Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 8 of 42
Страна 8 of 42 • 1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 25 ... 42
Re: Интервјуа и колумни
Ako imash zapek....
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Груевски има обврска кон неговите подржувачи, а нив ги има најповеќе (извор Зоран Заев, интервју за Алсат-М) да се спротивстави на соросовата банда и на нивните слуги од коалицијата предводена од СДСМ, што сакаат да владеат со Македонија како диктатори, односно не по волјата на мнозинството. Колумните напишано од платеници на бандата на Сорос и различни отпадници од ВМРО-ДПМНЕ не може секогаш да се разберат сериозно. Барем така мисли мнозинството Македонци. Ајде пак да напишам дека за ова мнозинство извор ми е Зоран Заев, политичкиот бомбашки лидер.
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Branko Gerovski vo centar, bez vlakna na jazikot...Shto e najstrashno, izgleda deka e vo pravo...
Евангелие по Прибе
Бранко Героски
Со свои очи го немам видено извештајот на Рајнхард Прибе за Македонија, распослан, како што велат очевидците, на цели 20 страници, наводно полн со жестоки критики за владата на Никола Груевски. Дипломатските извори кои брифирале група новинари за содржината на овој документ, претпоставувам, оцениле дека јас не треба да бидам запознат со „евангелието по Прибе“, веројатно како воспитна мерка поради моите критики за пристрасноста на комесарот Јоханес Хан во досегашните преговори за решавање на политичката криза. Некаде дури и прочитав дека Хан лично го нарачал извештајот на Прибе, со што, ете, паднале во вода сите критики за пристрасноста на еврокомесарот.
Добро, сфаќам. Еве, како претставник на „интелектуално-рекетарското крило“ во СДСМ, како што пишуваат куририте, а очигледно и веруваат некои луѓе на и околу Бихаќка, нема претерано да ја коментирам постапката на дипломатските извори. Информациите за извештајот од Прибе, макар и добиени од трета рака, веќе ги објавив безрезервно и им поколонив целосна верба. На крајот на краиштата, најважно од се е тоа што овој извештај речиси во целост се поклопува со критиките на опозицијата за тешките злоупотреби на институциите и за корупцијата, за злоупотребите од страна на тајната полиција, за катастрофалното судство, за корумпираните избори, за контролираните медиуми... Тоа се проблеми и состојби за кои пишувам и говорам веќе осум години, а не само осум месеци, како некои од моите брифирани колеги. Но, реков веќе, за тоа не сега, за тоа ќе пишувам на крајот од оваа рашомонијада.
Во оваа прилика, во текстов напишан и објавен непосредно пред почетокот на новата, петочна рунда преговори меѓу лидерската четворка, од која лидерот на опозицијата Зоран Заев очекува договор за краток рок за решение на кризата, сакам само да предупредам да не се негуваат преголеми и нереални надежи, особено не такви поврзани со импактот на овој извештај. Се разбира, многу е важно тоа што овој документ ги потврдува оценките на опозицијата, на либералните новинари и на сите други непристрасни посматрачи, за природата на режимот во кој живееме со години. Тоа е неспорен капитал на проевропски ориентираните сили во Македонија и сериозен придонес кон откривањето на вистината. Но, јас страхувам дека овој извештај сепак нема да го поткрепи централното барање на опозицијата – преодна влада без Никола Груевски, која ќе подготви фер и демократски избори.
Речиси сум убеден дека претставниците на Брисел, а можеби и на Вашингтон, веќе имаат јасен и прецизен план задачата за подобрување на состојбите во Македонија и за подготовка на фер и демократски избори да и ја доверат на владата на Никола Груевски, можеби освежена со министри кооптирани од опозицијата (ако СДСМ се согласи) или од граѓанскиот сектор (ако СДСМ не се согласи), под засилен мониторинг на меѓународниот фактор и со верификација од критички настроени медиуми кои ќе бидат ангажирани за поддршка на планот. Извештајот на Прибе, всушност, го доживувам како програмска и идеолошка подлога на тој план – во него се набројани задачите што треба да ги спроведе таа влада.
Никола Груевски, ако е умен (а се покажа дека е итар), ентузијастички ќе го прифати овој план и веднаш ќе го прикаже како проширување и надградба на реформите кои одамна се почнати и никогаш не запреле, освен во овој период на отсуство на СДСМ од парламентот, по вина на „наивниот“ Заев, под притисок на менторот Црвенковски и сега, под контрола на „интелектуално-рекетарското крило“. Груевски нема да заборави да потсети дека СДСМ пред изборите во 2014 година потпиша договор за новите правила на игра, според кои беа организирани последните избори, а кои, нели, беа оценети како „генерално добри“ (дури и од „непристрасниот“ Хан). И воопшто, Груевски никогаш нема проблем со својата реформска определеност. Незгодата е во тоа како тој ги разбира реформите. Ако го прашате за реформите во правосудството, на пример, тој ќе ви раскаже колку згради им изградил на обвинителите и на судиите, колку маси и компјутери им купил и колку им ги зголемил платите. И на таа финта, странците, во принцип, секогаш паѓале, онака ничкум.
Позитивната страна на извештајот на Прибе е што тој ги лоцира суштинските проблеми. Но, јас страхувам дека кај странците се уште преовладува мислењето дека било каква посериозна промена во владата (особено демисија на Груевски) ќе доведе до нестабилност во Македонија, а за нивното поимање на нештата, нестабилноста никогаш не е добар сојузник на реформите (според таа логика, епицентар на реформите во Македонија се гробиштата во Бутел, каде што е толку стабилно што постабилно не може да биде). Кон оваа теза за стабилноста како услов за реформите, која всушност директно води кон спас на режимот и кон негова трансформација во „прифатлива автократија“, се приклонува и ДУИ на Али Ахмети. И затоа страхувам дека и денеска, како и во наредните денови, на Заев отворено ќе му биде кажано – дајте енергијата заеднички да ја насочиме кон прашањата што ги отвора извештајот на Прибе, наместо да се исцрпуваме во настојувањата Груевски да се повлече од владата!
Во меѓувреме, соочен со неопходноста некаде и тој да попушти, Груевски веќе сериозно се подготвува за изборите и води неформална изборна кампања, со жестока злоупотреба на јавните фондови, на јавниот радиодифизен сервис и на сите други полуги на власта кои обилно ги користи осум години. Го прави сето она што е запишано во извештајот на Прибе. Тоа е начинот на кој победува со години. А нарачателот на извештајот, „непристрасниот“ Хан, извршителот Прибе, европските дипломати во Скопје и сите други се прават дека тоа не го гледаат. Што ни ветува дека утре ќе прогледаат? Кој ќе го спречи Груевски да се однесува поинаку? Уште еден потпис на тоалетна хартија? Немоќната опозиција, „приведена“ во парламентот? Благонадежните новинари на кои дипломатските извори им поклонија верба да ја израдуваат нацијата за тоа колку Прибе го искритикувал Груевски?
Простете, почитувани читатели, колку и да ги поддржувам преговорите како начин на решавање на политичката криза, колку и да лобирам за компромиси и за политиката како вештина на можното, јас не можам да видам ниту една друга спасоносна опција за Македонија освен резолутно одбивање на идејата да се легитимира владата на Груевски, одбивање да се учествува на избори што таа ќе ги организира и одбивање да се признае власта избрана на уште една изборна кланица. Но, да се разбереме добро – тоа е само скромното, неважно и со квалитетни брифинзи непоткрепено мислење на еден новинар. Како такво, тоа никого на ништо не обврзува. Денеска не делам совети. Денеска ја рекетирам сопствената суета и се обидувам да ја убедам да прифати да биде огласена за виновна за сите глупости што може да се случат. Не дај боже...
http://plusinfo.mk/mislenje/597/-evangelie-po-pribe
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Јосип Јуратовиќ од Бундестагот за Кирилица: Ако Груевски има барем малку спортски дух треба сам да се повлече
Лично, мислам дека господин Груевски е еден од причинителите, ако не и главен причинител на кризата, која за македонскиот народ е поразителна и сметам дека политички е толку оштетен, такашто веќе не е сигурно дека има доволно доверба кај народот за да може таква функција да обавува. Јас сум на мнение дека таква функција (премиер на преодната влада. заб. авт.) воопшто не би смееле да ја вршат лидери на политичките партии – вели Јуратовиќ во интервју за Кирилица реализирано по електронски пат.
Разговараше Жарко Јорданоски
Јосип Јуратовиќ е единствен Хрват, а веројатно и единствен Балканец, избран за пратеник во германскиот парлемент - Бундестагот. Како кандидат на Социјалдемократската партија на Германија, од своето место на живеење Гунделсхејм, овој хрватски доселеник, родум од Копривница, во 2005 година стана пратеник во Сојузното германско собрание. Иако во деведесеттите, како најгласен заговорник за мирно решавање на југословенската криза, без војна и крвопролевања, не беше омилен кај официјален Загреб и кај режимот на Туѓман, Јуратовиќ денес се смета за еден од највлијателните Хрвати во светот.
Јуратовиќ е еден од најпознатите синдикални активисти во Германија, а веројатно поради своето потекло, доверена му е функцијата на известувач во Бундестагот за земјите од западиот Балкан. Во ова својство, тој не и е непознат на македонската јавност.
КИРИЛИЦА Господине Јуратовиќ, Вие сте пратеник во германскиот Бундестаг, кој особено ја следи ситуацијата на Балканот, па и во Македонија. Дали ве загрижува последниот развој на настаните во Македонија? Каква е вашата проценка, може ли таа криза да предизвика поголема нестабилност во регионот?
ЈУРАТОВИЌ Ситуацијата во Mакедонија и тоа како ме загрижува. По инцидентот во Куманово, во функција на член на одборот за надворешна политика, како и во својство на известувач за југоисточна Европа, отидов во Mакедонија за да можам да стекнам што е можно пообјективна слика за состојбата. Водев многу разговори со различни актери од политиката, синдикатите и граѓанското општество. Кај сите соговориници беше огромна загриженоста по прашањата за иднината на Македонија и за тежнението на граѓаните на Македонија да профункционираат државните институции, затоа што тоа е единствена сигурност за иднината на Македонија, но и за целиот регион.
КИРИЛИЦА Преговорите меѓу македонските лидери во Брисел, со кои посрeдува господинот Јоханес Хан, очигледно не даваат никаков резултат. Како на тоа се гледа во Будестагот?
ЈУРАТОВИЌ Бундестагот е многу загрижен за ситуацијата во Македонија и ја поддржува иницијативата за преговори. Ние се надеваме дека на политичките елити навистина им е значајно да се дојде до решение, за да им овозможат мирна иднина на граѓаните на Македонија и дека нема да нудат решенија кои се неискрени, а понатаму зад кулисите да ги продолжат своите политички војни.
КИРИЛИЦА Македонската опозициска јавност не може да разбере зошто Западот, односно ЕУ едноставно на бара оставка од премиерот Груевски, туку инсистира на преговори во кои ги третира „двете страни“ рамноправно, како и опозицијата да е виновна за нешто?
ЈУРАТОВИЌ ЕУ нема легитимитет да бара оставка од премиер на една држава. Легитимитет да бараат таква оставка имаат само граѓаните на Македонија, а тие тоа и го прават на впечатлив начин. Самиот факт дека ЕУ е посредник околу барањето политичко решение во Македонија е показател дека ЕУ многу сериозно ја сфаќа волјата на народот и ситуацијата во Македонија.
КИРИЛИЦА Што би се случило доколку скандал од вакви размери, каков што е прислушувањето на илјадници граѓани, се случеше во некоја од земјите на Европската унија? Нешто од многу помали размери се случи во Полска, но таму инстантно фрчеа оставки.
ЈУРАТОВИЌ Во една демократска, правна држава, заштитата на приватноста е едно од темелните човекови права. Секоја влада која ќе ги прекрши тие права на своите граѓани, со право е дискутабилна и според моето мислење, не би преживеала долго.
КИРИЛИЦА Ако е така, зошто ЕУ не инсистира на оставка на владата, туку се бави и со опоизцијата како некаков нејзин контрапункт? Во крајна линија, такви аудиоматеријали би можеле да објават и медиумите. Зарем Брисел и со нив би „преговарал“?
ЈУРАТОВИЌ Уште еднаш, оставка на владата, коja по мое мислење со право ја бараат граѓаните на Македонија, можат да бараат само тие и да ја присилат на тоа, се надевам по мирен пат. ЕУ мораше да реагира затоа што после инцидентот во Куманово беше загрозена стабилноста на целиот регион.
КИРИЛИЦА Како го толкувате тоа што власта покрена обвинија за корупција и за „уривање на уставниот поредок“ против лидерот на опозицијата Зоран Заев во момент кога почна објавувањето на таканаречените медијски „бомби“ на опзицијата. Не сметате ли дека е тоа селективна примена на правото и на судството, нешто што е неспоиво со стандардите на ЕУ? Ако е така како Груевски останува „партнер“ во преговорите?
ЈУРАТОВИЌ ЕУ не е во улога на судија туку посредник во потрагата по решение и со тоа е принудена да води преговори со лидерите на политичките партии.
КИРИЛИЦА Што мислите за идејата, која очигледно во преговорите е третирана како легитимна, Груевски да ја предводи таканаречената „транзитна“ влада до новите избори
ЈУРАТОВИЌ Јас лично, мислам дека господин Груевски е еден од причинителите, ако не и главен причинител на кризата, која за макеоднскиот народ е поразителна и сметам дека политички е толку оштетен, такашто веќе не е сигурно дека има доволно доверба во народот да може таква функција да понесе. Јас сум на мнение дека таква функција (премиер на преодната влада. заб. авт.) воопшто не би смеела да ја вршат лидери на политичките партии. Мислам дека парламентот, како највисок орган кој ја претставува волјата на народот, би требало да превземе демократска контрола и да најде решение.
КИРИЛИЦА Оценките на ОБСЕ/ОДИХР за последните избори беа критички, но ги призна како релативно коректни. Дали може да се говори за легитимни избори по се што слушнавме за тоа како се купуваат гласови, како се потплаќаат медиуми, како се вршат притисоци и се злоупотребуваат ресурси на државата.. и уште многу од тоа. Како после такви сознанија некој може да се третира како „легитимен, демократски избран политички претставник“?
ЈУРАТОВИЌ Македонија има плурализам, но нема демократија, зашто нема програмски демократски партии туку партии на лидери, често автократи, и послушници, кои во партијата не бараат решенија за општите проблеми, туку лична корист. Се разбира, тоа не важи за сите и затоа апелирам на демократите во партиите во владата и тие што поскоро пронајдат демократско решение, за да добијат што поскоро повторен легитимитет од надорот. Да се биде демократ е прашање на честа. Затоа, ако Груевски е таков каков што го опишавте, оправдано е прашањето што е со луѓето кои се околу него и со него.
КИРИЛИЦА Дали постои одговорност кај Европската унија затоа што толку долго толерираше развивање на една автократска, тоталитарна политичка матрица во земја која аплицира за членство. Дали предолго се калкулираше со „мекиот“ третман на Груевски? Дали тоа се правеше поради спорот со Грција, можеби за да може полесно да се „притегне“?
ЈУРАТОВИЌ Европската унија е заедница која се темели на демократски вредности и на демократски правила на игра. Се додека мнозинството во парламентот не го смени, тој е за нас премиер. Затоа е неопходно да воспостави функционалноста на парламентот, за да се утврди довербата односно недовербата во таа влада. Со оглед на тоа што функционалноста на парламентот е доведена во прашање, неопходно е скоро одржување на нови избори, за да се воспостави легитимитет на парламентот и на владата од страна на народот.
КИРИЛИЦА Како понатаму од оваа точка? Г-дин Штросмаер во Будестагот рече дека преговорите треба да продолжат, затоа што загриженоста е голема. Ако Груевски и натаму одбива да се повлече, а опозицијата ја продолжи својата канонада со „бомби“ компромисот ќе биде се подалеку. Дали ве плаши дека е можна ескалација на конфликтот, со насилства, било меѓупартиски или меѓуетнички?
ЈУРАТОВИЌ Мислам дека во овој случај зборот компромис е на погрешно место. Демократијата живее од компромиси, кога станува збор за политички решенија, за луѓето да можат полесно да живеат. Во овој случај станува збор за функционалноста на државните институции, за почитување на човековите права и во таков случај не може да се губи време на компромиси помеѓу политичките лидери туку мора да се почитуваат демократските правила на игра и да се воспостави волјата на народот преку слободни избори. Во спротивно, ескалација од било кој тип е многу можна.
КИРИЛИЦА Како искусен политичар и човек кој го познава овој менталитет, која е вашата порака до премиерот Груевски?
ЈУРАТОВИЌ Ако навистина мисли на својот намачен народ и ако сака да го запре егзодусот на Македонците, особено за младите да видат перспектива во својата татковина, и што е најважно, ако сака мир меѓу граѓаните, како по партиска, така и по национална или верска линија, и на крајот ако има уште малку спортски дух, по своја волја нека се повлече и нека им препушти на демократските партии во Македонија што поскоро да спроведат слободни избори. Во спротивно, ќе биде уште поболно за него, а што е уште поважно, и за граѓаните на Македонија кои пред се сакаат мир и благосостојба.

Интересно е што Јуратовиќ зборува за заштита на приватноста, а подржува партија што како опозиција има прислушкувано илјадници граѓани и има објавено стотици разговори на тие што наводно прислушкувале. Интересна е и колумната на Геровски. Кој не сака да разбере дека секој демократ, без разлика дали е од ЕУ или САД, не сака да му ја даде власта на Заев ниту на Груевски, туку сака избори после кои никој нема да може да јаде фекалии дека биле фалсификувани. Без да дојде во судир со Брисел и Вашингтон. Што би рекле успеавте во намерата странци да се мешаат во внатрешните работи на Македонија, но не и да ве донесат со сила на власт.
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
трендафил напиша:Интересно е што Јуратовиќ зборува за заштита на приватноста, а подржува партија што како опозиција има прислушкувано илјадници граѓани и има објавено стотици разговори на тие што наводно прислушкувале. Интересна е и колумната на Геровски. Кој не сака да разбере дека секој демократ, без разлика дали е од ЕУ или САД, не сака да му ја даде власта на Заев ниту на Груевски, туку сака избори после кои никој нема да може да јаде фекалии дека биле фалсификувани. Без да дојде во судир со Брисел и Вашингтон. Што би рекле успеавте во намерата странци да се мешаат во внатрешните работи на Македонија, но не и да ве донесат со сила на власт.
Lagi Trendo, lagi...Tuku, prashaj si go pastirot dali prislushkuval Verushevski, dali stranski sluzhbi...Zatoa shto i toj se zbuni vo lagite i pochna da pokazhuva znaci na demencija...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Vredi ne samo da se prochita, tuku i seriozno da se razmisli nad fejsbuk statusov....
Писмо до непознато (западноевропско, американско или австралиско) другарче
јас Миле, во моментов таксист, а инаку вљубеник во книжевноста и дипл.проф. по општа и компаративна книжевност ти пишувам со намера,( иако не те познавам ) да ми станеш другарче, се разбира ако и ти живееш во земја преубава како мојава, која некои од злоба ја нарекуваат бивша, ама грешат затоа што се уште не е бивша, ама со сигурен чекор оди кон тоа.
Земјата во која живеам е преубава, најубава во светот. Знам ќе одговориш дека секој за својата земја вели дека е најубава, ама те молам верувај ми, Македонија ги има најубавите планини, најубавите реки, најубавите езера…а сега има и најубави палми, кои додуша не знаеме сеуште дали ќе се фатат, ама веруваме со божја помош ( се разбира ако решиме еден мал проблем кој го има нашата Македонска православна црква, со сестринската Српска православна црква, околу некој ТОМОС, ама не моторче ТОМОС, туку црковен ТОМОС) и најубави цркви уште од времето на Климент и Наум ( и двата охридски ), прекрасни џамии, анови, амами и безистени, калиња, исари и баири, остатоци од најпознатиот антички пат Виа Игнација, од убавите антички градови Лихнидос, Стоби, Хераклеја и се разбира зданија од 18 и 19 век изградени во втората деценија на 21-от век во нашиот главен град.
Во Македонија убаво се живее. Власта вели дека просечната плата е некаде околу 400 евра, а 95% од вработените не земаат повеќе од 200 евра. Ама пак можат да преживеат, сега немам време да објаснувам како, ама ти тврдам дека можат иако онаа потрошувачка кошница е некаде околу 500 евра.
Нема многу невработени кај нас, само околу една третина, а тоа е толку малку затоа што многу од нив и не сакаат да работат и за жал не веруваат дека некој ќе ги вработи ( иако има слободни места во државната администрација, треба само партиска книшка да имаш и лесна работа ), а може и во обезбедување некое или пак таксист ( како мене ) да работи човек.
Кај нас школството е бесплатно и задолжително е и средното образование. Не е многу скапо и високото, на државните универзитети две – три годишни плати, а на овие, на кои полесно се завршува е малку поскапо, ама полесно се завршува, па со некое евро повеќе и се магистрира и доктор по науки се станува.
Владата се грижи за сите, посебно најголема грижа има за сиромашните и оние кои се против неа. Првите ги помага да бидат уште посиромашни, со разноразни извршители кои им земаат по пет пати поголеми суми од оние кои реално ги должат кон комуналните претпријатија или пак за данок на градот Скопје и општините и Македонската радио телевизија и други ситни долгови поголеми од реалните плати. За оние кои се против владата, најчесто се обезбедува бесплатен престој во казнено поправните домови или пак неплатен вечен одмор во некои од преубавите гробишта со кои располага државата, а се во приватна сопственост.
Кај нас, здравството е бесплатно, се плаќаат само прегледи, операции и лекарства. Многу е модерно и најдобрите млади лекари го напуштаат и одат во странство неможејќи да работат на најмодерните апарати од минатиот век.
Младите воопшто, ја сакаат својата земја и бараат работа и се отселуваат од Македонија, се со една цел, сигурни се дека повеќе ќе ја сакаат кога ќе бидат илјадници километри далеку од неа.
Драго мое непознато другарче, ова во кратки црти е сликата на мојата преубава татковина, се надевам дека разбра во која убавина овде живееме. И ќе живееме. Не се даваме. Ние сме гордите потомци на Аминта трети, кој го роди Филипа (втори ли беше ) кој го роди Александра трети ( Велики, како аеродромот во Скопје му е името ) итн и на подоцнежните на кои не им го знаеме името, ама им ги знаеме функциите.
Е тоа е од мене, драго непознато другарче, ако можеш да пишеш пиши, ако не испрати некое гарантно писмо, за да можеме фамилијарно да ја посетиме твојата земја на неколку години.
Со почит
Миле Ситниковски
таксист
дипл. проф. по општа и компаративна книжевност
(Фејсбук статус)
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Мачки на вжештениот покрив од ламарина
Како што стојат работите, јасно е дека Обвинителството нема намера да процесуира ниту еден предмет од стотиците поднесени пријави за сомневања за сторени тешки кривични дела за кои сведочат прислушуваните разговори во УБК. Напротив, стратегијата на Груевски е токму спротивното: процесот против Заев е започнат и тој ќе заврши со осудителна пресуда за подготвување и изведба на „државен удар“, по што ќе следуваат и соодветни казни затвор. Колкави ќе бидат тие казни, Груевски ќе ни соопшти во некое свое наредно јавно обраќање, за целата јавност да разбере дека ТОЈ е оној кој ќе суди и пресуди, бидејќи ТОЈ е господарот на судбината во Македонија.
Паралелно, претпоставувам дека деновиве (ако Груевски стане доволно рано од спиење, за да не го пропушти денот до зајдисонце!) ќе се постигне некаков компромисен „договор“ за некакво чудо од „организациона влада“ (?!) – што ќе биде поздравено во јавноста со големо „олеснување“, како „почеток на разрешување на кризата“! – чијашто главна задача, всушност, ќе биде да му ги симне странците и нивниот притисок од вратот на Груевски; оваа „сечи-крпи“ владејачка структура мислам дека нема да може ништо суштинско да разреши до вонредните избори во април, освен што ќе произведе безброј скандали и продолжени расправии во јавноста меѓу конфронтираните партии и поддржувачите на една од „двете вистини“ во Македонија (меѓу кои спаѓа и мојата микро-маленкост). И, додека Заев се занимава со своите судски рочишта – можеби и од притворското одделение во Шутка; па протести, петиции, меѓународни соопштенија итн. – Груевски на мир ќе се занимава со подготовка за изборите: партијата му е преполна со (нашите) пари, државата ќе му биде на располагање како и до сега (само ќе биде со „организационен капацитет“), пропагандата ќе се засили во супер-богатите и супер-корумпираните медиуми на власта, како што ќе продолжат и сите други методи на притисоци, уцени, заплашувања и насилства со коишто „реформскиот тим“ на власта се држи една деценија в седло (ние сме оседланите магариња и коњи). Додека опозицијата се „троши“ на прес-конференции, тој ќе го „ора“ теренот со истите мижи-бутај, купи-продај, сечи-лепи, турни-кинисај, црно-бели, наваму-натаму, угоре-удолу лажги со кои го збрлавува народот во изминатите девет години.
ЧАВКИ НИ ГО ИСПИЛЕ МОЗОКОТ?
Ова сценарио за уништување на политичките противници на Груевски е веќе видено низ случајот со Љубе Бошковски, иако со многу поскромна „продукциска“ амбиција на тимот за егзекуција на ДПМНЕ. Впрочем, во опширните телефонски разговори меѓу „началникот“ Мијалков и Латас имавме можност да слушнеме многу детали од тоа како е планирана и изведена целата валкана операција, а и кои криминални и садистички мотиви стоеле зад тој зафат. Како што е познато, како резултат на целиот монтиран политички процес, Бошковски сѐ уште скапува в затвор – ете, дури и Шврговски, претходникот на сегашниот обвинител Зврлевски, раскажува по медиумите, во улога на правно-политички „независен експерт“, како би требало да се одвива судењето против Заев и како би требал самиот Заев да се однесува во тоа судење за да биде уредно затворен на долгогодишна робија! За оваа обвинителска „менажерија“ да биде комплетна, фали уште баџанакот на Мијалков, шефот на обвинителството за организиран криминал, Јован Илиевски, кој се крие како црв во гнило јаболко, да почне јавно да се жали како лидерот на опозицијата го негира праводсудниот систем во Македонија.
Очигледно, освен на Чавков, на сите други чавки ни го имаат испиено мозокот. А и за Чавков не сум сигурен, бидејќи, замислете, изјавува дека немало потреба од истрага за безбедносниот дебакл во Куманово – господине Чавков, кога ќе дојде време за тоа, вие ќе бидете предмет на таа истрага, не нејзин спроведувач. Има мала разлика.
КОЛЕКТИВНА АМНЕЗИЈА
Целата оваа досегашна моја „писмена вежба“ – оваа егзегеза, што би се рекло со теолошки речник – е за да ви покажам дека најголемиот дел од вас, читателите, веќе заборавивте со кое тврдење го започнав сценариото на Груевски… Да, да, знам дека сте заборавиле, па еве, да повториме: „Како што стојат работите, јасно е дека Обвинителството нема намера да процесуира ниту еден предмет од стотиците поднесени пријави за сомневања за сторени тешки кривични дела за кои сведочат прислушуваните разговори во УБК.“
Гледате, тоа е суштината на стратегијата на Груевски: колку што е можно поголем број на граѓани на Македонија да ги фати колективна амнезија и да заборават кој и како ја доведе земјата во духовната и материјалната мизерија што ја живееме, низ стотиците полесни, „средни“ и многу тешки кривични дела кои се индицираат во објавените „бомби на Заев“; и таа главна теза потоа да се замени со десетина други „магли“: те кој прислушувал; па кои биле „тајните служби“, односно „мрачните сили“; те „СДСМ секогаш бега од избори“; море дај еден инцидент во Куманово; уаа, предавници; државата е во прашање; „патос ќе ве направиме на избори“; па ракетирање на владината зграда; и тн. И кога јавноста достаточно ќе се замори со кризата, уредно да си се уапси Заев „според Устав и закон“ и целата „забава“ да се пренасочи од вистинските криминалци и мафијаши кои владеат со Македонија, кон скандалите што ќе се произведат околу судењето за „Пуч“. (За секој случај, смислија и „резервен“ случај против Заев, „Поткуп“, за никако да не може да се случи СДСМ да оди на избори со лидер кој би бил вон дофатот на „долгата рака“ на режимот.)
Не треба да се потценува остварливоста на овој план на Груевски, бидејќи тој одамна, со години, не води никаква суштинска политика во ниту една битна сфера од животот во државата. Сѐ е само гола, црна пропаганда. И продолжување со пренасочување на општественото богатство во корист на фамилијата и неколку „клиентелистички фукари“ (цитирано според Кире Наумов) околу нив.
УБИВАЊЕ НА ВИСТИНАТА
Всушност, ако добро размислите, кај Груевски нема ништо ново ниту во методите, ниту во содржината на политиката од онаа на „историското“ ВМРО, со оглед на тоа што целата (наша) историја на оваа внатрешна, тајна, демократска итн.-револуционерна организација, до денес, е исполнета со идеолошки конфузии и политички шизми, многу насилство и братоубиства, бројни предавства и местенки, и разни бељаџии и насилници кои го пљачосувале и малтретирале „локалното население“ за „потребите“ на организацијата.
А потоа дојдоа комунистите и направија македонска држава. Чиниш, тоа ВМРО никако не може да им го прости.
На тоа Заев одговара логично, нудејќи се да биде уапсен, бидејќи „правната држава“ во најкриминализираната европска земја источно од Урал мора да продолжи драстично да се разобличува, по потреба и на флагрантен начин, со „правна“ саможртва на лидерот на опозицијата. Според логиката на рационалната политика, на власта не би требало да ѝ одговара лидерот на опозицијата да се најде во затвор под обвиненијата за кои сите домашни и странски инстанци, владини и невладини, надлежни за толкување на правноста на државите, јасно се произнесоа дека се смешни и правно неодржливи. Но, Груевски и Ахмети се надеваат дека со апсењето на Заев ќе се „уапсат“ и неговите „бомби“. Дека со неговото „убивање“, ќе се убие и вистината за нив. Подрипнуваат околу него како мачки на вжештен ламаринен покрив, мислиш излегле директно од описите на Тенеси Вилијамс за моралниот распад на јужњачките патријахални, расистички семејства во Америка.
ПОБЕДНИКОТ УШТЕ НЕ Е РЕГИСТРИРАН
Ова, до тука, ми е помалку или повеќе јасно. Она што не можам сосема да го разберам е зошто и за што преговара опозицијата со Груевски? Претпоставувам дека не мислат тие дека институциите навистина ќе профункционираат по пат на преговори? Или дека преговорите ќе доведат до ефикасни контролни механизми за институциите да профункционираат? Еве, земете го како метафора спомнатиот „организирано-криминален“ обвинител Јован Илиевски: висок државен службеник кој упорно одбива да си ја врши својата работа, ујдисан, закумен, баџанакосан, побратимен, спајташен, ороден, „уштекан“ со оние кои треба да ги гони „по службена должност“. Кои преговори него го тангираат?! И такви имате на сите нивоа и во сите сектори во државата. „Клиентелистички фукари“ колку сакате. Еден барокно накитен институционален провизориум кој постои за режимот да може комотно да се рециклира и ефикасно да ги елиминира сите оние кои им велат дека во огледалата пред кои секојдневно се фрцкаат се одгледува најгрдата македонска реалност.
Како со нив до фер и демократски избори?
Никако. Мене ми се чини дека е само прашање на време кога ќе се појави нова политичка алтернатива на постоечкава опозиција која ќе има „напредна демократска агенда“ со една точка во изборната програма: Апсење! Можно е во април идната година нивните изборни шанси толку нагло да пораснат, што Груевски ќе го моли Заев, без преговори и без избори, тој да ја превземе власта. Па што биде.
Сашо Ордановски

Народот одлучува на избори кој ќе биде власт. Не Сашо Ордановски или Миле Ситниковски. Кој веројатно уште мисли дека ако СДСМ дојде на власт ќе вработи по еден од секое семејство. Никој не вели дека во Македонија нема проблеми, но за прв пат имаме позитивни движења. Никогаш Македонија не била во врвот по пораст на БДП во Европа. Што би рекле првпат ја намалуваме разликата со другите. До сега таа се зголемуваше.
Треба еднаш да разберете дека Груевски не е сам. Зад него стојат гласачите. Па кога сега би имало избори повторно би победил. Затоа и бегате од избори. Доколку сте вие во право, ќе имаме промена на власта во април. СДСМ може да победи само ако изборите бидат на 1 април. Априлилили!
Треба еднаш да разберете дека Груевски не е сам. Зад него стојат гласачите. Па кога сега би имало избори повторно би победил. Затоа и бегате од избори. Доколку сте вие во право, ќе имаме промена на власта во април. СДСМ може да победи само ако изборите бидат на 1 април. Априлилили!
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
трендафил напиша:Народот одлучува на избори кој ќе биде власт. Не Сашо Ордановски или Миле Ситниковски. Кој веројатно уште мисли дека ако СДСМ дојде на власт ќе вработи по еден од секое семејство. Никој не вели дека во Македонија нема проблеми, но за прв пат имаме позитивни движења. Никогаш Македонија не била во врвот по пораст на БДП во Европа. Што би рекле првпат ја намалуваме разликата со другите. До сега таа се зголемуваше.
Треба еднаш да разберете дека Груевски не е сам. Зад него стојат гласачите. Па кога сега би имало избори повторно би победил. Затоа и бегате од избори. Доколку сте вие во право, ќе имаме промена на власта во април. СДСМ може да победи само ако изборите бидат на 1 април. Априлилили!
sam kazuvash deka ako sega ima izbori pak ke pobedi dpmne SO FALSIFIKAT ZATOA NIE NESAKAME VAKVI IZBORI
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Ако имаше изборен фалсификат сега ќе имавме масовни протести. Не малтретирање на граѓаните на Скопје со ограничување на слободата на движење и протести на кои има повеќе новинари платеници на Сорос одколку обични демонстранти. Иначе резултатите на референдумот во општина Центар го донесоа истиот број на гласови што го освои опозицијата на изборите што ги прогласивте за фалсификат. Па не знам за каков изборен фалсификат се блада. Иначе оваа влада победува на избори затоа што го исполнува тоа што ќе го вети. Затоа воопшто и не дискутираме на форумов окулу изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и што од тоа е исполнето.
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
трендафил напиша: изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и што од тоа е исполнето.
многу има исполнето ,ама да не го тупам со многу за почеток ке набројам
-затворање на политички затвореници со местенки
-украдени 3,5 милијарди еура ....
-купени 300кинески автобуси кои веке се распаднаа и се испокршија ,за хигиената ич муабет да не правам ,покасно
-протерани пола милион грагани Македонци од нивните огништа
-...........
-.........
-......
-делење на вистински сладолед чоколаден на сиромашните голтари пред собрание
-изградба на ГРАДСКА ПЛАЖА ВО ЗИМА ЗА ДА ЈА СРУШИ ВО ЛЕТО ,ВО СЕЗОНА (добро де сама се распадна пошто е квалитетна
-........
- ИМА УШТЕ ТРЕНДО ,АМА КЕ ОСТАВАМ И ДРУГИТЕ НЕШТО ДА ПИШАТ ,НЕ САМО ЈАС ...
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Ако Љубе Бошкоски го сметаш за политички затвореник, тој беше во затвор во Хаг и после тоа ослободен како невин многу пред да дојде оваа власт. Сега сите видовме дека беше уапсен со пари во раце. Не знам дали СДСМ ги крадеше парите што не влегуваа во буџетот. А помалку за 4 години влегоа токму 3,5 милијарди евра за 4 години. Кога вработувавте по еден од секое семејство. Колку гледам автобусите се во сообраќај. А тоа што ги кршите затоа што сте против се` што направила актуелната власт е работа за психијатар. Јас не можам да ги коментирам таквите постапки. Точно е дека има заминато на работа во странство одреден број на лица, но дека бројките се толкави какви што ги спомнувате е работа исто така за психијатар. Со напомена дека од технички (визен) аспект сега заминувањето е многу полесно. Иначе во бројките за заминати Македонци во странство е и братучед ми. Кој е иселен некоја година пред катастрофалниот скопски земјотрес.
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Zekoli so odlichno intervju...
ИНТЕРВЈУ Зеколи: Странците не се спремни да го употребат „стапот“ против „про-руската“ влада на Груевски!
длуката на СДСМ да ги прекине преговорите е изнудена. Опозицијата не требаше воопшто да влез во дијалог со ВМРО ДПМНЕ, вели поранешниот македонски амбасадор Арсим Зреколи.
„Не станува збор за минирање на договорот од 2 јули, туку за смислена стратегија на ВМРО и ДУИ која уште од март целеше да се преживеат нападите од опозицијата“ оценува Зеколи. Според него , меѓународната заедница ја потценува кризата во Македонија која најверојатно по фијаското сега уште повеќе ќе се продлабочува.
„Втората половина на оваа година ќе биде опфатена со вистинската криза на многу полиња, но и со се помалку инструменти и можности за приближување на ставовите и наоѓање разрешница “ се проценките на поранешниот македонски дипломат во Виена .
За Зеколи, Брисел е веќе небитен во македонската приказна, меѓутоа тој се сомнева и во улогата на САД која е сериозно ставена пред предизвик.
„Со бришењето на евро-интегративната иднина на земјата, на Вашингтон им се одзема инструментот шаргарепа и им преостанува само инструментот стап, кој не сум сигурен дека се спремни да го употребат кон власта. Барем судејќи по тоа колку американски државјани имаат во оваа наводно “про-руска” влада. Затоа не ни очекувам некој позначаен исход и од најавената посета на Нуланд, сем колоритни изјави, филувани со ред-два критики колку за да се импресионира јавноста“.
Нашиот соговорник не исклучува ситуацијата да се радикализира до степен на можни судири, додавајќи дека сепак не очекува тандемот Груевски-Ахмети да се „дрзнат“ да го уапсат лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Чинот на апсење на лидерот на опозицијата ќе биде знак до јавноста дека веќе немаат никакви аргументи, никаков морален авторитет, никаква стратегија или мудрост да го победат на избори, туку се сведени и присилени да со отворено насилство го елиминираат од политичката сцена“ , вели во интервју со Фактор екс амбасадор Арсим Зеколи.
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Како ја коментирате одлуката на СДСМ да ги прекине преговорите со ВМРО ДПМНЕ за изнаоѓање на решение за излезе од политичката криза. Лидерот на на најголемата опозициска партија Зоран Заев го обвини премиерот Никола Груевски дека во континуитет го минира договорот постигнат на 2 јуни, одбивајќи во преговорите да прифати гаранции за враќање на демократските институции. Владејачката партија оцени дека со ваквиот потег СДСМ се обидува да избегне изборно соочување?
Зеколи: Ја сметам како изнудена одлука и неизбежен одговор на очигледната манипулација со добрата волја за прифаќање преговори по прашања за кои од почеток не смееше ниту да се помисли на преговарање. Притоа не станува збор за минирање на договорот од 2 јули, туку за смислена стратегија на ВМРО и ДУИ која уште од март целеше да се преживеат нападите од опозицијата.
За потоа, на веќе и порано виден начин, се искористи летната апатија и преку бескрајни преговори се анулира предимството на опозицијата. Дел од таа стратегија е и координираниот пристап на владејачката коалиција за делумно преку закани со затвор (од страна на ВМРО) делумно со лажни ветувања, флертувања и инфлитрации на свои луѓе (од страна на ДУИ) се постигне вовлекување на СДСМ назад во системот и на тој двете партии ја споделат одговорноста за туѓи криминали од минатото и потфрлувања во иднината. Вократко, по прифаќањето да игра на туѓ терене, по измислени евро-бирократски и локал-интригантски правила, денешната одлука на Заев може да означи и негово враќање во улогата на контролор на состојбите како што ја имаше до 17 мај. Дали ќе умее, тоа зависи од него и луѓето кои го опкружуваат.
Фактор: Дали очекувате радикализација на ситуацијата во земјата ако се земе во предвид ставот на претседателот на СДСМ дека нема да дозволат Груевски да ја тероризира Македонија и кои би можеле да бидат следни чекори на опозицијата?
Зеколи: Првата половина на оваа година беше погрешно сметана како кризна. Напротив, останувам на ставот дека сето што се случуваше од Фебруари до Јуни беше шанса, можност која меѓународната заедница не ја препозна туку прилично лефтерно се определи да ја смета како политичка криза а не како прилика за иницирање подлабоки промени. Но затоа, втората половина на оваа година ќе биде опфатена со вистинската криза на многгу полиња, но и со се помалку инструменти и можности за приближување на ставовите и наоѓање разрешница.
Граѓаните имаат се помалку причини за страв од полицијско-криминалната машинерија на Груевски-Ахмети, а притоа имаат се поконкретни и животни мотиви и причини да се спротистават на оваа гангренозна инфекција на општеството. Мислам дека Груевски и Ахмети се свесни дека планот за летна релативизација им пропадна предвреме и сега се спремаат за превентивно дефокусирање на јавноста во есенскиот период. Провокацијата со одложувањето на пресудите за случајот “Монструм” закажани за 11 Септември е доволно јасно предупредување какво сценарио спремаат – спречување на социалниот бунт со национал-шовинистички манипулации.
Фактор: Иако преговорите од страна на СДСМ се оценети како несупешни , сепак не ја исклучуваат можноста од нивно реобновување доколку меѓународната заедница достави нов предлог. Значи ли ова дека Брисел недоволно изврши влијание врз двете страни за приближување на позициите па сега ќе мора Вашнгтон да ја превземе улогата посредник?
Зеколи: Брисел е веќе небитен во нашата приказна. Мислам дека однесувањето на Комесарот Хан беше сепак од полза да конечно и јавноста разбере дека евро-бирократијата е заложник на своите кратковидости и промашени политики од кои веќе не може да се ослободи без длабоки, многу длабоки резови во своето целосно компромитирано претставништво во Скопје и надлежните за Македонија во Брисел.
За разлика од порано кога секој нивен предлог се прифаќаше како беспоговорно свето слово, оотсега понатаму нивните замешателства ќе бидат неизбежно скрутинизирани до детали од домашната јавност. И во тоа нема да им помогнат ниту овдешните апологети од владината медиумска камарила, но и грант-опозицијските инсталации. Од друга страна, по пораките на Меркел за тоа кои земји од регионот имаат иднина во ЕУ и игнорирањето на Скопје, мислам дека и улогата на Вашингтон е сериозно ставена пред предизвик.
Бидејќи со бришењето на евро-интегративната иднина на земјата, на Вашингтон им се одзема инструментот шаргарепа и им преостанува само инструментот стап, кој не сум сигурен дека се спремни да го употребат кон власта. Барем судејќи по тоа колку американски државјани имаат во оваа наводно “про-руска” влада. Затоа не ни очекувам некој позначаен исход и од претходната посета на Нуланд, сем колоритни изјави, филувани со ред-два критики колку за да се импресионира јавноста. Нуланд имаше шанса да допринесе кон подбро при минатогодишната посета, по која наместо подобрување станавме сведоци на целосна ерозија на системот и ескалација на тензиите, вклучително и Куманово.
Фактор: Каде и кога го гледате излезот од кризата која очигледно не е само политичка туку и институционална, економска па и општествена?
Зеколи: Природата на кризите го определува и исходот или излезот. Сите овие кризи кои се множат и слеваат во “совршена олуја” се потврда за длабочината и ширината на партизираноста на државата како што никогаш не било случај до сега. И тоа е доволно за да се идетификуваат причините и виновниците – ВМРО и ДУИ. Но видете, и тој период на предупредување за последиците и нудење на излезни решенија има свој почеток и крај. Сега сме веќе на крајот, во смисла на тоа дека со секој ден има се помалку простор и енергија за разумни разрешници на состојбите. Пак ќе повторам, моментот за логичен компромис како што предлага г. Хан постоеше до крајот на Април.
Но очигледно дека прелесно стекната навика на Брисел и Вашингтон да го потценуваат општествениот гнев, ја презираат јавноста, постмеваат на опозициската конструктивност и на крај тој очигледен нивен восхит од ликовите како што се Груевски и Ахмети, не донесе во оваа ситуација на речиси целосен крах на доверба во институцијата на компромис. А тоа знаеме кон што води на крај. Судир.
Фактор: Очекувате во деновите што следат да биде приведен претседателот на СДСМ по неговиот став дека не го признава овој суд ?
Зеколи: Ќе ја споредам таа, да ја наречеме реална закана кон Заев од страна на Груевски-Ахмети, со она препотентно, нарцисистичко и арогантно предизвикување на ДУИ кон Заев да објави се што има за Ахмети и неговото друштво. И откога Заев им ја исполни желбата, бевме сведоци како тоа насилничко јуначење на ДУИ заврши со медиумско плачење и криење низ партијски дувла. Затоа, пораката на Заев иако делува наивно и мачистичко на моменти, сепак е пресметан одговор базиран врз моралниот чин на пожртвуваност во борбата против монструмот, акт на Давид против Голијат ако сакате.
Груевски и Ахмети добро знаат дека доколку го уапсат Заев, тие ќе си пресудат себе си. Бидејќи чинот на апсење на лидерот на опозицијата ќе биде знак до јавноста дека веќе немаат никакви аргументи, никаков морален авторитет, никаква стратегија или мудрост да го победат на избори, туку се сведени и присилени да со отворено насилство го елиминираат од политичката сцена. И така, сакале или не сакале селанецот од Муртино го издигнат во икона на непокор и македонски Лех Валенса.
http://faktor.mk/2015/07/09/intervju-arsim-zekoli-strantsite-ne-se-spremni-da-go-upotrebat-stapot-protiv-pro-ruskata-vlada-na-gruevski/
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Del od kolumnata na Goran Mihajlovski vo Vest...
Celata kolumna OVDE
5 Којзнае дали паднала команда да се тепа Саше Политико, или ВМРО-вците и нивните стратешки партнери во медиумите сами се инспирирале од еден разговор во креираните, монтираните и лепените материјали, во кој се слуша гласот на премиерот како нарачува шлаканици за градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
Прво стратешките партнери од медиумите сложно побараа полициска заштита од прашањата на Саше Политико. Откако три-четири пати беше натепан, порачаа дека самиот си го барал ќотекот. А откако и вицепремиерот Пешевски го истепа, и партијата се јави со соопштение да порача дека секој што ќе поставува прашање, ризикува дека ќе го снајде истото што му се случи на Саше Политико.
Потоа за да го спасат вицепремиерот од бруката, ексклузивно ги добија снимките од безбедносните камери на локалот за да прават реконструкција на настанот и да докажат дека вицепремиерот бил нападнат со прашања и изнервиран. Ќе трошиш пари во нивните локали, а тие ај што те снимаат, туку снимките, несечени, нелепени и немонтирани ќе ги пуштаат по телевизиите на стратешките партнери. Има ли тука некоја државна агенција за заштита на лични податоци? Има ли обвинителство? Кога веќе нема вицепремиер што би дал оставка за ваква бламажа.
Celata kolumna OVDE
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
еве интересно интервју ...погледнете ...поточно гледајте и слушајте
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Arsim Zekoli...Maestralen...
Дипломатите од „демократиите" ги гледам единствено во друштво на гангстери, шовинисти, криминалци...
Драги пријатели, благодарам за пораките во инбокс со забелешки дека "не треба да се замерам со Американците и Европјаните", бидејќи "тоа може да ми наштети во политика“ (!?), вклучувајќи и аргументи дека "тие се пријатели кои ни помагаат" или дека "не разбирам дека тие ги знаат работите подбро од нас".
Ги разбирам и поздравувам вашите забелешки за моите ставови кон нив. Кои со задоволство ќе ги сменам (на подобро) во истиот час кога ќе ми испратите две-три фотографии на кои можат да се видат Бејли и Орав како пијат кафе со Тричковски или Исен Салиу, на пример.
Но со обзир на тоа што досега "дипломатите од демократиите" ги гледам единствено во друштво на гангстери, шовинисти, криминалци, проститутки, интриганти, фашисти, хомофоби, убијци, цензори - мислам дека сепак ќе продолжам со истиот став и понатаму. Не џабе вели народот "со кој си, таков си."
Арсим Зеколи, Фејсбук, 01.08.15.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Зеколи е во право. Преценети се евробирократите. Нивниот интерес е единствено насочен кон градење на кариерите и зафаќање позиции за подобри места во иднина. По било која цена, и на било чија штета. Затоа Грујошеску добиваше позитивни извештаи сите овие години.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Љупчо Николовски: Jа подготвуваме најмоќната организациска машинерија која ќе стави крај на оваа криминална банда!
http://www.dokaz.mk/lupcho-nikolovski-ja-podgotvuvame-najmoknata-organizatsiska-mashinerija-koja-ke-stavi-kraj-na-ovaa-kriminalna-banda/
Да се надеваме ке се успее да се срушит ДИКТАТОРОТ.
http://www.dokaz.mk/lupcho-nikolovski-ja-podgotvuvame-najmoknata-organizatsiska-mashinerija-koja-ke-stavi-kraj-na-ovaa-kriminalna-banda/
Да се надеваме ке се успее да се срушит ДИКТАТОРОТ.
tmoro- Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13
Re: Интервјуа и колумни
Mnogu muabeti kruzat niz carshijata! Narodov se oslobodi od stravot vo golema merka, pa e teshko da gi soprat informaciite da protecat. Najinteresno e sto denovive se obelodenuva deka svileniot gajtan so adresa nikos Grujos ,Ilindenska bb e vekje ubavo spakuvan i spremen za isporaka. Isptakjac USA i EU. Duri, navodno se znae i koj ke bide isporacatelot!
Eve edno prashanje za razmisluvanje: Koj se shetashe letovo po Amerika, pod izgovor "obikolka na imotot" ???
Mozno e da bide i na "kurtuazna pokana" od USA poglavicite ???? Ili na kogo toa denovive familijava udrila pik vo svoite redovi ???
Ne mora nisto da znaci i nemora da e neshto,a ama ne e deka ne e neshto!!!
Isto taka isporacatelot e spreman za da ja nasledi dpbne, koja vo moment na pagjanje, moze da povlece brojka od 100.000 razulaveni, zombirani, debelo plateni koj vo udarniot moment mozat da nanesat ogromna steta po bezbednosta vo regionot. Za vozvrat, navodno, mu e vetena zashtita, zamena na identitet i udobna penzija........ Mnogu, mnogu raboti doprva ke se otkrivaat i objavuvaat. Zamajuvanjeto so cesmi, kruzni tekovi, radijatori i prozori samo mu odat na shteta na Nikos. Pocnaa da go zaebavaat duri na Shitel Tv. Janko sinojka go dupeshe Sarma i caci na negovata emisija, Sashe politiko za presudata na shlapas od 2k evbra, dogodina ova vreme ke si naoplati najmalku 20.000 evra od istiot.....

До кога ќе барате странци да ве донесат на власт наместо да победите на избори? Иначе не знам што го чуди Зеколи. Дипломатите во сите земји на светот се состануваат со функционери од власта. Не со свои платеници. Со нив се состабнуваат далеку од очите на јавноста. Иначе вакви приказни слушаме веќе повеќе години по ред. Не се работи иначе за 100 илјади. Повеќе подржувачи има и опозицијската СДСМ. За власт се потребни многу повеќе. Не знам дали не чувствувате уште дека Заев странците го пуштија низ вода. Откако не успеа да собере народ.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Si gi pomeshal lonchinjata Trendo...Nit si prochital, nit si razbral shto pishuva Zekoli...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Trendo, iskreno mislam deka IC nema da zalish za padot na Grujos Nikos! Dapace, vo sebe ke se raduvash! Ova stvarno go mislam najiskreno!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Страна 8 of 42 • 1 ... 5 ... 7, 8, 9 ... 25 ... 42
Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 8 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот