Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 9 of 42 Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 25 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Aвг 26 2015, 20:47

За волја на вистината не го донесе ДУИ не го внесе на власт Груевски, туку Албанците со своите гласови, мислам мнозинството во кое не е Зеколи, и Рамовната спогодба што од македонска страна ја воведоа Црвенковски и Георгиевски.
Тоа што ДУИ не сака да изврши политичко самоубиство за потребите на Зеколи, што би рекле Сорос и СДСМ можеби ве боли, но тоа е реална ситуација. Ниту една политичка партија не сака друштво на губитници. Па ни ДУИ. Всушност ДПА со радост би го гочекала заминувањето на ДУИ во опозиција. А можеби и гласачите кои гласаа за ДУИ во Тетовско, Дебарско, Студеничани ...

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Aвг 26 2015, 21:42

Ajde da ne se samo intervjua i kolumni, malku muzika...Maestro Zlatko Origjanski...

Златко Ориѓански му посвети песна на Николае


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by tmoro Пон Aвг 31 2015, 09:00

A Овај Ем Четник,Ем Лопов,Ем Рекетар,Ем Лажго,Ем Шпиун,Ем Фалбаџија,,,од уста не го вадит Заев од Муртино.


tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Пон Aвг 31 2015, 22:37

Многу зијан -малку ќар колумна на Венко Глигоров, еден период имав чест со човеков да соработувам.....ретко приземјен Македонски газда...дел што многу ме заинтегрира...и ми ја даде целата слика за македонската економија:
Кај сме ние?

Државна стратегија не може да биде успешна за граѓаните ако ставите 2000 и повеќе проекти во својата програма за работа. Таквиот документ може да биде САМО добра листа на активности, но не и стратегија која ќе носи резултати (ќар) за сите. При тоа, стандардните активности на државата, нешто за што за повеќето од работите веќе е одреден буџет, се претставуваат како проекти и со тоа се црпат дополнителни средства од буџетот.

Успешна стратегија на ниво на држава може да биде само ако иницијативите се меѓусебно причинско-последично зависни, взаемно се надополнуваат и се во склад со стратешките цели. Стратешките цели треба да бидат мерливи и со рокови. На пример, ќе создадеме услови просечната плата од 350 евра да биде 750 евра до 2018 година. Увозот на храна ќе го преполовиме поради квалитетни наши земјоделски производи до 2017та. Просечните трошоци на фирмите ќе ги намалиме за 20% во наредните две години. Стратешка цел мора да биде дека државата од 2016-та година ќе ги плаќа своите обврски во рок – ако не ги плаќа да има казни за функционерите. Откако се дефинираат стратешките цели со нивна мерливост и рокови, дури потоа се дефинираат проектите односно иницијативите според погоре кажаното.

Ако ја погледнеме програмата на владејачката партија, покрај описот на проектите се ставени буџетот (и тоа не секаде) и времето на изведба (во превод: во фокусот се ставени трошењата на нашите пари). На ударно место ги нема ефектите на овие проекти, а со тоа го нема ќарот што сите ние како граѓани го очекуваме од било која власт.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Пон Aвг 31 2015, 22:57

jako defo ....
dobredojde od odmor ...ajde meli ,so dusha te cheka melnicava ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Сеп 06 2015, 14:21

Ne znam dali imal nekoj zhivci da go sledi Bacev na Analiza 24, ama ete jas so krajni sili uspeav vo toa. Pa se prashuvam dali mu rekle na coekov deka mu e potrebna ozbilna institucija za reshavanje na negoviot problem?
Posle sashe polikliniko se cudi sto ne go razbiraat seriozno. Pa koga se ujdisal so ovakvi kreteni kako moze drugacije?
Ako sase ne se ogradi od ovega i ne go otera u PLM togash i dvajcata neka odat U PET PLM!!!!http://24vesti.mk/24-analiza-04-09-2015
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Пон Сеп 07 2015, 09:59

Ocenka so koja potpolno se soglasuvam kalifu...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Пон Сеп 07 2015, 21:40

tmoro напиша:A Овај Ем Четник,Ем Лопов,Ем Рекетар,Ем Лажго,Ем Шпиун,Ем Фалбаџија,,,од уста не го вадит Заев од Муртино.


Го изгледав ова, ме протера, два дена не бев во WC, од кога го видов ова неможам да излезам.....заради ова ги скинаа телевизиите кои беа опозиционерски, за да може мувлусиве да перат мозок.

Кој Стојанче, онај што себе си се нарекува генерал.......бре мизерни човечиња вакво нешто е дно дна.....
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Сеп 08 2015, 02:14

Интервјуа и колумни - Page 9 Images?q=tbn:ANd9GcTGgURDQGC2fVa_UvvYikG3LY36b-qM23npyWS1rXPLpEnZFjHxZg
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Вто Сеп 08 2015, 22:06

Ми е криво што не ја гледав изјавата и интервјуто на Гошев за 24 вести, изјавил дека до сега минимум тројца досегашни премиери + сегашниов требаше да се во затвор, осудени на долгогодишна робија, ако некој најде линк од интервјуто нека постира.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Вто Сеп 08 2015, 22:17

defo dali e ova nekoja nova izjava od denes ? ili postar materijal ,poodamna ...na jutjub ima intervjua so goshev no od pred edna godina zatoa prashuvam ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Вто Сеп 08 2015, 22:27

денешна , на 24 вести на Мактел прочитав..ама без видео.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Вто Сеп 08 2015, 22:54

i jas nemozam da najdam nishto ...mozebi ke stavat podocna ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Вто Сеп 08 2015, 23:14



Интересна анализа на Лиле ДОМ, и новиот лидер Горан Милевски на ЛДП....и секако навредите се тука.......роботчињата на режимот...[img]Интервјуа и колумни - Page 9 2s0ojkz[/img]
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Сеп 09 2015, 04:07

Inspektorot vo centar imal GRADEZNA FIRMA ?!?!?!?!?

E GLUPANDERI MORONSKI , TREBALO DA IMA PEKARA PA DA E KVALIFICIRAN ZA MINISTER ZA TRANSPORT I VRSKI !?!?!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Сеп 09 2015, 22:50

Тричко на Фејсбук...

Ем специјален, ем чесен!
Груевски барал специјалниот обвинител да биде "чесен, непристрасен и никој да не го попречува во работата!"
Се скинав од смеење!

Тоа е исто како осудениот на смрт да бара од струјата во електричниот стол да биде јака, концентрирана и смртоносна!

Уствари, ова со струјата има поголема смисла затоа што јаката струја овозможува брза смрт додека доживотниот затвор што на премиерот може да му го спакува "чесниот, непристрасен обвинител што никој нема да го попречува во работата" би бил еднаков на слаба струја и ужасен крај за обвинетиот на смрт!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 09.09.15.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Чет Сеп 10 2015, 14:43

Многу добра споредба. И прашање.

Дадилките од Владата на РМ
Ајде сега замислете: типот од обезбедувањето на митингот на ВМРО дека е Дадилката.

Детето е Мартин Нешковски.

Никола и Горде се оние кои не дозволуваа да ја видиме снимката и го прикриваа убиството. Фејсбук тогаш беше А1 кои беа директно обвинети од премиерот дека лажат што го поврзуваат случајот со владата. 4 години подоцна слушнавме кој лажел и кој прикривал.

И Мартин беше нечие дете и тој за жал почина. Луѓето кои го прикрива тој одвратен злостор сеуште ги плаќаме од наш данок! Прашањето на правда е политичко и морално, но не е партиско. Законот не може да важи за некои а да не важи ако некој е член на владата.

Не сте гневни што нема одговорност за оние кои прикриваа злостор или не е злостор прикривањето на убиството на Мартин? Затоа што гледам дека сте прилично гневни од снимката на злоставуваното бебе и како што и треба сите повикуваат на одговорност.

Имам кажано еднаш и ќе се повторам: побрзо ќе го легализираме лицемерието во Македонија отколку марихуаната.

Емил Атанасовски, Фејсбук, 09.09.15.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Чет Сеп 10 2015, 19:54

Значи вака, и ова што се деси со бебево е кривица на еден грешно поставен систем (уште од даминина-1990),  зошто не се спроведат за некои специфични дејности ..како на пример бејбиситерки, лиценци, регистар јавно достапен........За секој да може полесно да се определи за особа која ќе го чува нејзинито дете....

defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Чет Сеп 10 2015, 20:37

ima licenci ...se polaga za niv ...otvori na internet i najdi ...prochitaj gi prashanjata ...gi sostavile crepovi nepismeni ...edno od prashanjata e :koj ja izdava licencata ...odgovor :ministerot za trud i socijala dime spasov ......
ova ne e shega ,ova e vistina ...javno se dostapni i prashanjata i odgovorite na stranata na MTSP ....

posle ova sekoj moze sam da si donese zakluchok :koj gi licencira i kogo licencira ....se otide vo bestraga ...site vrednosti se izmesteni ....ne ne biva ednostavno

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Чет Сеп 10 2015, 22:22

Тогаш се извинувам, значи грешката е уште поголема во системот... не смее, така лаконски да се пристапува кон порамнување на легистративите со оние на ЕУ. Тоа доведува до вакви апсурдни ситуации.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Пет Сеп 11 2015, 05:35

Defo! Mislam deka ja razbra poentata na Osa! Kaj nas se uvedoa skoro vo site dejnosti, licenci, sertifikati, dozvoli...... po terkot na evropskite legislativi. Problemot e vo toa sto vo Evropa se voveduvaat istite tokmu poradi sluckite kako ovaa so bebeto, a kaj nas za polnenje budzet i za klasicno REKETIRANJE lica i firmi.
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Пет Сеп 11 2015, 07:52

Hamad bim Khalifa напиша:Defo! Mislam deka ja razbra poentata na Osa! Kaj nas se uvedoa skoro vo site dejnosti, licenci, sertifikati, dozvoli...... po terkot na evropskite legislativi. Problemot e vo toa sto vo Evropa se voveduvaat istite tokmu poradi sluckite kako ovaa so bebeto, a kaj nas za polnenje budzet i za klasicno REKETIRANJE lica i firmi.

на тоа и мислев.........Ние сме полни такви апсурди.....
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Сеп 11 2015, 14:57

А кој може да им забрани на родителите да ангажираат нелиценцирана бебиситерка. Посебно доколку е во некакви роднински врски со нив како што е во овој случај. Иначе, за жал вакви инциденти има секаде во светот. Како што луѓе со возачка дозвола (лиценца) прават сообраќајки по своја вина. Лиценцата ја намалува опасноста. Не ја исклучува.
Не знам зошто не напишете дека за случајот со малтретираното бебе е виновен Груевски и дека поради тоа Џорџс Сорос треба да го избере идниот премиер. Претпоставувам дека така мислите. Патем, тоа што за прв пат имаме апсење на бебиситерка за насилство врз бебето што го чувала, не значи дека такви случаи немало и порано. Доколку насилството се докаже и во тој случај насичничката добие заслужена казна, тоа веројатно ќе делува превентивно. Гледам дека во овој случај им верувате и на МВР и на новинарите од МАН. Очекував дека ќе ја прогласите негувателката за опозиционерка или соросоидка на која и местат случај. Како што беше со снименото барање за поткуп од Зоран Заев. На едно евро за државата по две евра.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Саб Сеп 12 2015, 14:42

трендафил напиша:А кој може да им забрани на родителите да ангажираат нелиценцирана бебиситерка. Посебно доколку е во некакви роднински врски со нив како што е во овој случај. Иначе, за жал вакви инциденти има секаде во светот. Како што луѓе со возачка дозвола (лиценца) прават сообраќајки по своја вина. Лиценцата ја намалува опасноста. Не ја исклучува.
Не знам зошто не напишете дека за случајот со малтретираното бебе е виновен Груевски и дека поради тоа Џорџс Сорос треба да го избере идниот премиер. Претпоставувам дека така мислите. Патем, тоа што за прв пат имаме апсење на бебиситерка за насилство врз бебето што го чувала, не значи дека такви случаи немало и порано. Доколку насилството се докаже и во тој случај насичничката добие заслужена казна, тоа веројатно ќе делува превентивно. Гледам дека во овој случај им верувате и на МВР и на новинарите од МАН. Очекував дека ќе ја прогласите негувателката за опозиционерка или соросоидка на која и местат случај. Како што беше со снименото барање за поткуп од Зоран Заев. На едно евро за државата по две евра.


Дај бе не се прај на ретардиран, постави се ти во ситуација на дедото на одна јадно бебенце, таа чиста душа........ебати ДПМНЕ-скиот Киборг.
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Вто Сеп 15 2015, 07:58

Nikola Dimitrov za Sloboden pechat...

Машинеријата на Груевски ќе се распадне како кула од карти

Интервјуа и колумни - Page 9 Nikola_Dimitrov-Negova

Се согласувате ли со тезата дека Македонија сега се наоѓа пред крстопат? Добро, всушност, ние 24 години независност сме постојано на некаков крстопат, но сега постои теза дека сме дојдени до една судбоносна точка буквално да се биде или не. Дали и однадвор погледнати работите изгледаат толку критични? Дали се согласувате со тезата зад која, верувале или не, застана и МАНУ, а таа е дека опстанокот на државата е загрозен?

- Јас изборите во април ги доживувам како тест за нашата државност. Ако како нација, после сè што слушнавме, после извештајот на Прибе што индицира директна вклученост на владини функционери во изборни измами, корупција, злоупотреба на службена положба за лични и партиски цели, уцени, заплашување, партизација - практично целосна узурпација на државниот апарат и сведување на институциите на партиски сервис - не покажеме доблест и морална сила да кажеме не, не заслужуваме ништо подобро од агонијата што ќе следи.
Македонија во април има состанок со историјата. И затоа мислам дека сите ние, сите граѓани, треба да ја одиграат својата историска улога.
Искрено, мислам дека е крајно време да зборуваме отворено, тоа што го видов од МАНУ е премногу малку, премногу доцна.

Граѓаните се соочуваат со сериозни уцени и притисоци? Премиерот, игнорирајќи ги сите индикации и критики од извештајот на Прибе, е во поход да стаса до секое село и со секакви ветувања се обидува да го одржи во живот веќе воспоставениот клиентелизам. Дали верувате дека сетот тоа на крајот ќе биде јалово?

- Народот е исправен пред историски момент, би го нарекол момент на храброто срце. Убеден сум дека сите, длабоко внатре, знаат што треба да направат. Ако мнозинството се осмели, секој во своите можности, да си ја следи совеста, машинеријата на Груевски ќе се распадне како кула од карти. Оти видете, бонбоните и лажачките, ветувањата пред избори, се финансираат со парите на нашите деца. Овој систем на (не)владеење, зема од иднината и ја разјадува државата за да остане на власт. Кога власта е единствената цел, тука веќе нема политика. Тука има апсолутизам.

Бевте на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Може ли да ни кажете во кое својство, бидејќи малкумина во Македонија знаат што точно работите во Холандија, и секако може ли да ни ја доловите перцепцијата за Македонија од тој самит. Некако малку детали разбравме за суштината, преплавени бевме со голгетерските способности на премиерот.

- На Самитот во Виена бев во својство на експерт, како коавтор на студија за отстранување на билатералните спорови како пречки на патот кон ЕУ. Кога процесот на пристапување ќе стане заложник во рацете на една земја-членка, жртва е земјата-кандидат, но и целата визија на ЕУ за Балканот. Излеговме со повеќе препораки, меѓу кои и Декларација со која земјите се заложија дека нема меѓусебно да се попречуваат на патот кон Европа.
Официјалната делегација на Македонија не беше на панелот за билатерални спорови, ниту на дијалогот со граѓанскиот сектор, каде што главни ѕвезди беа Вучиќ и Рама. За жал, но и со право, нашата ѕвезда во Европа веќе не свети. На нас се гледа со разочарување и загриженост. Но секоја криза создава и шанса. Сите ја гледаме и ја мирисаме калта. Ако собереме сили да излеземе, ако граѓаните ја задржат откриената моќ, лесно и за кратко време можеме да бидеме најсветлата ѕвезда на Балканот. До нас е.

Аналитичарот Сашо Орданоски, кој исто така беше во Виена, вели дека вистински ѕвезди на самитот биле премиерите на Србија и Албанија Вучиќ и Рама, додека кога ќе го спомнел на името на Груевски, „странците бегале од него како да има венерична болест“. Дали го делите овој впечаток и дали Македонија е навистина толку фрлена на маргините на Западниот Балкан? Не толку одамна бевме регионален лидер и нè посочуваа како пример за мултиетничка земја која известува стабилност.

- Во ова трагично назадување, има главни виновници, но има и соучесници. Соучесници сме сите што ова го дозволивме, а соучесник е и ЕУ. Оставајќи нè на милост на Грција премногу долго, создаде контекст плоден за алтернативни приказни. Минато, наспроти иднина. Етно-митологии, наместо владеење на правото, еднакви шанси за сите и меритократија. Натпревар во послушност, наместо натпревар во способност и знаење. Кризата е повик за будење, наше дома, но и на ЕУ во Брисел и сите други главни градови.

Добро, очигледно е дека и во Брисел и во најважните европски престолнини го увидоа тоа и сега активно партиципираат во решавањето на политичката криза. Сепак, политичката криза можеби е најрешливиот сегмент од општествениот амбис во кој паднавме. Што правиме со тотално разрушените вредности, со големите загуби на човечки и интелектуален потенцијал... Еве и Вие сте дел од таа елита, која Македонија трајно или привремено ја загуби.

- Новата политика нема да може сама да ја изгради идната Македонија. Но може да ги постави темелите. Ако идната политика бара способност, а не партиско членство, тоа ќе биде добар чекор кон воспоставување вистинска вредност. Ако имаме силни институции што функционираат, принципот на одговорност ќе стане вредност. Сепак, трајните промени кон подобро зависат од сите нас. Ако се залагам за чесност, мора да бидам чесен самиот. Ако се залагам за еднаквост, мора да ја следам процедурата за сите. Надеж гледам во студентите и во средношколците. Таму е изворот на вредносниот скок што го посакуваме. Ама дајте луѓе, да се обидеме да им оставиме колку-толку пристојна стартна позиција.

Бевте амбасадор во најмоќната држава во светот, САД, а одбивте да одите во веројатно втората најмоќна - Русија. Зошто?

- Бидејќи немаше да бидам корисен во однос на каузата, така како што јас ја гледам. Бидејќи, како што кажав кога заминував, имав чувство на лична одговорност за тоа каде оди или не оди Македонија. Конечно, си ја слушав совеста. Меѓутоа, немав воопшто претстава колку сум бил во право, сè додека не ги слушнав снимените разговори. Верувајте, оваа слобода да зборувам и да правам што мислам, во контекст на кризата, ме прави далеку покорисен за Македонија наспроти амбасадорувањето во која било земја или организација.

Добро ги познавате политиките на САД, како и македонско-американските односи, може ли да анализирате по две прашања - прво, дали сè уште ги имаме САД како стратешки партнер на истото ниво како што тоа беше по Самитот на НАТО во Букурешт; и дали САД ќе ја преземат иницијативата за решавање на македонската криза сега, кога таа влегува во некаква завршница, или ќе ја остават диригентската палка во рацете на ЕУ?

- Видете го нивото на средби со САД на високо и највисоко ниво во последниве години и сами ќе донесете заклучок. Овде нема доволно простор за да се објаснат сите елементи, меѓутоа поради низа погрешни чекори, денес не е лесно да се има симпатии кон Македонија. Покажавме извонредна способност од најголемите пријатели, меѓу кои и амбасадори во Македонија, да направиме „непријатели“. Дел од причините се и објективни, вон наше влијание. Но приказната дека САД не ни се толку блиски колку што ни биле поради тоа што демократите се на власт е само површна приказна и ништо повеќе. САД и понатаму ќе бидат тука кога се работи за стабилноста на Македонија и, воопшто, на регионот. Иако палката е кај ЕУ, Вашингтон е секогаш тука кога се работи за важни прашања. Дијалогот меѓу Белград и Приштина, како илустрација, тешко дека ќе вродеше со плод без директен и постојан ангажман на американската администрација, заедно со Високиот претставник на ЕУ.
Впрочем, првата директна искрена порака за македонската криза дојде токму оттаму, од Вашингтон.

Ги спомнавте демократите како лажен изговор на македонските власти за пониското ниво на односи. Колку политиката на САД на Балканот ќе зависи од претстојните претседателски избори таму? Кај нас и во некои соседни земји се сее страв дека евентуална победа на Хилари Клинтон ќе значи многу посилна поддршка на косовската независност, но и на идејата за некаква федерализација на Македонија.

- Првиот аксиом за реална надворешнополитичка анализа е свеста за сопствената важност и тежина. Во услови на глобална криза на владеење и огромни предизвици, политиката кон Балканот и по претседателските избори во САД ќе продолжат да ја градат професионални дипломати во Стејт департментот, тргнувајќи од основниот базичен интерес - стабилен регион и функционални демократии. Се чини дека често сопствените проблеми ги бараме надвор, далеку. Јас мислам дека е обратно. До нас е, тука и денес.
Споменавте федерализација... дали воопшто сме го допреле прашањето на меѓуетничката интеграција? Што правиме со сегрегацијата во образованието? Тоа се прашања на кои треба да работиме ако сакаме долгорочно стабилна Македонија.

Бевте и македонски преговарач во спорот со Грција за името, мислите ли дека набрзо по изборите во април, на новата македонска влада, која и да е, ќе ѝ биде испорачано решение на спорот, кое и за Грција и за нас ќе биде без можност за отфрлање? Колку е реално да се очекува решение на спорот, со оглед на комплицираноста и ирационалноста на самиот конфликт наметнат од Грција, како и додатното комплицирање од двете страни низ годините?

- Мислам дека кризата и трагичниот викенд во Куманово ја разбудија меѓународната заедница во однос на неодржливоста на статус квото во Македонија. Оттука, прашањето на името, како пречка на патот напред, ќе се издигне повисоко на агендата. Има различни сценарија во зависност од исходот на изборите во април.
Ако успееме да ги ослободиме институциите, ако го ресетираме стариот атрофиран политички систем, тоа ќе создаде добра волја надвор, што ќе ни биде потребна.
Бидејќи името се промовира најдобро со вистински вредности дома и со пријатели надвор. Името и идентитетот не се бранат со удирање во гради дома.

Можно ли е решение без да се создаде концентрациона влада, која заеднички ќе го понесе товарот на решението? Нешто слично како со Рамковниот договор?

- Прашањето е без дилеми едно од најважните прашања за нацијата. Оттука, неопходна ќе биде форма преку која ќе се изгради широка граѓанска и политичка поддршка за нашите позиции.

Вторник е дедлајнот за избор на специјален обвинител. Првата кота што треба да се совлада за излез од политичката криза. Можете да прогнозирате што ќе се случи во вторник?

- Имаме договор чие доследно спроведување може да ги потврди наводите за злоупотреби на дел од страните потписнички. Имаме договор каде што дел од страните, за кои Прибе вели дека има сериозни индиции за големи злоупотреби, треба да работат против самите себе. Наводите за злоупотребите на Владата на ВМРО и ДУИ е предмет на договорот, негова цел е да ги санкционира тие злоупотреби, а субјекти во договорот, покрај опозицијата, се повторно ВМРО и ДУИ. Оваа противречност е најголемиот ризик за имплементацијата.
Затоа, без постојан граѓански притисок и без длабок директен мониторинг на меѓународната заедница, нема да има никаков реален напредок, ниту пак, специјален јавен обвинител.
За крај, дозволете ми една лична порака до јавноста. Рузвелт во една пригода рекол дека демократијата не може да успее освен ако тие што избираат, не се подготвени да изберат мудро. Денес во Македонија ни треба мудрост и храброст. Треба политички да ги казниме тие што го изгубиле моралниот компас. Затоа, на секое сечење црвена лента, на секое ново тротоарче, на секое најавено засладување, потсетете се на гласовите од разговорите. Ако тие немаат доблест и совест да си сносат одговорност, ние треба да имаме доблест и совест да ги испратиме во политичка историја. Ако сакаме држава.

Што се случи со таканаречената Амстердамска тројка. Почна да делува многу ангажирано, а потоа стивна и веќе ја нема во јавноста како „тројка“? Дали се разидовте со Димшоски и со Лазаревиќ, или секој тргна по свој пат и по свој начин да ги реализира своите идеи, замисли и идеали?

- Решението за јавно делување и повик за револуција на совеста, почна од таа средба. Но јас уште на првото интервју ден-два подоцна, укажав дека не станува збор за формална организација, дека настапувам во свое име како граѓанин. Ќе беше тажно ако соработката останеше на ниво на тројка. Во одлуките каква треба да биде мојата улога во настојувањето Македонија да ја искористи оваа шанса, ќе продолжам да се раководам од прашањето - како да бидам најкорисен, во рамките на можното.

Ве контактирале ли некој за некакви конкретни функции во Македонија? Вашето име можеше да се слушне и како можен премиер доколку се одеше на варијанта техничка или експертска влада.

- Златните престоли нè уништија. Ни треба широк демократски блок за да ги земеме и да ги фрлиме надвор од владата. Тука гледам улога за мојот глас и ќе дадам сè од себе да бидам корисен. Сè што правам оваа историска година, е мотивирано од оваа определба.



Разговарал Сашо Кокаланов

(Објавено во „Слободен печат“)

http://plusinfo.mk/mislenje/779/mashinerijata-na-gruevski-kje-se-raspadne-kako-kula-od-karti

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 9 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 9 of 42 Previous  1 ... 6 ... 8, 9, 10 ... 25 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот