Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 26 of 42 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 34 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by TRAJCHE Саб Сеп 22 2018, 10:11

Todorov gi razoblicuva lagite na dpmne, ne mozat da ispregovaraat podobar dogovor. Mozele porano ama sega mozat samo polos.

Тодоров: Во иднина не би можеле да дојдеме до подобар договор со Грција

Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека Македонија во иднина нема да може да дојде до подобар договор со Грција, бидејќи никој нема да се откаже од стекнатите позиции во преговорите.

-Секогаш би ми било јасно дека ако има договор со Грција тој повеќе би бил во корист на Грција, поради нивото на сила и нивната позиција. Ова е тешко прашање, сите влади пробувале да најдат решение, оваа влада најде некакво решение, според мене не е добро. Дали би можеле во иднина да имаме подобар договор? Не. Во минатото можеби сме можеле, но во иднина не. Затоа што никој нема да се откаже во позициите кои ги стекна во преговорите. Ниту Македонија ќе се откаже од македонскиот јазик и македонското државјанство, ниту Грција ќе се откаже од егра омнес, рече Тодоров.

https://fokus.mk/todorov-vo-idnina-ne-bi-mozhele-da-dojdeme-do-podobar-dogovor-so-grtsija/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Саб Сеп 22 2018, 10:32

mnogu jako tvitche ,se iznasmeav .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Чет Сеп 27 2018, 16:38

Bravo za Goran Mihajlovski.

ЈОРГО НА БИЛБОРД
Сакам на 1 октомври да си се разбудам во држава која што го затворила најтешкото поглавје во историјата

1 Молкот започнува 48 часа пред референдумот.  И затоа, колумната мора да излезе ден порано.

Овој пат ќе ја започнам со цитат од Јорго Кумуцакос, задолжен за надворешна политика во грчката опозициона Нова демократија, која се противи на Договорот од Преспа.

„Мотивот да се гласа ‘за‘ е многу голем. Прво, тие со тоа ги задржуваат името, националноста и јазикот, а како второ, добиваат членство во НАТО и позитивна перспектива за интеграција во Европската Унија… Ова е шанса за вистински големи промени во нивните животи, шанса да заспијат како мала држава на Балканот, а да се разбудат како членка на НАТО“, вели Јорго Кумуцакос. Не вели Зоран Заев.

Јас би ја ставил оваа изјава на Јорго  на билборд. Веднаш до оние бојкотирачките.

Слушајќи го грчкиот опозициски политичар Кумуцакос, уште помалку имам дилеми дали Македонија можеше да добие подобар договор од оној потпишаниот на 17 јуни во Преспа.

Од каде тргнавме? И до каде стасавме?

Во јули 1982, Грчкиот парламент донесе одлука со која им се забранува на грчките граѓани да студираат на универзитети на кои наставата се изведува на „јазик кој не е пошироко меѓународно признат“, па согласно тоа, од ноември 1982 година на грчките студенти што студираа на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје не им се признаваа дипломите. Поради македонскиот јазик.
Во јуни 1992, Европската заедница усвои Лисабонската декларација со која земјите членки се обврзаа никогаш да не ја признаат државата што го има зборот „Македонија“ во своето име.
Во декември 1992, на Самитот на Европската заедница во Единбург, Велика Британија успеа да ја поништи Лисабонската декларација и да го пренесе проблемот со признавањето на независна Република Македонија во Обединетите нации.
Во април 1993, поради противењето на Грција, станавме членка на ОН под привремената референца „Бивша југословенска Република Македонија“.
Во 1995, со Привремената спогодба потпишана по грчкото ембарго го сменивме и знамето и делови од Уставот.
Во 2004, САД нѐ признаа под уставното име.
Во 2008, и покрај напорите на САД не успеавме да влеземе во НАТО поради ветото на Грција.
Во меѓувреме, под уставното име нѐ признаа 137 земји, но ни со привремената референца не можевме да влеземе во ЕУ и НАТО.
Дури ни пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг во декември 2011, не помогна да се тргне ветото на Грција за ЕУ и НАТО.
И сега, конечно имаме договор  во кој што добро сме ќариле кога веќе во 1995 сме тргале да се пазариме. Сите овие успеси и падови довеле до постепено добивање на тоа за што сме се бореле во преговорите за кои уште од почеток сме знаеле дека ќе завршат со промена на име –  да се викаш Македонец, ама и другите да те признаат како Македонец. И на 30 септември имаме неповторлива можност засекогаш да го решиме проблемот што нѐ мачел не само последниве 30 години, туку со векови. Веќе никој никогаш да не ти спори ни што си, ни на кој јазик зборуваш.

На 30 септември се гласа „за“ или „против“. Се гласа дали се прифаќа реалноста или не. Оти реалноста вика – Ако го прифаќаш договорот со Грција, влегуваш во НАТО и почнуваш преговори со ЕУ. Ако не го прифаќаш – нема НАТО, нема ЕУ. Секој со својата визија. Некој со визија за подобар живот, некој со визија за подобар ајвар. Некој со визија да остане да живее во Македонија. Некој со визија да ја напушти. На некого веќе не му се чека. Некој би почекал уште 30-тина години.

2 Затоа, во паузата помеѓу лупењето пиперки и мешањето со бркалката во тенџерето, ако воопшто сакате да се замарате со мислење, обидете се да одговорите на овие прашања кои на ова место ги поставив пред неколку недели:

Дали спорот за името со Грција беше глупав уште на самиот почеток? – Да.
Дали пoради противењето на Грција одвај успеавме да станеме членка на Обединетите нации и тоа со привремено име Поранешна југословенска Република Македонија? – Да.
Дали ни се допаѓа името ПЈР Македонија? – Не.
Дали во 1995 година нашата држава прифати преговори со Грција под покровителство на ОН? – Да.
Дали преговорите сме ги прифатиле со ќеф? – Не.
Дали преговорите биле за промена на името?  – Да.
Дали од 1995 година до денеска за промена на името преговарале сите македонски влади, и вмровски и сдсмовски? – Да.
Дали преговорите морале да завршат со промена на името? – Да.
Дали ВМРО-ДПМНЕ сите години додека и нивните влади преговараа за името викаше дека каков и да се постигне договор со Грција, конечното решение ќе оди на референдум? – Да.
Дали ви се допаѓа името Северна Македонија? – Не.
Ако не ви се допаѓа името Северна Македонија, дали ви се допаѓа името Горна Македонија, ако тоа е услов за влез во ЕУ и НАТО? – Не. Или, можеби, да.
Дали ви се допаѓа тоа што јазикот насекаде ќе биде признат како македонски? – Да.
Дали овој дел во кој живееме го зафаќа северниот дел од поширокото географско подрачје што се вика Македонија? – Да.
Дали само на овој, северен дел од големата Македонија, македонскиот народ во Втората светска војна се изборил за сопствена држава? – Да.
Дали само во оваа држава јазикот што го зборуваат Македонците се вика македонски и е признат како македонски? – Да.
Дали матичните и црковните книги на родените и свидетелствата на вашите баби и дедовци пред 1945 година се напишани на македонски јазик? – Не.
Дали можеме да почнеме преговори за влез во ЕУ без промена на името? – Не.
Дали можеме да бидеме членка на НАТО без промена на името? – Не.
Сакате ли во ЕУ? – Да. Или, можеби, не.
Сакате ли во НАТО? – Да. Или, можеби, не.
Дали можеме да влеземе во ЕУ и НАТО со името ПЈРМ? – Не.
Дали можеме да влеземе во ЕУ и НАТО со името Република Македонија? – Не.
Дали сакате да живеете во изолација? – Не.
Дали сакате да живеете побогато? – Да.
Дали сте спремни покрај ајварот да јадете корења? – Не.
Дали сакате да живеете побезбедно? – Да.
Дали сме способни сами да си ја гарантираме безбедноста и територијалниот интегритет? – Не.
Ако не сакате НАТО да ви ја гарантира безбедноста и територијалниот интегритет, кој друг би сакале да ви ја гарантира? Русија? Кина? Србија? – Не. Или, можеби, да.
Дали сакате поделба на државата или разграничување помеѓу Македонци и Албанци? – Не.
Дали референдумот е избор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? – Не.
Има ли раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски храброст да каже јавно „Бојкотирам“? – Не.
Сакате ли тие што 11 години краделе да не одат во затвор? – Не. Или, можеби да?
Сакате ли тие што 11 години ве крадеа и ве прислушуваа да продолжат да крадат и да прислушуваат? – Не. Или, можеби, да.
Сакате ли принципот на неказнивост на владејачката елита да остане и во иднина, па секоја нова власт да може да краде, да прислушува и да не одговара за тоа? – Не.
Дали сакате САД, Германија, Франција, Холандија, Шведска, Хрватска, Словенија, Велика Британија да ви бидат сојузници? – Да. Или, можеби не?
Дали сакате Грција, Бугарија и Албанија да не ви бидат веќе непријатели, туку кога ќе бидеме заедно во НАТО да ви бидат сојузници кои ќе ја гарантираат и вашата безбедност?- Да. Или, можеби не?

3 Јас си одговорив на прашањата. Немам време за чекање. Ќе гласам „За“.  Немам резервен пасош. Ниту јас, ниту моите деца. И не сакам самиот да се одродам и да си се пишам дека не сум Македонец за да си обезбедам резервна татковина.

Ние, Македонците што слободно го зборуваме македонскиот јазик, имаме само една држава. Оваа тука. И сакам на 1 октомври да си се разбудам во држава која што го затворила најтешкото поглавје во историјата. Со еден голем проблем помалку, и тоа проблем што самите не сме го создале,ама не сме можеле самите ни да го решиме. И да отвориме ново поглавје. „Со шанса за вистински големи промени во нашите животи“, како што би рекол Јорго од билбордот што никому не му текна да го стави.

https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/jorgo-na-bilbord/#.W6zTpiI1zNE.twitter
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by SHARENI Пон Окт 08 2018, 12:21

Saso Ordanovski jasno dokazuva deka so najnovite predlozi Zmicko saka samo da go spasu pastirot i familijata.

Понуда: Нека виси СЈО!

Под еден, од Заев бараат да се откаже од Договорот со Грција. Под два, откако Заев тоа ќе го направи (?!), можат да се договорат за одржување нови избори… До тука, глупаво е, ама има некаква врска со еуфоријата од „пропаднатиот“ референдум. Но, зошто, под три, им е предлогот, барањето, понудата за укинување на постоечкото и воспоставување на ново СЈО, како специјален услов за да се спроведат првите две барања!? Каква врска има СЈО со избори, референдум, Грција, име, презиме, патриотизам…?

Етееее, тоа е таа грмушка во која, цело време, е легнат зајакот. Се заборави и на Пржинска изборна влада, референдумот е неважен, небитно е дали Македонија ќе оди на Исток или на Запад, само ако Мицкоски се договори со Заев СЈО да го укинат.

Пусто СЈО и таа клета правна држава, ни ја упропастија евро-атлантската иднина!

Можеби ова е моментот кога ВМРО-ДПМНЕ треба да се одважи и да предложи свој референдум: „Дали сте за влез на Македонија во НАТО и во Европската Унија со постоечкото СЈО – или сте да се одложи влезот на Македонија во НАТО и во Европската Унија откако ќе се укине ова и додека не се избере партиски подобно СЈО?“… Па да излеземе на тој референдум, кој сака да бојкотира – да бојкотира, а другите да се преброиме.

https://plusinfo.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D1%83%D0%B4%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D1%81%D1%98%D0%BE/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Окт 08 2018, 21:00

Според мене најдобро е да постојат некое време две СЈО-а. Едно владино, друго опозиционо. Така сите криминалци ќе бидат на удар на правдата. Наместо да чекаме Заев или Ахмети да заминат од власт па да се судат евентуалните криминалци во нивните редови ќе имаме нивно судење веднаш. Покрај судењата за евентуален криминал во минатото.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пон Окт 08 2018, 21:18

Може, ама ХидроЖмицкоТакис не сака така. Тој би сакал само едно ново СЈО што ќе ги повлече обвиненијата за пастирот и фамилијата.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Сре Окт 17 2018, 14:18

Analiza na DV.

Филозофијата на Жан Пол Сартр во делата на Христијан Мицкоски
Мицкоски всушност сега има само еден избор- да одигра за доброто на државата, колку и да звучи тоа шокантно. Во спротивно, ќе ги втурне сите во своето празно множество на безнадежни политички калкулации

Да се издржи во постојаниот судир со апсурдното. Верувам дека ова е мотото кое со години одржува во живот многу македонски граѓани, ги тера да веруваат дека има некое подобро утре, дека нешто ќе се смени, дека апсурдот на секојдневието ќе биде заменето од разумот и рационалноста на утрешноста.  
Признавам, европските егзистенцијалисти не ми се омилено четиво, но Македонија е дојдена дотаму што состојбата може да се опишува и објаснува само низ призмата на филозофското движење кое ја одбележа втората половина од 20-от век.
Погледнете на пример што се случува деновиве во македонското Собрание и околу него: апсурдот стигна дотаму што пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го молат премиерот да го замоли нивниот партиски лидер да им дозволи да гласаат онака како што им налага совеста односно актуелниот политички миг. Премиерот повикува на помирување, што не е амнестија, и случајно следниот ден двајца обвинети пратеници на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат од притвор. Третиот ќе излезе, кај и да е, до крајот на неделава.

Другиот тим
Апсурдот го заокружува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој седи во својот Забранет град (палата) и се подготвува да ја потресе јавноста со својот „забранет“ говор, додека светот му пишува писма (не мислам на личната порака од Путин) во кои му порачува: аман освести се.
Но, Мицкоски има проблем. Проблемот не се катиљ ферманите од Вашингтон и Брисел. За нив би бил загрижен доколку навистина тој и луѓето од неговото непосредно опкружување би биле заинтересирани за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.
„Во фудбалот сѐ е компликувано поради присуството на другиот тим“, вели Жан Пол Сартр. Францускиот егзистенцијалист фудбалот го сфаќал како метафора за животот.
Во политиката на Мицкоски сѐ е компликувано поради присуството на другиот тим. Но ривалот на Мицкоски не е ни во владата, ниту во меѓународната заедница. „Другиот тим“ му седи обесен над главата како маслата на платно во неговата канцеларија. Во сликите со историски битки и главите на славните македонски револуционери Мицкоски го препознава само ликот на својот претходник и гласот кој му вели: за ова што јас го изградив ти не можеш ни сметката за струја да ја платиш! Уште покомпликувано е заради тоа што дел од оние што ги плаќаат сметките го тераат на компромис, а играат во неговиот тим. Чиј глас да послуша сега Мицкоски? Кон која страна да се приклони? Кон оние кои го седнаа во фотелјата со цел да ја игра нивната игра, или кон оние кои сакаат да направат чекор напред и подалеку од криминалното минато?

Еден избор
Да не си му во кожата на Мицкоски деновиве, да парафразирам еден негов сопартиец. Неговата политичка кариера ќе биде запечатена на еден или друг начин. Доколку не помине Преспанскиот договор, тој и неговата партија можат да се простат од членството во ЕПП, а Вашингтон ќе го гледаат како туристи, ако добијат виза. Подобар договор со Грција, Мицкоски и неговите сопартијци нема да добијат ни ако самите си го пишуваат на Змискиот остров среде Преспанското езеро.
Ако попушти и им дозволи на пратениците да се изјаснат по сопствено убедување, Мицкоски се откажува од единствениот адут кој го има за раководењето на таа партија, па дури и за нејзиното постоење со актуелната политичка идеологија која се сведува на сеење страв од „домашните“ и „надворешните“ непријатели.
Мицкоски всушност сега има само еден избор- да одигра за доброто на државата, колку и да звучи тоа шокантно за него и за неговите сопартијци.
Во спротивно, ќе ги втурне сите во своето празно множество на безнадежни политички калкулации кои ќе го претворат апсурдот во егзистенцијален нихилизам во кој животот ќе нема никакво значење или вредност.

DW.COM
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Ное 06 2018, 21:59

Добри поенти на Ордановски.

Дискретниот шарм на политичкиот банкрот

Напишано од Сашо Орданоски - 06/11/2018

Има извесна иронија во целата ситуација со оваа наша мачна евро-атлантска интеграција. Иронијата се состои во тоа што најголемите противници – иако има и други, помали – на потребата од промените на Уставот, се закоравените македонски националисти, со црвени комитски обравчиња, оние радикални Големо-Македонци кои се сликаат со „д-р Еткер“ (Македонија-да-е-цела) поздравот со споен палец и показалец и три раздвоени, исправени прсти… А кога само малку би го намалиле звукот на српскиот турбо-фолк во позадината, би можеле и самите да дојдат до еден најздраворазумски заклучок: токму интегрирана во Европската Унија, Македонија станува обединета, буквално Голема, без прикочување ни за печат во пасошите на своите, формални, источни и јужни граници. Со признаен национален идентитет, со јазик, со Македонија во името и со сите други неопходни културно-политички тракатанци, како заштитени кодови, трговски марки, домени… Да не зборувам за пазари, безбедност, странски инвестиции…

Зошто толку очигледни работи толку тешко се гледаат, како да се пати од кокошкино слепило? Зошто нешто мора да се освои (на сила?… НИЕ?!) за да биде „твое“, а кога ти го даваат на тавта (послужавник), како да е тацна со грчко слатко од три убави, зеленки, релативно компактни, смокви-шербетлии, тогаш на тоа се гледа како на резултат на нечие „предавство“? Зошто тој, во својата суштина, „најголемо-македонски“ проект да се блокира со стотици амандмани, со тропања по маси, со пеење химни и со други купи-ден-помини досетки што им стојат на демократско располагање на сите собраниски опозиции во светот?

Тука работата, веројатно, станува лична. Затоа што ним не им текнало порано; што и ако им текнало, немале храброст да го предложат; а ако и имале доволно кураж да помислат го стават на маса, не биле способни да го испреговараат.

Македонија граби кон своето балканско обединување, а националистите од спротивниот тротоар со ужас и неверување гледаат како тој процес, пред нос, ќе им го спроведат социјалдемократите!?!?… Нема правда, нели?

Добро, таа човечка димензија на фрустрација, на чувство на пониженост може да се разбере. Но, доволно време помина за „масажа“ на чии било суети и супер-ега, не е ли сега моментот за политичко визионерство, макар за прагматичност или барем за мала практичност? Кога веќе некој друг ти ја завршил работата, качи се на возот, патувај кон подобра иднина, живеј…

Проблемот е, сепак, подлабок. Ја допира суштината на македонскиот националистички бизнис-модел, се доведува во прашање смислата за митот за обединување, во ситуација кога обединувањето, практично, ќе биде спроведено. Плус исчезнува потребата за страв од соседите, во ситуација кога соседите ќе бидат дел од системот што ти ја гарантира безбедноста.

Тоа ви е како фирма за производство на свеќи да треба да поддржи туѓа инвестиција за производство на сијалици?! Ќе треба да се затвори дуќанот, да се прогласи банкрот, да се стави клуч на врата, ќе нема веќе муштерии за националистичкиот производ што со децении наназад успешно се нудел. Восокот одамна не се користи за ништо друго, освен за парастоси и погреби.

Ова се дилемите во кои се препелка опозицијата, растргната помеѓу пустата желба да биде модерна, демократска, конзервативна, демохристијанска партија; и стварноста на национализмот и политичката ретроградност во кои е заглавена, изолирана, поапсена, поделена, раскарана. Банкротирана.

https://plusinfo.mk/%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%88%D0%B0%D1%80%D0%BC-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BA/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Ное 07 2018, 12:35

Во суштина нема партија или здружение во Македонија што е против НАТО. Наместо ѕа антиѕападно расположение кај некој во Македонија, пореално е да се зборува ѕа антимакедонско расположение во врхушките на НАТО и ЕУ. Проблемот е во цената што се бара од нас, а тоа е самоукинување на македонската нација и формирање на нова нација со тоа име која ќе биде тиква без корен, односно без историја. Нешто што нормален човек не би ни помислил да го побара, а камо ли да го прифати, според моето лаичко мислење. (Не сум психијатар.)

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Сре Ное 07 2018, 13:17

Декларативно да, ама твоите дпмне-офци никогаш не сакале влез во НАТО и ЕУ затоа што тогаш не би можеле да имаат пастир и овчари кои ќе ги водат како стадо.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Ное 07 2018, 13:49

Да не сакаа немаше да ги исполнат условите за прием по кои дојде непочитувањето на Времената спогодба од страна на Грција и поддршка од ЕУ и НАТО во овој криминал.
Овде се клучните елементи од пресудата
http://www.mfa.gov.mk/images/stories/Dokumenti/Summary-ICJ-MKD.pdf

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Сре Ное 07 2018, 22:20

Никакви услови вие не исполнивте, наследивте се на готово од владата на Бучковски. А пресудата со која толку се чукате во гради е донесена врз основ на привремената спогодба со Грција што ја склучи СДСМ.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Дек 05 2018, 09:42



Поранешниот дипломат и политички аналитчар Арсим Зеколи има свое видување на досегашниот иидниот развој на настаните на македонската политичка сцена

Заев Зоран: Да ги искористам Албанците да ме изгласаат во влада, па ќе им удрам корпа.

Шеќеринска Рада: Да го искористам Заев да го реши спорот со Грците, па ќе му удрам корпа.

Ахмет Али: Да го искористам Заев да го симне Грујото, да го реши спорот со Грција, да го избрка Зиајдин, да ги поткупи бурекџииве од Беса, а потоа Рада и Заев ќе се тепаат кој ме сака повеќе, пишува Зеколи на ФБ


http://expres.mk/zekoli-poltichkata-scena-vo-tri-epizodi/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC Сре Дек 05 2018, 10:35

Што е небањат почнавте и на албанците да им се упикувате во дупе? Ако ни тоа нема да ве спаси од пропаст.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by TRAJCHE Чет Дек 06 2018, 11:21

Super kolumna.

Зошто во тоа колено?

На крајот ќе се случи следното: очигледно, во Собранието ќе дојде до некакво политичко помирување, после кое, со помош на некаков специјален закон, на некои луѓе од учесниците во насилствата од 27 април ќе им биде простено, со што ќе престане судењето против нив – бидејќи ВМРО-ДПМНЕ реши да го бојкотира тој процес на помирување, не ќе може да си ја припише ни заслугата за ослободувањето на овие луѓе.

Од друга страна, други обвинети за поттикнување, организирање и изведба на настаните од 27 април ќе си го дочекаат крајот на судењето и казните што, соодветно и заслужено, ќе им бидат изречени – бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и денес не се оградува од ова злосторство, ќе си ги припише врз себе криминалите сторени од овие луѓе. На тој список ќе си ги додаде и повеќето други разновидни криминали (минус Мијалков, него го набркаа!) од долгиот регистер на кривични дела, речиси од сите глави на Кривичниот законик, што ги гони СЈО.

Паралелно на ова, ВМРО-ДПМНЕ и официјално влегува во историјата како политичка структура која била против зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ, поради одбивањето на „Преспанскиот договор“. А и сите вложени напори за блокирање на тој договор пропаѓаат, што значи дека ни името не е „одбрането“.

Дополнително, не ќе можат да го споделат политичкиот профит од мачниот, но со предвидлив растечки успех, пат на Македонија низ евро-интегративните процеси кои на среден рок ќе придонесат за видлив и опиплив социо-економски напредок, како што тоа се случи со СИТЕ земји кои го поминаа тој пат пред нас.

Следствено, односите со меѓународната заедница ќе останат руинирани за догледно време. Следствено, барем во наредните неколку изборни циклуси не ќе можат да најдат коалиционен партнер меѓу албанските партии со кого би можеле да ја споделат власта. Но, тоа и нема да биде особено важно, бидејќи тешко дека (по своја заслуга), во догледно време, ќе бидат во постизборна ситуација да составуваат влади.

Следствено, партијата ќе продолжи да се распаѓа и внатрешно да се расточува по сите финансиски спирали, политички шевови и кадровски вертикали, со неопходност од блокирање и елиминирање на секаков подемократски обид за ревизија на ваквите партиски позиции.

Ете, тоа е она што може да се види со голо око, без премногу да се заплеткуваме во длабоки анализи. Чист здрав разум и ниво на математика два-плус-два.

Според тоа, сето ова води до елементарно НАГРАДНО ПРАШАЊЕ: Со оглед на сето понапред наброено, иако во една блага критичка форма – како што доликува кога, со понадица, се обраќаш до тешко болен – ќе се обиде ли некој да објасни која е, всушност, целта на политиката на поединечното и колективните раководства на сегашното ВМРО-ДПМНЕ? Со прости зборови?

Оние кои ќе дадат каков-таков успешен одговор на ова прашање ќе бидат наградени со продолжен викенд во Будимпешта, за двајца.

За успешни ќе се земат сите одговори кои ќе можат да издржат алко-тест до два промили алкохол во крвта и тест на мокраќа што ќе покаже апстиненција од опојни средства барем во последните две недели. Кандидатите мораат да имаат оформено основно образование. Фала.

https://plusinfo.mk/%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE/
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Дек 19 2018, 18:34

Ова со „помирувањето“ не ми излегува од глава. За евидентно противуставна селективна амнестија, т.е. за закон кој важи само по молба на осомничени, обвинети или осудени, си гласаа здружено дури 95 пратеници. ОКО НЕ ИМ ТРЕПНА! Сите си имаат свои причини. Докажаа дека се заедно, дека врана врани очи не вади, и дека кога се во прашање пари (за финансирање на партиите) или за спасување сопствена кожа - тие се сојузници.
Да се разбереме, од самиот почеток ова беше една голема игранка, и тоа на двете божем завојувани страни. Оние као нападају, ови се као бране. (Иако е апсурдно да зборуваме за некој кој се нарекува Нинџа како за кредибилен сведок, сепак она што го разбрав од кажаното е дека пола ДПМНЕ си било на безбедно на 8 кат, додека луѓето на улица ги искористија како маша - ако помине, нека помине, ако не - ништо. Нивните пратеници мјаукаа внатре во Парламентот. Предавството веќе беше почнато.). Значи, нивна колатерална жртва беа луѓе кои веруваа дека протестираат за правична кауза. И каузата беше коректна, но тие не можеа да знаат дека покрај масата од илјада луѓе ќе пуштат тепачи за да завршат некоја валкана работа, а вината да заврши на „десио се народ“.
Бев една од првите кои уште на почетокот на кривично-судската фарса реков дека Дурловски, Дамовски, Бетмен, Елена и останатите од движењето не можат да бидат терористи - ме расчеречија токму оние кои денес молчат и аминуваат. Тоа што некој бил уметник не значело дека не може да биде и злосторник, терорист - така ме подучуваа и некој Кокаланов, и Тортевски, и кој стаса... Квалификацијата на делото бене свесно одбрана - за да имаат голем адут в рака, а не затоа што имаа индиции или докази. Ако се одеше по нивна логика, оние што го симнаа Милошевиќ на 5 октомври или Бугарите кои влегуваа во парламентот, за жолтите елеци и да не зборувам - сите се терористи!
Навидум, законот што го донесоа вчера носи правда за овие невини луѓе, ама во суштина им се чини уште поголема неправда. И потпросечен правник знаеше дека за нив НЕМА ИНДИЦИИ ниту ДОКАЗИ за терористичко загрозување на уставниот поредок, но сега се доведени во невозможна ситуација - ем невини, ем со нарушени права од државата, да поднесуваат молба за амнестија (и притоа да немаат можност да бараат надомест за неправдата која им е нанесена). Со поднесувањето на барањето тие de facto треба да го изгубат својот морален интегритет, имплицитно да „признаат“ вина - и да застанат во ист ранг со битанги како Муковски и компанија. Ако одлучат да не бараат амнестија, од највисоко место им се кажува дека за нив не важи презумпцијата на невиност, т.е. дека товарот на докажување паѓа на нив, а не на обвинителството! Со Кацарска судство ништо не се знае, нели? Кој може воопшто да верува дека може да има правичен судски процес во Македонија? Затоа, никој од нас не смее да им замери на овие луѓе и нивните семејства кои минаа низ агонија, ни криви ни должни, ако се решат да бараат амнестија. Но, останува МНОГУ горчливото чувство на неправда, генерално! Особено што Груевски свесно го евакуираа, а Талат Џафери остана претседател на Собрание иако негозиот избор е нелегален и нелегитимен без оглед на сета амнезија и лоботомија која ни ја направија!
Да потсетам, Законот за амнестија по конфликтот од 2001, донесен во 2002 година, ги ослободи од кривичен прогон СИТЕ лица кои сториле не само кривични дела, туку и злосторства против човечноста (ова со автентичното толкување во 2011), без да поднесуваат молби, барања, и сл. Значи, со закон, кој е општ акт, се опфаќаат сите дела и сторители, поврзани со некој настан! Тоа е единствено правично решение, колку и да е амнестијата далеку од правдата колку Марс од Венера! Во проширената амнестија за настаните од 2001 беа опфатени лица кои беа вистински терористи, и притоа сторители на најтешки дела против човечноста кои не застаруваат според меѓународното право, а нашиве си го прекршија и Уставот (чл. Cool и меѓународното право.
Конечно, зошто Иванов сега не би ги аболицирал СИТЕ лица кои биле каков било начин инволвирани во настаните од 27 април?
Ова излезе цела колумна, ама ај уште малку (за тоа зошто сме капут): студенти во прва година на право учат дека државата и правото се раѓаат и умираат заедно. Нема држава без право, ниту (национално) право без држава. Кај нас нема ни право, ни држава - па затоа и Уставот е предмет на распродажба, нешто со што се ставаме практично во подредена и зависна положба во однос на соседна држава. НИЕ ВЕЌЕ НЕ СМЕ ДРЖАВА! Затоа и немаме право, односно немајќи право - не можеме да имаме ни (лоша) држава.

https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10217383758008857

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Чет Дек 20 2018, 00:00

Доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби претседателските избори во април, одговорноста ќе биде лична на Христијан Мицкоски и тој треба да се повлече од лидерската функција во партијата, вели Ивица Коневски, кој два мандати беше градоначалник на Општина Аеродром.

Коневски не е меѓу избрканите членови на партија, не е ниту дел од новото раководство, има функција како советник на Мицкоски за Град Скопје. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека е загрижен за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ, откако по гласањето за уставни измени беа исклучени дел од членовите на партијата.

„Многу беше погрешен пристапот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски со исклучување на членови. Многу од членовите се дистанцираа од самиот претседател, а има и голем број кои воопшто не доаѓаат во партија само поради тие политики на поделби на предавници и патриоти. Тоа беше погрешен чекор и самата партија ја носи во погрешен правец“, вели Коневски.

Според него, партијата има поддржувачи и висок рејтинг за разлика од оној на Мицкоски.

„Рејтингот на претседателот Мицкоски е трипати помал од тој на партијата. Мислам дека претседателот треба да смогне сили да ги обедини сите луѓе без разлика кој од нив му се допаѓа, а кој не, во интерес на партијата, членството, но пред сè во интерес на државата, за да може ВМРО-ДПМНЕ да дојде пак на власт. Треба да му дадеме шанса на Мицкоски за претседателските избори. Јас сум оптимист по природа, но по ова прашање дека тој ќе ги обедини сите, од ден на ден, сум сè поголем песимист. Доколку ги изгуби изборите покрај една ваква катастрофална состојба и власт која ништо не испорачува, поради тоа што нема капацитет да ги обедини сите чинители, одговорноста ќе биде лична на Мицкоски. Заради доброто на партијата и членството, доколку ги изгуби изборите треба да се повлече од лидер“, вели Коневски.

Како нов лидер на ВМРО-ДМПНЕ Коневски вели дека не се гледа себеси, немал лидерски амбиции и смета дека во партијата има многу квалитетни луѓе кои можат да ја донесат таму каде што припаѓа.

„Има некои најави дека постои можност за бојкот на претседателските избори, што според мене се многу погрешни. И не дај боже тоа да се случи. Нам не ни е потребен таков бојкот, тоа ќе ја доуништи и така влошена репутација на партијата кај меѓународната заедница. Не би сакал да верувам дека такво нешто ќе се случи. Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година, а се активирав во 2003 оти имаше концепт на прогресивност, на урбана димензија, на модерна партија, која ќе ја оттргнеме од начинот на водење на Љубчо Георгиевски кој ја носеше во еден правец на радикализација, на еден тежок национализам, што не доликува на партија која треба да ја води Македонија кон ЕУ и НАТО. Сега партијата како да се враќа во тоа време и тие работи не ми се допаѓаат. Потесното раководство околу Мицкоски и самиот тој повеќе гравитираат кон тие политики отколку кон прогресивна, модерна партија. Ние мораме да ги подобриме контактите со меѓународната заедница, да ги тргнеме суетите на страна, да ги екипираме луѓето кои знаечеле и дале придонес во партијата“, вели Коневски.

Како поранешен градоначалник на Општина Аеродром, Коневски вели дека новите градоначалници потфрлиле кога станува збор за хигиената, не го подобриле јавнот превоз кој е во многу лоша состојба, ниту пак презеле мерки против загадувањето што им било приоритет во изборните кампањи.

„Покрај чистиот воздух многу е важен и јавниот превоз, кој во моментов не е како што треба. Потребно е решение со кое граѓаните би се откажале од автомобилите. Сега предолго патуваат до своите работни места и затоа го избегнуваат јавниот превоз. Во Скопје е потребно метро. Една линија од Драчево, преку Горно и Долно Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Сарај“, вели Коневски.

На нашето прашањето зошто додека беа на власт и на централно и на локално ниво изминативе 11 години не почнале таков проект туку потрошија 600 милиони евра за „Скопје 2014“, одговори: „Мислам дека и ние додека бевме на власт требаше да почнеме да спроведуваме таков проект. И кога би имал можност некогаш да учествувам во локалната самоуправа, дали е тоа како градоначалник на Скопје, би бил поборник на вакво решение“.

Во времето на вториот градоначалнички мандат на Коневски беше донесен Деталниот урбанистички план со кој во зеленилото кај Мајчин дом се вцрта маркичка за зграда. Коневски вели дека тој објект бил предвиден со Генералниот урбанистички план, а Општината плановите ги прави според ГУП-от.

„Јас сметав дека тука треба да се гради, тоа го кажав и стоев зад мојата одлука. Лесно е да се вети нешто, а тешко е да се каже вистината и да се изгубат политички поени. Не ги изгубив изборите поради тој објект или некои други планови. Нема спорни планови, оној за кој се зборуваше во јавноста за стар Аеродром е донесен по барање на граѓаните заедно со СДСМ. Ако Златко Марин сакаше да ја спречи зградата како што им вети на граѓаните, можеше да ја купи парцелата која кога тој стана градоначаник беше во сопственост на Комерцијална банка и потоа беше продадена на новиот инвеститор за 2 милиони евра. Тие пари ги има Општината, оти во касата оставив 4 милиони евра. Марин постапи спротивно од што ветуваше пред избори и револтот на граѓаните е оправдан“, вели Коневски.

Коневски смета дека локалните избори ги изгубиле не затоа што граѓаните не биле задоволни од нивната работа, туку градоначалниците биле колатерална штета на сето она што се случувало на политичката сцена на централно ниво.
Интервју на Ивица Конески, екс градоначалник на Аеродром дадено за СДК, https://sdk.mk/index.php/makedonija/ako-izgubime-na-pretsedatelskite-izbori-mitskoski-treba-da-se-povleche-bojkot-na-izborite-bi-ja-dounishtil-vmro-dpmne-veli-eksgradonachalnikot-na-aerodrom-ivitsa-konevski/

П.С Она во црвеното, ме задума, долку ли ретардирани и неуки и тупави не сметаат политичариве и функционериве. Не ебат во здрав ум.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Чет Дек 20 2018, 16:20

Vo intervju Katrugalos priznava javno pred cela Grcija deka vo dogovorot nema nikakva promena na identitetot, dosta lazea dpmne.

Прашањата поврзани со националното самоопределување се прашања на свеста и не би можело да бидат вклучени во договор и не се вклучени, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за првата програма на грчкото државно радио во однос на последните препукувања меѓу владата и опозициската Нова демократија за тоа дали Договорот од Преспа признава или не македонска националност, јави дописничката на МИА од Атина.

– Прашањата што се однесуваат на националното самоопределување се прашања на свеста, не би можело да бидат во договор и не се. Договорот исклучиво се однесува на државјанството, односно на правната врска меѓу граѓанинот и државата – објасни Катругалос.

https://plusinfo.mk/катругалос-националното-самоопреде/




OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пон Јан 14 2019, 11:41

Една колумна што објаснува многу. Ја ставам во оригинал.

Peščanik -
Mijat Lakićević 14/01/2019 |
Severna Makedonija i tužna Srbija

Sastanak Vladimira Putina i Aleksandra Vučića biće sastanak dvojice gubitnika. Jer su obojica pre neki dan poražena u Skoplju. Ali, da počnemo od početka.

Vest da je makedonska skupština usvojila novo ime države – Severna Makedonija, u Srbiji je dočekana (s) mukom. Ovo je u stvari samo malo izmenjena rečenica kojom sam započeo tekst pre oko pola godine kada su predsednici Makedonije i Grčke, Zaev i Cipras, postigli taj nesumnjivo istorijski sporazum.

Jer, niko tada u Srbiji – ni „pozicija“ ni opozicija, ni nezavisni mediji ni nevladine organizacije – ne da nije javno pozdravio taj čin, nego ga takoreći, osim protokolarno, nije ni zabeležio. Kako tada, tako i danas. A Zaev je pokazao i političku hrabrost i političku dalekovidost, a posebno smisao za političko liderstvo – važi to i za Ciprasa, ali on za ovu priču nije toliko bitan – to jest sposobnost da preuzme odgovornost u ključnim momentima nacionalne istorije. Sve ono, dakle, što od Đinđića naovamo nije pokazao niko na političkoj sceni Srbije, ma na kojoj strani spektra bio i ma u kojoj ulozi se na toj sceni nalazio.

Ovde su sve oči uprte u Putina. Koji je, to nije mala stvar, u Makedoniji doživeo težak poraz. Sve raspoložive snage, da podsetim, angažovao je da spreči taj mirovni dogovor – prvo tako što je otvoreno radio u korist Gruevskog, a protiv Zaeva – a kada je do dogovora ipak došlo izjavio je da ga neće priznati.

Da je samo Putin pao na Vardaru ni po jada, ali to je mesto gde je poraz – stvarni, ne onaj koji femkajući se „priznaje“ na glavnom odboru svoje partije – doživeo i Vučić. U tom smislu će dakle susret Vučića i Putina, svega nedelju dana pošto je Sobranje dvotrećinskom većinom izglasalo istorijsku odluku, biti susret gubitnika. A tome treba dodati da je Putinu (posle ekonomskih mera na koje je bio prinuđen jer je Rusija u velikoj krizi) rejting pao za 50 odsto, a i Vučićev je na nizbrdici, pa im je ovaj „miting“ došao kao naručen da jedan drugom malo podignu samopouzdanje.

Nije, međutim, problem što Zaevu čestitke nije uputila srpska vlast, nego što to nije uradila ni naša opozicija. Iako to, u stvari, i nije nešto čudno. Jer, dok sadašnji ministar spoljnih poslova Ivica Dačić izjavljuje da je Srbija pogrešila što je priznala Makedoniju, Vuk Jeremić, bivši ministar spoljnih poslova i sadašnji lider opozicije, nije čak želeo ni da izgovori ime Makedonije, nego je govorio: „država čiji je glavni grad Skoplje“.

To Skoplje će, međutim, uskoro postati i glavni grad jedne NATO države. Što je „brza pruga“ za priključenje Evropskoj uniji. A čak i da se EU raspadne – što sanja jedan drugi lider opozicije, Boško Obradović – NATO se neće raspasti. Pogotovo u tom slučaju neće. Nego će, naprotiv, još više ojačati. Što će podvući njegovu – sada zapostavljenu – političku dimenziju. Iz čega će naravno proizaći ekonomske posledice.

Koje se po pravilu ne vide odmah, nego tek za deceniju ili dve, nekad i duže. Pa se sad vidi koliko nas je koštao pogrešan izbor devedesetih. I gde su nekad bile recimo Srbija i Bugarska, a gde su danas.

S kim si – onakav si, lepo kaže naš narod.

Peščanik.net, 14.01.2019.

https://pescanik.net/severna-makedonija-i-tuzna-srbija/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Јан 14 2019, 17:59

Мијат Лакиќевиќ е платеник на Сорос, што би рекле еден од тие што повеќе ги сакаат странците од сопствената држава. Не пишува на каков начин амнестираниот криминалец Заев ги протурка уставните измени. По идиотсиот терк по кој е сменето нашето име од предавниците, САД би требало да се викаат Соединети Централно Северноамерикански Држави.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пон Јан 14 2019, 19:28

Глупости, човекот е само реален. Тоа што дпмне-офца го напаѓа новинарот лично а избегнува да полемизира со неговите ставови јасно зборува дека погодил во центар.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пон Јан 14 2019, 19:47

Еве сега е јасно и зошто твоите српски газди креваат паника. И рускиот Комерсант ли е платеник на Сорос?

Комерсант: Со уставните измени во Македонија, отворен и е патот во НАТО и ЕУ, но и за автокефалност на МПЦ

Со усвојувањето на уставните измени во Скопје, со кои е променето името на државата во Република Северна Македонија, на оваа држава и се отвораат вратите на патот кон НАТО и ЕУ, пишува московскиот весник Комерсант.

Објаснувајќи ги уставните измени донесени во македонското Собрание и јавувањето на потешкотиите во грчката Влада и во Парламентот, Комерсант повикувајќи се на неименуван европски дипломатски извор на Балканот, пишува дека НАТО веќе во февруари планира да го потпише протоколот со Скопје за влез и дека по ратификацијата на сите членки на Алијансата, Македонија ќе стане 30-та држава членка.

– Не е изненадувачки што усвојувањето на уставните измени беше поздравено во НАТО, ЕУ и САД, нарекувајќи го овој настан „историски”. Руското Министерство за надворешни работи претходно овој процес го нарече „валкана манипулација”, оценувајќи дека неопходните гласови во македонското Собрание се обезбедени со уцени, закани и поткуп на пратениците од опозицијата, пишува весникот.

Комерсант оценува дека усвојувањето на уставните измени може да има уште една последица, важна не само за таа балканска држава, додавајќи дека, според мислењето на регионалните експерти, тоа може да влијае и врз доделувањето на автокефалност на Македонската православна црква.

Весникот, исто така, наведува дека повеќето балкански експерти се убедени дека Западот ќе го поддржи договорот со Македонија во грчкиот Парламент.

https://press24.mk/komersant-so-ustavnite-izmeni-vo-makedonija-otvoren-i-e-patot-vo-nato-i-eu-no-i-za-avtokefalnost-na
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Јан 15 2019, 09:41

Русија е демократска земја и таму има опозиција и странски платеници. Не е се руско руско. Во секој случај има грешка уште во насловот. Во НАТО нема да влезе Македонија туку Северна Македонија. Истото важи и за евентуален но многу неизвесен влез во ЕУ и веројатно добивање на автокефалност на начин што го доби украинската.
Ајде да напишам овде дека Шеќеринска лаже кога вели дека со влез во НАТО ќе станеме рамноправни со другите земји што таму членуваат. САД во моментов и прети на Турција со економски санкции (економска војна) што наводно ќе и ја уништат економијата, Да не заборавиме дека претходната власт на САД сакаше да изврши државен удар и насилно да го симне Ердоган од власт. Исто ќе беше и кај нас ако ВМРО успееше да состави влада. .

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Вто Јан 15 2019, 09:46

Ajdeee gospodinot Zoran Zaev i za MPC OA izdejstvuval priznanie. Brvo za Zaev i SDSM.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Фед 05 2019, 09:30

МАКЕДОНСКИОТ СИНДРОМ НА САМОУНИШТУВАЊЕ: Проклетството да живееш во држава која никогаш не требаше да постои!


Се започна далечната 168 година пред нашата ера, стариот Рим веќе ги добиваше контурите на моќното царство како што ќе остане запаметено во историјата. Иако Персеј на почетокот од ,,Трета Македонска војна’’ како што ја нарекуваа римјаните имал успех, се завршило кај битката кај Пидна, каде античката македонската војска ја изгуби својата последна битка, Персеј ја изгубил војната, а со тоа дојшол и крајот на Античкото Македонско кралство како што денеска се памети.
Многумина ќе кажат еве уште еден атнички Македонец, дополнувајќи дека тие не се чувствуваат така, но јас ќе речам не сте во право, геостратешки и геополитички никогаш повторно нема да се обединат регионите денес познати како Егеј, Пирин и Вардар во држава на еден народ. Дебатата дали сме или не ,,антички’’ , односно дали сите ние ги влечеме своите корени од Македонците кои живееле тука пред Христа ја оставам за некое друго време.
Географска Македонија, како држава која припаѓа на еден народ како и да го нарекувате никогаш повторно нема да се обедини од моментот кога Персеј ја губи својата последна битка. После поразот кај Пидна, Римјаните го освојуваат регионот Македонија, го колонизираат, го романизираат, тие иако го покоруваат овдешниот народ, го почитуваат ликот и делото на Александар Македонски и воинствените Македонци.
Приказната на дотогаш најмоќната империја Рим, завршува неславно со поделба, најпрвин во 286 година каде првично ги добиваме контурите на Византија, а потоа и конечната поделба по смртта на Теодосие први во 395 година од нашата ера.
Многумина забораваат, но визнатиското царство продолжува да постои уште неколку години по падот на Константинопол во 1453, се до падот на Трапезунт, односно денешен Трабзон во Турција.
Сепак говориме за Македонија, а Македонија е освоена од Османлиите многу порано уште во 1387 година кога паѓа Солун, а со неговиот пад паѓа и целиот регион на географска Македонија во рацете на Османлиите. Народот кој како и да го наречете претходно бил романизиран, со доаѓањето на разни племиња при преселбата на народите веројатно и во голема мера словенизиран, сега е исламизиран, односно потурчуван од страна на Османлиите
И оваа приказна се одвивал и ќе се одвива и во наредните 500 години, или како што популарно се нарекува овој период, турското ропство. Отоманската империја по низата неуспшени војни со Западните држави конечниот удар го добива на полето на економијата и се дави во долгови, по што од рускиот цар Николај I го добива прекарот ,,Болен на Босфорот’’
Нашите денешни соседи во време кога Османлиите се најслаби ја гледаат шансата за да и го зададат финалниот удар и ги истераат од своите огништа Турците, да ја истераат Османлиската држава надвор од Балканот.
Оваа шанса ја гледаат и Македонците во 1903 организирајќи го Илинденското востание кое за жал е неуспешно и како што велел даскалот навистина се случило прерано.
Само 9 години по неуспешното македонско востание, се случува Првата балканска војна, мојот пра-пра-пра дедо слуша дека се ослободува Македонија, и од Чикаго се враќа назад во Радовиш. Но тој не е еден и единствен за вакви случаи имаме безброј примери, примери за Македонци со изразено македонско чувство уште на почетоците на 20-тиот век, спремни да гинат за Македонија. Сепак Македонците биле излажани или се излажале самите, нив никој не дошол да ги ослободи, ниту Бугарите, ниту Србите, најмалку пак Грците.
Надежта дека православните браќа, словенски или какви да ги нарекуваме или би сакале да се прикажат најмногу во примерот со Бугарија, дошле да ги ослободат Македонците од вековното ропство згаснува тука, тие за жал дошле самите ги поробат.
Границите на денешна Македонија почнуваат да се познаваат по Втората балканска војна кога некогашните сојузниците војуваат за јаболкото на раздорот на Балканот, географска Македонија. Во Првата балканска војна е поразена Турција, а во Втората Бугарија. Сепак на крајот најтешко поминуваат Македонците во чии дворишта се исполнуваат болните империалистичките амбиции на соседите и светските сили.
Се случува и Првата Светска Војна, повторно во дворот на Македонците, повторно има илјадници жртви. Но нешто се менува по Втората Светска Војна, нешто што речиси 2200 години било незамисливо, вистинско чудо, се појавува држава која го носи името Македонија. Иако како дел од СФРЈ, ова е прв пат после 2200 години повторно да се појави ова вековно име на светските карти.
Сепак радоста брзо доаѓа, но брзо и си оди. Создавањето на македонската држава не во план на ниту еден од нашите соседи, а уште помалку во планот на светските сили кои до ден денес ги тегнат конците во светот.
Македонија и Југославија ја делат истата судбина, нивното постоење е непланирано, па така Југославија во даден момент се распаѓа, а плановите за поделба на Македонија и нејзинот уништување постојат и до ден денес.
Да за жал постоењето на Македонија, обединета или каква што е денес е непланирано во ниту една геополитичка карта, не е во интерес на ниту една од светските сили и за жал не е во интерес на ниту еден од нашите соседи. Но тоа не е нашиот најголем проблем.
Доаѓаме до не така далечното минато односно нашето осамостојување на 8-ми Септември 1991 година, Денот на независноста на Република Македонија. Набргу по осамостојувањето Македонија е жртва на погубно ембарго од Грција и војна во 2001-га година која завршува со Рамковниот договор, и најава за конечна поделба на Република Македонија помеѓу две соседни држави.
Имајќи ја во предвид целата наша историја лесно е да се протолкува и нашата судбина. Нашата субдина е нашиот карактер, а нашиот карактер и однесување е како однесувањето на едно непланирано дете. Дете израснато со многу проблеми, без љубов и ниска самодоверба како резултат на тоа, дете кое прави се за да се самоуништи. Македонците самите на себе си се најголемите непријатели. Веројатно за оваа тема е потребно поголемо психолошко познавање, но сите ние знаеме и сме свесни како завршуваат децата кои имаат проблематично детство, се разбира освен ако не им се посреќи или станат свесни што прават и ги променат своите навики.
Синдром на самоуништување не следи од првиот ден на нашето создавање, со предавствата и интригите, борбите за моќ и пари кои завршуваат со криминалната транзиција, која ја враќа државата 20-тина години назад. Потоа со дефакто капитулацијата во 2001 година и територијалната поделба 2004-та кога уште еднаш добиваме слика за крајниот план, федерализација на Македонија и нејзина конечна поделба.
Високо ниво на корупција, даночна евазија, уништување на институциите, двојазичност, промена на име, сите овие случувања се резултат на карактерната црта на Македонецот кој повеќе од 20 години пробива да го уништи она за кое се борел 2200 години. Ако не успее да се промени Македонецот и дозволи судбината да му ја одреди карактерот кој е резултат на тешкото минато, крајот е близу. Крајот за Македонија, крајот за Македонците, крајот за нашиот јазик, историја, но и иднина, близу е уште една Пидна после која овој пат нема да има назад дури ни по 2 илјади години! За крај наместо да го проколкнувате Персеј, секој на свој начин нека биде Александар, а во следното мое писание ќе ви зборувам малку повеќе за борбата што ни следува…

Пишува: Милош Милошевски.


Посветено на Гоце Делчев, вечна ти слава даскале!


https://infomax.mk/wp/македонскиот-синдром-на-самоуништув/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 26 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 26 of 42 Previous  1 ... 14 ... 25, 26, 27 ... 34 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот