Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 21 of 42 Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22 ... 31 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Јан 24 2017, 09:23

Трендафиле успокој се. Тео не е ниту Геровски иако по ништо не заостанува зад него.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пет Јан 27 2017, 12:02

Jas koga ti vikam Trendafile deka inventarot od kabinetot na Crvenkovski gi opishuva halucinaciite od koi strada koga e dupka pijana i vo delirium tremens ti ne veruvash...

Соросови вонземјани ја нападнаа планетата
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Саб Јан 28 2017, 13:04

„Реков нема да се правдам, а ова е за нештата да бидат појасни : Ја изгубив мајка ми на 23 год, во врвот на мојата кариера. Околностите беа такви што останав сама и морав да правам работи што ме траснаа од земја. Потем го изгубив првото дете на породување. По кратко, починаа и дедо ми и баба ми со кои израснав. Кога го родив второто дете првиот сопруг си замина. Бев самохрана мајка (семејството ме поддржа и помогна безрезервно како и секогаш)…па успеав да застанам пак на нозе. Да, имам втор брак и многу преселби и почнивања од нула. И сум хронично болна од 2008 год. Ќора сум на едно око. Не, не се жалам ич. Но, кога ќе го вадат “долниот” веш, луѓето успеваат да изградат слики за мене, коишто немаат ама баш никаква допирна точка со мене. Секако имам направено грешки – сум ги давала и срцето и душата на луѓе коишто тоа не го почитувале. И во сето ова морам да потенцирам – сум патувала и сум живеела на различни континенти, но таков олош од луѓе како овде – не сретнав. Може е време куферите да се спремат. Ионака уште не сум дораспакувана од последнтата преселба“ – е нејзиниот статус кој што е актуелен на социјалните мрежи денес.

Јас сум со ниет да ги стегна куферите со идиоти нема начин за справување!!!
defo
defo

Број на мислења : 3572
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Јан 28 2017, 21:27

Кога 450 илјади македонци што гласаа за ВМРО ги сметаш за идиоти најдобро и за тебе и за сите е да си заминеш во некоја држава во која твојот Сорос составува влада. Затоа што чадорот очигледно се распадна. Гледа дека до сега САД и Велика Британија по средбата на Трамп и Меј изјавија дека нема повеќе да делуваат против легално избрани влади во други земји. А СДСМ без помош на Сорос, а и со Сорос без поддршка од УСАИД, односно владата на САД и владите на некои други земји тешко дека некогаш ќе дојде на власт во следните неколку децении. Додека не дојде во смена во партијата и не дојдат нови генерации што нема да го паметат предавството што го правеше оваа партија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Нед Јан 29 2017, 11:06

Poddrzhuvachite na pastirot idioti?!?!?! Nikako...Интервјуа и колумни - Page 21 Happy-smiley58

Интервјуа и колумни - Page 21 Ie2fx2
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Нед Јан 29 2017, 11:22

I poishe od IDIOTI,SEKAKO I LAZOVI ...zarem ne ti e dovolno trendafile shto cela kampanja zborea deka Zaev ke ja napravi drzavata dvojazichna ,a glej sega gujo ke ja napravi em dvojazichna em federalizirana ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16570
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Јан 29 2017, 20:25

Веќе десет години го зборувате истото, а ништо од тоа не се случи. Не знам како изгледа државата гледана од вашиот виртуелен свет обработен од корисните идиоти на Џорџ Сорос. Во реалниот свет работите се подруги. Многу земји ги применуваат мерките што ги спроведе прв Груевски во Македонија. Последно е дека Германците признаваат дека погрешиле со односот кон мигрантите кои ќе ги имаа многу повеќе ако ние не ги запревме на нашата граница. Толку лаги имате искажано против Груевски што никој нема да ви верува и ако случајно некогаш кажете некоја вистина.
Патем да ве прашам нели силеџијата што претепа деца во Струмица беше суспендиран како телохранител на Заев. Вчера гледам дека не е така, односно дека Заев по којзнае кој пат излажа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Нед Јан 29 2017, 20:28

А ти би сакал да се случи и конечно да престане да постои Македонија и македонците?
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Јан 29 2017, 20:43

Не гледам зошто би престанала да постои Македонија доколку не влезе во власта партијата од албанскиот блок што ќе освои нај повеќе гласови во својата конкуренција, а да не биде проблем ако биде елиминирана најголемата македонска партија. Имавме случај кога во 1992 македонскиот победник, ВМРО, беше елиминиран и во 2006та година кога ДУИ не влезе во власта. Па Македонија фала Богу гледам е жива и здрава. Чадорот не успеа ни сега да ја наметне својата волја.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Нед Јан 29 2017, 20:49

Ne se nerviraj...Chadorot ne uspeal ama zatoa uspeaaja Tirana i Prishtina, blagodarenie na predavnikot na Makedonija grchkiot cigan grujo...I na site vas dpmne-ofci shto go poddrzhuvate...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пон Фед 20 2017, 13:25

ЈАС СУМ АЛБАНЕЦ ОД ПРВ РЕД

Интервјуа и колумни - Page 21 Arben-Golja

Ја гледав вчера емисијата „Топ тема“ на Телма, каде што како гостин, меѓу другите, беше и потпретседателот на ДУИ, г-дин Рафиз Алити. Сакам да искажам екстремен анимозитет на изјавата на овој господин „дека Албанците во Македонија се чувствуваат како граѓани од втор ред“.

Ваков став за мене е голема навреда на чувствата и гордоста на сите прави Албанци, кои си ги знаат своето потекло и вредност. За да бидете третирани како граѓанин од втор ред и да го имате тоа чувство, тоа само индивидуата поединечно може самата да се доведе во таква положба, а не системот во кој живеете, па дури да се работи за најригиден режим.

Доколку господинот го има тој комплекс и таа фрустрација лично, тоа не му дава за право да го генерализира со сите припадници од неговиот етникус. Само луѓе без самопочит можат да носат во себе такво чувство на инфериорност наспрема другите, кои по кој било основ се разликуваат од него и без разлика на положбата во која се наоѓа во едно општество, па дури и кога е дискриминиран по однос на неговите права.

Затоа една од причините што државата ни е во оваа состојба веќе 25 години од осамостојувањето е искомплексираноста на двата етнички мајоритета. Македонскиот етникум, кој неоправдано пати од комплексот на неспознаен идентитет, па и каде треба и каде не треба го наметнува префиксот македонското, македонското…, а од друга страна албанскиот етникум, со самите на себе наметнатиот комплекс на граѓани од втор ред, кои хронично се чувствуваат обесправени, па само бараат права, права, права…

Ова е рамно на едно општество со два паралелни света, една држава со два блока, македонски и албански, за другите етникуми и не се зборува, како и да не се важни, а всушност сите ние, без разлика на нашето потекло, сме граѓани на Македонија, наша заедничка и единствена земја.

Кога сите ние ќе научиме вистински, а не декларативно, да ја сакаме својата земја и да се однесуваме вистински, а не декларативно, да ја сакаме својата земја и да се однесуваме со должна почит кон нејзе, тогаш ќе имаме држава според вредностите и стандардите на Европската унија.

Арбен ГОЉА, адвокат, граѓанин од прв ред на Македонија, по етникум Шиптар, пардон Албанец…
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Пон Фед 20 2017, 13:36

Тоа беше навистина глупо од албанска страна. Наместо борба со криминалот сега налеа вода во националистичката воденица на Груjo.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 20:59

Тричко на Окно.

Едно време сакав да им се придружам на вмроните...

Интервјуа и колумни - Page 21 Naslovna-1_6
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 20:59

Модернизација и примитивизација

Уште Љупчо Георгиевски се обидуваше да ја модернизира партијата. Се сеќаваме сите на патот од солунскиот до кичевскиот конгрес. Изборот на Груевски за наследник беше израз на тој стремеж кон модернизација. Груевски се обиде да ја модернизира партијата со нејзиното враќање кон таканаречените изворни принципи. Интересен обид. И така натаму!

Секој обид за модернизација завршуваше со натамошна примитивизација. Тоа е така поради надвременската и надперсонална, историска, можеме да ја крстиме, страст на партијата кон патетичното, позерското, фолклорното, архаичното, кон примитивното како своја суштина.

Мислам дека ВМРО не може да се модернизира. Ако некој сепак успее да го оствари тој подвиг тоа ќе биде второто име на смртта на ВМРО. Односно, ВМРО може да се модернизира само ако се самоубие, ако самоубиството го разбере како чин на сопствената модернизација!

Со магарето можете да се спуштите од Кнежје на пазар во Свети Николе. Не можете со магарето да учествувате на „Лонжин купот“ во Хонг Конг. За тоа натпреварување ќе мора да си купите убав полнокрвен арапски коњ!
19.02.17.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 21:00

Не бил Сашо Мијалков туку Фил Колинс

Мухи,

Си направил животноопасна грешка кога си се јавил или си отишол да резервираш маса. На тој начин ти си ги открил своите планови, правците на своето движење и местото на своето задржување. Дебекато тоа го разбрало како предизвик на кој не смее да му одолее.

Ако баш мораш да резервираш маса, јас ти препорачувам три начина: едниот е со гулаби писмоносители, како кај Форест Витекер и Џим Џармуш, вториот е пристапот на Џејсон Статам, во тој пристап, резервираш маса во кафеана во која претходно си поставил темпирана бомба, во казанчето во вецето, да речеме!

Потоа во договореното време ја активираш експлозивната направа со телефонски повик при што можеш да си седиш дома и да гледаш во тоа време слалом од Сент Мориц или можеш да се доближиш до местото на настанот и да правиш убави снимки што потоа ќе му ги продадеш на сиенеен. Третиот начин е начинот на Стивен Сигал, влегуваш во договореното време и правиш ршум во кафеаната.

Инаку, не се сомневам дека сега ќе се јават од дебекато со тврдења дека типот што седел во твојата кафеана не бил Сашо Мијалков туку Фил Колинс, а типовите што те нападнале дека не биле телохранителите на Сашо туку басистот и тапанарот на Фил Колинс.
19.02.17.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 21:00

Тенкју Ивица!

Од упатствата на Ивица во врска со карневалот во Рио, најсилен впечаток ми остави сугестијата да не се пружа отпор во случај на напад, тоа е така убаво хармонизирано со македонскиот карактер, браво Ивица, плус многу ме бендиса тоа што на градоначалникот на Рио ќе му биде врачен вевчански пасош како симбол на врската меѓу вевчанската грозотија и бразилската самба што исто така е убав израз на македонската карактерна особина позната под името умисленост. Морам да кажам дека не ми значат ништо предупредувањата околу вакцините затоа што луѓето кои се во состојба да го преживеат вмровитисот ќе поминат покрај зика вирусот како покрај пичкин дим. Но, сееено, тенкју Ивица, нацијата никогаш нема да ја заборави твојата трогателна грижа!
19.02.17.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 21:00

Добро ни оди

Едно време сакав да им се придружам на вмроните, мислев дека заедно ќе можеме побргу да ја уништиме оваа мачилница, но многу бргу ми стана јасно дека пред муфљузите без моќ и стил, Македонија е, всушност, неуништлива! Па, како и сите опортунисти, отидов на страната на Македонија, во надеж дека со заеднички сили ќе ги уништиме злотворите од вмрото! Мислам дека добро ни оди!
19.02.17.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 21:01

Потивко

Не, господа, државата не ви должи ништо, вие и должите на државата!

Вие можеби имате некакви побарувања од Злосторничкото здружување на вмро, но тоа е друга тема.

Односно тоа е прва тема: вие сте знаеле или сте можеле да знаете дека соработувате со злосторници! Тоа значи дека колку се поголеми вашите побарувања, толку е поголема вашата одговорност за драмата не на вашите финансии, туку на Македонија!

Потивко!
18.02.17.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Фед 21 2017, 21:01

Оваа власт не ни личи!

Пишете вака:

Панорамско тркало не направија, граѓанска војна не направија, војна на светот не му објавија, Бејли не го избркаа, Заев не го уапсија, Македонија ја упропастија, но не ја уништија, десоросоизација не направија, Никола Младенов не го убија, Диво Насеље не го режираа, со Смилковско езеро немаат врска, денар пара не украдоа, Космос не го урнаа, едни избори не украдоа, Марко не е нивен човек само е будала, правда нема зашто тие немаат никакво влијание врз правосудството, немаат едно евро провизии земено, плацеви и станови јок, фирми ни за лек...

Добро, кој кур правевте единаесет години, бе, Николае, како човек да гласа за една ваква немакедонска по карактер фамилија!?

16.02.17.

http://okno.mk/node/62231
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Фед 22 2017, 10:39

Каква модернизациjа бе, докле учите по Jугословенски учебници глупости никаква модернизациjа на ништо нема да има ниту каJ ДПМНЕ ниту каj вас.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Чет Мар 02 2017, 18:14

„Тешкото” на Никола врз вулкан

Kaко што Груевски со лобирања против Бејли и другарувања со Курц и Орбан ја побива сопствената желба за ресуверенизација, и опозицијата со чекање фермани од Запад ја потврдува суровата вистина за недостаток на визија.Гледано во ретроспекrива, од сите непознаници на животот во овој час на средновечна доба ми преостануваат три неразјаснети мистерии.

Интервјуа и колумни - Page 21 19347012_303-670x377

Првата е дали сме сами во универзумот. Енигма за која се надевам дека во следните десетина години ќе биде одгатната. Втората е за смислата на животот, за која пак сум свесен дека ќе ја дознаеме пред да зајаваме низ вечни ловишта. За третата, не сум сосема убеден дека некогаш ќе ја одгатнеме: имено, што точно правел и со кого се дружел Слободан Милошевиќ додека бил банкар во Њујорк, пред да се симне на Косово поле? Да не кобам, но сенешто мислам дека додека не се разјасни оваа пра-современа мистерија на балканските националистички оргазми, прашањето ќе продолжи да ни се навраќа во мисли. Со секоја нова епизода на балкански смутови и магли во кои јуришно влегуваме и со влечење излегуваме. Без сомнение, тековната состојба е една од таквите премрежија во кои не знаеме дали сме пред утро или самрак, што се случува и каде е чарето, ако воопшто го има.

На ваше, претпоставено, изненадување, чинам дека најпрецизните елаборации за состојбата денес и овде доаѓаат од владиниот печат и пропагандната агентура на ВМРО-ДПМНЕ. Читањето на ингениозните бравури со кои се елаборираат “ефектите на пеперутки” со кои поскапувањето на текстилот за гаќи во Бангладеш се поврзува со Јужните токови низ Карбинци и Моноспитово се можеби смешни, слично како и описите за Агент Силверите низ нашите сокаци во служба на опозицијата, Албанците, НАТО, Американците или кој е веќе дежурниот виновник назначен за дневно бесење. Но сред сета таа урнебесијада има нешто што е сосема безрезервно логично и достојно да се прифати како валиден аргумент дека ете, странците се мешаат и ни коваат нешто, сенешто.

Странски служби

Имено, леснотијата на обвинувањата за странски служби упатувани кон опозицијата се на извесен начин засновани врз претходните искуства (и ставови) на истите тие денешни детективи во потрага по предавници. Кој друг освен тие самите апологети на некогашните “портокалови револуционери” селектирани од “клетиот запад” ќе препознаат дека во позадина на денешните “шарени револуционери” стојат истите фактори? Написите за некогашните падобранци во Хотел Панорама довезени со црни (странски) џипови, блокади на булевари и благонадежни црвени теписи низ западни метрополи се сепак не до толку избледени сведоштва за првичните колаборационистички гревови на денешните светци на патриотството од ВМРО-ДПМНЕ. Кои денеска на мачен начин дознаваат дека нема ручек без пари, ниту пак владеење без исполнување на дадените ветувања и превземени обврски. Тоа е мекотелието на патриотската тврдокорност чии лидери допрва разбираат дека нивниот пат кон власта не е формула измислена единствено и ексклузивно за нив, туку е принцип кон кој или ќе се повинуваат или самоуништат. Така да, верувајте во сѐ што владините кербери пишуваат за денешната опозиција. Бидејќи токму тие – како никој друг- од сопствено искуство знаат како на Балканите се доаѓа и опстојува на власт и затоа во подемот на опозицијата всушност ја препознаваат сопствената политичка генеза.

Претендентите на пресвета идеолошка ексклузивност веќе ги оштрат перата за обвинувања за релативизација на одговорноста и ставање знак на равенка помеѓу сегашната политичка гангста-хунта и надобудните “дечки кои ветуваат”. Проверено килава работа се обидите да се докажува дека релативизацијата не се заснова врз (не)идеалистички проценки на актерите, колку врз согледувањето на системот кој ги произведува, експлоатира и на крај како ислужена роба- отфрла. Токму во склад со природата на нашата реалност, политика и земја во колонијална зависност. Дури и кога самите Левијатани не поттурнуваат кон надминување на сопствената колонијална поставеност, веќе отворено исполнувајќи ни ја желбата за “носење сопствени одлуки и одговорност”. Но како што Груевски со лобирања против Бејли и другарувања со Курц и Орбан ја побива сопствената горлива желба за ресуверенизација, во иста мерка и опозицијата со чекање фермани од Запад ја потврдува суровата вистина за ендемскиот недостаток на визија и храброст за кроење на сопствената судбина. Во тој затворен круг се крие парадоксот дека нашиот неуспех е происход на успехот на меѓународната заедница во наметнување на целосно колонијален менталитет на раб на атрофија на автентичната претставителност и отчетност.

Колонијална поставеност на општеството

Тековниот zeitnot е совршена илустрација на судирот помеѓу апсолутната колонијална поставеност на општеството која се отсликува врз трескавичната борба за административна превласт додека јавноста станува сѐ подистанцирана, анемична и интровертна. Таква и ќе остане сѐ додека не се разбере дека во колонијални држави административната функција е прокси дар од Левијатанот, но аурата на лидерство е прерогатив подарен од граѓаните или пак народот. И како што секогаш бива, а по пата-пата позицијата помеѓу Груевски и Заев и дебаклот на Али се докажува кај нас, кога целта е освојување на владината администрација, а не лидерска борба за демократија, состојбата завршува во анархија. Со оглед на сопствената улога во дискретни, но решавачки манипулации за обезбедување политичари според матрицата “послушност, предвидливост, покорност” одговорноста за сегашната закоченост во огромна мерка лежи врз самата меѓународна заедница. Поради што повиците на службен Брисел, Берлин и Вашингтон упатени кон овдешните политичари „да покажат лидерство” се не само урнебесно комични, но и темелно апсурдни. Кон кого точно се упатуваат таквите повици, кога токму недостатокот на лидерство е предусловот поради кој тие се одбрани, промовирани, подржани и на трон насадени?

Практичната илустрација на колонијалната зависност на овдешната политика е лесно изведлива. Почнувајќи од “портокаловиот” патриот Груевски и „шарениот” револуционер Заев како директни делегати на меѓународната (мината и идна) волја, пацифизираниот револвераш Али како употреблив Албанец во фифти-фифти колонијална зависност од странците и македонската елита, па се до новите сили како Беса како колонијални надежи на Турција или Села во марионетска зависност од Ахмети кој во него ја препознава сопствената конвертибилност од револуционерност во “конструктивност”. Сите со споделено педигре започнато со покорна снисходливост пред меѓународната – западна или источна, сеедно.

Детектирањето на состојбата и причините за неа е сепак полесниот дел од задачата, во споредба со начините за нејзино надминување. Нималку лесен предизвик, поради две причини. Првата поради современата западно импонирана политичка култура на исклучување на не-кариерни политичари и подемот на кариерни политичари “кои влегуваат во политика директно од факултет, лижат пликоа во канцеларии, стануваат специјални советници, за да во средина на триесетите години станат министри, без притоа да имаат барем малку допир со реалниот свет” (Лорд Алан Турнбул). Втората причина е длабоко посушествена и се однесува на лесно воспоставениот и тешко одвиклив приод на меѓународната заедница за обезбедување минимум стабилност и кооперативност возвратена со замижување пред криминалот и корупцијата на избраната елита. Спогодба која колку што испорачува трула стабилност, толку и ја гуши иднината на земјата и воедно ја обесмислува и занавек дискредитира улогата на меѓународната демократска заедница која во име на стабилноста всушност продуцира нестабилност. И тука нештата стануваат комплицирани и загрижувачки.

Волјата на народот

Понатамошното инсистирање на САД и ЕУ базирано врз принципот промена на политичките ликови без промена на самата политика ќе произведува нови и се пожестоки кризни циклуси. Вистина, оптимистите ќе потсетат дека вистинските лидери се раѓаат од кризи и животни премрежија. Она што е помалку оптимистички е веќе реалната опасност да таков лидер се појави од другата страна на барикадите и тоа токму во редовите на оние кои денеска протестираат “во име на народот” искористувајќи го вакумот создаден од кратковидите политики на меѓународната заедница и опозицијата. На сцената веќе се одвива тивок, но драматичен трансфер во кој прагматичниот приод на СДСМ кон ДУИ резултира во егзодус на идеалистичкиот (про-националистички) корпус кој во помал број се приклонува кон ВМРО-ДПМНЕ, но во поголема маса резигнирано бара ново тело. Од друга страна, тековната употреба на “волјата на народот” во овој час можеби е навистина спасоносна за Груевски, но повнимателните наслушувања на паролите на неговите “љубимији тврдокорни” ја импонира дилемата дали тоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ всушност има зајавнато тигар кој на крај цели да го проголта и него самиот? Колоритноста на демонстрантите на “црната револуција” и самите “професорско медиумски” идеолози на протестот секако ја наметнуваат паралелата со можна појава на овдешна верзија на “партијска чајанка” според популистичкиот пример во САД. Со таа разлика што екс-премиерот и сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат принудени токму од нивните “спасители” да се определат дали се со Истокот или пак со Западот. Отпишување на Груевски од страна на Западот веќе ја има намалено неговата спогодбена цена на глобалниот пазар. Од друга страна, Москва на солзи никогаш не верувала, а уште помалку прифаќала лидери кои кон Русија намигнуваат, но во Америка лобираат. Тешко е да се поверува дека на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ им се провлекле изјавите во кои нивните „тврдокорни” следбеници отпрва срамежливо, а сега се погласно застапуваат ставови “ни Груевски ни Заев”, ниту пак не размислиле за изворот од кој се инспирирани таквите богохулија релативизаторски.

Пред неколку недели нагласив дека пролетта ќе им припаѓа на оние кои први ќе ги освојат улиците. Чинам дека таа чест годинава ја има преземено десницата, иако прераното танцување на ВМРО-ДПМНЕ врз гробот на СДСМ може да има лизгави последици по нив самите. Избирајќи го полесниот и утабан пат на инертна процедуралност, Западот досега ја пропушти кризата како шанса за преуредување на постоечкиот систем и напуштање на пристапот на менување политичари без промена на политиките. Се плашам дека истокот нема такви инхибиции.

Арсим Зеколи
извор: Дојче веле
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Мар 02 2017, 21:11

Ако дојде до револуција, а работите се движат во тој правец веројатно ќе се роди нов лидер кој можеби во моментов е тотален анонимус, И од него ќе зависи дали ќе појдеме кон запад или кон исток, затоа што нема да му биде важно на која страна на светот ќе одиме туку што е подобро за Македонија. Во моментов по инерција одиме кон Брисел и покрај секојдневните понижувања што ги добиваме од таму и непочитувањето на правото во нивниот однос кон нас. Пред се во непочитувањето на правото сами да си ја именувеме државата, иако нивна правна комисија, на Бадинтер, уште во 1992 година во својот извештај напиша дека името Република Македонија ниту е спорно ниту со него има територијални претензии кон Грција или некоја друга земја.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Чет Мар 02 2017, 21:26

Pa za koj ruk go trpite Grujoshesku koj ne e nitu riba nitu devojka...Nitu na zapad odi nitu na istok saka...Ajde oslobodete se od predavnicite vo partijata pa site makedonci zaedno da se dogovrime sakame EU i NATO ili BRIKS i Evroazija...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino Чет Мар 02 2017, 21:50

Za Grujo i partijata ke si ja rasturat sto e dobro za Makedonija, moram da kazam.

Dino

Број на мислења : 637
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Саб Мар 04 2017, 22:52

Сашо со генијална анализа.

Очајници фатени за сламка

Сашо Орданоски ● во 15:00 04 март 2017

Има една американска изрека која вели дека „Уставот е создаден од генијалци за да може и идиоти да го спроведуваат“. Без разлика што мислите за колекцијата од нашите генијални уставотворци, факт е дека ние сега имаме поголем проблем со вториот дел од оваа изрека: Ѓорге Хорхе Иванов одбива – сѐ уште – да го спроведе Уставот.

Добро, убаво би било во Македонија да владеат законите и претседателот на државата да не е директно вклучен во изведба на државен удар. Но, Македонија, сеедно, е едно библиско чудо од земја, па не може да се смета дека обврските од правната држава треба да важат и за самиот државен врв! Ви се молам, кој и каде од Фамилијата на власт во Македонија се договарал за тоа? Гарантирам дека такви обврски, за важење на законите и за клучните функционери на Фамилијата, не се преземени.

Но, без разлика на сѐ, сметам дека користа за Македонија од еклатантното кршење на Уставот од страна на човекот чија плочка со име стои на влезот од Претседателскиот кабинет на Република Македонија ќе биде повеќекратна. Дозволете да објаснам...

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

Прво, и покрај верното другарство помеѓу Али Ахмети и Никола Груевски – да потсетам, Ахмети на Груевски: „Со тебе влада не можам да правам, но ќе направам со Заев доколку тој ГО ДОБИЕ мандатот за состав на влада“, а бидејќи мандатот на Заев не му се дава, очекувам Ахмети повторно да повика на создавање „широка влада“, оти ситуацијата е тешка итн. – шансите да НЕ се формира нова влада предводена од СДСМ се сѐ помали. Мислам, кога ќе се сетам, навистина е огромен напредокот од ноември 2014 г., кога Заев отишол кај Грујо за да му ги презентира аргументите од мега скандалот со прислушувањата и да му препорача мирно да се повлече од власта, до денес: СДСМ тогаш беше разнебитена и притисната од власта партија, со релативно нов лидер и значителна неслога на сите нивоа во партијата, наспроти моќната крипто-комунистичка партија на ДПМНЕ со својата ефикасна, корпоративна криминална структура за владеење, на чело со една Фамилија чиј фараон мислеше дека ќе ја надмине славата (и богатството!) на Стариот Египет. Денес, просто кажано, СДСМ располага со 67 потписи, верификувани и од самиот Иванов, кои го гарантираат мнозинството за состав на нова влада, а ДПМНЕ е принудена очајнички, со колнење и плачење, да бара персонален спас за милионерите од своето раководство во национал-социјализмот што го пропагира на улица. На ужас на некогаш арогантната и семоќна Фамилија, за две години и наспроти целата енергија и пари да не дојде до тоа, им се случи тотална смена на позициите и улогите во македонската политика. „Селанчето од Муртино“ ги надигра и ТОА не се спремни да му го простат, по цена на предизвикување граѓанска војна!

Следствено, сегашните постапки на Фамилијата ја зголемуваат политичката кохезија помеѓу партнерите на владата што ќе ја предводи СДСМ, а неколкуте луѓе околу Ахмети (и самиот тој) кои работат за заштита на делото и интересите на Фамилијата, стануваат сѐ поизолирани, разголени и политички нерелевантни пред налетот на сѐ поизразениот интерес на 99 отсто од албанските етнички гласачи во Македонија за стабилна влада со СДСМ. Дури, сега е јасно дека национал-шовинистичката хистерија што сака да ја произведе ДПМНЕ со својата пропаганда ќе придонесе многу побрзо да се надминат сите несогласувања во кадровските и политичките спорови нормални за составување коалициони влади. Потоа следува брзо и ефикасно кадровско расчистување со првиот ешалон од сегашната власт, пред среднорочно и долгорочно темелно реформирање на институционалниот и социо-економскиот капацитет на целата држава.

GAME OVER

Второ, ДПМНЕ и Иванов самите се запишаа на сите меѓународни „црни листи“ кои се занимаваат со политички и фактички криминали во светот. Кавгата меѓу Груевски и Хан во Скопје, зад затворените партиски врати на Дворецот на Груевски, била срцепарателна и непријатна, а се свела на разочарувањето на Грујо зошто европските конзервативци сега не застанат на негова страна во обидот да ја узурпира власта во Македонија. На тоа Хан (со овие зборови) му одговорил: “GAME OVER!”, мораш да најдеш сили и начин достоинствено да се повлечеш од политичката сцена, пред да биде и за тоа сосема доцна. Замислете кога работите стигнале со Хан до таму, како ли му стојат политичките поени на Грујо со Вашингтон, Лондон или со Берлин, на пример? И Могерини, некни, јасно го предупредила Иванов дека ја турка земјата во „геополитички конфликт“ и дека и ТОЈ ќе ја сноси одговорноста за тоа.

Јас мислам дека, без разлика што постојано го храбрат, Груевски нема да го примат во азил ни во Москва. Оти, логиката на Путин е кристално јасна: Грујо, ти ми требаш во Скопје, таму да дестабилизираш и да трошиш западни ресурси – што ќе си ми па ти во Москва?! Грујо преселен во Москва нема НИКАКВА употребна вредност, а додека седи во Скопје и политички и безбедносно ја расклатува македонската држава има можеби мала, но не сосема безначајна ролја во хоризонтот на Путиновата нова антидемократска интернационала низ Европа и светот.

Во таа смисла, имам просто прашање: навистина ли мислат дека парите преселени во Москва им се безбедни? Еве, може Пешевски и Ставревски, како експерти за финансиски операции во странство, да ми одговорат на ова прашање...

ЗАТВОРЕНО ЗАРАДИ ПОПИС

Така што, наскоро, резултатот од сегашното однесување на Фамилијата ќе биде сличен како оној со врхушката на нивниот патрон од Русија: уредно, и поименично и со список на фирми, ќе им се замрзнат сметките, банкарските трансакции, имотите и бизнисите во ЕУ и во САД, и тоа почнувајќи од Бугарија (каде што, по моја слободна проценка, сега Фамилијата врти бизнис и има имот од околу 300 милиони евра годишно), преку Лугано и Луксембург, до Белизе. На тој список за санкции, покрај неколкуте десетици очигледни функционери на овдешнава мафија, ќе се најдат и десетици луѓе за кои пошироката јавност никогаш и не чула (како што за покојниот Коста Крпач, на пример, малкумина знаеја со што се занимавал). Налет имотот и парите, туку најмногу ќе ги заболи што нема да можат да патуваат ни на шопинг, скијање или бањање ни до Врњачка Бања, а и децата ќе треба да си ги презапишат од студирање во Виена, Лондон и Амстердам, во Доха и Астана, на пример. Знам еден што неколкупати месечно им ги префрла парите на Фамилијата на линија Скопје-Виена-Рио де Женеиро – е, тој сега ќе треба да лета преку Истанбул, а конекцијата е ужасна, плус и никогаш не си сигурен дали и кога и Бразил ќе почне да соработува за спроведување на санкциите... Дополнително, не заборавајте, најголемиот број македонски банки се во сопственост на западни банкарски брендови – можеби само оние што го чуваат украденото по сметките и сефовите на турската Халк банка ќе можат нешто да спасат, а за другите ситуацијата ќе биде: „Тууу, бре, толку блиску, а така далеку!“ Сирот Грујо, ни мачно заштедените 250 илјади евра, пријавени во последниот имотен лист, нема да може да си ги троши за купување нова колекција слики. Претпоставувам дека ДПМНЕ ќе треба да отвори телефон за донации за да им преживеат милионерите од партиското раководство.

БУДАЛИТЕ НА ПОТЕГ

Затоа, велам, за Македонија, користа од ваквото сегашно однесување на власта може да се покаже како исклучително голема! Ќе добиеме прецизен список не само на пљачкашите, туку и на пљачкосаното, а имотот и парите ќе се замрзнат и ќе го чекаат расплетот на овдешните судски процеси, за да бидат вратени во Буџетот на државата. Тоа ние, без оваа помош што ни ја пружа Фамилијата, никогаш сами, реално, не ќе можевме да го направиме. Значи, ем ќе си заминат во заслужена опозиција, ем ќе ни го достават списокот на фирми, пари и имоти што ги имаат изнесено од Македонија.

Е, сега, они ќе предизвикале граѓанска војна во Македонија и немале никогаш да дозволат да се конституира Македонското собрание, а сите Албанци или ќе сменат нација и вера, или заедно со СДСМ ќе бидат протерани надвор од Македонија! Опасно е тоа сценарио, но ми се чини слаб артистичкиот состав од ѕвездите на бифето на Драмскиот театар што ги ангажирале за негово спроведување. Ма, не ги потценувам јас нивните злосторнички намери и штетите што ќе ги направат, но во такви ситуации секогаш будалите се на потег. Милионите на Фамилијата се во прашање, не им е лесно.



(објавено во „Слободен печат“)
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 21 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 21 of 42 Previous  1 ... 12 ... 20, 21, 22 ... 31 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот