Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 14 of 42 Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15 ... 28 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Мар 11 2016, 14:55

Еве го и интервјуто на нашиот претседател, г-дин Ѓорѓе Иванов за германски Билд.. Во кое прв пат еден наш политичар со вистински зборови го опишува односот на врхушката на т.н. меѓународна заедница кон Македонија

Иванов за „Билд“: Лицемерие е да ѝ се забележува на Македонија

Во бегалската криза Македонија ги плаќа грешките на Европската унија. Ако требаше да се потпреме на Брисел, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти. Дваесет и пет години сме лажени и манипулирани, вели претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во интервјуто за германскиот весник „Билд“.
Морализирање и лицемерие е да ѝ се забележува на Македонија. Сè уште немаме добиено ниту евро од Европската унија, а потрошивме 25 милиони евра. Нам само ни се ветува помош, вели претседателот Иванов во интервјуто.
Дали нè прашал некој како сме преживеале 25 години? – вели шефот на македонската држава во разговорот со уредникот на „Билд“, новинарот, Кај Декман.

БИЛД: Г. Претседателе со цел да се запре приливот на бегалци Турција доби шест милијарди евра, а визите ќе бидат укинати. Истовремено Македонија треба да ја заврши „валканата работа“ на ЕУ на границата со Грцијa. Не се чувствувате ли изиграни?

Иванов:Не е прв пат Македонија да биде оставена на цедило од страна на ЕУ, тоа го знаеме многу добро. Кога за време на кризата во Косово примивме 360.000 бегалци никој не ни помогна. Затоа сега реагиравме проактивно – нашата армија ја штити нашата граница. Во бегалската криза, ние сега плаќаме грешка на ЕУ.  Прогласивме кризна состојба и  веќе се потрошени 25 милиони евра од парите на нашите даночните обврзници. И што добиваме од Европа? Ништо! Ни евро! Наместо тоа, ние сега како земја, која не е членка на ЕУ треба да се заштитиме од Грција, која е членка на ЕУ.

БИЛД:Вие не сте членка ниту на шенгенската зоната, но ја штитите и границата на шенгенската зона…

Иванов:Да, ние сме тука во Европа, но не сме во ЕУ. Не сме ниту членка ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната. А сепак ја штитиме Европа од европска земја, која не ја контролира бегалската криза, туку едноставно ги пренасочува бегалците. Така што безедносниот аспект е целосно изгубена во очите на бегалската криза. Ако требаше да се потпреме на Брисел, кој не реагира, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти.

БИЛД:Што сакате да кажете?

Иванов:Погледнете ги пасошите и документите, сите се фалсификувани или украдени – за 9.000 сме сигурни во тоа. Некои т.н. бегалци патуваат со лажни идентитети во Европа и Грција им дава само печат за продолжување на патувањето. Ние мора да претпоставиме дека многумина кои патувале со вакви документи, сакаат да влезат како радикални борци на бегалската рута.

БИЛД:Значи и ние Германците треба да сме ѝ благодарни на Македонија што ја затвора границата на радикализмот?

Иванов: Во бегалската криза постојат хуманитарен аспект и безбедносен аспект. Од хуманитарен аспект Германија постапува многу добро. Но од безбедносен аспект вашата земја целосно потфрли. Само еден пример. Сакавме со Европа, но и со Германија да ги споделиме нашите информации за наводни џихадисти. Но никој не ги сакаше нашите податоци. Ни беше укажано:Ние не можеме да соработуваме со вас, вие сте во трета земја, и не можеме да ги разменуваме нашите податоци.

БИЛД:Дури ни Германија не сакаше да ви помогне?

Иванов:Не. Ни беше потребна опрема за земање биометриски податоци, но Германија не ги прифати нашите барања.  Сепак,  ние пронајдовме други земји, кои ни помогнаа. Тоа е сосема апсурдно:Ние не сме загрижени, дури ни за пари, туку за безбедноста на целиот континент. Но, очигледно никој не е заинтересиран. Се запрашавме дури кога се случија нападите во Париз, и тоа отпосле. Тогаш, ние ги известивме властите дека десет лица влегле со ист идентитет, како и на атентаторите.

БИЛД:Турција се наоѓа во преговори со ЕУ на маса, Вие не сте…

Иванов:Ние, за жал не сме на масата, но сме на менито. Ние секогаш сме биле жртви на институциите на ЕУ. Дваесет и пет години сме лажени и манипулирани. Имаме веќе седум препораки за почеток на преговори со ЕУ, но и натаму сме попречувани од страна на Грција. Никој во ЕУ не може да се разбере со Грција, но ние мораме да го решиме  спорот со нив.

БИЛД: Значи ли тоа дека германската политика на отворени граници ја активира бегалската криза?

Иванов :Канцеларката Ангела Меркел со нејзиниот хуманитарен гест покажа храброст. Но никој нема храброст сега да каже што понатаму. Само меѓу Судан и Египет чекаат 20 милиони мигранти, кои сакаат да дојдат во Европа. А што се случува со Африка? Бегалската криза нема да заврши, преку Твитер и Фејсбук сите точно што се случува. И што прави Европа? Ним им требаат шест месеци да организираат самит. А во меѓувреме дошле уште еден милион нови мигранти. И што прави Германија? Како може  сега во вашата земја да исчезнале 130.000 бегалци, кои веќе претходно биле регистрирани? Тоа мора да се промени. И тоа радикално.

БИЛД:Што точно мислите?

Иванов:Гледаме дека Европа не функционира во кризна ситуација. На Брисел му е потребно многу време да донесе одлука. Затоа некои земји од балканската рута, мораа сами да дејствуваат. Кризниот менаџмент на ЕУ не функционира. Повеќе земји во иднина повторно ќе донесуваат одлуки за сопствениот суверенитет. Дури и канцеларката Меркел најави крај на вашата улога како спасител на Европа, и со своите одлуки и наметна на Европа единствен правец. Сега тие сакаат да го решат тоа со Турција. Останува да се види дали ќе биде така. Скептичен сум.

БИЛД:Но, тоа што се случува сега со илјадници луѓе што чекаат на границата Идомени?

Иванов: Бегалците чекаат Меркел да ги однесе со авиони или возови.Тие сите сакаат да одат во Германија, а не сакаат да останат во Грција.

БИЛД:Ситуацијата на границата ќе ескалира. Дали Вашите војници ќе се бранат само со солзавец, или, можеби, остро ќе одговорат, ако бегалците сакаат насилно да влезат во Македонија?

Иванов:Ние не сме ѕверови кои пукаат во бегалци од воени жаришта!Најпрво што треба, е да се погледне на грчката страна. Таму има полицајци на ЕУ, кои треба да ја стават ситуацијата под контрола. Но, тие очигледно не можат да го сторат тоа.

БИЛД:Што ќе се случи во Грција, ако Вие уште повеќе ја затворите границата?

Иванов:Тоа мора да ги прашате Грците! Тие сега ќе добијат уште 700 милиони евра од ЕУ, тие добиваат се што сакаат. Проблемот е што тие не прават ништо со тоа! Зошто тоагш постојат прифатни центри?Јас разбрав дека на Европа и е сеедно. Но нема да дозволам ние да сме виновни за грешките на другите. ЕУ не треба повеќе да ја обвинува Македонија. Ние само соодветно реагираме.

БИЛД:Впечаток е точно дека Вие сте навистина лути на ЕУ?

Иванов:Што би направиле ако вашата земја над 25 години на сите начини е попречувана, манипулирана и лажена? И покрај безброј позитивни извештаи се уште нема никаков напредок во однос на европската перспектива. Ние сме заглавени во лифт веќе 25 години.

Интервјуто со претседателот Иванов го водеше главниот уредник на „Билд“,  Каи Дикман, кој новинарската слава ја достигна откривајќи ја афера за финансиски криминал на некогашниот германски претседател Кристијан Вулф, поради која Вулф беше сменет од функција.

Дикман истовремено е член на извршниот одбор на турскиот весник Хуријет, и автор на многубројни публикации, во 2004  беше главниот уредник на мемоарите кои ги напиша поранешниот германски канцелар, Хелмуд Кол. Дикман е добитник на многу награди, меѓу кои Goldene Feder во 2000 и 2005 година, World Media Award за 2002 година, Blogger Newcomer of the Year за 2009 година како и наградата Media Man of the Year за 2009 година.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Саб Мар 12 2016, 17:50

Интервјуа и колумни - Page 14 Sdk-logo-295x120

МАЛКУ ТРУДНА

1 Зошто викаат дека Избирачкиот список бил хаотичен? Ова не е хаос.  Да беше хаос, ќе беше подобро. Оти хаосот, кога – тогаш, може да се среди. Напротив. Избирачкиот список е многу прецизно, педантно направен со системска операција. Се гледа дека на него се работело одговорно и посветено. 24/7. Гласачи има секаде каде што треба. Само во скопски Центар малку утнале. Замислете колку работа имале. Требало низ цела Македонија да се најдат напуштени куќи, да се евидентираат државни станови, да се искористат промените на имињата на улиците, да се испита во која амбасада и во чија странска резиденција може да се смести по некој станар. Капата долу. Добро завршена работа.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека не гласаат адресите туку луѓето. Така е. Затоа по 127 луѓе се запишани на иста адреса. Затоа по 50 луѓе живеат во ист стан. За да гласаат. Како што треба.

2 Власта вика дека и да имало некакви недостатоци, тоа не може да ги оспори изборните резултати. Затоа што разликата не била 1, 10 или 100 гласови туку дури 200.000 гласови повеќе од СДСМ. А помалите партии каде се? Каков ќе беше распоредот на пратеници да ги немаше овие граѓани за кои Груевски вели дека заборавиле да го пријават новото живеалиште?
Башка што лицитирањето со бројки и со изборните победи е глупав муабет. Тоа дали биле 200.000 гласови или само 200 гласови е исто како да спориме дали девојката е многу трудна, или малку трудна. Е па трудна е. Лажирањето избори криминално дело ли е, или не е? Голем криминал е, или мал криминал? Се оди во затвор за тој криминал, или не се оди? Имало изборен фалсификат, или немало? На крајот на краиштата не е важно кој со кого се сликал и дали тие на сликата меѓусебе се познавале или не. Битно е дали заедно правеле криминал.
Па уште викаат дека крадењето на избори требало да се докаже. Дека напиканите 50 луѓе во државен стан среде Центар во Скопје не било докажано. Кој да докажува? Комшиите што на исто избирачко место не си ги познаваат педесетте станари од истиот кат?
Што туку мудруваат и раскажуваат за изборни резултати. Се знае како се издава лична карта. И по име и презиме можат да се најдат сите државни службеници што се вклучени во процесот на издавањето лични карти. Поедноставно – здравје.
Не зборуваме сега за изборен резултат. Зборуваме за сериозни сомнежи за изборен фалсификат. И поради тие сомнежи цела меѓународна заедница се потегна да ни го чисти избирачкиот список и да ги лови осомничените крадци на досегашните избори. За изборен резултат ќе збориме кога ќе имаме чист Избирачки список. И кога крадците ќе бидат фатени и осудени.

3 Интернет страницата со Избирачкиот список е новиот македонски Фејсбук. Пронајди си пријател. Пронајди си комшија. Пронајди си цимер. Пронајди си кираџија. Пронајди си со кого спиеш… Откако ДИК го објави списокот, интересот за пребарување по него беше толку голем што страницата  неколкупати паѓаше.
Зошто паѓа системот на ДИК? Како зошто? Па поради довербата на граѓаните во власта.

4 А за претседателот Ѓорге Иванов никој не прашува. Ене го, по којзнае кој пат отиде во Азербејџан на редовни демократски консултации со Илхам Алиев. За изборниот резултат на Иванов никој не се потресе. Па и тој резултат е добиен според овој список на гласачи.
Ако. И понатаму нека го сметаат за неважен. Ама веќе идната среда Уставниот суд ќе му даде право да може да ги амнестира и осомничените за изборен криминал. Во историјата на демократска Македонија ова ќе биде најбрзо донесена одлука на демократскиот Уставен суд. Зошто брзаат судиите? Затоа што Ѓоле треба да ги помилува тие што му наместија да победи со ваков Избирачки список.

5 Не се согласувам со тие што велат дека тоа што го гледаат на телевизиите е реално шоу. Не е. Ова е надреално шоу. Секое сабајле прво ги менаџираат утринските програми со јавувања на граѓани. А навечер ги менаџираат вестите.
Што се случува? На Канал 5 уште рано сабајле отвораат некои теми. И се јавуваат граѓани и, да речеме, ја фалат статистиката дека се намалила невработеноста. Арно ама, после продолжуваат да ја кажуваат приказната за 200.000 разлика во гласови. И водителката ги прекорува: „Госпоѓо, или господине, за темата Избирачки список ќе збориме после 9 саат. Од седум до осум збориме за вработувањата“. Нема лабаво. И за фалење на Владата треба да се има „мој термин“.
Навечер на вести се појавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници и со директори, и решава проблеми на граѓани. Како драмска секција пред камери. А новинарите имаат домашна задача, состав по мајчин јазик. Шета Груевски озвучен со бубачка, се распрашува за проблемите на граѓаните, а човечињата околу него му даваат отчет пред камера. Спире, може тоа да се заврши брзо? Ивица, до каде сме со таа работа? И тука пред камера тие спонтано му кажуваат што е проблемот, а лидерот спонтано го решава.
Другата вечер, повторно на вести, новинарите со домашната задача по мајчин јазик кажуваат дека проблемите од вчера веќе се решени. Како бе така? Вчера на вести ветено, а денес веќе остварено. Како може шеф на партија денес да вети, а државата утре да му го исполни ветувањето. Груевски ги решава проблемите за само еден ден сега, кога е само лидер на партија. А замислете да беше премиер.

6 Тоа министрите, замениците, пратениците, градоначалниците, советниците, директорите, лекарите што секој ден на вести му играат пиперевка на Груевски, ич не ги жалам. Си ги знаат тие способностите. Ни нивните баби во најубавите соништа не можеле да видат до каде ќе им дотуркаат внуците, да не бил Груевски да ги постави таму каде што се.
Туку повеќе си се жалам себеси оти безочно ни ги трошат нашите пари. Оти Груевски не се крие дека од позиција на партиски лидер ја тера државата да интервенира за да победи неговата партија. А и телевизиите не кријат дека промовираат државни активности по налог на партиски лидер. И тие, во занесот да покажат колку им е добра домашната, прават грешки. Па пренесуваат изјави од задоволни граѓани што на Груевски му се обраќаат со „премиере“. Кога го испраќаат му викаат: „Фала ви, премиере“.
Така што ич не ми е гајле што градоначалници избрани од народот со чист Избирачки список и во кристално чист изборен процес примаат наредби од лидерот на партијата. И јасно ми е дека оние граѓани што чекаат „мој термин“ за да се јават на утринските програми не прават разлика што е држава, а што е партија. Ама затоа, пак, големо гајле ми е што сите ние ја плаќаме кампањата на ВМРО.

7 Само на Никола Тодоров, одвреме-навреме, не му оди се по планот. Пациент кому требаше да му биде трансплантиран бубрег од мајката, умре чекајќи го новиот центар за трансплантација. Не го испратија во странство. Се повтори судбината на Тамара. И неа не ја пратија во странство. Си умре детето, чекајќи го новиот центар за сколиоза.  За реклама си умреа. И останаа пари на Владата за позлатената ограда.

8 Груевски нема да им купува розови очила на студентите, оти партијата нема пари за трошење на глупости. Ама затоа вети дека корекцијата на видот ќе им ја плаќа државата.
Во која пора од секојдневното живеење не се имаат замешано државата и партијата? Деца ни прави, пензионерите ги бања, едни ги вози бесплатно во вторник и во петок, други секоја втора среда, на жичарница ги качува, на едни стан, на други проект за куќа им дава, ни кажува што треба да јадеме, кој е Македонија, да го отвориме срцето… И така дојдовме до потребата за државен интервенционизам во очите. Добро е што ќе им ги отвора очите на студентите. Туку, што правиме кога младите ќе прогледаат?
Два процента ваму, три проценти таму, овие и онака се наши, пет-шест проценти онаму… Тоа што ни фали ќе го напикаме по станови, напуштени куќи и во исти улици со паралелни имиња. И на 5 јуни народот ќе одлучи. Кој народ? Па оној што е прецизно и педантно дистрибуиран низ цела држава.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Мар 13 2016, 22:38

За волја на вистината до сега не е пронајден ниту еден фантомски гласач. Иначе МВР сигурно ќе поднесеше кривична пријава против тој што гласал два или повеќе пати. Очигледно заборавате дека сега министер за внатрешни е функционерот на СДСМ Проливер Спасовски. Исто така заборавате и дека откако сте опозиција вие давате претседател на ДИК. И МОСТ, која гледам сега јаде фекалии против избирачкиот список, до сега немала никакви забелешки на истиот. Иако добивала копија. Секоја политичка партија може да добие нова верзија на списокот кога ќе посака (нормално да ја плати копијата, а тоа чини помалку од платата што ја добива синот на Катица Јанева кој откако мајка му стана специјална исто така доби специјален статус и ставен е на платниот список на Сорос. А обврска на ДИК е да го ажурира списокот еднаш месечно, па чудно е што сега е објавена верзијата од 1 декември минатата, а не од 1 март оваа година.
Да сумирам. Списокот го изготвува ДИК, а комисијата не е дел од владата. Која нема никаква врска со списокот. Да потсетам и дека наводните фалсификувани лични карти излезе дека се дело на опозицијата. Не на власта. И дека, како што тогаш напишав, само голема будала можеше да поверува дека со такви лични карти може да се гласа. Па очигледно е дека ова беше произведено во некоја кујна од т.н. меѓународна заедница. Такви будалетинки, кои веруваат на пример дека Садам Хусеин имал оружје за масовно уништување или дека Асад фрлал боеви отрови врз цивили или дека фрлањето на атомска бомба врз Хирошима и Нагасаки не е воено злосторство има таму. Ние Македонците просечно сме поинтелегентни, па не наседнуваме на такви белосветски штосови.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 09:28

Pak zeleni...Fantomite se pronajdeni, krivichni ima, i koga togash nekoj od sudiite shto ne doshol na funkcijata na kriminalen nachin kje se odvazhi i kje ve smesti vo Idrizovo...Spisokot shto e objaven e delo na Goca brk, a ne e azhuriran od bivshata DIK vo koja vie i vashite brakja uchkite imavte apsolutno mnozinstvo...Inaku treba da bidesh teshko glup pa da si dozvolish da veruvash na grchkiot cigan i uchkata....Ili da go mrazish sopstveniot narod i drzhava...Chitajki gi tvoite izlivi na omraza, se prashuvam koe od tie dve e prichi9nata kaj tebe Trendafile???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Пон Мар 14 2016, 17:09

Питер Ванхауте

Шега е да се оди на избори со нула реформи

Интервјуа и колумни - Page 14 Zborot

Република Македонија – авторитарен режим со клима на страв

Слободна Македонија: Имајќи го предвид вашето десетгодишно искуство како експерт на Балканот, која е најупадливата разлика помеѓу Република Македонија и другите земји во кои имате работено – Косово, Србија и Црна Гора?
Питер Ванхауте: Највидлива разлика што сум ја забележал во оваа земја е климата на стравот. Со кого и да разговараш, каде и да отидеш, луѓето се уплашени. Не сум видел такво нешто претходно во ниту една од другите земји од регионот. Причината за ова, очевидно, е тоа што една партија успеала да ја зароби државата, претпочитајќи авторитарен начин на владеење. Тие контролираат се – секој ќош во општеството е контролиран од нив. Тоа е она што го нарекуваме авторитарен режим. Тоа, според мене, е најголемата разлика во споредба со која и да е друга земја од регионот. И тоа е многу, многу лошо.

Интервјуа и колумни - Page 14 Haute2

Шокантната политичка корупција води кон црна дупка
Слободна Македонија: Како на медијатор кој работи на спроведувањето на „Договорот од Пржино“ секако дека ви е познат „Извештајот на Прибе“ во кој е наведено дека борбата против политичката корупција (демонстрирана во објавените снимки) треба дефинитивно да биде врвен приоритет. Дали според ваше мислење борбата против политичката корупција беше врвен приоритет за Република Македонија во изминатата година?
Питер Ванхауте: Не, секако не. Тие одбија да се занимаваат со препораките од Извештајот на Прибе. На пример, за нив не беше проблем дури ни ако прислушкувањето продолжува, иако требаше веднаш да го стопираат. Во однос на политичката корупција, со кого и да зборував, увидував дека тоа е главен проблем насекаде во земјата. Каде и да одиш, забележуваш многу проблеми кои имаат врска со корупцијата. Има многу голема, огромна финансиска корупција. Но, исто така, дел од политичката корупција е тоа што се повеќе некомпетентни луѓе добиваат работни места, каде што не би требало да бидат. И тоа прави голема штета за иднината на државата. На тој начин не се управува со државата. Тоа е надолна спирала која што на крајот ве води во црна дупка. Тоа не е демократски.

Интервјуа и колумни - Page 14 Haute3

Слободна Македонија: Експертите во „Извештајот на Прибе“ укажаа дека проблемот на корупцијата заслужува посебен извештај. Во моментов, нема ниту една кривична пресуда против министри од владата. Дали има потреба од некоја дополнителна експертска група која би подготвила посебен извештај со препораки како да се бориме против корупцијата во Република Македонија?
Питер Ванхауте: Да, секако дека има потреба. Борбата против корупцијата е можна. Прво нешто што треба да го направите е да ги анализирате и да ги изнесете на видело начините на корупција. На пример, неодамна беше обелоденет избирачкиот список. Сега секој од јавноста може да види во колку лоша состојба е избирачкиот список. Истото треба да го направите и со корупцијата. И затоа мислам дека е потребно да имате добри, компетентни и независни ревизори кои ќе ги проверат сите сметки, сите финансиски приходи и трошоци, од секоја владина институција но, исто така, и од сите јавни претпријатија и општини. Целиот систем треба да биде транспарентен, и сите информации треба да бидат обелоденети. Тогаш ќе се види состојбата. Ве уверувам, според она што го дознав низ годините кога бев тука, корупцијата е запрепастувачка, и е многу, многу шокантна.

Интервјуа и колумни - Page 14 Haute1

Парламентот не функционира: пратениците само удираат печат на она што им е наложено

Слободна Македонија: Уште еднаш ќе посочам на „Извештајот на Прибе“, каде што причините за скандалот со прислушкувањето се лоцирани во концентрацијата на моќ во УБК и нефункционирањето на надзорниот механизам врз УБК. Како експерт за зајакнување на праламентот, со искуство во областа парламентарен надзор врз полицијата и разузнавачките служби, кое е вашето мислење за капацитетот на македонскиот парламент како надзорен механизам врз УБК?
Питер Ванхауте: Како прво, парламентот е целосно контролиран од владата и тоа е една од клучните карактеристики на авторитарните режими. Во 2014 година 50% од законодавството беше донесено во итна постапка. Во 2015 година 70%, повеќе од две третини од законодавството, беше донесено во итна постапка. Итното постапување, во основа е карактеристика на она што ние го нарекуваме „владино преземање“ на општеството, односно на парламентот, каде пратениците веќе не ја играат сопствената улога, туку едноставно само удираат печат на она што им е наложено. Ова е многу лошо за демократијата.
Што се однесува до надзорот, нема такво нешто како правилен надзор во вашиот парламент. Се работи за дисфункционална институција, во таа смисла, и ние треба да најдеме начин како да ја вратиме на прав пат. Надворешен надзор врз парламентот е многу потребен бидејќи, на крајот, пратениците се очите и ушите на граѓаните. Тие имаат добиено мандат од граѓаните за да го прават тоа, и затоа треба да го прават тоа. Но, ние треба да создадеме соодветни механизми за да им овозможиме да го прават тоа.
На пример, познатата собраниска комисија за снимките од прислушкувањето беше само обична шега што егзактно докажува дека парламентот е во потполност дисфункционален. Не можам да си замислам дека во која и да е европска земја, некој би можел да се измолкне, дека владата би можела да се измолкне, за такво нешто какво што се случи во вашата земја. Тогашниот премиер да не одговара на ниту едно од прашањата? Вие сте одговорни како министер, и како премиер, мора да се појавите во парламентот, и мора да дадете одговор на сите прашања што ќе ви ги постават. Ако не го направите тоа, не сте ни достојни да бидете премиер. Треба да си заминете и веднаш да ја оставите земјата.

Интервјуа и колумни - Page 14 Haute4

Одењето на избори со нула реформи е шега
Слободна Македонија: Директната политичка вмешаност во изборните манипулации од 2014 година не е адресирана ниту на судско, ниту на политичко ниво. Бројните обелоденети нерегуларности од претходните избори сеуште не се адресирани од новиот состав на Државната изборна комисија. Дали сме спремни за предвремени избори, без да ги надминеме сериозните манипулации и нерегуларности од претходните избори?
Питер Ванхауте: Секако дека не сте спремни за никакви избори во овој момент. Поради конфликтната ситуација што ја перципираме денес, согледувајќи ја огромната измама од претходните неколку години до денешен ден, како и неверојатниот притисок со кој се соочуваат луѓето кои работат во јавната администрација, неверојатниот притисок што го гледаме врз луѓето што работат во образовниот систем. Ова е неприфатливо. Такво нешто не сум видел во ниту една земја од регионот претходно, ниту на било кое друго место. Нема таков преседан. Како резултат на ова, мојот заклучок е дека оваа земја не е подготвена за избори. Нормално е, во една конфликтна ситуација, прво да ги решите проблемите, реалните проблеми, а потоа да се договарате за тоа кога да се организираат избори. Овде се прави сосем обратното. Од сите препораки во Ургентните реформски приоритети и извештајот на Прибе, досега не е постигнато ништо. Има нула постигнувања! И да се оди така на избори е шега. Не треба да го правите тоа.

Интервјуа и колумни - Page 14 Haute5

Не може да имате слободни и фер избори без независно судство
Слободна Македонија: Повеќе од очигледно е дека истите политичари кои биле вмешани во претходните изборни криминали, прават се што е во нивна моќ за да ја попречат правдата, и повторно да добијат политички легитимитет на предвремени избори. Зошто предвремените избори се сугерираат од страна на ЕУ како решение на „политичката“ криза во Македонија, наместо ефикасните кривични постапки против корумпираните политичари?
Питер Ванхауте: Во тек се одредени постапки, како што се истрагите од страна на специјалното обвинителство. Првото нешто што се поставува како прашање е ефикасноста на судовите, кои во основа се уништени по налозите од страна на една, или можеби две партии. За да направите напредок во вистинска насока, во еден момент мора да се справите со овој проблем. Луѓето мора да увидат дека судството не е независно, па затоа можеби мора да се востанови специјален посебен суд исто така, кој треба да се занимава со овие проблеми. Можам само да ви кажам дека бев многу јасен кон меѓународната заедница: Не можете да имате слободни и фер избори во овој стадиум, без да ги решите основните проблеми. Би било шега. Изборите не се појдовната точка на демократска реформа, тие се крајната цреша на тортата, како што се вели. Да не испадне да завршите само со црешата, без тортата под неа.

Интервјуа и колумни - Page 14 Haute6

Медиумите не треба да бидат под партиска контрола
Слободна Македонија: Кои се вашите впечатоци како мета на говор на омраза од страна на провладините медиуми, поради твитовите-мемиња со мачки? Дали има лек за корумпираните новинари кои сеуште примаат директни наредби од корумпираните политичари и кои користат говор на омраза како инструмент за замолчување на критичарите?

Питер Ванхауте: Тоа е многу добро прашање. Се разбира, гледам што се случува. За мене, интересно е да се види дека има одреден вид динамика во моментот кога некој ќе направи нешто што ним не им се допаѓа. Тие веднаш реагираат на некој начин. Тоа е начинот на кој се однесуваат. Како прво, тоа е непочитувачки. Исто така, тоа не е начин на кој медиумите треба да реагираат и да функционираат. Затоа мислам дека треба да има соодветен механизам на располагање. Медиумската агенција која е главна контролна компонента за надзорот на аудиовизуелните медиуми е сосем нефункционална. Таа агенција треба да ги казнува сите прекршувања и непочитувања на законот и на основните принципи на доброто, објективното и неутралното критичко новинарство, но не го прави тоа, бидејќи е повторно под контрола на извесна политичка партија. Прво треба да го исправиме ова и да се осигураме дека медиумите не се повеќе под контрола на некоја партија, туку дека има надворешно критичко, регулаторно тело – независно тело – кое во основа ќе го прави сето она што треба да се направи. Сеуште е рано за тоа, но се надевам дека во блиска иднина ќе се случи и тоа.

Интервјуа и колумни - Page 14 Haute7-1

Слободна Македонија: Ви благодариме за интервјуто.

(Интервјуто е графички опремено со меме-твитови на Питер Ванхауте)

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Пет Мар 18 2016, 00:01

Зар толкав народ треба да се плаши од шака себични малоумници. Ајде народе, без разлика на вера, етникум, определување, дигнете го гласот против тиранијата, беззаконието, угнетувањето, покажете дека оваа наша и единствена Македонија има капацитет и слободарски дух да ги казни тие што сакаат да ја уништат…

Колумна на Арбен Гоља-адвокат
Лигуши и уличари


Пишува: Арбен Гоља, адвокат

Имав среќа да се родам во едно здраво општество зад кое како цврст темел стоеше здрава држава, наречена СФРЈ. Во таа иста држава во која за првпат по многу векови и македонскиот народ доби своја држава и државност. И така во тоа „едноумие“, како што милуваат да кажат нашите вмровчиња, замислете се реализира вековниот сон на македонскиот народ, ни ја „подари“ Јосип Броз Тито и останатите „комуњари“ од едноумието. Не беа тоа Гоце Делчев, Питу Гули и други, од чии споменици полн ни е целиот град, и тоа качени на коњи, цела ергела. Секоја чест, се бореле и сонувале, па дури многу од нив и го дале својот живот за оваа цел и тоа е за почит, но не успеале и целта не била остварена.

Од друга страна, ниту еден споменик посветен на главниот „виновник“ што имаме своја држава, Јосип Броз Тито, а за другите „комуњари и да не збориме. Но, историски е докажан нашиот неблагодарен менталитет и неспособност за вреднување и особено девалвирање на нашите прави вредности. Но, да се вратам на државата СФРЈ, каде што сите бевме еднакви, со еднакви можности за школување, лекување, вработување. Каде секој вработен од својата фирма, фабрика добиваше стан, каде што неговите деца можеа да одат на летување на море, на скијање.

ЧОВЕЧЕ СО МЕКО „Р“

И така, додека траеше тоа едноумие викано СФРЈ, бар 80 отсто од граѓаните на Република Македонија го решија своето станбено прашање. Благодарение на ова и сега хендикепираните млади генерации имаат каков-таков кров над глава во заедница со мама и тато, современици на тоа време.

Дури и нашиот сега формално експремиер треба да му заблагодари на горенаведениот виновник што му го прибра татко му егеец што талкаше како апатрид (човек без држава), од Ташкент, па надолу-нагоре. Му даде стан, вработување и му овозможи да се роди малото диктаторче со меко „р“. Сега тоа човече со меко „р“, наместо да му се заблагодари што воопшто постои, го плука својот креатор (во секоја креација постојат и делови со вградена мана… не се мисли на мекото „р“).

Распадот на СФРЈ овозможи токму овие креатури со вградена мана да се експонираат во новото плурално општество, како членови на партии, бидејќи во недостиг од индивидуални квалитети за да се афирмираат во истото, тие беа единствен лек за нивните фрустрации и комплекси. Во политиката, во Македонија влегоа лигуши и уличари. Лигуши беа луѓе, кои својот интелектуален хендикеп го лечеа преку членство во младински организации и комунистичката партија, а продолжија како СДСМ. Уличари, пак, се другиве, како што милувам да ги викам вмровчињава ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ДУИ, ГРОМ и др. Така овој шести ешалон на анонимуси со вградена мана завладеаја со осамостоената Македонија.

Кога лигушите стапија на власт и почнаа да крадат, си помислив, па добро, се создаваат класи и се случува првобитна кумулација на капиталот. Ќе направат капитал, па потоа ќе инсталираат правна држава за да си го заштитат истиот. Но, на мое разочарување, не се случи така. Тие не се задоволија со тоа, па продолжија да си ја крадат сопствената земја. На овој начин, покрај ова, направија уште поголемо зло, со своите политики им овозможија на уличарите да ја преземат власта и тука настапува 10-годишен мрак од кој никако да излеземе.

ЕГОЦЕНТРИЧНА И ПРОСТА ТОЛПА

И едните, и другите, а особено другиве доживуваат задоцнет пубертет лечејќи ги своите фрустрации и комплекси таложени од своето детство, на сметка на земјава, која полека, но сигурно тоне. Станавме заробеници на една егоцентрична и проста толпа, која веќе 25 години нѐ држи во заложништво, уништувајќи ни ги животите убивајќи ја во нас и последната надеж дека ќе имаме достоинствен живот.

Се прашувам каде е демократијата на едно плурално општество, кое е плурално само на хартија, ова претставува едноумие или во најдобар случај двоумие. Па, во системот, кој така безмилосно го плука оваа багра, имаше многу поголема демократија и почит кон граѓанинот како единка, иако беше еднопартиски систем. Да не говорам за образованието, културата, здравството и хуманоста. Сега сето ова е девастирано и јадно и, што е загрижувачки, продолжува овој тренд, кој неминовно води кон самоуништување.

Показател на ова е и срамната одлука на петтемина уставни судии, како мнозинство, со која се овозможува на нашиот послушен претседател на државата да амнестира криминалци, педофили и терористи. Со ова јасно се промовира дека стануваме земја на беззаконие. Ги гледам оние јадници квазипатриоти во шатори пред Уставниот суд, немаа ама баш поим зошто се тука. Некој им рекол дека го бранат уставниот поредок и законитоста и истите како папагали гракаат во еден глас. Јадни мали егоистични човечиња, кои, всушност, ја бранат својата бедна платичка, со која им се заканиле дека ќе им ја одземат. Сиромашките, не сфаќаат дека всушност си ја уништуваат сопствената држава, а без неа ќе ја нема и платичката.

Крајно време е овој народ да се свести и да сфати дека неговата судбина исклучиво зависи од него самиот, а не од група криминалци без чест, морал и етика, во чии болни умови животот е само нивна привилегија. Зар толкав народ треба да се плаши од шака себични малоумници. Ајде народе, без разлика на вера, етникум и определување, дигнете го гласот против тиранијата, беззаконието, угнетувањето, покажете дека оваа наша и единствена Македонија има капацитет и слободарски дух да ги казни тие што сакаат да ја уништат.

Особено овај дел ми остави впечаток, и дава јасна слика за се што се случува кај нас...и која е причината зошто сме до овде....
Распадот на СФРЈ овозможи токму овие креатури со вградена мана да се експонираат во новото плурално општество, како членови на партии, бидејќи во недостиг од индивидуални квалитети за да се афирмираат во истото, тие беа единствен лек за нивните фрустрации и комплекси. Во политиката, во Македонија влегоа лигуши и уличари. Лигуши беа луѓе, кои својот интелектуален хендикеп го лечеа преку членство во младински организации и комунистичката партија, а продолжија како СДСМ. Уличари, пак, се другиве, како што милувам да ги викам вмровчињава ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ДУИ, ГРОМ и др. Така овој шести ешалон на анонимуси со вградена мана завладеаја со осамостоената Македонија.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Мар 23 2016, 20:54

Ванхауте за НОВА.

Ванхауте: Не би се изненадил дека и мене ме прислушкувале

Белгискиот експерт и олеснувач во Пржинскиот процес Питер Ванхауте, за интервју за НОВА говори зошто повеќе нема преговори, за нападите кон него од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за улогата на обвинителката Катица Јанева и зошто е невозможно да има избори на 5 јуни.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Пет Мар 25 2016, 20:07

Ванхауте: Промена на режимот преку избори повеќе не е опција


Посредникот на ЕУ во Македонија денеска го има последниот работен ден. Вели дека е шокиран од атмосферата на страв во земјата и смета дека изборите нема ништо да променат. Македонија не е подготвена за избори, вели тој.

Генерално на 5 Јуни по се очигледно нема да има избори, а во интервјуво Ванхауте јасно го дава тоа на знаење. Според него Македонија сеуште не е подготвена за фер и демократски избори, народот е уплашен .........

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Мар 26 2016, 20:29

Уплашен е тој што ќе ги загуби изборите. Еве делод една колумна од Daily caller напишана од Бил Кован, еден од клучните соработници- коментари на телевизиската мрежа Fox News, врвен безбедносен експерт со бројни позиции во безбедносниот сектор. Daily caller е еден од најголемите веб њуз портали во САД со околу 35 милиони поединечни посетители.
Во центарот на масата на луѓе од грчките острови северно кон Европа е Македонија, мала балканска држава, која сè уште чека да стане членка на НАТО или на ЕУ, главно поради противењето на Грција за името на земјата. Само минатата година над 700 000 баратели на азил поминаа преку Македонија – што е неверојатно за една држава од 2 милиона. Помеѓу нив, Македонија заплени 9,000 фалсификувани или украдени пасоши.

Сега,како и нејзините балкански соседи, Македонија ги затвори границите за навалата од бегалци. Тоа го прави со минимални ресурси, во суштина оставена и од НАТО и од ЕУ и според тоа, принудена сама да се справува со бегалците. Тоа воопшто не е лесна задача за една мала земја која е во самиот центар на портата кон централна Европа и пошироко. И со добра причина: двајца од сторителите на нападите во Париз се дојдени преку Македонија.

Македонија е земја која ветува, со ниски даночни стапки и унапредување на политиките во областа на здравството и социјалната заштита под лидерството на Никола Груевски кој беше премиер повеќе од една деценија до јануари кога поднесе оставка. Земјата постигна напредок од 105. место на 64. место минатата година на угледниот индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл. (најголем скок која го имала некоја земја и пред многу земји членки на ЕУ и НАТО).

Сепак, проблемите со кои се соочува Македонија при справувањето со бегалците, и покрај максималните напори, се во сенка на внатрешната политика на поделби, при што четирите најголеми партии се натпреваруваат за власт.

Заплетот доаѓа директно од телевизиската серија „Куќа од карти“. Приватно снимени и монтирани снимки беа објавени мината година од опозициските пост-комунистички социјал-демократи предводени од Зоран Заев. За да се реши произлезената кризата, партиите се согласија дека Груевски ќе даде оставка 100 дена пред изборите. Тој го одржа своето ветување, но Заев сè уште ги избегнува изборите кои веројатно ќе ги изгуби и побара нивно одложување до 5.јуни. Дури и откако владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се согласи за новиот датум за избори, Заев, соочен со очекуваната победа на Груевски повторно се заканува со бојкот.

Социјалистичката опозиција има веројатни врски со Русија, која се спротивставува на западната интеграција на Македонија и можеби има улога во монтирањето на снимките. Заостанувајќи во националните анкети на јавното мислење, Заев ефективно се обидува да ја пикне својата земја во задниот џеб на Владимир Путин и е подготвен да создаде политичка нестабилност кај нејзините соседи.

За пофалба е што ЕУ ја препознава потребата од стабилна, демократска Македонија во нејзиното средиште и постојано изразува поддршка за претстојните избори. Да се надеваме дека и САД ќе го сторат истото.


Имајќи предвид дека Собранието е подготвено да се распушти пред закажаните јунски избори договорени со посредство на ЕУ, неопходно е САД навремено да покажат вистинско лидерство. Во јануари, при посетата на Соединетите Држави, поранешниот премиер Груевски доби уверување од потпретседателот Бајден дека САД остануваат цврст партнер на Македонија и ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ. Да се надеваме дека тоа што го кажа Бајден не беа само зборови. Заменикот помошник државен секретар Хојт Ји неодамна ја посети Македонија да го провери спроведувањето на договорот постигнат со посредство на ЕУ – тој мора да ги држи сите партии на вистинскиот пат за изборите.

Целата колумна во оригинал можете да ја прочитате ТУКА..
Да напоменам дека очигледно е дека Мирка Велиновска очигледно беше во право во својата колумна што може да ја прочитате ТУКА. Очигледно е дека САД го сменија мислењето и сега за целата криза во Македонија вината од себе и својата поддршка на насилната смена на власт ја префрлаат на Русија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Саб Мар 26 2016, 23:59

Трендо ја читаш Мирка, и плус мене ме тераш да ја читам, па ти си луд човече......

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Мар 27 2016, 22:55

Никого не го терам да ме чита ниту мене ниту било што друго на што ќе посочам. Но не се согласувам дека треба да го читам исклучиво Геровски и на неговата најпозната реченица за течење низ ногавици да финиширам во гаќи. Како што се случува во некои кругови. Или Ванхауте и неговите мачки.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Нед Мар 27 2016, 22:59

Геро и јас не го читам....Ама од Ванхауте ви тече низ пачавица (израз кој го употребува Груески)......А слушам дека сте добиле наредба од штаб да ги изедете мачки по дома. А Трендо има вистина???

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Мар 28 2016, 00:18

Na don Korleone Gruevski u Idriz beg macka ke mu stavele u samica da mu pravi drustva...AMA VISTINSKA MACKA! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Мар 29 2016, 13:30

defo напиша:Геро и јас не го читам....Ама од Ванхауте ви тече низ пачавица (израз кој го употребува Груески)......А слушам дека сте добиле наредба од штаб да ги изедете мачки по дома. А Трендо има вистина???
Ванхауте само ги пренесува желбите на ЧАДОРОТ, односно на т.н. меѓународна заедница, како што се нарекуваат самите себе си. Но тие имаа слични желби и во Сирија, па нешто не успеава и покрај огромната поддршка на исто така т.н. Исламска Држава, која за среќа сега, по вмешувањето на Русија како рамноправен партнер и по терористичките напади во Париз и Брисел не може да ја активираат во Македонија, па тешко дека ќе се отстварат желбите на Ванхауте. Кој патем спадна од пратеник на ЕУ на платеник на Сорос и тоа со посредништво на Владимир Милчин. Не знам дали СОрос ќе го зголеми фондот на својата македонска филијала или и белгискиот посредник ќе биде третиран како домашен предавник.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Мар 30 2016, 09:44

трендафил напиша:
Ванхауте само ги пренесува желбите на ЧАДОРОТ, односно на т.н. меѓународна заедница, како што се нарекуваат самите себе си.

Onie istite shto gi velichashe koga davaa izjavi deka kje ima izbori bez opozicijata??? Onie so koi vekje deset godini pregovarate da go prodadete ustavnoto ime??? Istite tie na koi im nudevte kooperativnost vo promena na etnichkata i religiozna karta na Makedonija so toa shto vo zamena za dozvola za ushte eden izboren falsifikat kje ja napravevte drzhavata ogromen begalski kamp??? Predavnici ste Trendafile, ama ne domashni...Ve vodat grchki cigan i albanska uchka...Ni vie samite ne znaete shto ste...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Апр 01 2016, 10:52

Прво не сум величел некого затоа што викал дека ќе има избори и без опозицијата, туку само мислам дека никој не може никого да го натера да излезе на избори и дека ако една партија не сака да излезе тоа не значи дека не треба да има избори. Не може СДСМ да воведува диктатура во Македонија. Посебно кога со бесмислени лаги за наводни фантомски гласачи и изборна измама и со објавување на монтирани разговори добиени на криминален начин сака да ја собори демократскиизбраната власт. Што ќе се потврди на следните избори на 5ти јуни.
Еве една колумна од Стевче Јакимовски, од која еден дел се однесува и на оваа проблематика.

Хорско плачење!

Се тресеше гората се роди глувче. Ха ха ха. Анкетарите на терен, најчесто ги наоѓаат луѓето кои си живеат на соодветните адреси. Заклучок – избирачкиот список и фантомските 150.000 гласови не се причина, за поразите на СДСМ на претходните избори.

Второ: Тврдењето дека со фалсификувани лични карти, едно лице гласало повеќе пати – пропадна. Наместо власта, лични карти фалсификувал другар му на Заев, Чаушот, со сестра му и брат му, и тоа им бил фамилијарен бизнис.

Трето: Специјално обвинителство, па Специјално обвинителство. Еве ви го специјалното обвинителство. За што дадовме четири ипол милиони евра? За што се тресе државата? За да утврдиме дека кога го апселе Љубе Бошкоски „алфите“ му ја пцуеле мајката и жената, и дека Горан Грујовски комисиски уништил стара опрема за прислушкување која немала вредност од само 1 денар, туку наводно била повиока.

Четврто: СДСМ не може да испорача квалитетен продукт до граѓаните на кое што истото ќе влијае на покачување на рејтингот на опозицијата. Длабоко сум убеден дека сценаристите видоа дека заиграле на тенка карта, на неспособни политички шупелки, и вака добро и крупно смислено сценарио со неспособни луѓе не можат да го спроведат. Ќе мора да дигнат раце, и да чекаат подобри времиња.
Во моментов „Rabbits and Company“ не се квалитетно друштво за државни преврати. Приказните за немање демократија, за нефункционални институции, за корумпирана власт – паднаа во вода.

Каде се 800.000 евра наводна „аванта“ за Мијалков, каде се 16-те милиони од Кинезите, каде се наводните пет милијарди изнесени од државата? Тоа бре народот сакаше да го види од специјалните шупелки. Па за овие шест месеци бар пола од „милијардиве“ требаше да вратат во земјава, а не кој колку го пцуел Љубе!

Убеден сум дека и Американците и сите останати креваат раце од СДСМ и на 5-ти ќе си одиме на избори. И пак ќе биде „кој губи има право да се лути“.

Овој пат хорот составен од плачковци ќе биде многу поголем, ама хорското плачење колку што се разбирам од музика – многу поубаво звучи!

Од сето ова ќар ќе имаат Албанските партии, тие ќе го зголемат своето влијание во власта. Ќе имаме поголеми циркузи во парламентот. Зијан е Македонија, година ипол го измачија народот, стопанството претрпе огромни штети, како и угледот на земјата. Дипломатите го изгубија угледот, се разбира, најмногу го изгубија оние кои беа најмногу и инволвирани, и тоа сосема непотребно.

Длабоко сум убеден дека, овој состав на дипломати на чело со главниот одработи во корист на Русите. Русите им го гледаа сеирот, а народната антипатија кон западните дипломати се повеќе се зголемува, благодарение на нив самите. За тоа се виновни тие самите.

ИЗВОР

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:53

Kolumna od tetka Stefka?!?!?! Znachi konechno si najde srodna predavnichka dusha...Se chudam kako dosega ne si go proglasil za svetec, apostol na samopovikaniot mesija i pastir tvoj Grtujoshesku... Suspect

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Апр 01 2016, 13:52

Teo напиша:Kolumna od tetka Stefka?!?!?! Znachi konechno si najde srodna predavnichka dusha...Se chudam kako dosega ne si go proglasil za svetec, apostol na samopovikaniot mesija i pastir tvoj Grtujoshesku... Suspect
Воопшто не ме интересира кој ја напишал колумната, туку што е напишано во неа. За разлика од тебе што или не знаеш или немаш што да искоментираш за колумната, па го напаѓаш тој што ја напишал. Како фудбалерите што велат дека топката може да помине, ама играчот не. Ако треба и нога да му се скрши. ЗОшто воопшто учествуваш на форуми кога не си во состојба ако нешто не ти се допаѓа да образложиш зошто.
Еве за тебе уште една колумна, па доколку немаш коментар за колумната нема потреба да пишуваш против Мирка. Познато ми е дека ги мрзиш сите што не се под чадорот на Бејли.
Македонија е нападната од кенгурски трибунал

Само што пројде шокот од настапот на Kатица Јанева кога Македонија ја прогласи за фантомска држава, ете не среде неверица дека специјалните обвинителки отишле да се журкаат во специјалната американска амбасада која ја признаваат за легитимна. Ако на овие дешавки ги придодадеме самоуверените изјави на маргиналниот СДСМ дека изборите и резултатите од нив не се одлучувачки повеќе за тоа кој ќе биде власт во Македонија, се надевам дека секому во оваа земја му е ептен јасно за ефектот од пржинскиот експеримент. Македонија е најновиот опитен глушец во американската лабораторија на европска почва. Со него се тестира практично ефектноста на трансатлантскиот договор божем за слободна трговија меѓу Европа и САД, кој администрацијата на Барак Обама не успеа да го потпише со ЕУ кон крајот на 2015 година како што беше планирано. Затоа на Џес Бејли му успеа. За целите на неговата мисија од самиот почеток свесен е и знае само Зоран Верушевски, кој е интелигентен разузнавач кога веќе не е и човек. Другите извршители, почнувајќи од Заев завршувајќи со Kатица, се недоквакани шајшутки, гребла кои учествуваат од лични мотиви во разградбата на една држава.

Во обвиениот со тајна ТТИП е предвидено државите потписнички да станат услужни центри на трансатлантските корпорации. Да им се одземат сите идентитетни атрибути на колективитетите, заедниците, жителите да се трансформираат во маса од поединечни суштества без идентитетни белези, жигосувани или чипосани како стока која служи на корпорациите и нивните интереси. Во така преуредените држави – фирми подизведувачи, институциите се адаптирани на потребите на новиот светски поредок. Работниците ги губат сите права, социјала нема, јавно здравство нема, државната администрација станува приватна услужна дејност. Полицијата е приватна чуварска и редарска служба на корпорацијата сопственик. Судовите се само за регулирање на односите меѓу бројлерите, уставен суд нема зашто нема држава, буџетот служи за локални намени. Партиите се декор. Владата нема политичка функција туку чисто комунална, армијата не служи за одбрана на државата и нацијата туку да одговара на повик за војни кои ги објавува корпорацијата. Во така преуредени држави секој обид на непослушност ќе се решава преку специјални обвинителства кои се именувани како кенгурски судови, односно ад хок трибунали.

Е, сега, гледаме одблизу и во живо како сè од наброеново се случува веќе во Македонија. Имаме техничка влада, која не се занимава со државна политика ни внатре ни надвор. Во чувствителни сектори имаме двојни министри, кои работат по различни „закони“. Имаме премиер легално и легитимно избран како се ландра низ Македонија и среде оваа ситуација не смее ни да зуцне нешто, а камоли да преземе. Имаме свој домашен „хашки трибунал“ во лицето на СЈО. Ете ни ја нашата верзија на Kарла дел Понте. Македонскиот народ прекуноќ стана опитен глушец во држава претворена во лабораторија со потпис на четири божем политички водачи, а озаконет преку нападнатите државни институции. Ах, да, имаме и население со кое актериве и планериве си бришат патос. Оти тоа според ТТИП е маса робови. Или што би рекол Стево Пендаровски, стока.

Верувам дека барем сега секому му е јасно што е ова чудо кое ни се случува, оти во 2013-та кога во серија пишував за целите на ТТИП никој не го болеше глава, кога алармирав за окупацијата на Европа под плаштот на НАТО, а всушност истовар на американската армија за дисциплинирање на Европејците, веројатно многумина мислеа дека пак го плашам народот со небулози. Е па господо, нè прегази шлеперот додека колективно му стоевме на патот и го гледавме светот низ розови очила.

Сега „бистрата“ Kата во улога на Дел Понте, ќе обвинува, апси и пресудува кому сака, како сака и колку сака. Од каде црпи надлежност? Па, од Чадорот кај Kале. Гледате ни тој веќе не се труди да ја прикрие својата улога. Императорот Обама и неговиот кралски суд заседаваат. Чаре? Се разбира дека има. Јас не сум од оние што размислуваат безалтернативно или од тешки ситуации излез бараат само на мазни автопати. Kога веќе не дејствувавме превентивно, работите ќе ги оправаме радикално. Ако не сакаме да живееме како учипени бројлери одгледувани наменски за потребите на дегенерици како Бејли и Гарет, а на клање да нè водат „брендирани“ џукци како Фрчко, Милчин, Пендаровски, Верушевски и слични, ќе ги земеме во свои раце. Виетнамски, кубански, гемиџиски – македонски, палестински, сириски, курдски, партизански. Искуства колку да ми сакаш имало и ќе има. Kога знае човек против што се бори, кога има мотив и цел, победата е сигурна. Докажано. Наш непријател е опасна отчовечена багра со комплекс на бог. Неолиберален фашизам му е името. Нашата одлука доаѓа како одговор на егзистенцијалното прашање ќе живееме ли како полнокрвни луѓе или ќе си глумиме живот. Не грижете се за тоа кој ќе води или организира ваква борба. Ситуацијата ќе го разреши ова прашање природно. Настаните ќе ги изберат формите на борба и авторитетите. Додека одбројуваме до денот на распуштањето на Собранието, еве и некои корисни податоци од досегашната пракса во имплементацијата на таканаречените ад хок трибунали, одосно, кенгурски судови кои делат кенгурска правда:

Ексклузивно ги произведува САД од падот на биполарната конструкција. Kенгурските трибунали секогаш без исклучок дејствуваат на територии на држави кои се цел на напад на американскиот интерес. Ниту еден кенгурски трибунал не се однесувал на било која западноевропска држава. Kенгурска правда се дели на остатокот на светот. Злостори против човештвото вршат само дивјаци и варвари, значи, нецивилизирани народи. Затоа на пописот ги нема злосторите и злосторниците од Белгија (извршени во Kонго и Руанда), ги нема Французите со злосторите вршени во Kореја до 1953, во Полинезија со стотици атомски проби, во африканските колонии, со акцент на Алжир и сега во Либија. Или Велика Британија со славните масакри во Африка, на Блискиот Исток, во средна и далечна Азија, во Австралија врз Абориџините или американските во САД, па во Латинска Америка, во Азија и Африка, но и во Европа, на Балканот, во Егејска Македонија, па во Република Македонија во 2001 година, во СФРЈ, па во СРЈ, во Украина…

На Македонија ова не и е прв кенгурски трибунал. Еднаш стана муштерија во интернационалниот, офшор трибунал во Хаг каде завршија како злосторници Јохан Тарчуловски и Љубе Бошковски, а и се судеше на државата Македонија и нејзината легитимна одбрана од терористички напади на УЧK. И уште трипати во домашни кенгурски полициско-судски постапки во време кога со МВР управуваше Хари Kостов. Главниот кенгур, пандан на денешнава специјална кенгурица, беше Хари Kостов како министер за внатрешни работи. Прво за „Раштански лозја“. Вторпат кога Kостов преку портпаролката Мирјана Kонтевска свика ад хок прес-судење на негов трибунал кој на лице место обвини и осуди по кратка постапка тројца припадници на единицата „Лавови“ за некаков исконструиран злосторнички напад на автопатот Скопје – Тетово.

Исто како што тоа го прават сега трите мојри од специјалното обвинителство на своите прес-конференции. И третиот ваков кенгурски настан, во организација на истиов човек, а по американски налог дојден од амбасадорот Лоренс Батлер (прво апси, па после ќе му ја мислиш), беше киднапирањето (апсењето) на Kалид ел-Масри, кој кенгурски беше прогласен за терорист и осуден за тероризам. Македонија уште ја плаќа цената за овој злостор на еден недоквакан слуга, неговиот вроден садизам и неговата амбиција да биде омилен кај робосопственикот.

По ваквиот „демократски“ терк на делење правда кој се вика уште и „Рој Бин“ се осудени Садам Хусеин по рушењето на кулите во Њујорк, синот на Моамер ел Гадафи, осомничените за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон. На ист принцип функционира за срам на човештвото прочуеното Гвантанамо. Посебно интересен е кенгурскиот офшор-трибунал кој таинствено ги ослободи од обвинение фармацевтските компании кои произведуваат вакцини за дела против човештвото. Трибуналот (таен) на 19 ноември 2014 година донесе кенгурска одлука која со живот и трајни последици ја платија илјадници деца и нивните семејства. Во мигов во светот се водат над 3.000 спора пред кенгурски офшор наменски трибунали. Сите спорови се меѓу некоја САД корпорација и некоја држава надвор од кругот на западниот чадор. Во сите случаи жртвите имаат потпишано билатерален трговски договор со Америка (оти ТТИП и ТИП договори се уште не се легитимни). Само четири држави во Европа во моментов активно се борат против планот на САД и Велика Британија европските држави да ги претворат во сервис на интересите на транснационалните корпоративни системи. Тоа се Исланд, Унгарија, Австрија и Чешката Република. Виктор Орбан е знаменосец на оваа пресудна борба зашто прв до крај ја прозре американската убиствена стратегија склепана и содржана во тајниот Трансатлантски договор божем за слободна трговија.

Пишува: Мирка Велиновска за ДНЕВНИК.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Саб Апр 02 2016, 10:43

Da pishuvam protiv pijaniot inventar od kabinetot na Crvenkovski?!?!?! Zoshto bi go pravel toa koga pijanata baba sama sebe se kompromitira i devalvira do krajni granici?!?!?!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Апр 06 2016, 10:03

Груевски пак се пазари - името за избори на 5 јуни?

Мене многу сериозно ме загрижи изјавата на американскиот амбасадор Џес Бејли, дека сега бил погодниот момент да се одврзе јазолот за спорот за името. Исказот на Бејли очигледно не е случаен, бидејќи пред некој ден со изјава со сличен тон се огласи и медијаторот Метју Нимиц.

Што се случува?

Провладината пропаганда, грујовите аналисти и воспалените организации од дијаспората сега се натпреваруваат кој побрзо и поостро ќе ја осуди изјавата на Бејли и ќе докаже дека спорот меѓу Македонија и Грција немал ништо заедничко со Договорот од Пржино. Не велам не, може и да е така (не ги знаеме тајните клаузули и наративи на договорот), но се сомневам дека спорот за името сепак може да има врска со еден друг договор, оној меѓу Бејли и Груевски - изборите, наместо на 24 април, да се одржат на 5 јуни.

На лидерот ВМРО-ДПМНЕ очигледно му е јасно дека времето не работи во негова полза и затоа, јас воопшто не би бил изненаден кога би слушнал дека тој со странците пак се пазарел за името - ние ќе направиме компромис, а вие ќе ни дозволите на 5 јуни да организираме уште една изборна кланица и да се консолидираме.

Американските дипломати имаат долга и прилично неславна историја на договарање со Груевски за спорот за името - некаде од 2008 година до скоро, најмалку десет пати лично имам слушано оптимистички прогнози на Америте дека Груевски ќе ги исполнел ветувањата што им ги давал и дека ќе постигнел компромис во спорот со Грција.

Во бомбите на Заев, пак, сите, со свои уши, недвосмислено јасно, слушнавме како Груевски и неговите најблиски соработници се пазарат за името директно со грчки посредници - се пазарат грубо, без трунка лажен патриотизам, буквално како на ат пазар!

Факт е дека кај нас постојат две битни политички формации од кои зависи македонската позиција во спорот за името - од една страна е владејачката ДПМНЕ, која очигледно има и искуство и спремност за пазарење за името, а од другата страна е опозицискиот СДСМ, кој од страв да не биде прогласен за „предавнички“, буквално нема никаков став и бега од ова важно прашање. Се прашувам, дали Груевски се обидел да ја искористи таа ситуација и дали можеби успеал да ги убеди Американците дека само тој и неговата партија имаат капацитет и спремност да го решат спорот со Грците, та затоа треба да добијат право на уште едни валкани избори?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Сре Апр 06 2016, 11:08

Хм, а кој е автор на писаниево ТЕО??? Инаку ништо чудно во замена за името да имаме уште некој година „демократско“ владеење на ДПМНЕ.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Апр 06 2016, 11:37

Кој може да биде автор на вакво писание ако не Бранко Геровски. Кој како и многумина кои подржуваат виткање на кичмата го обвинува премиерот дека наводно го продал името уште пред 8 години во Букурешт. Еве две други колумни на оваа тема.
Америка сака макар една победа против Русија!

ЗОШТО СЕГА БИЛО ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО?

Под претпоставка дека ќе се одржат избори на 5 јуни од немајкаде, а имајќи предвид дека резултатите, доколку броењето е објективно, се веќе познати (најмалку два наспрема еден), операцијата Пуч управувана од чадорот и изведувана од пленум на квислинзи, ќе заврши исто како војната со Виетнам.

Тотално асиметрично во полза на жртвата. На агресорот Америка, и по 40 години од крајот на војната, и е тешко да си го признае и запише поразот и срамот. Во Вашингтон се правдаат дека мотивите за војната им биле благородни. Залудно. Војната останува факт заедно со 4,8 милиони Виетнамци кои ги загубија животите. Kако и американскиот колосален пораз забетониран како еден од најморбидните злостори против човештвото со епски пропорции.

Исто како што се благородни мотивите што ги наведоа пред две години да ја стартуваат операцијата ,,Пуч“ во Македонија. Идентични како што беа мотивите кога ваква лакрдија организираа и изведоа во 2001 година. Сега, во очекување на изборите, а во светло на двете последователни изјави од американски државни службеници (Метју Нимиц и Џес Бејли) дека сега му било времето да се ,,реши името“ ние нужно мораме да пресметуваме и предвидуваме потези на стратешкиот тим на Обама до денот на гласањето. Тоа значи, не да гледаме туку да виѓаваме катаден што с` ќе добијат како задача нивните локални слуги на наш терен за да се изведе блицкриг промена на името до денот на гласањето, до објавувањето на резултатите од изборната волја на гласачите, па до формирањето на парламентот и владата. Оти ако сега му е мајката, тоа значи дека Америка ќе удри на Македонија во мигот кога немаме полнокрвна влада, имаме квислиншки импланти во државни институции со извршни ингеренции.

Во подготовката на стратегијата и ефектуирањето на планот за постигнување на крајната цел на американската држава во врска со Македонија, важна ставка е тактиката. А таа е и нејзина основна или вградена слабост. Имено, гломазните империјални машинерии немаат ни време ни волја да пресметуваат ризици во детали. Империите како американската затоа креираат шаблони, прават една кројка која потоа фабрички ја шиткаат како глобален костум за цел свет. Што значи тоа? Па само дека на идентичен начин ги разместуваат војските, логистичарите, на ист начин го препарираат теренот кој го напаѓаат, идентично ги избираат локалните подизведувачи и на крајот, идентично бегаат од својата одговорност влегувајќи во нов циклус на завојување. Тоа е нивната основна слабост. До бесвест и без оглед на факторот време, ќе ги повторуваат ,,мислите“ и ,,дејствата“ на Бжежински и Макарти. Таа превидливост на потезите и дејствата на агресорот треба да се појдовна точка во градењето на одбранбена стратегија и тактика на нападнатата страна. Во случајов Давид против Голијат, Леонидас против Kсеркс, Александар Македонски против Дариј, Сикариите во Масада против Титус, Kутузов против Наполеон, Жуков против Хитлер, Тито против Хитлер, Апостолски против Хитлер. Но, Македонија и по четврт век не собира сили да формира институција која ќе се бави со ваква работа, небаре нема сознание за опасностите кои ја демнат во свет како постојниов. И тоа е нејзината слабост на која игра напаѓачот, односно, агресорот.

Планетарно дупло голо

Значи што треба да чекаме до 5 јуни? Штом Џес Бејли објави дека САД е фрустрирана зашто во изборнава година не може да ја вкнижи Македонија како член на НАТО на самитот во Варшава и со тоа да забележи поен во големата тековна војна со Русија за прераспределба на светот на сфери на влијание, сега ќе се игра опасен пресинг што подразбира валкано и крајно нефер, оти агресорот е во цајтнот. Есенва Американците избираат претседател, а Русите Дума. Балканот, како и Европа, стана воено поле од тие причини. И со мигрантското цунами и со терористичките масакри ама и со последната ,,панамска оф шор афера“. Го гледате ,,блупринтот“ демек, оригиналниот потпис на истиот чадор кој дејствува и во Македонија но и на светско ниво. Анонимен хуманист во дворот на светски новинарски конзорциум сместен баш во Вашингтон доставува 11 милиони офшор-сметки. Kонзорциумов на корпоративни ,,слободни медиуми“ плаќан од KЕЛОГ, Kарнеги, Рокфелер, УСАИД и секако Сорос одлучи да ги дискредитираат непослушните политичари. Дури и кога не ги фатиле со сметки в рака. Па така, нафрка исландскиот претседател кој не му дал дозвола на Пентагон да парадира воено во Исланд, а и зад американски грб склучи стратешко партнерство со Kина. Путин нема офшор-сметки, ама негови познаници имале, што е еднакво како тој да има. Исто како и Асад. Ама затоа ,,фактите“ ги разработуваат пропагандно разни љубишиарсиќи кои работат во специјализирани гебелсо-макартискички фабрики за печатење ,,вистина“. И?Дупло голо! Планетарно.

Америка инвестира во Македонија преку слично сценарио (вторпат), за да ја добие како своја парцела за контрола на Медитеранот и Централна Европа. Русија и Kина ја растураат таа шема, ама што е најважно тоа го прави и целото човештво.

Мал терористички напад

Што ќе стори Вашингтон преку Бејли во преостанатото време за да ,,го реши името“? Навистина, ги има како фикс УЧK-структурите во ДУИ, ги има чадорашите како раководна структура на СДСМ, ја има и заедницата на ,,пресс-титутки“ во медиумите плаќани од УСАИД и Сорос, како и соросоидните ,,цивилни активисти“, ја има и косовската мафија, ама нема контрола на теренот оти македонскиот народ не е со нив. Особено не по прашањето за името и идентитетот. Значи, треба да дејствува фронтално во непријателски амбиент. Што е гадно кога моќни противници ти дишат во врат. Затоа ќе проба да исфингира настан што ќе биде доволно драматичен за да го сврти вниманието од главната цел. Бомбите се потрошија. Македонскиот трибунал на Јанева е тотално промашување, а Заев во содејство со албанската мафија е губитничка позиција. Сепак, „Бонд стил“ и Kосово се блиску, Грција таложи мигранти, а Оливер Спасовски е на чело на МВР. Тоа е амбиент за креирање на еден ,,мал терористички напад“ што се вели, во право време. Отприлика исто како оној што пред пет дена го изведоа во Дамаск, со цел пред изборите закажани за 16 април да го обвинат победникот Асад за злостор против цивилно население. Сиријците, како и Македонците, страдалници, за среќа не веруваат на американски фингерајки, па и настанот мина без ефект. Освен што зацрни уште десетици семејства. Но рековме, шемата останува. Особено што и во Македонија има безразумници со краток фитил и лични фрустрации кои за пари ќе сторат сенешто. А и веќе имаме искуство со атентати во право време. Значи, треба да чекаме шок ситуации. Дури и на денот на изборите кога цел ќе биде ОБСЕ и ОДИХР (МОСТ не го сметајте, оти е искомпромитиран, значи, некредибилен) да ги прогласат за некредибилни или да ги прекинат. До тогаш Бејли и странски емисари плус ДУИ ќе навалат врз Никола Груевски да се согласи на заедничка влада за ,,спас на Македонија“. Стара идеја од 2001 година која прво Бранко Геровски а сега и ,,тајмлес“ Павле Трајанов, овој пат како ,,независен политичар“ ја соопштија пред некој ден. Имено, и Вашингтон е свесен оти операција обезименување на Македонија не може да изведе ниту еден политичар во земјава а притоа да го преживее чинот. Но, за жал, на Американците, такво нешто со сигурност нема да го преживеат ни евентуалните потписници на купче. Kако со рамковниот и пржинскиот гангстерај. Во таков случај, гневот неконтролирано ќе се излее и врз сите бележити квислинзи.

Енигмата Никола Груевски

Но, да се вратиме на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како сигурен победник на овие избори. И тука треба да се има предвид досегашниот шаблон за нивна неутрализација. Најпосакувана варијанта е Груевски самиот да се повлече од лидерската позиција. Вистински момент за Бејли би бил токму сега, пред изборите. Поточно, ако може оставката да ја курдиса на три недели пред изборниот ден. Тоа би ги нивелирало гласовите на горе-долу пата-пата што е предуслов за уште една фина коалиција за американски спас како онаа во 2001. Идејата не ни е непозната. Ни ја соопшти Иво Вајгел, еден од светата ЕУ тројка, кога на почетокот на фингерајкава наречена ,,криза“ по заседанието во Стразбур изјави дека ,,во ЕУ с` уште немало консензус за потребата Груевски да си замине од политиката“. Во меѓувреме, како што сите гледаме, Никола Груевски очигледно го нема во политиката. Поднесе оставка како премиер, работи како политичар, ама не се меша во политика, особено не во државната. Да видиме дали ќе го одработи и последното што од него го очекуваат Американците и западните европејски лакеи. Kако и да е, ВМРО-ДПМНЕ која не е многу транспарентна по вакви прашања, веројатно знае за оваа варијанта и сосем сигурно и во таков случај ќе биде подготвена и мобилна за дејство. Оти еве, како и во 2008, по вторпат се јавуваат иницијативни одбори за ,,спас на ВМРО од Груевски“. Она што не им успеа на Љупчо, Љубе, Доста, драгиот Стојменов, Димитров, Лазаревик, ќе му успее демек на најновиот ,,конзорциум“? Старо моделче, глупо кројче! Но и тоа не е најважното. Најважно е, а тоа повеќепати сме го кажале, дека македонскиот народ безусловно ќе си ја брани државата и името.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник
ИСТИТЕ ЛУЃЕ КОИ САКААТ ДА ЈА РАСТУРАТ МАКЕДОНИЈА: Панамаликс има за цел да им наштети на лидерите на слободниот свет!


Сето тоа што ни се случуваше во рамки на наметната политичка криза, прислушуваните разговори, протестите, Договорот од Пржино, оставката на Груевски, Законот за медиумите, Специјалното јавно обвинителство (СЈО), упадот во касарната во Гошинце и терористичкиот напад во Куманово, насочувањето на бегалците со флаери на арапски јазик за илегално влегување во Македонија и тоа само неколку денови во посетата на Викторија Нуланд на јужната граница се само чекори од сценариото за ослабување на македонската држава која така ќе може биде принудена да го смени своето име и идентитет после евентуалните избори на 5 јуни, а во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава

“Панамаликс” е последната афера од глобални размери чија главна цел е да го наруши угледот на дел од светските лидери кои водат независна политика од САД. Тоа го потврдуваат, меѓудругото, имињата на претседателите на Русија и Кина кои веројатно се главната цел на оваа операција.

Повторно, ударна игла во нападот на ривалите на САД се јавува институтот Отворено општество на Џорџ Сорос, кој е основач и финансиер на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари кој го раководи објавувањето на документите. Практично, “Панамаликс” е новата геополитичка операција на Западот предводена од САД за зачувување на светската хегемонија.

Во таа смисла, треба да се толкува и ситуацијата во Македонија која е само едно мало поле од шаховската табла на која се судруваат Западот и Истокот. Имено, политичката криза, прислушуваните разговори, протестите, Договорот од Пржино, терористичкиот напад во Куманово, бегалците и нивното насочување преку флаери на арапски јазик за илегално да влезат во државата се само чекори од поголем план за дестабилизација и “виткање на раката” на Македонија, да и се скрати просторот за маневри и под голем притисок да се принуди да го промени името на државата и идентитетот на народот за така обезличена, државата да биде внесена во ЕУ и НАТО.

Со членството на Македонија во НАТО, практично се истиснува влијанието на Русија на Балканот која се врати на светската политичка сцена со што се завршува едно поглавје од глобалната борба на Западот и Истокот за географските сфери на влијание. Режисер на ова геополитичко сценарио е Западот на чело со САД што го потврдија шесторката западни амбасадори кои беа главните актери во наоѓањето на “решение” за политичката криза, а го запечати амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли кој симболично, на Денот на НАТО, изјави дека “нема подобро време од сега да го отплеткаме јазолот наречен спор за името” додавајќи дека Македонија треба да работи во три области, односите со Грција, модернизација на војската и демократијата и владеењето на правото каде САД може да даде поддршка. Тоа се еуфемизми кои практично ги означуваат точките каде САД ќе врши притисок на Македонија во смисла на евро-атлантската интеграција со која нераскинливо поврзана е промената на името.

-Како што препорача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, витално е да се почитуваат обврските од Договорот во Пржино и да се донесат и имплементираат реформите за избори. Кредибилни избори, работата на СЈО, реформите во медиумите и другите области заедно праќаат стратешка порака за вашата иднина во евроинтеграциите и за посветеноста на евроатланските вредности. Половичните мерки пак праќаат спротивна порака. Мојата порака е многу едноставна – зграбете ги овие можности, рече Бејли.

Од неговата изјава, може да се заклучи дека сето тоа што ни се случуваше во рамки на наметната политичка криза, прислушуваните разговори, протестите, Договорот од Пржино, оставката на Груевски, Законот за медиумите, Специјалното јавно обвинителство (СЈО), упадот во касарната во Гошинце и терористичкиот напад во Куманово, насочувањето на бегалците со флаери на арапски јазик за илегално влегување во Македонија и тоа само неколку денови во посетата на Викторија Нуланд на јужната граница се елементи на сценариото за ослабување на македонската држава која така ќе може биде принудена да го смени своето име и идентитет после евентуалните избори на 5 јуни, а во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, коментирајќи ја изјавата на Бејли вели дека таа апсолутно потврдува дека се ова што ни се случуваше во последните година-две, не е воопшто ништо случајно туку прецизно сценарио кое треба да доведе до капитулација на Македонија.

-Вашингтон веќе не крие дека нивна цел е затворање на “македонското прашање” со прекрстување на државата и разнебитување на македонскиот народ. Точно е дека, за нив е моментот сето тоа да се реализира бидејќи со прислушкувањето и кризата која ја создадоа ги стресоа темелите на државата која никогаш не била послаба. Кога ако не сега да ни се наметне американската волја, смета Никовски.

Гинко: Кризата во Македонија е испровоцирана од надворешни сили

На иста линија е и Владислав Гинко, економски експерт од Руската претседателска академија кој смета дека политичката криза во Македонија тотално е испровоцирана од надворешни сили.

-Вмешувањето во внатрешните работи на Македонија од политичарите на ЕУ и САД претставува ризик за економската и политичката стабилност на оваа држава. Главната фигура која игра негативна улога во оваа ситуација е потпретседателот на САД, Џо Бајден. Тој ќе врши влијание за да се наметнат интересите на САД над македонските. Моменталното лидерство во Македонија покажа храброст во водењето на независен политички и економски курс. Партнерството со ЕУ и соработката на некои прашања со НАТО не треба да значи одземање на Македонската независност, вели Гинко.

Според рускиот политички аналитичар и геостратег Леонид Савин, кризата во Македонија е испровоцирана, како и во многу други држави претходно, за да ја дестабилизира состојбата, да се организира државен удар и од тоа да се извлече бенефит.

-Секоја држава има сопствени специфики и САД манипулира со детали и контрадикторности. Во случајот на Македонија се мигрантите, албанскиот фактор и геостратешката локација на државата. Да, како крајна цел Вашингтон сака да ја види Македонија како дел од НАТО. Но за сега дефрагментацијата на Балканот е во процес, вели Савин.

Тоа го потврдува и политичкиот аналитичар и новинар на “Спутник” Андреј Корибко кој објаснува дека последната изјава на Бејли не треба да се гледа во вакуум, затоа што е директно поврзана со политичката дестабилизација која САД ја произведе во Македонија во изминатите 18 месеци како и последниот хаос со мигрантската криза што беше ослободен во Македонија.

-Овие два вектори на притисок, вклучувајќи ги и обидите да се потикнат национални и религиозни идентитетски судири меѓу христијаните Македонци и муслиманите Албанци, се дел од меките тактики на Вашингтон за хибридна војна против државата. Една од целите е да се се извлече корист од периодот на транзициска влада во обидите да се притискаат привремените надлежни органи да донесуваат брзи и неодговорни одлуки. Работата е што, владата сеуште е водена од ВМРО-ДПМНЕ и има највисока можна почит за поранешниот премиер Груевски што значи дека е во сигурни раце и најверојатно нема да падне на некој од овие трикови кои САД ги изведува, но сепак, доволно е да се потенцира негативната намера позади акциите на САД за да се види вистинската закана која е во игра.

Сето ова, мора да се потсети, е со цел да се спречи историското враќање на Русија на Балканот и да се сопре мултиполарното ослободувачко влијание кое доаѓа со тоа, бидејќи САД сака да го задржи регионот под неговата сфера на влијание и затоа може да прибегне кон геополитичката тактика “изгорена земја” ако е приморан стратешки да се повлече, вели Корибко и додава дека последните потези против Македонија се дел од поголемите анти руски политики на САД во регионот и низ цел свет генерално, после избивањето на урбаниот тероризам во Киев и “ЕвроМајданот” кој беше поддржан од Западот.

“Панамаликс” ги таргетира лидерите на државите ривали на САД

Светските случувања, како и настаните во Македонија, во последниве неколку години, треба да се толкуваат во светло на геополитиката за да се формира целосна слика за причините на нивното настанување и намерите на големите сили кои ги иницираат. Секоја војна, обоена револуција или било која политичко-безбедносна операција се режира за одредени геополитички цели.panamaliks_soros2

Украинската криза, војната во Сирија, Арапската пролет, појавата на Исламската држава, тензиите во Јужното Кинеско Море, сето тоа се настани кои се поврзани и практично се географските црно-бели полиња на големата шаховска табла на која Западот ја лансираше својата мајсторка против растечките источни сили. Во тоа светло треба да се анализира и последниот случај со аферата “Панамаликс” која опфаќа 11,5 милиони документи од базата на адвокатската фирма “Мосак Фонсека” во кои се содржани информации за оф-шор сметки на бројни светски моќници и политичари.

Рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Кина, Си Џинпин, премиерот на В. Британија Дејвид Камерон, аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, премиерот на Исланд Гунлаугсон, претседателот на Украина Петро Порошенко, се само мал дел од звучните имиња на најновиот скандал. Интересно е да се забележи дека најзвучните личности меѓу набројаните се претседателите на Русија и Кина чии држави се главните стожери на концептот за мултиполарен свет и потенцијалното обединување на Евроазија како и премиерот на Исланд, држава која го одби членството во ЕУ, каде САД сакаат да ја реактивираат воената база во Кејфлавик што се гледа од зборовите на заменикот-државен секретар за одбрана на САД Боб Ворк дадени во интервјуто за defensenews.com.

Според Гинко, “Панамаликс” е еден од инструментите на политичко влијание применет од потпретседателот на САД кој е мозокот за промена на политички системи во повеќе држави како Украина и Гватемала.

-Под негов надзор е “корупцискиот скандал” кој сега се спроведува во Бразил. Тој применува широка антикорупциска реторика но неговата огромна политичка вмешаност во внатрешните работи на Украина на пример, го прават одговорен, ако ништо друго морално, за економската катастрофа и огромната корупција која се практикува во државата. Уште повеќе, директното мешање на САД во внатрешните работи на Македонија, Украина и Гватемала мора да биде силно осудено во судница во САД или во друга држава ако судството на САД не успее да одолее на политичкото влијание од Белата куќа, вели Гинко.

Леонид Савин пак, истакнувајќи дека Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари кој го раководи објавувањето на документите е основан од институтот Отворено општество на Сорос и Пјер Омидјар.

-Не е протекување на документи, туку провокација. Има многу сомнителни “факти” во овие документи. Читајте ги чекор по чекор и ќе најдете многу дезинформации, вели Савин.

На иста линија е и Андреј Корибко кој вели дека за сега нема начин да се провери автентичноста на “Панама документите” затоа што наводните изворни оригинални документи се јавно недостапни во моментот.

-Се што интернет листите всушност се, се субјективни извештаи за сомнителни неетички активности од повеќе светски лидери. Има можност дека нешто од ова е вистина, но еднакво веројатно е дека нешто од тоа не е. Сепак, од ова претпоставено излегување во јавност поминале повеќе од една година во подготовките кои вклучуваат повеќе стотици луѓе кои ги анализираат документите и многу е веројатно дека ЦИА и другите западни разузнавачки служби вметнале лажни документи во миксот за да предизвикаат впечаток дека “новинарите” ги откриле сите овие корупциски мрежи, особено тие кои наводно ги вклучуваат соработниците на претседателот Путин, вели Корибко.

Тој додава дека нема сомнеж дека некои од информациите за помалите светски лидери и дури про западни марионети како Порошенко се точни, но треба сериозно да се земе во предвид до кое ниво обвинувањата против претседателот Путин и претседателот на НР Кина, Си Џинпин се разработени фабрикувања.

-Друга работа што треба да се има во предвид е дека нема Американски индивидуалци кои се вплеткани во најголемото протекување во историјата, кое, ако се земе во предвид американското влијание во сенишниот финансиски сектор и другите сиви економии е високо неверојатно во смисла на едноставна веројатност. Причината позади ова, настрана сомнителната ЦИА и другите разузнавачки врски со оваа афера е што Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, субјектот одговорен за објавувањето на овие божемни наоди, е директно финансиран од Отворено општество на Џорџ Сорос меѓу другите финансиери, истакнува Корибко.

Практично, “Панамаликс” претставува уште еден обид да се наруши угледот на лидерите на државите кои водат самостојна политика, независна од САД, за да ја изгубат поддршката меѓу сопствениот народ што значи можност за САД и Западот да ја експлоатираат таа ситуација преку нивната НВО-мрежа и разузнавачките служби.

Стефан РАШКОВСКИ

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Апр 06 2016, 14:12

Ne samo imeto, tuku i verata i jazikot i nacijata ja prodavate...Ne samo kichmata ja vitkate tuku i se podnapupuete samo za da vi dozvolat da se spasite od kriminalite i zlochinite koi gi pravevte ovie deset godini...Sepak nishto nema da vi pomine nekazneto...Makedonija i makedoncite sekogash, porano ili podocna gi kaznuvale predavnicite...Kje dojde redot i na dpmne-uchk-ovcite na chelo so pastirot i familijata...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Апр 06 2016, 19:00

Ако добро те разбирам ти мислиш дека ВМРО сака да го продаде името, а САД и ЕУ тоа не го дозволуваат, па сакаат со сила да го донесат Заев за да ја спречат промената. Немам што да коментирам, Господ нека ти е на помош,

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Апр 06 2016, 20:57

Sto ke bese ovaa patoloshka zaljubenost vo pastirot ?..... mora da e na nekoja medicinska osnova ...
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 14 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 14 of 42 Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15 ... 28 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот