Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 28 of 42
Страна 28 of 42 • 1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 35 ... 42
Re: Интервјуа и колумни
КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Бугаринот Гоце и „Северната будала“ Делчев
И повторно читам и слушам расправа за тоа дали Гоце бил Бугарин или не. Шутраци. Ние Гоце го ставивме на маса со зелена чоја. Тргуваме со него. Од него направивме проститутка. И токму затоа Бугарите ќе го земат. Не затоа што бил Бугарин или Македонец. Не, туку затоа што вакви какви што сме, изгледа навистина немаме врска ни со него, ни со тие околу него. Кога од него ќе направите проститутка во излог, кога ќе му ги извадите оние неколку коски од саркофагот, зашто другите уште се таму некаде на брдото на кое стојат рушевините од Баница, и ќе ги ставите во пелена од контејнер поставен пред дом за стари луѓе, вие веќе сте се откажале од него
Дарко Јаневски
Ете така дојдовме до тоа дека и шуто и рогато, и ќораво и она што не е ќораво, деновиве се распишувало за Гоце Делчев. Те за едни тој не бил Бугарин, па за други бил зашто имало негово писмо до Никола Малешевски, за на крај да дојдеме и до такви за кои Гоце бил на сите. Нешто како маалска курва, па кој стигне, игра покер со неа. За танга гаќички!
Интересно е ова. Поприлично. Оти дојдове до стадиум во кој се докажуваме за човекот. Откако претходно цела сурија шарлатани, илјада пара опинци искинаа за да го стават Гоце на маса, бркајќи го Грујо за мерцедесот со нови гуми од 56 илјади евра и за петте милијарди, веројатно на Мијалков, во Дубаи. Од кои ние не видовме ниту цент, па сега ни велат дека малку биле пивнати кога го зборувале тоа. А можеби и не биле, ама си добиле дел од петката. Ама затоа, на морон-бизнисмени им праќаа емисари во Шутка за да им бараат да им префрлат процент од нивните фирми, па овие се жалат дека ги „отепале“ од рекет. Е, да, го бркаа Грујо и за Тамара на министерот Смрт кој сега е угледен екс функционер и пријател на „Животот“ и за Нешковски на оној што лежи во затвор и над чиј кревет има слика како се поздравува со Заев.
Но, ајде сето тоа… Ама, каква врска има Гоце со сите нив, појма немам. Ама демек тие биле умни, па ќе преговарале и за него. Тоа било европски и евроатлански. И ќе не одвело во Европа. Па заради тоа не воведоа во шарена хистерија во која и жртвите удбашки станаа ортаци со УДБА. Без срам, без перде, ниту на очите, ниту во главата, ниту во душата. Мери им го умот. Прашање е веројатно само на ден кога ќе почнат да ни велат дека сопрузите треба да преговараат за сопругите и обратно. И да постигнат компромис. Каков што бил предлогот заедно да го славиме Гоце на 7 октомври. Во тројка. Ние, Бугарите и самиот Гоце. Не знам само зошто во тоа не учествуваат и Грците. Па зар не е таму роден Гоце? А штом е таму роден, тој мора да е Грк. Или не е? Ах, да, бидејќи Грците признаваат Бугари, ама не и Македонци. Така што тој е роден во Грција, ама е Бугарин. За што веќе потпишавме со Хелените на Александар, нели? А Грците мора да знаат дали Гоце бил Бугарин или не, бидејќи не се прости како нас. Тие се Европјани од поодамна. Како и Бугарите од пред 10-тина години. А ние сме селанчиња кои мора да се европеизираат. За да не гледаат назад во историјата, во која гледаат и Грците и Бугарите и Германците и Французите. И за да ни биде полесно на душата кога одиме на Халкидики. Ако веќе сме го надминале стадиумот викан Платамона од времето на комунизмот. Ете, гледате колку сме напредни?
ГОЦЕ
Еден пријател од Институтот „Крсте Мисирков“ обично вели дека нашата грешка е што ние се обидуваме со денешни очи да гледаме на луѓето од пред сто години. И не можеме да ги сфатиме. Зашто нам денес во пределот меѓу двете уши најчесто ни одзвонува. Некој ќе не потчукне, а звукот оди од едната страна на черепот до другата, се враќа назад, па одново и одново и одново. И ни создава збрка. Поради која тешко сфаќаме.
Гоце е роден во град кому Солун му е под нос. Додека си се качил на коњот, дури и во тоа време, веќе си стигнал пред портите на „никогаш македонски, секогаш грчки“. Не многу висок, со неговите маркантни мустаќи, со појава која пленела, со ѕвезда која ги привлекувала луѓето, ги терала да го слушаат неговиот глас, да уживаат во неговото друштво и синџир „тешкото кафе“ што го пиеле заедно, тој можел да бегува и агува во животот. Трговија, алтани и грошеви на кило, кафиња, мезе, по некоја мастика или узо заради болките во желудникот, ручеци по хотели, меани и анови, девојка во секој град и село… (штета што бил роден во време кога не можел да ги проба и плажите на Халкидики), всушност Гоце можел да биде човек кому денешниве македонски олигарси со по неколку партиски дреса, би можеле да му завидуваат мрсулавејќи му се под прозор, зашто покрај парите кои можел да ги има, тој имал и чест и достоинство и углед кои овие денешниве ги немаат.
Но, тој одбрал нешто друго. Со што, мерејќи според сегашниве владеачки мерила во „Северна Македонија“, го заслужува епитетот „будала“. Наместо да се „шитне“ во некоја амбасада во Стамбол или конзулат во Солун или Монастир (не рускиот конзулат, се разбира, таму местото веќе го фатил Мисирков, па е само прашање на време кога поради тоа ќе се откажеме и од него), или наместо да му се полигави на султанот, еве не мора нему, можел тоа да го стори и во дворот на принцот Фердинанд или на кралот на Грција, Џорџ, и да си истетовира на челото дека тој, како Европјанин, тоа го прави за да ја европеизира Турција, кутриот одбрал нешто друго. Да биде „будала“.
А, по ѓаволите, не морал ни тоа да го прави. Можел да си ја гледа работата, да си плаќа рекет, и од столицата во некоја кукушка, софиска и солунска кафеана, додека музиката му свири на увце, танчерката му игра со градите пред очи, а жена му дома му ги чува децата, пере, пегла, готви… зашто тој е маж, нели, така му личи, да се смее на другите будали што се акаат по планините бркајќи се со турските потери. Бидејќи, нели, „голема работа“ дали неговиот Кукуш бил во Турција, Бугарија, Грција, Македонија…, „голема работа“ како му се викала земјата, „голема работа“ дали бил Турчин, Грк, Бугарин или Македонец, уште повеќе што ова последново, ете по сто и кусур години дознавме, било еквивалент на Грк. Важно дека така Гоце ќе бил Европјанин, а не некој немиен националист. Наместо тоа, Гоце одбрал нешто друго. Реков будала или не?
ЌОСЕТО
Гоце умрел млад. Негова десна рака бил Ќосето. Кој доживеал преку 90 години. Не многу умен, но доволно итар, доволно „џамбаз“ за да може да истера, ако сакал, убав живот, и за да не мора седум-осум децении по неговата смрт, шарлатани и пијандури да „мократ“ врз неговото име. Наместо тоа, тој имал цел, имал впишана вредност што сакал да ја достигне – неговата Македонија. И покрај се, ете живеел доволно долго за да може, таму некаде 45-тата да му пише на Колишевски и да му ја честита слободна Македонија. Како Македонец. И тоа од неговиот стан во Бугарија.
Па, така, иако и на Ќосето можете да му извадите некој дел од спомените каде пишува до некој свој Никола Малешевски за „ние Бугарите“, го имате и неговото писмо до Лазо. А на Ќосето барем не можете да му префрлите дека е вештачка творба и дека од Бугарин бил насила претворен во Македонец. Зашто кај него, камата и пиштолот не биле за играчка. Еден потег и толку – добивате билет за средба со свети Петар. Кој исто така не трпел лаги. Прашајте ги оние сопружници кои се обиделе да сокријат половина од парите кои ги ветиле за црката. Не оваа црква на нашите дебели стомаци на кои Фондот им плаќа апчиња за полесно да им се варат тоните јагнешко и за полесно да минуваат виното и вискито низ нивните крвни садови. Не, не таа црква, туку онаа на Петар.
А не знам зошто некој мисли дека Ќосето, ако сакал, не можел да се „шитне“. И потоа да се седи во истите меани со Гоце каде музиката ти свири на увце, а танчерката ти игра пред носот. Можел, ама не се шитнал. Веројатно затоа и толку го мразат. А не затоа што убивал.
ПЕЈО
До Ќосето и Гоце, би седел Пејо Јаворов. Ерменец, во исто време Бугарин. Десетина години по смртта на Гоце, ослепен, се самоубива по кој знае кој неуспешен обид, откако не можел веќе да живее без неговата Лора Каравелова. Убавица, чиј лик ви ги отворал очите, ви го сушел грлото и ви го облевал со топлина телото. Се убил зашто болката по неа му ја јадела душата, му го гризела срцето, му ги зграпчувала градите и му го превртувала желудникот, така како што тој ја виткал и ја гужвал хартијата кога во 1904-та ја пишувал првата биографија на Гоце. И пред да се самоубие, онака ослепен, успеал да напише проштално писмо:
„Кога ќе дојде среќниот ден да отидам кај неа, ден што јас го чекам со нетрпение, ги молам пријателите да наредат да бидам погребан до Лора. Над мене да се засади една дафина, а над неа еден јавор… Еден бршлен да ги сврзува двете дрвја и да биде посаден и розов храст. И поставете еден скромен камен или крст – и напишете ги нашите имиња…“.
Сте прочитале нешто потрогателно? Среќен му е денот кога ќе умре? Проклетство, каков е тој живот, каква е таа судбина? Но, сепак, каква врска има ова со Македонија и Гоце, со преговорите на двете наши комисии со тие на Грција и Бугарија? Не би имало, ако истиот тој Пејо, малку пред тоа не му пишал и на Тодор Александров:
„Драги Тодоре,
Прости ми, нека ми простат и сите други, што ја изневерувам Македонија. Јас умирам тука. Ќе легнам крај мојата мила Лора. Те прегрнувам, длабоко трогнат од грижите што ги покажа за мене во време на деновите на големите искушенија…
Кажи и на Македонија, кога ќе отидеш таму, дека нејзиниот син (јас се сметам за нејзин), ќе умре во слободна Бугарија, обременет со една тешка клевета. И кога Македонија ќе биде слободна, нека еден другар дојде на гробот и нека каже: „Поздрав од нашата мајка маченица – таа веќе е среќна!“
Молам? „Прости што ја изневерувам Македонија“? „Прости што ќе легнам крај Лора“, таа иста Лора поради која умира, а не во прегратките на македонската земја?
Хм, и овој човек бил будала, нели Северна? А бил прекрасен поет. Неговата сопруга, пак, ќерка на друг бугарски прекрасен поет. Двајцата имале или можеле да имаат пари, го имале Париз, убав стан, скапа облека, ресторани, балови, приеми… Ха, ништо од тоа. А барем и тој и Лора да имале некаква врска со Македонија. Немале! Никаква, ама баш никаква. Најмалку со Македонија на Прада, на Бетка, на Муртино, на Сидро, Македонија на Мериот, на Крсто вратарот, на бизниси, на швалерки, на снимки, на Катица, на Кацарска…, уште помалку со Македонија на влечугите од последнве 29 години за кои пишував по победата на Вардар.
Тука некаде е и Васил Чакаларов. Костурчанец, нека ми биде простено што не сум доволно Европјанин, па во овој момент не ми текнува грчкото име на Костур. Се борел, ги минал и Илинденско и Каравангелис, се смирил со себе, заминал во Софија, се оженил со Олга, ја добил Екатерина, изградил куќа, сакал да почне со градежен бизнис. Столчето во меаната до Гоце и Ќосето го чекало. „Ориент експрес“ во секое време ќе го однел до Париз кај Пејо и Лора. Екатерина таму би завршила факултет, кој знае, можеби школарината би ја платила грчката или бугарската влада. Зашто и тој е татичко, можел да се шитне во полза на Грците или Бугарите, а на ќерката на татичко не и личи да си плаќа од свој џеб и да седи во истите клупи со децата на небањатите.
Ама ете, дошле Балканските војни и Васил решил да замине. Не во Париз, туку во Македонија. Со пушка. За што? За сто години подоцна некои „бањати“ да му го плукаат споменикот во Скопје зашто бил Бугарин, за потоа одеднаш да замолкнат кога шефот на „татичко“ потпиша договор со кој навистина се согласивме дека тој е Бугарин. Будала Васил, нели? Ех, чудесна земја Северна!
ЈАНЕ
Ете го и Јане Сандански. Човекот кому своевремено македонската УДБА долги години му праќаше наводни поклоници на неговиот гроб, а бугарската ним им праќаше полиција. Демек да ги тепа. По што двете УДБИ седнуваа да се почестат со прасечко за добро завршената работа, а обичните Бугари и Македонци седнуваа да се почестат со омраза.
Јане, оној фантастичен човек кој тивко пеел и го заспивал бебето на Цилка низ пиринските беспаќа додека се криеле со мис Стон, човек за чиј татко лично Гоце пратил неколку гроша зашто Јане не сакал да земе ниту еден од тие добиени за откуп (вределе најмалку два милиони денешни долари), но и човекот кој по само шест години од таа неверојатна епизода на чесност и доблест, разочаран од смртта на Гоце, од пропаста на идејата за слободна Македонија, скаран со половина ВМРО, нарачател на убиството на Сарафов и Гарванов, прогонет и од Бугарите и од султанот, застанал рамо до рамо со Младотурците, чиј ресенски предводник, Нијази бег, ја почнал револуцијата само и само за да ја спречи автономијата на Македонија договорена од британскиот крал Едвард и рускиот цар Николај. Јане, човек кој денес би бил одличен министер, зашто според проценката на Бранислав Нушиќ во 1908 во еден солунски хотел, бил помалку интелигентен од неговиот телохранител (добро, во Тетово, па дури и во Скопје, денес лесно би добил факултетска диплома, а потоа и докторат), и човек кој кога умрел оставил завидно богатство зад себе. Веројатно вклучувајќи ги тука и парите од бањите во Банско кои онака, од око, на користење му ги дале Младотурците.
Но, чекајте, истиот тој Јане, дури и овој од втората негова фаза по 1908 година, не седел мирен. Не купил куќа во Софија, стан во Солун, не закупил апартман на Халкидики, за со Тодор Паница и сопругата која никогаш не ја имал, да уживаат. Продолжил да се бори. За својата идеја. Која и за него, таков каков што бил, не се состоела во тоа само да јаде, да пие и да лумпува. Будала Јане, нели Северна? Зашто и тогаш веројатно можело да се купи нешто на грамови и да се биде мирен. Така?
БОРИС, ЈАНКОВ, ДАМЕ, КАРЕВ, ПИТУ…
Тука се и Леонид Јанков од Манџуково, со двете деца и убавицата од целиот тој крај за сопруга, кому му се повраќало кога по Илинден 1903-та, во Софија видел како „видни дејци на Организацијата“ со народни пари седат по софиските меани со курви на колената. И кој наместо да се скраси, продолжил да се бори до Ѓавато во 1905-та. Борис Сарафов, кому и денес во архивите на ВМРО му стои дека и должи пари на Организацијата, потрошени за скапи костуми и лумпувања по париските и виенските елитни ресторани. Знаел човекот што е живот, ама знаел и што уште друго му ја влече душата.
Даме Груев, кој зад себе не оставил ни писмо до девојка, не пак некаква љубов или афера со пари, Никола Карев кому „ѓаволот“ не му давал мира за да остане во Софија и да го наплати претседателствувањето со Републиката, Питу Гули, кој пролетта 1903 година се вратил од Софија во Крушево за да се бори, тука се и…
Всушност, вака можам да редам до утре. Десетици и стотици имиња на луѓе, Македонци и Бугари кои, како што велеше мојот погоре споменат пријател, ние не можеме да ги сфатиме. Чудно, пред многу години истото ми го кажа и Румен Леонидов, внукот на Јанков. Зашто во празнината меѓу двете уши, како што реков, кога некој ќе не потчукне, почнува да ни одзвонува од бранот на звукот кој се удира од едниот до другиот ѕид, па повторно. Затоа не можеме да сфатиме дека за некои луѓе, во животот имало поголема вредност од тоа да јадат, да пијат и да „легнат“ нешто. Како што тоа го правеле оние кои Јанков ги видел во Софија. Патем, денеска на тие „софиските борци“ никој не се сеќава. А мртви се и тие, мртов е и Јанков. Чиј внук се гордее со него. Чиј внук е среќен што е негов потомок.
Е, сите тие луѓе, ние ги ставивме на маса. Ние преговараме за нив. Ние се ценкаме со нивните души, со нивната љубов, со нивните животи. Тие за нас станаа обична „спонзоруша“ за која се пазариме колку ќе не чини или колку ќе ни донесе. Зашто така ќе сме биле Европјани. Бањати. Инаку ќе сме биле „радикални националисти“. Бог да чува и да брани.
И што е најсмешно, знаете што е наградата за тоа? Потсмев, понижување, зашто и газдата кој плаќа да му завршите работа, не ги сака предавниците. Напротив. Ги презира.
Патем, токму таму некаде пред стотина години, Грците му ги однеле на школување во Атина двете деца на еден македонски предавник. Кому Гоце на два пати му ја простувал смртната казна, иако пиштолот на Ќосето веќе бил наполнет. Никој денес, сто години потоа не знае каде завршиле тие деца, откако татко им бил обесен од Турците на кои им го предале токму тие кои го платиле и му ги испратиле децата во Атина. Никој не знае ни за нивните потомци, ако воопшто ги имаат.
И повторно читам и слушам расправа за тоа дали Гоце бил Бугарин или не. Шутраци. Ние Гоце го ставивме на маса со зелена чоја. Ние преговараме за него. Ние од старт половина од Гоце изгубивме, наместо како порано, кога ние го имавме за себе и кога Бугарите го имаа за себе. Сега, од него направивме проститутка. И токму затоа Бугарите ќе го земат. Не затоа што бил Бугарин или Македонец. Не, туку затоа што вакви какви што сме, изгледа навистина немаме врска ни со него, ни со тие околу него. Кога од него ќе направите проститутка во излог, кога ќе му ги извадите оние неколку коски од саркофагот, зашто другите уште се таму некаде на брдото на кое стојат рушевините од Баница, и ќе ги ставите во употребена пелена најдена во контејнер, вие веќе сте се откажале од него.
И, тоа можеби не е ни чудно, ни трагично. Комично е. Откажувањето од тоа во што до вчера сте се колнеле е наш национален спорт кој подобро го играме дури и од ракометот. Ама комедијата станува грандиозна ако не сте свесни дека со тоа сте се откажале и од себе. Зашто Гоце живеел и умрел во своето време. Ама создал вредности. Не за Бугарите. Вредности без кои не сме луѓе, туку мивки. Европски, ама мивки. Па сега, кој е будала во таа приказна, оној великан од Кукуш и Баница или онаа мизерија која се откажала од сонот за да седи во меана со Јане, Васил… и сите други, навистина не знам.
Всушност, јас знам, ама ајде, останете ми со здравје, одам на по некое узо. Со еден Грк од Килкис кој за мене е од Кукуш. Зашто и тој секако знае кој е будала во приказната. Грк е, и човекот си се цени себе. А со тоа, ги цени и другите како него.
ИСУС
Но, ете, нека биде така. нека биде „Живот“. Европски. А не, Гоце па Гоце, мака ми е веќе од него. Ама се нешто си мислам, ете пак глупав гледам во историјата, ама многу поназад од 1903-та, што му требала онаа работа со крстот на Исус? Оти Гоце е наш, всушност не е наш, туку е на Бугарите, а заедно со нас историските Бугари, сегашни Северни, не не има повеќе од осум милиони, ама христијани има две милијарди. Што значи, работата со Исус е посериозна отколку со Гоце.
А тој пак, си ја имал Марија Магдалена, можел да ја има било која друга, впрочем тоа време и не е така чедно, башка можел од вода самиот да си направи вино, од еден леб – десетина, од риба – да наполни кошница. Печени? Е тоа не знам, да не претерувам. Ама, седнуваш во кафеана, нарачуваш вода, вадиш од торбата малку леб и остаток од риба – и ете ти. Имаш полна трпеза. Згора на тоа, тука му бил и Павле, па ако сакал да оди на плажа на Халкидики, ќе го однел во Филипи кај Кавала. Сега, тоа е некако на крајот од Халкидики, не ќе можел после да се фали на кој „крак“ бил, ама плажите и морето не се лоши и таму. Напротив.
И наместо тоа, наместо да се испазари со Пилат, па да стане Римјанин, односно Европјанин, од плажите на Кавала да замине и во Рим, центарот на тогашниот свет, тогашниот Брисел, Вашингтон, Париз, Москва, Лондон и Пекинг на едно место, заедно со својата моќ да прави чуда, да лечи, што му гарантирало долго, долго уживање во животот, тој го одбрал крстот. Е ај сега, по нашки, односно за Северна и тој е небањат будала, нели? Ама добро, гледате како „Животот“ е од полза не само за нас, туку и за целиот свет, расчистувајќи им ги дилемите на милијарди луѓе?
https://denesen.mk/kolumna-na-janevski-bugarinot-goce-i-severnata-budala-delchev/

_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Бугарите напаѓаат – ние молчиме
Од Панде Колемишевски
Настани, симболи, алузии
Како што се покачува температурата на воздухот, како што почнуваат да запечуваaт сончевите зраци, како што се зголемува утравиолетовото зрачење, така се вжештува атмосферата околу македонското прашање во бугарските високи политички кругови. Во ист интервал, во еден глас и безмалку со ист заканувачки тон се огласија двајца потпретседатели на Владата на Бугарија, истовремено и водечки министри во неа. Со изјави се појавија министерката за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Може да се верува дека нивните изјави не се поврзани со променливите атмосферски и климатски промени и, сигурно, не се резултат на метереопатското влијание врз функционирањето на мисловните процеси на наведените министри.
И двајцата јасно и гласно ги истакнаа црвените линии до каде може да оди поддршката што ѝ ја дава Бугарија на Македонија за идно членство во Европската Унија. Сега повлечени испрекинато, со можност на крајот да се спојат во една, која во даден историски момент ќе значи – не постојат Македонци, односно Македонците се Бугари. Така пишувало во нивните историски книги, тоа го кажувале старите документи зачувани во нивните архиви до 1944 година кога, според нив, Македонците се измислени од Коминтерната и од Тито. Ако новоименуваните северномакедонци (по грчки налог) не се согласат со наведениот факт, односно дека се Бугари, нема ништо од европска Северна Македонија.
Неоспорно е дека од денот кога почна да се развива македонската национална мисла за Македонците како посебен национален идентитет, во втората половина на 19 век, историјата и судбината на македонскиот народ се поврзува (била блиска, сродна, но никогаш истоветна) со трите клучни соседи: со Бугарија, Србија и со Грција. Фер е да се каже дека предничела Бугарија, каде што се образовале и творечки, растеле и созревале редица македонски политички и културни дејци, видни револуционери, дека таму било најсилно изразено револуционерното движење за ослободување на Македонија од Турците, движење што се простирало на целата територија на тогашна географска Македонија. Како што, од друга страна, е неоспорно дека истиот тој народ бил под нивна окупација, или поблаго речено под нивно владеење, ако зборот окупација е пресилен, а и не е во политичка европска мода. Не само меѓу Македонците, туку и меѓу самите постари Бугари постои емотивна поделеност околу минатото на Македонија. Едни ја сметаат за најтрагичниот дел од нивната историја, други за најромантичниот, но сите како жал за испуштената шанса за создавање голема Бугарија.
И двајцата министри, најверојатно незадоволни од работата на своите членови во заедничката комисија за корекција и приближување на учебниците по историја, јасно предупредуваат дека нема да прават компромиси што би биле во заедничка или македонска корист. Ниту за настани, ниту за личности, ниту со Гоце Делчев, ниту со Илинденското востание, ниту со кој било деец од тоа време, кој географски бил Македонец, а по националност се изјаснувал како Бугарин. Зафаќајќи го и делото на светите браќа Кирил и Методиј и на светите Климент и Наум се шири полето за антимакедонско дејствување и на планот на црквата, на сегашната Македонска православна црква. Познат е обидот за зближување меѓу двете цркви, но уште попознато е дека, по нечија сѐ уште непозната наредба, тоа најавено зближување преку формата мајка – ќерка беше експресно прекинато.
За волја на вистината, и Захариева и Каракачанов имаат еден куп аргументи со кои може да ја докажуваат бугарската вистина. За нивна волја и за волја на Бугарите воопшто не е спорно дека на цела територија на географска Македонија (и во турско и во српско) кај голем дел од населението било силно развиено бугарското национално чувство, како што во помал обем било развиено македонското, како посебно. Нема да сме искрени ако не кажеме дека во некои домови во денешна Република Северна Македонија сѐ уште се чуваат слики од свечените пречеци на бугарските војски во неколку наврати, искрено дочекувани со леб и сол, со цвеќе, со солзи радосници, нешто слично како што Бугарите ги пречекувале руските војници во нивните градови. Како што сѐ уште се чуваат скриени портрети на цар Борис, Сталин и на Тито.
Сегашниот офанзивен настап на толку високо ниво најверојатно не е случајно, како што не е случаен бизарниот повод за корекција и усогласување на учебниците од ниско експертско да се издигне на супер екстра политичко ниво. Целта, најверојатно, не е само да се искритикуваат нивните преговарачи, туку да се упати порака до македонските власти да внимаваат што прават и до каде може да одат со македонските барања. Таа задача, поткрепена со соодветна огнена артилерија, им е дадена на Екатерина Захариева и на Красимир Каракачанов, кои сега се поставуваат на првата борбена линија, за да се зачува премиерот Бојко Борисов, кој, според познатата политичка практика, ќе го има последниот збор, кој сигурно не може да биде различен од зборовите на неговите двајца хиерархиски најважни министри. Зад Захариева, правничка и поранешна адвокатка, не се влечат опашки за бугарски национализам, што не може да се рече за Каракачанов. Овој соработник на поранешната комунистичка бугарска служба за државна безбедност, сега претседател на бугарското ВМРО и министер за одбрана, го носи знамето на бугарскиот национализам, најизразен во тврдењето дека никогаш немало, ниту во иднина може да постојат некоиси Македонци како посебен народ.
Ако е дискутабилна историјата, не е дискутабилна сегашноста: и денес во Македонија има граѓани со бугарско национално чувство, има барања да бидат внесени во Уставот, да формираат здруженија, дури и партија и слично. Како што е факт, крајно неповолен за опстанокот на македонската нација, што близу сто илјади, претежно млади луѓе, денес се бугарски државјани, имаат бугарски пасоши со кои најдоа работа и се иселија во западните развиени земји. Тоа се факти врз кој може да се гради идното пријателство, а не тврдата теза дека Македонците се Бугари и дека сѐ во македонската историја е бугарско дело.
Не може да се одбегне впечатокот дека провокациите што ги прават деновиве се смислен обид да се сврти ситуацијата во нивна апсолутна корист, да се бара од Македонија речиси невозможното. Искрено речено, од тој аспект, во секој поглед Бугарија е во предност пред Македонија, благодарение, пред сѐ, на променетите геополитички состојби на Балканот. Додека во поранешна Југославија Македонија ја имаше силата, а Бугарија го имаше стравот, сега е обратно. Кај Бугарија е силата, а кај Македонија владее стравот. Но кога владата на Зоран Заев покажа силна волја за градење нови мостови на пријателство, кога врват две години од потпишување на Договорот за пријателство и соработка, каде што генерално се утврдени принципите на таа соработка, сегашните бугарски нервозни реакции не само што се претерани, туку може да се подведат под поимот непријателски и да се означат како обиди за дезавуирање, дури и уривање на постигнатиот договор. Тие не се во духот на договорот во која јасно пишува дека треба од двете страни да се одбегнуваат јаките зборови и црните пропаганди.
Ако при постигнувањето на договорот главната максима водилка и главниот принцип беа содржани во реченицата: „Не гледајте во минатото, гледајте во иднината“, прашање е зошто сега од бугарска страна зовриваат националистичките страсти. Дополнително е прашањето кому му треба отворената закана дека ако Македонија не прифати сѐ што бараат Бугарите за историјата ќе нема поддршка за влез во ЕУ. Изјавите на министрите навестуваат дека бугарската влада не само што ќе ја условува, туку безобѕирно ќе ја уценува Северна Македонија до последниот ден, до последната капка крв, фигуративно речено. Тие изјавуваат дека нема да прават компромис со вистината, заборавајќи дека секоја вистина има две страни, две лица, дека еден настан, една приказна има и десетина верзии.
Што прават македонската влада, нашите задолжени министри, панданите на Захариева и на Каракачанов, што прават нашите „видни“ интелектуалци, аналитичари и политичари? Не прават ништо, зашто нивните погледи се вперени во иднината, колку и да е далечна и нејасна самата таа. Како реагираат партиите? Никако! Заинтересирани само за власт, се има чувство како да им е забрането, како да се плашат да ги бранат македонските интереси, се чуваат да не навредат некој странски или домашен фактор, некој наметлив амбасадор. Што прават македонските медиуми, како реагираат на ваквите реакции? Премолчуваат, прескокнуваат, ублажуваат, далеку се македонските национални интереси од нивните лукративни интереси.
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/бугарите-напаѓаат-ние-молчиме/

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: За Стево Сидро-Македонецот, Гоце Делчев-Бугаринот и Исус Христос од палатата на Водно!
Таман помислив дека вчера-завчера сме го достигнале дното со Никола Димитров, кога ете го Стево Сидро во својство на президент (така е по бугарски, нели?) да ме демантира. Не можело подолу? Можело, можело. И да ни плесне в лице дека Гоце бил Бугарин. Што според него било „неспорна историска вистина“. И згора на тоа, согласно неговата позната селска ароганција, Стево Сидро да ни каже и дека таа „неспорна историска вистина“ била позната „за сите што имаат малку познавање од тој историски период“. Демек, ако мислите дека Гоце не е Бугарин, туку Македонец, тогаш немате ни малку познавања од тој историски период. Ве дисквалификува во старт. И тоа, ни помалку, ни повеќе, туку типот кој во дуелите со Силјановска паѓаше на стручност уште во 30-тата секунда. И тоа во неговата област. Во која е професор (што само по себе ве тера да викнете „зини земјо, голтни ме“, но…)! Замислете тогаш какви му се познавањата во оваа област која не му е специјалност, а во која веднаш ве дисквалификува. Ама ајде…! Но, ако му кажете, тогаш следи тоа што бедните пропагандисти го научиле да каже: „Ама ти си против ЕУ!“ Навистина?
И, ете, така, дојдовме до тоа дека за оние што немаат ни малку познавање од тој историски период, тука е Стево да ги просветли. Што му доаѓа нешто како Стево Исус. И сега, одново мора да се објаснуваме. Овој пат за Гоце и за неспорните историски вистини. Од што, рака на срце, човек овие денови нема време кога ни правосмукалка да вклучи. Не пак прозори со весници да избрише, оти тие за друго и не служат.
Но, за неспорната историска вистина, една и единствена, беше муабетот. И за Стево Исус кој „имал интензивна комуникација со луѓе кои се разбирале во таа работа“, па така утврдил дека Гоце бил Бугарин. Ама се борел за Македонија. Браво Стево!
Што само по себе е интересно. Арно ама, тие што се разбирале во таа работа (а тука сега спаѓаат и нашиот просветлувач и неговиот шеф од Муртино, познат нашироко по интелигенцијата, кој ни порача дека требало заедно да зрееме со Бугарите, наместо сами како што побара Бојко), можеби така просветлени не чуле и дека во „неспорните историски вистини“ секогаш може да има и нешто „спорно“. Што ги прави посебно интересни, бидејќи ем се неспорни, ем се спорни, ама Цуцуловски тоа веројатно подобро би го објаснил од мене. Јас ќе се задржам на следното:
Така, на пример, неспорна историска вистина е дека според Евангелието по Матеј, кој не е Матеј бидејќи никој не знае кој е, татко на таткото на Исус, Јосиф, е Јаков. Значи, Јаков е татко на Јосиф, а Јосиф е татко на Исус.
Но, според Лука, кој пак, можеби е Лука, а можеби и не е, бидејќи никој не знае кој е, Јосиф е син Илиев. Односно Илија е татко на Јосиф, а Јосиф е татко на Исус. Тоа отприлика значи дека, според логиката на Сидро, неспорна историска вистина е дека Јосиф имал двајца татковци – Јаков и Илија. Така пишува. Како и за Гоце дека е Бугарин. Како е можно тоа? Не знам, ете Стево Сидро и неговите гавази со кои имал интезивна комуникација, можеби ќе ни кажат нешто и за оваа „неспорна историска вистина“. Која е двојна. И, за која, да нема забуни, постојат пишани документи. Црно, на бело. Додуше тие се од вториот, а не од првиот век, но евангелијата ги има барем во 5000 копирани примероци. Рачно пишувани. Но, останува – еден човек, две вистини. Како и за Гоце. Ама Стево не стигнал до таму. Тој е уште кај првата. Како и викаше оној бугарски војник од еден наш стар филм на жената која се породуваше?: „Раждај жено, раждај!“. Ние би рекле: Зреј, Стево, зреј!“ Земи ги со тебе на зреење и Заев, Прада, оние осумте предавници, Љупчо… Ух ух, долг би бил списокот.
Или, неспорна историска вистина е дека по раѓањето на бебето, Јосиф со Марија и Исус избегал во Египет. Така вели Матеј, кој не е Матеј. Неспорна историска вистина пак, според Лука, кој можеби е Лука, а можеби и не е, е дека Јосиф со Марија и Исус не избегале од Ирод во Египет, туку од Витлеем дошле во Ерусалим и потоа се населиле во Назарет. Како е можно тоа? Ем во Египет, ем во Ерусалим. Мислам, Исус правел чуда, ама тогаш бил уште бебе. И пак, како е можно тоа? Не знам! Можеби знаат Стево просветлувачот и неговите „интензивни комуникатори“.
Неспорна историска вистина е дека според Марко, Исус молчи додека оди кон Голгота, а според Лука им вели на жените кои плачат крај патот, да не плачат за него, туку за своите ќерки. Па сега, зборувал Исус на патот кон распнувањето или не? А, Стево, што вели Вашата президентска светлост? Две вистини. Зборувал со двајцата разбојниците распнати на крст лево и десно од него или не? Рекол „Татко прости им, не знаат што прават“, или не? Тоа во три евангелија го нема. Ама има дузина научници кои тврдат дека и во она едно во кое тие зборови на Исус ги има, се дополнително вметанти, бидејќи во најстарите копии на тоа евангелија (по Лука кој…) ги нема. А, нема белким сега еден президент да ја побива Библијата со неколку „неспорни историски вистини“, иако се сомневам дека разбира нешто од неа за да може такво нешто да си дозволи.
Но, може да ја оставиме антиката настрана, зашто таа кај нас е забранета. Не би сакал поради навраќањето кон нејзе, шарените куртони пак да офарбаат нешто (не знам како на Грујо не му текна во рамки на Скопје 2014 со пари на оној што сега како попче си платил рекет, да постави статуа на Исус, на пример, на врвот на Триумфалната капија). Можеме веднаш да скокнеме многу векови подоцна. Па да видиме дека неспорна вистина е дека Јане се борел за Македонија, но и дека оној момент, кога се здружил со Младотурците, всушност се борел против Македонија. Како е можно тоа? Две неспорни вистини? Можно е!
Неспорна вистина е дека Крсте Мисирков е Македонец („За македонцките работи“) и тоа не во географска, туку во национална смисла, но неспорна вистина е и дека истиот тој Мисирков во 1914 година бара од рускиот министер враќање на Санстефанска Бугарија. Не знам дали се сеќавате каква хистерија, беснило, лудило, шизофренија ги фати оние од таборот на Велија, и не само нив, кога своевремено Зоран Тодоровски го промовираше „Дневникот“ на Мисирков во кој, тој се потпишувал како македонски Бугарин. А денес кога Стево Сидро го прогласува Гоце за Бугарин, молчат како… ај не е битно што. Но, за двете вистини за Мисирков зборував.
Неспорна историска вистина е и дека Лазо Колишевски и Киро Глигоров биле Срби, па Бугари, ама имаат документ и дека се Македонци. Коа е можно тоа? Три документи, три неспорни историски вистини. Можно е да има и четврта, ако не кај Лазо, тогаш веројатно кај Киро, од која произлегува дека тој се попишал и како Југословен. Во времето кога му ги вртеше страниците на Тито. Четири вистини? Еден човек? А, Сидро? Просветли не, заедно со твоите гавази, те молам, наспроти твојата една единствена „неспорна историска вистина“ за Гоце.
И не се само Киро и Лазо. Има еден господин од гевгелиско, обичен граѓанин на оваа држава, починат некаде пред 19 години, кого по 6 април 1941 година го регрутирала војската на кралска Југославија. Го пратиле, како Србин, на тромеѓето меѓу Југославија, Бугарија и Грција, да ја брани државата со четата со која командувал. Многу години подоцна раскажуваше:
„Одеднаш видовме како од полето доле се крева прашина. И слушнавме звук што татни. Потоа ги здогледавме германските тенкови. И војската. Кога видовме каква сила ни се приближува, едноставно ги фрливме пушките и се разбегавме.“
Сепак, подоцна бил уапсен и испратен во логор во Бугарија. Таму, нашиов Србин бргу би запишан како Бугарин во логорската книга и, се разбира, по тој основ ослободен. Истиот тој господин за себе велеше дека е Македонец. Така и ги воспитуваше децата. За разлика од оние што се чувствуваа како Бугари и кои своите деца ги воспитуваа како Бугари. Но, сакал тој господин или не, за него како и за илјадници други Македонци, како и за Киро и Лазо, има најмалку три историски вистини. Или, се сеќавате на оној страдалник, Петко Лисковски, чија служба во турска, бугарска и српска војска ја откри Жанета Здравковска. Ене ви го гробот во Битола, со надгробната плоча. Одете прашајте го човекот за вашата една и единствена „неспорна историска вистина“.
Ха, да не ја заборавам ниту „Ветераните на Илинден“ од Кочо Топузовски со близу 400-тини страници од кои преку 70 страници се документи и фотографии за илинденците кои барале пензија од федерална Македонија. Сите тие имаат документ дека биле Бугари и сите тие имаат „неспорна историска вистина“ над која самите, без принуда, се потпишале, дека се етнички Македонци. Во меѓувреме, многу од нив имаат и српска вистина. Лазар Светиев од Битола, Мара Ристоска од с. Глобочица, Ристе Петроски од Крушево, Петра Парески од Крушево, Петре Николоски од Журче, Демир Хисар, Ѓорги Николоски од Крушево, Наум Нешковски од Крушево, Васил Мицески од село Св. Тодоре, битолско, Стефана Крстески од Прибилци, Демир Хисар, Ваца Ајтова од Радовиш…. и вака можам до утре да го цитирам Топузовски, за стотици и стотици илинденци со по две-три-четири историски вистини. Ама, пак да повторам, Стево стигнал само до една.
А, всушност, проблемот е многу едноставен. Ниту еден историски факт не постои сам за себе. Тој има корелација со другите факти, со тие од истото време, со тие пред него и со тие после него, патем и со околностите во кои настанал и поради кои е таков. Тоа што Кутузов ја предал Москва на Наполеон, што е факт, не значи истовремено и дека е кукавица и предавник. Тоа што Тито го урнал мостот на Неретва, па потоа изградил нов, според една вистина која ја учевме беше генијалец, а според вистината на сведокот Коча Поповиќ, генерал и учесник во тие настани, само очајник кој прво презел еден потег (го урнал мостот), а кога видел дека згрешил, презел друг потег (изградил понтонски мост). И на крај, имал среќа, од сето тоа да испадне некаков трик со кој ги спасил ранетите.
Така е и со „неспорните историски вистини“ за Крсте Мисирков од 1914 година кој сметал дека дури и Санстефанска Бугарија е подобра опција за Македонија од нејзиното распарчување, така е и со неспорните историски вистини за Даме Груев (неговото писмо од есента 1903 година до бугарската Влада во кое бара интервенција во Македонија за да не се сотре „бугарскиот корен“), итн. Се има свој контекст, Стево Сидро, а така е и со твојата неспорна историска вистина за Гоце. И ако таа вистина можеш да ја ставиш во вистинскиот контекст, во ред (патем Бугарите нека ја ставаат во свој, кому му е гајле за тоа), а ако не си способен за тоа, тогаш, прости, ама ај шетај малку и не се мешај во работи за кои немаш врска. Зашто знаеш што би рекол Гоце денес за тебе и таквите како тебе? Всушност, подобро и да не знаеш… А и петок е. Човек може да си најде и попаметни работи од тоа да ти објаснува нешто што и онака за тебе е необјасниво.
А, патем, додека се занимаваме со ова, во мир, без никаква врева минува работата на Комисијата со Грција и бришењето на улогата на Грција во Балканските војни и во Граѓанската војна. Фино! Што мислите, зошто Бугарите имаат потреба така нападно да даваат изјави изминатиов период?
https://denesen.mk/kolumna-na-janevski-za-stevo-sidro-makedonecot-goce-delchev-bugarinot-i-isus-hristos-od-palatata-na-vodno/

Ај да рушиме власт бе, пеер!
Кај си бе, пеер? Еве бе, пеер! Што наваму бе, пеер?
И јас бе, пеер, малку низ колумна, гол да ти шетам.
Океј бе, пеер. А ти, пеер, што правиш?
Фарбам шахти бе, пеер!
Зошто бе, пеер?
СВОЗ-акција под паролата „Гомната го возвраќаат ударот“ бе, пеер.
Чекај малку, пеер, може да прекинеме со ова, пеер, пеер?
Народски говор бе, пеер. Карактерна особина бе, пеер.
Може, пеер, да се навреди некој педер.
И тоа што викаш бе, пеер. Може рекет да ни удри, а пеер?
Не бе, пеер, за рекет требаат неколку криминалци, суетен новинар и нека прости ЛГБТИ-заедницата, еден обичен педер, бе пеер..
Па, јас и ти, пеер, сме неколку криминалци бе, пеер.
А суетен новинар бе, пеер?
Кљај ште бље, пљедерљчина?
Еј, пеер, еве и суетен новинар бе, пеер.
Сега ни фали само, нека прости ЛГБТИ-заедницата, уште еден педер.
Хелоууууу, здраво бебо, здраво цуци, здраво маци!
Еве, пеер, сега имаме и, нека прости ЛГБТИ-заедницата, прав педер.
Е па ај да рушиме власт бе, пеер!
Ајде бе, пеер!
И четворицата седнаа да коваат план како да ја срушат власта. Но тоа е заплеткана приказна. Шерлок Холмс, Херкул Поаро и Остин Пауерс не можат да ја отплеткаат. Оти неколку криминалци, суетен новинар и нека извини ЛГБТИ-заедницата, еден педер, ти е гадно злосторничко здружување. Потребен е маж да замавне со својата мудрост за да го раскине овој злосторнички Гордиев јазол. Тоа мажиште мора да и црпнато лично од бога. Да има нечепната жичка. Додека оди и дише, жими деца, никој жив нема да може да смени нечие име или идентитет. Тоа мажиште треба да знае да фрли сидро за да заплови бродот побрзо. Да донесе живот. Да има датум во рака пред воопшто да има датум во рака. Да го направи здравството бесплатно низ цела Европа. Пред него да треперат Илон Маск, НАСА, „Мајкрософт“, „Гугл“ и „Фејсбук“. Да сјае, како сонце да блиска. Да ја донесе вистината. Ете, само таков може да се справи со злото. И би таков.
Замавна со невидливиот меч и со една реченица од својата мудра уста го разби злосторничкото здружување. Таа реченица ќе одекнува до вечноста и назад. Не може неколку криминалци, еден суетен новинар и, нека прости ЛГБТИ-заедницата, еден педер, да ја срушат власта во земјава. Ете ја реченицата. Праведна како Десетте Божји заповеди. Силна како грмушката што гори и не согорува. Помудра од мудроста Соломонова. Реченица што сите идни генерации ќе ја носат во срцето. Реченица што ги руши сите проблеми и неправди. И така започна заевјанството, новата и единствена религија. Вистинскиот пророк, кој со една реченица ги збриша сите еретичките учења. Секој што ќе ја изговори светата реченица на заевјанството може да реши секаков проблем. Еве и примери:
Тато, тато, учителот ми рече дека сум катастрофа за математика.
Не може сине, група криминални броеви, една суетна математика и, нека прсти ЛГБТИ-заедницата, еден наставник педер да те спречат да знаеш повеќе од него.
Попусто човече симнував ѕвездите, ниту ме сака, ниту ми дава.
Нема веројатно да дозволиш група криминални соѕвездија, една суетна кучка и, нека прости ЛГБТИ-заедницата, некој педер што она го сака, да ти ја сруши намерата да ја легнеш.
Мамо, мамо, онаа што се прави најпаметна од сите, кога ќе речам дека сум северџанистанче, ми вика дека северџанистан е зомбифициран фетус од успешен абортус на фригидна жена оплодена од импотентен маж и уште ми вика дека зомбифицираниот фетус сме ние северџанистанците, фригидната жена е нашето заевјанство, а импотентниот маж е меѓународната заедница.
Не може некоја група криминогени Македонци, еден суетен колумнист во чија колумна сега се наоѓаш и, нека прости ЛГБТИ-заедницата, една вообразена осмодоленка педер, да ти ја сруши идејата дека ти си северџанистанче, кое НАТО го брани, а ЕУ го храни.
Така е, НАТО нè брани, ЕУ нè храни. Ама заевјанството нè направи надлуѓе. Неговата света реченица е сидрото што фрлено, побрзо го движи нашиот брод низ океанот на секојдневието. Само една зла сила се обиде да го изгори нашето безгрешно заевјанство. Тоа проклето сонце и неговите злокобни шеснаесет краци. Сакаше да нè изгори. Ама ние го сотревме. Не може група криминални зраци, суетен Кутлеш и, нека прости ЛГБТИ-заедницата, едно педерско сонце, да ни ја сотре божествената сила на заевјанството. И така последната опасност беше изгребана, премачкана, избришана, па затоа сега блескаме.
Чекај малку бе, пеер, а „Рекет“?
„Рекет“ е мит, приказна, урбана легенда. Нашиот блескав лидер често се фаќаше за рекет. Сакаше да игра тенис. Партнер му беше една Ката. Честопати со себе земаа еден Боки. И тоа само од милосрдие. Но, тој не сакаше тенис, цело време малтретираше за пенис. И сакаше да блеска како цар. Да му ја симне круната на нашиот лидер. Педерска работа. А таа работа те прави суетен. Суетата те внесува во криминал. И овој Боки го украде тенискиот рекет на лидерот и го однесе кај група криминалци. Во една бела палата. Таму му ветуваа дека ќе го прават принц. Тие криминалци го дадоа рекетот на еден суетен Русин, на еден најсуетен Путин. И тој го претвори во телефонски разговори. Па ги даде на еден италијански Циган што се преправаше дека е новинар. И така обичниот тениски рекет подаден од милосрдие се претвори во лажен криминален рекет.
И што се случи?
Ех, што се случи? Правдата победи. Нашиот безгрешен лидер ја употреби блескавата реченица. Па не може група криминалци од бела палата, суетен Русин и, нека прости ЛГБТИ-заедницата, еден италијански педер да ја урне блескавата власт. И судот, ЕУ, НАТО и американската амбасада го земаа тоа како крунски доказ за блескава правна држава и безгрешна власт, зашто, јасно е како ден, не може тие да постават и менаџираат корумпирани власт и судство кои се поставени да го спасат светот од злокобното сонце и неговите краци, бришејќи цел еден криминален, суетен и педерски народ.
александар Русјаков
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/ај-да-рушиме-власт-бе-пеер/

Pak prskale so aluminium, a Rusjakov kako shto e glup stoel na otvoreno.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
Super status na Kabranov.
Да потсетам за времињата кога за бенигни веќе објавени од поодамна текстови тужеа и добиваа од позиција на власт…
Во 2006 кога Груевски стана премиер ги назначи неговиот братучед Сашо Мијалков за прв човек на ДБК и другар му Љупчо Тодоровски за директор на Биро за јавна безбедност. Колегата Љубиша Арсиќ со кого тогаш работевме во ТВ Канал 5, направи за вестите портрет за нив, односно што во медиумите има пишувано за нив во претходните години.
Веднаш се огласија двајцата со кривични пријави за нас двајцата, демек сме ги клеветеле (клеветата не беше декриминализирана). Јас бев на одмор и таму ме најдоа тогашни весници на МПМ за коментар зошто сме клеветеле, ЗНМ НЕ БЕКНА, МОЛЧЕА. Завршивме на суд и јас и Љубиша. Во меѓувреме Тодоровски ја повлече кривичната пријава а Мијалков тераше до крај. Судијката на крај мене како главен уредник ме ослободи а Арсиќ го осуди на 5 илјади марки мислам беа тогаш, иако во текстот беа извадени цитати за нив од Дневник и уште неколку медиуми, но тоа не беше уважено од судијата.
Ова го пишувам, не да бранам или напаѓам околу сегашниве закани за тужби на новинари, но само да потсетам на тие времиња кога за бенигни веќе објавени од поодамна текстови на кои тие не тужеле, од позиција на власт новинарот беше осуден. Казната, се снајдовме, новинарот му ја плати на Мијалков.
Добро е што се сега други времиња, клеветата е декриминализирана, но ми пречи што тогаш еснафот молчеше скриен во глувчешка дупка а сега скокаат уште на не докрај расчистено, клевета ли е, или не е, што објави порталот Инфомакс. ОК да браниме, ама што ако испадне лажна вест. ЗНМ, МАН, АВМУ веднаш скокнаа – тужење не, а ако испадне напишаното лага тогаш што, така ли ќе се бориме против лажни вести сега.
Јас секогаш сум бил за слобода на говор, затоа и застанав зад новинарот Арсиќ тогаш оти тоа што во портретот за нив беа објавени, беа вистинити работи, но нема да подржам објавување лаги ако се докаже дека истото биле измислици.
Ацо Кабранов – Фејсбук статус
https://www.libertas.mk/da-potsetam-za-vremi%d1%9aata-koga-za-benigni-ve%d1%9ce-ob%d1%98aveni-od-poodamna-tekstovi-tuzhea-i-dobivaa-od-poziczi%d1%98a-na-vlast/

TRAJCHE- Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20
Re: Интервјуа и колумни
Во 2006 законот дозволуваше за клевета на функционери да гони обвинителството. ВМРО ја декриминализира клеветата. Во 2006 веќе беа евра. Имаше гонења и пред 2006, но тогаш беа гонети тие што пишуваа против СДСМ затоа што тие беа власт. Лажни вести ширеше инаку и самиот Заев. На пример дека нема да се менува уставното име, дека ќе се изградат 400 километри автопатишта и слично. Па и ако излаже и некој новинар нешто против власт што лаже не е голем грев. Владини функционери обично избегнуваат да тужат новинари. Има други начини да докажат дека се во право, посебно ако како што е случај сега кај нас власта има контрола над правосудниот систем.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
трендафил напиша: Па и ако излаже и некој новинар нешто против власт што лаже не е голем грев.
Ne treba da ti objasnuvam kolku golema glupost si tresnal neli?
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
Замајувањето дека во 2006 година имало тужење на новинари затоа што тоа го дозволувал законот кој во мешувреме е сменет не од оваа власт, туку од божем режимот, не значи дека треба да се заборави чекорот напред во демократизацијата што го наследи оваа власт. До каде сакате да се врати демократијата. До 2006та или до 1946 кога СДСМ испраќаше луѓе во концентрациониот логор Голо Оток за обвинување дека некој рекол нешто против власта без истото да се докаже.
За жал што и да се напише против оваа власт излегува дека е вистина на крај. Тоа го разбираат и глупавите што не се во СДСМ. А паметните СДСМовци не можат да го разберат. Тие уште мислат дека минатата година сме добиле датум за почеток на преговорите со ЕУ.
За жал што и да се напише против оваа власт излегува дека е вистина на крај. Тоа го разбираат и глупавите што не се во СДСМ. А паметните СДСМовци не можат да го разберат. Тие уште мислат дека минатата година сме добиле датум за почеток на преговорите со ЕУ.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Koe zamajuvanje? Toa so koe se obiduvash da ja relativizirash gluposta shto si ja napishal a jas ja citirav?
P.S. A se sekjavash kako tvojot lider Vanche go ubivashe sekoj koj se deklarirashe kako Makedonec?
P.S. A se sekjavash kako tvojot lider Vanche go ubivashe sekoj koj se deklarirashe kako Makedonec?
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
Ајде да се обидам да ти објаснам што сум мислел со тоа што го напишав на попрост начин во надеж дека ќе ме разбереш. Поголем е гревот на политичарите од власта отколку таа на опозиционите политичари. Да не зборувам за опозиционите новинари. Ако за тебе имаат иста одговорност Заев и новинарот на Инфомакс, треба веднаш да ја урнеме власта. Новинарот можам да го прочитам или да го игнорира, Премиерот не можам. Поради тоа што имаме предавник премиер и јас живеам во Северна Македонија, не смеам да го истакнувам Сонцето од Кутлеш што е етнички симбол на мојата етничка заедница и морам да трпам еден куп други понижувања само затоа што сакам да си останам Македонец каков што сум бил и какви што биле моите предци.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Zoshto mislish deka jas imam neshto protiv tvojata seksualna opredelba i mi prechi da go istaknuvash tvojot simbol? Mi prechi toa shto se obiduvash toj simbiol shto nikogash nitu bil nitu kje bide simbol na makedonskite patrioti se obiduvash da go nametnesh na celiot makedonski narod.
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
трендафил напиша:Ајде да се обидам да ти објаснам што сум мислел со тоа што го напишав на попрост начин во надеж дека ќе ме разбереш. Поголем е гревот на политичарите од власта отколку таа на опозиционите политичари. Да не зборувам за опозиционите новинари. Ако за тебе имаат иста одговорност Заев и новинарот на Инфомакс, треба веднаш да ја урнеме власта. Новинарот можам да го прочитам или да го игнорира, Премиерот не можам. Поради тоа што имаме предавник премиер и јас живеам во Северна Македонија, не смеам да го истакнувам Сонцето од Кутлеш што е етнички симбол на мојата етничка заедница и морам да трпам еден куп други понижувања само затоа што сакам да си останам Македонец каков што сум бил и какви што биле моите предци.
Зрел си за специјализирана установа. Според ова што си го напишал поголем грев е ако политичар од власта на пример прегази човек на пешачки, но ако тоа го направи политичар од опозиција тогаш тоа е помало злосторство. А ако истото го направи новинар наклонет на опозицијата како ништо да не се случило. Секое прекршување на моралните и етичките норми како и законите, без разлика на статусот на сторителот и дали е направено од позиција на власт или од позиција на опозиција има иста тежина. Побарај помош додека е време.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Интервјуа и колумни
Zaev ova treba da go procita taka i da raboti.
Ако сака Заев Северна Македонија да добие столче во НАТО и ЕУ до корен да го искорне троскотот !
Никако не ми е јасно кои ги „мати“ водите во оваа наша Северна Македонија. Кој „буричка“!. А, во неа може навистина убаво да се живее. Се чудам. Знам дека Заев и Владата го водат „орото“. Запад вели добро го водат. За се Заев , Шеќеринска, Манчевски, Дескоска, Ахмети и сите други министри „отчет“ даваат. Но, никако не можам да разберам кој „командува“ со „патриотите“.
Само неколкумина, со нивните двацјца „телали“, секоја вечер, од името на ВМРО-ДПМНЕ, се едни исти постојано иста песна пеат. Заев да си поднесе оставка. Владата да падне и да се распишат предвремени парламентарни избори. Ако небива тогаш блокади на патиштата од лозарите, оризарите, а наставниците или зголемени плати или нема настава. Како опозиција имаат право. Но, што е многу многу е. Половина од она што го кажуваат е лага. „Асaлен“ збор не кажуваат. Оризот уште е на нива, а оризарите бараат цена. Лозарите грозјето треба да го продадат на винариите, а тие преку штрајк бараат и повисоки цени и субвенции. Наставниците бараат покачување и тоа со право, но државата нема. Од каде. Тоа не е важно. Важно е да се „крека“. Да им се наредува, ако треба и заканува, на партиските војници, да негодуваат. Иако не е така. Сеедно. За нив се што работи Заев е најцрно. Со немири сакаат да го натераат народот да ги заборави злосторствата што ВМРО-ДПМНЕ ги направи за единаесетгодишното владеење. Да ја заборави диктатурата, затворите, стравот во коските. Но, почудно е што никако не може да се разбере кој ги „лансира“ тие лаги. Кој го прави тоа сценарио. Грујо ли!. Пред народот освен “гласниците“ се јавуваат уште неколкумина, кој мораат да „крекаат“ зашто имаат кривични пријави и кој чекаат кога судот ќе ги испрати на „заслужен“ одмор во Шутка или Идризово. Не за ништо туку за арамилак или за тероризам. Убаво знаат тие зошто. Им „жеже“ под нозете. Мислат дека со лаги ќе го убедат народот дека, ете, заевистите ги мразат и сакаат да ги испратат во „ќорка“. Мицко „крекаше“, „крекаше“, па го снема. Се измори или за сето она што на „чесен“ начин го спечалил со хидроцентралите си „легна на брашното“ и си рече: „молчењето е злато“. И Николовски нешто го нема, а беше толку многу грлат. Го нема и Јанушев. Димовски чат-пат ќе се јави памет да соли, а доживотниот пратеник Ѓорчев ќе го нема, нема, па, еднаш или двапати во годината, ќе се јави не за друго туку да им каже на своите дека е „жив“. Но, како и да е. Значи со ВМРО-ДПМНЕ раководат еден грст од „врвот“. На „клепките“ да се обесат и до утре да докажуваат нема никого да убедат дека за сето она што го „лаат“ и против Заев и против Северна Македонија , не се „директивите“ од Грујо. Членството е „маша“. Кој ги праша партиските војници?. Па тие се само да слушаат, да одат на митинзи, да се против она што нечини и против она што чини. Тие не треба многу да мислат. Памет не им е потребен. Само напред да одат. Од нив друго не е потребно.. Со ВМРО-ДПМНЕ командуваат еден „грст“ “најмудри“ и желни за влас, заедно со „вождот“, од кого ги добиваат наредбите.
Неправедни би биле ако не кажеме дека состојбата во Северна Македонија не е добра. Господ грев ќе ни пише. Не велиме и дека Заев и неговите не направија грешки. Можеа барем од она што ветија половина да исполнеа. Капата долу. Тука ја „утнаа“ работата. „Гладна вошка додека не пукне од цицање, не ја напушта фотељата“. Да, токму така. Заевистите дојдоа гладни. „Кога можеа да крадат вмровците зошто ние да не можеме!“. Таа им беше девизата. Но народецот не молчеше. Го крена гласот. Тој глас дојде до Заев. Се најде во „небрано“. Ја зеде „метлата“ и смете двеста,триста. Но, работите и понатаму не чинат. Треба да се „сметат“ уште толку и на нивно место да се постават чесни. Сите „чесни“ судии, ако не им дојде паметот, леб нека си бараат во странство, како многу лекари, медицински сестри, молери, конобари и кои ли уште не или и понатаму да си го чекаат Грујо. А за него ќе треба многу долго да чекаат. Но на Заев, како бел ден, мора да му биде јасно, ако сака Северна Македонија да добие столче во НАТО и ЕУ, мора до корен да го искорне троскотот. На сите „доушници“, вмровци, кој сеуште седат на убави фотељи, да им го покаже патот. Друг лек нема. Лекот е тој.
Стоилко Андреевски
https://www.libertas.mk/ako-saka-zaev-severna-makedoniјa-da-dobie-stolche-vo-nato-i-eu-do-koren-da-go-iskorne-troskotot/

Сјајно напишано, браво за авторот.
Преку такво ни е веќе, алооо…!!!
September 8, 2019
“Си мислам, јас сум од една проклета генерација која цел живот беше све у некои транзиции, те ни уведуваа усмерено, те војска 14 месеци, те приемни испити за факултет, па и Тито ни умре, и Анте Марковиќ нѐ подлажа…
И братство единството го ебавме, се испозаклавме ко ќурки за божиќ, три пути знаме мењавме, преживеавме и приватизација и трансформација и демократизација и институционализација, ја пројдовме секоја – ЦИЈА што ја смислил светов. И школи завршивме, и деца изродивме, и од таа заебан–ЦИЈА никако, бре да искочиме.
Дваесет и кусур години држава кобајаги правиме. Те едни, те други на власт. Едните бетер од другите! Како бе, не се погодија некои што си ја сакаат државава појше од својот џеб??
Како бре, не се родија такви што ќе речат, Ееееј, ми дадоа моќ, ми дадоа сила, сега му е мајката да му помогнам на мојот народ! Да си ги остварам соништата ко се замишљав Блек Стена, Командант Марк, Бошко Буха, Супермен?
Да оставам нешто позади да речат, еееј, господ здравје да му даде на овој, што јунак беше…
Како бе, срце не ви плаче да си го гледате народот да ви чепка по канти, да ги гледате децана у училници со ќумбе на дрва, магариња и коњи по булевари да ви шетаат со вреќи за стара пластика?
Како бе, хохштаплери едни, и бивши и сегашни, ви се живее у 18 век кога цел свет влага у 22?
Не ли ве фаќа мерак нешто добро да направите, да си го видите народот стокмен, дотеран насмеан, редици да чекаат за театар, а не за у народни кујни у дупнати гумени чизми?
Да му дадете крилја да работи, да учи, да ствара, да раѓа, да гради… Да не оди со свиткана глава у странство, налепници по коли да му лепат, да му е ќеф химна ко се свири и знаме ко се вее.
Од што фамилии искочивте мамицу вам јаречу, што васпитање добивте за да преварите, украдете, да заебете?
Не ли ви е срам од родителите што ве створиле и од децата што ќе ги стварате?
Како бе, не си го сакате ова парче земја, со кола за два саата се поминува, рај на земјата да стане… до кога бе нас ќе ни бидат криви комунисти и патриоти, Турци, Бугари и Грци и марсовци?
И странски служби и домашни предавници?
Аман бре, преку такво сте ни сите Куртовци и Муртовци, ќе дојде ли ден кога сонце ќе нѐ огрее, а да не е само на знамето, кога нема да прашуваме дали комшијата е Албанец или Македонец, дали е геј или стрејт, туку дали е дома за да го викнеме на скара…
Кога ќе дојде ден кога нема да имаме појма кои ни се министри пошто ич нема да ни е гајле ни како се викаат ни како изгледаат…
Аман бре, и едни и други, од што пластелин ве праат ич око да не ви чуе да ве пљукаат и колнат по весници и портали. Ај децата од дома што си ги избркавме, па и ние ли да бегаме на овие години? Сакате ли прикаски на правнуците да им кажуваме „си беше еднаш една Македонија…“?
Преку такво ни е веќе, алооо…!!!”
Авторот непознат но делото заслужува да се сподели бидејќи е од Некој со Свој Мозок….во еден текст ја кажа целата суштина и навистина ПРЕКУ ТАКВОТО НИ Е!!!!

Другарчиња, вие самите го отфрливте македонизмот и сега се чудите зошто Софија ве натрти!
Молам грубата дума од насловот на овој текст да не ми се есапи за лутина, разочараност или за страв дека Европската унија нема да ни даде датум да почнеме да преговараме. Напротив, јас, како и премиерот Зоран Заев, сум оптимист дека ќе го добиеме тој датум. Но, тоа што претседателот Стево Пендаровски го препознава како француски предлог за подобрување на „методологијата“ и на „критериумите“ за преговарање ќе биде она со што биде придружен датумот – многу услови, домашни задачи и силен мониторинг. Тоа веќе го предвидов: едно „да“ со многу „но“. И јас ќе се радувам токму на таквата добивка, бидејќи таа ќе значи позитивен притисок вие, другарчиња, да почнете да работите подобро, поодговорно и попосветено. Добро, три дена ќе славите и потоа четвртиот ден ќе ви преседне.
Исто така, токму како и премиерот Заев, јас сум убеден сум дека Бугарија нема да ја блокира одлуката за датумот и дека проблемите кои ескалираа во последно време во односите меѓу Скопје и Софија можат да се надминат. Затоа и апелирам сега, кога во Бугарија најамбициозно се исцртуваат црвените линии на оспорување на македонизмот, ние од Македонија до нашите браќа Бугари да им испратиме пораки на пријателство и на спокојни очекувања од иднината.
Знам дека ова ќе прозвучи малку нелогично и троа и лигаво, но одлучно тврдам дека Бугарите не се виновни за ваквиот неповолен развој на настаните. Не, вината треба да се бара тука, кај нас во Македонија, кај другарчињата, кај Заев и кај неговата пропагандна машинерија. Ете затоа ним им се обраќам и оттаму и онаа грда дума во насловот.
Невидено лудило!
Да, другарчиња, вие самите го отфрливте македонизмот и нема зошто да им се лутите на нашите соседи и пријатели во Бугарија, во Грција, а утре можеби и на оние во Србија и во Албанија. Да да, нема да ви дозволам да избегате од за вас срамната вистина дека се откажавте од македонското име и тогаш кога не моравте, кога никој со ништо, со ниту еден меѓународен договор, вклучувајќи го и овој најновиов, Преспанскиот, не ве обврза на такво нешто.
Да појдеме од клучниот факт. Вие и вашата пропаганда упорно тврдите дека нашето ново службено име запишано во Уставот – Република Северна Македонија – мора папагалски да се употребува во секојдневните настапи на државните функционери, дури и од оние со најнизок ранг, во медиумите и во секојдневниот живот на обичните луѓе. Па тоа е комплетна лудост! Одговорно тврдам дека нема земја во светот во која постојат такви правила и узанси. Во една Германија, на пример, лингвисти водат расправа за тоа како да се преведе нашето ново официјално име, а кај нас недоучени будалетинки од Владата, некои и без завршени факултети, решаваат како, во кој обем и на кои неслужбени нивоа новото име ќе се употребувало кај нас. Па дали сте вие нормални?
Вам, на пример, не ви паѓа на ум следново: ако веќе не можете да го сфатите фундаменталното јазично правило дека именката Македонија е основата на сложената фраза Република Северна Македонија (толку сте писмени), вие имате уште една одлична можност да го скратите официјалното име на нашата земја, на ист начин како што тоа било правено во минатото, не само со официјалното име на нашата земја, туку и со името на нашата некогашна југословенска федерација. Се сеќава некој на СР Македонија и на СРМ? Или на СФР Југославија и на СФРЈ? Што пречи официјалното име на нашата земја да се скратува на РС Македонија?
Долго време одбивав да поверував во нешто што можеше да се насети, но веќе не можам да мижам и да молчам, па ќе кажам отворено – знам што ви пречи и знам што сакате да постигнете, другарчиња. Вам ви пречи името Македонија и сакате по секоја цена да го „посеверчите“! Отидовте до таму што се осмеливте целата македонска историја пред Преспанскиот договор да ја именувате како „историја на Република Северна Македонија“. Ретроактивно! Па така добивме комити и партизани што се бореле „за слободата на Република Северна Македонија“. Мојот дедо во 1941 година загинал за таа ваша Република Северна Македонија?! Невидено лудило! Вие или сте презеле некакви тајни обврски да го уништите македонизмот – о Боже, па зарем и на тоа треба да помислуваме?! – или дефинитивно сте се мрднале од умот…
Вашиот непростив грев
Кога во еуфоријата пред и по склучувањето на Преспанскиот договор, пред и по референдумот, некои накадарници пишуваа дека Македонија пред вас, пред Преспа, треба да умре, заедно со сите нејзини атрибути (заедно со своето историско име, со придавката македонски, со химната, со Гоце, со Јане, со сите свои референци што асоцираат на националната самобитност на овој народ), за потоа да се прероди во некоја друга Македонија со нови атритути (северџански атрибути, ебаго, да си кажеме право!), јас мислев дека станува збор за вербална онанија на два-три исфрустрирани лика од социјалните мрежи, кои така се додворуваат за да ја освојат позицијата на почесен дворски шут на Илинденска бб. Ама не било тоа. Брзо видовме дека таа онанија станува доминантна доктрина на вашата официјална пропаганда, другарчиња. На националистичката парола „Никогаш северна, само Македонија“, вие одговорите „Нема Македонија, има само северна“.
Тоа е таа страшна вистина, тоа е вашиот непростив грев, другарчиња!
Тоа е грев за кој нема никакво оправдување во Уставот, во меѓународните договори на нашата земја, во правниот поредок во целина и во политичката идеологија на сите наши политички партии, вклучувајќи ја и вашата, абдали едни! Ако не е така, тогаш треба веднаш партијата да си ја преименувате во Социјалдемократски сојуз на Република Северна Македонија, или скратено – СДСРСМ! А со тоа што ќе речам дека тој грев е последица на вашата недугавост (убаво проучете го значењето на овој збор!), јас ви правам голема услуга, другарчиња, услуга која со пари и со привилегии не може да се плати, бидејќи ви креирам алиби за сите други можни мотиви за ова самоубиствено поткопување на темелите на македонизмот, на кое се дрзнавте.
Да си ги сфатите заблудите!
Е кога веќе се дрзнавте, зошто тогаш им се лутите на Бугарите?
Договорот со нив, барем декларативно, беше пријателски, братски – да ја делиме историјата, односно да се согласиме тие да преземат дел од историјата на Македонија, да го сметаат тој дел за свој, колкав и да е и колку и да е романтичен. А од порано е кажано (од бугарскиот претседател Петар Стојанов), Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја! Нејсе, кога видоа луѓето во Софија дека вие сте се подзбудалеле, другарчиња, дека самите се откажувате од името македонско и ги отфрлате македонизмот и неговите клучни наративи, тогаш сфатија дека имате мек стомак. Разбра Софија дека своите црвени линии може да ги исцрта не со перо, туку со дебел фломастер, задавајќи ни така силен удар сега, кога ни е тешко, а особено утре, кога ќе ни биде уште потешко.
Ете, тоа го направивте вие, другарчиња. Вие, а не Бугарите! И затоа, без отровни стрели кон Софијанците, ве молам!
Не знам јас точно каква методологија и какви критериуми ни смислуваат Французите и што ќе се договорат Макрон и Меркел. Се надевам дека нешто добро ќе излезе за нас од тие нивни разговори и убедувања. Но, знам каква методологија ни е неопходна за да се справиме со нас самите, односно вие, другарчиња, да се справите со себе самите, со своите заблуди и секако со перјаниците на вашата пропаганда, кои ви прават мечкина услуга и кои му нанесуваат огромни штети на македонизмот. Има бре да си седнете, да си повторите историја од петто до осмо основно (има таму и некои глупости што ќе ги прескокнете, се разбира), има да сфатите дека не сме дрво без корен и има да престанете со овој ваш идиотски идентитетски инженеринг, кој со право го нарекуваат северџански. Тој е исто толку штетен колку античкомакедонскиот идентитетски инженеринг на заблудениот Никола Груевски!
Колку побрзо го сфатите ова што ви го кажувам, толку подобро за вас. Ако послушате, можеби ќе изградите некаква позиција за малку посериозни разговори со Бугарите. Па Софија нема вака да ве трти, да простите… Ако си ги сфатите грешките, можеби ќе можете да се појавите на изборите со надеж за успех. Немојте да си се доведете во најглупавата можна ситуација овој народ да избира меѓу Македонија и Северна.
Сега знаете шчо напраифте и шчо треба да напраите за однапред!
https://plusinfo.mk/другарчиња-вие-самите-го-отфрливте-ма/

Јазовецот Герасим
пишува: РИБАРО
Во една земјата од приказните, таму долу на северот од југот, живееше јазовецот Герасим. Герасим беше јазовец во за јазовец бааѓи одмината средна доба, секогаш добро зафатен, никогаш добро прифатен.
Имаше тој така една за јазовец грда дијагноза која во зејата ја нарекуваа его-еб и ја сметаа за сериозна болест, иако не беше животозагрозувачка за пациентот. Герасим таа болестси не ја третираше за болест, туку за уникатна карактерна особина на која тој всушност беше горд. Свесен за својата состојба се навикна и живееше во една средина опкружен со слични, но помали екстремни егзамплери со его-еб дијагноза.
Но, Герасим кроце-покроце го зафати крајната фаза на болеста што кулминираше со апсолутна изолација манифестирана со страшна вербална онанија, која беше резултат на силни фрустрации од неуспешни додворувања. Герасим јазовецот, отсекогаш сакаше да се наметне како кројач на јавното мислење во земјата од приказните. За негова жал, освен во својата глава, тоа никогаш не успеа да го постигне.
Иако неважно за приказната, но политичката состојба во земјата од приказните тогаш конечно имаше зафатено еден правец и курс што другите земји од приказните конечно почнаа да го препознаваат. Земјата на северот од југо излегуваше од изолацијата која им беше наметната со векови, а јазовци како Герасим беа престрашени од таквата состојба и од таквите нови текови, зашто тој во една таква нормална и прогресивна средина, не знаеше добро да гризе и да се снаоѓа.
Залихите од некакви минати заслуги (кога Герасим бил на почетокот од својата кариера важел за добро професионално поткован и итар јазовец), како резултат на дијагностицираниот его-еб, сè повеќе и се побргу почнал да ги троши. Колегите кои порано го поздравувале со една доза на респект, почнале да го избегнуваат и заобиколуваат. Уште тогаш се наѕирале симптомите на его-ебот, но нејсе…
Беше сам.
Ги мереше сокаците затскриен во сенките од околните згради и секогаш завиткан во стариот капут од минатите достигнувања. Веќе и тој капут беше премал за да ги скрие ефектите од его-ебот кој навлегуваше во сега веќе загрижувачка фаза од која нема враќање. И во минатото Герасим знаеше да прави ментални луфтирации, кои резултираа со промена на неговите мислења во правци сосема спротивни од тоа што претходно кажал, но тогаш тоа му се земаше и се сметаше за сосема нормална промена на ставови за еден самосвесен и прогресивен јазовец, за каков што важел Герасим на времето.
Сега веќе кога успеа да ги протурка сите можни его комбинаторики и кога не му остана ништо повеќе за што може да ги врзе само за него разбирливите тези, сега, јазовецот Герасим почна да се самозакопува во јазовечката дупка .
Јазовечката дупка во земјата од приказните беше онаа пирамида каде се закопуваа јазовците кои не можат да се помират со сопствената и со судбината на времето. Во таа дупка, јазовецот остануваше сам со својот его-еб и со две огледала. Тоа беше конечната его-еб фаза, од која немаше враќање, а за минат интелект како Герасим, тоа беше најстрашното што може да му се случи.
Ако добро го начулиме вниманието и ден денес може да се чујат репликите кои Герасим во дупката со огледалата си ги расправа сам со себе. Тоа се така контраверзни реплики една со друга, што просто звучат неверојатно дека се од еден ист човек.
Завртен кон едното огледало вика Герасим на себе:
– Вистинските патриоти треба да се грижат оваа земја да стане членка на сојузот на земјите од приказните и членка на воената формација на тие земји, да ја обезбеди својата иднина, да ја обезбедиме иднината на нашите деца, а не како инфантилни дерлиња да се караме со сите, со нашите пријатели. Тоа е патриотизам!
Потоа се врти јаден Герасим кон огледалото од спротивната страна и повторно вика на сопствениот одраз:
Веќе не можам да мижам и да молчам, па ќе кажам отворено – знам што ви пречи и знам што сакате да постигнете, другарчиња. Вам ви пречи името на земјата од приказните на северот од југот и сакате по секоја цена да го „посеверчите“!
Па повторно се врти кон другото огледало:
– Никаде во светот, буквално никаде, освен овде, не се води спор за идентитетот, само ние ги шириме тие стравови и ги плашиме луѓето. Тоа се прави за пропагандни цели!
Во овој правец се распознаваат бесконечните реплики што јадниот пролупан јазовец си ги кажува сам на себе.
Многу грда болест его-ебот. Еденo поранешенo јазовиште за его-еб пациентите знаеше да даде краток опис: – Он се не слаже са својим мишљењем!
Позитивното од оваа приказна за јазовецот Герасим од земјата на приказните, таму долу на северот од југот, е тоа што тој не знае дека живее во дупка со две огледала, туку продолжува да си живее во шумата од сопствените зашумоглавени фрустрации, горд и опиен од себе.
Среќно Герасиме!
https://frontline.mk/2019/10/13/azovecot-gerasim/

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Макрон не ни пречи за клинички мртвото НАТО, но во ЕУ не сака „курви“!
Кој стигна се „изреди“ на Макрон и на амбасадорот Тимоние во изминатиот период, за да ни каже зошто францускиот претседател ни ги извлекол ушите. Среќа што сме живи во ова време, инаку не ќе знаевме дека на овие 160 на 160 км има толку многу умови. Едноставно, нели, што би рекол Љупче наш, а Заев муртински би дополнил, блескаме!
Приказната со Макрон, меѓутоа, за жал на нашите политички ајнштајни од двете страни и плус збогатени со шарлатаните од разно-разни „невладини“ кои освен две-три мантри ништо друго и не можат да научат, е прилично едноставна.
Имено, Македонија го смени своето име по една опсежна операција во која беше вклучен целиот запад, иако тоа сега веќе се смета „пасе“. Но, не сме заборавиле дека и покрај масивноста на таа операција, Заев ги загуби изборите. Заев загуби и кога со несанкциониран криминал беше избран Талат Џафери (колку и да ви изгледа чудно дека „Заев загуби“ при тоа). Заев и сите тие странци кои се истоварија овде, освен Макрон кој не почести со видео порака оддалеку, изгубија и на референдумот. Изгубија и кога го менуваа Уставот бидејќи мораа луѓе да носат од притвор во Собрание… И да не набројувам поанатаму.
Сето тоа, па и настаните што се случуваат во овие неколку години во целото „северно“ општество, а не само во власта, е доволен показател за Макрон дека оваа држава не е самостојна и суверена. И тука, веројатно нема спор за тоа ни меѓу нас. Тоа ни е на сите јасно. За се што ќе се преземе, освен за градинка во Облешево или во Конопиште, треба да се праша кај „шефот“.
Така доаѓаме до изјавата на Макрон за НАТО со која тој истакнува дека Алијансата е клинички мртва. Што во суштина значи дека таа и да се врати во живот, веќе никогаш нема да биде тоа што била. Едноставно, условите во светот се променети и тука немаше да помогне ни САД, па макар го воделе десет Хилари, а не Трамп.
А, ако, според Макрон, НАТО е клинички мртов (еве дури и да земеме дека тоа не е така, нема да избегаме од фактот дека официјална Франција мисли така и дека тоа тешко ќе се промени), тогаш не останува ништо друго освен да се констатира дека веќе не може да се зборува за евро-атлантски интеграции, туку дека двете нешта треаба да се раздвојат. Едно е членството во НАТО, сосема друго членството во ЕУ. Впрочем, ете ја Турција како пример која дреме пред Брисел 30 и кусур години.
Како и да е, сето ова значи дека сега, посебно по излегувањето на Британија од ЕУ, работите се менуваат. Франција сака ново ЕУ, а во тоа ново ЕУ сака да има стабилни партнери. Значи, земји, држави кои се тоа како што вели името, а не некакви протекторати. Фактот што тој најавува разидување меѓу „евро“ и „атлантските“ (иако тоа постои одамна) покажува дека на Франција и е доста од држави кои не командуваат со себе, туку се држави со кои командува некој друг.
Така доаѓаме и до практичните прашања. Кој би седел на маса со Макрон или со било кој француски претседател од нашата страна? Зоран Заев? Треба ли да се објаснува дека со неговото доаѓање на власт, Македонија нема свое мислење. Нема своја глава, нема став, нема свое мислење. Таа прави тоа што ќе и го кажат. Од договори со соседите, па смена на името, се до тоа кој треба да оди во притвор, како што сведочеше пред некој ден екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски за Дејвид Стивенсон од американската амбасада. Па, така, ако нам други ни одредуваат кој ќе оди во притвор, а кој не, ако и самите Французи се свесни дека тоа со СЈО беше криминал сам по себе (сеедно што и тие го поддржуваа за на крај да ни кажат дека сме корумпирани), ако се свесни и ако знаат дека во оваа држава медиумите се или под партиска или под амбасадорска капа, ако се свесни дека поголемиот број од т.н. интелектуалци лесно можеш да ги купиш со некој проект, ако се свесни дека во оваа држава не постојат невладини организации туку сите се испостава на една или повеќе амбасади и служат за лично богатење со тоа што секогаш се подготвени да одработат нарачка, ако знаат дека со пар лижавчиња можеш да ги купиш и пратениците (ако лижавчињата не успеат, тогаш има и други методи кои ги видовме), ако еден директор на медиум се жалеше дека некои новинари повеќе време имаат потрошено на клечење по амбасади или во МВР, отколку во самата редакција, ако… има уште многу ако, но се сведува на тоа – Македонија не е држава која има своја глава и свој ум.
Тоа значи дека Макрон калкулира со тоа дека во перспектива, на маса со него може да седи некој кој, бидејќи нема своја сувереност, ќе исполнува туѓи наредби, а тоа не е нешто што тој го посакува. Во претпоставена ситуација, Македонија и некои земји слични на неа (зошто да не Албанија), ќе можат да му блокираат некој негов предлог, некоја негова замисла, не затоа што така мислат, туку затоа што на нивните претставници така им е наредено од тој што ги донел на власт. А тој некој, не е народот!
Таа различност во ставовите меѓу Франција и земјите или земјата која е наредбодавец во Македонија и Албанија, до пред некоја година и за самата Франција веројатно не изгледаше нешто страшно. Но сега, кога официјален Париз најавува дека НАТО и ЕУ веќе не се во љубовта од времето на медениот месец, работите драстично се менуваат.
Впрочем, Франција и ЕУ, односно земјите од евро зоната, тоа искуство веќе го имаат со должничката криза во Грција која се закануваше да го урне еврото. Имено, Грција стана членка на еврозоната без да ги исполнува условите (со буџетски дефицит од 14 отсто, наместо дозволениот од три отсто) и со фалсификувани податоци. Фалсификатот беше извршен од страна на американскиот Голдман сакс и тој фалсификат се провлекуваше со години. Иако Евростат ги предупреди министрите на ЕУ, тие замижаа над овој податок зашто тогаш ништо од тоа не беше така страшно.
Но, 2008 година изби хипотекарната криза во САД, а веќе следната година, одеднаш, Грција, Италија и Португалија веќе не беа способни да ги враќаат долговоите. Тогаш од нигде-никаде се појавија Ципрас и Варуфакис кои ветуваа излегување од еврозоната и враќање на драхмата.
Таа криза, го рна Силвио берлускони, и ја унипти ПАСОК, а не нејзино емсто беше исфрлена ИСРИЗА: Опасноста од излегување на Грција од еврозоната, ќе значеше и колапс на еврото, односно колапс на германската, но и француската идеја за ЕУ. Веројатно не треба да ви објаснувам за кого одиграа и Ципрас и Варуфакис, зошто германија и Франција ги фати паника од уривање на еврото и како потоа Грција сепак „легна на брашното“, но заканата остана.
Гледано денес од француска перпесктива, тоа значи: ако ви внесат клин во Унијата, таа Унија секогаш може да доживее потрес. Како? Едноставно – со извлекување на клинот.
Тоа Франција, а да не се залажуваме, ниту Германија, ниту било која друга ЕУ држава која не е потрчко, не го сакаат. Оттука, пораката на Макрон со блокадата во својата суштина не беше во реформите, туку во тоа дека не сме суверени и самостојни во носењето одлука. Кога то ќе постанеме, тогаш ќе може и да разговараме.
Се разбира, ова никој нема да ви го каже в очи. Нема да му биде кажано ни на Стево Хубави при средбата со Макрон. Ќе има муабет за се и сешто, за реформи, за Закон за ЈО (ново замајување за празноглавото ни општество и „коска“ за „независните“ медиуми и „невладините“), за криминал и за корупцијата кои не можеме да ги решиме, зашто немајќи своја глава го урнавме и она малку од правниот систем што функционираше… но нема да има муабет за суштината, зашто таков муабет Макрон нема ни да си дозволи со Хубави.
Впрочем, Али Ахмети за сето ова најдобро знае. Прашајте го кој му ја оформи Владата со Заев и се ќе ви биде јасно. И мислите дека сега, Франција и Германија го сакаат тоа? Дека сакаат со нив на маса да седи земја која не е спосбна да ја одбрани волјата на народот искажана на референдум, макар токму тоа и тие го поддржувале? Тоа беше замката, која комуњарчињата, шарените (и оние „твродкорните“ и оние што се шалтаат) и новопечените, но и старите „ем вмровчиња, ем мангупчиња“ требаше да ја имаат в предвид. Ќе ве направат „курва“, а потоа ќе ви кажат дека они со курви, сепак, не се дружат. Многу едноставно.
И тоа, господо и другари плус другарки, нема да се смени, па макар утре Макрон и дозволил датум. Ние, на маса со него и неговите наследници нема да седнеме. И истото се однесува и на Албанија. Најмалку затоа што е муслиманска, а пред се затоа што е на копче. И Албанија и Косово и Албанците од Македонија. Тогаш, кога копчето ќе го вратиме во рацете на граѓаните, тогаш веќе ќе биде друг муабетот.
https://denesen.mk/kolumna-na-janevski-makron-ne-ni-prechi-za-klinichki-mrtvoto-nato-no-vo-eu-ne-saka-kurvi/

znaci najpameten od cela Evropa pa i mnogumina od svetot e ovoj pisatelot na kolumnata Janevski ?
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Да напишеше што е глупаво или лага според тебе во колумната, ќе можев да дискутирам. Вака само можам да констатирам дека најверојатно се работи или за љубов кон ДУИ и СДСМ или за омраза кон ВМРО.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР МИЛЧИН: Едноумието падна, безумието ни тропа на порти
Дијалогот деновиве се сведе на клетви и пцости... насилството врз неистомислениците почнува со закани, но завршува со физички напади, подметнати пожари. Фашизмот е на прагот - вели режисерот Владимир Милчин.
Во времето на груевизмот, како прв човек на Фондацијата отворено општество, во процесот на лустрација беше оквалификуван како „кодош“, а неговите претстави - „непријателски“. Денес, кога едноумието падна, како што вели самиот, раката на власта уште повеќе се издолжи продолжувајќи со насилството и закани врз неистомислениците. Од режисерски аспект вели дека Македонија денес ја гледа некаде помеѓу жанрот гротеска и вeвчански карневал.
*Со децении сме заложници на приказната за европска Македонија. Додека чекаме да ни ги инсталираат европските вредности однадвор, има ли надеж да го почнеме процесот сами однатре?
-Се надевавме дека СЈО ќе биде моторот на европеизацијата на Македонија. Нè излажаа. Аферата „Рекет“ и она што следеше по неа дефинитивно ги урнаа сите надежи дека актуелната власт е посветена на европска Македонија и на слоганот „Нема правда, нема мир!“. Тој слоган подразбираше и казнување на криминалците од бившата, но и од сегашната власт, но и социјална правда. Најголемата партија во владејачката коалиција претендира дека е социјалдемократска! Всушност, сите големи партии кај нас работат во корист на олигарсите. И не го кријат тоа. Анѓушев е вицепремиер во актуелната влада. Нема надеж да ја почнеме европеизацијата однатре.
Парадоксално, една од причините за тоа е и промената на името и договорите со Грција и Бугарија, сè во името на преговорите со ЕУ, кои никако да почнат! Соочени сме со оспорување на идентитетот на Македонците во Македонија и македонските малцинства во соседството. За идентитетот и за јазикот не смееше да се преговара. Владата немаше мандат за тоа. Немаше мандат ни макијавелистички да ја злоупотреби амнестијата за да го добие пратеничкото мнозинство. Правна држава? Наместо да отвори нова страница во историјата, нè врати назад, во предасномска Македонија.
*Ги живееме можеби најагоничните години во поновата историја - изолација, сиромаштија, целосна ерозија вредностите, владеење на поданичкиот дух. Какви генерации подигнуваме во ваква атмосфера?
- Тие ги спакувале куферите или ги пакуваат. Оние со универзитетски дипломи конкурираат за магистерски или докторски студии, главно на универзитети на Запад. Тоа е шанса за поквалитетно образование, но и за подостоинствен живот, што подразбира и повисока плата. Занаетчии, постари и помлади, заминуваат на привремена работа во странство која честопати се претвора во постојан престој. Гурбет. Македонија се празни. Земја со неизвесна иднина. Речиси без иднина. Ние ни денес не знаеме колку жители има Македонија. И бившата и актуелната власт бегаат од пописот како ѓавол од крст.
*Останавме лишени за она што и` е потребно на секоја земја – сериозна алтернатива на владејачката политика. Македонија сè уште е заложник на бизнис-елитите кои ги уцениваат политичарите. Кој е излезот од овој маѓепсан круг?
- Одговорот е во вашата констатација: „Македонија сè уште е заложник на бизнис-елитите кои ги уценуваат политичарите“. Со тоа што не станува збор за елити, туку за грст моќници кои безмилосно ги наметнуваат своите интереси и агенди, а партиите ги спроведуваат. Кој е излезот од овој маѓепсан круг? Револуција, би одговорил Карл Маркс. Но, поимот револуција кај нас беше злоупотребен. Резултатот беше само смената во фотелјите. А одговорот на прашањето го однесе ветерот, како во песната на Боб Дилан.
*Зошто интелектуалците молчат за оваа целосна деградација на една земја и што се случи со слободната мисла во Македонија?
-Не молчат сите. А тие што молчат, молчат поради разни причини. Некои молчат зашто се конформисти, некои се дефетисти, некои се поткупени, а некои се уморни. Некои се калкуланти, а некои се апологети. Но, има и замолчани. Раката на власта во бескрајната транзиција се издолжи. Едноумието падна, безумието тропа на нашите порти. Дијалогот се сведе на клетви и пцости, насилството врз неистомислениците почнува со закани, но завршува со физички напади, подметнати пожари… Фашизмот е на прагот.
*Син сте на големиот актер и режисер Илија Милчин. Дали ова беше товар или привилегија? На што ве научи тој?
-Откако ја завршив првата година на белградската Академија за театар, филм, радио и ТВ, мојот професор Хуго Клајн ми го покажа писмото во кое татко ми го преколнувал да ме обори на приемниот испит. Со најдобри намери. Илија се плашеше дека ќе си ги натоварам на грб сите негови непријатели. Беше прав. Си создадов и нови непријатели, некогашни и актуелни политички и полициски функционери кои имаа свои извршители во медиумите. Есента 1977 година Државната безбедност ми отвори досие од идеолошки причини - анархолиберал, националист, учесник во студентските демонстрации 68-та.... Ме следеа, ми ја читаа поштата, ме прислушуваа. Груевистите го злоупотребија и фалсификуваа тоа досие за да ме елиминираат како кодош. Јас бев директор на Фондацијата отворено општество – Македонија. Неколку мои претстави беа организирано нападнати како „непријателски“ и „деструктивни“. Не беа забранети, но исчезнуваа од репертоарот. На 17 април 2015 година, во паркчето зад Арапска куќа бев од зад грб физички нападнат од маскирано лице кое извика: Сега ќе видиш, Соросово куче! Илија се плашеше да не ме снајде нешто како неговото исклучување од КПМ педесеттите години поради „поставувањето западни автори“ како Артур Милер, Тенеси Вилијамс.
*Честопати ве гледам дека шетате низ Скопје со своите миленичиња. Како во неколку збора би го резимирале она што го гледате наоколу? И што би менувале?
- Секој ден, наутро и приквечер, шетаме низ центар, по кеј или низ парк. Скопје 2019 не се разликува од Скопје 2014. Отстранувањето на железната ограда околу владината зграда и на споменикот на Ќосето се исклучоци. Старата чаршија исчезнува. Хоризонтот ни е ограничен со новоградби чии димензии се насилство, од градилиштата се шири прашина, фасадите се распаѓаат и се гледа стиропорот, се распаѓаат плочките на скалите кои водат во Главната пошта, насекаде отпадоци, искршени клупи и канти, исчкртани бисти на народни херои… Натпревар на негрижа и вандализам. Што би менувал? Би ја натерал локалната самоуправа да излезе од канцелариите и да се соочи со реалноста.
*Вашата последна претстава е работена според истиот текст со кој дипломиравте. Што ве наведе да го поставите овој текст токму сега?
-Кога пред речиси 50 години на мојот професор Хуго Клајн, член на Британското кралско шекспировско друштво, ученик на Фројд, левичар кој четири години му шетал на Гестапо под нос, му соопштив дека сакам да го режирам „Пантаглез“, тажниот водвиљ за револуцијата, тој ме предупреди дека тоа е ризичен зафат, но ме поддржа. Сфати колку ми значи. Дипломскиот „Пантаглез“ го режирав неполни две години по утописката пролет ’68. Тогаш од Париз до Белград ечеше: „Да бидеме реални, да го бараме невозможното! Ако и боговите се оковани, ќе ги ослободиме и нив!“ Но, во август 1968 година, тенковите на Варшавскиот пакт ја окупираа Чехословачка и ја убија надежта за изградба на Дубчековиот социјализам со човечко лице. Зошто денес му се вратив на „Пантаглез“? Зашто надежта е одново убиена. Денес владеат олигарсите. Некои од нив се бивши функционери на безбедносните служби. Ова особено важи за бившите „социјалистички“ земји. Здивениот капитализам го загрозува опстанокот на човештвото. И ние го урнавме груевизмот во името на правдата, но правда не добивме. Се промени власта, но владеењето не.
*Еден од актерите во претставата рече дека ако ги променевте имињата на ликовите во актуелни домашни личности, претставата ќе ви ја забранеа. Поканивте ли политичари на премиерата и какви беа нивните реакции?
-На моите премиери ги канам најблиските. Вкупно дваесеттина роднини и пријатели. Меѓу нив нема политичари. Политичарите им ги препуштам на директорите. Зошто не ги променив имињата на ликовите? Зашто верувам во моќта на театарот да овозможи препознавање преку асоцијации. И зошто ги почитувам авторите, особено мртвите? Од нив не можам да побарам дозвола за таква интервенција која би била адаптација на оригиналниот драмски текст.
*Дали од она што сега и се случува на Македонија би можела да се направи добра претстава и кој жанр би била таа?
-Нашето секојдневие е претстава над претставите. Бездна која зјапнала меѓу реториката и реалноста. Од жанровите кои ни се познати тоа би била гротеската. Од заборавените, забрануваниот средновековен карневалски жанр „сотија“ -игра на лудите. Нешто како вевчанскиот карневал пред да биде партиски злоупотребен.
Мимоза Петревска Георгиева
https://faktor.mk/intervju-vladimir-milchin-ednoumieto-padna-bezumieto-ni-tropa-na-porti-

Ќе влијаат ли климатските промени врз Макрон за да ни даде датум?
Шверцери, земјотрес, бадеми и ф`стаци. Да не знае човек што попрво да фати. И да го фрли џенем, па да фати… џенем. Сум имал вакви почетоци на колумни. Кога се прашувам што попрво да фатам за да баталам. Штом Милчин почна да гледа фашизам кај оние што ги донесе на власт, отидени сме бестрага. Како се стига до вакви кретенски скандали со навивачи во театар и потрошени пари за апетисани колку кеш за купување владин „мерцедес“? Со поминување на сите фази на идиотизам и безумност. Човек што дозволил да му избришат име и идентитет, да му укинат историја, заслужува да му се посере постоењето на глава. Ама ај да почнеме со ред.
„Шверцерите“ имаа премиера во МНТ. Во режија на Владата. Инспициент, Артан Груби. Постмодернистички театар. „Шверцерите“ беа и глумци и публика. Нејасно е само зошто критиката негативно ја оцени претставата. Ги обвини глумците. А режисерот е виновен. Можеби затоа што не го разбираат постмодернизмот во театарот на апсурдот. Јас не им дадов негативна критика. Што да прави навивачка трупа освен да глуми дека е навивачка трупа? На стадион, во театар, на улица… тие не можат да бидат ништо друго освен навивачка трупа. Секако пеат. Секако тоа се навредливи песни за оние што ги сметаат за свои непријатели. И кршат, да. Ако имаат што да кршат, тоа ќе го скршат.
Така вели логиката. Ако ме прашате мене, прославата требаше да се случи во Владата. Или кај Заев дома. Таму да кршат. Ама едно ми е јасно. Околу МНТ и навивачи во него. Подобро „шверцери“, отколку шарени. Сериозен сум. Шарените ќе направеа поголема штета. Ќе го запалеа МНТ. За нив „шверцерите“ се мали деца. Прочитајте им ја само шарената омраза на социјалните мрежи. Таа деструктивна омраза вербално пали, убива, уништува. Дајте им неконтролирана моќ и тие ќе ја реализираат практично. Прочитавте ли со каква злорадост ја дочекаа веста за кршењето во МНТ? Не сите, но повеќето од нив. Злорадоста и омразата се нивна духовна храна. Тоа ги прави силни. Оти неспособни се да создадат. А она што нема креација во себе, раѓа деструктивна омраза.
И последнава катастрофа наречена земјотрес го потврди ова. Земјотресите секогаш сакаат да ни покажат дека ние сме миг. Минлива прашина. Залудно трупаме, оти ќе нè снема за миг и нема да може трупаното да го понесеме со нас. Си го трошиме времето мразејќи. Живеејќи туѓи животи. Земјотресите сакаат да нè потсетат на сето тоа. Ние кратко време ја слушаме пораката, а потоа се враќаме на нашата омраза и злорадост.
Всушност, ние големите природни катастрофи или трагедии предизвикани со човечка промисла многу ги сакаме. Тие ни отвораат можност да се покажеме. Да, да, убаво прочитавте. Да се покажеме како лееме солзи. Колку сме сочувствителни. Дека се грижиме за туѓата несреќа. И ние сме, ете, скршени. Плус ќе покажеме колку сме хумани. А не како другите. Тие другите што не го шират својот траур по социјални мрежи како нас. Медиумите особено љубат трагедии. Гледаат материјална корист од нив. Но сите добро го знаеме тоа. Да се вратам на другите, тие што не шират траур. А ха, сомнително. Ене го, молчи. Ништо не постира на својот профил. Ниту солза, ниту сочувство. Сигурно, длабоко во себе, се радува на туѓата несреќа.
Така доаѓаме до гореспоменатите злорадосни деструктивци и случени катастрофи. Тие се во брак. Злорадосните и катастрофите. Живеат како едно. Дишат истовремено. А потоа следува ловот. Најпрво го излеваат својот лицемерен траур, а потоа тргаат во лов. Еве како изгледа тоа. Се случува земјотрес. Некој панично се буди. Таа паника полесно се поднесува ако ја споделиш со други. Отвораш социјална мрежа. На неа, многумина си го делат стравот. А тој стравот, вообичаено бега пред смеата. Со хумор се истерува. Тој некој напишал духовит статус за земјотресот за да го клоцне стравот. Без да знае дека тој земјотрес бил страшен, однел човечки животи. Ама ловците демнат. Оние злорадосните и деструктивните. И тргаат во својот моронски лов. Ги бараат оние што направиле „грешка“. За да споделат со јавноста. За потоа јавноста да го расчеречи „грешникот“. Оти таа, јавноста, тоа и го чека, немајќи во животот што да сака. А на злорадосните тоа черечење им е храна. Доста за нив. Постоењето ќе ги изблуе во нужникот на минливоста.
Во меѓувреме, Зоќи се чул со Грета Тунберг. По телефон. Забрчанец ни кажа. Ама тоа била лажна Грета. Пранкерка. Добро е што не е Гарбо. Нашиве ја пресретнале измамата. Така велат. Оставиле разговорот да заврши за да не забележи пранкерката дека е забележана. И тоа ни го соопштија. Ви се верува ли? Тие си мислат дека сите ние ги имаме нивните мисловни капацитети. Не можеше поглупаво да ни соопштат дека наскоро ќе слушаме како Зоќи муабети со „Грета“. Којзнае што ѝ кажал. Чиј број издиктирал. Може Гретава му ветила дека климатските промени ќе влијаат врз Макрон и тој ќе се премисли за датумот. Ама кога ќе излезе муабетот, ќе ни соопштат, ете ви рековме, ние ги пресретнавме. Ги пресретнале, бе. Ко да дешифрирале не знам каков код. Блиска средба од трета врска. Какви шарлатани!
Ама затоа владините медиуми веднаш се истопорија да ни кажат дека тоа повторно биле Руси. Лошите Руси. Гарант Путин не заспива дури не смисли нова заебанција што ќе му ја смести на нашиот блескав Зоќи. Лесно им е веднаш да ги обвинат Русите. Ама зошто, на пример, муабетот на Макрон со Вован и Ликсус траел петнаесет секунди, завршувајќи со зборовите на Емануел дека за тоа ќе разговараат кога ќе се сретнат (и нему му се претставиле како Порошенко), а со нашиов терале мајтап цели шест месеци, при што тој самиот им ѕврцкал, па толку им здодеал што морале на крајот да објават за да престане, е ова нема шанси да ни го објаснат. И сега пресретнале Руси. Кога ќе си го видам тилот, вели баба ми.
Како и да е, народ што дозволи пред нос да му ги укинат сите национални белези, со што практично престана административно да постои, само поради неговата себична комфорност (за да не ја изгубат сопствената беда, како што вели еден пријател), не заслужува ништо друго освен да гледа како моќта секојдневно му сервира безумност за голтање, зачинета со пропаганда дека кај и да е и тие еден ден ќе јадат бадеми и ф`стаци штом ќе добијат датум за преговори со ЕУ.
Александар Русјаков

Bleskavs kolumna od Biljana Sekulovska.
Верничката Мизрахи, во котелот на развратот
ОД: БИЉАНА СЕКУЛОВСКА 10:36 AM - 1 FEBRUARY 2020
Нема поубаво државничко и патриотско чувство од она кога ќе слушнете изјава, како онаа на Рашела Мизрахи, министерката за труд: “Јас сум верник и ќе се борам против развратот”. Оваа изјава на Мизрахи е дадена по повод порнографската група “Јавна соба” на социјалната мрежа “Телеграф”, каде се злоупотребувале девојчиња, девојки, жени, преку објавување и споделување на видеа и фотографии, се разбира, без нивно знаење. Чист пример за родово насилство, примитивен напад врз жените, кое институциите и политичарите од типот на Мизрахи го игнорираат, удобно занишани во сопствените фотелји, заспани во сопственото незнаење, неспособност и некомпетентност.
https://novatv.mk/vernichkata-mizrahi-vo-kotelot-na-razvratot/

OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Re: Интервјуа и колумни
Интересно интервју....хаха, да типов е ко будалетинка, ама има некој детали кои држат вода. Во недостаток на точни информации и реални медиуми, има некоја добра приказна.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Страна 28 of 42 • 1 ... 15 ... 27, 28, 29 ... 35 ... 42
Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 28 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот