Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 27 of 42
Страна 27 of 42 • 1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 34 ... 42
Re: Интервјуа и колумни
Iskomleksiranoto partisko vojniche bi sakalo da bide i Ace gejot i Delchev vojvodata shto zaedno ne odi. Sepak mislam deka krajnata namera e shto podlaboko upikuvanje vo shupakot na Zhmicko. Posebna glupost e tvrdenjeto deka "Географска Македонија, како држава која припаѓа на еден народ како и да го нарекувате" zatoa shto duri i vo vremeto na Aceta na teritorijata na Makedonija zhiveele i drugi narodi. Ushte eden dokaz povekje za glupokjata na grujovistichkite-predavnichki poltroni i argument povekje za neprijatelite deka im ja krademe istorijata i teritorijata.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
Статистиката кажувала и кажува дека во Македонија мнозинство се Македонците, а според бројките има и малцинства кај нас со измислено име немнозинство. Никогаш не сум го оспорувал тоа. Исто така имаме и сега и порано луѓе што имаат два родитела од различно потекло, а да се чувствуваат како Македонци, што е нивно индивидуално човеково право. Секој што на било кој начин тоа ќе го оспорува ги крши нивните човекови права. СО тоа што се обидуваш да ми наметнеш дека не можам во исто време да се индентификувам и со античките Македонци и со Македонците што после нив живееле на македонската земја ги кршиш моите човекови права.
Сега еве една колумна од млад автор:
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ЧЕКА НАЈТЕШКАТА БОРБА: Борбата со самиот себе!
Во својата претходна колумна елаборирав дека македонскиот народ пати од синдром на самоуништување, па така јасно е дека не чека најтешката борба, борбата со самите себе. Одговорот за тоа како еден народ со вековен континуитет низ историјата се стекна со поривот за самоуништување е едноставен, преку процес на откажување од историјата се откажавме и од својата иднина. Си дозволивме да стане дрво без корен, плод без семка оставен на милост и немилост на единственото нешто кое никогаш не запира, времето.Сите сме подеднакво виновни и невини, наивни и лицемерени, неискрени пред самите себе си неможејќи да го признаеме својот удел во настаните кои ја доведедоа државата до ситуацијата во која што се наоѓаме сега.
Многу често кога некој ми говори за тоа колку е лошо во мојата Македонија, бидејќи за жал најчесто моите врсници не сакаат да имаат ништо со неа јас им поставувам едно едноставно прашање. Дали некогаш сте фатиле ,,врски’’ за било што во вашиот живот? Најчесто го добивам одговорот , ако не и речиси секогаш ,, да, ама’’ …. Клучниот дел е, ама знаеш сите го прават тоа.
Епа баш поради тоа што сите го прават тоа и јас и вие и тој до вас и тој што го сакате и тој што го мразите и наши и ваши, и нивни и сечии, поради тоа што сите го прават тоа, токму поради тоа живееме во држава во каква што живееме. Наша, а впрочем ничива, сираче кое никој не го сака.
Повторно користејќи историска аналогија ќе споменам нешто кое што исто многу често го говорам, нешто кое е резултат на нашата историја, како резултат на 500 години турско ропство. Македонскиот народ се уште мисли дека плаќа арач на Отоманската империја, а не дека инвестира во сопствената држава, во иднината на своите деца. Оние пак кој го прибираат арачот се однесуваат како бегови кои гледаат начин како со собраните алтани да си приуштат што е можно повеќе удобства, притоа заборавајќи дека не сме во 17 век, 500 годишното турско ропство заврши пред повеќе од 100 години, но по се изгледа недоволен период за да се променат некои навики.
Но да не се враќаме толку далеку да се вратиме пред само 40-тина, 50-тина годни во времето на Југославија, кога партиската легитимација желесни завеси отварала, била патна исправа за во рајот или по ново ,,животот“. Едната партиска книшка по 90-тите за жал сме ја замениле со две, три или четири нови. Во овие моменти ја живееме максимата на филозофот од Шутка која вели дека книшката од владеачката партија е и лична и здравствена и каква си уште не легитимација.
Транзицијата од Југословенскиот систем во новата македонска држава, држава на сите граѓани кои живеат тука никогаш не се спровела до крај. УДБА и понатаму не слуша и следи, и мене и тебе и Македонци и Албанци, партиската книшка повторно е предуслов за успех, а државата и натаму наместо да ги учи граѓаните да ловат риба, ги рани директно во устата со цел да го улови кленот кој попусто амка.
Друг проблем со кој македонскиот народ веќе подолг период се соочува е импотентноста кога станува збор за борбата за своите правдини. Иако овие зборови се длабоко инкорпорирани во нашата свест како дел од македонската химна, на дело тоа не може да биде подалеку од вистината. Народ кој преживува веќе 28 години капитуалција по капитуалација сервирана од неговите политички елити, а притоа не застанува во одбрана на своите правдини може да се нарече само како импотентен.
Но за жал знаете што е најчестиот одговор? Ние сме добар народ, ние сме свесни повеќе од другите, не сакаме конфликти поради тоа така се однесуваме. Епа еве накратко со неколку збора ќе ви кажам дека не сме добар народ, ќе ви ја сервирам суровата вистина. Добар народ, не е оној кој што не може да направи лошо, добар народ е оној кој може да направи лошо, е спремен за акција во секое време, но бира да не го направи тоа, се друго е импотенција.
И повторно ќе ве потсетам на историски случувања, на неуспешни востанија кои придонеле за ваквиот страв од акција на Македонецот. Не одете подалеку потсетете се на Илинденското востание, потсетете се на Карпошовот востание. Овие порази и човечки трагедии, придонеле денес да има повеќе коментари на Фејсбук отколку луѓе на улица во моментите кога се менуваше македонското име или што и да е друго на штета на обичниот граѓанин. Знаете, наведната глава сабја не сече.
Ако мислите дека сум тука да ни дадам оправдување за фактичката ситуација многу се лажете. Првиот чекор за решавање на еден проблем каков и да е негова идентификација, а потоа пронаоѓање на изворот на проблемот. Изворот на нашите проблеми е историјата, поточно нејзината забрана со што неприродно е прекинат еден процес на созревање како нација и учењето на поуките од 2200-те години грешни потези на македонскиот народ. Како резултат на тоа, македонскиот народ никогаш не осозрева и покрај огромните маки страдања, туку го манифестира синдромот на самоуништување.
Токму во проблемот лежи и решението. Учете ја историјата за да не ви се повтори, учете ги вашите деца, внуци, пријатели и роднини за Филип, за Александар, Лидија од Македонија, Кирил и Методиј, Цар Самоил, Делчев, Ченто. Учете ги за вистинската историја на македонскиот народ, а не онаа ,,пријателската’’ која власта се обидува да ја наметне. Осознајте што правеле вашите предци, каде тие згрешиле кои одлуки биле исправни за да можете нешто да научите. Учете историја за да можете да се победите самите себе си, анализирајте го минатото за да ја извојувате најголемата победа која можете да ја имате во животот, победата над самите себе си, победата над вашата судбина.
Пишува: Милош Милошевски

_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Дечково забегал скроз, ме чуди што во лудилото не спомнал дека македонците се создадени десетиот ден од стварањето на светот.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Интервјуа и колумни
Повторно се враќаме на тоа дека не се сите Евреи ако сметаат дека потекнуваат од Адам и Ева, ниту мајмуни ако ја прифаќаат Дарвиновата теорија (да повторам - теорија). Ако може Македонци да бидат Грците што пред еден век се доселиле на територијата на Македонија и да не ни даваат на нас да бидеме Македонци иако во најлоша варијанта ние сме најмалку 14 пати подолго на оваа територија, не гледам зошто се прави светки проблем од тоа. Се разбира ако идејата не е да бидеме понижени до бескрај со брутално кршење на човековите права. Овде не мислам на Македонците заевисти, туку на тие другите како мене. Не одрекувам дека индивидуално право на секој, па и на Грците е да се сметаат за Македонци. Проблемот е што сакаат да ми забранат на мене и на другите како мене да се сметаме Македонци со се што се случило на територијата на Македонија не од десеттиот туку од нултиот ден од постанокот на светот. Ќе поставам едноставно прашање. Ако Грците се Македонци зошто во својата земја зборуваат грчки, а не македонски јазик.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Ti nikako da razberesh, nikoj ne saka da te ponizhuva ili da ti zabranuva bilo shto, svetot e podelen, nie spagjame vo odredena nechija sfera na vlijanie i morame da vlezeme vo nivnite organizacii sakale ili ne. Ne navleguvam vo toa deka istorijata e kup lagi so koi sme se soglasile. (Napoleon Bonaparta)
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
Ти изгледа мислиш дека илинденците на Мечкин Камен се бореле затоа што мислеле дека ќе ја победат Отоманската војска. Ако се однесувале како Заев не ќе беа дел од нашата историја, ниту Бугарите ќе се обидуваа да ја украдат нивната борба како дел од нивната историја. Како тебе мислеле многумина пред Втората светска војна кога нивните држави влегувале во т.н. Троен Пакт. Многу брзо увиделе дека грешат. Се согласувам со тебе дека сме окупирана земја, ако тоа сакаш да го кажеш. Мислам дека окупацијата е непотребна затоа што наместо да ги излечат умоболните во сопствените редови сакаат лудилото да го префрлат врз нас. Не мислам да полудам доброволно.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Vo 21 vek opcijata borba do smrt ne postoi, metodite i tehnikite se daleku ponaprednni i osven ako ne mislish deka makedoncite treba da izvrshat kolektivno harikiri (shto bi bila najgolema glupost) treba da se soobrazish so realnosta.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
трендафил напиша:Ти изгледа мислиш дека илинденците на Мечкин Камен се бореле затоа што мислеле дека ќе ја победат Отоманската војска. Ако се однесувале како Заев не ќе беа дел од нашата историја, ниту Бугарите ќе се обидуваа да ја украдат нивната борба како дел од нивната историја. Како тебе мислеле многумина пред Втората светска војна кога нивните држави влегувале во т.н. Троен Пакт. Многу брзо увиделе дека грешат. Се согласувам со тебе дека сме окупирана земја, ако тоа сакаш да го кажеш. Мислам дека окупацијата е непотребна затоа што наместо да ги излечат умоболните во сопствените редови сакаат лудилото да го префрлат врз нас. Не мислам да полудам доброволно.
Вие дпмне-офците навистина не сте нормални нели, лудакот што ја напишал колумната е само за жолто комбе и специјализирана установа, таму ги сместуваат тие што се идентификуваат со историски и библиски личности од пред повеќе од 2000 години. Врска нема денешниот македонски народ ниту со Аце, ниту со антиката уште помалку пак со првите христијани. Лудилото ви нема граница.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Интервјуа и колумни
И сите Спировци од Македонија да завршат во Шутка, нема спас за Заев!
Значи имаме двајца во притвор. И некоја банда сака да ги убие. Ама ништо страшно. За да не мрчиме многу, едниот си оди дома, другиот демек го сместиле во хашките соби. И се е во ред, нели.
Директорот ќе си дал оставка, ама вработените го штителе. Тие што треба да ги штитат притворените, го штитат директорот кој го овозможил тепањето. И така и волкот сит и овците на број. Барем така си мислат.
Рускоска и Јовевски излегуваат на прес конференција и им лепат устичките додека зборуваат. Им се тресат. Ете им го Крсто како става дополнителни килограми сало на стомакот со тендери од Заев, додека они после речиси две години апсат луѓе затоа што некој од веќе притворените кажал збор-два. После една година држење во Шутка, демек пропеал човекот. А не дека не знаат, знаат, и Рускоска и Јовевски, оние кои не смеат да бекнат за причините кои доведоа до влегување во Собранието, кои не смеат да бекнат за изборот на Талат, за улогата на Ферид Мухиќ, за Горан Мисоски кој уште изигрува жртва со синчето, ама се прават на удрени, дека обвинет може и да лаже. Сведок – не, ама обвинет – да. За да се спаси. И потоа бараат притвор за Јанакиески и Ристовски, а некој си судија тоа го спроведува, иако досега, од „27 април“, Вардар десет води сменил, па за Вељановски, Јанакиески и Ристовски нема ама баш ниту еден основ да седат во Шутка.
Но муртинските мудреци, биле кај Ирод во Ерусалим, се советувале, и решиле да го пуштат Јанакиески, а да го остават Ристовски. Пораката е дека треба сите да седиме мирни, зашто борците за човекови права и миленици на Зоран Заев од Дива населба можат веќе утре случајно да го сретнат Ристовски во двор. А, згора на тоа, ако тој им е малку, кај и да е, ќе го донесат и Вељановски. Што би рекол Хемфри Богарт во неговата славна Казабланка, кога од сите „биртии“ на светот, неговата Ингрид закорачува токму во таа што тој ја има, сместена позади грбот на Господ – „еден оди надвор, друг доаѓа внатре“.
И оваа „велелепна мудрост“ на внесување на страв, Заевци ја играат на два месеци пред претседателските избори. На кои СДС ќе загуби. Зашто моќниците кои го црпнаа Заев од нива, ја завршија работата, па сега им е сеедно за него. Тој не е калибар, тој не е бренд на соработник, кој вреди да го чуваат. Таквите се како празно пластично шише фрлено во река. Не го фрлаш дури ни во корпа, зашто Амди Бајрам ќе го земе ќе го рециклира, и пак ќе има траг од него. Го фрлаш во река, во вода, за да биде однесено. Таму каде што судбината веројатно веќе одредила – во Егејското Море.
Кој знае дали Муртино тоа го сфаќа. Всушност, сосема сигурно – не! Но сигурно го чувствува. И затоа му требааат и тие од Дива населба, затоа му треба Ристовски во пртивор. Иако дури и Горазд од преку океанот му порачува дека колку повеќе газат, толку повеќе ќе бидат газени.
Зашто, да спроведуваш ваква Гестапо-репресија во услови кога политички не ти оди најдобро, значи само дека тотално си го загубил компасот. Значи дека се обидуваш сите оние кои ни во сон не се за СДС, ама нешто не им е по ќејф ни ВМРО, да ги бутнеш во прегратките на Силјановска, создавајќи им заедничка цел – Заевци да ги нема. Што во комбинација со фактот дека „шарените“ немаше да ги има да не беа странците (се некако ми паѓа на ум восхитеноста на домашните шарлатани од белгискиот „мачкар“ и нивниот статус на ефтина „роба“ во амстердамски излог), а овие, на кои муртинската нива им дојде преку глава, се автохтони, спонтани незадоволници кои тешко ќе бидат премислени во овие два месеци, па и до предвремените парламентарните избори, не создава розова осмомартовска слика за иднината на нелегалната ни Влада. И тука фактот што Ристовски го оставија во притвор, нема да им помогне. Напротив.
Кон ова, секако лесно може да се додаде и фактот дека македонскиот народ го прегрме стравот. Така што апсења, театри, притвори, тепања, пресуди за „27 април“ темпирани пред изборите…, нема многу да се од полза за СДС. Своевремено, кога Груевски беше нешто прашан за односите со Грција, рече дека ние сме во ситуација на мачка (ете пак тие мачки) притесната во аголот од собата на која не и останува ништо друго освен да почне да гребе со канџите. Овде сега станува збор за нешто повеќе од тоа. Не се веќе во прашање канџи, не е само желбата да се победи СДС, кој впрочем и последните избори ги загуби, туку сето тоа е дополнето со страотна желба да се врати за сето малтретирање во овие години. А таа желба нема да исчезне, туку само ќе јакне. Како велеше Заев? Живи луѓе ќе јадеме! Како велеше Заев? Од чистачка до директор, за да можат да отворат места за нивните швалерки. И колку треба да ти фали во главата за самиот да го вртиш тркалото на судбината на своја штета.
Затоа, шутраци, пуштете го Ристовски надвор и чукнете си ја главата. Ама, изгледа веќе е касно било што да сфатите.
http://javno.mk/site-spirovtsi-od-makedonija-da-zavrshat-vo-shutka-nema-spas-za-zaev/

Добар дуел имаше на 1тв, измеѓу Мицко и Орданоски. орданоски е пар екселанс за вакви работи, ама и Мицко е јак, поначитан од Грујо, со поглем вокабулар на зборови, добар дуел, само лоша политика на Мицксоки да се држи до идеите на Грујо, треба да попушти малку.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
Лошо е и кога водителот не е неутрален туку води политичка борба со соговорникот злоупотребувајќи ја позицијата, не давајќи му на гостинот да ги заврши мислите. Не знам на кои идеи на Груевски мислиш. Дали на тие за кои се бореле и комитите и партизаните и кои не се идеи на Грујо, туку вековни идеи на сите Македонци во нашата татковина и ширум светот со исклучок на Македонците заевисти. Изгледа дека Заев е лесен на попуштање на странци и албанското малцинство, а тврд орев кога треба да направи некаков компромис со Македонци и другите малцинства.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Интересна колумна за следењето.
Точно е. Ве следат!
„Каде и да се движите, каде и да се свртите.
Во секој сокак, во секоја бакалница.
И по кафеани кога седите и по плоштади кога шетате.
Ве следи омразата на обичниот човек, гневот на разочараните, немоќта на обесправените“ пишува новинарот Горан Момироски на Фејсбук како „потврда“ на фобиите на политичари и јавни личности кои деновиве изјавуваа(т) дека „знаат“ дека се цел на „обработка“ на некои служби кои ги следат.
„Ве следи неправдата кон ,,Егејците”, маката на невработените и сиромашните, тагата на родителите, носталгијата на емигрантите.
Ве следи нечистата совест и духовите на тие што се бореа и умреа за Македонија.
Ве следат лажните ветувања и непочитувањето на референдумот.
Ве следи тајното братство на луѓето што вистински ја сакаат Македонија.
Ве следи стравот од сопствената сенка
И ниедна институција, суд, апсење, ниту УБК нема да ве спаси.
Можете да лажете дека сте горди но знаете и самите дека ќе заминете од овој свет понижени, посрамени, проколнати и со уништена совест за тоа што му го сторивте на својот народ.
И не грижете се, ништо нема да ви се случи.
Ќе ве чуваме и ќе ве покажуваме за сите да видат како изгледаат нелуѓе.
Што за грст пофалби си го продадоа сојот свој.
За луѓето да научат дека никогаш не смеат да ја повторат оваа трагедија во која веќе за братот не смееш да кажеш дека го говори истиот јазик како твојот ако е македонски.
Во која се откажавте од своите татковци и дедовци што гинеа за вие сега да си играте држава.
Во која се срамите од плачот на мајките и лелекот на бабите само затоа што плачеле и лелекале на македонски.
Сами си пресудивте.
И казната сами си ја одредивте.
https://expres.mk/momiroski-tochno-e-ve-sledat/

Да не се лажеме
Народите создаваат држави и стануваат нации така што се обединуваат околу некои морални и филозофски вредности, било леви или десни. Да речеме: слобода, еднаквост и братство. Или традиција, семејство, труд. Или правда за сите. Или свои на своето. Или смрт на фашизмот. Или слобода за Македонија.
Ниту една од овие вредности нема лукративна или прагматична природа. Не се обединиле Италијанците или пак Германците затоа што државноста ќе им донела повеќе пари, ниту пак за независност се бореле латиноамериканските и азиските народи затоа што сувереноста им била попрактична од колонијализмот. Напротив, тие создале држави во име на некои принципи кои ги сметале за есенцијално "добро" и наспроти некои други кои ги сметале за есенцијално "зло".
Врз основа на овие вредности подоцна се пишуваат устави и закони кои го рефлектираат духот на Доброто, односно борбата на Доброто против Злото. Моќните нации и држави сè можат да доведат во прашање, за сè можат да направат компромис, секоја кривина да ја фатат и секој друг за нос да го повлечат - но за своите вредности се држат како слеп за стап, дури и тогаш кога отстапувањето од нив би им донело огромна полза.
Е сега: за разлика од нациите и државите, племињата имаат исклучиво прагматични (воглавно непишани) закони.
Ако им е полесно да уловат човек отколку тигар, стануваат канибали. Ако им се допадне идејата за пљачкосување, уривање и убивање - стануваат вандали. Ако ги убедиш дека Златното теле ќе им даде бериќет, ќе станат и безбожници, еретици, пагани, што и да е. Праќаат старци да умрат во планина, каменуваат прељубници, жртвуваат девици на олтари, се шалтаат од матријархат во патријархат по потреба, во другите племиња гледаат смртни душмани со кои (ако треба) уште утре би станале сојузници – сето тоа само заради гола прагма.
Под поимот "добро" тие разбираат сè што им носи ќар, под "зло" сè што може да им наштети. Кај нив тоа се калкулации, а не морални и филозофски категории.
За разлика од нациите, законите на племињата не произлегуваат како резултат на заеднички консензус, туку за нив одлучуваат поглавиците - тие што ќе кажат, така ќе биде. Поглавиците палат и гасат. Тие кажуваат што чини, што не чини. И утре ако згрешат, или го сменат ставот – пак се во право, и племето пак мора да ги слуша и да одобрува.
Интересно: речиси секогаш низ историјата, на тие поглавици некоја итра делегација од цивилизација којашто им изгледа примамлива и недостижна ќе им понуди некои шарени стакленца во замена за нешто што изгледа навидум безвезно од аспект на племенските сфаќања.... Поглавиците ќе кимнат со глава, соплемениците ќе вриштат од еуфорија, ќе се накитат сите со стакленца како покондирени тикви сретсело - и после тоа племето ќе исчезне и ќе го проголта заборав, а на негово место ќе никне она што трговците со шарени стакленца ќе посакаат да никне.
И затоа: доколку некој што сте го сметале за умен човек од јавните сфери (интелектуалец, уметник, научник, спортист, политичар, итн.) фати да ви го правда сево ова што се случува во Македонија деновиве и месециве, ич дилеми да си немате дека тој некој е племенски мозок поткупен со шарени стакленца.
И не губете време да му објаснувате и докажувате – тоа што тие го создаваат не е државна творба, туку племенска територија. Отаму државотворните принципи кај нив не важат. Нивната кула од песок не е создадена врз морални и цивилизациски вредности, туку врз најбанална на-ти-го-дај-ми-го проституција (засега ментална и духовна, но наскоро и физичка).
И затоа таа нивна северна творба нема друга иднина освен да пропадне.
Заедно си сите кои живеат во неа, и невини и виновни.
Тоа е. Да не се лажеме.
Дарко Митревски

Ванаби режисерот кој си го прчеше соо народни пари во Лос Анџелес си ги орераскажува влажните соништа ама пуста недокваканост брзајки да му се напика на новиот дпмнеовски пастир во дуое заборавил дека ем пастирот и дпмне го признаа договорот со Грција и почбаа да го употребуваат новото име ем дека ако Република Северна Македонија пропадне како што тој посакува народните пари за него се недостапни. Затоа и јаде лања пошто калифорниската клима изгледа не му одговара кога сам мора да си го заработува лебот а не да цица од народот.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
А зошто тебе потписот ти е Гласам за иднината на Македонија ако ја прифаќаш наметнатата додавка северна? За жал некое време ќе мора во официјални контакти дури и во сопствената држава да ја користиме глупавата и наметната додавка, посебно кога комуницираме со идиотите од евроатлантската меѓународна заедница (за среќа не се сите ненормални таму) но тоа не значи дека не треба да се бориме да се почитуваат нашите човекови права.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Небањат гледам дека почнало да ти станува јасно кога и каде ќе се користи придавката северна ама сеуште по стриот небањат обичај лажеш и манипулираш. А кога вистината излегува на видело се обидуваш своите лаги да ги сокриеш зад поединечни акти иако тоа е придобивка од целокупноста на договорот од Преспа.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
Јас гледам како се користи во светот. Еве примери:
Романија http://www.romania-actualitati.ro/meeting-of-prime-minister-dancila-with-north-macedonian-counterpart-124338
Грција https://www.keeptalkinggreece.com/2019/04/02/tsipras-north-macedonia-visit/
САД http://time.com/5562608/greece-macedonia-prime-minister-selfie-name-dispute/
https://www.washingtonpost.com/video/world/greek-and-north-macedonian-leaders-take-historic-selfie/2019/04/02/4b207b5b-dba9-4893-87b7-e8406c05ef09_video.html?noredirect=on&utm_term=.1be61e4488d0
Сакаш ли уште линкови за да се увериш дека странците ги заболе за билатералниот договор помеѓу нас и Грција. Од Северна Македонија нормална придавка е серномакедонски, како што е од Северна Кореја севернокорејски. Иако Северна Кореја не е северна туку Демократска Народна Република Кореја. Единствена држава што самата се вика Северна е нашата. Благодарејќи на Заев и неговите поддржувачи со избањат мозок.
Романија http://www.romania-actualitati.ro/meeting-of-prime-minister-dancila-with-north-macedonian-counterpart-124338
Грција https://www.keeptalkinggreece.com/2019/04/02/tsipras-north-macedonia-visit/
САД http://time.com/5562608/greece-macedonia-prime-minister-selfie-name-dispute/
https://www.washingtonpost.com/video/world/greek-and-north-macedonian-leaders-take-historic-selfie/2019/04/02/4b207b5b-dba9-4893-87b7-e8406c05ef09_video.html?noredirect=on&utm_term=.1be61e4488d0
Сакаш ли уште линкови за да се увериш дека странците ги заболе за билатералниот договор помеѓу нас и Грција. Од Северна Македонија нормална придавка е серномакедонски, како што е од Северна Кореја севернокорејски. Иако Северна Кореја не е северна туку Демократска Народна Република Кореја. Единствена држава што самата се вика Северна е нашата. Благодарејќи на Заев и неговите поддржувачи со избањат мозок.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Поздрав од ЕУ – Датум за преговори со Заев? Не, тој ни требаше само за да го смените името!
Дарко Јаневски
И така. Заев и неговата компанија подлизурковци вклучувајќи го оној на чија ќерка ја плаќаме во Хаг, си дојдоа од Берлин полиени со студена вода. Очигледно специјално црпната од Вардар уште ланскиот ноември. За да биде доволно гнасна и доволно студена. Па, испадна дека ланскиот датум за преговори што го добивме додека суријата беше во авион, не бил датум. Бесрамни лажговци? Да, ама кога е Заев во прашање тоа е како да прашаш некого во Македонија дали наутро му се пие кафе.
Сега белким секому е јасно дека името отиде курбан за џабе и дека овие тезгаџииве со краставици и тендери, не беа способни барем доволно добро да истргуваат со него. Што отприлика значи дека и за тоа не ги бива. Секој продавач на пазар, повеќе ќе извлечеше во оваа ситуација од нив. Така што, драги мои борци за „слобода“ и „демократија“, или со друг збор накратко кажано шутраци-револуционери, датум за преговори нема и нема да има, барем не во блиска иднина. Можеби еден убав сончев ден, кога како што стојат работите, тамам ќе се насмевнеме и ќе помислиме дека таму каде „зората греит душата“ и конечно „силно светнал ден“, ќе налетаме на Мицотакис кој ќе ни каже ново „охи“ закачувајќи ја вратоврската од Заев на вратот на некое магаре. Веројатно и ќе се насмее, колку да ги покаже забите. Па тамам дотогаш и Меркел политички да воскресне, а Макрон, ако преживее, да успее да ја најде Македонија на картата и да се смилостиви околу нашето членство. Што тогаш ќе бара Мицотакис од нас, веројатно не треба да ви цртам, што би рекол културниот и фино воспитан Стево викан Сидро, зар не? Доволно сте умни и самите. Или, пак, грешам?
Значи јасно е дека датум за преговори нема (внимавајте, Владата не ни бара од Брисел датум за преговори – тоа и служи за домашно замајување на луѓето – туку се надева на датум за претпристапни преговори) како што е јасно и дека до НАТО приемот можеше да се дојде и без таков курбан, кога веќе на Американците толку многу им беше до тоа да не примат за да можеле да не отгрнат од прегратката на Русија. Чии рачиња, исто така како и тие на Макрон, изгледа одамна поим немаат каде да ја најдат Македонија ако на масата им распостелете мапа.
Оти да бидеме на чисто: ниту Меркел, ниту Макрон, ниту другите од ЕУ, не се „пациенти“ на интелекуалните македонски великани како Катица Јанева, нејзината модна компанија примана со врски од ДУИ и ВМРО во судството и обвинителството, или пациенти на друга таква величина како Вилма Рускоска, за да можат да ги уценуваат со гласање во Собранието или со “примопредавање“ на нивниот бизнис и компании во рацете на Заевци. Има кој да ги уценува и нив, ако треба, но сосема сигурно тоа не се Заевци ниту тоа е во врска со Македонија.
Пред повеќе години имам напишано една колумна во која посочив дека ЕУ и САД ќе ја урнат Македонија како држава за да го урнат Груевски. Ќе ги искористат за тоа и новинарските ав-ав пудлици со улично-удбашко-коруптивно педигре, врескајќи дека нема слобода на медиуми како клучен дел од демократијата, а потоа, откако ќе го смениме името ќе кажат дека ние немаме држава по западен терк, кој патем за наши услови е фантастичен, за да не примат во нивното членство. Како се фалеше Бранко-папата на времето? Дека него му рекле дека не може секое племе да има држава, ама ете тој, великиот уличен мангуп ги заебал, па направил држава. Сега ни го велат истото: не може секое племе, кое наспроти тогаш, сега е безимено, да седи на иста маса со одбраните. Зошто? Затоа што нема држава. Односно има, но по концепт од 19 век, ама не и држава по коцепт барем од крајот на 20 век.
Патем, таму некаде во некаде во 2008-та или 2009-та, кога владееше „режимот“ на Груевски, Македонија доби безусловна препорака за датум за преговори. Чиста и јасна. Единствен услов кој недоставуваше беше – името. Тоа значеше дека имаме релативно пристојна законодавна, пристојна извршна и пристојна судска власт. Остајте вие што трубеа уличните педигреа и продадени души. Препораките се документ и постојат – можат да се прочитаат.
Така беше и наредната година. И таа по неа. И таа по неа. Додека Волшебникот од Оз не тргна во акција за рушење на Груевски. Често слушам и читам деновиве за тоа како идеалите на Шарената револоција пропаднале. Не пропаднаа. Зашто ги немаше. Тоа беа само луѓе кои беа злоупотребени за да се стигне до Северна и тоа беа само луѓе (мал дел) кои „војуваа“ за пари и функции. Денес лесно ќе ги пропознаете. За сега, неколку години подоцна да се стигне до степен на само формално, но не и суштинско постоење на државата. Како беше она? Нема правда, нема мир? Ај шетајте сега малку!
Се разбира, дел од тој режим беа и „Бетка национале“, министерот Смрт (ги нема нешто нив во спотовите на Пендаровски контра Силјановска), дел од тој режим беа и тендерите за херојот на СДСМ, вмровецот Крсте молерџијата, знали сите оние од кои денес им повраќа на вмровците, а се миленици на комуњарите, дел од тој режим беа и пратеници и функционери кои повеќе шетаа до амбасади за да кодошат отколку што седеа во фотелјата за која се платени, потоа станови за функционерчиња, бизниси, шетања, бизони, танга бизниси за вмровскиот пандан на ав-ав комуњарските новинарчиња… и што ли уште не, но дел од тој режим беше и дека имаме држава и препораки за преговори. Велам препораки, не препорака. И тоа дузина. И да повторам – тоа значеше дека имаме релативно пристојна законодавна, пристојна извршна и пристојна судска власт.
Па така доаѓаме до апсурдот, Во времето на „диктаурата“, уште утре ќе не примеа во НАТО и ЕУ да го сменевме името, зашто сите други услови ги исполнувавме. А во време на„Живот“ и „демократија“, со сменето име и со ниту еден амбасадор на јавна сцена (се сеќавате како беа наредени во првиот ред на првите прес конференции на Катица и „убавото“ друштво), не исполнуваме безмалку ниту еден сериозен услов за членство во ЕУ, освен можеби тој дека полниме вода од чешма во домот, а од бунар или од некој селски извор.
Па уште слушаме и читаме дека наводно Заев и рекол на Меркел дека ќе поднел оставка ако Македонија не добие датум. Бог да чува и да брани! Небаре на Меркел некогаш и беше до тоа Македонија да стане членка на ЕУ. На Меркел и требаше да ги тргне Грците од врат, да го спаси еврото, а за да добијат Грците доволно сатисфакција за уривањето на економијата на нивната држава со мерките на т.н. „тројка“, на тацна и бевме понудени ние (патем, денеска долгот на Грција е над 170 отсто од БДП, а тогаш беше 166 отсто од БДП, но сега е стабилна, нели?). Штом тоа се заврш, Американците го добија своето со НАТО, независно дали навистина ќе бидеме примени, Германците и Брисел го добија тоа поради што им требаше во замена за добрата волја на Грци, а ние останавме покуси и сега можеме да си го свртиме средниот прст кон своите очи.
Не дека ова беше толку тешко да се сфати и пред неколку години, но се покажа дека има луѓе, сеедно што Господ директно ги црпнувал, за кои ова е исклучително висока филозофија. Единствена дилема е: Добро, како успеавте да го најдете? Или едноставно имавте среќа со Бранко, Бранко со Црпко и потоа и вам ви светна?
За крај, помните кој се од ЕУ ни се истовари овде за време на референдумот? Сега ги нема нешто да го поддржат „Европјанинот“ Пендаровски? Дилемата е: го повлекоа ли јажето од казанчето или раката уште се подготвува да го направи тоа? Но, во вториов случај, јасно ви е дека се е само прашање на секунди?
https://denesen.mk/kolumna-na-janevski-pozdrav-od-eu-datum-za-pregovori-so-zaev-ne-toj-ni-trebashe-samo-za-da-go-smenite-imeto/

Претпоставувам дека коментарот се однесува на северниот ни премиер, кој наводно го реши проблемот со името, а успеа да не добиеме датум за преговори иако нели тоа беше единствен услов од 2009 година кога владата предводена од Никола Груевски ги реши другите проблеми. За жал, ако како напредок се смета промена на името по неуспешен референдум и кастрирањето на македонската историјата, идентитет и јазик, на сите други полиња е полошо сега отколку кога наводно имавме режим.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
QQQ
Интересна колумна на Латас во врска со тоа дека сега чекаме Метла да ни донесе Живот. Чуму метла ако животот дошол. Нели јас бев небањат кога споменував дека работите не одат како што треба. Јас не знам зошто гласачите на СДСМ не видоа дека има потреба од метла, туку им течеше мед и млеко само затоа што нивниот Бог црпнат од нива во Муртино Бејли го постави за премиер. Не им требаат ни пари, ни лекови, ни деца покрај нив во Македонија. Само нивниот да е на власт и да не ни се избрише случајно тоа Северна пред Македонија затоа што Заев така договорил.
Лудаците ја преземаа лудницата
Македонија е во дилема: ни беше речено, уште лани, дека сме добиле датум за преговори со Европската унија како наплата за промена на уставното име во Северна. Чекаме еве, и денес и утре… да ги запознаеме инвеститорите што чекаа нетрпеливо на граница да инвестираат во Северна но, никој не ги видел.
Еден од Холандија што инвестирал во расадник, во Тетово, деновиве со камен го утепа работник што бил фатен додека спие на работно место. Значи, еден европски инвеститор помалку откако станавме Северна. И сега, некако ме фаќа јанѕа, дури и паника. А има и зошто.
Прибидејќи ние сме уште под наркоза, во сон, дека лани сме добиле датум за преговори во Унијата се плашам што ќе се случи кога газдата од Брисел ќе не фати нас на спиење.
За среќа, јас не сум под наркоза, и благодарение на демократијата која се повеќе ескалира очите ми се ширум затворени. Гледам, ама не смеам да видам.
Дваесет години тврдам дека Македонија НИКОГАШ нема да биде членка на Европската унија, како самостојна држава и ваква ЕУ каква ја знаеме. Ако влезе, и тоа можеби, би влегла само во група со Албанија, Црна Гора, Косово, Босна и Србија, со еден ротирачки претставник во ЕУ. Алтернативно, би влегла во периферна, трета класа, откако Европската унија ќе се подели на три зони: прва за богатите, втора за источните и трета за аутсајдерите кои нема да имаат ни приближни права како граѓаните од првите две зони.
И така, додека гледам, а не смеам да видам, во себе гласно размислувам… Што се уште не е казниво. Барем се надевам.
Гледам дека победата на Пендаровски СДСМ ја плаќа со сопствен пораз и себуништување. Рокот на употреба истекува, остана само амбалажата. По најавата дека за нови гласови и победа на Пендаровски Заев ќе прави чистка, ветеното треба и да се испорача.
Заев, како и секогаш, најрадо би се предомислил и би заборавил уште утредента што рекол, но суетите се распалени, очекувањата подигнати на највисоко и назад е уште поскапо отколку да се тргне напред, во метење на ѓубрето за кое Заев смета дека му стои на патот до светлата иднина кога, како што вели тој, ќе блеска се околу нас. Држава како Сваровски.
Прво од ДУИ му порачаа да си гледа во својот двор. Нивни шеф е Ахмети, а не Зоран Заев. Со тоа му дадоа на знаење дека Заев е премиер на две третини влада, ДУИ е власт за себе. Нешто како федерализација на дело: ти мисли на твоите, а ние на нашите. Потаму – јок.
Соросоидите не чекаа Заев да мисли и смисли. Да одлучи. Сашо Орданоски му порача дека од метлата нема фајде, дека не му чини системот, а автор на системот е лично тој, Заев. Со други зборови, не чепкај по нашите затоа што ние ќе те пукаме тебе. Извесен Ненад Јовановиќ од соросовиот камп пак цени дека Заев тргнал по чекорите на Груевски, дека концентрирал огромна моќ во своите раце и дека смените во власта ќе бидат производ на негови лични желби. Џабир Дерала од Цивил смета дека само се променила формата на режимот. – Пред две и пол години чекавме Живот, сега ја чекаме Метлата. Дечко, дај уште едно еспресо, те молам! Да не седи празен асталов додека чекам… пишува Џабир Дерала во колумната со пораки до Зоран Заев.
Соросидите сметаат дека метлата треба да значи нови масовни апсења на политичките противници, откази на сите од државната администрација кои не се од нивните, и повеќе пари за невладиниот сектор од фондовите на власта. Како и да се викаат тие фондови.
Радмила Шекеринска, како најизложен експонент на соросоидите во политиката реши да ја земе метлата во свои раце. Барем додека Заев е на одмор. Па, во отсуство на Зев, во сабота кога време не и е се појави и издаде насоки: Стево Пендаровски да поништи се што Ѓорѓи Иванов наредил, и да ги потпише сите одлуки и закони кои овој ги одлагал. Законот за СЈО мора да се реши така што СЈО ќе работи како и досега: ќе ги гони и затвара само, и само нивните политички противници. Метлата треба да удри најмногу врз државната администрација, а функционерите се во втор план, смета Шекеринска. Граѓаните се жалеле пред се на државните службеници…
Заев ја загуби власта со денот на победата на Стево Пендаровски. Неговата функција заврши пред странците, а сега завршува и тука, пред неговите. Следи бавна егзекуција.
Штом Радмила Шекеринска во негово отсуство објавува политички смер на власта и партијата, со него е готово. Шекеринска ни на сон не би се дрзнала тоа да го направи ако смета дека Заев е се уште политички жив и здрав. Не, таа веќе го отпишала.
Соросидите кои се споманти сметаат дека најголеми виновници биле “ликовите дојдени од никаде на кои се уште ни имињата не им ги запамтиле“… а тие се луѓето на Заев донесени од провинција, предводени од Оливер Спасовски и генсекот Кирацовски.
Патем, ако се видат резултатите од изборите, само две имиња од врвот на СДСМ можат да се појават со чист образ во јавноста: Оливер Спасовски и Српче Саша Богдановиќ кои единствени задржаа висок резултат во корист на СДСМ, во Куманово и Центар. Се друго е губитник. Шекеринска не се ни појави за време на изборите, веројатно затоа што е сезона на шопинзи. Ниту Никола Димитров, Дамјан Манчевски… Тевдовски исчезна скроз. Роберт Поповски и Шилегов имаат други, течни приоритети. Изборите не се нивна тема.
Мицковски може мирно да спие. И да џогира по Водно. Шекеринска ќе ја заврши работата за него. Шекеринска ги уништи и Црвенковски и Хари Костов и Бучковски. Заев и е само рутина во низа. За Бучковски на Конгрес тврдеше дека неговата корупција ја урива партијата. За Црвенковски дека е бил диктатор покрај кој, патем, таа израснала во ваква.
Нејзината склоност за сплетки, билдање гнев и омраза, лицемерие и газење луѓе е над две децении тренирана вештина. Зарем ќе дозволи Шекеринска Заев да и го смени министерот за здравство Филипче додека нејзината прва другарка ги води бизнисите во Онкологија? Ни случајно. А Рената Десковска, дамата со соросоидна моќ која ги преспа изборите да падне при Шекеренска силна и опиена од славата со покана за НАТО?! Никако. Шилегов, тој апологет на нејзините дела и, едновремено, поет на добрината на Заев – е безбеден. Засега.
Како за човек со очи широко затворени, кој смее да гледа но, не смее да види, толку од мене за оваа тема, и во оваа прилика. Во очекување на победа на соросоидите, што значи нови откази, масовни апсења, прогони и казнувања… и афери само за луѓето на Заев, со очи широко затворени би се навратил на насловот, би ги цитирал Fun boy three кои пеат: Лудаците ја преземаа лудницата…
The lunatics have taken over the asylum
The lunatics have taken over the asylum
The lunatics have taken over the asylum, take away my right to choose
The lunatics have taken over the asylum, take away my point of view
The lunatics have taken over the asylum
The lunatics have taken over the asylum, take away my dignity,
Take these things away from me
The lunatics have taken over the asylum
The lunatics have taken over the asylum, take away my family,
Take away the right to speak
The lunatics have taken over the asylum take away my point of view,
Take away my right to choose
Драган Павловиќ Латас
https://kurir.mk/kolumni/ludacite-ja-prezemaa-ludnicata/

Интересна формула на Бранко Геровски за Плусинфо во која на премиерот му советува да избере способни и чесни, а ако сака лојални(што би рекле послушни) да си купи куче. Поради правилата на порталот за превземање на содржини што не би сакал да ги прекршам, а не ги прочитав до крај, нема да цитирам делови, а целиот текст прочитајте го ТУКА.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Тие ја сакаат омразата кон мене
Од Александар Русјаков
Што прави феминистка за време на секс? Им досаѓа на љубовниците со муабети за родова еднаквост при промена на позите во сексуалната игра.
Сакав минатата недела да ја објавам колумнава, но паузирав поради празникот. Добро ми дојде одморот. Многумина ќе речат, ете не издржа, се врати на политички теми, но ова за кое ќе пишувам не е само политика. Иако проблемов што го сметам за многу опасен, на планетарно ниво, функционира како политичка алатка. Сепак, неговата деструктивност за брзо време ќе се пренесе на сите облици од секојдневниот живот. Мене, како уметник, посебно ме загрижува, затоа што е забеган обид за окупација на фантазијата. Да почнам! Христијанството учи, мрази го гревот, не и човекот.
Две илјади и шеснаесетта година. На американските избори победува Доналд Трамп. По улиците се разлева либералната хистерија. Поддржувачите на Хилари Клинтон се гордеат со паролата „Ја сакаме омразата кон Трамп“. Ги исфрлаат од себе најодвратните епитети за идниот претседател. Некој на социјалните мрежи заклучува дека личат на хистерична орда лудаци. Осуден е за говор на омраза.
Истото со години се случуваше кај нас. Политичари, медиуми, професори, уметници, интелектуалната бижутерија, кренаа идол за мразење. Името му беше Никола Груевски. Недостигаше само жртвеник каде што ќе го расчеречат. Толкаво количество заглушувачка омраза поддржана од светската изопачена моќ немало кај нас. Таа омраза беше промовирана како правдољубива, слободоумна и револуционерна. Истите тие хистерици, кои ја воспеваа омразата кон Груевски, сега бараат страшни затворски казни за оние што го мразат Заев. Алатката што ја користат се вика говор на омраза.
Новинарот Бранко Тричковски стана популарен по својата глупа и неконтролирана омраза. Онолкаво количество бес тешко се наоѓа кај еден човек. Него и опседнатиот од Гадаринската земја може да му позавиди. Никој досега кај нас не се расфрлал со толку омраза спрема сè што е македонско, никој меѓу јавните личности не им посакал смрт и несреќа на толку многу неистомисленици. Му врати актерот Тони Михајловски. Со една реченица. Судот не најде говор на омраза кај Тричковски. Ја најде кај Тони Михајловски. И го осуди. За говор на омраза. Среде дволичноста на судот, актерот мораше да му се извини на господарот на омразата, зашто тој ист суд му се закануваше со драконска казна за изречен збор. И Тони Михајловски се извини. Добро направи. Да бев јас, двапати ќе се извинев. Ќе му се извинев на Тричковски за да го задоволам фарисејството на судот, ќе го свртев и другиот образ пред институционалните наследници на Кајафа. Потоа ќе му се извинев на Бога затоа што сум си дозволил да влетам во конфликт со глупата омраза на Тричковски. Како и да е, идиотската алатка наречена говор на омраза беше премиерно употребена врз Тони Михајловски со намера за негово замолчување и внесување страв во коски кај другите.
Да се разбереме, јас никогаш не би го казнил ни Тричковски за неговите бесмислени и глупи коментари полни неконтролиран бес.
Не ја ни мразам неговата омраза. Мене генерално ме мрзи да мразам.
Мрази го гревот, не човекот. Не можам, од гревовната греда во моето око, ги гледам само раските на гревот во неговото.
Можеби, како стареам, ќе почне да ме мрзи воопшто да чувствувам. Стануваш нормален, ми рече внатрешниот глас. Што помалку те интересираат туѓите мисли и чувства, толку повеќе ќе можеш да се насочиш на сопствените постапки. Од нив зависи, кај ќе ти оди душата. За омразата не секирај се. Си ја доживеал врз себе. Ќе ја доживуваш и во иднина. И како туѓо чувство врз сопствената кожа. И како осуда за говор на омраза. Оти тоа сè почесто ќе го има. Говорот на омраза. Како орудие за замолкнување.
Тоа ми е целта на пишувањево. Говорот на омраза и неговата злоупотреба. Не двојните критериуми и лицемерството како што ви се виде на почеток. Тоа е веќе толку очигледно кај изопачената моќ низ светот што е перверзно да се пишува. Но, говорот на омраза како алатка е сериозна опасност што надоаѓа.
На пат сме кон Орвеловата 1984 г. Или некоја пострашна научнофантастична визија. Говорот на омраза станува сериозна опасност за слободата на размислување. И чувствување. Стана главно оружје на изопачената моќ на глобалистите против секое слободномислечко битие. Особено ако не се согласуваш со нив. Лажниве либерали, интелектуалната бижутерија, зомбифицираните хистерични активисти видоа во говорот на омраза можност да се уништи секоја критичка мисла. А таква мисла е онаа што се коси со нивната. Оти сите ние нели, имаме право на нивно мислење. Злоупотребата на говорот на омраза како средство за казнување е новата инквизициска клада за палење неистомисленици. Тоа е модерен, симболичен гулаг за изолирање на различното мислење. Гасна комора за секоја мечта што излегува надвор од униформираноста на политичката коректност, која изопачената светска моќ сака да ја наметне како животно правило. Говорот на омраза како алатка за замолчување е гилотина, која треба да им ги отсече главите на креативноста, хуморот, цинизмот, иронијата, сатирата и на критичноста.
Омразата е глупо чувство, но кој е тој судија што може да пресуди дали станува збор за вистинска омраза, напад на моментален гнев или едноставно начин на изразување, макар тоа да е вулгарност? На крајот на краиштата, тоа не им ни целта. Веќе гледаме низ светот како тоа селективно се применува. Доволно е само малку да отскокнуваш од униформираната политичка коректност наметната од моќта и естаблишментот, па уште ако носиш во себе креативна циничност насочена како критика кон нив, ете си пред нивните судови каде што ти судат за говор на омраза. Ма не можеш веќе ни малку побрутален виц да кажеш. Седат во бар црнец, педер и курва… и ете си на суд за ширење расизам, хомофобичност и мизогинија. Не дај боже да се спротивставиш или потсмеваш со догмите што тие ги наметнуваат како начин на живеење кон кој мора да се приклониш за да не се најдеш среде нивната љубов на омразата кон тебе. Тие ќе ја сакаат и шират љубовта на омразата кон тебе, ама тебе ќе ти акнат кривична за говор на омраза. Нивната омраза е слобода на говор, а твојата слобода на изразување е говор на омраза. Додека не ја воспостават сопствената униформирана просечност како орвеловска диктатура каде што слободата е ропство.
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/тие-ја-сакаат-омразата-кон-мене/

Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 27 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот