза, без лудило, без страв. Луѓето да се вратат во нормала. На изборите да гледаат како на политичка борба на спротивставени идеи а не како на борба за опстанок и живот. Дури тогаш ќе излеземе со нашите политички ставови. И нашите идеи. И, најверојатно ќе настапиме самостојно. Како трета, национална и граѓанска, политичка опција. Колку тоа и да звучи нелогично во овој момент.
Генерал Стојанче Ангелов

Копилето Грујо било на плажа на море додека неговите пратеници гласале за амнестија!
http://okno.mk/
Гнаса копиле изрод лопов лажго стока багра бездушник мафијаш бандит имбецил манијак садист психопат! Копилето Грујо било на плажа на море додека неговите пратеници гласале за амнестија на злосторниците кои бутале стапови у гз на Мавровските работници!
Па пази, имале ПР тим кој секое сабајле правел стратегија што да се збори и потоа праќале мејлови до сите новинари, пратеници и платенички експерти да се иде со исти тези, сите како папагали повтарале исти тези исти реченици!
Која е ова само опасна леплива пајакова мрежа сплетена од еден пајак, огромен, црн, злобен, гнасен, кој цела држава ја улови и пола ја изеде и сето тоа го водел од Илинденска а сакал да се качи и на Водно и од таму да менаџира!
Гнаса копиле изрод лопов лажго стока багра бездушник мафијаш бандит имбецил манијак садист психопат!
Саше Ивановски, Мактел, 06.04.15.
http://okno.mk/
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Амнестијата е класичен случај на парада на вмровскиот и македонски срам
Имаше ли барем еден пратеник, кога го стискаше зеленото копче, само за момент да се сети на Македонците кои беа врзани за столб и со експлозив кренати во воздух.
Прашањето за амнестијата на хашките случаи ниту еден свесен и совесен Македонец, а најмалку пратеник во македонското Собрание, не требаше да го третира на таков начин како што беше истретирано.
Значи веднаш да кажам дека се работи за автентичното толкување на Законот за амнестија односно за Хашките случаи од 2001 година. И затоа сакам да го изразам својот остар револт и огорченост против безгласните и безумни политичари кобожемни „народни избраници“, а впрочем однародени платеници, против политичарите желни за удобна фотеља, кои под параванот наречен „големи политички цели“ ни го уриваат нашето достоинство и ја покажуваат својата бездушност и безумност.
Сакам јавно да го изразам своето срамење од ваквите слепи послушници и бездушници кои без тронка срам и емоции „гордо и немо” го дадоа својот глас ,,ЗА” за изгласување на автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија.
Па оттука, целиот текст е пишуван пред се од аспект на човек и македонски патриот, а не од аспект на мојата професија, од причина што својот стручен став по однос на ова прашање го кажав прв во нашата држава во електронските и пишуваните средства за информирање.
Да се потсетиме дека собраниските 63 бедници и бездушници, тука пред се мислам на припадниците на ВМРО-ДПМНЕ (ако може да се рече дека се припадници на оваа партија и нејзината идеологија) под изговорот дека се „современи патриоти” пред неколку дена изгласа автентично толкување на случаите „Водство на ОНА“, „Непроштено“, „Мавровски работници“ и „Липковска брана“, со што се стави крај (за мене привремен) на кривичните дела извршени во текот на конфликтот во 2001-та година. Јас досега немам сретнато случај во кој било дел од светот каде извршени кривични дела се затвораат (се бришат како да не постоеле) со политички договор. Тоа само во Македонија и со вакви политичари може да се случи. Со изгласувањето на автентичното толкување собраниските однародени п(л)ратеници и нивните наредбодавачи покажаа дека за нив нема ништо свето и на тој начин го допреа дното на моралот. Тоа беше класичен случај на парада на вмровскиот и македонски срам.
Од денот кога го притиснаа зеленото копче за автентичното толкување постојано се прашувам, имаше ли малку совест и човештина кај нив. Имаше ли во тој момент некој од нив барем за момент да се сети на Македонците врзани за столб и со експлозив кренати во воздух. Имаше ли човек кој во моментот на стискањето на зеленото копче да се сети на киднапираните, на живите запалени во Вејце, на злосторствата што ги направија џелатите. Па знаат ли тие стискачи на зеленото копче дека овие злосторства ни Господ не може да ги амнестира, а камоли некои однародени п(л)ратеници. Иако може да личи на вообичаена флоскула, сепак бидете сигурни дека сите тие вмровчиња на привремена работа во ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат запишани со црни букви во македонската историја, исто како и нивните наредбодавачи.
За секој нормален човек сосема е нелогично и апсолутно несфатливо некој во име на некој си лажен соживот, во име на привремен и привиден мир да прифати коалиција, партнерство и другарување со киднапер, со убиец со умисла, со нечовек. Уште помалку некој некого да ослободува од одговорност, за кое нема ниту правна, ниту морална основа. Дали на наредбодавачот, креаторот на одлуката за вакво автентично толкување и на слепите послушници (п(л)ратеници) пред да заспијат не им се вртат во мислите ликовите на луѓето со изгравирана кожа, ликовите на киднапираните убиени и влечени со трактор, на живите запалени и кренати во воздух луѓе. Ако досега не им се појавиле нека бидат сигурни дека ќе им се појават во иднина и ќе ги прогонуваат во текот на целиот живот. Наместо да поддржуваат нешто што е неподдржливо, на наредбодавачот и извршителите на наредбата требаше да им проработи совеста, емоциите и човечноста при самата помисла дека треба да ослободи некој кој се однесувал како звер. По се изгледа дека таа совест (се рабира доколку некој и малце ја имал) остана длабоко закопана во нивната душа.
Дури и она гревче Тарчуловски беше ставен во игра. Замислете, човекот кој заради тие кои ги направија овие злосторства денес лежи 15 години во европските зандани, се „обраќа“ на премиерот Никола Груевски и му „порачува“ дека Хашките случаи треба да се заборават и земјата да продолжи да оди напред. Кое напред Јохане? Каде напред Јохане? Што се случи со тебе? Наместо против амнестија, ти зборуваш за амнезија Јохане!!! Меѓутоа, без разлика на неговата амнезија, на него и неговите мора да им стане јасно дека тој беше употребен како крпа за неговите нови „соборци“ да ја избришат својата нечиста совест. Во тој контекст нешто слично ќе напише и Никола Младенов во последниот број на Фокус – „Јохан е сурово понижен од пропагандистите на Груевски, кои на безочен начин го вклучуваат и него во одбрана на неодбранливото. Тој е последниот човек од кој треба да се очекува благослов за амнестијата“.
На крајот како резиме на сето ова би сакал да прашам? Дали со направениот политички компромис и гнасната и нечовечка политичка трговија (бришење на злосторство за удобна власт), трговците политичари се сигурни дека власта и удобното седење на функционерската фотеља ќе потрае и наредните четири години. Дали вредеше потребата за владеење да се трампа со нешто што не смееше да се трампа? Дали на овој начин политичките трговци сметаат дека ќе се подобри меѓуетничкиот соживот? И уште многу други „дали“. Ја сум сигурен дека од ова што е набројано ништо не е сигурно. Па ако е така, и ако со тоа се согласуваат најголем број македонски граѓани (барем од она што го слушав на емисиите кои ги вклучуваат граѓаните во живо со свои коментари за овој случај), тогаш зошто имаше потреба од трговија за сметка на оние несреќни луѓе чии животи бездушно беа одземени. Зарем позициите и фотељите беа поважни од одредбите на меѓународното право? Правдата е спора, ама секогаш излегува на површина. Што би рекол премиерот Груевски „вистината е како шило, в’рти, в’рти па ќе излезе на виделина“.
Јове Кекеновски
http://www.mkd.mk/kolumni/amnestijata-e-klasichen-sluchaj-na-parada-na-vmrovskiot-i-makedonski-sram

Истото го направи кога беше денот на Албанското знаме во Скопје тој ја збриша во приватна посета во Америка,БАРОНОТ ВОН МИНХАУЗЕН можит водат да му носит на Пастиротluxor напиша:Копилето Грујо било на плажа на море додека неговите пратеници гласале за амнестија!Гнаса копиле изрод лопов лажго стока багра бездушник мафијаш бандит имбецил манијак садист психопат! Копилето Грујо било на плажа на море додека неговите пратеници гласале за амнестија на злосторниците кои бутале стапови у гз на Мавровските работници!
Па пази, имале ПР тим кој секое сабајле правел стратегија што да се збори и потоа праќале мејлови до сите новинари, пратеници и платенички експерти да се иде со исти тези, сите како папагали повтарале исти тези исти реченици!
Која е ова само опасна леплива пајакова мрежа сплетена од еден пајак, огромен, црн, злобен, гнасен, кој цела држава ја улови и пола ја изеде и сето тоа го водел од Илинденска а сакал да се качи и на Водно и од таму да менаџира!
Гнаса копиле изрод лопов лажго стока багра бездушник мафијаш бандит имбецил манијак садист психопат!
Саше Ивановски, Мактел, 06.04.15.
http://okno.mk/
tmoro- Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
Он и сега се надева дека ќе има време да збрише после падот. Но единствената дестинација до која ќе стигне овој пат е Идризово.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
luxor напиша:Он и сега се надева дека ќе има време да збрише после падот. Но единствената дестинација до која ќе стигне овој пат е Идризово.
Ке видиме дали до таму ќе стигнит,да не завршит ко Чаушеску?
tmoro- Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13
Страна 3 of 42 • 1, 2, 3, 4 ... 22 ... 42
Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 3 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот