Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 7 of 42 Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 24 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Саб Мај 09 2015, 00:51

Arhimed напиша:
tmoro напиша:На Телма е поканет Бранко ,,,,,Жане Лупевска му вика во твое време 200 000 илјади ја изгубија работата...
Не беше вина на Бранко што фабриките беа воглавно државни, превработени и ниско продуктивни.
Вината му беше што не направи фер систем на приватизација и услови да дојдат странски инвестиции да ги вработат отпуштените.

ako ne ti prechi ,bi sakala da slushnam za kakov fer sistem zboruvash ...pa makar i preku hipotetichki primer da objasnish !
dali veruvash deka sega ima "uslovi "za stranski investicii ?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Саб Мај 09 2015, 06:35

osa напиша:pa zar ja gledash ? ostaj bre toa degenericite ! ubavo vikash CELI DEVET GODINI I BESHE SUPER I NE UBEDUVASHE KOLKU NI E UBAVO <a sega ke ne ubeduva deka SVATILA OTI OVAA POLITIKA BILA GRESHNA ...abe da se ispovratish ...

da te prasham u koja bomba go vikaat Johan kopile ako znaesh da mi kazesh ...
Izgubiv orientacija malku ama mislam u zadnjive dve tri! tuka negde 27,28,29...ta po red - sigurno!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Arhimed Нед Мај 10 2015, 03:47

osa напиша:
Arhimed напиша:
tmoro напиша:На Телма е поканет Бранко ,,,,,Жане Лупевска му вика во твое време 200 000 илјади ја изгубија работата...
Не беше вина на Бранко што фабриките беа воглавно државни, превработени и ниско продуктивни.
Вината му беше што не направи фер систем на приватизација и услови да дојдат странски инвестиции да ги вработат отпуштените.

ako ne ti prechi ,bi sakala da slushnam za kakov fer sistem zboruvash ...pa makar i preku hipotetichki primer da objasnish !
dali veruvash deka sega ima "uslovi "za stranski investicii ?
Системот на приватизација беше таков да на вработените во фабриките им се даваа акции со предност и со попуст. Некои работници добија акции во Пивара, УСЈЕ, Алкалоид, ... други добија во ОХИС, стаклара, ТЦ Скопјанка, , ... Како кој се нашол.
За да се приватизира што поголем процент, некои од акциите беа непотполни, т.е. за да може да се управува со акциите (да се продадат), требаше да се доплатат придонеси на плата.
(Во меѓувреме, се донесе и закон со кој се ограничија работниците да ги продаваат акциите без согласност на управата од фирмите. Така да управата ги купуваше акциите по пониски цени од пазарните. И не е чудо што Мукаетов генералниот на Алкалоид на крај заврши со 37% акции, додека претходниот сопственик на Алкалоид со денационализацијата доби 11%.)

Вработените од МВР, лекарите, старешините, -- не добија ништо.

Чешка имаше модел на ваучер, со кој сите полнолетни граѓани добија можност да купат акции во било која државна фирма. Најголемиот дел од нив го продаде ваучерот на инвестициските фондови кои со ваучерите ги приватизираа фирмите. Сите граѓани на Чешка беа третирани еднакво.

За условите на инвестиции од странство - се привлекуваат странци со огромни попусти и владина поддршка, а не знаеме во позадина колку од инвеститорите треба да искешираат на сметки во Лугано , Белизе, ... за да ги добијат поволностите.
И тоа не е нешето ново. Најбизарен пример на одбивање на странци беше во Велес
Канал 5 напиша:[url=линк ]http://star.kanal5.com.mk/%28S%28oiy33045i3onb4qe5u0x3nbd%29%29/print.aspx?eventId=40017&AspxAutoDetectCookieSupport=1[/url]
Велешкиот суд денеска ја потврди одлуката што оваа фирма ја соопшти уште пред 5 месеци, кога мнозинството доверители во велешка Топилница ја дисквалификува нејзината понуда вредна 3 милиони и 300 илјади евра. Јалим не влезе во изборот оти наводно имал банкарска гаранција покуса за 100 евра. - Во конкретниот случај само се констатира повлекувањето на турската фирма од продажбата на топилницата. Тоа значи дека стечајниот совет треба да постапи по упатствата на Апелациониот суд од Скопје и со нова одлука да одлучи што понатаму - вели претседателот на велешкиот суд Шефчет Адеми. Пред три дена, со истата одлука на судот во Велес, конечно е дозволено на Турците да им биде вратена и банкарската гаранција вредна еден милион евра. И покрај тоа што понудија еден милион и 100 илјади евра повеќе од конкурентите, скопското друштво за трговија и производство Метрудхем , турските инвеститори се откажаа од купување на топилницата тврдејќи дека во Македонија бизнис групи местат тендери и продажби на фирми.
Турците уплатиле банкарска гаранција, ама банката им одбила 100 евра провизија. Е токму заради кусокот во оваа провизија ги одбија Турците, иако фактички ставиле под гаранција 999 900 евра. Мафијашите барале влакно во јајцето, и го нашле.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Нед Мај 10 2015, 11:47

ДЕТЕ ИЛИ ПАРТИЈА

Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Среќа багерите уште не излегле на протест

1   Убаво што полицијата ги затвори сите приоди кон Владата за да обезбеди непречено чистење на фасадата од јајца. Луѓето сериозно ги сфатија препораките за здрав живот на премиерот кој пред неколку месеци дури кажуваше и колку чекори дневно треба да се пешачи. И ете факт е - луѓето пешачат. Дури и кејот на Вардар зад Владата што скопјани си го викаат Инфаркт штрасе привремено е дислоциран. Башка, се враќа и довербата кон институциите на државата. Кардио вежбите се прават од Владата, преку Јавното обвинителство, до Собранието.
Цел центар е блокиран само за фасадата на Владата да остане чиста. Оти на власта и е многу поважна фасадата, отколку да чуе што имаат граѓаните да $ кажат.
Разни луѓе си имаат различни причини да не ја сакаат оваа власт. И веруваат дека имаат право тоа да го кажат. Некои оти не им се допаѓа тоа што го слушнале во бомбите на Заев. Некои дека си имаат проблем со парцели и катастри. Некои дека си имаат проблем со учителките на децата и директорите по школите. Некои оти биле зафркнати на суд. Некои оти мислат дека реформите во образованието се ѓубре. Некои оти мислат дека од реформите во здравството умираат луѓе. Некои оти не добиле здравствена услуга каква што треба. Некои оти хонорарите им се помали отколку што им беа, а пак немаат здравствено што го платиле. Некои не ја согледуваат убавината на новиот лик на зградата на Владата. Или пак на цел центар на Скопје.
Ама, колку и да го шират фронтот на затворени улици со полицајци-специјалци , нема да им го променат мислењето на луѓето. И полициски час да воведат - џабе им е. И него еден ден ќе треба да го укинат. Оти полицискиот час ќе важи и за оние на кои им се допаѓа Владата, па нема да можат да уживаат во убавините на градот. И медиумите да продолжат да се прават будали па да известуваат за горештини, алергии и диети додека има протести по улиците - џабе им е. И водените топови што ни ги подари Ердоган, а ни фала не му кажавме, да ги активираат џабе им е. Не мислат белким дека ќе можат цел живот забарикадирани среќно да живеат. Тоа ти е. Со сила убавина можеби бидува. Ама не за долго.

2   Што сакаше да каже премиерот Груевски кога во интервју на Сител ни порача дека од партиското членство постојано добивал пораки со револт, зошто не дејствуваат пожестоко. Па чул дека дури членството се самоорганизирало, правело списоци...
За што прават списоци? Против кого? Кој треба да дејствува пожестоко на барање на членството на ВМРО? Полицијата ли? Чија е полицијата? Груевски чиј премиер е? Наш е? Или само на ВМРО-вското членство?
Што ќе прават тие што се самоорганизираат по список? Партиска војска? Има ли тоа членство на партија што се самоорганизира свој лидер? Кој е лидерот? Дали на тој лидер му се слуша зборот? Или Груевски, премиерот мисли дека нема да биде виновен, ако Груевски, лидерот на партија, не може да ги контролира тие што се самоорганизираат и стане некоја беља.

3   Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот во Куманово рече дека е многу разочаран од некои родители кои кусогледо застанале зад своите деца и ги поддржале во протестите не затоа што сметаат дека е исправно нивното барање, туку затоа што се од спротивна политичка опција. "Политичките спротивставености наспроти иднината на нивните деца. Апсурд", се зачуди Груевски.
Да де. Родителите не знаат што е добро за нивните деца, па чекаат Груевски да им каже. Или, знаат, ама свесно ќе ги жртвуваат своите деца, за да му направат ќеф на СДСМ, а за инает на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не е апсурд.
Самата помисла дека некој може да размислува поинаку е разочарувачка за Груевски. Во неговиот свет луѓето мора да бидат членови на партија. И мора да мислат како што ќе им кажат во партијата. Неопределени и аполитични нема. А луѓе што мислат со своја глава, пак ич.
А зад кого да застанат родителите ако не зад своите деца? Тоа ли е изборот што го нуди Груевски: дете или партија?
Веројатно така мисли и за полицијата. Сигурно ќе биде разочаран ако и полицајците застанат зад своите деца.

4   Според Уставот, правото на протест без претходна дозвола им е дадено на сите, па макар биле и "комуњари проклети". И тоа право може да се ограничи само во услови на воена и вонредна состојба.
Да не чул некој нешто за претседателот Иванов деновиве? Може му дале да потпише некој таков указ пред да замине кај Путин. Слушнав дека вчера се гледал со деца од некое основно школо. А оние децата што седат 25 дена на улица секој ден ги гледа кога го возат со колата. Освен ако баш во тој момент не гледа кон зградата седиште на Мисијата на ЕУ. Оти тој кон Европа е свртен цело време.
Тој треба да е татко на нацијата. А нацијата ни е како дисфункционално семејство. Нели кога децата ќе се скараат, таткото ги собира на еден ручек и се обидува да ги смири. Овој нашиов татко само со едно дете прави муабет.
Којзнае колку му е убаво на Иванов. Никој ништо не бара од него затоа што не може ништо и да очекува. Ужива во сопствената нефункционалност. А можеше барем еден апел да испрати, да повика на разум, на смиреност... Колку да знаевме дека гледа и некоја друга телевизија освен МТВ. Па фолкерката Јелена Карлеуша успеа да се јави од Белград за протестите, а тој од Водно не се јави. А башка, и Кили од Еквадор пак прозборе македонски.

5   Слушам на ова снимкиве како за нас новинарите викаат дека сме дебили, идиоти, човечиња, морони... И си викам: А бе ние идиотите плата им даваме ним за така да не навредуваат. А и телефонските сметки за разговорите во кои не викаат идиоти им ги плаќаме. Баш сме идиоти.

6   За вчерашниот протест на ЈСП пред седиштето на СДСМ немам што да кажам освен да искористам еден твит: Во цел свет протестираат луѓе, кај нас протестираат автобуси.
Среќа багерите уште не излегле на протест.

http://www.vest.mk/?ItemID=83170A3450762B47A6A3A7E72C0DE9C5

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Пат Нед Мај 10 2015, 12:34

Којзнае колку му е убаво на Иванов. Никој ништо не бара од него затоа што не може ништо и да очекува. Ужива во сопствената нефункционалност. А можеше барем еден апел да испрати, да повика на разум, на смиреност... Колку да знаевме дека гледа и некоја друга телевизија освен МТВ. Па фолкерката Јелена Карлеуша успеа да се јави од Белград за протестите, а тој од Водно не се јави. А башка, и Кили од Еквадор пак прозборе македонски.

Не е ден за смеење, но ова му е многу добро.
Пат
Пат

Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Пон Мај 11 2015, 22:48

360 stepeni na AlsatM so sekogash interesnite: Ordanovski, Muhamed Z. i Markovski - kako gosti !
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Мај 12 2015, 15:38



Vidi ja stevka-shegobijka! More majmunke, zoshto mu gi kradesh smeshkite na Horheta? Grom da te udari u jarecu cetnicku bradu!!!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Мај 12 2015, 20:59

Na TOP TEMA na Telma Randu od nShitel se isposra!!! Pocna da d'tka! Koga edna smutla Lupevska go trti ko coban ovca, meri mu go pametot! Ne dzabe mu dale nadimok Randu!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Пат Чет Мај 14 2015, 18:46

Вечерва на Алсат е Али Ахмети.

http://libertas.mk/%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B0%D1%85%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B0-%D0%B3%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%BD/

На Алсат ги преведуваат ли на македонски интервјуата со Албанци?
Пат
Пат

Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa Чет Мај 14 2015, 18:51

Пат напиша:Вечерва на Алсат е Али Ахмети.

http://libertas.mk/%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B0%D1%85%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B0-%D0%B3%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%BD/

На Алсат ги преведуваат ли на македонски интервјуата со Албанци?
Da

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Мај 14 2015, 19:02

So ke vi preveduvaat od albanski? Od drmne - epten  si se razbirate so Alji!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Пат Чет Мај 14 2015, 19:04

И што ти требаше ваков коментар?
Пат
Пат

Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Мај 14 2015, 19:08

Pa zarem ke go slushas Alji sto ima da kaze za momentalnava kriza vo RM? Ako sakash da ti zastedam sat vreme, mozam da ti ja raskazam vecerasnata emisija na Alsat M so Alji vo par recenici ?!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Мај 20 2015, 12:28

Интервјуа и колумни - Page 7 Happy-smiley17 Интервјуа и колумни - Page 7 Happy-smiley17 Интервјуа и колумни - Page 7 Happy-smiley17

ЗОШТО ПРОТЕСТИРАМ? Зошто дијаспората ми е лута дека протестирам?

Се извинувам што е текстот малку подолг… Ретко тоа го правам, ама сега сум малку повеќе револтиран од обично!

Во бивша Југославија имаше еден многу познат актер, Љуба Тадиќ… Тој во една прилика рече: „Никогаш не зборувам за политика со луѓе што мислат различно од мене.“ Јас немам проблем да зборувам за политика со било кој, освен со оние кои што политичката борба ја третираат како спортски натпревар… За нив е важно нивниот тим да победи и не им пречи дали имало груба и нефер игра и дали судијата е поткупен… „Само да победиме и друго ништо не ми е важно!“

Интервјуа и колумни - Page 7 10462988_775584462485858_7406066346946648683_n

Во нашата дијаспора има многу луѓе кои што не го сакаат СДСМ и го третираат како партија наследник на комунистичката партија… Од тука почнува и тука завршува секоја нивна дискусија за политика… Ако Леброн Џејмс и Меси извадат членски книшки од СДСМ, тие ќе почнат да кажуваат дека Леброн нема врска од кошарка, а Меси е труп за фудбал… Апсолутно никаква објективност и при евентуални дебати, апсолутно никакви факти и никакви аргументи…

Да ви кажам еден пример од денес… Постои една фејсбук група Macedonians in Canada (со над 1.300 членови) и се отвори дискусија за актуелната политичка ситуација во Македонија… Неколку дискутанти кажаа дека на протестот од опозицијата во Македонија имало малку, а на протестот од ВМРО имало многу луѓе… Еден мој пријател (Aco Gjor) постираше фотографии од кои што може реално да се види каков беше протестот од опозицијата… Јас сум сигурен дека за најголем дел од членовите на таа фејсбук група, тие фотографии би биле големо изненадување… За жал, админот на групата (Chris Tajca) експресно ги избриша… Зошто да се скрие вистината? Кој се плаши од неа?
(Истиов текст ќе го ставам и во таа група… Ако биде избришан, излегувам од таа група!)

Да кажам сега нешто за МОИТЕ политички ставови, односно даобјаснам зошто протестирам… По природа, јас сум „опозиционер“… Не сум задоволен од ниту една власт досега… Кога СДСМ ја водеше Македонија во 90-тите, јас бев во првите редови на митинзите на ВМРО… Не бев задоволен од политиките на Бранко Црвенковски, на Љубчо Георгиевски, на Владо Бучковски, а не сум задоволен ниту од Никола Груевски… Дури и тврдам дека Груевски е убедливо најлошиот премиер што го имала самостојна Македонија… Тука не ни има простор за споредба…

И не се плашам ГЛАСНО да кажам… Сакам повеќе демократија во мојата Македонија… Сакам подобора економија во мојата Македонија… Сакам послободни медиуми во мојата Македонија… Не сум задоволен што од 26-то паднавме на 134-то место на листата на „Слобода на медиуми“… Не сум задоволен што имаме најмалку инвестиции по глава на жител во Европа… Не сум задоволен што според меѓународни стандарди имаме континуиран раст на стапката на сиромаштија… Не сум задоволен што имаме гломазна администрација во државата и континуиран пад на бројот на вработени во индустријата… Не сум задоволен што луѓето СЕ ПЛАШАТ да кажат дека не ја сакаат власта (барем до скоро беше така)… И уште многу други работи… Можам уште многу долго да набројувам…

Патем, не сакам СДСМ-хејтерите да си го узурпираат правото да се претставуваат поголеми Македонци од мене… За Македонија многу сум правел и многу ќе правам… Долги години спонзорирам многу македонски организации со бесплатни домејни и бесплатен хостинг… Тука се MHRMI, Виножито, ОМО „Илинден“ – ПИРИН, Македонска Алијанса од Албанија, Народна Волја (весник на Македонците во Бугарија), неколку македонски цркви во Канада и САД и многу други организации, друштва итн. Исто така, сум донирал финансиски средства во MHRMI, ОМД (Обединета Македонска Дијаспора), во македонски цркви итн.

И не сакам никој и никогаш да се сомнева во мојата љубов кон Македонија и да ме смета за ПОМАЛ МАКЕДОНЕЦ од „вмровците“!

Ацо Лукароски – македонски исселеник во Канада

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Сре Мај 20 2015, 18:06

Zekoli, car...

ДОМА МАКЕДОНИЈА ОТВОРEНО ПИСМО ОД ЗЕКОЛИ ДО ГРУЕВСКИ

Интервјуа и колумни - Page 7 Arsim_zekoli_1_ajb_main-735x400

Господине Груевски, Вие сте во истиот филм на десетици и десетици други водачи соочени со агонија на сопствените дебакли. Не обвинувајте го Заев за Вашата нелагодност. Да не беше Заев, ќе се појавеше некој друг.

Однапред и воведно признавам дека ми е непријатна сопствената индискреција и непристојност што во обраќањето кон Вас се воздржувам од користењето на титуларот на функцијата која се’ уште ја вршите. Ве уверувам дека тоа не е од лични побуди, ниту пак намера за омаловажување, туку со единствена побуда и повод за сеопфатно прикажување на ситуацијата од сите димензии и во нејзината соголена природа. И покрај оваа моја индискреција, сакам да подвлечам дека мотивот на моето обраќање и целта која сакам да ја постигнам не е водена од барање за ваша оставка на функцијата која ја имате. Не дека не мислам дека часот е зрел за таков суд, туку претпочитам дискусијата да ја задржам на взаемно ниво на уважување и без подлегнување на предизвикот за преценување на мојата небитност.

Моето обраќање до вас дојде сосема непланирано и спонтано по внимателно следење на вашето синоќешно (понеделничко) обраќање. Со посебен фокус на вашиот говор и претпоставувам внимателно избраните поенти со кои се обидувавте да ја анимирате анемичната маса скриена во скопското и вашето приквечерие. Без должење, господине, говорот и вашиот усилен оптимизам ме потсети на една друга пост-кумановска епизода на еден друг постводачки лик, кој исто како и вие, поразите наметнати врз сопствениот народ со последни сили се трудеше да ги претстави како победи на неговата визија. По игра на случајот, станува збор за господинот Слободан Милошевиќ и неговиот неславен говор по поразот од НАТО и „победата на Србија“ во Куманово. Оставам на вас доколку покажете интерес да си ги пронајдете сопствените точки на сличност помеѓу вашето последно обраќање и она на именуваната личност. Верувам дека тоа нема да биде лекција која ќе изискува позначаен напор од ваша страна.

Во едно од обраќањата на вашата партија вие почувствувавте потреба да нагласите дека „Заев не е тој кој ја контролира ситуација“. Настрана индикативната (самосоголувачка) потреба да се нагласи една таква поента, ќе ми дозволите да не се согласам со вас и истото ќе го образложам. И тоа преку парадоксичната забелешка дека не само што токму Заев ја диктира состојбата, туку и дека токму Вие, лично и функционално, сте оној кој го има воздигнато и насадено во таа управувачка позиција. Газејќи го златното правило на менаџерството дека предвидливоста е мајка на предноста во проценката, вие го втеравте Заев во безизлезна ситуација во која мора да се бори бескомпромисно за својата слобода и безбедност. Со што практично – и ќе дозволите да кажам, несфатливо аматерски – го израмнивте полето за натпревар и мотивите за жестокоста помеѓу вас и г. Заев. Поинаку кажано, како што вие стравувате од реалните и извесни последици на вашата демисија, така и г. Заев е сосема свесен за Дамокловиот меч надвиснат над него, но и блискоста на слаткиот пој на триумфот кој му нуди сила да не се предаде, туку безмилосно да удира во својот противник.

Поштедете се себеси од помислата дека бројките на силата се на ваша страна. Тие ви даваат предност само во водење и добивање битки, но победата во судирот е повеќе наклонета кон Заев, отколку кон вас лично. Од причина што со секоја битка пред вас ќе се истопорат нови водачи за кои нема да знаете дали ве гледаат со предана љубов како што вие гледавте во Љупчо Георгиевски или со загадочен сјај во очите на Брут вперени во тилот на Цезар. Победата, господине Груевски, е немилосрден дар кој со време чини се’ повеќе и повеќе од првичната цена која некогаш ја сметавте за прифатлива. Не знам зошто, но не ме одминува убедувањето дека и вие сами, подобро од било кој друг сте свесни дека Заев веќе ве има победено – поразено! – онаму каде што вие сметавте дека ве чекаат ловориките на славата.

За историјата ми е зборот. Сакам да кажам, дури и доколку Заев по некоја мистериозна причина го снема од нашите животи, се’ што ќе остане зад вас е предание за лажниот соголен крал и младиот вреден селанец кој засадил толку трски за свирки што доживотно ќе ви зујат во ушите. Вашите секако, а богами и за генерации и генерации ред, кои од вашето име ќе сковаат некој нов и болно неславен термин. Онака како што пред векови ред во нечесност го воспеаја името на еламскиот Шутрук Нахунте.

Не обвинувајте го Заев за вашата нелагодност. Која, повторувам, самите си ја наметнавте како фарисеј кој го навлекол божјиот гнев поради богохулието во измислување лажни икони и факс-хелизим светци. Да не беше Заев, ќе се појавеше некој друг. Дури и без – во тоа сме согласни – комични богојавленија низ муртински ниви со патни налози и божји глас на Илија Џувалековски, со наредба „тргни кон ’Бихаќска‘, чедо мое“. Да не ве залажува простодушноста на Заев, кој со отвoрeната понуда за заедничко повлекување пред јавноста итро ја подвлече и обзнани разликата меѓу вас и него. Пред истата јавност која соломонски треба да се определи дали правдата е кај оној кој за доброто на целата земја е спремен да се повлече или пак за вас, кој за сопствено добро е подготвен од голема љубов кон сопствената половина од народот него да го подели и осакати.

Но дури и да ви се оствари желбата да Заев го снема и пак да си останете насамо во заговорничка интима со вашите љубени Али, Мендух и придружна братија, навистина мислите дека тоа ќе ви донесе мир? Ве уверувам дека нема, предоцна е. Со вашата несмасност и политичка неписменост вие и вашите соработници од ДУИ и ДПА ја предизвикавте досега најскандалозната деконспирација на севкупниот безбедносен систем на регионот, трпеливо, упорно и систематски граден повеќе од 12 години во партнерство со западните партнери. Вашите некогашни партнери. Кои со секој изминат ден чувствуваат како спиралата на пост-кумановските потреси полека го засенува регионот и веќе се движи кон нивните европски бели дворови. Тоа подразбира дека изминува времето за лечење со плацебо чаталења, аспирини и ампицилини и дека е потребна итна и решителна ампутација за спас на она што може да се спаси. Па како што Сашо и Гоца ви тежеа како пранги вам, така и вие му тежите некому друг. Тоа е причината зошто оние кои ве влечеа угоре пирамидата сега ви изгледаат се’ поддалечни. Тие не бегаат нагоре од вас, туку вие паѓате стрмоглаво кон дното и калта каде што ве најдоа и извлекоа.

Во балканските љубови и политики се’ е дозволено додека е бесплатно, па така ја разбирам вашата новопронајдена љубов кон почитуваната Руска Федерација и нејзината загриженост за „судирот помеѓу цивилизациите“ на Балканите. Како докажан приклоник кон православно-исламистичката трансверзала на антиевропејство и следбеник на ликовите и делата на Путин и Ердоган, тоа ќе го сметам за ваша одлика на истрајност која ја почитувам и ви честитам за способност од ЕУ и САД да ги добиете на подарок сите средства кои денеска ги носите како личен мираз пред подмосковските порти. Но судејќи според зборовите на Лавров, се плашам дека во тоа патешествие вашиот мираз е доволен за до Власотинце или во најдобар случај Свилајнац.

Господине млад Груевски, зарем не е поразително за вас Лавров да побрза од Москва во Белград за – поради вашите и на Али и Мендух авантури – да ја спасува Србија од срамот и скандалот среде нивното комично-ујдурмашко „чварци и уштипци“ претседавање со ОБСЕ? Она што сакам да ве прашам е следното: каде точно во зборовите на Лавров и молкот на српската и турската дипломатија, ја видовте и прочитавте поддршката за Вас? Или пак веќе сте напреднати до таа фаза на видовитост што веќе читате нешто за што мислите дека со упорно умилкување некој допрва ќе се смилува да го напише. Колку за потсетување, Русија не станала голема инвестирајќи во лидери на залез или политичари кои смениле толку кревети што си го заборавиле и својот пол.

Не побарав оставка на почеток, нема да побарам ни во завршницата. Знам и свесни сме дека вие цврсто верувате дека сето ова е злонамерно, дека ова е порачано, нарачано, договорено, дека некои темни сили стојат зад овие писанија, дека сме љубоморни, дека сме зли, дека сме сили на мрак и безумие, дека знаете, дека вие се’ знаете, дека секогаш вие знаевте и велевте, и дека се’ вие е јасно и дека вам не може никој да ви подметне ништо, бидејќи… Бидејќи господине Груевски вие сте во истиот филм на десетици и десетици други водачи соочени со агонија на сопствените дебакли, несвесни дека нивните усилено силни зборови во ушите на јавноста звучат на чкртањето на скршени нокти по бунарски ѕидови. И тука е разликата помеѓу вас и нив. Единствено вистински големите меѓу нив во последен миг на судбоносното, успеваа да смогнат сила да се надминат себеси и покорно и понизно се повлечат. И со саможртва ја замолат историјата за уште една можност да се поправат пред идните поколенија.

Вие, господине, не сте од таков ков. Ниту некогаш сте биле. И никогаш нема да најдете храброст да станете.

http://reporter.mk/2015/05/20/%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BC%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B8-%D0%B4%D0%BE-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Мај 20 2015, 19:28

Ovoj e za najozbilen kandidat za tehnicka pa i posle tehnicka vlada!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Естир Сре Мај 20 2015, 20:10

Един анализ на Канзуров, с който съм напълно съгласна.

http://frognews.bg/news_91523/Ubiistven-analiz-na-Kanzurov-za-Frog-Nai-antibalgarskata-vlast-v-Makedoniia-e-alternativa-na-nai-brutalnata/
Естир
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Саб Мај 23 2015, 17:07

Биљана Секуловска за НОВА...

Путин, оди си дома!

Интервјуа и колумни - Page 7 22562golema

Папочната врска помеѓу Груевски и Путин е последното уточиште на македонскиот премиер, кој особено почна да ја засилува конфонтирачката реторика во оној момент, кога Русија ревносно почна да се расфрла со слични опасни високи тонови кон активните граѓани, лидери на демонстрациите, со жестина предадена во наследство на својот помал и еднакво заостанат во развојот (на демократските вредности), брат.

Последното предупредување дојде од Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија, континуирано гневниот на Запад, со застрашувачки недостиг на политички такт објави дека " настаните се грубо контролирани однадвор", се разбира, без да понуди аргументи и докази, воден од сопственото искуство дома, каде критичките новинари и активисти (низ годините грубо обвинувани и официјално етикетирани дека се странските агенти) се репресирани и гонети токму поради нивните финансиски врски со западните земји.

Во овој дух, очекувам следното излагање на Лавров да биде рецитација на една долга листа, по име и презиме на сите соросоиди и останати странски служби, кои наместо да му служат на Груевски и неговите проекти, нечовечки се борат за демократско, отворено општество.

Некој ден претходно, руското МНР со пискаво паничен глас ја соопшти истата жестока квалификација, кога соопшти дека "опозициските движења и невладините организации се инспирирани од Запад и работат во полза на уличната логика на протест, a сценариото e “обоена револуција”. А како што знаеме, Путин се згрозува од револуции кои самиот тој не ги води или контролира, еднакво стресен за можен пад на неговите клонови, демократски џуџиња, распрскани тек-тук низ светот. Сега дојде време да го спасува Груевски, во очите на својот ментор еден демократски џин, кој паднал во немилост на Американците и станатите западни патерналистички раце, но, не стравувајте! Путин ќе го избави од нивните канџи и ќе го прими клекнат врз своите стопала.

Лавров понатаму како и во претходните соопштенија од неговото министерство татни за Турскиот тек (Запад го спречува овој руски проект, кој инаку е крајно сомнителен, според некои добри познавачи, во смисол дали воопшто постои издржано решение), а вели дека "тоа е многу тажно и опасно, бидејќи се прави обид да се активира албанскиот фактор". Да не го заборавиме оној дел од неговото излагање каде говори за, несомнено хуманиот гест на македонската влада, "да не ги поддржи санкциите на ЕУ против Русија", потег кој е од исклучително значање, знаејќи каков економски тигар е Груевски, како остварувач на фантастични резултати кои посветено се бележат на светските економски индекси.

Но, она што најмногу ја вознемири јавноста и особено западните дипломати е крајно опасната изјава на Лавров: "Сега се покренува темата дека Македонија треба да се федерализира и дури се изразила идејата за територијална поделба, да се подели земјата на Албанија и Бугарија".

Здодевно веќе станува нели, да повторувам, дека високите тонови на Лавров не соодствуваат со реалноста, ниту со фактите: тој не објаснува каде тоа и кој тоа покренува тема за федерализација, за поделба на Македонија помеѓу соседите, кои се тие западни земји, како се поврзани со оваа, според неговата дефиниција, обоена револуција.

Лавров одлуката за бојата ни ја остава нам, но за да го изнервираме дополнително, би ја отфрлиле неговата желба за наметнување поетичност, затоа што најсоодветниот термин би бил "бомбашка револуција", во сеќавање на прислушкуваните телефонски разговори, т.н бомби. Ве молам, нема што Лавров да дава образложенија ниту да полага некому сметки за сопствените фантазии за поделби и федерализации и слични крајно опасни будалаштини, кога пресудата ја донел лично Путин, тогаш, кога кренал со рамениците и рекол- Што да се прави, Кафка е дел од моето образование!

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=25&vest=22562

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Пат Пон Мај 25 2015, 12:55

Многу добра колумна:

http://okno.mk/node/47305

Шипката инаку потекнува од старословенскиот збор „шиба“ што значи фиданка или стебленце. Токму толку тенко колку и херојството на потпалувачите на џипови и тепачиштата од заседа.

Авторот заборавил само едно нешто да истакне. Шипка е деминутив од „шиба“, значи уште потенка фиданка или стебленце.
Пат
Пат

Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by kiBik Пон Мај 25 2015, 15:57

Пат напиша:Многу добра колумна:

http://okno.mk/node/47305

Шипката инаку потекнува од старословенскиот збор „шиба“ што значи фиданка или стебленце. Токму толку тенко колку и херојството на потпалувачите на џипови и тепачиштата од заседа.

Авторот заборавил само едно нешто да истакне. Шипка е деминутив од „шиба“, значи уште потенка фиданка или стебленце.

Eееех, език свещен на моите деди!
Показвам ко на мали дечиня:

пръчка (тоа не е женски род на пръч), а е тояжка, палка, стапче, гега, вълшебна пръчица и т.н. Пример:
Интервјуа и колумни - Page 7 Product_7311

бухалка - вид приспособление в различни спортове, в т.ч. и за улична саморазправа (много беше популярна при нас през 90-те, когато мутрите си бяха мутри, а не с бели якички). Пример:
Интервјуа и колумни - Page 7 Myj-mlati-s-buhalka-bivshata-si-i-nastoqshtiq-ij-173429

прашка - тва е онова детското за метане на камени или други по чавки и други птички, или по врага от другата маало. Пример:
Интервјуа и колумни - Page 7 Retro-001

В последно време прашката е по-популярна в този си вид:
Интервјуа и колумни - Page 7 Img_0338

шибам - глагол, който означава, че удрям с тънка пръчка или камшик (1-во) и второ - осъществяване на полов акт от страна на некой мераклия (ша та шибам до забрава, например, без садо-мазо умисъл, а в най-нормалния си смисъл)

шип - 1) костно образувание, което много боли (да не дава Господ!) 2) конусовидно с остър връх, което се използва при уличен бой, в садомазото, в бижутерията или на др. място 3) вид риба

шипка -  растение от семейството на розите с много бодли:
Интервјуа и колумни - Page 7 Shipki

или
О, Шипка! Три деня младите дружини как прохода бранят:
Интервјуа и колумни - Page 7 %D0%A8%D0%B8%D0%BF%D0%BA%D0%B0
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Мај 26 2015, 10:11

Чудо не го спомнувате интервјуто на лидерот на опозицијата за косовската телевизија. Во кое вели дека албанскиот јазик ќе се воведе како задолжителен за македонците уште од градинките. И ќе биде втор официјален јазик секаде и во секоја прилика. Што би било уште едно нарушување на т.н. Рамковна спогодба. Да потсетам дека ниту сега никој не му брани на Заев да го воведе како градоначалник кој има подршка од советниците во општина Струмца. Интересно е кога партија што успеа да ја оневозможи факултативната верска настава, сега е за задолжителен албански за Македонците од градинка. Да потсетам дека Албанците протестираа кога имаше обид да почнат да учат македонски од прво одделение, па продолжуваат да го учат од трето одделение. За тразлика од англискиот што го учат од прво. Заев одговори и дека во СДСМ ќе го постави албанското знаме ако албанците тоа го побараат. За потсетување, во СДСМ го нема етничкото македонско знаме, туку знамињата на Република Македонија (кое не е етничкото македонско поради договорот со Грција) и знамето на ЕУ. Па ова би нило прво етничко знаме, односно прво знаме на странска држава.
Моја лична препорака до СДСМ е да му забрани на Заев да зборува. Затоа што во желба да им се додвори на Албанците веројатно ќе ги загуби Македонците како гласачи. Освен оние што сметаат дека во 2001 година Албанците ни донесоа повеќе демократија, па сега очекуваат реприза на истите настани.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Вто Мај 26 2015, 10:29

Tvojata licna preporaka da si ja zakacish u polskoto VC do koe ti treba dobri sto metri -brz trk!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин Вто Мај 26 2015, 16:14

Vo koe mozhe da odi samo so dozvola i preporaka od shtab. Ako ne gi dobie na vreme, mu teche niz nogavicite...Интервјуа и колумни - Page 7 Smiley-laughing021

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Arhimed Саб Мај 30 2015, 22:06

Дарко Митревски - Руска Школа

Околу филмот Левијатан:
Дарко Митревски напиша:„Левијатан“ е приказна што се одвива во длабоката руска провинција, некаде на источниот брег на оваа огромна земја. Главен лик е автомеханичарот Коља со неговото мало семејство, сопругата Љиља и синот тинејџер Рома, кои ја имаат таа несреќа на нивната трошна куќарка, наследена од дедо-прадедо, да фрлил око корумпираниот градоначалник Вадим, кој тоа земјиште, со измена на урбанистичкиот план, за дебела провизија сака да им го додели на некојси тајкуни што сакаат тука да изградат шопинг мол. Општинскиот суд (во кој судиите се само обични марионети на градоначалникот, наредени како кукли-бабушки под руското знаме и сликата на Путин), му ја одзема земјата на беспомошниот Коља.

Сиот очаен, Коља се обраќа за помош кај својот другар од младоста, адвокатот Димитриј, кој пристигнува од Москва со една дебела папка во која носи разни инкримирачки докази за нелегалните активности на градскиот татко. Вадим станува видно исплашен од содржината на таа папка, која би можела да го отера на долгогодишна робија, но уште повеќе е разбеснет од фактот што очигледно некој од неговите луѓе ги има предадено тие тајни. Веднаш ја свикува на состанок сета своја камарила (судии, полицајци, чиновници, сите до еден како попчиња испоседнати под руското знаме и сликата на Путин) и им се заканува дека доколку тој заврши на робија, тие ќе завршат онаму од каде што ги собрал и им доделил функција – на улица, како најобични никој и ништо!

Со благослов на локалниот владика, кој го уверува дека „секоја власт е од бога“, Вадим тргнува во контранапад, кој ќе заврши со серија ужаси: адвокатот ќе биде набркан со вперен пиштол во главата, жената на Коља ќе загине под мистериозни околности, него пак, со подметнати докази, невин ќе го осудат на долгогодишна робија (повторно под руското знаме и сликата на Путин), син му ќе остане сирак без имот, семејство и иднина, а трошната куќа, од дедо-прадедо наследена, ќе биде урната за земјиштето да може да му биде доделено на друг...

Една навистина мрачна, тегобна, песимистична (артистички беспрекорно изведена!) визија на денешното руско општество, во кое граѓанинот е осуден или да витка рбет пред моќните насилници што ја запоседнале власта – или тој рбет да му биде сосила скршен.

И сличностите со Македонија:
Дарко Митревски напиша:Неверојатно како во само четири месеци овој руски филм се пресликуваше во македонската стварност, небаре режисерот Звјагинцев однапред да ги знаел сите скандали што ќе ги исфрли на површина нашата политичка криза.

И за сето тоа време, во македонската верзија на приказната недостигаше само еден детаљ: руското знаме и сликата на Путин. Тој лик и тоа знаме над Македонија се надвиснаа дури во изминатите десетина дена, како облак решен да го прекрие сонцето што не му припаѓа. Со тоа пред нашите очи ни се склопи целиот филм на Звјагинцев, сета негова морничава приказна, карикатурални карактери, целата таа апсурдна, гадна, безизлезна драма во која ужасно тешко е да се живее, без оглед на чија страна ѝ припаѓате.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Јун 17 2015, 20:27

PLACIPICKATA HORHE na Telma!!!!!
Jas tolku izdrzav - prefrlvam kanal. Koj saka da sledi neka mu e so srekja pod uslov da rucal lesno!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 7 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 7 of 42 Previous  1 ... 6, 7, 8 ... 24 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот