Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 25 of 42 Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 33 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by nino Сре Мар 07 2018, 14:36

абе има салам луѓе во сдсм, само премиерот не знае кај тера.

nino

Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino Чет Мар 08 2018, 13:01

Sakaj si go premierot be ke te primet sovetnik u vlada pa plata pa karticki za trosenje so ke tie penzija ionaka nema da doceka nikoj posle ovie tuku od rabotno mesto u mrtovecnica direkt.

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by nino Чет Мар 08 2018, 15:08

Dino напиша:Sakaj si go premierot be ke te primet sovetnik u vlada  pa plata  pa karticki za trosenje  so ke tie penzija ionaka nema da doceka nikoj posle ovie tuku od rabotno mesto u mrtovecnica direkt.

ti sakaj go, jas politicari mnogu ne sakam

a ti grujo go sakase na vremeto, mu bese sovetnik?
zatoa si sega ogorcen oti ti go nema veke ljubimikot, pa i ti nemas veke plata za klati vrata

nino

Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Пет Aвг 24 2018, 11:07

Dobra kolumnicka.

Таа несреќна примадона на политичката сцена

Пишува: Џабир Дерала

Неприфатлив е аргументот на ВМРО-ДПМНЕ дека парламентарната одлука за референдумот била нерегуларна и недемократска, затоа што била донесена без опозицијата. Некој од страна, со основните факти за Македонија во својата папка, со право ќе биде зачуден и ќе се сомнева во легитимитетот на таквата опозиција. Ќе постави прашања на кои одговорите се очигледни. Да, тоа е референдумот што се одржува за пет недели од сега и што ќе ја стави Македонија на брзата патека кон ЕУ и НАТО, кон пристоен и достоинствен живот, неменливост на границите, отвореност и мобилност, сигурност…


Да, тоа е истиот референдум што ВМРО-ДПМНЕ, сега во опозиција, го ветува две и пол децении, било да е на власт или во опозиција. И тоа е истата опозициска партија што го блокираше парламентот, а чии членови на парламентот се обвинети за тешки кривични дела поврзани со насилниот напад на парламентот на 27 април и обидите за убиство врз пратеници, новинари и партиски лидери.

Тоа е истата политичка партија што е повикана на лидерски средби, се мази и пази цело време, а не ѝ е местото на преговарачка (лидерска) маса. Бидејќи, лидерска средба подразбира на неа да има лидери. А лидери се храбри и мудри луѓе…

Тоа е партијата со чиј сегашен „лидер“, марионета на структурата под истрага, обвиненија и неколку пресуди за тежок криминал, глуми примадона на политичката сцена, а со кого преговара премиерот што со месеци носи трага на челото од обидот за негова ликвидација на тој 27 април.

Да, тоа е и партијата што со месеци калкулира и игра двојни-тројни улоги во јавноста и чија поддршка на референдумот сѐ уште е добредојдена (ако ме прашате мене – не е неопходна). И после, не била легитимна одлуката да се организира референдум, затоа што била донесена без присуство на опозицијата?! Хм, навистина чудна логика, најблаго кажано.

И на крајот, сосема извесно е дека тој лидер (марионета) ќе го поддржи референдумот, во последен миг и предоцна за да се поправат штетите од опструкциите. Многу веројатно е дека со тоа ќе ја заврши својата мисија барем делумно успешно: ќе извлече некакво ветување или гаранции од премиерот, а веројатно и од влијателните дипломати. Тоа што ќе го извлече, пак, ќе биде добивка само за мал број луѓе во најтесните кругови на бизнисот, криминалот и политиката во земјата, а кои се дел од ВМРО-ДПМНЕ и нивното злокобно опкружување.

Попуштањето и отстапките што ѝ се прават на оваа партија што глуми „несреќна и онеправдана“ опозиција, всушност, не им одат во прилог на членовите на таа партија, ниту на луѓето со десна политичка ориентација, а најмалку на Македонија. И повторно ќе се извлечат и тоа со извици на одобрување дека конечно покажале лидерски и патриотски капацитет. Изјавите на дипломатите се веќе напишани и испринтани, а „неутралците“ ќе здивнат, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети дека ќе соработува, ќе биде конструктивна партија и дека нејзините солдати нема да ги фотографираат луѓето што ќе излезат на гласање. Што не мора да значи дека ветувањата ќе ги исполнат.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by TRAJCHE Пет Aвг 24 2018, 11:53

Ubavo im napisal.
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Aвг 25 2018, 19:47

ВМРО ветуваше референдум со едно единствено јасно прашање во кое би се споменало дали сте за промена на името (со негов назив и тоа само за меѓународна употреба, не и со промена на Уставот), а не за еден куп обврски на Македонија со тотално откажување од историјата и државниот идентитет, а учебниците ќе треба да ни бидат напишани од грчки автори или по нивен налог. Загрижува и изјавата во интервју дека државата ги следи (што би рекле прислушува) тие што се за бојкот на референдумот. Како да е забрането да не се излезе на гласање.
Дали Џабир Дерала го напишал коментарот како професионалец и да не е случајно платен со странски или не дај Боже пари од даночните обврзници. Добро ќе беше да има консензус околу референдумското прашање, а не имаме наметнато со купени гласови како тој на Амди Бајрам три прашања на кои треба да се одговори со еден одговор, за да може да се импутира дека кој е против капитулантскиот договор со Грција е и против НАТО и против ЕУ. За кој пенис хунтата распиша референдум ако смета само на еден резултат, референдумот да помине. Налудничавата желба на меѓународната банда (заедница) македонскиот народ да се укине самиот очигледно е дека има мали шанси да помине. Борбата ќе продолжи. Ќе видиме дали Македонците ќе останат пасивни и само ќе одговараат на нападите или конечно ќе поминеме во офанзива.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Саб Aвг 25 2018, 22:04

dpne, malata bukva ne e grshka, go koristeshe vetuvanjeto za referendum samo za da sokrie deka nemislosrdno ja unishtuva makedonskata drzhava i makedonskiot identitet...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Нед Aвг 26 2018, 20:16

Dali da go pustat da izbega vo Ungarija ili da go zatvvorat.

Амнестија или затвор

Во време пред референдумот сите пишуваме на таа тема која нормално ја окупира целокупната македонска јавност. Прочитав во „Фокус“ од 24 август дека постоел некаква опција за бегство на Груевски од земјата, поточно во Унгарија кај неговиот пријател Орбан, замена за амнестијата, а за возврат опозицијата партијата ДПМНЕ да се изјасни за излегување на референдумот. Не верувам дека вакво нешто може да се случи иако информацијата потекнува од добро упатени соговорници.

Да ја претпоставиме таквата опција на „амнестија со бегство„ да се случи, не знам какви ефекти би се добиле. Малку ќе се занимаваме со „математички пресметки“, оние на Мицкоски, што би се случило кога би се случило. Мицкоски после консултирање со народот ќе одлучи да ги повика членовите на ДПМНЕ да излезат на референдумот и да гласат „за“ или „против“, важно е да не се бојкотира референдумот. Што ќе се случи? Мицкоски уште не е етаблиран како лидер на ДПМНЕ со авторитет кај целокупното членство на партијата, па така дел ќе ја почитува а другиот дел нема да ја почитува неговата одлука. Делот составена од тврдокорните членови предводени од Џуџето Милошоски ќе го бојкотираат референдумот и нема да излезат на гласање. Останатиот дел на партијата ќе излезе на референдумот и независно како ќе гласа важно е дека со овој дел нема да се исполни цензусот од 900.000 гласачи.

Не спорно е дека со половината пратеници на опозицијата ќе се направат уставните промени спрема барањата од Договорот со Грција. Меѓутоа ова може да се постигне и без „амнестија со бегство„ со тоа што ќе се „убедат“ потребниот број на пратеници од опозицијата за да се постигне двотретинско парламентарно мнозинство потребни за уставните промени. Заклучок: Голема цена и брука без ефекти.

Во таквата претпоставена ситуација што ќе добие Заев? Ќе се намали рејтингот на СДСМ од сегашните скоро изедначен на половина од околу 12 проценти. Наспроти ова, партијата ДПМНЕ ќе го зголеми рејтингот на околу 36 проценти. Плус меѓународната заедница ќе го „искара“ а можни се и некакви последици по него. Заклучок: Со „амнестијата бегство“ Заев и СДСМ ќе бидат големи губитници.

Јас размислувам за една друга опција пореална и многу ефективна. Никола Груевски против кој се водат повеќе обвиненија од СЈО, од кои предметот „Тенк“ се чека потврдување од Апелација на пресудата од првостепениот суд со што ќе биде осуден на 2 години затвор. Не знам какви правни процедури постојат, но сигурно е дали одма или после извесно време тој може да се стави зад решетки. Во тек треба да течат и другите предмети што се водат против Груевски и фамилијата.

Што се добива со ова опција. Многу. Прво, ќе се спроведе законот и ќе почнеме да наликуваме на правна држава што од нас постојано го бара меѓународната заедница. А кога ќе се затвори Груевски како шеф на фамилијата, за другите членови на фамилијата ќе биде многу полесно да се завршат предметите што се водат против нив. Кога веќе шефот е во затвор за другите ќе биде многу полесно. Ова ќе го отвори процесот на преобразување на Македонија во правна држава со што ќе добиеме големи позитивни поени на меѓународен план во остварување на реформите кои се неминовни.

Втората предност, Заев и СДСМ ќе добијат големо признание од македонската јавност со што рејтингот ќе се зголеми од сегашните 24 можеби на околу 36 проценти, а рејтингот на ДПМНЕ ќе се намали на околу 12 проценти. Процентите можеби не се точни, но битно е фактот дека рејтингот на СДСМ со сигурност значајно ќе се зголеми. На личен план Заев ќе се потврди како реформатор и човек кој останал на своите изборни ветувања во преобразба на Македонија во правна држава. Со ова лично Заев ќе добие силна доверба и кај Меѓународната заедница која му е потребна за идната политичка кариера.

Трета најзначајна предност се ефектите од случувањата во партијата ДПМНЕ. Со ставањето на Никола Груевски во затвор партијата ДПМНЕ ќе биде обезглавена без неприкосновениот шеф. На секој му е јасно дека сега, и во иднина доколку биде на слобода, со партијата раководи тој а лидерите како Мицкоски или некој друг ги извршуваат целосно неговите наредби. Сега имаме ситуација „и по Груевски, Груевски“, а со неговото лишување од слобода ќе имаме друга ситуација – крај на груевизмот. Исто е како кога ќе умре матицата кај пчелно семејство поради што пчелите умираат доколку не се направи нова матица. Без него, Мицкоски и партијата ќе немаат налогодавач па најверојатно ќе почнат да водат своја самостојна политика без туторство на Груевски. Постојат и други можни случувања со тоа што партијата ДПМНЕ, без кохезионен фактор со авторитетот на Груевски, да се подели на повеќе фракции, на пример, реформисти, тврдокорни и некои трети со што партијата повеќе нема да биде монолитна. Во таков случај можна е ситуација да настане конструктивна опозиција од страна на реформистите и деструктивна од страна на тврдокорните, што е многу корисно за земјата.

Со ова конструирана опција, Владата на СДСМ ќе го добие парламентарното двотретинско мнозинство потребно за уставните промени поврзани со барањата на Договорот со Грција, што се постигнува без никакви отстапки на ДПМНЕ со нивните уцени за било каква амнестија. Тоа двотретинско мнозинство ќе биде потребно и во реализирање на реформите што ќе уследат.

Заклучок: Полн погодок, подобро не може да биде. Да се почне процесот…

https://plusinfo.mk/%D0%B0%D0%BC%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Aвг 26 2018, 20:37

Истите кругови и за Груевски мислеа дека ги извршува наредбите на Георгиевски. Ако Мицковски повика на гласање против референдумот, а таа опција загуби на гласањето со на пример 100% ЗА во Липково, Арачиново или Шуто Оризари готови се и ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски. Ќе ги смена од политичката сцена. Но ќе се појави некое друго ВМРО што ќе се бори за ослободување на Македонија од северномакедонско ропство.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC Пон Aвг 27 2018, 00:45

Се влошува дијагнозата сега друго дпмне ке се појавува, сигурно вие од бојкотирам на чело со Бачев, затоа што веке е извесно дека сегашното дпмне ке ги повика членовите да гласаат против на референдумот.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Сеп 02 2018, 10:47

Бабароги, амбасадори и продупчени чадори

Јавноста е возбудена, народот исчекува, коефициентите во обложувачниците постојано се менуваат, напнатоста расте, сите, ама баш сите со интерес следат која ќе биде новата баба Рога што власта ќе ја извади за да нè плаши со црни сценарија и закани за апс доколку го бојкотираме неуставниот противзаконски референдум за нелегитимниот нацистички грчки договор. Последната баба Рога беше од редот на академиците. Публиката со возбуда следеше како една кариера со децении градена се урива за еден миг, затоа што академикот прифати да аздисува по волја на октроираната власт учествувајќи во големото антимакедонско велепредавство. Мисијата застрашување преку закани со затвор не успеа, затоа што народот веќе подолго време е под постојан притисок на апокалиптични сценарија, ама па и не сака да прифати да се самоукине. Остана само мистеријата каков допинг користел академикот, оти во 2004 година кога власта организираше бојкот на референдумот за територијална поделба, истиов не излезе да се расфрла со закани како сега.
Паралелно со бабарогите на теренот секојдневно истрчуваат понекој амбасадор, дипломат или политички бирократ од западниот свет. И додека бабарогите се закануваат и плашат народ, од устите на амбасадориве тече мед и млеко додека ни ја мантраат лагата за благосостојбите и привилегиите што нè очекуваат ако се самоукинеме како држава и народ. За да биде апсурдот и безумноста на врвно ниво се истопорија некои фаци од Северна Ирска за да нè убедуваат колку ќе ни биде убаво ако станеме Северна Македонија. Ај што воздухот во Белфаст уште смрди од експлозиите на ИРА, ај што се постојано на раб на верска војна меѓу католиците и протестантите, ама па не се ни самостојна суверена држава.
И додека уште не сме го проветриле нашето постоење од лошата миризба што се шири од заканите на бабарогите и лагите на амбасадорите, Јоханес Хан ја посра работата. Излезе и мртов ладен кажа дека во иднина пристапните преговори за влез во ЕУ ќе траат подолго од досега. Мојот прв циничен коментар беше дека најверојатно го провериле коефициентот на интелигенција кај нашиве северноцрпнати политичари и прогресивни граѓани, па сконтале дека си имаат работа со телиња пред шарена ЕУ врата. Како и да е, воочи антиуставен референдум, Хан ни даде уште една голема причина за бојкот. Не сме веројатно идиоти да се самоукинеме заради Европската Унија пред чии врати којзнае колку долго ќе дремеме обезличени. Оти овие неспособниве на власт, освен да наместат тендер и да вработат швалерка, за ништо друго не ги бива, а ЕУ бара сериозни реформи. Ај што ние со здрав разум знаеме дека во Унијата ниту тече мед и млеко, ниту пак тие ги збогатуваат своите нови членки, ама па сега знаеме дека не знаеме кога ќе влеземе таму. Затоа, бојкот!
Кашканициве ги дозакашка Катица Јанева. Кутрата Катица, со една изјава ја урниса неколкугодишната, внимателно плетена и со милионски суми поддржувана местенка на „длабоката држава“, на Џес Бејли и Џорџ Сорос и нивните одработувачи од СДСМ, разните шарени „револуционерчиња“, експертутки, пропагандни мегафони, интелектуалната бижутерија и грантираните новинари и активисти. Сè падна во вода откако Катица мртва ладна призна дека за време на фамозното прислушување, вмроовците слободно си разговарале по телефон, а сдсмјаните знаејќи дека се прислушува, внимавале што зборуваат. И како сега да се продолжи со мантрата дека Груевски и Мијалков прислушувале? Демек, сакале своите да ги прислушуваат, па затоа им шепнале на опозиционерите да внимаваат што зборуваат. Отиде бестрага сиот вложен труд на архитектите на лаги и манипулации, Катица Јанева со една изјава ни потврди и кој прислушувал, и кој бил жртва, кој знаел за прислушувањето и како се одвивал проектот за рушење на македонската држава.
Се продупчи и прокисна чадорот. Вистината тече од сите страни и таа ги открива сите лаги и манипулации. Што ти е животов, а? Некои велат, чудни се патиштата Господови, други додаваат, карма из а бич. Се сеќавате на шарената „револуција“, така? На паркобраните? На она некрофилско мантрање, „колку Тамари чини ’мерцедесот’“? На хистеричните активисти што врескаа полни омраза за сенешто? За задолжувања, за тендери, за расфрлање со државни пари. Не беше тоа толку одамна. Напротив, како да беше вчера. Остатоците од нивната хистерија сè уште се расфрлани по улиците.
Власта се смени и ништо на добро не се промени. Напротив, промените станаа погубни за државата. Излезе дека власта е октроирана само со една цел, бришење на Македонија и Македонците од постоењето. Сето она друго што го слушавме од Заев и неговите, за реформи во економијата, судството, образованието, не само што не се случува, туку станува катастрофално. Сега воопшто не се потребни прислушувани разговори. Кражбата на државата, немањето никаква идеја за реформа, партиските вработувања, антиуставните потези, распродажбата на националните интереси, сè е очигледно. А во меѓувреме се случуваат и некои нешта за кои јас сакам да им се обратам на некогашните хистерици, активисти и „револуционери“. Почина малечката Ева затоа што државата не сакаше да помогне. Владата, која немаше пари за операција, наеднаш најде 600.000 евра за садење цвеќиња. Се масакрира Водно затоа што таму требало да минува некаков гасовод. И каде се сега оние силни „правдољупци“?
Како да умреа, толку е гласна нивната тишина. Затоа што станува збор за банда забегани, отуѓени и обесчовечени хистерици со некрофилски афинитети и огромна опседнатост со пари. За нив малечката Тамара не беше несреќно девојче, туку можност својата финансиски активирана хистерија да ја истурат кон оние за кои се платени да протестираат против нив. Ним не им е гајле за децата, за луѓето, за несреќните родители, затоа што се лицемерна гротеска на отчовеченото битисување. Тогаш глумеа борци за правда, а сега газињата им се удомени во удобните државни фотелји. Вриштеа за неколку исечени дрва низ градот, ама сега кога се масакрира Водно, кога се сечат белите дробови на градот, никаде ги нема. Зошто? Затоа што сега наеднаш екологијата не им е кул. Сега дишат свежа власт и уште нè убедуваат да се прифатиме насилно укинување на сè што е македонско, затоа што тие, продавајќи си го газот за триесет сребреници, некаде ветиле дека ќе одработат ликвидација на Република Македонија и Македонците. Затоа, бојкотирам изопачена моќ, политичка фарса, хистерични северноцрпнати лицемери и нивните нацистички договори, бојкотирам референдум!

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/бабароги-амбасадори-и-продупчени-чад/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Нед Сеп 02 2018, 18:07

Rusjakov primil pogolema doza od aluminiumot na Stankovski i Milenko pa ochigledno zatoa trese zeleni...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Сеп 02 2018, 19:29

А што е тоа зелено? Дали тоа што Катица изјави дека сдсмјаните знаеле дека се прислушкува, а вмровците не?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Нед Сеп 02 2018, 20:48

Не знам што изјавила Катица, ама веројатноста вашиот пастир да ве прислушува а вие да не знаете споредена со вашиот коефициент на интелигенција е скоро стопроцентна.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Сеп 04 2018, 10:21

Џабир Дерала со одлична клумна.

10%

Да крадеа 10% помалку, секоја болница во Македонија ќе изгледаше како Ремедика, секое училиште ќе беше како американското средно во Скопје, улиците и патиштата ќе беа безбедни и рамни, барем како грчките… Ќе имавме велосипедски патеки, функционални возила на брзата помош, светилки, ветерници, соларни панели, амбуланти во секое село и гратче… И сѐ ќе изгледаше пристојно, чисто, приемчиво, па и богато. Вистинска бајка! Можна!

Само со 10%, еј! Пресметките се груби, но замолив да ги направат луѓе што се разбираат во економија и развој. И веднаш, прашањето: Зарем не можеше системот да воведе барем 10% подобра заштита и почитување на законот?

Тревожните проекции продолжуваат да се редат, иако не со голема стручност, туку со чист човечки револт и со тага. Проценете сами дали е потребна висока научна стручност да се извлечат овие заклучоци.

Со 10% помалку (кражби), ќе имавме барем 10% повеќе млади. Најмалку 50.000 пара чевли повеќе ќе газеа на македонско тло, а не в туѓина. Исто толку појадоци секој ден ќе ја правеа земјата пожива, повесела, помлада…

Да имаше 10% помалку верски и партиски фанатици и милитанти, ќе имаше многу повеќе љубов, многу повеќе морал… Свештениците од сите вери да посветеа 10% помалку време на политика и да не го благословуваа грабежот и омразата, ќе имаше 10% повеќе божјо присуство во животот на оние луѓето што веруваат во (any kind of) Бог.

Со 10% помало Скопје 2014, ќе имавме 100 милиони евра повеќе, за попристојни плати, стипендии и лекување на тешките болести кај децата. Истата 10-ка важи и за генерацијата во залез, па ќе имаше подостоинствени услови за разделба со светот – сите геријатрии ќе изгледаа како Сју Рајдер, каде што чекате ред и да имате пари… Да, тоа е генерацијата што цел живот плаќала здравствено, социјално и пензиско осигурување, да не зборуваме за некогаш популарниот самопридонес за патишта, болници, училишта, развој…

Ова не е крик, ниту апел за 10% совест и добрина, не е повик за 10% правда, бидејќи совеста, добрината и правдата не можат да се изразат во проценти – или ги има или ги нема. Или, сепак, може? Да се обидеме… Со само 10% повеќе прифатени барања од нашето херојско СЈО, ќе имавме повеќе тешки криминалци во притвор, а можеби и дисплејот на Заев ќе покажеше повисока сума вратени пари на граѓанките и граѓаните…

Со 10% помалку омраза и пропаганда за амнестија, 10% помалку играње за Москва, а исто толку повеќе за Македонија, ќе имаме многу повеќе шанси за успешен референдум, далеку над потребниот цензус. Со 10% подобра работа на институциите поврзани со изборните процеси, ќе имавме исто толку подобар Избирачки список, а со тоа и поквалитетни изборни процеси, повеќе демократија, транспарентност, добро владеење.

Ако ова набројување го продолжам за само 10%, за исто толку ќе (ни) го упропастам почетокот на новата учебна година, кога нашите деца немаат учебници, а неизвесно е дали ќе имаат доволно греење и хигиенски средства во есенските и зимските месеци што се на прагот.

Само 10%, еј!

https://plusinfo.mk/10-2/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Саб Сеп 08 2018, 09:45

Mihajlovski so najnovata kolkumna i interesni viduvanja.

СНЕГОТ И АЈВАРОТ

1 Цел свет дојде да нѐ моли: Дојдете со нас, ајде да ве земеме и вие да бидете дел од светот.  Што уште сакате? Пари ви фалат? Еве, и пари ќе ви дадеме. Само излезете и гласајте на референдумот за промената на името во Северна Македонија. Само тоа ќе ви овозможи побезбедна и побогата иднина во ЕУ и НАТО. Заедно со развиениот свет.

Македонскиот народ е пред најголемата историска одлука по прогласувањето на независноста на 8 септември 1991 година. Но, многумина решиле да се откажат од учество во историјата. Некои гледајќи телевизија и навивајќи да нема излезност. А други лупејќи пиперки за ајвар, оти ионака „веќе сѐ е решено и ништо не зависи од нас“. Типично македонски.

Македонските партизани во Втората светска војна биле на страната на прогресивниот свет и за прв пат во историјата успеале да се изборат за македонска држава. И ај, на 29 ноември 1943 македонската делегација не стигнала на заседанието на АВНОЈ во Јајце, оти врнело снег. Ама на 30 септември 2018 година што ќе нѐ спречи да излеземе за да си ја зацврстиме државноста што ни ја обезбедиле предците? Во 1943 година, снегот бил проблем. Сега – ајварот. И евентуално грчките плажи – ако се погоди времето за бањање.

2 И еве, да речеме дека референдумот на толку напор што е вложен од сите страни, од Америка, од Германија, од Велика Британија, од сите земји на ЕУ, па дури и од Грција, а богами и од Русија – ќе помине. И вгодина со себап, ќе почнеме преговори за ЕУ. Па, кај и да ѐ, за едно година и пол и во НАТО ќе влеземе. Ама, што по референдумот?

Си кажа премиерот Зоран Заев пред неколку дена, на средба со бизнисмените. Камшик. Како рече?: „Ќе треба ние политичарите да се потсредиме, да се построиме, ЕУ и НАТО значат камшикар, кој пополека ќе нѐ среди по европски правила, да си влеземе во кал’пчето…“

Значи, ние сега со референдумот си купуваме камшик. Оти премиерот не смее да камшикува. Оти изгледа дека во овие драматични моменти покомотно му е да гази по патеките што му ги истапка ВМРО-ДПМНЕ. Фирмички регистрирани од пред два дена, братучетчиња, комшичиња од Струмица, донатори за партијата на кои треба да им се врати… Плус, едно чудо луѓе на кои им дал доверба, ама како од времето на СДСМ што си го знаеме. Ем мрзеливи, ем импровизатори, ем мајстори за сплеткарење. Секогаш со оправдание за нивната неработа или неуспех. Овој пат – само референдумот да помине.

Е па, ај нека помине. Само што, прашањето не ми е дали по 30 септември Заев ќе го фати камшикот в раце. Туку дали и за него треба камшик.

3 А што правиме по референдумот со цензурата што сака да ни ја воведе министерот за култура Асаф Адеми? А премиерот Зоран Заев тоа спремно би го прифатил и во закон.

Прво, министерот за култура Адеми и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија ни кажаа дека не го гледале филмот „Ругање со Исус“, но го осудуваат како навреда за чувствата на граѓаните и загрозување на соживотот. Министерот и директорот го гледале само трејлерот и заклучиле дека Албанците ќе се навредат.

Потоа, министерот најави дека со измените на Законот за култура што се подготвуваат, државата ќе одлучува кои теми се подобни, кој уметник е подобен и кое дело е подобно за да биде финансирано со државни пари.

Кој ќе прогласува подобни теми, уметници и дела? Државни комисии. Кој го бара тоа? Министерот за култура загрижен за соживотот, а пред Министерството на културен настан финансиран од државни пари се сликаше само со знамето на туѓа држава – албанското. Знамето на неговата држава, македонското – го немаше.

Да потсетам. Со најавените измени на Законот за култура се крши Уставот. Во членот 16 на Уставот стои дека цензурата е забранета. Во време на претходниот министер Роберт Алаѓозовски уметниците се изедоа меѓу себе за тоа кој колку пари зел на државните конкурси. А за овој министер што наумил да им ги цензурира делата, уметничките здруженија си молчат. МАНУ не го ни споменувам. На нив им треба временска дистанца за да им текне.

Денес за подобноста на темите ќе се криеш зад соживот, утре зад претпоставен јавен интерес. Денес е филм, утре ќе биде книга. Или слика. Денес не им се допаѓа на Албанците, утре нема да им се допаѓа на Македонците. Денес ќе бидат навредени жените, утре мажите. Денес ќе се штитат сопственици на кучиња, утре тие што се плашат од кучиња. Денес згрозени од скулптура без гаќи, утре згрозени од слика со крст или полумесечина… Сетики, стално ќе се најде некоја заедница што ќе се почувствува навредена од некое уметничко дело.

Што е за право, не е дека во Македонија нема уметници што би се согласиле да прифатат да ги оценуваат како подобни. Како што прифатија да му облечат гаќи на Прометеј.

Не е соживот да премолчуваш. Политичарите водат политика и некогаш мораат и да премолчат. Ама, уметникот не смее да молчи. Дури и кога политичарот сака да го замолчи.

На крајот на краиштата, ако еден филм може да го загрози соживотот, тогаш ние и немаме соживот.

Уметноста не го загрозува соживотот. Цензурата го загрозува животот.

4 Во годината кога во историскиот договор со Грција се признава македонскиот јазик, на сите универзитети во Македонија за студирање македонски јазик и македонска книжевност се пријавиле само 31 матурант.

Здраво, хаштаг бојкотирам. И со здравје.

https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/snegot-i-ajvarot/
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Сеп 16 2018, 16:36

Дозвола за убиство
Маја Величкова

Дозволата за убиство (Licence to a kill) е експлоатирана тема во филмскиот блокбастер серијал за британскиот агент 007 во МИ6, Џејмс Бонд. Во серијалот Џејмс Бонд е портретиран како високообучен субверзивец, каскадер со одлична физичка подготвеност и вештини, вооружен со информации и досиеја, мажествен и згоден, кој вози „ферари“ или „астон мартин“. Тоа е за на екранот. Во реалноста Метју Дан, поранешен агент на MИ6, за Фокс њуз во 2012 година открива многу разлики со Џејмс Бонд, а најконтроверзната меѓу нив е дозволата за убиство. Тој пишува дека MИ6-агентите немаат потреба од таква дозвола бидејќи сѐ што прават во странските држави е нелегално и дека тие се на милост и немилост на законодавците во земјата во која оперираат.

Јас наративот „дозвола за убиство“ во овој текст ќе го користам ИСКЛУЧИВО како метафора.
„Дозвола за убиство“ бр. 1
Кој ѝ даде „дозвола за убиство“ на државното име на Република Македонија на Федерика Могерини? Таа на својот блог, пишувајќи за виенската средба со министрите за надворешни работи и одбрана на членките на Европската Унија, и осврнувајќи се на претстојниот референдум, ја ословува Македонија како „идната Република Северна Македонија“. Со тоа таа ги суспендира гласовите против и гласовите на неизлезените и на „бојкотирам“. Ова, покрај одговорите за, се одговори на македонски граѓани што имаат уставно загарантирано право да донесат одлука по распишаното референдумско прашање.
„Дозвола за убиство“ бр. 2
Кој им даде „дозвола за убиство“ на уставниот поредок на дипломатите во Република Македонија, кои претходниве денови изјавиле дека и со одзив помал од 50 отсто ќе може да се продолжи со процесот на уставни измени? Тие како претставници на државите од кои се назначени секако имаат дипломатски имунитет, но тие ни се гости во Македонија. Со ваквите нивни изјави тие ги поткопуваат реално изградените билатерални односи на соработка меѓу нивната земја и Македонија. Консултативниот карактер на референдумот не треба да им е аргумент за слободно толкување на одлуката што ќе ја изразат граѓаните на референдумот и недемократско суспендирање на нивната уставно загарантирана волја.
„Дозвола за убиство“ бр. 3
Кој му даде „дозвола за убиство“ на македонското знаме на ДУИ? На штабот, на прес-конференциите, во општините каде што ДУИ има своја управа не се гледаат македонски знамиња. На штабот на ДУИ се веат албанското, американското и знамињата на ЕУ, НАТО и на ДУИ. Македонското го нема. Ова не им пречело и не го решиле сите нивни досегашни коалициски партнери во Владата на Република Македонија. Останува простор да заклучиме дека не му е чудна симболиката ни и на Џорџ Сорос, кој за македонското знаме со симболот на Кутлеш, или како тој го нарекува сонцето на Александар, ни препорачал дека не е добро да го користиме како државно знаме во далечната 1993 година.
„Дозвола за убиство“ бр. 4
Кој му даде „дозвола за убиство“ на националниот консензус и утврдените црвени линии на македонскиот преговарачки тим во спорот со Грција? Во сите досегашни рунди преговори македонските делегации инсистирале на двојната формула, односно на задржување на името Република Македонија за домашна употреба и во согласност со тоа, зачувување на Уставот како неизменет основен државен акт. Впрочем во кампањата за Парламентарните избори 2016 и самиот иден премиер изјавуваше и се колнеше во истите преговарачки позиции.
„Дозвола за убиство“ бр. 5
Кој му даде „дозвола за убиство“ на името Република Македонија на Собранието на Р Македонија? Македонскиот парламент двапати, со просто мнозинство, а под европското знаме го гласа Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН, за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните. Во оваа спогодба клучни елементи се територијалниот интегритет и непроменливоста на меѓународните граници, името што Република Македонија се обврзува да го промени, важност на ова име ерга омнес и сите промени што тоа ги имплицира, откажување од досегашните придобивки од билатерални признавања на името Република Македонија од околу 140 земји, кои сочинуваат 80 отсто од Земјината мапа,
„Дозвола за убиство“ бр. 6
Кој му даде „дозвола за убиство“ на македонската историја на македонскиот преговарачки тим? Со ова преговарачот ја ставил историјата како наука под „капата“ на политиката преку формирање билатерална комисија за историја. За иронија министерот Димитров во ноември 2017 година има изјавено дека историјата треба да им се остави на историчарите, а неговиот потпис на членот 6 од спогодбата ограничува какво било дејство што би поттикнало шовинизам, иредентизам, непријателство и ревизионизам. Дали тоа значи дека само историчарите што ќе учествуваат во оваа комисија ќе бидат единствените што ќе може да истражуваат и да нудат историски факти, и конечно да се занимаваат со историја?
„Дозвола за убиство“ бр. 7
Кој им даде „дозвола за убиство“ на прашањето за егзодусот и геноцидот на Македонците во Егејска Македонија на сите досегашни владејачки гарнитури во македонското собрание? Во 1993-1994 грчкиот парламент поведува иницијатива, поднесена од ПАСОК и од Неа деморкатиа за признавање на геноцидот врз Грците од страна на Турција. Во 2007 година Меѓународната асоцијација на истражувачи на геноцид има донесено Резолуција за признавање на геноцидот што го извршила Отоманската Империја во периодот помеѓу 1914 и 1923 година врз христијанските малцинства сочинети од Ерменци, Асирци, Понтиски и Анатолиски Грци.
„Дозвола за убиство“ бр. 8
Кој му даде „дозвола за убиство“ на сопствената способност и капацитет на премиерот Зоран Заев? Тој во кампањата за референдумот изјавува дека сами не сме можеле, не сме знаеле и ни требаат ЕУ и НАТО како „камшикар“ за да ни воведат ред и поредок. Тргнувајќи од него лично па сите надолу да сме биле „превоспитани“ во духот на „камшикот“. Истиот наш премиер, од позиција на кандидат за премиер преку програмата за живот во Македонија ветува „одговорна власт и контрола над власта“.
Во продолжение извадок од програмата за живот во Македонија (стр. 20):
„Во изминативе десетина години, актуелната власт ја претвори Република Македонија во земја со нарушена демократија во која владее самоволието, а не правото. Мала група луѓе од власта се над правото, над Уставот и над законите на Република Македонија. Ним им е дозволено неказнето да ги кршат правилата, неказнето да влегуваат во криминални и коруптивни зделки и да ја злоупотребуваат својата моќ. Институциите кои се задолжени да ги спречат или по закон да ги гонат ваквите појави се целосно подредени на партијата на власт. Судовите се претворија во партиски судови. Обвинителството работи според партиска агенда.
Полицијата стана поклопена од партиската машинерија што им служи на малата група луѓе од власта. Известувањето на медиумите за состојбата во државата е нарушено поради груби притисоци врз нив или поради нивна корупција со безмилосно трошење народни пари од страна на власта.
„Дозвола за убиство“ бр. 9
Кој му даде „дозвола за убиство“ на членот 162 за поткуп при избори и гласање од Кривичниот законик на премиерот Зоран Заев? Тој на јавен настап во Крива Паланка раскажува за неговата средба со инвеститорот од компанијата „Минстрој“ и нивниот разговор во кој се согласиле дека да се излезе на овој референдум е добро и за Македонија и за Крива Паланка, но и за „Минстрој“. Претставникот на „Минстрој“ до своите вработени веќе упатил таква порака, а ветил и дека ќе ги награди. Ваков пример имало и кај други македонски компании, вели премиерот Заев. И на крајот од своето излагање Заев АПЕЛИРА: „Ај почастете ги малку работниците!“

Авторката е истражувачка, магистрантка на Општествен развој – ИСППИ



https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/дозвола-за-убиство/


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Нед Сеп 16 2018, 18:01

Авторката е истражувачка, магистрантка на Општествен развој – ИСППИ

I mlada i nadezhna dpne-ofca koja im se pika u shupak na novite i starite rakovoditeli za da ja uhlebat vo drzhavna administracija bidejki eve shtotuku ne se vratile na vlast a ona e nesposobna da prosperira vo privatniot sektor...Tezhok stana zhivotot na dpne-ofcite dosega trebashe da go zadovoluvaat samo firerot Grujoshesku a sega i malite firerchinja shto se nakotija vo dpne-ofskoto duvlo...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Сеп 16 2018, 19:35

Да беше така ќе напишеше нешто во полза на преименувањето во Северна Македонија, бришењето на нашата историја и менувањето на македонскиот јазик како единствен словенски јазик кој за Солун треба да го користи грчкиот збор Тесалоники, каубојот (говедарот) ќе ја примеше во неговото стадо како што направи со Амди Бајрам на пример. Во секој случај очекував коментар во врска со колумната, а не напад во комунистички или фашистички стил врз авторот на колумната.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Нед Сеп 16 2018, 22:07

Dovolno e gluoa da misli deka dpne samo shto ne se vratilo na vlast...Zatoa i se pika vo duplo povekje shupaci otkolku onie shto na vreme go fatija vozot pa se upikaa samo vo shupakot na pastirot...Se razbira trudot kje i bide zaluden...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Сеп 21 2018, 16:01

Дали од Заев би купиле левис?

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”.
Ги нудеа по петодупло помала цена од оригиналот, но се колнеа во деца дека „ова ти је левис оригинал, сто посто гарантирам!”. И наспроти тоа што измамата им беше од авион видлива, секогаш имаше наивни што ќе се прелажеа и ќе купеа, тешејќи се: „А бе може стварно се оригинал, ама ги даваат евтино оти се крадени...”. Иако единственото што на нив беше крадено беше дизајнот, логото – и името.
Набргу оваа „петсто кец” пиратерија почна да добива пропорции на епидемија, па овластениот увозник на фармерките „левис” за Југославија реши да преземе нешто: лансираа рекламна кампања со која апелираа директно на здравиот разум на лековерните.
Се сеќавам, на влезот на секоја нивна продавница поставија плакат од кој весело се кезеше ликот на пиратот, прилично налик на оние ликови што ги среќававме во сопственото секојдневие: небричен, со пожолтени заби, со накривен шешир, со нападна вратоврска разврзана околу раскопчаната кошула, со еден број покусо сако под кое висеа разни ѓоа-златни ланчиња и синџирчиња, со влакнести рачишта на кои беа нанижани пола дузина рачни часовници, преку кои беа префрлени неколку пара фармерки... Кога го гледаш, си викаш не дај боже таков по дома да ти влезе! И токму на таа инстант-аверзија се надоврзуваше рекламниот слоган што прашуваше: „Дали од ваков човек би купиле левис?”.
Одговорот се подразбираше - бидејќи само будала би одговорила со „Да”.
На ова духовито срочено прашање ми текнува секој пат кога ги гледам Северно-Македонциве како мака мачат да ни продадат производ што оддалеку смрди на фалсификат! И исто како и некогашните пирати, така и овие во деца се колнат дека нивните намери се чесни, дека стоката не им е бофл туку оригинал, дека имаат лиценца и од Брисел, и од Берлин и од Вашингтон дека само тие се овластените увозници и дистрибутери на светлата наша иднина, дека по петодупло помала цена ќе ни шитнат норвешки стандард, германски плати, француска софистицираност, италијанска мода, шведска маса, финска бања, полско ве-це... Само аман-заман ние да излеземе да гласаме, еве не мора да биде „ЗА”, може и „ПРОТИВ”, може и нешто трето да заокружиме, и онака не е битно се додека тие ги полнат кутиите и ни ги бројат гласовите, ама наша граѓанска должност е да се појавиме, не мора ни многу да се задржиме доколку имаме некоја побитна работа тој ден, мада ни гарантираат дека денот ќе биде максимално сончев и топол, да ти е мерак да излезеш надвор наместо дома да се легачиш пошто и онака во недела нема ништо интересно на телевизија, а ајвар може и од самопослуга да се купи...
И како времето им лета, така тие се понападно ги убедуваат потенцијалните муштерии: „Ова ти је оригинал Европска Унија, господине, ја лично ти гарантирам сто и два посто, пипни како е мека, ако сакаш може и две за сто ќе ти дадам... Изволте, госпожа, да видите што НАТО имаме денес, мртва уста да го крка... Ајмо народе, европска Македонија, мајка да проба, на ќерку да не да!”.
Рака на срце, барем не изгледаат како оној пиратон од плакатот: пицнати се во скапи костумчиња, зачешлани и тенирани, со избелени заби развлечени ко шибер-врати во широки насмевки, по разноразни семинари истренирани манирите на улични кибритчии да ги заменат со елегантни гести на продажни агенти од луксузни авто салони... Сè додека не зинат уста. А кога ќе зинат, оттаму испаѓаат саде нушиќевски монолози. Додуша, и понекоја навреда за оние што им го бојкотираат мерчандајзот: „Што бе не ми е оригинал? Од кај се разбираш ти во оригинал, бе ропак еден, до вчера на нива си седел... Дој на триести да видиш миљон души пред моја тезга – ко да не е блади сандеј него блек фрајдеј!”.
И наивно веруваат, пустите, дека не им се забележува комичната нервоза и стравот дека изгледа нема да успеат на своите газди да им го испорачаат дневниот пазар кој им го ветиле. Почнаа секојдневно да нè засмејуваат со слепстик гафови, јавните настапи и говори им заличуваат на скечеви од „Топ листата на надреалистите”, паниката им станува видлива ко да се Пепелашка на секунда пред полноќ, ги губат и оние две нацртани овци што им се доверени на чување, ветуваат будалаштини, дрндаат пред празни амфитеатри, забрануваат филмови, го навредуваат и омаловажуваат секого што патецот си го тера на спротивната страна од нивната, се перчат ко мали деца дека татко им е посилен од татко ни, губат битки со комарци, исклучуваат микрофони на неистомисленици, грешат знамиња, побркуваат имиња на држави, ги оставаат скапите гости да дремат по аеродромски писти... Просто жал да ти падне за газдата што има вакви неспособни слуги!
Во меѓувреме дрпаат и лево и десно ко да не ги чека ветената европска иднина, ами студена и гладна сибирска зима! Од вториот и третиот нивен ешалон можеш едно пет Алкатраза да наполниш, а од првиот – да снимиш римејк на „Гангстерска хроника”. Луѓето со кои тие се ракуваат потоа прстите си ги бројат – да видат да не фали некој. Страв ми е да ги загледам овие кутри нивни следбеници што ги шетаат по митинзи – рацете им се гарант ко во пилана да работат! Ама ете, така е тоа кај народот на кој арамбаши и ајдуци му биле историски јунаци...
Но да скратам: сте носеле некогаш фармерки „левис”? Ако да, тогаш знаете дека има огромна разлика меѓу оригиналот и фалсификатот.
А сте биле некогаш во Европа? Сте ја учеле европската историја? Сте ѝ се восхитувале на европската филозофска мисла? Сте ја читале европската книжевност? Сте уживале во европското сликарство? Сте биле љубител на европскиот филм? Сте поминувале часови и денови студирајќи ја европската архитектура? Сте се вознесувале слушајќи ја европската музика? Сте пробале различни европски кујни? Сте учеле некој од европските јазици? Сте биле можеби вљубени во некој маж или некоја жена од Европа?
Ако да, тогаш знаете дека помеѓу европските вредности и убавини и она што овие шарлатани се обидуваат да го продадат стои непреминлив и длабок кањон. Тие шверцери на сопствените животи, со својата простачка ароганција, со своето плитко знаење, со својата незаситна лакомост и отсуство на секаква етика, се негација на европскиот сон.
И затоа да ве прашам, онака најискрено: дали од овие луѓе очекувате да ви ја испорачаат Европа?
Одговорот се подразбира – бидејќи само будала би одговорила со „Да”.
Односно би заокружила „За”.


Дарко Митревски, режисер

https://www.mkd.mk/kolumni/dali-od-zaev-bi-kupile-levis

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пет Сеп 21 2018, 16:40

Nema povekje narodni pari za da zhivee na visoka noga vo SAD i op vlasta mu e vinovna...E ama za nas chii pari gi trosheshe toj e obichna pijavica...Vo prevod, kur go boli za Makedonija i makedoncite...Ili neka go vrati amerikanskiotr pasosh i neka dojde da zhivee ovde...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by SHARENI Пет Сеп 21 2018, 19:47

Odlicna kolumna.

НОВИЧОК КАЗАЧОК
И сега, кога прв пат историските интереси ни се поклопуваат со тие на големите сили, што ќе прави исплашениот, себичниот, инаетливиот, завидливиот, нетолерантниот Македонец? Ќе бојкотира.

1 И викате, можеме ние дворот сами да си го исчистиме, а? Не треба никој од надвор да ни кажува што треба да правиме. Не ни требаат ни НАТО, ни ЕУ, сами ќе си ја средиме државата. Само треба да сме сложни, разумни, отворени за дебата, да го почитуваме мислењето на другиот, да владее правото… Да бе. Ептен. Видовме како можеме сами дворот да си го исчистиме. Пред некој ден во скопски Аеродром, каде што цела зграда беше евакуирана поради засмрдени пелени.

Ај што зградата беше  евакуирана. Туку, на државните институции им требаа шест часа да откријат од каде доаѓа реата во влезот која штипела за очи и за грло. Прво, пожарните коли не можеа да пристапат од паркирани возила и столпчиња. Потоа, полицајци без маски влегуваа во влезот за да го откријат изворот на отровниот гас. Брзата помош стоеше на безбедна далечина чекајќи некој да се онесвести. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов им правеше друштво на вознемирените станари и заедно со нив се чудеше што да прави. Градоначалникот на Аеродром Златко Марин не се ни појави.

И додека се ширеа теории дали Русите и нас нѐ нападнале како Британците со боен отров „новичок“, оти уште веднаш беше исклучена можноста некој да готви со многу лук, зградата ја нападнаа специјалните единици на АРМ за атомско, биолошко и хемиско оружје.

Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, кои треба да се први во вакви случаи, воопшто не дојдоа. А и да дојдеа ќе им беше џабе, оти немаат опрема за откривање гасови. Опрема има Државниот инспекторат за екологија, ама ни тие не дојдоа. Па шест часа подоцна, мораше да се покрене војската за да се утврди што мака имаат станарите во зградата.

И на крај, кога се утврди дека нападот со боен отров доаѓа од внатре, од стан во кој соседите со месеци складирале искористени пелени, станарите не веруваа, па градоначалникот Шилегов мораше да им пушта и видеоснимка за со свои очи да видат. Оти никој не им верува на институциите.

Само за илустрација што значат овие шест часа за откривање на пелени. На 26 јули 1963 година кога беше земјотресот во Скопје, војската излезе на улица и спасуваше луѓе само половина час по катастрофата. Сите што се родени после 1990-тите веројатно не можат ни да замислат таков степен на ефикасност на државата.

2 Е, толку од способноста на државата Македонија. А сега малку и за македонштината што излезе на виделина во овој случај.

Станарите се однесувале типично македонски. Над дваесет години знаат за проблемот со комшијата, ама не преземаат акција. „Што па сега јас ќе се јавувам? Друг нека се јави. Ај ќути си, не се мешај“. Плус, цело време се жалат. Има ли помакедонско однесување од тоа? И озборуваат: „Што имаме едни комшии на втори кат, па, па па…“ Или фаќаат сеир: „Греота се луѓето…“ Ама, никој не се нафаќа да помогне. Или барем да се јави во институција што може да помогне. Оти пак доаѓаме до она: Што не се јави некој друг? Оти нели ние како Македонци сме многу фини, топли луѓе, срдечни, гостопримливи…

Еден случај со смрдеа во зграда покажа како Македонија како држава опстојува сама. И какви сме ние. Исплашени, нетолерантни и неодговорни. И чекаме проблемот сам од себе да се реши. Или да дојде некој друг да ни го реши. За да може пак маана да му најдеме.

3 Како што му наоѓаат маана на цел западен свет на кој сакаме да му се придружиме тие што сакаат да не успее референдумот.

Трамп му прати писмо на Ѓорге Иванов, потпретседателот на САД Пенс го прими Заев, секретарот за одбрана Матис се прошета на еден ден навака-натака од Вашингтон до Скопје, државниот секретар Помпео го прими Никола Димитров, високиот службеник на Стејт департментот Вес Мичел во Скопје е почесто отколку Хојт Ји… За Хан веќе не ни објавуваме кога доаѓа. Могерини е наша. Сите оние Холанѓани, Норвежани, Австријци, Италијанци, Луксембуржани не можеме да ги дорегистрираме. Тереза Меј веќе ја заборавивме, ама министерот за Европа сер Ален Данкан штотуку нѐ потсети дека и британски премиер дошол да ни даде поддршка. Од Германија дојде најтесниот состав на Владата – канцеларката Меркел, министериот за надворешни работи Хајко Мас и министерката за одбрана Урсула фон дер Лајен. Оној министерот за европски прашања Михаил Рот веќе не го ни броиме дека дошол.

Македонија повторно е во центарот на геостратешките интереси на големите сили. Ама, прв пат тие интереси се поклопуваат со македонскиот интерес. Оти, големите сили имале интерес за Македонија и во Букурешт 1913. Ама нивните интереси не биле исти со интересите на македонскиот народ.

И сега, кога прв пат историските интереси ни се поклопуваат, што ќе прави исплашениот, себичниот, инаетливиот, завидливиот, нетолерантниот Македонец? Ќе бојкотира.

4 Како што ќе бојкотирал и пратеникот Трајко Вељаноски, кој не ја пушташе фотелјата во Собранието до 27 април минатата година, па дојдоа и насилници да му ја чуваат. И немало да гласа за договорот со Грција. Ги слушнавме во прислушуваните разговори Јанкулоска и Груевски како се координираат да го спасат син му од грчки затвор кога го фатиле со дрога на граница. Тој ќе го бојкотирал договорот со Грција. А којзнае што сѐ бил спремен да договори со Грците за да го спаси синот кога одеше на судење во Кукуш. Тогаш Грција фина му била.

Додуша, слушнавме какви идеи за промена на името имал и Антонијо Милошоски, најгласниот бојкотирач. Па сега и други пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со патетики ни кажуваат дека Македонија им била вечна љубов и идеал. Синким на нас, кои имаме само македонски пасоши, а за разлика од нив и децата ни имаат македонски пасоши, Грција и Бугарија ни се вечна љубов.

Па уште и Јохан Тарчуловски херојски се нуди со кама да го убиеле неговите Македонци, ако гласал за уставни измени. А што можеш да очекуваш од црна вмровштина. Само за колење, убивање и предавства зборуваат. Од 19 век до денеска.

И нивниот лидер Христијан Мицкоски не може да го каже партискиот став за референдумот. Ама затоа може да се расфрла со патетични цитати за убиства.

ВМРО и организацијата се историско наследство за сите нас. А овие што ни го украдоа ВМРО за да си го стават во името на партијата, и во тоа име ја покрадоа и ја опустошија државата, сега ни го крадат и патриотизмот. И како многу пати во историјата, повторно се на погрешната страна. Оти, баш им е ним гајле за Македонија. Ко што му беше гајле на Ванчо Михајлов, кој кога партизаните за прв пат се изборија за македонската држава, избега со фашистот Анте Павелиќ во Италија.

Се кријат зад патриотски патос и наводна саможртва за да го скријат единствениот свој интерес. Да не одат в затвор. Ќе убивале тие и во 21 век. Па би ја убиле и Македонија за да се спасат.

Е па, слободно бојкотирајте. Поддржете ги криминалците и измамниците.

https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/novichok-kazachok/#.W6UUQFONPWU.twitter
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Сеп 21 2018, 21:10

Францускиот амбасадор вели дека изборот ни бил Северна Македонија или Северна Кореја. Сака ли да каже дека Заев ќе биде како Ким Јонг Ун. Амбасадорот лаже. Во Кореја важи принципот за двојна формула. Дома и званично и во обединетите нации името на државата е како што самите сакаат - Демократска Народна Република Кореја. Северна Кореа е кованица што си ја користат само медиумите и политичарите во незванична комуникација.
Инаку без разлика од резултатите на референдумот сељакот црпнат од нива во Муртино ќе си остане премиер.Или мислите газдите ќе постават нов вазал кој ќе треба да ја изполни задачата да не снема нас Македонците и со наше име да се формира нов народ со нов јазик, кој Солун ќе го вика Тесалоники па би требало да имаме, ако не го бојкотираме референдумот, свети браќа Кирил и Методиј Тесалонички.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пет Сеп 21 2018, 22:13

pak se glupirash...A sega ke obrazlozhime i zoshto...Ako referendumot ne uspee vie dpne-ofcite se nadevate na pad na vladata na Zaev...Znachi toj ne mozhe da bide Kim Jong Un...Od toa jasno proizleguva deka ambasadorot misli na vashiot segashen oFchar Kiko Zhmickovski...A sporedbata na ambasadorot ne e vo pogled na iminjata na drzhavite...Tuku vo izoliranosta...Makedonija pod vodstvo na vashiot nov oFchar kje bide izolirana diktatorska drzhava isto kako i Severna Koreja...Ne deka neshto kje nauchish od ova...Ama barem neka se posmeat tie shto chitaat na tvoite glupi spinovi...

PS. Eve sega koga vekje se vi e zagarantirano mozhe da se opushtite...

Интервјуа и колумни - Page 25 Untitl12
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 25 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 25 of 42 Previous  1 ... 14 ... 24, 25, 26 ... 33 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот