Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 12 of 42
Страна 12 of 42 • 1 ... 7 ... 11, 12, 13 ... 27 ... 42
Re: Интервјуа и колумни
Noviot glaven i odgovoren urednik kje bide izvlechen dlaboko od shupakot na Grujo...Prvata ponuda e upatena do Goran Petreski od MTV no ovoj odbil...
Planira coekot da zivee vo Mk!
(ama spak ima mnogu grevoi....)
Planira coekot da zivee vo Mk!
(ama spak ima mnogu grevoi....)
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Hamad bim Khalifa напиша:Vesna " bejbi" momentalno na 24 vesti: Se kae za glupostite od pred 3 godini, i nikogash vekje ne bi i se povtorilo takvo neshto !!! Toa ne bilo nejzin tekst i vo golema mera ne se slagala so tekstot : AMA SEPAK GNETELA GOMNA SO KUTLACA!!!! AJDE BEJBE NE SERI ! LAJNOSANA SI DO GUSHA I KE SI GO NOSISH CEL ZHIVOT - ZEMSKI I VONZEMSKI - JEBIGA TVOJ IZBOR!
Duri sega ke ti gi vadime gomnata SMRDLO SMRDOSANA!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Sega ostanuva da si gi polize:
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
pa ne e bas intervju no ke go stavam tuka..
od Nestor Oginar (facebook)
Nestor Oginar
4 hrs ·
Реакција
За Самозаблудата и Болната Амбиција на Последниот Македонски Диктатор како закана за Македонскиот Опстанок
Што порача "Лидерот"на Собирот на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ
За неверување е самозаблудата на овој неморален,аморален непрокопсан неранимајко кој со својот самоуништувачки импулс ја турка Македонија во неповратен амбис.Човек чии што криминални впечатоци на прстите се низ целата Македонија ,а посебно на Договорот од Пржино да зборува вака за луѓето под чија што наредба и надзор го стави својот кукавички,предавнички потпис,човек кој што досега требаше да даде доброволна оставка и да се претсави пред судот на државата,тој ист човек,овој малечок,Македонски Макијавели полн со невидена патолошка омраза кон секој што не е со него ветува "поарна иднина ", или крај без него.Ако Македонскиот здрав ум и разум потклекне пред овој пример на болна алчност за власт,тогаш ќе мораме да признаеме дека над оној "народ" кој би гласал за него е извршена неповратна клиничка Лоботомија!Ако гласате за Груевски,гласате за иднина оптоварена со криминал,корупција и аморал под чии што товар заедно со него ке пропадне и последната надеж дека можеме да ја спасиме Македонија!Изборот е во вас :Ако гласате за Груевски ќе гласате за човек кој на Македонија и нуди избор помеѓу Маскотата на ДА-Не и НЕ-Да! која ја носат Партијата ДПМНЕ-СДСМ!

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
И што сакаш да ти кажам ?
Дека треба да му веруваш
на секој друг ,освен на премиерот ?
Не тоа нема шанси !
Зошто мислиш дека
бомбите се вистински?
Зошто мислиш дека
народот верува во такви
измислени и монтирани
лаги ?
Поглеј денес колку многу народ
на едно место се собра !
Мислиш ке се собере толку народ
ако го организираа од СДСМ ?
Дека треба да му веруваш
на секој друг ,освен на премиерот ?
Не тоа нема шанси !
Зошто мислиш дека
бомбите се вистински?
Зошто мислиш дека
народот верува во такви
измислени и монтирани
лаги ?
Поглеј денес колку многу народ
на едно место се собра !
Мислиш ке се собере толку народ
ако го организираа од СДСМ ?
Kalinda- Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28
Re: Интервјуа и колумни
so koja lesnotija go branat diktatorot ...pogledni samo kolku mnogu doshle denes ...pod prisila ? a shto ke im napraveshe ako ne dojdoa denes ...ednash se zivee ...dosta e veke da se krieme pozadi ZBOROT STRAV....sekoj treba da se ohrabri i da se sprotistavi ...da se izbori za slobodata svoja ...
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16570
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Kalinda jas smetam deka onie od nadvor koi se na pecalba mnogu podobro ja gledaat situacijata vo koja se naodjame za razlika od nas ovde.Kalinda напиша:И што сакаш да ти кажам ?
Дека треба да му веруваш
на секој друг ,освен на премиерот ?
Не тоа нема шанси !
Зошто мислиш дека
бомбите се вистински?
Зошто мислиш дека
народот верува во такви
измислени и монтирани
лаги ?
Поглеј денес колку многу народ
на едно место се собра !
Мислиш ке се собере толку народ
ако го организираа од СДСМ ?
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
А во која ситуација
се наогаме ?
Сите што размислуваат
со своја глава
верувам дека го
гледаат напредокот
на државата !
Вработувања,
градење ,
и уште многу проекти .
се наогаме ?
Сите што размислуваат
со своја глава
верувам дека го
гледаат напредокот
на државата !
Вработувања,
градење ,
и уште многу проекти .
Kalinda- Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28
Re: Интервјуа и колумни
za kakvi gradenja zboruvash ...potochno pishuvash ....so tolku mnogu ukradeni pari od narodot ,se shto gradat e falsh
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16570
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Радио интервју со Иван Бабановски,професор по безбедност и поранешен разузнувач..
http://www.radioilinden.com.au/intervju/962-intervju-so-ivan-babanovski-profesor-po-bezbednost-i-poraneshen-razuznavach
http://www.radioilinden.com.au/intervju/962-intervju-so-ivan-babanovski-profesor-po-bezbednost-i-poraneshen-razuznavach
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
Интервју на Зоран Заев за Доказ: СДСМ и Демократска Македонија ќе победат на изборите!
Имаме особена чест да поразговараме со моментално најхаризматичниот политичар, лидер на опозицијата, претседател на СДСМ и градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев.
1. Господине Заев, во оваа каламутница од ситуации наметнати од десетгодишното владеење на режимот на Никола Груевски многу што стана пракса, едно од тие е медиумите бесрамно да заземаат политичка страна, ете и ние не бегаме од тоа дека сме подржувач на вашата политичка провиненција, но не значи дека ќе ве штедиме со прашањата. Почнуваме со економска тема, кога ќе дојдете на власт и сега сте градоначалник па сте засегнати, финасиската децантрализација кога ќе се случи? И колкава, во колкав обем? Ми се чини дека во Програмата ја немате спомнато.
-Благодарам, таа доберба и поддршка што ја чувствувам од граѓаните во оваа битка за конечна нормализација на државата ми дава дополнителна сила и силна увереност дека овој пат заедно ќе успееме да си ги вратиме слободата, демократијата и вредностите што ќе обезбедат подобар живот за сите во нашата земја. Политичарите не смеат да бидат поштедувани од прашањата што се од интерес на јавноста, затоа што не е добро ни за самите нив, ниту за граѓаните. Видовме сите дека режимската контрола што ја воспостави Никола Груевски во најголем дел од медиумите, на крајот нему му се удри од глава. Тој изгуби контакт со реалноста, почна да верува во виртуелен свет што не постои измислувајки ги секојдневно лагите што ги сервира. Сега кога излезе на површина целиот криминално-корупциски начин на опстојување на неговата власт, гледа јавноста деновиве, тој бега како од оган. Шилото на вистината е на површината и назад веќе нема. Медиумите под негова контрола, лажејки ја јавноста го залажуваа и Груевски и му направија контра услуга. Да му беа поставувани границите со време, можеби немаше толку далеку самиот да забега во расипничкиот начин на владеење, за којшто еве дојде моментот на вистинскиот отчет. Јас, како што видoвте изминатиот период, не бегам од ниту едно прашање на ниту еден медиум и тоа е принципот на работа на СДСМ, транспарентно и отчетно работење и сега и кога ќе ја добиеме честа и одговорноста да ја предводиме новата Влада, што очекувам да се случи на фер и демократски избори. Така што, поставете какви било прашања што мислите дека се во интерес на јавноста.
Во врска со првото прашање, напротив, во Програмата имаме предвидено цел еден посебен дел посветен на функционирањето на локалната самоуправа. Бидејки од голема важност за граѓаните е да можат да добиваат брзи и квалитетни услуги во нивните места на живеење. Тоа ќе им заштеди и време и пари и ќе придонесе кон поспокоен живот. Не само што ќе има реална финансиска децентрализација, туку граѓаните во вистинска смисла на зборот ќе ги почувствуваат благодетите од децентрализацијата. Точно, јас сум и градоначалник на најуспешната општина во Република Македонија, Струмица и тоа во услови на нула поддршка од централната власт. Така што многу добро ми се познати проблемите со коишто се соочуваат и општините во своето функционирање и граѓаните.
Ќе ја укинеме праксата на оваа централна власт којашто незаконски дава пари само на општините во коишто градоначалниците се од нивните редови. Тоа е безобразно и несовесно кон граѓаните на другите оштетени општини, кои се исто така даночни обврзници и го полнат државниот Буџет.
Наша цел е финансиско зајакнување на општините. Значително да се зголемат приходите од ДДВ за општините, приходите од персонален данок на доход, приходите од закуп на земјоделско земјиште. Имаме во Програмата предвидено колку точно процентуално тоа е можно да се реализира.
Ќе обезбедиме правична и транспарентна распределба на јавните финансии, на капиталните и блок-дотациите. Владата и Заедницата на единици на локалната самоуправа заедно ќе ги утврдат потребните трансфери од Буџетот на Република Македонија кон општините.
Тоа што тука сакам да го нагласам е нашата заложба за вистински рамномерен регионален развој. Целта ни е да обезбедиме повеќе финансиски средства за помалите и сиромашни општини коишто сега, според реални показатели, имаат мали даночни примања што не одгооватаат на нивните финансиски потреби.
Што е нашата цел – граѓаните во општините во коишто живеат, без разлика дали се работи за село или за град, да можат да добијат таму најголем дел од потребните услуги: образование, здравство, административни услуги.
Така се можни општини по волја на граѓаните, со буџети што ќе можат самите да ги остваруваат, ќе помага и централната власт, а предвидуваме и кофинансирање. Ќе видат граѓаните што значи практичен и спокоен живот во своето место на живеење.
Дали ќе го покачите ДДВ–то како во Хрватска и Грција за да се справиме со кризата и пустошот што ни го остава Никола Груевски?
-Власта на Никола Груевски ги ограби граѓаните, ги остави буквално без егзистенција, за свои интереси, тендери, бизниси, провизии, милионски парцели на Водно, рајски фирми. Груевски и неговите соработници го направија пустошот и тие ќе ги вратат тие пари. Парите што им ги одзедоа на граѓаните ќе им ги вратат! Сериозен сум кога велам дека ќе поставиме бројчаник над Триумфалната капија, што ќе одбројува како ќе се враќаат назад украдените пари од народот.
А што се однесува до даноците, ќе воведеме праведен даночен и социјален систем. Тоа значи повисок данок за најбогатите и намалување на даноците за сиромашните. Сегашниот рамен данок е во корист на малата богаташка група на власт што ја запоседна Македонија. Богатите плаќаат данок од 10 проценти и сиромашните, кои живеат со по 40 денари на ден плаќаат исто 10 проценти. Тоа е нефер. Богатите има да плаќаат повисок данок. Тие пари ќе одат во подобрување на јавните услуги за сите граѓани. Ќе воведеме и праведност во плаќањето на некои јавни услуги што ќе зависи исто од висината на доходот на корисниците. Кога ќе ги застанеме на нозе граѓаните и семејствата, кога финансиски ќе ги стабилизираме, економски ќе зајакне и државата. Само со економски стабилни граѓани е можна економски стабилна држава. Затоа, не, нема да дозволиме поради расипничкото криминално-корупциско владеење на фамилијата да настрадаат осиромашените граѓани.
Гледаме интензивни средби со албански политички фактори, дали таква коалиција веќе е договорена, во прв ред со струшкиот градоначалник Села, како политичар со потежок бекграунд? И какви се тука интересите, дали само за да има таква коалиција СДСМ ќе даде стратешки министерства на албанските партнери?
-Знаете, отворено соопштив дека СДСМ е отворена за сите политички субјекти, поединци, организации кои гледаат какво зло и се случува на државата и се подготвени да помогнат во овој важен процес за иднината на Македонија. Интересот е само еден, Република Македонија. Нема никакви пазарења, ниту ќе има. Искрено тргнавме по овој пат на враќање на земјата на нормален колосек и може да се придружи секој чиј намери се искрени. Проектот Вистината за Македонија, историскиот протест на 17 мај лани, Кампот на слободата, испратија порака дека не е важна националната, верската различност, припадности по какви било други основи, ако си ја сакаме државата и сакаме подобар живот за сите. Во Македонија мултиетничкото општетство веќе функционира, граѓаните тоа го знаат и драго ми е што гледам дека повеќе не поминуваат лажните националистички политики на раздор и поделби на коалициските партнери Груевски и Ахмети. Стратешки е интересот, Македонија – едно општетство за сите, демократска и економски стабилна земја, членка на ЕУ и НАТО. Секој кој се пронаоѓа во овие цели е добредојден за соработка. Досега нема договорен коалициски настап со политички субјекти, што не значи дека нема да има. Разговорите ги водиме транспарентно, пред очите на јавноста којашто навреме ќе биде информирана.
Да ве вратам наназад, зошто СДСМ не направи предизборна коалиција со Села на претходните локални избори, туку со ВМРО–ДПМНЕ се боревте против Села?
-И во претходните изборни циклуси и сега, за СДСМ клучни се целите кон коишто се стремиме. Република Македонија повеќе од кога било има потреба од сите кои и мислат добро, без разлика на политичка, идеолошка, или друга определеност. Подавам рака до секој добронамерен, да ги надминеме личните, тесно-партиски или други интереси и да си ја спасиме државата. Тоа е наша должност како граѓани на Република Македонија.
Дали Зоран Заев планира да ги собере старите кадри, знаеме дека низ СДСМ се изредиле над 100 министри, дали тие луѓе се со Заев, и се разбира Бранко Црвенковски, вечната тема, ќе застане ли во некој предизборен спот за да го повика членството на сплотеност, единство до победа?
-Контактирам, отворен сум, за сите, членови, симпатизери, поддржувачи на СДСМ, поранешни носители на јавни функции, со кои работиме во интерес на граѓаните и на Република Македонија. Со поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски сме во контакт кога има потреба од тоа и кога времето дозволува. Како што реков, секој е добредојден да помогне во враќањето на слободата и демократијата во Македонија.
За Пржино и околу Пржино, дали со американските пријатели сеуште сте пријатели или шкрипи? Зошто на Катица и дадовте материјал без Записник, зошто се вратија министрите пак во Владата?
-Договорот од Пржино мора да се спроведе и од тоа отстапување нема. Тој Договор е важен за иднината на Македонија, тоа е јасно и за домашната јавност и за пријателите од меѓународната заедница, меѓу кои се и САД и ЕУ коишто многу помагаат во овој процес. Од Договорот од Пржино произлегува клучната обврска за фер и регуларен предизборен и изборен процес, така што сите заложби, на сите 4 партии потписнички и на претстаниците на ЕУ и САД како гарантори на Договорот се во таа насока. Министрите и дополнителните заменици министри од редовите на СДСМ се во предната Влада за да учествуваат во обезбедувањето на гаранциите за фер и демократски избори на коишто ќе одлучи слободната волја на граѓаните, а не волјата на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до предавањето на материјалите од незаконското прислушување од страна на власта, на Специјалното јавно обвинителство, тоа е направено исклучиво по законска процедура. Ништо поразлична не беше практиката на предавање на доказите во Републичкото јавно обвинителство. Така што тие манипулации имало-немало Записник на медиумите под контрола на власта на Груевски се покажа дека биле резултат на стравот и свесноста дека доаѓа момент за соочување со одговрноста за направените злоупотреби.
Дали средбата во Ла Тераца со новинарите беше со бенефит, иако ЗНМ гледаме како да не ве подржува? Мислам на изјавата на Насер Селмани.
-Ние имаме редовни контакти со претставиците на новинарската заедница, со оглед на тоа што се во тек преговори за регулација на медиумите. Ниту сега, нуту во иднина СДСМ нема да договара и да се заложува за решенија коишто ја немаат поддршката на оние за кои се однесуваат. Почитуваме различност на мислења, сакаме да слушнеме предлози, сугестии, ние го поттикнуваме ваквиот начин на комуникација, бидејки само на тој начин се можни квалитетни, ефикасни, ефективни мерки и закони. Со Здружението на новинарите на Македонија имаме коректена, професионална комуникација и се надевам дека така ќе продолжи.
МРТВ, уредници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, дали е тоа признание дека се ставаат партиски војници од двете страни? И дали опозицијата има свои новинарски миленици на кои им сервирате ексклузиви?
-Уредници од СДСМ, уредници од ВМРО-ДПМНЕ е небулозен предлог на ВМРО-ДПМНЕ, што СДСМ ниту го поддржа ниту ќе се согласи со такво нешто. Ете тој предлог на партијата на Груевски покажува како ги уништиле професионалните медиуми и го задушиле објективното известување – за нив се е партија, нема институции. Нашиот предлог за медиумски реформи се совпаѓа со предлогот на меѓународната заедница – по теркот на формирањето независна Државна изборна комисија, експерти на раководните позиции на МРТВ и АВМУ и нивните совети. Груевски и неговите соработници се плашат од експерти, се плашат од луѓе кои држат до своето лично и професионално достоинство и не би дозволиле да им бидат партиски маши за лаги. Од друга страна професионализацијата на МРТВ и на Агенцијата за медиуми ќе значи обврска за професионално известување на медиумите и одговоност за медиумите што сега работат како партиски испостави на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме принципиелно поставени кон сите медиуми и така ќе работиме и во иднина.
Се повикува на единство, како тогаш вашиот претседател на општинската организација Центар, кој е редовно во Ваше друштво, а е водач на навивачка група и финансиер, директор на Паркинзи – Центар, дозволува неговата навивачка група да скандира мртов шиптар – добар шиптар?
-Покажавме на дело и како партија и индивидуално дека сме ослободени од какви било предрасуди околу национални или други различности. Овој пример што го споменувате, ако се случил, за што немам информација, е поединечен случај и не го оправдуваме. Токму во општина Центар, во Кампот на слободата се случи единството на различности, што ја испрати пораката дека и СДСМ како партија и граѓаните сакаат единствена Република Македонија. Оттогаш, во СДСМ се зачленија повеќе илјади граѓани од различни националности, меѓу кои има и Албанци, така што, јас сум убеден дека е јасно за јавноста дека ако некој може да обезбеди успешно граѓанско општетство, стабилна Република Македонија, тоа е опозицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз.
10. Дали е одбран кандидатот за градоначалник за Струмица со оглед на тоа дека Струмица ќе гласа и за градоначалник, оти вие ќе бидете премиер?
-Се се одвива и ќе се одвива според потребните процедури. Нашиот фокус во овој момент е обезбедување фер и регуларен предизборен и изборен процес на којшто последниот збор ќе го има слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија.
11. Дали СДСМ е спремна за избори, внатрепартиски, при тоа мислам на логистика, општински штабови, каков е вашиот заклучок со оглед што сте веќе на терен, вие и членовите на И.О?
-СДСМ веќе работи штабски, формирани се централниот и регионалните изброрни штабови. Како што знаете уште на средината на декември ја донесовме Програмата на СДСМ којашто е програма и од и за граѓаните. Целосно сме подготвени за избори. Ние ги баравме предвремените парламентарни избори. Останува да се реализраат обврските за фер избори. На фер и регуларни избори, СДСМ ќе ги добие честа и одговорноста да ја предводи идната Влада.
12. Дали СДСМ со граѓанскиот сектор игра топло-ладно, бевте заедно, се разделивте, а сега 72 здруженија собираа потписи против Хан?
-И ние како партија и невладиниот сектор сме автономни во својот начин на дејствување. Од самиот почеток, досега, имаме многу плодна, конструктивна соработка поставена исклучително на професионална основа, во интерес на Република Макеоднија. Нема топло-ладно односи, има меѓусебно почитување на улогата што секој ја има и треба да ја има во општественото живеење. Толку се превртени вредностите во општеството, што `се што е нормално изгледа чудно и обратно. Работиме да ги поставиме темелите на општественото живеење на здрави основи каде што секој ќе може да ја извршува својата одговорност во општо добро.
13. Дали пиењето чај во Чаршија е потег што ќе ги собере симпатиите на Албанците, кога знаеме дека кај нив доста се гласа договорно?
-Чајот во Скопската чаршија е задоволство за секој граѓанин кој ги почитува традиционалните вредности. Граѓаните, без разлика на нивната национална или друга определба, ги насочуваат своите симпатии кога ќе препознаат доверба и искреност. Јас сакам да верувам, бидејки искуството ми го покажува тоа, дека повеќе од кога било постои изразена свест дека во оваа земја има само една поделба, на мала група на власт на чело со Груевски и Ахмети и на огромно мнозинство осиромашени граѓани. Над 500.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија. Тоа е официјален податок. Меѓу нив има и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Бошњаци и од помалите етнички заедници. Луѓето се доведени во ситуација да мислат како ќе обезбедат корка леб. На фер и слободни избори, каде нема да бидат принудени да гласаат под уцени, притисоци, групно, тие ќе ја казнат оваа власт што им одзеде 10 години живот.
14. Каков е ставот на СДСМ и вашиот став оклу геј популацијата и дали би прифатиле коалиција со нивните здруженија?
-СДСМ е против дискриминација по каква било основа и тоа е јасно наведено во нашата Програма. Ние вака ги гледаме коалициите: на една страна е криминално-корупциската власт на фамилијата и кумовите, а на друга страна интересите на сите останати граѓани и на Република Македонија.
15. Во партијата на висока позиција имате и еден Албанец, Едмонд Адеми, значи ли тоа дека СДСМ е отворена за сите етнички заедници, при тоа мислам да влезат во раководните структури?
-Околу 10-тина илјади граѓани од различна национална определба се зачленија во СДСМ во последниов период. СДСМ отсекогаш била столбот што обезбедува стабилна Македонија. Ова што сега се случува со зголемениот број зачленувања во СДСМ, на Македонци, Албанци, Турци, Срби… е дополнително богатство за мултиетничка Македонија. Горд сум на овие процеси, горд сум и на Социјалдемократскиот сојуз и на граѓаните на Репбулика Македонија кои не им дозволуваат повеќе на Груевски и на Ахмети да профитираат врз лажен национализам.
1 Дали вашите министри успеаја да заведат ред во министерствата и покрај опструкциите, сепак газат трет месец мандат?
-Ги почнавме процесите на нормализација и тоа е повеќе незапирлив процес. 10 години е инсталиран овој штетен режимски систем на чело со Груевски и неговите соработници и секако дека не може преку ноќ да се смени целосно. Но демонажата на режимот ја почнавме. Во МВР се демонтира МВРО, откривме илјадници незаконски издавани лични карти и печатени возачки дозволи и вработени кои тоа го правеле по налог на врвот на власта на Груевски и Јанкулоска. Во Министертсвото за труд и социјала влеговме во трага на злоупотреби со социјална помош на повеќе илјади граѓани, што им следувала по закон. Во Министерството за финансии спречивме 300 милиони евра задолжувања, што ќе беа товар на идните генерации, а Груевски ќе ги употребеше во предизборни цели и ги разобличуваме и натаму намерите на власта. Во Министерството за земјоделство откривме злоупотреби на субвенции и доделувања земјишта на членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Преку Министертсвото за информатичко општество и администрација спречивме илјадници админисративци да бидат отпуштени од работа или казнети до 30.000 денати поради нелогично оценување воведено од страна на власта на Груевски со цел притисоци и уцени врз службениците. Продолжиме да работиме заедно со граѓаните кои ги препознаа нашите искрени намери и соработуваат. Не постојат опструкции што можат да не спречат.
17. Дали на пратеничките листи ќе одите повторно со анонимни и полуанонимци или ќе се потпрете на проверените, ама доста од нив и истрошени кадри, кои биле повеќе пати во позиција да бидат гласани?
-Ние сега, во соработка со сите постоечки потенцијали во партијата и демократската јавност сме насочени да обезбедиме фер и регуларни избори, бидејки тоа е проритет број еден за сите. Имаме многу квалитетни кадри кои можат и заслужуваат да им биде дадена можност да ги движат демократските процеси и нормализацијата на земјата што следува и во изборот ќе се раководиме од тоа.
1 Дали Зоран Заев е сигурен во победата на опозицијата после евентуално успешните преговори со режимот, дали планирате победа, пата-пата или пораз со мала разлика, која е вашата прогноза?
-На следните фер и регуларни избори ќе победат демократска Македонија и опозицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз.
19. Јанева ја спомена и аферата Надеж којашто е за поранешниот председател Бранко Црвенковски. Дали е тоа за да се покаже дека нема да има селектиност и очекувате ли и криминалите на Љубчо Георгиевски да бидат ставени на тапет?
-Специјалното јавно обвинителство е независна институција којашто е формирана со поддршка од сите 4 партии потписнички, освен СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. Верувам во работата на професионалноста на Обвинителството кое што има историска улога во Република Македонија, да ги извади на површина сите криминали и злодела што им се правени на граѓаните на Македонија и да ги расчисти сите конструкции и манупулации што се правени за политички цели.
Спремен ли е Заев да остане во историјата како човек кој ја спасил Македонија од мафијата, а да не биде премиер, односно да си остане партиски лидер, а премиерската функција да му биде доверена на друга личност?
-Јавноста знае дека пред мене е света и најважна цел, демократска Република Македонија, тоа го покажав во моментот кога го отворив процесот Вистината за Македонија, храбро и одлучно, без какви било задршки или калкулации. На фер и регуларни избори, за што се сум црвсто определен како лидер на СДСМ и опозицијата, ќе одлучи слободната волја на граѓаните на Република Македонија и тој избор е должен секој да го почитува.
Очекувате ли криминалните структури на ВМРО–ДПМНЕ и ДУИ да се обидат да направат насилни протести во државата, во обид да си ја спасат кожата и украдените пари?
-Искуството покажува дека од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ `се може да се очекува, посебно кога се загрозени нивните тесно-партиски или лични интереси. Може да се обидат, но овој пат нема да им помине, тоа не им го порачувам само јас, или СДСМ, или опозицијата, тоа е пораката од единствена Република Македонија којашто застана наспроти Груевски и Ахмети.
На крај, дали верувате дека овој состав и овие судови имаат капацитет правната држава да профункционира?
-Се сеќавате, имаше сомнеж дека се можни предвремени избори, преодна Влада, Специјално јавно обвинителство, `се тоа денес е реалност во Република Македонија. Правната држава во Македонија мора да профункционира и тој процес почна со формирањето на Специјалното јавно обвинителство и прес конференцијата во петокот. Секој кој постапува или работи противзаконски ќе ја понесе својата одговорност, независно дали е политичар, функционер, судија или кој и што и да е. Промените во Македонија се почнати. Свесното кочење на демократизацијата на процесите носи ризик да се биде соучесник во злоделата на бандитската власт на Никола Груевски, на којашто и е дојден крајот.

Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Harizmatichnosta e edno ,no ovoj chovek pred se ima hrabrost za da vleze vo duel so ovaa vlast ....i jas se nadevam konechno ke si dojde se na svoe mesto ...demokratijata ke se vrati ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16570
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Како тоа СДСМ ќе победи на избори кога не сака избори. А сака да остане во власта. Се извинувам што морам тоа да го напишам, но не ли треба човек да биде многу будала па да мисли дека некој диктатор би дозволил друг да постави прв човек на полицијата, тој да ги смени началниците на општинските полиции и еден од нив без налог да уапси наводен човек на диктаторот, Едмонд Темелко. И да не биде ликвидиран веднаш. Ташко ми е да замислам дека Хитлер би поставил некој партизан за раководител со полицијата или Тито некој четник или усташ. За жал во Македонија имаме подолго време злоупотреба на демократијата од страна на опозицијата. Па веќе сме во опасност од диктатура.
Има други диктатори. Тие што го подржуваат СДСМ. Што пред две години како демократија ни продаваа слобода на клеветењето од новинарите, а сега се обидуваат да ни наметнат цензура од соросоидите. Смешно е партија што го има мнозинството во ДИК и раководи со полицијата да тврди дека нема услови за фер и демократски избори и дека истите не можат да се воспостават за два месеца. А се работи за гола борба за власт иако не е добиена доверба од народот. Затоа што во СДСМ знаат дека по следните избори повторно ќе бидат опозиција. Ќе паднат во вода и лагите за лажирање на изборите.
Заев во интервјуто заборави да каже дека има уште еден Албанец во партијата. Директорот на фабриката за афери - Чаушот.

Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Трендо што е бе? Те натерале да работиш прекувремено. Нема фајде, отиде пастирот а и дпмне-овците со него. Туку навистина, да не си ти од уапсените за изборен криминал?
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Гледам дека вас ве тераат да работие нон стоп, па решив малку да ви се придружам и јас. Да не ви врти мелницата во празно.
Еве ви и една колумна. Линк
Еве ви и една колумна. Линк
viktor_grozdanov1
Почитуван господине посредник или медијатор во преговорите помеѓу најголемите политички партии за регулација на медиумите во Република Македонија, би сакал да Ви се обратам лично поради Вашата изјава која ја презедов од медиум кој има силни симпатии кон опозициските политички партии.
Цитирам:
Не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што вие имате различен правен систем, друг устав, друг менталитет. Вашите медиуми не може да се споредуваат со медиумите во другите земји. Затоа ве молам обидете се да го искористите она што го имате и да го подобрите тоа – изјави Питер Ван Хауте вечерва во Скопје.
Неможам да се изначудам дали оваа изјава сте ја дале при здрава свест и под целосна морална и етичка одговорност и дали разбирате каква улога Ви е доделена? Поради тоа сум приморан да Ви поставам дузина прашања за кои најверојатно и немате одговор, бидејки очигледно немате основни познавања во која држава сте дошле.
Дали знате кога е отворена Телевизија Скопје и каде го има извршено првиот директен телевизиски пренос? Дали знаете дека во тоа време Турција и Бугарија немаат државни телевизии? Дали знате дека причината за организирање на Евровизискиот спектакл е за промоција на телевизиите, а не на пејачите? Дали го познавате Љубомир Јакимовски (обично вработените го викаа Пиноче во позитивна конотација) и која е неговата улога во супер и хипер продукциски смисол и које е неговата улога со првиот Закон за Радиодифузија, кога све било анархично и хаотично? Знате кој бил Димитар Бузлевски и дека е член на СДСМ кога е донесен првиот легитимен закон? Дали знаете дека кога Љубчо Георгиевски од митинг во Прилеп најавува дека нема да се плаќа радиодифузна такса, дека СДСМ таквиот предизборен потег го најавува како злостортсво врз МРТВ? Дали знаете дека големиот евроинтегративец Радмила Шеќеринска од населбата Бутел, во Скопје, оваа година најавува дека истата СДСМ, на која е член од раните деведесети, ќе ја укине радиодифузната такса како патриотски чин? Дали знаете дека во анализите за трансформација на јавните радиодифузни сервиси стриктно пишува дека не смеат да се финансираат истите од Буџет, туку од радиодифузна такса, буџетски дотации (не донации) и маркетинг? За да знаете со каков евроинтегративец имате работа слободно можете да прашате дали личноста што многу обича да патува во држави кои завршуаат на стан за азиските проблеми да ги решава, кој е главен град на Азискиот Центар и каков вид на популација живее таму? Дали сте чуле дека потписници на Законот за радиодифузија од 19 Ноември 2005 година се Бранко Црвенковски, Претседател на Република Македонија, д-р Владо Бучковски, Претседател на Владата на Република Македонија, и Љупчо Јордановски, Претседател на Собранието на Република Македонија, и дека сите тројца се од СДСМ, а воедно законот беше оценет со највисоки оцени од Европа и дека истиот е донесен по Рамковен договор? А, знаете кој изврши експертиза на законот? А, дали некогаш сте разбрале како Љупчо Манчевски и Гордана Стошиќ законски ги спасуваа претпријатијата во кои директоруваа и како големиот Финансиски експерт Никола Поповски министер за финансии од СДСМ не им префрли ни денар и ги остави на цедило?
Заклучок само за Вас.
Кога доаѓате да се претставите како голем медијатор и да земате големи дневници од европските даночници мора прво да имате сериозни познавања за државата каде доаѓате и за нејзиниот развој посебно во сегмент кој не е ни најмалку совршен, ама ни катастрофален како што сакате Вие лично да не претставите. Вие не сте Роберт Поповски, кој има легитимно право да критикува дека сме во вонредна состојба од позиција на Директор на центарот за комуникации на СДСМ. Вие директно не навредувате нас сите колективно дека немаме елементарни познавања од медиумската регулатива, за разлика од Вас кој очигледно сте елементарно неписмен за медиуми.
Затоа почитуван, иако нашиот министер за надворешни работи не Ве испрати во неповрат, најверојатно од џентламенство во дипломатските односи, сами треба да си ги спакувате куферите во еден правец. Дома.
За разлика од Вас, господине елементарно неписмен, во и не така далечните 2004 и 2005 годинаa господинот Карел Јакуповиц, роден во Полска, изврши експертиза на предлог законот за радиодифузија во два наврати и имаше три круцијални забелешки. Ќе ви ги нотирам:
1.Преносот на сигналот на јавниот радиодифузен сервис (МРТВ) да го пренесува јавна комуникациска мрежа по пат на конкурс. Ние, по човечка и исклучиво патриотска молба на Љупчо Манчевски и Гордана Стошиќ, ја впишавме Македонска Радиодифузија за да спасиме 200 вработени.
2.ТВ канали кои се некогаш регистрирани во една држава, неможат да бидат предмет на лиценцирање во друга држава. Откако му цитиравме на Јакуповиц членови од законот во Република Полска едноставно се сложи дека не смее ниту еден странски канал да ги нарушува авторските права и уставниот поредок во Република Македонија
3.Е третово ако платите дел од дневниците можеби тогаш и ќе ви ги пренесам знаењата. До тогаш вашата благонадежна преведувачка, која најверојатно е среќна што ја има на камери, ќе може да ви го преведе зборот ИНАЕТ на англиски јазик, или било кој друг.
Само да имате на ум, Карел Јакуповиц се повлече додека беше во рамки на џентламенството, а директорот на Асоцијацијата на Комерцијални телевизии во Европа, лично им честиташе на Зоран Петров, Роберто Беличанец, Дарко Перушевски и мене Виктор Грозданов за добро изработената европска агенда. Добро да размислите дали рзбирате што е облигација и облигаторна рекомендација во медиумите, според европски правила.
А, за да можете да не’ разберете нас и нашиот темпаремент, луѓето кои живеат на просторите од Љубљана до Атина и од Тирана до Варна и Констанца. Силно Ви препорачувам да го запамтите следниов цитат од еден екстремен националистички лидер, за кој сеуште не се знае правниот однос на обвинението, а кој многу не не’ сака нас граѓаните на Република Македонија, меѓутоа неговите ораторски способности некогаш воодушевуваат и се вика др. Воислав Шешељ.
Цитирам од судење во хашкиот трибунал:
„Можете само да ми попушите к**** и да појдете сва г****, која сте изасрали, ј**** вам ….. итн.“
Личен став на ВИКТОР ГРОЗДАНОВ
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
трендафил напиша:Гледам дека вас ве тераат да работие нон стоп, па решив малку да ви се придружам и јас. Да не ви врти мелницата во празно.
Pa kaj si bre Trendafile vo meana togash??? Shto ne dojdesh da se druzhime??? Ili ti plakjaat samo za postovi na politichki temi???
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Зошто на чадорот му требаат Јанева, Фетаи и Ристоска
Минатиот петок присуствувавме на навистина редок историски настан кој сигурно ќе стане специјална енциклопедиска одредница. Нема речиси нешто што не сме го одживеале, па сепак Kатица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи ни приредија таква аудио-визуелна гротеска која до најситен детаљ го исцрта портретот на заштитниот чадор, големиот креатор на македонската криза, инспираторот на пучот, ама и неговите цели сврзани со Македонија. Преку настапот на ударната тројка на СЈО пред камерите ја видовме американската преференција за квалитет, нејзините стандарди и критериуми во изборот на корисни идиоти како локални подизведувачи за потребите на нивните „стратешки“ проекти и англосаксонската „шармантна“ склоност кон цинизам на туѓа сметка. По оваа турбопровинцијална фото сесија на три нафракани фрајли кои се самодоживуваат како чарлиеви ангели и безрезервната поддршка што јавно им ја даде амбасадорт Чарли, имаме да кажеме следно:
Евро-атлантската „скупина“ изврши револуционерен преврат во македонското судство. Воведе антиквизација преку замена на парадигмата. Јустинијан и Јустиција се заменети со митски суштества од божествениот поредок на Хомеровата Ахаја. Kатица Јанева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи се ахајските МОИРИ кои ја исцртуваат, мерат и сечат судбината на секој човек од денот кога ќе биде зачнат до неговата смрт. Според митот, Kлота е онаа што со вретеното ја ткае преѓата на животот, Хезис го држи метрото за да му ја измери должината, а Атропа со ножици го сече конецот на животот таму каде што мисли дека треба. Оваа верзија на правда по директива на Зевс е фантастичен опис за политичката филозофија на која почива американската империјална посебност, односно, англосаксонска забеганост. Историчноста на моментот е во тоа што од 12 февруари, наместо римската божица на правдата Јустиција, пред македонските судски институции треба да се истопорат ТРИТЕ МОИРИ со своите алатки за делење правда. Поимот правда како ултрамодерен и некомпатибилен со антиквизацискиот тренд итно мора да се замени со судбина која ја предат, плетат и кројат специјалниве женски кои се избор на специјалните служби кои вршат строга селекција. На нивниот јавен настап видовме и врз кои стандарди и критериуми. Главната не умее да изговори самостојно ни проста реченица „Перо јаде грав“. Првата и’ помошничка, Ристовска, му доаѓа нешто како аѓутант или лична послуга со задача да ја контролира шефицата да не излета од шини така што ќе го фокусира визуелното внимание на публиката врз себе. А Фетаи? Таа очигледно има големи проблеми со себе и сопствените пориви кои буквално плискаат од говорот на телото, мимиката, а сосема сигурно имаат длабок корен во семејното и наследство. Kолку што гледаме целиот состав на таканареченото специјално обвинителство е првокласен доказ на оној фамозен извештај на Прибе за квалитетот на македонското судство. Запоседнато е и функционира како семејно гранапче. Ако некој се прашува како Kатица воопшто станала судијка па обвинителка, одговорот е јасен: фамилии, сродства, кумства, трговија и размена – сè е присутно во овој ад хок-проект измислен во Пржино преку кој во Македонија се враќа тоталитаризмот на еднопартискиот систем. Станува збор за реставрација на партискиот суд организиран на принципот на мојрите: сами ткаат, сами мерат и сами сечат партиска (читај божја) правда. Македонија проба да ја прекине оваа игранка неколку пати, но не успеа заради отпорите на „судско-обвинителската заедница“ и соросовите бели шлемови. Таа, да не заборавиме беше возобновена со генрален реизбор на над 600 судии во еднопартискиот парламент на СДСМ во 1996 година. Kога веќе се зборува за злосторнички здружувања и организиран криминал, идната народна влада ќе треба темелно да го исчисти овој криминално приватизиран простор. Преку евалуација на стручноста, проверка на материјалната состојба, но и психофизичките особености на оние кои наместо да делат правда, кројат судбини.
Идејата во Македонија да се формира копија на Хашкиот трибунал со зададени теми, не е баш оригинална идеја зад која се гледа ракописот на специјалецот Филип Рикер кој е ученик на Медлин Олбрајт. А нејзината верзија за блицкриг партиска правда е казната со која им се закани на жените во САД: „Жените кои нема да бидат солидарни со Хилари Kлинтон и нема да гласаат за неа, заслужуваат да одат во пеколот“. Очигледно и таму како и во СДСМ жените не ги делат по пол. Формирањето на ад хок политички судови како Хашкиот во историска смисла се покажаа фалични и контрапродуктивни за правото и компромитирачки за политиките. Очигледно лекциите од Нирнбершкиот процес не се научени. Преку Хашкиот трибунал состојбите ексалираа до тоа ниво што личности со сериозно правничко педигре како Kарла дел Понте речиси целосно ја загубија професионалната кредибилност. А на случајот на Воислав Шешељ падна сиот политички конструкт кој беше измислен за да се сокрие фактот за незаконското криминалното бомбардирање на СР Југославија од страна на НАТО. Хашкиот трибунал преку политичките директиви до обвинителите и судиите ги забошоти сите реални случаи на злостори против човештвото извршени од УЧK. Вклучително и оние во Македонија. И тоа е историја која очигледно не ја разбира Kатица Јанева. Таа не праша дали не ни е срам од извештајот на Прибе. Kутрата, таа навистина не разбрала дека и самата, и заедно со нејзиниот тим, е суштински дел од извештајот, што се покажа од моментот кога почна да работи, па сè до оваа прес-конференција полна со бури и ветришта на три дилетантки упаднати во правото.
На крајот најважното: Kој е интересот на чадорот да се возобнови праксата на партиски судења и така да се обнови сеќавањето на времето кога со пријава од комшија и врз основа на озборувања среде ноќ се апсеа луѓе, се судеа и осудуваа за збор и мисла? Интересот на партијата со која раководи Зоран Заев, повеќе е од јасен. Раководната група има уверување дека Македонија е партиска творба врз која таа и нивните поддржувачи имаат тапија на сопственост. Оттаму веруваат дека тие имаат ексклузивно право на владеење. Што е идентификациски код, односно еквивалент на американската специјалност. Интересот на чадорот е конкретен: СЈО и неговите дејства да биде повод за граѓанска војна во Македонија оти сè друго што е пробано, не успеа.
Пишува: Мирка Велиновска за Дневник
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Mislev deka nema podolu od toa da se povikuvash na kozarot...No ti Trendafile me demantirashe...Nema da bidam iznenaden ako seushte ne si go dostignal dnoto...I me iznenadish povtorno...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Jas pak mislev ovoj trendofakis go plakjaat od post! Toj da ti bide platen na metar!!!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Не сум дел од соросоидите како вас па да ме плаќаат. Еве уште една колумна.
КОЛУМНА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Веш машинаОпааа! Слушаме добро, или? МВР му поднесе кривична пријава на Бобо Дајнерс. Поточна локација, сопруг на Радмила Шеќеринска. Дали е ова расчистување со криминалците во сопствените редови од страна на СДСМ? Внатрепартиска пресметка, или ова се делови од МВРО кои што техничкиот министер сеуште не ги ставил под контрола?
По се изгледа дека не е ниту едното ниту другото, туку криминалот е евидентен и очигледен, видлив дури и од сателит.
Очигледно е, дека Бобо на Рада, преку кирии за сопствени станови исплаќал на себе си и на мајка си, дел од плата, и со тоа правел кривично дело перење на пари, прикривање на даноци и придонеси. За овие 300.000 евра кои вкупно ги земал, тој платил само персонален данок, но не и придонеси за пензиско и инвалидско, придонес за здравствено осигурување, и придонес за осигурување во случај на невработеност.
За ова зборував пред три години, и за таквото мое тврдење Бобо ми поднесе кривична пријава за клевета и навреда, и дури бараше и оштета.
По принципот на онаа народната „и рекол некој на мечката дека црн и бил задникот, а таа се навредила и почнала да урла на сите страни“ е така на другарот Бобо му кажав дека сите нас пробува да не направи будали, а тој мене на суд. И не само тоа, туку тој дури и побрзал кај невропсихијатарот Тони Новотни да добие уверение „штанцано“ на гештетнер, во кое тој дијагностицирал дека човекот многу пател, имал душевна болка, многу бил навреден од моите зборови, небаре полудел.
Епа кој не би побудалел…да земаш 5.700 евра за стан во Скопје, и 860 евра за стан од 50 квадрати во Охрид, и тоа секој месец, и наеднаш да те фатат жив, и овие „евриќи“ да ти секнат….
Кој не би паднал во севдах, и кој не би одел на психиатар.
Интересно беше што на судењето, големиот „господин“ не се појавуваше, туку праќаше правни застапници, па дури и последниот пат неговата правна застапничка не извести, дека од секретарката дознала дека „господинот“ Бобо е на пат надвор од земјата. Замислете, имал и секретарка. А, кутрата застапничка сакаше да не фасцинира во судот.
Јас постојано тврдев, дека не значи дека ако не си осудуван, не си притваран, дека не си перел пари. И, еве ја кривичната пријава од МВР до Обвинителството. Но, не ми е јасно, зошто не се бара притвор. Ако за кутриот Едмонд Темелко, онака болен и искривен се плашиме дека може да ни избега, незнам зошто „господинот“ Бобо здрав и прав не би можел да ни побегне.
Е сега, повторно ке ве потсетам на мојата претходна колумна, кога смешната Шеќеринска им велеше на граѓаните на Радовиш дека не се живее со 8.000 денари плата, и сега ќе повторам.
Да Радо, не се живее со 8.000 денари, но ти Радо кажи им како се живее со 5.700 евра од станот во Скопје и 860 евра од станчето во Охрид.
Чудна е оваа предизборна кампања каде што ситиот го разбира гладниот. Но не можам да сватам, како ситиот не разбира зошто рејтингот му е на помалку од половина од владеачката партија.
Одговорот е едноставен:
Народот ја препознава лагата и дволичноста, неискреноста. И на тие им вели, вас местото ви е во опозиција. Изборите не ги добиваат фолиранти. Едниот го видовме на снимка во Струмица, како Ал Пачино во „Кум“, со цигара во уста, тресе пепел во пепелникот во канцеларијата на градоначалникот, и вели „парите однесете ги кај Вицето“, а другата нелегално секој месец со својот „лепотан“ преку нивната веш машина си переле по 6.500 евра.
Добар двоец, нема што, ама без кормилар.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Trendo ako ne te citam tebe neznaci deka moras za zamena da ni citirash traversiti i dvocevki! Ako ne se pocituvate samite sebe ne znaci deka vo drzavava nema lugje so dostoinstvo.
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Еве ти уште една колумна. Патем очекував дека ќе нападнеш нешто од колумните, а не тие што ги напишале. Обично по форуми таков е обичајот. Еве ти една друга колумна, Од градоначалникот на општина Карпош.
Колумна на Стевчо Јакимовски: За јунаците и гробовите
Колку го сакам Његошевиот „Горски венец“. Посебно оној дел во него кајшто се вели „Сви јунаци ником поникоше и у црну земљу погледаше“! Или како што вели Владиката Данило: „Не бојим се вражијега кота, нека га је ко на гори листа“. Ние од ГРОМ не му се плашиме на СДСМ!
На ТВ Нова на дебата пред 10-тина дена на нашиот млад извршен секретар и заменик министер Љупчо Пренџов му го пратија Еско Рахиќ. Објективно гледано господинот Пренџов стручно и аргументирани го „скоцка за сите пари“. Три дена потоа генералниот секретар Виктор Цветковски беше повикан повторно на тв дебата со Сафет Бишевац, Насер Зибери и госпоѓата Џонс, од новата партија Левица. Искрено кажано, сите тројца антивладино расположени. Што бирекле три на еден и повторно не им избегавме. Со бели ракавици успеавме да ги нокаутираме и овој пат.
Вечерва, повторно бев повикан на дебата и тоа малку поширока, со господинот Петар Шилегов висок функционер на СДСМ и пратеник во Собранието, Павле Трајанов лидер на Демократскиот сојуз и господинот Бујар Османи член на високото раководство на ДУИ. Бев побаран за присуство во 17.30 часот и веднаш прифатив… Реков ова ќе биде добра дебата, со квалификувани соговорници, а посебно ми се бендиса најавеното присуство на Шилежето. Еве шанса да ги порасчистиме политичките ставови за жалби по основ на тендери, за мојот, но и неговиот анкетен лист кој е поголем од „Војна и Мир“, за неговото претседателствување со Второстепената владина комисија за жалби по тендери, да прочистиме кој бил криминалец во Карпош, кој имал станови во секоја зграда и кој „пасел овци по Бачила со Иснифари“ итн. Згора на тоа, и тој живее во Карпош, поточно во Тафталиџе 1 каде „чесните СДСМ-овци се вознемирени од урбаната мафија“. Само уште точно да утврдиме кој е мафијата. Дали оној што како Ал Пачино со цигарата во уста, во филмот „КУМ“ вели: „Носете ги парите кај Вицето“, или онаа рентиерката што сама себе си издава станови и месечно зема по 6.500 евра, или пак оној што има повеќе од 200.000 евра во слики, злато и скапоцени камења, околу 200 илјади евра кеш, куп станови и куќи, а месечен приход од едвај 50.000 денари. Колку што јас се разбирам оној што има малку приходи а прикажува големо богатство или е коцкар или краде. Трето нема.Ова ли е средната класа која не ја вадат од уста, или станува збор за класични феудалци. Кога ли заработија толку многу?!
Па ајде пред очите на јавноста, на неутрална телевизија, во фер дебата да си ги „удриме роговите“ па народот нека цени. Па нели тие беа најголеми заговорници за дебати, а власта бегаше од нив? Јуначињата за само 15 минути откако дознале дека јас ќе им бидам соговорник, еден по еден испаруваа. Кој болен, кој со дијареа, кој одеднаш фатил грип. Или пак еден се уплашил да не падне во сенка од дебатата, другиот да не му кажам нешто што нема да му се бендиса ниту нему, уште помалку на граѓаните, па да си оди накај дома шепотејќи под нос.
Шилежето поучен од тоа како пројдоа Тито Петковски и нивните две новинарчиња на интервјуто на 24 вести, си го свитка опавчето. Супер и фала му. Ми се даде шанса еден час да си ги кажам нашите политички ставови и би ги замолил и нареден пат, кога ќе чујат дека доаѓам на дебата, да се повлечат да добијам поголема минутажа.
Дебати бараа- од дебати бегаат! Избори бараат – од избори бегаат. Знаат ли што сакаат? И после ќе се чудат зашто рејтингот им бил двојно и повеќе помал од владејачката коалиција. Епа политиката не е за кукавици, туку за фајтери. Некогаш ќе изедеш „ќотек“ , се разбира политички, некогаш можеш да извлечеш реми, а некогаши ќе добиеш некој политички дуел. Тоа е политиката. Таму бијат и молњи и громови. Ама СДСМ-овчињата сакаат да дебатираат по принципот, што би рекле Албанците: „џаш ми џаш и судија наш“ (шест на шест и судијата наш). Односно, да си издебатираат тие заедно со некој т.н. експерт, со нивно новинарче, на нивната „телмица“. Инцест ќе направат! Па измешајте се малку, не е здраво тоа! Вечерва за тоа имавте прекрасна шанса. На дебати ве нема, меѓу народ, исто така, ниту политичка ниту економска понуда имате, а богами ни визија за државата. И после трчајте во Брисел, плачете и чекајте на власт да ве донесат Бејли и Орав.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Pogledni licemeru od kogo toa si postiral kolumna...Chitaj shto ste zboruvale...A sega mu se pikash vo shupak...E Trendafile, Trendafile, nemam zborovi...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Во ситуација кога странски амбасадори се обидуваат да се однесуваат како окупатори, па место ние преку пратениците во Собранието да одлучуваме за избори, некои домашни предавници очекуваат да одлучат тие, сите што се за слобода се здружуваат. Се забораваат евентуални кавги од минатото. Во моментов е важно да се избориме за слобода. Во ситуација кога прв полицаец е соработник со странците тоа и не е така лесна работа, но никој не успеал да победи некој народ. Во моментов за среќа тука е и Русија. која сигурно нема да дозволи некои земји да си поигруваат со нас како што направија во Србија (Косово), во Украина, Ирак, Авганистан, Сирија, Либија, Виетнам... Како што стојат работите тешко е дека во САД на изборите ќе победи Хилари Клинтон, па идниот претседател на САД нема да биде пријател на СДСМ.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 12 of 42 • 1 ... 7 ... 11, 12, 13 ... 27 ... 42
Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 12 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|