Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 13 of 42
Страна 13 of 42 • 1 ... 8 ... 12, 13, 14 ... 27 ... 42
Re: Интервјуа и колумни
Prvo trendafile, go zabole ruk na Putin za Makedonija, a posebno za vashiot pastir...Tresesh zeleni od rakav...
Vtoro Trendafile te prashav kolkava gnida i licemer mora da bidesh pa da mu se uvlekuvash na chovek kako stefka u shupak i da lizhesh tamu kaj shto si plukal...
Vtoro Trendafile te prashav kolkava gnida i licemer mora da bidesh pa da mu se uvlekuvash na chovek kako stefka u shupak i da lizhesh tamu kaj shto si plukal...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
http://www.dokaz.mk/mirka-velinovska-gruevski-napadnat-od-ochovechen-chovekojadets-glavosechach-sadist/
Ovaa ne go trga nosot od keseto so prashak, ili i nasle teshka bolest so max. 2 meseca zhivot! Treto nema!
Ovaa ne go trga nosot od keseto so prashak, ili i nasle teshka bolest so max. 2 meseca zhivot! Treto nema!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Има калифу. Се вика виски а најголемиот виновник за заразата на дедо мирко со тоа третото е Бранко. Како и секогаш Бранко е крив, но во овој случај тоа е вистина.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Velish viski mesha so prashok ?!?!?!? CCCCCC,...... epa ima da zavrshi ko Pacino u "Scarfejs"
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
http://www.libertas.mk/%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4-%d0%bf%d0%be%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bc/
DOBRO BRE AKO E MIRKA NA VISKI I BEL PRASHAK, OVOJ NA STO E? .......SOSGAJS I BELA FUG-MASA?!?!?!
DOBRO BRE AKO E MIRKA NA VISKI I BEL PRASHAK, OVOJ NA STO E? .......SOSGAJS I BELA FUG-MASA?!?!?!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Овој калифу е нафиксан со страв од Идризово и надарени цимери во келијата во која ќе го сместат.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Toa kje da e! Da ne bide deka sum preoptereten so gebels-doktrinata.....am najverojatno spie i so staklena kapsula cijanid megju zabi!?!!?
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Трендо кутри Трендо, оди сега и пак верувај му на пастирот.
Избегнавме една катастрофа, ни се закануваат нови
Тука сме, гледаме, слушаме сè, па и за притисоци. Не е точно дека нема веќе да даваме оценки дали има услови за фер избори или не, како што смета Груевски. Кај медиумите доживеавме уште еден голем неуспех, но мора брзо да се преговара. Опозицијата пропушти да демонстрира одговорност, со тоа што не гласаше за одлуката во Собранието. Јанева мора да работи без притисоци, а Владата да го покани ОБСЕ да набљудува како што вети.
Ова е сижето од интервјуто со европратеникот Ричард Ховит што вчера рано изутрина го направивме непосредно пред неговото заминување од Скопје. Ховит и уште двајца негови колеги поминаа напорен и драматичен ден во напорите да спречат уште поголема политичка криза во Македонија.
Минатата ноќ парламентот гласаше за одложување на датумот на одржувањето на предвремените избори. Дали сте задоволни со ваков исход?
- Она што беше јасно во овој момент е дека ако изборите се одржеа во април, како што беше кажано и во заедничката изјава, тоа немаше да бидат кредибилни избори, па оттука ние немаше да го признаеме нивниот резултат, што неизбежно ќе водеше до повлекување на позитивната препорака за оваа земја да ги започне преговорите за пристапување со ЕУ. Значи, тоа беше една можна катастрофа, која беше избегната вчера, но само по цена на опасноста од предизвикување нова катастрофа на нов датум, бидејќи она што го видовме во Собранието беше едностран договор, само од страната на партиите што се во Владата на оваа земја, а не на консензус во разговорите меѓу Владата и опозицијата. Јас навистина жалам поради тоа, тоа е пропуштена можност и едноставно значи дека ќе имаме некоја нова криза на нов датум, освен ако не се преземе нешто во иднина за да се избегне тоа.
Процената на амбасадорите на САД и на ЕУ од 20 февруари беше дека нема услови за спроведување фер и кредибилни избори. Дали ова одложување на изборите до 5 јуни дава доволно време да се постигне нешто што не се постигна со месеци наназад - да се создадат елементарни услови за фер и кредибилни избори?
- На прво место тука е прашањето на прочистувањето на Избирачкиот список, каде што со помош на вкрстување на различните бази на податоци, со помош на некои информатички технологии ќе се идентификува дали има одредени грешки, потоа треба да следува фаза на теренски проверки, од врата на врата, а потоа мора да има фаза на идентификување на некои имиња, кои се можеби погрешни, и сето тоа мора да биде сторено во рамките на одредена временска динамика за да им се даде можност и време на тие што евентуално ќе бидат избришани од Избирачкиот список да поднесат жалба, за да не дојде притоа до кршење на нечии граѓански права. Но сето тоа не е нешто за што треба да одлучуваат политичарите, тие термини треба да се во доменот на луѓето од Државната изборна комисија и во согласност со Изборниот законик, за што тие треба да ги имаат целосните ресурси и овластувања за да го спроведат тој процес. Но, постоеше обврска сето ова да биде направено уште во препораките од извештајот на ОДИХР од 2014 година, беше повторено и со Договорот од Пржино минатиот јули, но сè уште не е завршено, иако постоеја доволно можности тоа да се стори. Јас искрено се надевам дека овие работи да бидат завршени, чесно и правилно. Како што беше речено и во мислењето на ЕУ и на САД, ако луѓето овде работат напорно и ако играат според правилата, има доволно време работите да бидат завршени. Значи, тоа и ние го веруваме во овој момент. Но, притоа сè зависи од натамошниот развој на настаните. Обрнете внимание на зборот „ако“. Ние никому не даваме однапред гаранции дека изборите што ќе се одржат, ќе бидат фер и кредибилни. Велиме само дека „можат да бидат“, но тоа ќе зависи од развојот на настаните во земјата.
Сепак, во изјавата на поранешниот премиер Никола Груевски, дадена веднаш по седницата на Собранието, тој рече јасно дека дел од Договорот било да нема поместување на датумот и да нема натамошно оценување дали има или нема услови за избори. Дали тука постои некакво недоразбирање?
- Дали е недоразбирање или не, се разбира јас не можам да кажам, затоа што тоа е во неговиот ум, но ја слушнав таа изјава, а тоа го рече и во разговорите со мене. Им го предочив тој момент и на другите посредници, како и на амбасадорите на ЕУ и на САД, за тоа кој е исходот од вчерашните преговори и тука ми е ставено јасно до знаење дека не постои никаков договор за тоа дали да се прават или да не се прават натамошни процени за подготвеноста за избори. Така што, ако постоело такво недоразбирање, еве сега нека биде расчистено.
Во својата изјава Груевски исто така ја нарече „политичка“ оцената на амбасадорите на ЕУ и на НАТО дека во моментов не се исполнети условите за фер и кредибилни избори. Кој е Вашиот коментар на ваквите квалификации?
- Амбасадорот Бејли и амбасадорот Орав се искусни дипломати и изјавите што тие ги даваат, се од една страна донесени во консултации со Европската комисија, а од друга страна во консултации со Стејт департмент. Секој во оваа држава може да слушне што мисли Европската комисија или Стејт департментот, се разбира, може да не се согласи со тоа, и се разбира може да се обиде да го отфрли од политички причини. Сепак, верувам дека изјавите на двајца високи дипломати, кои зборуваат од името на своите влади, не може да бидат дисквалификувани врз основа на тврдење дека тие се политички пристрасни и верувам дека секој што ќе одбере да го тврди тоа, самиот ја губи својата кредибилност.
Важно прашање во преговорите се реформите во медиумите. Досега имаше на маса предлог од посредникот Питер Ванхауте, кој не е прифатен од владејачката партија. Според некои информации, на вчерашните разговори бил постигнат договор, овој предлог сепак да биде прифатен од страна на ВМРО-ДПМНЕ во натамошниот процес. Дали е тоа точно? И дали овој план може да обезбеди избалансираност на медиумите во предизборниот период?
- Во целото наше посредништво вчера токму тоа прашање беше голема точка на сопнување и ние направивме големи напори да го премостиме тој јаз, кој постои меѓу партиите, но со жалење мора да констатирам дека во тој поглед не успеавме. Ги потсетив дека Договорот од Пржино предвидуваше дека политичките партии ќе постигнат договор за реформа во медиумите и дека ќе го спроведат договореното до минатиот август! А во писмото од 20 јануари на двајцата амбасадори беше повторено дека реформата на медиумите треба да биде договорена до 19 февруари, еден ден пред денот предвиден за процена на условите за избори. Нема никакво сомнение дека заедничката оцена дека нема услови за фер избори, делумно почива на неуспехот да се испочитува Договорот од Пржино во поглед на реформата во медиумите. А вчера имаше уште еден неуспех, зашто не беше постигнат договор за што било помеѓу Владата и опозицијата. Постоеше договорено прашање на прес-конференцијата за статусот на реформите во медиумите и заеднички одговор меѓу ЕУ и САД дека медиумските реформи се важен дел од изборниот процес. Некои членови од работната група на владејачката партија изразија подготвеност да ги продолжат овие разговори, но партискиот лидер одбива. Го повикувам да ги продолжи овие преговори зашто не може да имаме кредибилни избори во ситуација на длабока медиумска пристрасност. Дали тоа ќе се случи, е сè уште големо прашање во овој момент.
Дали е поставен некој датум во блиска иднина до кој треба да се постигне договор за медиумите за да може да се спроведат тие мерки пред изборите? Постои ли временска рамка за реформите во медиумите?
- За жал, постоеше временски рок за реформи во медиумска реформа и тоа беше 19 февруари, но тој рок беше пробиен. Партиите во оваа земја мора да сфатат дека поставените рокови не може да бидат константно еластични и дека постојат консеквенции кога некој рок ќе биде пробиен. Затоа се враќаме на пакетот краткорочни реформи во медиумската сфера, кои се можни на краток рок, кои не се само предложени од посредникот Ванхауте туку се доставени лично до партиските лидери од Европската Унија. Тие предлози остануваат на маса и со нив треба да се занимаваме како со итно прашање.
Во изјавата на амбасадорите беше јасно нагласено дека постојат притисоци врз администрацијата, конкретно дека од вработени во јавната администрација се бара да достават списоци на приврзаници на владејачките партии. Дали располагате со кредибилни изјави за таквите притисоци?
- Можам да кажам дека сме присутни, дека ќе бидеме присутни и во натамошниот период до изборите и дека гледаме и слушаме. Нема да правиме прогнози сега за тоа како би можело да се оценат изборите во јуни, туку гледаме и слушаме сега и не го чекаме јуни.
Приврзаниците на власта обично нагласуваат дека „народот ќе пресуди“, уверени дека се гарантирани победници на следните избори и се обидуваат тој политички процес да го прикажат како крај на судските процеси што произлегуваат од прислушуваните разговори. Може ли да очекуваме дека судските процеси поврзани со прислушувањето ќе продолжат без оглед на резултатот на следните избори? Дали може некои политичари да ја избегнат правдата со тоа што ќе победат на избори?
- Прво и основно, ако има такво нешто како гарантиран победник на избори, тоа значи дека не постои функционална демократија. Една демократска влада треба да го гарантира процесот на изборите, а не нивниот резултат. Резултатот треба да му се препушти на народот. Што се однесува на процесите на Специјалното обвинителство, треба да се остави судскиот процес да го следи својот тек слободно од какво било политичко вмешување. Доколку резултатот од изборите доведе до каква било промена во тој поглед, само ќе демонстрира дека не постои соодветна поделба на власта и независност на судскиот систем во оваа земја. И сите политичари од која било партија треба да го почитуваат тоа и треба да бидат предмет на владеењето на правото.
Пред Уставниот суд деновиве се наоѓа иницијатива за оценување на Законот за амнестија, стар 9 години, со која треба да се укине забраната за Претседателот на државата да амнестира сторители на кривични дела поврзани со изборите. Како ја толкувате оваа иницијатива? Дали е тоа уште еден обид да се избегне судска одговорност?
- Дознав за таа иницијатива вчера и она што го забележав е дека станува збор за многу брз процес за да се смени еден закон и да му се овозможи на Претседателот да амнестира такви дела, а од друга страна гледаме дека измените што ги бара обвинителството се одолговлекуваат и наидуваат на опструкции. Сето тоа нè наведува на заклучокот дека кога постои политичка волја, некои законски промени може да се спроведат многу брзо, а во други области таму каде што нема политичка волја наспроти тие промени се одолговлекуваат.
Постојат новинари и јавни личности, блиски до оваа власт, кои во последно време сè поотворено и посилно зборуваат за свикување протести и народен отпор против странското влијание, за одбрана на оваа власт од странските дипломати со помош на народ и слично. Постои ли опасност политичкиот процес да излезе од контрола и да се прелее во немири, судири меѓу партиските приврзаници или друг вид ризици во пресрет на изборниот процес?
- Се разбира, силно апелирам и повикувам да има мирољубив и мирен политички натпревар помеѓу политичките партии, со целосно почитување на владеењето на правото. Доколку има застој во дискусијата меѓу политичките партии во поглед на правилата, или во поглед дали тие правила се почитуваат, тоа само може да придонесе за поголема поларизација и несогласувања, што може да биде извор на конфликт. Тоа е уште една причина повеќе зошто партиите мора да ги продолжат контактите и дискусиите и зошто мора да продолжи напорната работа од страна на Европската Унија и Соединетите Американски Држави, за да се овозможи владеењето на правото и одржувањето на кредибилни избори.
Специјалното јавно обвинителство минатата недела поведе истраги за група осомничени за кривични дела поврзани со избори, но сите барања за притвор беа отфрлени од Кривичниот совет, а исто така сите жалби на овие одлуки беа отфрлени како неосновани. Дали во ова однесување на правосудните органи може да се препознае продолжение на истите причини што доведоа воопшто до потребата да се формира Специјално јавно обвинителство, односно негова потчинетост и работење во прилог на владејачката партија?
- Прво, Специјалниот обвинител мора да биде слободен да ја извршува својата работа, растоварен од притисок од каков било вид, да истражува и да процесира секаков криминал, без оглед на тоа која политичка партија би можело да биде одговорна, или на која партија сторителите се приврзаници. Во моите разговори со Специјалното обвинителство од минатиот месец беа отворени прашањата дали официјалните судови во доволна мера соработуваа со СЈО во поглед на доставувањето на материјалите, а имавме и јавни повици тие пречки да бидат отстранети. Ме загрижуваат досегашните извештаи за однесувањето на судските органи во поглед на случаите што ги поднесува обвинителството, се чини дека се третирани различно во споредба со слични случаи поднесувани во минатото, што сугерира дека можеби постои селективен пристап кон правдата. Клучната порака што јас сакам да ја испратам, е дека оваа влада се согласи да ги покани претставниците на ОБСЕ да ги набљудуваат овие процеси што ги започна СЈО за да се уверат дека не постои селективен пристап во делењето на правдата, но и покрај тоа оваа влада никогаш формално не прати писмена покана до ОБСЕ за да им овозможи да го сторат тоа, за што ОБСЕ има волја да го направи. Јас и моите колеги посредници од Европскиот парламент лично разговаравме со комесарот Хан и побаравме од него да побара од Владата тоа писмо со покана да го прати до ОБСЕ. Го повторувам тоа и сега јавно, дека тоа беше обврска што ја презеде Владата со Договорот. Тоа би можело да биде независната страна што ќе врши процена и ќе даде уверување дека овие случаи се третираат праведно.
Разговараше Жарко Јорданоски, „Слободен печат“
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Интервјуто со Ванхауте на Алсат.
(ВИДЕО) Ванхауте за 360 степени: Ќе требаат барем 2 години за да се организраат соодветни избори
(ВИДЕО) Ванхауте за 360 степени: Ќе требаат барем 2 години за да се организраат соодветни избори
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Според истите овие во Сирија има услови за избори. Што се однесува до Ричард Ховит тој учествуваше и на предизборните митинзи на СДСМ. За Ванхауте не сакам ниту да трошам зборови. Патем, поради непочитувањето на правото, односно пресудата од Хаг, Македонија не е членка на НАТО и не ги почна преговорите со ЕУ уште пред 8 години.
Што се однесува до медиумите, новинарите сами направија реформа за саморегулација. Сега треба да го почитуваат кодексот што го потпишаа. колку што гледам телевизиите се најблиску до тоа, а интернет порталите се најбезобзирни во кршењето на основните принципи на новинарството. Иначе и кај медиумите исто како и кај помилувањето гледаме дека СДСМ е превртлива партија. Стално ги менува ставовите. До пред некој месец бевте за слободно пропаганда вклучувајќи и слободно клеветење, сега пак сакате целосна цензура. И само Сорос да има право да купува новинари. Па да мисли некој дека сите Македонци се за промена на името освен Мирка, Латас, Миленко и Томиќ. Како што беше до пред некоја година кога ЗНМ со своите членови платеници на Сорос пропагираа дека Груевски е националист затоа што не сака промена на името, а Заев со своите изјави за виткање на кичмата стана миленик на САД и ЕУ.

_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Гледаш Трендо до каде не донесе пастирот твој. Дури и Сирија да биде подобра од нас. А новинарите веќе го кажаа своето. Освен тие што си ги спомнал и кои не можат бел ден да видат од што се длабоко набиени во пастирскиот шупак, сите останати го поддржуваат предлогот на Ванхауте.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
КРАЈ НА ДРЖАВАТА напиша:
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=03989408F2353A43BA1B6F40CA215DBEВладо Камбовски: Уставниот суд на Република Македонија изврши државен удар „Одлуката на Уставниот суд да поведе постапка против забраната да се помилуваат сторители на изборен криминал е краен срам за правната професија во Македонија. Уставниот суд изврши државен удар. Ова е крај на државата.“ Ова се зборови на Владо Камбовски, еден од најголемите авторитети на правната наука во државата, долгогодишен познат универзитетски професор, автор на голем број книги од областа на правото со меѓународна репутација, академик и до неодамна претседател на МАНУ, поранешен министер во владите на Македонија и на Југославија. Штом на умерениот Камбовски му се прелеала чашата и ова силување врз бедните остатоци од правната држава и обесчестување на професијата не можел да го проголта и го нарекува државен удар и крај на државата, тогаш бидете сигурни дека навистина имаме работа со злосторничко здружение за подривање на системот и уништување на државата од страна на врвот на власта, предводен од Никола Груевски. Оваа изјава на академик Камбовски објавена во медиумите не е само реакција на еден еминентен правник, туку обвинителен акт од највисок ранг и човечки лелек пред пропаста на државата. Медиумите веќе ја опишаа седницата на Уставниот суд кога пет судии во панаѓурска атмосфера и со навредлив однос кон четирите судии колеги кои се згрозувале од ваквите политички памфлети во домот на „мајката на сите закони“, како што се вика Уставот во некои земји каде што е конститутивен закон на државата. Одмаздата на лошите студенти кои со партиска книшка и заслуги станале уставни судии, па дури стасале до претседател на Уставниот суд како извесна Гошева, е заслужена за нивните професори, кога веќе им дале по една шугава шестка за да не останат вечни студенти. Партиските извршители во Уставниот суд со надгласување 5:4 застанаа зад изборниот криминал и за оној кој веќе е направен и за оној кој допрва ќе се прави. Не им се одмаздија повторувачите само на своите професори, туку ги казнија и сите граѓани да се срамат од понижениот углед на државата. Не знам како се чувствуваат вистинските патриоти, симпатизери и членови на ВМРО- ДПМНЕ по сите овие очајнички обиди да се одбегне одговорноста за злосторствата на најтесното раководство, не знам дали барем малку им црвени образот од големата брука и за партијата и за државата од она што се случува во Македонија, со обидот да се заштитат криминалците во највисоките ешалони на власта, но чинам дека по оваа јавна определба Уставниот суд да се понижи до таа мерка да застане на страна на беззаконието и анархијата, требаше да разбуди кај нив барем некаква реакција, или трошка загриженост за Македонија со која им е полна устатата цели 24 години во одбрана на независноста, самостојноста, суверенитетот, слободата и демократијата, достоинството, националната гордост и слични патриотски помагала за освојување на криминален начин на власта. Со вакво ли кукавичко молчење големите јунаци ја бранат Македонија. Сценариото на власта е ептен понижувачко за интелигенцијата на граѓаните кои мислат со своја глава. Некој анонимен адвокат почетник кој пред неполни две години положил правосуден испит седнал на својот компјутер и пратил иницијатива до Уставниот суд да поведе постапка против забраната да се помилуваат сторители на изборен криминал, односно да му се дозволи на претседателот на државата да ги помилува ограбувачите на народната волја. Кога колегите новинари истражиле и откриле кој е овој вундеркинд кој го натера Уставниот суд на врат, на нос за неколку дена да му ја исполни желбата на адвокатчето од Охрид, ужасниот мозаик за одбрана на криминалот се склопил со микронска прецизност. Медиумите ја објавија веста, а никој не ја демантира дека талентираното момче што го матира Уставниот суд во два потега наводно се огласува на името Ристе Китевски и е соработник во канцеларијата на познатиот охридски адвокат Љупчо Наумовски кој е еден од адвокатите на Гордана Јанкулоска и Едмонд Темелко, осомничени за злосторничко здружување и изборен фалсификат во случајот „Титаник.“ Ова ашиќере е голема акција за спасување на сторителите на изборниот криминал, но притоа се заборава дека воедно претставува и признание за извршените злосторства. Сепак, она што академик Камбовски го натера да викне гласно дека се работи за државен удар и крај на државата, а што го потврдија и голем број познати јавни личности, универзитетски професори, сегашни и поранешни уставни судии е фактот што Уставниот суд се појавува како носител на озаконување на криминалот. Наместо да биде најголемиот бранител на законитоста и владеење на правото, партиските инсталации се ангажираа во одбрана токму на носителите на длабоката политичка, морална и духовна криза која веќе се означува како крај на државата. Судиите на Уставниот суд, или на кој било суд знаат многу повеќе од обичните граѓани дека владеењето на правото е суштински сегмент на демократијата. Уште пред 20 години, познатиот проф. академик Евгени Димитров, во „Националната стратегија на развој на Република Македонија“, во издание на МАНУ, има предупредено дека „надвор од демократијата принципот на владеење на правото претставува гола форма и може да се трансформира во инструмент на присила, репресија и диктатура. Основна функција на владеење на правото е ограничување на политичката власт и обезбедување на ефикасна заштита на човекот и неговите слободи и права“. Е, драг професоре, само десет години по вашите предупредувања на опасноста од репресија и диктатура, веќе од 2006 година во Македонија владее политичка олигархија која управува со државата со присила и со деспотски режим. Работите отидоа потаму што сега Уставниот суд бара озаконување на најсилниот удар врз демократијата и владеење на правото со помилување на сторителите на изборни измами и фалсификати. Всушност, сега ни се случува и вашето следно големо предупредување дека „и покрај широкиот институционален механизам и уставно гарантираните принципи и средства за обезбедување на владеење на правото, во практиката постојат сериозни слабости во неговата примена“, велите дека во такви ситуации „треба најенергични мерки да бидат преземени против појавите и дејствата што грубо го поткопуваат владеењето на правото и го попречуваат неговото подоследно остварување“. Така е професоре, но не сте ни помислиле дека во Македонија грубото кршење на правото и законитоста ќе се случува со амин на Уставниот суд кој треба да биде најголемиот заштитник на темелот на државата. Што да правиме, професоре, кога Уставниот суд ги урива најважните темели, отворајќи ширум врати за заштита на криминалците што го уриваат темелот на државата. Штета што од оној свет не можете да ни кажете кои се тие најенергични мерки што треба да се преземат и кој тоа треба да го направи. Кога веќе еден од вашите наследници, Владо Камбовски, се огласи јавно со обвинителен акт дека ова е државен удар и крај на државата, веројатно тој знае и ќе ги соопшти енергичните мерки за отстранување на пречките за владеење на правото и за враќање на демократијата. Веќе нема назад, Македонија е тргната на патот кон ослободување од тиранијата, не толку енергично, ама натака оди работата. Ако е крај на оваа држава, тоа мора да биде и почеток на новата слободна и демократска Македонија. А бре Македонче каде се спремаш... erizaov.mk напиша:
koj e posledniot sto ce ja izgasi lambata??
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Интервјуа и колумни
Пред експлозијата во Македонија!
Ајде да видам баш дали сум ги разбрала основните придобивки за Република Македонија од американската геополитичка видеоигричка KАЛАKУРНИЦА или како еден црпнат, еден издресиран, еден послушен, стотина искомплексирани платени глупандери и илјада неспособни, апатични и плиткоумни „елитисти“ можат да обезживотат еден народ и опустошат една држава која со судни маки и огромни жртви одвај во 20 век се избори за своето постоење. Доволни беа две исфингирани кризи кои беа „решени“ со два гангстерски и неуставни политички договора за да се урнат темелите и вредностите на кои стоеше македонската државна градба. Овде планерот, дизајнерот и сценаристот не требаше да произведе никаков исламски калифат или мрежа. Немаше потреба ниту од далечинско дрон војување. Доволни му беа кусогледи, наивни и главно неодговорни политички елити за да се создаде амбиент за цутење на хаосот. Резултатот е познат, нели?
Првата, Втората и Третата Република Македонија, сите засновани на Илинденските идеали, вредности и цели, се урнати. Четвртата во која живуркаме давејќи се катаден, како што му доликува на хаосот, ене ја кај се тетерави дезориентирано и полусвесно во сите правци. И баш кога дојдов до ваква констатација, се турив во мисла кој од актериве тукашни (некои би ги нарекле „староседелци“ или „нејтив“) ќе биде толку бесрамен да го посети гробот на Гоце Делчев, да го чествува Илинден на Мечкин Kамен, да го помни и споменува АСНОМ или денот на независноста овој мај, август и септември. Ако ги доживееме. Сите македонски револуционери порачуваа дека своите цели секој народ мора да ги оствари самиот, без странска помош. Затоа таквите водачи, се темелници на македонскиот народ. Затоа, како такви, без исклучок беа убивани. Единствен пат кога отстапивме од тоа правило (кога го следевме Темпо најмилиот ни брат) плативме висока цена чии рецидиви уште траат (нетрпеливоста меѓу вмровци и комуњари). И ете не во реприза.
Сега безалтернативно го следиме Бејли. Мислам, после потпшаната пржинска свињарија. Што уште има да кажат дечкиве кои ни закажаа референдумски избори јавно пред македонскиот обесчестен, понижен, исплукан народ? Гледате дека свесно бегаат од големите теми. Можеби еквивалент за успех сега им е лижалчето „седма препорака“ за почеток на фамозниите преговори со непостојната ЕУ од некојси комитет за надворешни работи. Или честите посети на упрпаните вишегрдски (централно европски) политичари кои со пригодни фрази сакаат да си ја спасуваат кожичката преку комираната Македонија.
Не знам дали во дневно произведуваниот хаос, благодарение на безвластието и трудот на „проститутки“ и спонзоруши по вокација како Јадранка Kостова и Бранко Геровски, некој воопшто забележува дека сме во средиштето на мигрантското цунами кое е исто така темпирано по сценарио на кралот на хаосот, како што историски ќе биде запишан Барак Обама. Баш во овој миг, Македонија има технички премиер, техничка влада, министри пучисти, министри задремани терористи и обезвластени министри. Има претседател без фактичка моќ, зашто и Уставот е згазен, односно, обезвреден. Ах да и министер за надворешни работи кој нема внатрешна политика која треба да ја застапува надвор. Полудо здравје! Народот чека избори кои требало да бидат со значење на национален референдум од прва категорија, а во македонскиот хаос главни вести ни се свaдбата и „смоквите“ на „лапнатата“ Kата и нејзините закани со притвори кои славенички ги најавуваат медиумските човекојдци и потпалувачи на граѓанска војна.
Сакам овде и сега да им порачам на овие безодговорни фуфици, модри туфни, пиромани во медиумите: Ич не се радувајте! Во граѓанската војна кога ќе почне заради најмала искра, се лее крв на живи луѓе. Во пауза меѓу две тури, се памети само кој ја почна. Таксативно. Е, во неа нема жртви од пријателски оган. Ништите свои браќа, пријатели, роднини, колеги. После доаѓа фaзата кому иде. Нема Џес Бејли толку визи на располагање, ниту Европа толку капацитет (прашајте ги Украинците), ниту Александар Велики толку авиони што да ве прелетаат преку Македонија сосе брендираниот ви багаж, акциите и девизните заштеди. Богородица за вас ќе биде Термопилски теснец, оти Атињаните (НАТО) нема да ви помогнат. Ќе ве препуштат на остатокот на испокланите егејски Македонци кои одвај ја трпат „Златна зора“. Галиба и вие ќе гледате како горат вашите куќи и како крварат вашите деца како и на „валканите“ вмровски или „прогресивните“ учкини – мучкини контингенти. Зашто граѓанските војни никогаш не завршуваат. Се примируваат за пак да избувнат. Kако ебола се. Kако наменски пуштен вирус за кој не знаете кога пак ќе експлодира. Бидејќи свесно го правите ова што го правите и уште сте знаменосци на најновата македонска национална трагедија и бидејќи сте решиле да бидете соработници на неофашистичкиот окупатор САД кои за седум години ладнокрвно уништија седум држави, ќе го папате пред специјален народен суд кој еднаш суди и пресудува. Не е демократски, ама е библиска последица за која ќе го консултирате Мојсие или Фараонот, кога веќе не му ја мислите и не ви е гајле ни за туѓи ни за ваши чеда.
Еј, бре битанги! Не сте достојни човек ни да ве спореди со Ванчо Михајлов кој ги сметаше Македонците за Бугари. Тој ја одби женерозната понуда на силата која ја пороби Европа со слични пучисти и пучови, и во Македонија да формира квислиншка влада, свесен дека тоа ќе отвори бескрaјна граѓанска војна. За да се избегне таква опасност, онаа поствоена „неписмена“ асномска власт составена од храбри деца и мудри старци, за да не предизвика меѓуетнички судар со албанското население, се пресметуваше со фашистичките балисти така што на помош ги викаше македонските борци од Eгејска Македонија кои веќе учествуваа во граѓанската војна во обновената монархофашистичка Грција. За одговорноста и свесноста ми беше думата. Навистина, помеѓу две налевања со пиво на „главната“ на Фокус и два еготрипа на морално запуштениот, самоумислен „глодур“ на „Сободен печат“ (која заебанција! контролиран ум на далечинско, уредува слобода така што најавува „апсиќемо“), дали некој во нивните „професионални“ тимови помислил макар за миг што ќе се случи ако им пукне филм на вмровците кои на досегашните провокации со големи воздржувања креват рачна? Па уште ако се сетат на тивката граѓанска идеолошка војна која траеше пола век и во која страдаа генерации на нивните семејства додека ние и нашите немавме интерес да знаеме за тоа.
Kога ќе се спојат тие жички како што ги терате натаму со секој ваш збор или постапка по диктат на газдата ви Бејли, што мислите, каде ќе завршите? Распрашајте се бе во Виетнам, Kамбоџа, Kореја, Бурма, Цејлон, Шпанија, Грција, Италија, Украина, Србија, Хрватска и БиХ. Ми, ја ако ги испровоцира Kатица смоквица! На кутрата, толку и сече. Или, не дај боже Оливер Спасовски со својата тупава недугавост. Може ќе нема избори на 5 јуни, може со првата мигрантска навалица да ја снема и „суверена“ Македонија, ама сигурна сум дека и многу од вас ќе ги снема, топтан со багажот. Добро, за да ви ја стоплам катраносаната ви пленумска душичка, ете, и многу од нас ќе снема, ама има една разлика. Ние ќе умираме или ќе одиме во затвори (ако победите) како народни борци против окупатор. Ќе ни ги збогатите биографиите. Ама вие бате, ќе завршите како логистика на тероризмот, странски платеници, квислинзи, усташи, недичевци, љотичевци, балисти, десен сектор – лево маде, диво месо и паразити. Kај и да е, ќе ве потроши и УСАИД и Сорос и некој Бејли по Бејли. Погледнете ако имате време меѓу две славенички теревенки до каде е „сириската опозиција“ украинската револуција, либиската демократија. После, што ќе правите? Влада во сенка, влада под земја или во егзил? Под чија кошула ќе се криете, на која служба ќе и се понудите во замена за чадор? Или ќе чекате вашите деца и правнуци да ги исплаќаат вашите борчови во крв. Не бидете глупи. Омрaзата, што и да ви ја предизвикува, не е сила туку отров кој вас ве разорува, а го заразува цело општество. Штом сте прифатиле да бидете доброволна острастена публика во гладијаторска арена и од благодарност кон лудиот император кој ви дава леб и крвави игри за да си ги задоволите страстите и да викате сакаме крв, ич да не се зачудите кога ќе се најдете среде глутници збеснати ѕверови кои не разбираат слогани од типот „слобода за Цацко“. Тој, народот кому му е оспорена изборната волја, а кој со одлука на пржинските актери ќе оди пак на предвремени избори со длабока свест дека му е спакувана намештаљка, ве демне внимателно помеѓу амплитудите од апатичност, егзалтација, бранови од срам и страотен насобран гнев. Затоа, не го дразнете. Освестете се оти стоите на работ на провалијата.
Мирка Велиновска
ДНЕВНИК
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Potrosheniot inventar od kabinetot na Branko ne plasi so gragjanska vojna, ischeznuvanje na Makedonija, porobuvanje, Vietnami, Kambodzi i slichno...So zakani za nekakov poraz na opozicijata i svetla idnina na diktaturata na pastirot i uchkata...Pa i so nekakvi odmazdi, pretpostavuvam so zhelba taa da bide na chelo na strelachkiot vod za opozicioneri zaedno so svoeto shvalerishte kuchkarot...Koja li mmoronshtina...Pijana od viski i otrezneta so gram kokain (Ljubcho) glupachata vo detali ni go raskazhuva planot na pastirot za idninata na Makedonija...Vo koj taa sesrdno mu pomaga...A posle kuka nad sudbinata...Zatvor li kje odela ne znam shto li kje pravela, heroj vazhno kje bidela...Mozhebi vo Grchka kje mu podignat spomenik na Nikos Grujos, vednash do onoj na dedo mu...Nekade vo Srbija sigurno kje ima spomenik na nekoi od familijata, kako na primer na primerniot Titov gardist Mijalkov i negoviot alo nachalniche kurton novinar Latasovich...No, na pijaniot inventar od kabinetot na Branko edinstveniot spomenik kje i bide zaboravot...Makedoncite kje se potrudat shto poskoro da gi zaboravat prodadenite dushi od tipot na svirka, kozarot i burekot i da prodolzhat so normalen zhivot koj nivniot pastir so sesrdna pomosh od gore spomnatite im go uklrade...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Bez komentar...
Приказна за Али Баба и неговиот газда #Ж
Џабир Дерала
Објавеново 11:09 04 март 2016
Али Баба, ти и твоите разбојници набутавте партиски војничиња во институциите и јавните претпријатија. Немаше место за нив, па, или стојат поголем дел од работното време или се по дома, примаат седум-осумдесет отсто плата. Или во работно време продаваат компири од гепекот на службеното возило.
Поради тоа, Македонците ги сметаат Албанците за паразити, а Албанците се лути затоа што и понатаму не се претставени во институциите. Сите заедно, вклучувајќи ги и вашите Албанци, и понатаму молкум стојат во редови и плаќаат за сите партиски војничиња заедно. А и договорениот процент не го исполнивте, колку и да се трудевте, бидејќи вашиот газда на еден ваш, вработуваше десет свои. Македонците ве презираат, го знаете тоа, нели?
Но, болката што ја трпите, ја лечите со милионите заработени од тендерските провизии. Кога сакате повеќе, а сакате постојано, уште пониско ја веднете главата и ги спуштате своите панталони. Тоа се скапи панталони, па не се туткаат при соблекувањето...
Малото костимирано човече што гледа Хју Грант и сака да биде генерал Кастер, познато и по тоа што влече човечиња наоколу за врат и за уши, само попатно ве мрази и ве третира како Индијанци и племе. Сѐ друго правите самите.
Али Баба би урнал и цело село за да го задоволи својот газда #Ж. И тоа го нарекувате грижа за Албанците?
Ако ви беше до Албанците, ќе им обезбедевте достоинствено работно место на своите партиски војничиња кои ги набутавте во ќошињата на бирократијата. Патишта немаат ни вашите Албанци, ни „народот“ на газда #Ж.
Ако ви беше до Албанците, ќе им обезбедевте правда на осудениците во случајот Сопот. Ако ви беше до човекови права, немаше да имате стониран министер за правда, кој аминуваше сѐ што ќе каже газдата. Газдата #Ж, се разбира. Али Баба и неговите разбојници се само човечиња-војничиња.
Ако ви беше до Албанците, ќе им дадевте образование, барем малку подобро од она што го има вашиот министер Менделеев.
Ако ви беше до Албанците ќе им дадевте болници и лекари, ќе им дадевте воздух и вода, ќе им дадевте канализација. Немаше да дозволите да се гушат и дават во гомна.
Сакате да правите војна по налог на вашиот газда #Ж, за да го спасите вашиот и неговиот задник. Тоа им е јасно на сите, па и на оние што се во шаторите со вас. Тоа им е јасно и на оние што го креваат и го бранат крстот. Јасно им е и на оние кутри работници што го поставија двоглавиот орел пред тоа. Многу провидно, бре! Вие ставате орел, а вашиот газда веднаш става крст. Како што вели логиката и на анонимниот мудрец, автор на графитот „Љубчо ни стави крст, Никола ни крена споменик“, така и вие и вашиот газда си играте – вие орел, тој крст. Сакате сите да нѐ закопате? Така изгледа.
Тоа убаво девојче, школувано по странски школи, редно е да каже со што тоа „вечните во партијата“ ве натера да бидете понизни слуги, прислужници на бесчовечноста. Да бидете консилиери и лижачи на чизми.
А тој, газда #Ж да мава со клоци, да граба, затвора и убива.
Немаше командантите кои се колнеа во орелот сега да се разбегани по светот или два метри под земја, а оние што се колнеа во лавчето и сонцето да коленичат во мрачни и смрдливи дупки, душкајќи по отпадоците од вашата заедничка гозба.
Ако вам и на вашиот газда #Ж ви беше до „народот“, што и да ви значи тоа, немаше тој ист народ да гладува и чезнее по Европа.
Ако на газда #Ж му беше до „народот македонски“ кој го повикува да се размножува по секоја цена, за да му парира на „племето индијанско“, немаше да умираат родилки и бебиња во болниците на ужасот.
Ако на газда #Ж му беше до народот, немаше да го затвори во гротескниот кафез од гипс и решетки од барокни столбови, а живиот човек да биде поевтин од ламарините за знаци и патокази. Немаше да крене налудничави, мртви споменици, а да го згази достоинството на живите луѓе. Немаше децата да ги претвори во мелено месо, а работниците во робови.
Послушници без срам и перде, разбојници без чест, тоа сте вие! И едните и другите. Не можете никого да излажете. Затоа, пуштете ги децата дома и соочете се со правдата. Ова што го правите, нема да ви помине. Не повеќе.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Колку што гледате во овој разговор на двојца америкаци за Дабир Џерала и неговата организација тие велат:
Сорос и Цивил се едни од најголемите невладини организации во регионот кои се обидуваат да го протресат народот во Македонија да ја урнат владата како што видовме во УкраинаЦелиот текст и целата анализа преведена на македонски од страна на организацијата СТОП ЗА СОРОС ВО МАКЕДОНИЈА можете да го најдете ОВДЕ.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Trendafile, ovie dvajcata nit ja videle, nitu znaat kaj e, i bash gi zabole za Makedonija...Se shto pravat e da jadat g***a za da svrtat vnimanie kon sebe nadevajki se deka kje se prodadat tokmu na tie protiv koi s***t...Primeri za takvi sluchai imame polno i vo Makedonija...Filip Petrov na primer koj se kolneshe vo Ljube za na kraj da go prodade na pastirot...Ili Shanac, lazhniot demokrat koj odvaj docheka da mu go ispushi na pastirot...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
АКо добро те разбирам сакаш да кажеш дека американци се обидуваат да му се додворат на Груевски, македонскиот пастир како што го нарекуваш ти. А што е Заев ако не е исто така пастир. Говедар, овчар ...
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Опозиционерите не се стадо Трендо па да имаат пастир. А вие самите си го избравте тоа преку пришупакот Томиќ со поданичкото писмо упатено кон Грујокио и насловено како пастиру наш.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
На вас атеистите не ви е јасно духовното значење на зборот пастир. Дека тоа не е работа за подсмев како што се обидуваш да го представиш напишаното од Томиќ веројатно поддтикнат од пришупците, како што велиш, на Џорџ Сорос. Кои за повеќето десетици милиони евра меѓу другото го одработија и ова. Зошто мислиш дека е добро да си пришупак на т.н. меѓународна заедница, а лошо ако го почитуваш лидерот на својата земја. Патем, темата не е за пастирството туку за колумните и интервјуата. Би сакал да напишеше некој нешто за тоа дали рускиот гасовод или кинескиот пат на свилата што треба да минуваат низ Македонија се причината што САД преку разни пришупци, морам да користам ваш израз за да се разбереме, се обидуваат да ја срушат легално избраната власт и да инсталираат пришупачка.
Точно е дека Филип Петровски беше многу близок до брат ви Љубе, но го напушти оној момент кога Љубе стана меѓународен пришупак, односно им се придружи на меѓународните непријатели на Македонија. Тогаш проблем беше само нашето име и идентитет. Сега проблем се и рускиот гасовод и патот на свилата, односно патот од солунското пристаниште, преку вардарската и моравската долина до средиштето на Европа. А Љубе добиваше пари од Рамуш Харадинај. Воениот злосторник што Хашкиот Трибунал го пушти да се брани од слобода за да може да ги убие тие неколку сведоци што можеа да сведочат против него и по нивната ликвидација беше ослободен поради недостаток на докази. Како што Катица Јанева го пушти Верушевски да се брани од слобода, па по неговото пуштање бројот на прислушкувани разговори кои Заев ги предаде без записник во СЈО се покачи за повеќе стотини илјади.
Точно е дека Филип Петровски беше многу близок до брат ви Љубе, но го напушти оној момент кога Љубе стана меѓународен пришупак, односно им се придружи на меѓународните непријатели на Македонија. Тогаш проблем беше само нашето име и идентитет. Сега проблем се и рускиот гасовод и патот на свилата, односно патот од солунското пристаниште, преку вардарската и моравската долина до средиштето на Европа. А Љубе добиваше пари од Рамуш Харадинај. Воениот злосторник што Хашкиот Трибунал го пушти да се брани од слобода за да може да ги убие тие неколку сведоци што можеа да сведочат против него и по нивната ликвидација беше ослободен поради недостаток на докази. Како што Катица Јанева го пушти Верушевски да се брани од слобода, па по неговото пуштање бројот на прислушкувани разговори кои Заев ги предаде без записник во СЈО се покачи за повеќе стотини илјади.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Trendafil = vernik shto poddrzhuva ubistva na deca, narachki na teroristichki napadi i pottiknuvanje na etnichka i verska omraza, vojna i krvoprolevanje samo za da mozhe pastirot negov, koj sebesi se zamisluva kako nov Isus, a taka go zamisluvaat i negovite sledbenici dpmne-ofcite, da ostane na vlast...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Не сум јас тој што ги поддржува нарачателите на терористички напади и не гледам во нивните амбасадори како во Богови, туку тоа го правите од Македонците вие од СДСМ, а од Албанците сите. И ДУИ и ДПА и тие што божем се двоева од ДУИ, а сега и се враќаат. Елвира, на пример.
Еве ви една колумна во која се надевам ќе се препознаете.
Еве ви една колумна во која се надевам ќе се препознаете.
Пред експлозијата во Македонија!
Ајде да видам баш дали сум ги разбрала основните придобивки за Република Македонија од американската геополитичка видеоигричка KАЛАKУРНИЦА или како еден црпнат, еден издресиран, еден послушен, стотина искомплексирани платени глупандери и илјада неспособни, апатични и плиткоумни „елитисти“ можат да обезживотат еден народ и опустошат една држава која со судни маки и огромни жртви одвај во 20 век се избори за своето постоење. Доволни беа две исфингирани кризи кои беа „решени“ со два гангстерски и неуставни политички договора за да се урнат темелите и вредностите на кои стоеше македонската државна градба. Овде планерот, дизајнерот и сценаристот не требаше да произведе никаков исламски калифат или мрежа. Немаше потреба ниту од далечинско дрон војување. Доволни му беа кусогледи, наивни и главно неодговорни политички елити за да се создаде амбиент за цутење на хаосот. Резултатот е познат, нели?
Првата, Втората и Третата Република Македонија, сите засновани на Илинденските идеали, вредности и цели, се урнати. Четвртата во која живуркаме давејќи се катаден, како што му доликува на хаосот, ене ја кај се тетерави дезориентирано и полусвесно во сите правци. И баш кога дојдов до ваква констатација, се турив во мисла кој од актериве тукашни (некои би ги нарекле „староседелци“ или „нејтив“) ќе биде толку бесрамен да го посети гробот на Гоце Делчев, да го чествува Илинден на Мечкин Kамен, да го помни и споменува АСНОМ или денот на независноста овој мај, август и септември. Ако ги доживееме. Сите македонски револуционери порачуваа дека своите цели секој народ мора да ги оствари самиот, без странска помош. Затоа таквите водачи, се темелници на македонскиот народ. Затоа, како такви, без исклучок беа убивани. Единствен пат кога отстапивме од тоа правило (кога го следевме Темпо најмилиот ни брат) плативме висока цена чии рецидиви уште траат (нетрпеливоста меѓу вмровци и комуњари). И ете не во реприза.
Сега безалтернативно го следиме Бејли. Мислам, после потпшаната пржинска свињарија. Што уште има да кажат дечкиве кои ни закажаа референдумски избори јавно пред македонскиот обесчестен, понижен, исплукан народ? Гледате дека свесно бегаат од големите теми. Можеби еквивалент за успех сега им е лижалчето „седма препорака“ за почеток на фамозниите преговори со непостојната ЕУ од некојси комитет за надворешни работи. Или честите посети на упрпаните вишегрдски (централно европски) политичари кои со пригодни фрази сакаат да си ја спасуваат кожичката преку комираната Македонија.
Не знам дали во дневно произведуваниот хаос, благодарение на безвластието и трудот на „проститутки“ и спонзоруши по вокација како Јадранка Kостова и Бранко Геровски, некој воопшто забележува дека сме во средиштето на мигрантското цунами кое е исто така темпирано по сценарио на кралот на хаосот, како што историски ќе биде запишан Барак Обама. Баш во овој миг, Македонија има технички премиер, техничка влада, министри пучисти, министри задремани терористи и обезвластени министри. Има претседател без фактичка моќ, зашто и Уставот е згазен, односно, обезвреден. Ах да и министер за надворешни работи кој нема внатрешна политика која треба да ја застапува надвор. Полудо здравје! Народот чека избори кои требало да бидат со значење на национален референдум од прва категорија, а во македонскиот хаос главни вести ни се свaдбата и „смоквите“ на „лапнатата“ Kата и нејзините закани со притвори кои славенички ги најавуваат медиумските човекојдци и потпалувачи на граѓанска војна.
Сакам овде и сега да им порачам на овие безодговорни фуфици, модри туфни, пиромани во медиумите: Ич не се радувајте! Во граѓанската војна кога ќе почне заради најмала искра, се лее крв на живи луѓе. Во пауза меѓу две тури, се памети само кој ја почна. Таксативно. Е, во неа нема жртви од пријателски оган. Ништите свои браќа, пријатели, роднини, колеги. После доаѓа фaзата кому иде. Нема Џес Бејли толку визи на располагање, ниту Европа толку капацитет (прашајте ги Украинците), ниту Александар Велики толку авиони што да ве прелетаат преку Македонија сосе брендираниот ви багаж, акциите и девизните заштеди. Богородица за вас ќе биде Термопилски теснец, оти Атињаните (НАТО) нема да ви помогнат. Ќе ве препуштат на остатокот на испокланите егејски Македонци кои одвај ја трпат „Златна зора“. Галиба и вие ќе гледате како горат вашите куќи и како крварат вашите деца како и на „валканите“ вмровски или „прогресивните“ учкини – мучкини контингенти. Зашто граѓанските војни никогаш не завршуваат. Се примируваат за пак да избувнат. Kако ебола се. Kако наменски пуштен вирус за кој не знаете кога пак ќе експлодира. Бидејќи свесно го правите ова што го правите и уште сте знаменосци на најновата македонска национална трагедија и бидејќи сте решиле да бидете соработници на неофашистичкиот окупатор САД кои за седум години ладнокрвно уништија седум држави, ќе го папате пред специјален народен суд кој еднаш суди и пресудува. Не е демократски, ама е библиска последица за која ќе го консултирате Мојсие или Фараонот, кога веќе не му ја мислите и не ви е гајле ни за туѓи ни за ваши чеда.
Еј, бре битанги! Не сте достојни човек ни да ве спореди со Ванчо Михајлов кој ги сметаше Македонците за Бугари. Тој ја одби женерозната понуда на силата која ја пороби Европа со слични пучисти и пучови, и во Македонија да формира квислиншка влада, свесен дека тоа ќе отвори бескрaјна граѓанска војна. За да се избегне таква опасност, онаа поствоена „неписмена“ асномска власт составена од храбри деца и мудри старци, за да не предизвика меѓуетнички судар со албанското население, се пресметуваше со фашистичките балисти така што на помош ги викаше македонските борци од Eгејска Македонија кои веќе учествуваа во граѓанската војна во обновената монархофашистичка Грција. За одговорноста и свесноста ми беше думата. Навистина, помеѓу две налевања со пиво на „главната“ на Фокус и два еготрипа на морално запуштениот, самоумислен „глодур“ на „Сободен печат“ (која заебанција! контролиран ум на далечинско, уредува слобода така што најавува „апсиќемо“), дали некој во нивните „професионални“ тимови помислил макар за миг што ќе се случи ако им пукне филм на вмровците кои на досегашните провокации со големи воздржувања креват рачна? Па уште ако се сетат на тивката граѓанска идеолошка војна која траеше пола век и во која страдаа генерации на нивните семејства додека ние и нашите немавме интерес да знаеме за тоа.
Kога ќе се спојат тие жички како што ги терате натаму со секој ваш збор или постапка по диктат на газдата ви Бејли, што мислите, каде ќе завршите? Распрашајте се бе во Виетнам, Kамбоџа, Kореја, Бурма, Цејлон, Шпанија, Грција, Италија, Украина, Србија, Хрватска и БиХ. Ми, ја ако ги испровоцира Kатица смоквица! На кутрата, толку и сече. Или, не дај боже Оливер Спасовски со својата тупава недугавост. Може ќе нема избори на 5 јуни, може со првата мигрантска навалица да ја снема и „суверена“ Македонија, ама сигурна сум дека и многу од вас ќе ги снема, топтан со багажот. Добро, за да ви ја стоплам катраносаната ви пленумска душичка, ете, и многу од нас ќе снема, ама има една разлика. Ние ќе умираме или ќе одиме во затвори (ако победите) како народни борци против окупатор. Ќе ни ги збогатите биографиите. Ама вие бате, ќе завршите како логистика на тероризмот, странски платеници, квислинзи, усташи, недичевци, љотичевци, балисти, десен сектор – лево маде, диво месо и паразити. Kај и да е, ќе ве потроши и УСАИД и Сорос и некој Бејли по Бејли. Погледнете ако имате време меѓу две славенички теревенки до каде е „сириската опозиција“ украинската револуција, либиската демократија. После, што ќе правите? Влада во сенка, влада под земја или во егзил? Под чија кошула ќе се криете, на која служба ќе и се понудите во замена за чадор? Или ќе чекате вашите деца и правнуци да ги исплаќаат вашите борчови во крв. Не бидете глупи. Омрaзата, што и да ви ја предизвикува, не е сила туку отров кој вас ве разорува, а го заразува цело општество. Штом сте прифатиле да бидете доброволна острастена публика во гладијаторска арена и од благодарност кон лудиот император кој ви дава леб и крвави игри за да си ги задоволите страстите и да викате сакаме крв, ич да не се зачудите кога ќе се најдете среде глутници збеснати ѕверови кои не разбираат слогани од типот „слобода за Цацко“. Тој, народот кому му е оспорена изборната волја, а кој со одлука на пржинските актери ќе оди пак на предвремени избори со длабока свест дека му е спакувана намештаљка, ве демне внимателно помеѓу амплитудите од апатичност, егзалтација, бранови од срам и страотен насобран гнев. Затоа, не го дразнете. Освестете се оти стоите на работ на провалијата.
Мирка Велиновска
Дневник.мк
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Извини. Еве нова колумна од истиот автор. За тоа дека САД полека наместо да ви држат чадор се спремаат да ве прогласат за најголем непријател, односно за пријатели на најголемиот „непријател“.
Ова ни го откри некаков си „угледен“ професор на „армиски воен колеџ“ плус бил „експерт за Русија“. Извесен Стивен Бленк објавил колумна во некаков „угледен“ магазин „Хил“ за која, дури и на дете што не фатило пропаганден леток во рака, ќе му е јасно дека „Пентагон филм приказује“ е во пропагандна офанзива. Со вакви, слични летоци е поплавена цела Еевропа. Во Норвешка синеастите снимија ТВ-серија „Русите доаѓаат“. Балтичките држави потонаа во хистерично лудило во очекување на нападот.
Се ѕидаат ѕидови, се поставуваат жици, се вежбаат битки, штрапани генерали на НАТО даваат дамбетер хистерични изјави. Масовно се облекуваат нацистички униформи, од устите на демагозите и провокаторите излегува пена од беснило, ама никаде никој с` уште не напишал ваков смешен памфлет како овој наменет за Македонците. Демек модерно „библиско“ послание од американски кандидат за воен светец. Ова службениче на Гебелсовиот оддел во Пентагон, овој кутар Белко, боже прости ми, како да излегол одмрзнат од пропагандниот подрум на Тодор Живков и со ист трик, по шеесет години сака да привлече публика за кино „Напредок“ на Бит Пазар во кој се дава американски филм од „шљ“ категорија. На таква финта евентуално денес уште може да се уловат кркушки од УЧK-ДУИ или кленови од рангот на Артан Груби, Иџет Мехмети, Ермира, Талал и слични примероци одгледани во рибници.
Знаете дека неколкупати сум го раскажувала култниот виц за пропагандните лаги. Имено, бугарските кинооператори по партиска директива на БKП, за да навлечат публика во киносалите во Софија решиле бесрамно да лажат. Дури кога наивните Бугари ќе влезеле во киносалата, чекајќи да почне шведскиот сексуален филм „Баба дала на војника“ излегувал шефот на киното со исправка. Вели: „Извинете, ама во најавата има мала грешка. Филмот не е шведски туку советски. Не е сексуален ами социјален и не се вика „Баба дала на војника“ туку „Балада за војника“.
Па така и „професоров“ од Америка фино ни објасни дека црпково од СДСМ кој уверен дека се наоѓа под заштитен американски чадор веќе две години кај непречено ја дестабилизира Македонија, работел за интересите на Русија која, срам да ~ биде, сака да има влијание на Балканот. Навистина, како бе не ~ е срам! Што мајка бара на територија која е личен имот на Америка? Агресорка низаедна. Значи, Москва не дава да станеме член на ЕУ и НАТО! А телата, институциите на ЕУ и НАТО не ни го кажале ова. Kонспирација! Европа е веќе дел од Русија, а никој не дознал. Ни Столтенберг ни оној распенавен Филип Бридлав. Само јунакот Пентагон знае и сака да организира локални партизански одреди за борба против окупаторот. Значи, оној Заев да ти бил всушност под заштитен чадор на Москва?! Руски квислинг. Леле! И западно брендираната Радмила сосе аксесоарот Бобо „Дајнерс“ биле маскиран пар кукли бабушки.
Штрапаниот Ван Хут е службеник на Путин. А мене баш ме чудеше кај може „западњак“ од Западна Европа да бара цензура на медиуми. Тоа мора да е источна направија. Сега, откако пукна тиквата, јасно е дека и Аиво Орав и Иво Вајгел и Kукан, па и британскиот „хобит“ Ричард Ховит, сите бре, сосе целата западоидна амбасадорска заедница која дејствува во Скопје под диригентска палка на Џес Бејли, сите да ти работеле за Владимир Путин и Русија, а против добрата Америка. Kаква разврска!
И прислушувачките бомби да ти биле спакувани и пратени од Сибир или Kамчатка. Зоран Верушевски бил шпион на НKВД. Жената му Соња за да н` збуни и нас и Америка шифрирала документи на англиски јазик. СДСМ е комунистичка партија, клон на руската од времето на Сталин. Џорџ Сорос е таен НKВД-агент кој избира американски претседатели. Хилари Kлинтон е заљубена русофилка и работи всушност за швалерот Путин. Тој пак е идеологот и на Мајдан-револуцијата. Порошенко и фашистичкиот десен сектор се креација на руските служби. Санкциите против Русија кои ги воведе ЕУ се дело на руската политика која сака за тоа да ги набеди невините Американци. Соросоидите од невладиниот сектор и благонадежните новинари во телевизии и портали што ги отвора УСАИД се бели шлемови на Владимир Путин, а Џес Бејли, драги мои наивни Македонци, да ти бил лично Марко Антониј кој му удрил клоца на императорот Обама во столнината Вашингтон и заради свои императорски амбиции решил да се ожени со Kлеопатра Птоломеева и да се сојузи со непријателот од Север. Што ќе биде со амбасадорот Џес сега? Па се знае бе. Ја ќе го касне змија ја ќе му пратат специјалци да го раскусурат за велепредавство!? Освен ако Жоро не му организира марш со слоган „СЛОБОДА ЗА БЕЈЛИ“, па да куртули некако, оти ова „русофиливе“ на Сорос се многу и јаки и влијателни.
Така вели угледниов од некаков безимен армиски колеџ. Немам причина да не му верувам. Напротив. Силно му верувам. Особено кога вели дека Америка силно го поддржува Никола Груевски кој бил докажан западњак, а не како лејкава од Муртино, која да ти била комунист, а неговата партија комуњарска. Значи, строго источен, односно, антизападен. Само, јас имам две забелешки. Првата е до Груевски и неговите изнајмени пропагандни „стилисти“ од САД. Нека ги замолат „пријателите“ и „партнерите“ од Вашингтон да не го бранат толку многу оти денес кај Македонците да си прозападен ич не е комплимент. А пред избори сме.
Второ, кога се лаже, нека се прави со усул бе! Ние во Македонија дали имаме видено жив Русин и тоа во сооднос два милиона наспроти стотина. Одвај дали некој знае каде е руската амбасада, а камоли како изгледа рускиот амбасадор. За атер на Западот, ние не ги славиме ни нашите празници – денот на победата над фашизмот и денот на борецот. А ги славиме американските и европските фалсификати. Наш Грујо дури јавно се огради од жими едно руско државно знаме кое се провеало на народен митинг. Kај ли го здогледа мајката! Токму заради оваа двегодишна војна што во нашава земја ја води Вашингтон со помош на Заев, соросоидите и албанските терористи (кои Бленк чудесно не ги спомнува оти на Пентагон тие му се софистицирано оружје за повеќекратна употреба во регионот) Македонија стана експерт за распознавање валкана пропаганда.
Затоа, господа каубои, односно, по нашки кравави, губите на македонски терен. Затоа сега се обидувате да се вадите пацерски како коцкар во паника. Kако бе не ви е трошка жал за овие домицилни гревчиња што препекаа по вас. Гордо, што се вели „шолдер ту шоулдер“ тргнаа во освојувачки војни со вас, а против нас. Секаде и секогаш гордо го вееја американското знаме и ја пеат американската химна. Ве отепаа молејќи ве „угледници“ како Љубомир Фрчкоски, Ацо Kабранов и Александар Чомовски, да извршите воена интервенција во Македонија за таа да ви стане империјална латифундија. Секоја година, десетпати по ред, по ваша нарачка организираа и креваа востанија, буни, револуции, пленуми. Педантно формираа борбени единици, лажеа за вас, сиромашките, заради вас и човекојадци станаа, а вие вака им враќате.
Ене го кутриот Геровски кој по толку битки се врати како тежок инвалид со пострауматски синдром, како сега зјае без фокус во погледот му визионерски. Накаде пустиот сега да фати? Kај ќе најдете бе вакви „стипендисти“ кои се спремни родена мајка да продадат за еден љубовен или мил поглед на американски амбасадор. Оној Владе Милчин, на пример, и четврт живот ви го подари. Ја покри Македонија чисто волонтерски со Соросовата дрканица. Од тоа американско семе никна бабачко ГМО-производ што ни го утрапивте како донација. И сега излезе дека човециве не сте ги ни познавале. Не, бе, не биле ваши туку руски. Сте плаќале русофили и комунисти. Па кај ви личи да бидете светски хегемон кога сте поголеми лејки дури и од овие „нашиве“.
Џес Бејли кој се заортачил со „прорусиве“ во Македонија за да стане император наместо императорот, баш во Македонија си водел своја приватна политика. Леле, какво финале, каква заебанција, која дупешка!
А мене токму заради вакви епизоди во производство на центарот на светскиот хаос животот ми се гледа убав еднократен и неповторлив подарок. Одамна не сум се смеела од с` срце. Само продолжете со ваква пропаганда. И ние на Балканот да видиме некој аир. Оти пресериозно ве сфаќавме.
Мирка Велиновска
Дневник
Бомба! Џес Бејли води руска политика во Македонија!

Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 13 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот