Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 24 of 42 Previous  1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 33 ... 42  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Сеп 11 2017, 19:50

Знам. Токму затоа и ги објавувам на форумов, за да смените малку и да не читате само колумни од платениците на Џорџ Сорос.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пон Сеп 11 2017, 20:22

Кај и да ги ставиш пак нема да ги читаат, џабе трудот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пет Сеп 15 2017, 19:13

И за да не ве гњави Трендо со колумни од Мирка еве едно навистина интересно размислување.

БРАТ ДО БРАТ, ШПИОН ДО ШПИОН, ГОМНАР ДО ГОМНАР

А бе види, коа ке умреш сеедно е што ке зборат за тебе. Генерално на сите ке им биде жал затоа што си бил ‘‘ прекрасен човек и пријател‘‘, а уствари освен мајка ти никој нема да пролее искрени солзи. Но, да не должиме, сметам дека после погребот на Тоше Проески и мега хипокризијата на реката солзи излеани по него тешко дека ке може да има уште поголема. Замисли, 90% од сите оние кои до последен момент од злоба го нарекуваа ‘‘ сељакот од Крушево‘‘, се убија од плачење декларирајки парола ‘‘ ние сме брат до брат‘‘ скришно на погребот буткајки се во првите редови да бидат фатени на камера.

Зошто вака глупав почеток на колумната? Појма немам, онака ми дојде.

Ајде да се качиме на едно мало бело облаче, да си седнеме конфорно и да ја обсервираме малку нашата стварност со очи кои немаат ниту партиски, ниту етнички, ниту религиски диоптер. Доле една беда од мравјалник во кој мравките одат во сите правци и ти се чини дека никој не знае што се случува. Уствари сите знаат ама никој никому не ја кажува вистинската своја насока сметајки дека ке го заебе оној друг и пред него ке стигне до ‘‘пленот‘‘. Ма кој црни плен ајван еден!? Да, даа,..! Пленот наречен опстанок по системот ‘‘ снаџи се па живи‘‘ што би рекле србите.

И?!,.. е па нема што ‘‘и‘‘, читај понатаму!

Кога се бориш за гол опстанок, кога ти се гладни и ненамирени децата, народ вика ‘‘ и со свиња валцер ке играш‘‘ само за да натокмиш се! И тогаш, ке влезеш во лавиринтот на муабети и комбинаторики со секој за сешто само за да се почувствуваш дека нешто вредиш и дека си успешен човек. Кога ке влезеш во тој лавиринт, прво те прашуваат на која партија и припаѓаш, дали си лев или десен, дали си патриот или предавник, турчин или каур, за Грујо или за Заев.

И?…

И едно време ке глумиш наспроти соговорникот и ке му се адаптираш на сите можни нивоа, некаде свесно, некаде несвесно ‘‘ ке пушиш‘‘ , ке виткаш кичма и на крај откога ке те издупат сите на свој начин, ке вриснеш во етерот ‘‘море мрш сите у пичку лепу материну да идете‘‘!!!

И ШТО СИ ДОБИЛ?

Онакво поголемо! Ама тука не е крајот. Откога веќе со сите си испил по едно кафе или пијалак, и двата табора те сметаат за неподобен зашто вчера у кафана те виделе со оние ‘‘непријателите‘‘. Па што! Ќе речеш оваа земја е слободна земја и по устав и закон, по господ имаш право да се друѓиш и да седиш на маса со кого сакаш! Е можеш, жими такво.

ОПАА,..ЗАЈЕБ!,… ЗАШТО ЗАЈЕБ?! ЕВЕ ЗАШТО!

Ако видат дека нешто вредиш и ако помирисаат дека локалните богови и шерифи може да те земат у екипа, ако приметат дека може да им го земеш местото што животен статус им значи ( замисли на чобан што му е врв, писар у Општина), одма проработуваат средновековните методи на елиминација на конкуренцијата. Шпанската Инквизиција за време кога го палеле Giordano Bruno гомна да јаде! Овде ти ебат се по списак со една обична патка.

КАКВА ПАТКА БЕ! ШТО ТРЕСЕШ!

Не тресам! Видат ли дека претставуваш опасност, има две методи. Првата метода е ефтино да те купат со ветувања дека треба да почекаш и немој да се секираш партијата мисли на тебе ама во интерес на повисоки цели треба да ќутиш и да висиш на закачалка коа ке им се дигне да те викнат, а тоа подразбира у меѓувреме да се трошиш максимално на докажување дека ако не е оваа ( не мислам на актуелната) опција на власт, државата ке оди фира за нечии предавнички цели. Ти ке си ебеш векот од јадење лајна и величајки некакви ликови кои инаку НИКАД у кафана не би им рекол ни здраво. На типови кои НИКАД не ти ни биле ниво, ама кој ти ебе матер тебе што твоето моментално ниво можеш да си го стаиш у г‘с! ( с‘ опроштење, де). Не си у филмот е брат!

МОРЕ, ДАТИБАМ ФИЛМОТ! КОЈ ФИЛМ БЕ?!

Чекај, чекај, не завршува приказната тука. Вториот метод е уште поопасен. Истиот момент кога нема да се согласуваш со тој од кого ти зависи лебот дома да го однесеш, си наебал ко жути. Тогаш не наебуваш ти само него цела фамилија! Како? Еве како!

Во примитивистичко средновековно постопаначко општество каде што какафонијата е појака од сите медиуми, каде што феноменот на ‘‘ да ти кажам у поверење‘‘ функционира како никад до сеа, само некој ке извика ‘‘ А БЕ ОН Е ШПИУН‘‘! Опааа! Си го ебал ежот! Кај полуписмен народ кој од аналитика или размислување со свој мозак нема ни А ни Р, толку треба.

ТИ СИ ЗА НИВ ШПИУН БЕ И КРАЈ!

Ма, јебо те шпиун! Ај ке речеш ти си спремен да проголташ многу нискости и навреди зашто знаеш како сето тоа функционира, ама сите забораваат дека имаш жена, деца, фамилија, дека треба утре да бараш невеста или да ти бараат ќерка. ТВОЈАТА КУЌА Е ДЕФИНИРАНА КО ШПИУНСКА И КРАЈ! А ако земеш да прелисташ по алманахот на ликови кои те дефинирале како шпиун, ке видиш дека таа мала ситна раса на влекачи уствари единствениот пат до сопствената афирмација си го тераат по системот на ‘‘ згази го маму му ебам‘‘! Што да каже чоек на ова освен, добродојдовте во секојдневието на ‘‘ брат до брат, гомнар до гомнар‘‘!

А БЕ АЈ!,.. И,.. ?

И нема што даље да се каже. Може само да резимираме дека конформизмот на сопствената примитивистичка паланачка незрелост да градиме општество се рефлектира со “ EROR 404 FILE NOT FOUND” што би се рекло со јазикот на компјутерите. А што е најсмешно, 90% од оние кои нешто значат гарантирам дека не знаат што значи оваа фраза. А ти онака најцинички на крај ке се повлечеш у себе и ке ти биде утеха дека ‘‘ нема што ти со нив да се мешаш, не ти се ниво‘‘. Кое црно ниво бе друже!

НА ВУЈНА ТИ НИВОТО! Кој ја разбрал колумната ја разбрал! Кој не, реприза на следни избори!

Агим Јонуз

http://lokalno.mk/brat-do-brat-shpion-do-shpion-gomnar-do-gomnar/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Сеп 17 2017, 20:18

Колумна на Тодор Петров: АЛХЕМИЈА НА КАЛЕТО

Во СФР Југославија, комунистите со децении ги етикетираа Македонците за “бугарофили” и “ванчомихајловисти” и ги депортираа во Идризово.
Денес, конунистите станаа поголеми софиски врховисти од Љубчо Георгиевски, ќе ја бугарчат македонската историја. Одработуваат…
Денес, после дисолуцијата на поранешна Југославија, Калето ги етикетира Македонците за “русофили” и брка вештерки во Македонија.
Важно, Џес Бејли си обезбеди алиби за грубото мешање во внатрешните работи на Македонија. Пред Американскиот Конгрес со таа реторика го одбрани Хојт Брајан Ји од Deep State: Џес Бејли не се мешал во внатрешните работи, туку се борел за американските интереси против руското влијание во Македонија. Зини земјо голтни ме… Освен Самсоненко, ни трага од Русите во Македонија, ама важно има тема за борба со замислениот непријател. Превентивно… Така и Енвер Хоџа ја бранеше Албанија, со изолација, со бункер систем одбрана, за не дај Боже, ако непријателот ја нападне земјата на орлите…
Пулените на Калето забораваат само една работа: САД, а не Русија, ја бомбардираа Србија во 1999 година, спротивно на меѓународното право. САД, а не Русија, во 2001 година инсценираа агресија од “Бонд Стил” до Урошевац на Косово врз Македонија.
За жал, таа еуфорија за “руско влијание врз Македонија” надвладеа меѓу “нововерците” на СДСМ на чело со Радмила Шеќеринска и “реформаторите” на ВМРО-ДПМНЕ. И едните и другите “се борат” против руското влијание во Македонија, наводно ВМРО-ДПМНЕ била про-руска партија, мора да ја “реформираат”…
Замислете, СДСМ го обвинуваше Никола Груевски за десловенизација на Македонија, вршел антиквизација на земјата, сакал да ја погрчи македонската историја… А, заборавија дека комунистите од 1944 година до денес го трујат народот дека “Словените дошле од зад Карпатите”. Забораваат дека Карпатите не се преку Атлантскиот океан, во Соединетите Американски Држави на Западот, туку на Истокот. Зад Карпатите е Русија!
Вистината е дека Американците од Македонија ги бркаат руските и кинеските инвестиции, ги користат Албанците за дестабилизација и контролирана нестабилност. Турбо работи Калето. Но, трагедијата да биде поголема, таму работат најдобрите разузнувачи од МВР. Ги прифати Калето на платен список со многу високи плати и денес сите здружно одработуваат против Македонците и Македонија. Уште се’ не е видено…
Ама, кога ќе начекаш прост народ за да градиш силна држава, така ќе е…
Американците само едно не можат да разберат, дека овде во Македонија луѓето можеби се гладни и жедни, ама ниту нафта пијат, ниту на гранка растат.
Голем е Господ, а уште поголема Македонија, бидејќи таа не е само етнологија и географија, Македонија е безвременски и просторно неограничена идеологија и филозофија!
Македонија вечна, од исконот до бескрајот! Амин!

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пон Сеп 18 2017, 12:29

Bravo za Dzhabir...

Арамиско гнездо
Џабир Дерала ● во 09:35 18 септември 2017 ● Прочитано 986

Интервјуа и колумни - Page 24 18197444_1259488620839497_621262357_n

Очигледно, дел од владиниот тим на Заев одлично владее со вештини потребни за истражувачко новинарство. Навистина, во текот на изминатите 100 и кусур денови нова влада, јавноста беше "почестена" со многу сознанија за злоупотребите на претходната власт. Злоупотребите на Груевски и неговата дружина се чудовишни, но и неверојатно апсурдни и гротескни. Секако, не помалку профитабилни за мал број луѓе, а на штета на сите. И така, дознаваме дека домашните медиуми добиле 12,5 милиони евра од Груевски за да привлекуваат странски инвеститори! Карамба!

Навистина добра сторија. Но, освен што од крими-серијата во режија на владините портпароли дознаваме факти за незаситноста и грабежот, не гледаме реакција на системот, не гледаме посочување на одговорноста. Сè стана некако епски, за сиот криминал е виновен „режимот“, додека архитектите и изведувачите на тој криминал остануваат на слобода, шират омраза и страв, работат со полна пареа да победат на избори... А ние слегнуваме со раменици и гледаме одлична сторија за, сепак, „ситна“ проневера од 12,5 милиончиња кои ги голтнале медиумите.

Знаете, помина сосема доволно време во кое можеше да се препознаат здравите капацитети во институциите и да се земат на одговорност барем дел од тие што краделе, проневерувале и злоупотребувале јавни пари, како што е случајот и со овие „ситни“ пари. Можеше да се направи барем обид да се вратат парите, па да го заличи дисплејот на кој ќе се испишуваат вратените суми, како што вети Заев пред изборите. Дали, по тешката деценија низ која минавме, сега треба да очекуваме години на преџвакување на преживеаното? Преџвакување без заклучница.

Значи, остануваат отворени прашањата: Кој точно е одговорен за тешката злоупотреба на јавните пари во медиумите, дали ќе има истрага, судење, затворски казни и враќање на парите? Важно е и прашањето кој точно треба да ги врати парите. На пример, темелна истрага би морала да следи веднаш по најновиот скандал. Ако произлезе дека Сител или Канал 5 биле дел од заговорот за проневера на тие 12,5 милиони евра, а со тоа и го кршеле законот, (нели?) треба да ги вратат парите, да платат казна и камата. Потоа... Кои пари ќе се враќаат? Можеби тоа ќе бидат парите на медиумските газди - добитници на вртоглави суми и од други, уште поголеми тендери и концесии. Или тоа ќе бидат, можеби, парите од странските донации кои ги добиваат во последно време? Или од новите тендери со новата влада? Или - ништо од сето тоа. Како што изгледа овие денови, ќе биде доволно само да се свртат како сончогледи.

Извесно е дека владиниот новинарско-истражувачки тим ќе продолжи со "спектакуларните" откритија. Циркус кој ќе се емитува токму на медиумите кои претходно ги лапнаа тешките милиони за привлекување странски инвестиции, но и за долгогодишна и безмилосна пресметка со сите што не размислуваа како власта. А сега лапаат и донации од истите донатори заради кои ние бевме оцрнувани како црни ѓаволи и јавно се бараше наша егзекуција. Нешто како да зборувате за чесност среде арамиско гнездо, кајшто се крие украдениот плен.

http://plusinfo.mk/mislenje/3344/aramisko-gnezdo
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Сеп 25 2017, 18:21

А колку добија македонските медиуми од тајните служби на САД преку Џорџ Сорос и од тајните служби на земји непријателски на Македонија. Се знае и дека актуелната влада од распишувањето на изборите на невладини организации им има префрлено преку 25 милиони денари. Колку од поранешните платеници на Сорос сега се закачија за буџетската цицка како крлежи. Дали Сорос, да не кажам САД по доаѓањето на Трамп не дава повеќе пари. Еве една интересна колумна за Трамп и неговиот однос кон суверените држави со акцент на Македонија и упикувачите во шупак на САД и од власта и од опозицијата.

Сполај ти боже што доживеав да рокне конструкцијата на светот што ја постави отчовечената евро-американска елита нарекувајќи ја глобална либерал-демокрратија а во суштина се работеше за фашистичка (тоталитарна) диктатура со намера да ги уништи човечките заедници (народи, нации, држави, семејства) и човештвото како вид бришејќи му ги биолошките карактеристики, менталните особености, насобраните искуства и нивното меморирање преку помнењето, јазикот, делата, традициите и културите.
Доналд Трамп, мангупот, уличниот гангстер, антиполитичарот, нарцисот, на овогодишното годишно собрание на ООН во драматични 44 минути им го начука на,,светските лидери,, на двестотини држави од кои само одвај пет-шест се суверени, оти другите се во рангот на автономни колонии, демократски банана републики, закрепостени вазали, окупирани територии и пајтон контрактории. Другарот Доналд свет буквално го избриша подот со нив. Им рече дека се мивки, корумпирани багабонди кои ги изневериле своите народи и нации, дека работеле за свои лични интереси и одработувале за туѓи интереси. Американски. Дека не направиле ништо добро за државите со кои раководеле не водејќи сметка за нивната иднина и просперитет. Им рече дека светот треба да биде организиран во држави. Не било какви, туку суверени држави на суверени народи уредени според волјата на нивните жители со сите одлики кои произлегуваат од историските искуства, културните и традициски специфичности. Им порача дека не треба да очекуваат некој друг со исти такви одлики да им ги оправа работите, да ги учи како да работат и што треба да прават. Ги гаѓаше во срце оние кои се залауфаа да ја прават велика Албанија. Уличарот од Квинс им порача дека повеќе нема правење и растурање држави и менување на граници. Можам да си замислам каква кошмарна ноќ поминаа и Еди Рама и Хашим Тачи и браќата му во Македонија. Им го прекина мокриот сон во кој сексуален објект е Зоран Заев, и тоа пред ејакулација.
Јебо те! Во живо му го крена во воздух политичкото наследство на црпнатиот Барак Обама, последниот самоименуван император на американската ,,ексепшенел,,
империја. Добро, патем како и секој Американец кој учел и се воспитувал од Холивуд во говорот напати просеруваше империјални глупости шминкајќи ја срамнатаколонијално-окупаторска американска историја, но тоа е политички фолклор за домашна американска употреба. Главното е ова. Ги остави на бришано политичките пантличари, шкопеници, дудлачи и кумровачки, односно всашингтонско-бриселски курсисти. Ги употреби, ги фрли! Карма! Што да ви кажувам бе, нагло им го затвори чадорот на креатури како Веруш. Ги направи за помалку од саат сирачиња, бездомници разно-разни пушинели, сашоордановци, фрчковци, тричковци, земјани како Најчевска, гуски како Шеќеринска, глисти-паразитлии како Црпко Заев. Ќе речете зошто? Па затоа бре што им нареди да го заборават се она на што во процесот на зомбизација и дресура преку ЦИА и други ,,демократски,, алатки на американската надворешна политика седумдесет години го беа научиле и практикувале ,,лидерите,, ширум светов. Падна догма ,,американа,,. Не е во политичка мода. Не е ИН. Од вчера ИН е старомодното семејство, патриотизмот, суверените држави, суверените народи и нации и националните интереси. Нема веќе политика на виткање раце за ексклузивните ,,ексепшенел потреби на САД. Има разговори, преговори, взаемно уважување. Трамп прифати дека светот веќе не е униполарен и не е американска ексклузивна прчија. Фраери како Џес Бејли ќе се третираат како бофл роба која ја препродава на диво некој Дел бој. Сигурна сум дека Трамп нема до крај коректно да го спроведува тоа што јавно го зборуваше. По инерција уште се меша во сувереноста на другите оти и нему му треба време да се ресетира зошто е транзиционен политичар. Ама тој го направи првиот џиновски чекор за човештвото. Тоа се вика политичка оставина. И мерачам од ќеиф. Оти си ги замислувам нашиве ,,грингоси,, од политичките партии кои до вчера ги спроведуваа до запирка сите американски и бриселски замолници, закани, уцени, директиви, глупости без да го рецкаат својот народ, интересите му и негови и на државата која ја добиваа на управување. Народот го множеа со нула кога гласно не го нарекуваа стока, стадо, говеда, глупава багра, отпишани, идиоти. Еј бре! Се оградуваа од народ, од суверен без кој тие се само обични паразити ушупчени во човечката канализациона мрежа. Си ги замислив ноќеска македонските претставници на естаблишментот. Во државата, во општините, во партиите на власт и во опозиција. А сега што праиме бе другари и другарки? И на Бејли му се гледа крајот. Во која амбасада ќе одите сега по инструкции како да станете суверени во суверена држава. Кој ќе ви става знаменца на законите кога по вчерашниот ден и во ЕУ се отвори онаа проклета Пандора, па охрабрените Полјаци веднаш прашаа што ќе биде ЕУ? Надприродна парадржава на несуверени бирократи или заедница на суверени држави? Ако Германија и Франција продолжат со своите империјални проекции, Полска ќе и каже гуд бај на ,,единствената, безалтернативната опција! Уште не сум го слушнала мнението на стратешки дизајнираните македонски политички
и експертски умови. Клапчовци! Не сум сигурна дури дали воопшто се информирани за тоа која нуклеарка се случи во Њу Јорк. Нема кој да им јави, благодарение на помошта од УСАИД и СОРОС кои го окупираа медиумскиот простор.
Пантличарата Црпко навистина за милисекунда од близу го ждракна Трамп и дури му допре рака, ама гревчево нема мозок за да разбере дека од близу го виде сопствениот џелат. Да не заборавиме, Црпко на време си ,,беше бил,, изјавил дека на СДСМ не му личи да биде патриотска партија. Што го докажа со тиранската и бугарската платформа ем договор. И за да не биде под нивото на антипатриотската агенда, кажа дека основна карактеритика на припадниците на таа партија е да ги немаат карактеристиките на човекот – рбетот. За што самиот е прототип. Оние што транзитираа заедно со него во други видови и родови креирани во лабораторијата на Менгеле, бркајќи мода и пари, а се уште имаат две функционални мозочни келии, сега купуваат памперс пелени. Што вели Миленко, ги фаќа сајгонскиот синдром. Со таа разлика дека за мигрирање опција им се Северна Кореа, Сауди Арабија, Албанија, Бугарија, и, евентуално десен сектор Украина.
Што ли ќе прави, како ќе се шифта сега и ВМРО-ДПМНЕ која се самоперцепира за национална, ем македонска народна партија, а на неколкупати во тешки моменти актуелниот естаблишмент го остави народот на цедило. До толку се модернизираше што ги исфрли како политички некоректни од употеба токму зборовите кои Трамп ги посочи како новомодерни за 21-ви век: семејство, лојалност кон народот што те избира, пожртвуваност до смрт за интересот на колективитетот, државата, нацијата, сувереноста, националниот интерес. Од кого ли ќе се оградува флексибилното раководство од утре? Како ли ќе пливаат сите заедно во брановитото море на мултиполарниот свет што почна да ги добива своите форми при излезот од хаосот? На кои ,,сериозни држави,, ќе ги потпираат политичките одлуки, самодоволни бирократчиња како Бонбона Шеќеринска, профитери како Љ.Георгиевски, Заев, Шилегов, Анѓушев и слични. Кои коридори ќе ги фатат бубачки како Катица Јанева?
Што ќе прави со себе и политичкото наследство Ѓорѓе Иванов кој самиот се прогласи за Фикус во претседателски ваакум? Нема сега кој да му го пополни вакуумот. Му пропадна Кумровец за тренирање на млади лидери. Исто ги чека и оние од Конрад Аденауер и од Бритиш кансл програмата. Новина за нив е дека не постојат курсеви за производство на патриоти, спремни да се жртвуваат себе си за својот народ и неговата држава. За тоа треба срце и чувство за солидарност.
Од сите што денес се активни ѓоа политичари, ми се чини дека само маргиналецот од Карпош, Стевче Јакимовски има карактеристики на неколонизиран политичар со свое ,,Јас,,. Личи на Трамп. Не е
политички коректен во говорот, директен е, уличен маалски мангуп е, има и ,,гангстерски,, карактеристики кои подразбираат етика на чест, образ и лојалност и гадна навика да враќа кога се фајта со моќни, не е ,,баш до толку правно,, беспрекорен по негово јавно признание, ама е суверен човек со карактер и рбет и знаете што мисли кога говори. И што е најважно, не го остава гласачкото тело на цедило, односно, не се оградува од него за свој личен интерес.
Со нетрпение ги чекам овие избори. За да ги видам патриотите на терен како предигра за големото финале.


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Сеп 28 2017, 21:51

Во интервјуто за ЕРТ грчкиот министер за надворешни работи тврди дека се договорил со педерите од куртонската влада на Бејли, Ахмети, Села и Заев и грчки историчари да бришат делови од нашата историја. Еве го тој дел од интервјуто:

https://www.facebook.com/IJasSumVmroDpmne/videos/1734754233224555/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino Саб Сеп 30 2017, 10:58

трендафил напиша:Во интервјуто за ЕРТ грчкиот министер за надворешни работи тврди дека се договорил со педерите од куртонската влада на Бејли, Ахмети, Села и Заев и грчки историчари да бришат делови од нашата историја. Еве го тој дел од интервјуто:

https://www.facebook.com/IJasSumVmroDpmne/videos/1734754233224555/

on moze shto saka da izjavi ,a ti slushna li shto izjavi nashiot minister za nadvoreshni raboti ,deka e dobro od dvete strani da se diskutira i da se otstranat site raboti koi ni prechat na patot kon idninata,ili ova ne ti odgovara da go chuesh ,sramota

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Сеп 30 2017, 20:51

Сакаш ли да кажеш дека меѓународната политика на Македонија не е иста кон сите држави. односно дека Бугарија има ексклузивно право да ги пишува македонските учебници, а Грците имаат само право да одлучуваат „само“ за нашето име и идентитет. ЕУ и Бејли имаат пак ексклузивно право да ја составуваат македонската влада наместо македонските граѓани. Кај смее да помисли човек дека некој од таква влада можеби лаже. Нели некои тврдеа дека таквата влада ќе донесе закон со кој албанскиот ќе биде официјален и во општини во кои нема Албанци и Косовари, а владата и пастирот Заев тоа го демантираа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Саб Сеп 30 2017, 22:03

Site prava i na bugarite, i na grcite i na srbite im gi dadovte vie koi kako nivni platenici rabotevte protiv interesite na Makedonija i ja dovedovte nmakedonskata nadvoreshna politika do kolaps...Znam deka ti e krivo za uspesite na novata vlada na diplomatski plan ama taka se raboti koga ne si platen od stranski sluzhbi kako shto ste plateni vie dpne-ofcite...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Окт 16 2017, 20:55

Бобан НОНКОВИЌ


УСПЕШЕН КРАЈ НА ПОЛИТИЧКИОТ ИНЖЕНЕРИНГ


Да, да, тоа синоќа што се случи не е ништо друго освен успешен крај на политичкиот инженеринг. За сценаристот, режисерот, шминкерот, светло и тон мајсторот… и што е најважно – за актерите што успешно ја одиграа својата улога во овој проект!
Единствени поразени и оставени со подзината уста се само македонскиот народ и Република Македонија!
И сега веднаш ќе речат: „Аааа, Бобан сака да го правда и вади ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за големиот пораз и сега влегува во филм“!
Не!
А, знаете зошто?
Бидејќи главниот виновник за успешно спроведениот инженеринг е Никола Груевски! Свесно или несвесно, тој си знае, но се надевам иднината ќе ни го даде барем тој одговор.
Тој дозволи целата оваа психолошко-агентурна операција да се одвива изминатите три години, без ниту еднаш да се обиде да одигра нешто контра сценариото на оној што го напишал, ниту да одигра нешто свое, наспроти насоките од режисерот. Одбра сервилност, се разбира со цел да ја спаси својата слобода (вели и да ја спаси Македонија од сириско сценарио, но тоа нема никогаш да дознаеме дали навистина е така), а се му се врати најлошо, бидејќи го изгуби најсилниот адут – НАРОДОТ!
Сега веќе ќе ја нема мантрата; „Со нас е народот, мнозинството народ“!
Избиен е и тој адут на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и сега е се подготвено за негов недостоен политички погреб, како и на целото раководство, Извршен и Централен одбор на партијата и воопшто на сите структури во „Белата куќа“ во центарот на Скопје.
А, инженерингот… Па, тоа не е целата операција околу денот на изборите (гласањето), ниту потпишувањето на записниците од изборните комисии (клучниот дел за правење на разлика во гласови на последните девет изборни циклуси, што го потврдува и ново-вмровскиот бојовник Палевски).
Инженерингот е од мајските избори во 2014 година и се што следеше оттогаш:
– Закани и уцени во премиерски кабинет со нереагирање на тогашните власти;
– Објавување на т.н. „бомби“ од телефонски разговори со нереагирање на тогашните власти;
– Седнување на преговори и прифаќање на сите барања на сценаристот и режисерот со Пржино 1 и 2 (тогаш во Брисел ми кажуваа за Специјално обвинителство како нивен обид за притисок, а на крај ВМРО-ДПМНЕ го прифати истото без поговор и со тоа си стави крај на политичките амбиции, но и на надежите за лична слобода на поединци!);
– Откажување од премиерска фотелја и предавање на клучни министерства (широка Влада);
– Дозволување „шарени“ револуции со сквернавење на споменици и на државни објекти без никаква реакција на органите на редот;
– Откажување од национална (или националистичка, сеедно) реторика и делување;
– Согласност од национален лидер Груевски самиот да се сведе на политичар за поткусурување и дневно малтретирање;
– Опкружување со „да, шефе“ полтрони и гмизавци и со медиумски „аналитичари“ и политички „експерти“ кои се шљам во македонското општество и негативци кои (како што вели Трендо) дури и бумеранг да фрлат, истиот нема да им се врати;
– „Заборавање“ на македонскиот народ (Македонците) и обраќање кон „граѓаните“, иако отсекогаш само Македонци, а не „граѓани“ гласале за национална партија како ВМРО (Внатрешно македонска револуционерна организација) ДПМНЕ (Демократска партија за МАКЕДОНСКО национално единство);
– Согласност да се признае првиот изборен инженернг на самиот ден (11.12.2016), па сега веќе е доцна за жалопојки (кои звучат како „успаванка за Радмилу М.);
– „Збунетоста“ при собраниските настани од 27 април годинава, откога ВМРО и дефинитивно се прости со патриотизмот и со патриотите, но и дозвола пред очи да им се формираат квази-патриотски организации под контрола на Верушевски (кои со своите настапи и дејанија целосно ги збунија искрените и чесни Македонци-патриоти)…
И така натака и така натака… Многу се примерите.
Купувањето на гласовите на социјално-ранливите категории во македонското општество и на гласовите на помалите етнички заедници (пред се на Ромите), како и купувањето на изборните комисии и набљудувачи на самите изборни места е завршниот чин. Како на ланските парламентарни избори на 11-ти декември, така и на овие локални избори.
А, тој дел со купување, сценаристот и режисерот го научија токму од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата ги научи сите овие гореспоменати „гласачи“ да не ни помислуваат да го остварат своето гласачко право без некој претходно финансиски да ги стимулира да го сторат тоа. Плафонот на ВМРО, а и реално и на СДС, се 305 илјади гласови (со толку ВМРО победи на изборите во 2006 година). Се друго се добива со пари!
Па, ако на пример гласовите на Ромите на битолскиот Баир до ланските парламентарни избори топ-тан чинеа 200 илјади евра, сега сценаристот и режисерот на инженерингот со многу странски пари (до 11-ти декември), а со парите од државниот буџет на Македонија (за локалните избори), ги купуваа десеткратно повеќе (два милиони евра!).
„Се што не може с’с пари, може с’с многу пари!“ – велат кај нашиот источен сосед.
Само што во контингентот, сценаристот и режисерот сега великодушно си купуваа и гласови на Албанци (и на 11-ти декември 2016 година и сега), со тоа што таму процесот на купопродажба се одвиваше преку џамиите (затоа и во врвот на СДС се инкорпорирани двајца оџи: Мухи и Рамадани).
Надежта (нечија) за новото, граѓанско ВМРО-ДПМНЕ со професорот Христијан Мицкоски како негов можен иден предводник, исто така заврши синоќа. Човекот кој навистина единствено се појави како нов лик и силно промовиран од Груевски во врвот на партијата, изненадувачки беше промовиран во генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ (иако планиран за иден лидер на граѓанското и за меѓународната прифатливо ВМРО) пред изборите и уште поизненадувачки – за предводник на листата за советници во Град Скопје.
И како заврши Христијан Мицкоски?
Листата на ВМРО-ДПМНЕ што тој ја предводеше освои 22 илјади гласа помалку од онаа на СДС (87 илјади наспроти 109 илјади). Што ќе рече, проф. Мицкоски имаше најкраткотрајна политичка кариера во македонската историја. Од синоќа од 19 часот, па до пребројувањето на гласовите (до кај 23 часот) траеше политичката кариера на Христијан Мицкоски, односно нецели четири часа издржа во политиката еден од ретките (ако не и единствен) нови ликови за „новото ВМРО“, пред да биде пуштен низ вода.
За најдобро да се разбере, проф. Христијан Мицкоски како политичар издржа помалку отколку џандарот Оливер Андонов како министер за внатрешни работи (меѓу Пржино 1 и 2, џандарот беше министер цели 13 часа!). Ова политичко капење и удавување во капка вода, професорот не го заслужи, односно не смееше да дозволи да му се случи!
Секој обид за негово перење и премолчен обид да се инсталира по секоја цена за претседател на (за меѓународната) послушната ВМРО-ДПМНЕ ќе биде обманување на членството, симпатизерите и воопшто на јавноста. Најголемиот пораз (во разлика во гласови), ВМРО на овие избори го доживеа во Град Скопје, а предводник на листата за советници беше Христијан Мицкоски. Тој е генерален секретар (втор човек) на партијата што е поразена со околу 80 илјади гласови разлика на овие окални избори (ВМРО-ДПМНЕ освои 370 илјади, а СДС – 450 илјади гласови).
Тоа ни Вардар, ни Дунав, ни Дњепар не ќе можат да го исперат!
Сега на ВМРО-ДПМНЕ не му преостанува ништо друго, освен со брзина да влезе во остар свиок назад (полукружно политичко-идеолошко вртење) и да се врати на национализмот, патриотизмот, стратешка неутралност на Македонија во однос на гео-политиката на просторот, тврдо бранење на Македонизмот (македонското име, историја, култура, традиција, јазик) итн.
Да, може така да го снајде судбината на Радикалната партија на Шешељ во Србија (да биде партија на маргините, но присутна и во парламентот и на локално ниво), но се друго, што значи продолжена снисходливост и сервилност кон меѓународната, ќе значи дотолчување на ВМРО-ДПМНЕ и судбината на ПАСОК во Грција (исчезнување од политичката сцена!).
За ова да се оствари и ВМРО-ДПМНЕ да може да преживее, партијата ќе мора да се рестартира и врати на основите, да се врати на базата, да се обнови околу основачите (исконските вмровци), а не околу актуелното раководство (и поединци од истото), Извршен и Централен одбор (и поединци од истите) со се сателитите околу себе, ниту со т.н. реформатори (под контрола и финансирани од меѓународната, т.е. од сценаристот и режисерот на македонскиот политички инженеринг).
Бидејќи, ако и овој про-македонски политички простор се остави празен, ќе го пополни некој друг, под контрола на сценаристот и режисерот или на Москва, тоа секако.
И, да, ќе ми речат: „Да бе, лесно ти е тебе сето ова да го коментираш, од страна. Дојди пробај ти така да одиграш!“.
Но, како новинар со 18-годишно искуство во оваа работа, дипломиран новинар и магистер по менаџирање на медиуми, јас и не знам поинаку (можеби сум немал можност или храброст да влезам директно во политика). Освен на овој начин, новинарски и од страна да ги коментирам случувањата, но и да укажувам на можни последици со антиципирање на идни настани (не заборавајте, ЈАС го „предвидов“ целиот инженеринг што се случува последниве години, со се она што им се случува на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски), јас не знам поинаку.
Ќе ми речат и: „Аха, сега сите сте генерали после војна“.
Но, пред избориве, сето ова погоре, со огромна доза на сериозност и увереност, го најавував и во разговори со пријатели (лично, но и во ФБ-пораки), но не сакав да го објавам/напишам јавно пред изборите со цел да не нанесам штета на ЕДИНСТВЕНАТА македонска опција што им се понуди на граѓаните. Многумина можат да потврдат дека им велев: „Абе со вмровска власт ги украдоа ланските парламентарни избори. Сега ќе ги згазат!“. Иако, морам да признаам дека уверувањата од некои вмровци од актуелното раководство на партијата за изборна победа на локалните, романтично ме зафати и мене последните денови, па очекував (се надевав) на барем неречен исход на локалните.
А, можев и сето ова да не го напишам и да си останам во добри односи со „некого“ и да не ми замерат „некои“ поради кои неретко ги бришев моите ФБ-статуси со реална и прецизна анализа и очекување за тоа што не очекува, нели?
Да, можев, ама ме боли. Многу ме боли!
Не за некоја политичка партија (никогаш не сум бил член на ниту една), ниту за некои политичари, лидери, аналитичари, експерти…
Ме боли за нашите предци, за нашата богата историја, традиција и култура, ме боли за моето дете и за македонската младина…
Ме боли, затоа што следува брзо гаснење на Македонизмот (топење и уривање на споменици, затворање на музеи за македонската историја, преименување на аеродроми и улици што носат имиња на ликови од богатото македонско минато, менување на име, откажување од македонски јазик…)!
Кој може ќе се спасува како знае, но Македонија и Македонците ги оставивме како детенце на педофили, како кротко јагне на месождери и сега ќе следува нивно парчосување!
И ќе слушаме како шумат шумите … и плачат …
Бог нека и е напомош на Македонија, иако сите ние му ја отежнавме работата и на него 

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пон Окт 16 2017, 21:31

Gluvcite go napushtaat brodot shto tone...Obichni kukavici koi posle bitkata se pravat generali...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Чет Окт 19 2017, 20:03

Записник од ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Овој записник е добиен од доверливи меѓународни шпионски аудио извори. Пренесуваме делови од снимката од дискусијата за време на завчера одржаната тајна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Седницата се случила на шестиот кат под земја во бункерот на седиштето на партијата во центарот на Скопје. Снимката е направена од прислушување со жолти комбиња на ЦИА од Тјенанмен плоштадот во Пекинг, кој е географски поблиску до бункерот на ВМРО, од другата страна на земјината топка, отколку од нивната централа на Кале во Скопје:
Н. Груевски: „Браќа и сестро Гоца, ја отворам 327-та тајна седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на 17 октомври 2017 ПМЗ.“

В. Ѓорчев: „Шефе, што е тоа ПМЗ?“

Н. Груевски: „Тоа е новата наша ера ‘После Марко Зврлевски’… Констатирам присуство на сите членови на ИК и на братучед ми Сашо кој си поднесе оставка од сѐ, па затоа денес нема право на глас, туку само право на шамари, ако некој се збуни во гласањето… Добро, предлагам Дневен ред: Прва точка – Одлагање на анализата за изборната катастрофа на неопределено време; Втора точка – Разно. Кој е ЗА?“

Х. Мицковски: „Може ли и трета точка: Слободен збор?“

А. Милошоски: „Не може, слободата е либерален концепт, ние сме конзервативна партија, овде сме за ред, работа и дисциплина. Шефе, како овој се мести за наследник, а не знае основни работи за ВМРО?“

Н. Груевски: „Каков наследник?! После мене ќе има потоп, ќе нема што да се наследува – да не е партијава од татко ви, па да ја делите во наследство?!… Значи, кој е ЗА предложениот дневен ред?… Молчењето значи одобрување – седи брату Мијалков – констатирам дека сите се ЗА. Преминуваме на прва точка: Одлагање на анализата…“

И. Димовски: „Шефе, извини, процедурално: Може ли да го одложиме одлагањето, да не се стекне впечаток во партијата и во јавноста дека бегаме од одговорност за изборната катастрофа?“

Н. Груевски: „Ја прифаќам процедуралната забелешка на братот Илија. Кој е ЗА да го одложиме одлагањето на анализата за изборната катастрофа?… Молчењето значи одобрување – седи брату Мијалков – констатирам дека сите се ЗА, одлагањето е одложено. Преминуваме на втората точка: Разно. Отворам дискусија. Кој бара збор?“

Г. Јанкуловска: „Шефе, оние поапсените во обвинителство за настаните од 27 април пеат.“

М. Протуѓер: „Како, бе, пеат?! Абе сите у ендек има да завршат, сосе фамилиите!“

Н. Груевски: „Не траскај бе, Мартин, друго време беше ендек време, сега е ПМЗ време, други ноти се за пеење… И што пеат?“

Г. Јанкуловска: „Сѐ пеат, како да се на Макфест: како ги организиравме, колку плаќавме, кој носеше сендвичи, кои беа оние под качулките, кој требаше кого да претепа, кој кого да го здрви, кој да го извести Иванов, кој да го уапси Бејли…“

Н. Груевски: „Знае ли некој кај е Митко Чавков?“

В. Ѓорчев: „Шефе, што е тоа ‘Митко Чавков’?“

Н. Груевски: „Тоа е далечински управувач со вградена минимална партиска интелигенција, за да не промашува шоља кога моча… Кај е Чавков? Битно е тој да не пропее…“

Г. Јанкуловска: „Го возат низ Скопје наваму-натаму со полициско црно ауди 8, со затемнети стакла… Викаат дека пие јајца секој ден, го спремаат да отпее високо ЦЕ…“

Н. Груевски: „Знаев! Уште кога ме прибраа на аеродром во Виена, знаев дека он има потфрлено во изведбата! Кој беше задолжен за менување на батериите на даљинското Чавков?“

(на снимката е штама…)

Н. Груевски: „Стани брату Мијалков… Ај сеа пак да прашам: Кој беше задолжен за батериите?“

В. Ѓорчев: „Шефе, што се тоа батерии?“

(на снимката се слуша шамарчуга…)

Н. Груевски: „Фала, брату Мијалков. Предавство, некој заебал со батериите!“

И. Димовски: „Шефе, процедурално: да го бараме Иванов да спреми аболиција за уапсените?“

Н. Груевски: „Кој е ЗА предлогот на братот Илија?… Молчењето значи одобрување – седи брату Мијалков – констатирам дека сите се ЗА. Дајте некој мобилен да го барам Иванов…“

Н. Поповски: „Шефе, не користиме мобилни во ерата ПМЗ, имаат изразена меѓународна интерференца… Курирот Пинки чека во ходник.“

Н. Груевски: „Последниот пат кога Пинки го виде Хорхе, ја заеба целата работа со тогашната аболиција… Има ли некој доброволец да оди кај Хорхе?“

М. Јанакиески: „Шефе, ја и онака треба да свратам до банка, да видам до кај се со трансферите, можам после да продолжам накај Хорхе…“

Н. Груевски: „Брату Миле, ти не, од Прилеп си, ќе ми се збуниш, па наместо по Водњанска, ќе свртиш накај МВР, тебе ќе те запишат таму и во хор и во играорна, имаш ти талент и да пропееш и да заиграш… Седи си ти во бункеров. Некој друг?“

(штама… се слуша како некој чука на вратата на бункерот… штама… чукањето на вратата продолжува)

Н. Груевски (напнато): „Брату Муковски, ти си задолжен за отварање врати, види кој чука на портата…“

(се слуша како Муковски со седум клучеви отвора седум брави, дига четири резиња и трга две метални штангли од вратата…)

Чистачката (од пред врата): „Ме испратија да усисам, ми рекоа се собрало многу ѓубре во бункеров…“

Н. Груевски: „Какво ѓубре?! Нема овде ѓубре, тоа го сместивме во Кривичен, овде држиме Извршен комитет, овде сме само милионери… Кој те испрати, признај!“

Чистачката: „Некои реформатори, горе се распослале по сите простории, ми рекоа да се симнам со правосмукалка и доместос, имало многу ѓубре долу…“

В. Ѓорчев: „Шефе, што се тоа реформатори?“

(на снимката се слуша шамарчуга… после настанува метеж, општа бежанија… па штама)



* * *

Следниот ден Влатко Ѓорчев, со поднадуени образи, одржа прес-конференција на која ги осуди странските набљудувачи на изборите што не го поништиле резултатот од гласањето. Соопшти дека анализите во партијата веќе се прават. И побара аболиција за сите криминалци во историјата на Македонија. Потоа си замина за да му ги сменат батериите.



Сашо Ордановски
извор: Цивил


Браво за Сашо Орданоски.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Окт 19 2017, 20:32

Интересна колумна од Артим Зеколи за Дојче Веле. Која не се бави со понижување на политичкиот противник како што прават простаци од типот на Сашо Ордановски.

http://www.dw.com/mk/пријателски-фашизам/a-41035658



Пријателски Фашизам


Кој е мотивот поради кој не само водството на СДСМ туку и нивните гласачи (славните шаренаши и совесни граѓани) се решија да го спасат албанскиот дел од “пријателскиот фашизам” исткаен во партијата на Али Ахмети?


Во доблесниот нов свет на строго контролирана демократија, опозицијата може да биде елиминирана дури и пред да започне изборната кампања, и тоа преку застрашување и одбивање на перспективни кандидати преку тенки изговори дека не можат да бидат регистрирани. Тоа резултира во замор на гласачкото тело и недостаток на доверба во севкупниот гласачки процес како и пад на излезноста, што овозможува лесна манипулација на изборниот процес. Сето тоа води кон извесен степен на безнадежност и дава причина да се запрашаме дали воопшто има некоја вредност во вршење мониторинг во земјите каде тоа се случува.
Тоа би бил најпрецизниот опис на пред-изборна и пост-изборна Македонија. Описот не е мој, туку од, нели, неприкосновено кредибилен избор како што е ликот и перото на Шефицата на Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Македонија, дамата Одри Гловер. Додуша, описот парафразиран во воведниот пасус, датира од 2011 година во излагањето на дамата Гловер за изборните поуки извлечени од нејзините мисионерски согледувања на изборите во Азербејџан и пошироко. Леснотијата во давањето на таквата прецизна оценка секако се должи на фактот што предмет на бруталната опсервација беа режимите наклонети кон Путин и неговите методи за сакатење на опозицијата. Прашање без многу прашалници е дали дама Гловер ќе има храброст истото да го каже за изборите во кои путинистичките методи на черечење и ништење на опозицијата се според истиот модел, но сега диктиран од амбасадорот Бејли? Не се смејте, де, озбилно прашувам.

Браво мајстори!?
И сериозно најавувам дека одоговорот е не. Оценката на ОБСЕ и меѓународната заедница секако ќе биде "браво мајстори” со тук-таму про-форма забелешки за „нужноста за санирање на одредени недостатоци и пропусти”. Онака како што истите „кредибилно релевантни фактори” заклучуваа со години по ред за изборните и ини крш-процеси за време на владеењето на Груевски и Ахмети како „нужни зла” според кантарот на ново-венецијанските трговци со балкански диви меса. Елем, нивната оценка за кредибилноста на изборите е најдоверливата причина за сомнеж во веродостојноста и демократичноста на истите. Наместо залудно бркање низ формуларите, графиконите и статистиките спремени од членовите на Пактот за Неказнивост СДСМ-ВМРО-ДУИ, причината за сомнежот во демократичноста извира од еластичноста на приодот на меѓународната заедница кон демократијата во регионот и давањето предимство кон нивниот политичко-стабилизаторски интерес наместо реалната демократско-претставничката нужда на овдешното општество.
Сѐ на сѐ, веќе виден филм во кој стравот од бивањето обвинет за параноичност, злонамерност или пизматичност не спречува да го ставиме црно на бело она што разгракано го зборуваме по кафеани – овие избори смрдат на нечистотија до седмо небо! Ќе треба да поминат година-две (како со претходните избори) да она што може да се види со голо око стигне до нервните центри на затупеното граѓанство и се пробијат низ оркестрираната машинерија на платени нарикачи на победата на „реформите и демократијата”. Повторно во склад со традицијата, колку погласни нарикачите, толку погласна изборна манипулација.
Веќе виден филм на Станиславски, во кој повторно пушката обесена на ѕид ќе запука во претпоследниот чин. Сценариото е исто, играчите безмалку исти, исти се и очекувањата дека следи поинакво финале од изгледаните репризи. Со сосема мала разлика на психолошки третман на населението во сервирање на иста сплачина со различни зачини. Во основа станува збор за продолжување на фашизацијата на општеството, но за разлика од непријателскиот фашизам на Груевски и Ахмети, сега на сцена имаме промоција на концептот Заев-Ахмети на "пријателски фашизам”, измислен од Бертрам Грос како локална експозитура на корпоративниот полит-партизам на пост-идеолошката сцена. Дотолку повеќе што клучното прашање за овие избори е идентично со сржта на дилемата која ја поставува Грос во својата книга објавена пред три децении – „дали вашите согледувања коинцидираат со оние на главните, долгорочни, силно финансирани пропагандни кампањи кои целат да ги инсталираат нивните ставови во вашите глави? Доколку да, нели е предострожно да добро промислите таквите видувања?”. Во тоа прашање се крие предупредувањето за политичката манипулација (таксативно нотирана од дамата Гловер) која триумфира со изборна измама (која ја чувствуваме длабоко во себе).
Крах на западната идеолошка компетитивност
Каков и да е, непријателски или пријателски, фашизмот е фашизам и неговата природа неминовно води кон ист и идентичен исход – конфликт помеѓу оние кои профитираат од него и оние кои не сакаат да мозокот им биде сведен на тесто за месење. Впрочем, не бркајте премногу по терминолошки речници туку погледајте ја реалноста пред себе и сопствената доброволна замешателност. Кој е мотивот поради кој не само водството на СДСМ туку и нивните гласачи (славните шаренаши и совесни граѓани) се решија да го спасат албанскиот дел од "пријателскиот фашизам” исткаен во партијата на Али Ахмети? Визијата за граѓанска Македонија? За солвеџо-соживотот на Зоран Заев? За евро-западните вредности? Море, за борба против корупцијата и криминалот? Или за цементирање на петоколонашката структура на ДУИ и братијата албанофонски младиќи, цивили и системски Албанци изродени од недрите на секогаш активните служби?  Преферабилниот однос за фаворизирање на најкорумпираните, најкриминогените, најдоушничките структури на Албанците (на сметка на вистинската и автентична опозиција кај Албанците) е не само назнака за конфликтот кој ќе уследи, не само навестување за праксата која ќе следува и во интра-македонскиот кампус, туку и финално признание на поразот на Вашингтон, Берлин и Брисел во почитување и промовирање на демократијата и претставителноста како општествен инструмент за казнување на неказнивоста. Сублимирано, крах на западната идеолошка компетитивност како диференцијален квалитет на натпревар со истокот. И тоа е пораката од скиснатиот молк кој доаѓа од нивните центри и овдешните амбасади. Нивниот молк или суви пост-изборни пораки најгласно и највпечатливо ја разоткрива сопствената свест за есенцијалната природа на пријателскиот фашизам на Заев и македонската политика воопшто како еволутивна надградба на непријателскиот фашизам на Груевски. И Али Ахмети, среде нив, како Маршал Петен!

Убава теорија
Во неколку наврати се поставуваше прашањето каква е таа демократичност, каков е тој концепт на сожителство, какви се тие инструменти на санкции во кои компаративна мерка е партијата на Никола Груевски? Изборите сами, како и пост-изборието го дадоа одговорот. На локално ниво резултанта на таквата спореденост е кога имате сѐ што го красеше Груевски, но без него како Педро. Но таа споредба има и поширока карактеристика, како составна единка на крахот на западната  "trickle down” теорија според која "фаворизирањето на богатите и моќните е најлесниот, најфункционалниот начин за помагање на најсиромашните како резултат на збогатување на најбогатите”. Во основа, станува збор за теорија во која е замислено дека што побогати тајкуните, тоа повеќе ќе инвестираат, тоа повеќе ќе вработуваат, тоа поголем економскиот раст. Убава теорија, нели. Преубава, прекрасна и тотално лажна измислица на оние со доволно пари да платат пропагандни машинерии за камуфлирање на своето профитерство. Но иако измислена од страна на корумпираната академија на економијата во полза на нивните тајкунски шефови, таа теорија со тек на времето се има префрлено и врз описот на политичкото кастинство, културата, уметноста итн. За да со времето добие сосема спротивна улога од замислената – наместо опис на прелевање на богатството од врвот на социјалната аристократија кон дното на општествената беда, кризата и немоќта на современиот запад доведе до тоа да истата теорија денес се користи како описна вертикала за тоа дека сепак рибата навистина смрди од главата и шири трулеж кон дното. Апстрактната теорија на наглавечки свртената идеа на trickle-down денес е движечката сила на анти-елитистичкиот дух на протест насекаде низ Западот. А со оглед на тоа какви риби ни имаат сервирано во име на "реформите, демократијата и соживотот”, нема да помине предолго време пред отровно да ни засмрдат под нос новите "демократски” сомови од мочуриштето на Бејли.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Пет Ное 24 2017, 19:54

ОЗРАЧЕНИ ЕМ БАЛАНСИРАНИ
Што имаме ние од тоа дека глобално добро стоиме, а локално децата со смс пораки ги лечиме?

1 Во ист ден двајца високи функционери од власта излегуваат и кажуваат застрашувачки вести. Директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, во интервју за неделникот Фокус вели дека, има индиции за криминал со паралелниот увоз и можно е да пиеме неквалитетни лекови. Другата застрашувачка вест стигна од градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Во интервју за ТВ 24 Вести рече дека има индиции оти на градската депонија Дрисла се пали радиоактивен отпад. И тоа обајцата ни го кажаа онака лежерно, во интервју, помеѓу многуте други прашања и одговори.

Не знаеш што е пострашно. Дали тоа што сме озрачени и пиеме пиратски лекови? Или тоа што двајцата високи функционери раскажуваат за индиции, а не кажуваат дали пријавиле во другите институции и во обвинителството за да се истражат тие индиции. Што имаме ние од тие индиции ако нема истрага што ќе ги потврди, или ќе ги отфрли и, особено, ако нема казни ако се покаже дека биле точни. Вака, ова што го кажуваат Ден Дончев и Петре Шилегов се сведува на кафеански муабет.

Крајно време е власта да се сети дека веќе не е опозиција. И дека помина време на индиции. Кога си на власт, особено ако си одговорна власт, ако имаш индиции покренуваш акција. И ја тераш работата до крај. За двете работи што ги кажаа Дончев и Шилегов станува збор за живот или смрт. Што е пресериозна тема за да остане само на индиции.

2 Супер е оваа дипломатскава офанзива на Заев. Супер е што тргнал да нѐ смири со сите со кои што нѐ скара Груевски. Еве, ќе се сликаме, ќе збориме на нивните јазици, ќе се бацуваме, ќе се гушкаме, ЕУ ќе нѐ фали, НАТО- мато… Глобално добро стоиме. Ама, локално што правиме?

Локално, уште децата со смс пораки си ги лечиме.

Што имаме ние од добрососедските односи, ако тоа стварно не ни го подобри животот? А како ќе го подобри кога ниту политичарите, а ниту ние граѓаните не сме спремни за првиот и основен предуслов за подобар, европски живот. Да се почитува законот.

Да нема загадување, ама ако може да не се откажуваме од дизелот што го возиме и да не го пријавуваме комшијата што пали отрови. Да имаме подобро здравство и образование, ама да не мораме да плаќаме даноци. Да имаме слободни тротоари, ама да ни останат и најлонските тераси за пушење. Да имаме проодни улици, ама да можеме да си ја паркираме колата за да си ја гледаме додека пиеме кафе. Да се намали метежот во центарот на Скопје, ама да не поскапува паркингот. Да ни биде чист влезот и исправен лифтот, ама да не плаќаме за куќен совет. Да ги постираме на Фејсбук апликациите за загаденост на воздухот и остро да бараме надлежните нешто да преземат, додека пушиме во канцеларија. Особено во Собрание, во Влада, во министерства, во државни институции… И во болници. Не само во кафеани. За фрлање ѓубре по улици и во природа ич муабет да не правиме. Тоа ионака странските амбасадори со нивните фамилии и вработените без пари ни го собираат.

Европа ќе дојде во Македонија кога секој ќе тргне од себеси во почитувањето на законот. А после, Заев може колку сака билатерални договори да потпишува, да бара милост и да се бацува со попови на државнички средби во секуларна држава.

3 Никола Груевски беше на распит во СЈО за некој нов случај, што произлегуваа од бомби што не сме ги чуле. Којзнае што му пуштиле да слуша, оти на излегување си го заборави капутот. Ама, капутот не е најинтересниот детал. Многу поинтересно е што Груевски во изјавата што ја даде на излегување од СЈО не рече дека е невин, дека џабе го испрашуваат, дека немаат никакви докази…Туку рече дека доказите што ги имаат не смеат да ги користат. И раскажуваше нешто за платите на лекарите, за договорот со Бугарија, за законот за јазиците и за името што Заев ќе го продавал.

Интересно е како се правдаат вмровците зошто уште го трпат Груевски. Па викаат: „Добро де, изгледа дека стварно краделе, ама па сега со државата што правиме? Ни отиде државата!“

Државата не била загрозена кога власта правела криминали со стотици милиони евра, кога прислушувала илјадници граѓани, лажирала избори и криела злосторства. А сега е загрозена. Како загрижените патриоти тогаш, кога раководството на партијата крадело на ангро, не се прашуваа: „Што правиме со државата?“ Сигурно им давале и ним да поткраднуваат.

4 Поранешниот претседател на Сообранието Трајко Вељаноски испратил отворено писмо до сегашниот претседател Талат Џафери. Ај што го пратил – не мора да го праќа, може на говорница да го каже, туку медиумите и му го пренесоа писмото. Новинарите му објавуваат писмо на човек што ги избрка на клоци.

Писмото било за кршење на деловникот на Собранието. Кој го напишал? Трајко Вељаноски, поради чие кршење на деловникот сега сите ние мораме да им исплаќаме отштета од по 5.000 евра на новинарите кои тој нареди да бидат избркани од Собранието на 24 декември, 2012 година. Оти, Судот за човекови права во Стразбур пресуди дека Трајко го скршил не само деловникот, туку човековите права.

Колегите ми глумат балансирано известување. Објавиле дека Трајко Вељаноски напишал нешто за кршење на деловникот, а не кажале кој е Трајко Вељаноски. И дека има најмалку два кабаета за сериозно кршење на деловникот и на човековите права во Собранието. На 24 декември, 2012 и на 27 април, 2017.

Нека извинат колегите. Ама ова не е балансирано новинарство. Како и оние „дебати“ на кои упорно се трудат да ги рехабилитираат водачите на нападот на Собранието со тоа што ги викаат во емисија како релевантни соговорници. Па уште и како жртви ќе се претстават, ќе треба да ги жалиме. Ова е неодговорно новинарство кое ја одржува перцепцијата што сака да ја наметне ВМРО-ДПМНЕ дека „сите се исти“.

Има таму луѓе кои треба да добијат медиумско внимание само кога ќе се најдат на суд. Да им успееше организираниот напад на Собранието на 27 април, до сега ќе нѐ убиваа по улици.

https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/ozracheni-em-balansirani/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пет Дек 15 2017, 11:00

Erol so brilijantna analiza kako i sekogash...

Суетни и недозреани политичари

Интервјуа и колумни - Page 24 %D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%BB-%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BE%D0%B22

Најновите ултиматуми и уцени што си ги испраќаат партнерите што ја делат власта ми наликуваат на лешинари кои се караат за остатоците од она што го изеле лавовите. Ако жртвата е Македонија, а лавовите се од ВМРО ДПМНЕ, тогаш орлите и хиените се суетните и недозреани политичари на власт кои абер немаат колку ум, демократски капацитет и меѓусебна толеранција се потребни да се управува со земја која 11 години била кркана и ждерена од корумпиран режим, а која им е доверена со изим на стотици илјади граѓани да дојдат до таму, одвај да курдисаат влада со тесно мнозинство.

Ако сѐ уште не ја препознаваат историската шанса, работата е: усра се куче у зељаник. Заслепени при очи не сакаат да видат дека лавот умре од осаменост, ама лавчињата живи и здрави остануваат во семејството. И брзо растат. Уште колку години ќе страдаат граѓаните на Македонија додека нејзините партиски лидери научат дека не е можно да ја имаат целата власт во свои раце и дека треба да ја делат мудро без да го делат народот и државата. Се прашувам дали ја научија поговорката што не ја совладаа нивните претходници: дај му на човек власт и ќе видиш колку вреди.

„Алијансата за Албанците“ и нејзиниот лидер Зијадин Села дури од Америка праќаат абер дека нема ништо од договорот ако не се прифатат нивните побарувања. Села направи коктел „блади мери“ од побарувањата избирајќи од ресторанско мени што му се допаѓа, а што не му се допаѓа кај новата влада. Меѓународна истрага за „Диво Насеље“ е одлична работа за Села колку и изборот на нов министер за здравство од редовите на „Алијансата“. Галиба министерското место во здравство не е значајно само поради здравјето на нацијата, туку и повеќе од тоа. Добавувачите со лекови многу полагаат на тоа да победи нивниот кандидат.

Овие од ДУИ, како и нивните довчерашни ортаци од ВМРО-ДПМНЕ, да одат во затвор нарачува господин Села, со тоа што трипати подвлекол целиот пакет да му се предаде лично на рака на премиерот Заев.

На домашен терен патриотите од Беса начисто збеснаа и се избезумија од кавгата законот за употреба на јазиците веднаш, уште од заглавието да го смени името и да се преименува во закон за употреба на албанскиот јазик. Така, од универзална оправданост за проширување на употребата на сите јазици во Македонија работата се сведе на примитивен национализам и шовинизам само во корист на сопствениот јазик. Демек, ако сакаат другите етнички заедници што живеат во Македонија поширока употреба на својот јазик, нека си најдат еден револуционер како Али Ахмети да им го покаже патот до нов Охридски договор. Ашколсун, Беса даде беса: или ич или брич.

Социјалдемократите и ослободителите од ДУИ уште не ја совладаа лекцијата како да работат владата и премиерот без да лажат и да мамат, кога сите имаат побарувања поголеми од хипотекарниот кредит, а каматите постојано растат. Навистина, во вакви околности тешко е да се управува со држава во која народните претставници во власта, залегнати на државните јасли, бараат во стилот „кога ако не сега“ нешто што граѓаните кога ги избираа не им го ставија во своите очекувања. Суетните лидери пуштаат баснословни фактури за услуги кои ниту им се нарачани ниту се извршени. Гласовите и на Македонците, и на Албанците, и на сите други, ако новите власти не заборавиле дека ги има во Македонија, не им беа дадени да ја делат како воен плен, туку да ја урнат страховладата и режимот на Никола Груевски, таа никогаш да не се повтори и да ги забрзаат процесите за остварување на стратегиските цели на државата.

Сите сегашни алармантни ултимативни побарувања и од лево и од десно имаат само една цел, а тоа е популистичко тропање на отворена врата бидејќи сите тие во многу подобра форма и со многу повисоки стандарди се содржани во поглавјата што Македонија треба да ги отвори и оствари со отпочнување на преговорите со ЕУ. Ако тие поглавја ги регулираат правните, демократските, економските односи во државата, чуму тогаш некој си, па макар бил и политичар, си дава за право да нарачува судски процеси, да нарачува етничка прераспределба на парите од државната каса, да ја рангира употребата на јазиците како воен трофеј на својата партија и на големите способности на лидерот.

Се работи за суети на незрели политичари и за погрешна доктрина да се придобие поддршката на сопствена поделена јавност. Успехот на Македонија не е во таа насока, туку во поддршка токму на правецот по кој сега се движи, за жал многу силно попречувано не само од рецидивите на поразените противници, туку и од апетитите на партнерите кои се поголеми од она што им го оставиле лавовите.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Саб Дек 16 2017, 12:23

ДОЈРАНСКА ВОДА
Тоа што ВМРО не нѐ отепа, не значи дека нѐ направи посилни за да го преживееме загадувањето

1 Орденот „ВМРО на неделата“ оди кај градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. За изјавата дадена во врска со најавените протести на социјалните мрежи по повод енормното загадување на главниот град.

Шилегов рече: „Моето лично мислење е дека во добар дел т.н. иницијатива на граѓаните е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чии што стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега. Моите информации се дека е политички мотивирана со цел да се дискредитираат и локалната и централната власт во борбата против загадувањето“.

Пробајте во изјавата зборот ВМРО-ДПМНЕ да го замените со СДСМ. Ќе звучи како изјавата да ја дал Илија Димовски во најсилните денови на режимот.

Ако сака Петре Шилегов да биде вистински политичар, ќе треба да го искористи протестот за да си даде поттик за ефикасно решавање на проблемот со загадувањето. Оти дури и тврдокорните вмровци, на кои дури оваа зима почна да им пречи загадувањето, знаат дека Петре не е крив за отровниот смог. И знаат дека овој проблем не може да се реши за само два месеца.

Тие што повикуваат на протест сакаат да знаат дали градоначаникот активно бара и ад-хок и трајни решенија.

На крајот на краиштата, па што ако протестот е и политички мотивиран. Станува збор за протест за проблем што суштински го засега јавниот интерес. Само партиите ли може да се политички мотивирани?

Тоа што ВМРО не нѐ отепа, не значи дека нѐ направи посилни за да го преживееме загадувањето.

2 Ако пиар тимот на градоначалникот ги анализира новинарските текстови и коментари за гафот на Шилегов, нека го анализира и ова:

Градоначалникот прв пат отвори дежурен телефон за пријавување загадувачи и објави низа мерки, ама телефонскиот број помина незабележано. А вест на денот беше неговата изјава за тоа дека најавениот протест бил политички мотивиран. Затоа, за 24 часа имало само два јавувања на бројот 193.

Гафот на градоначалникот ја изеде акцијата. Се изгуби во скопската магла.

3 Анџак сме кај темата „партија и политичка мотивираност“, да не ја заборавиме и вистинската ВМРО. Овие вмровци на кои што сега им пречи загадениот воздух. И на кои виновни за загаденоста им се Зоран Заев и Петре Шилегов. И цел СДСМ.

На пример, пратеникот Антонијо Милошоски, кој во наплив на опозиционерска луцидност на социјалните мрежи постира слики со Гоце Делчев кој носи гас маска. И на сликата пишува: „Јас го разбирам светот како поле на кое може да се дише“.

Како Милошоски го разбираше светот изминатите 11 години додека тој беше на власт? Како поле за уништување на паркови. Како поле за криминално градење на Скопје 2014 и менување на урбанистички планови по мерка на урбаната мафија. Како осакатување на Водно со градење десеткатници. Како ангажирање на специјална полиција да тепа паркобрани во 4 сабајле, оти лидерот на неговата партија сакал да го разубави просторот за зградиче во барок. Со дозволување увоз на сите коли што се забранети во ЕУ заради популизам. Со палење бадникарски огнови со дрва купени од општинските буџети, додека сиромаштијата пали гуми, иверки и прегорено масло за да се загрее.

Во времето кога на Милошоски не му беше загаден воздухот, неговата партија фрчеше со соопштенија дека соросодите ги измислиле апликациите за мерење на загаденоста за да креваат паника меѓу граѓаните. А тогашниот градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, и тоа во два мандати во минатите осум години Коце Трајановски, ја тргна мерната станица во Центар за да не ја мери загаденоста.

Впрочем, како Милошоски го разбираше светот видовме кога референтни лаборатории открија дека водата во Дојранското Езеро е загадена, а вмровците пиеја вода од Езерото и си ги крштеваа децата. Затоа што партијата викаше дека водата е чиста.

4 И сега партијата на власт вика дека лекови за болните од ретки болести има. Има – во магацин. Ама некој од администрацијата си лакирал нокти, па не стигнал цел месец да стави печат за лековите да стигнат до болните. Па мораше на телевизија да се појават три мајки на болни деца и да се убедуваат со заменикот министер за здравство Гоце Чакаровски, за утредента сами да одат по магацините. И да го слушаат заменик министерот како ги набедува дека „шурувале“ со фармацевтските компании и не ја гледале големата слика.

Им се чудам на мајките како успеаја да останат цивилизирани на таквиот брутален настап на заменик министерот.

Ова е вистинската слика за ефикасноста на институциите во Македонија. Наместо државните службеници да ги решаваат проблемите, за што впрочем земаат плата, граѓаните сами се организираат да си помогнат. Па често дури ја земаат и правдата во свои раце. Од мајките што сами обезбедуваат лекови и за своите деца и за другите болни, преку тие што фрлаат отрови во градинки и јавни површини за да ги отрујат кучињата што напаѓаат луѓе, па до онлајн петициите да се тргнат колите од тротоарите.

И на крај, ќе се чудиме оти американскиот амбасадор ни открил корупција. И не само што ја открил болеста, туку ја поставил и клучната дијагноза. Со констатацијата: Прашање е дали има луѓе што сакаат да се борат против корупцијата.

5 Додека Заев оди по светот, обидувајќи се да ја промени сликата за Македонија надвор, ние дома уште ја живееме вистинската слика. Во која министрите и државните директори, сосе цела администрација не можат да го најдат печатот за лековите да стигнат до болните, на кучињата не можат да им вградат чипови за да ги спасат и нив и луѓето од труење, инспекторите не можат да ги најдат дивите погони што нѐ трујат за профит, а полицијата не може да ги ослободи тротоарите за пешаците.

Така е кога, во моментот кога ќе дојдеш на јавна функција не се занимаваш со барање решенија за проблемите. Туку со барање оправдание за нерешавање.

https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/dojranska-voda/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Дек 19 2017, 11:18

Ветар и магла

Пишува: Сашо Орданоски

Добив многу реакции на мојот контроверзен предлог од пред некој ден за национализација на БЕГ, како една од можните стратегиски мерки за решавање на проблемот со загадувањето на Скопје. Со сериозен државен напор, мрежата би можела побрзо да се прошири, а потоа и да се прилагоди на идната гасификација, како трајно решение на една од најгорливите точки за загадувањето на главниот град.
Нормално, веднаш ми рипнаа и оние со аргументите на „европските енергетски политики“, дека Европа нема да дозволи ни „Н“ од национализација – што е, веројатно, точно – но, сериозни луѓе ме потсетуваат и на тоа како, своевремено, за време на една друга влада на СДСМ, беше приватизирана, најблаго речено на законски спорен начин, компанијата со карактеристики на „природен монопол“ којашто ја испорачуваше услугата за парно греење во главниот град. И дека национализацијата, всушност, според нив, би била исправка на една поодамнешна неправда кон граѓаните на Скопје.

Но, не поминаа ни два дена, а Владата најави како планира да ја ВЛОШИ ситуацијата со загадувањето: не само што таму не се размислува за ширење на мрежата на парно греење со нудење на нови погодности и поволности и за постоечките и за нови приклучувања, туку се работи на тоа како да се поскапи услугата за парно, за уште повеќе луѓе да се исклучат од таа мрежа и веќе идната зима да ги активираат оџаците и ќунците низ зградите и куќите!

Според најавите на потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев, гледам дека веќе се подготвува шемата за тоа како некој дебело да се „омрси“ од купувањето на калориметрите за парното греење. Оти, ако се плус/минус 50 евра од радијатор, навистина се работи за голема сума на пари – што, на крајот, ќе ја платат граѓаните, ја од свој џеб (можеби, додуше, на рати, преку покачените сметки за парно, што да ти била една голема поволност!), ја преку државниот буџет, односно од „задниот“ џеб на истите тие граѓани, само што така државата ќе има контрола врз тендерите за набавка на калориметрите. Сигурација.

А, гледам и дека една експертска тајфа за молзење пари, со морален капацитет на канализациски стаорци, која со години како пијавица цицаше од „бочните“ криминали на Фамилијата, повторно се разместува со разно-разни маневри, гешефти, понуди и предлози до ресоров на Анѓушев, само за да не пропуштат некој денар ним да не им помине низ раце.

Мене ми изгледа дека надлежните не разбираат колку е важно прашањето за загадувањето и дека се надеваат во ветерот како главен сојузник во расчистување на маглите. Јас не сум експерт за ништо од таа проблематика, но стручен сум за поставување прашања: не е ли попаметно, на пример, прво да се расчисти „воздухот“ околу Дрисла и да се соопшти кои се резултатите од истрагите за незаконскиот увоз и горење на илјадници тони отпад (наводно опасен), а дури потоа да се мисли како на граѓаните уште малку да им се загорчи животот со нови издатоци околу греењето со парно?

https://civilmedia.mk/zagaduvato-go-rschavam-so-ognomt/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Саб Дек 23 2017, 10:13

КЕЦ НА ДЕСЕТКА

1 СЈО објави дека отвори нов случај – Странски служби. Со кој можеби ќе се разјасни и како настана приказната за фамозните жолти комбиња, за кои ни раскажуваше Никола Груевски како премиер на 30 јануари 2015 година. Неколку дена пред да пукне аферата со прислушувањето. Кога ни кажуваше дека од тоа што ќе го чуеме „нешто е вистина, нешто е лага, а нешто полувистина“.

Според случајот на СЈО, приказната оди вака: Груевски и УБК на чело со Сашо Мијалков со години ја прислушуваат цела држава. Кога Заев во 2014 година оди кај Груевски да му каже дека знае за прислушувањето, Груевски смислува сценарио. За да не се открие дека тој прислушувал, ги измислува странските служби. Ама за да му биде сценариото убедливо, Груевски нарачува елаборат од странска служба, за нему да му каже дека го прислушувале странски служби. За да може таа информација да ја сподели со коалиционите партнери. И за да биде приказната за странски служби уште поубедлива, Груевски со нашите пари купува нова опрема за да ги лови прислушувачите што ги измисли. Поточно, странските служби. Арно ама, откако се создаде СЈО за да испита кој всушност прислушувал, Груевски и компанија ја уништија опремата во УБК со која всушност прислушувале.

И кога Груевски и фамилијата можеле да смислат ваква приказна, дали стварно мислите дека пред конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој треба да се избира Христијан Мицковски за нов лидер, навистина има бунт во партијата? Или и бунтот е измислен како странските служби.

2 Сомнеж дека и бунтот во ВМРО-ДПМНЕ е фингиран ми се јави во моментот кога го слушнав и Илија Димовски како се жали дека во партијата немало демократија. Тоа е оној Илија Димовски што нагалено го викаат Илче Гебелсче, оти беше долгогодишен директор на озлогласениот Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, што функционираше по принципот на Центар за лаги и пропаганда. Тоа е пратеникот Илија Димовски, кој од собраниска говорница се закануваше: „Ќе те спружам на насловна“. И заканите ги остваруваше. Оти ги контролираше безмалку сите медиуми во Македонија. И кого во една од бомбите, во разговор со тогашната министерка Гордана Јанкулоска, го чувме како договараат дека некое лице треба да добие притвор и тоа да му го кажат на Зврлевски.

Дека нема демократија во партијата се жали и Антонијо Милошоски. Кого го чувме како нарачува лустрација за политички неистомисленик. И Трајко Вељаноски. Кој на темата демократија има најмалку двоен докторат. Како претседател на Собранието на 24 декември 2012. И како претседавач за време на организираниот напад на Собранието на 27 април годинава.

3 Орденот „ВМРО на неделата“ овој пат оди кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. За организација на настанот „Отварање на полициска станица во скопската општина Ѓорче Петров“. Изгледа дека сдсмовците биле толку одушевени од Никола Груевски, што успешно ги копираат неговите најпопулистички потези. Ние мислевме дека тие 11 години биле пасивна опозиција. А тие уредно бележеле што најмногу ќе пали кај народот кога ќе дојдат на власт.

Па се набија еден до друг министерот Спасовски и градоначалниците на Скопје и на Ѓорче Петров Петре Шилегов и Александар Наумовски заедно да сечат лента. Зад нив задолжително – поп. Оти сме секуларна држава со социјалдемократска влада. А до попот, заменикот министер на МВР Агим Нухиу. Оти оџа немаше. ДУИ се докажано либерални.

Додуша, поштедливи се од вмровците. Заштедија на хостеси. Ги нашле најубавите полицајки да ја држат лентата оптегната. За да имаат министерот и градоначалниците што да сечат. Па така, добивме три во едно – поп, дама и џандар. А кецот на десетка го направија градоначалниците Шилегов и Александар Наумовски.

Ова е уште една епизода од серијата „Македонија – Пародирај ако можеш“.

4 Тоа државно земјиште што не успеа да го продаде ВМРО-ДПМНЕ сега се подготвува да го дораспродаде СДСМ. Оти, Владата донела одлука да продава државно градежно земјиште во 58 општини за 70 денари квадрат. Земјиштето е за изградба на ученички домови, студентски домови, домови за стари лица, домови за самци, домови за деца без родители и домови за незгрижени лица.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели: „Веруваме дека со оваа мерка ќе го стимулираме приватниот сектор, ќе привлечеме нови инвеститори во овие делови на Република Македонија, ќе допринесеме за локален економски раст и порамномерен развој во државата“.

На пример, во Конче со 3.500 жители ќе се привлечат нови инвеститори со дом за деца без родители. Чиста економска логика. А Чашка со 8.000 жители ќе доживее економски бум со дом за самци. А Зрновци со 3.000 жители ќе доживее нова младост со студентски дом. Во Ранковце од 4.000 жители, каде што им е исклучен дури и бројот на Пожарната оти општината должи 250.000 евра, приватен инвеститор ќе прави профит со дом за незгрижени лица. Баш ме интересира бизнис моделот за дом за незгрижени лица. И како таа инвестиција ќе допринесе за локален економски раст.

На кого му текна ова? На Миле ли му текна? Кој гарантира дека уште во градба нема да биде направена пренамена на објектот? И што ќе се случи ако државното земјиште се приватизира за ич пари, а не се изградат наменските објекти, или не се користат за дозволената намена? Кој ќе биде спремен тогаш да оди во затвор?

Оти, на Миле од што многу му текнуваше, сега има 16 обвиненија од СЈО.

5 Јака му е финтата на Груевски што вози старо „пунто“ на чело на конвојот со кој малубројните вмровци протестираат за притворот на учесниците во организираниот напад на Собранието на 27 април. „Пунтото“ било старо 20 години.

На кого продава финти со стара кола човекот што како премиер купи „мерцедес“ од 600.000 евра? Што не смеше да се вози на настани каде што има новинари. Туку смислуваше разни маневри – до некаде ќе се вози со стариот, па после ќе се префрли со новиот „мерцедес“. А сега пред новинари вози старо „пунто“. Кое не се знае ни чие е. Оти како функционер не го имаше пријавено во имотните листови. Може на мајка му е и „пунтото“. Заедно со становите. Оти Груевски е скромен и човек од народот.

За волја на вистината, и тоа старо „пунто“ многу кажува. Дека Груевски 20 години не ни имал потреба да си купи своја кола. Сѐ со државна се возел. Додека ние сме земале кредити, лизинзи, сме се задолжувале со стари коли увезени од Бугарија, довлечкани од Германија, тој си разгледувал каталози и ѝ се јавувал на Гордана Јанкулоска со нарачка што да му купи. Оти морал со тоа на „М“ да си ја вози фамилијата.

https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/kets-na-desetka/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пон Дек 25 2017, 17:18

Колумна на Биљана Секуловска објавена на Нова ТВ по повод изборот на новиот министер за здравство.

Од: Биљана СекуловскаDecember 23, 2017-11:17 am
Мора да биде Филипче

Интервјуа и колумни - Page 24 Filipce

Никој што и мисли добро на оваа земја, не би требало да биде против изборот на СДСМ, Венко Филипче да стане нов министер за здравство.

Ако набрзина ја прегледате само со едно око неговата биографија, ќе ја цементирате вашата позиција- овој човек е идеален изданок на типичната македонска политичка култура.

Веќе знаете на што мислам- тоа подразбира да се биде секогаш дел од власта, сеедно дали нејзината идеологија е криминогена и никако поинаква, затоа што само таа може да понуди молчеливост, обесхрабрување, потиснување на вредностите, на индивидуализмот, на борбеноста, на имањето став.

Само така се наградуваат нашите првенци, свежите партиски војници, само така тиранијата може да расцвета, да ве обмота цел со трње, зошто да бегате, кога при секое движење ви се гарантира прогон?

Аплаудираме сите на фактот што овој човек, иден министер, бил потписник на Контра-пленумот, со овации ги поздравуваме сегашните негови изјави дека му подметнале некаков список, ох, каква неправда е сторена, богови, смилувајте се. Паѓаме на колена пред неговите одлучни деманти, дека никогаш не бил дел од таа контра-банда, небо, отвори се и проголтај ги демоните.

Сочувствуваме, липаме над неговата неправда, кога во тоа време, кога подоцна го видел сопствениот потпис на документ со кој не се согласува, никогаш не излегол со јасен став дека му е подметнат некаков список, о, ветришта, издувајте го времето поминато, о, реки и планини, потопете го сеќавањето за тие денови.

А тие денови, ех, тие мрачни денови, баш тогаш, тој добил и голема и важна улога, да биде советник на Никола Тодоров, поранешниот министер за здравство, за кои ќе мора сите библиотеки на овој бескраен свет, сите тајни и официјални архиви, сведоштва, усни преданија да се запалат и убијат, за да не остане трага од неговите политики, кои сега му се товар и на нашиов Филипче.

Создадете од Филипче чист и невин херој, оставен сам на себе борец во невремињата, измислете му иднина, закопајте му го минатото, избришете му го секој печат кој го треснал со самото молчење, климање на глава, што е важна фамилијарната врска сега, фактот што и неговиот татко бил министер за здравство во некое друго време на СДСМ, тоа е најмалиот проблем, најбезначајната поединост за нашиов морален џин, иден министер за здравство.

Којзнае како, но не верувам дека некој оваа СДСМ на Заев, ја доживува дека “ги држи неразвиени како џуџиња своите луѓе, со цел така да станат послушен инструмент во нејзините раце, дури и ако е за корисни цели. Таа држава ќе открие дека со мали луѓе реално не можат да се извршат големи работи и дека совршенството на машинеријата, за којашто таа жртвувала сенешто, на крајот ќе биде бескорисна- поради недостигот од животна сила, која таа повеќе сакаше да ја прогонува. само за да може машината мазно да работи (Мил)”.

Секогаш е добро време да се проговори за моралната вертикала, затоа што Шарената револуција како наследство ни го остави тој долг. Натоварени со мали човечиња ќе пресвиснеме, но кому да му се каже сево ова, зарем на Заев, па тој еднакво го знае, како што не знае и нас, затоа што се заедно создадовме, но за уништување, е, за урнисување, никој не може да ви го стори тоа, освен самиот на себе.

Раскомотете се Филипче во Лилипутанија, вие така гледате на оваа земја, но, каква штета, какво губење време, ако мислите дека сме се балсамирале и ние со неа. Времето на груевизмот го умртвивме, токму за да не ги оживееме неговите трња, затоа што времето не гази, но акo вака продолжиме,  нема ни да му се израдуваме на она време што доаѓа.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Пон Јан 08 2018, 11:48

Поздрав од Тричко...

Македонштина

Почитуван господине Заев,

Од интервјуто што го дадовте за порталот МКД. мк, посебен впечаток ми остави следниот одговор:

"Мојот патриотски однос кон државата сум го докажал и јас и заедно со моето семејство. Сѐ што имам ми е во Македонија, сѐ што сум учел е љубовта кон мојот народ и мојата татковина. Сум се радувал за мојата независност, нашата македонска независност, посебност, различност од сите земји и апсолутно македонштината ми е својствена како на секој наш граѓанин и ја негуваме во нашите души и срца. Апсолутно сум свесен дека родољубието е перспективата на државата. Секако сите знаат дека треба да ѝ отвориме перспективи на Македонија, но и сите знаат дека треба да го сочуваме достоинството и на народот и на нацијата и на државата“.

Ќе ви бидам благодарен ако потрошите десетина минути на мојата љубопитност, како мала помош во расчистување на прашањата што ми ги наметнаа вашите ставови што ги цитирав на почетокот на овој текст. Ве уверувам дека кон тоа расчистување приоѓам икслучиво низ призмата на општиот интерес, а не на мојата радознајност како лична работа.

Како се докажува дека некој однос е патриотски!?

Што е тоа патриотски однос!?

Не само на темата за името, туку воопшто!?

Дали односите што не можат да се докажат како патриотски се непатриотски!? Како да ги викаме тие односи? Дали се тие по дефиниција лоши односи кон државата, наспроти патриотските, кои се позитивни! Тоа е, ако добро ја разбрав, пораката на ставот дека „патриотскиот однос код државата сте го докажале...“

Дали луѓето кои имаат нешто надвор од Македонија би имале проблеми на испитот по патриотизам, односно дали можат да завршат факултет по граѓанство на Република Македонија, без тој испит. Зошто е добро се што има човек да му е тука во Македонија!? Супериорноста на луѓето што се што имаат го имаат во Македонија, се сугерира во вашиот став.

Каква порака сакате да испратите кога велите дека „се што сте учеле била љубовта кон вашиот народ и татковината!?“

Нели е тоа премногу строго, ограничувачки и дури, би рекол, хендикепирачки.

Секоја заедница живее низ ритуали, но ритуалите не се љубов, односно не се љубов кон народот и татковината!

Но, можеби љубовта за која зборувате содржи и нешто повеќе од кршењето на јајца на Велигден, од прчењето со седум-осминскиот ритам, од ежењето на песната „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, од трансот во успесите на ракометарите!?

Или љубовта е работа што се наплаќа на патарините и на касите во Собранието и во ДИК!?

Во олигархиската мапа на сопственоста врз Македонија!?

Што значи изразот „македонштина“!?

Мене ми звучи грубо, како нешто што е тешко искомпромитирано, без везе, фолклорно, но нека да ги оставиме моите впечатоци, ме интересира што сакате да кажете кога велите „апсолутно македонштината ми е својствена како на секој наш граѓанин и ја негуваме во нашите души и срца“.

Зошто мислите дела тоа е најважната работа што еден премиер треба да ја каже на почетокот на годината на надежта!? Јас, на пример, во моето срце и душа не негувам нешто такво, макар што дозволувам дека тоа чудовиште постои во некоја моја преткомора само што јас не сум свесен за сопствената македонштина. Можеби кај мене се јавува во форма на некоја систола.

Што е македонштина!?

Дали е македонштина силата со која толпата влезе во Собранието и ви ја скрши главата!?

Дали е македонштина „Скопје 2014!“?

Дали е македонштина хипнотизирањето и хистеризирањето на 7.000 деца за Бадник?

Дали е македонштина александриското циркузирање по дијаспората.

Референдумите против имигрантите!

Апелите за смрт за шиптарите!?

Целиот културоциден процес кој за десет години направи од целата нација и општество маса во која домнираат кретенизирани и десубјективизирани поединци!?

Од прегледот на употребата на овој термин во последните дванаесет години, јас заклучив дека се е тоа македонштина, апсолутно македонштина.

Нашата драма е резултат на високите концентрации на таква македонштина. Така разбрана македонштината е средство за чистење на македонските дамки од чаршавот на историјата.

Конечно, би сакал да ми го објасните ставот дека, цитирам, "апсолутно сум сигурен дека родољубието е перспективата на државата"

Не нешто друго, туку родољубието!

Не образованието, не науката, не уметноста- родољубието!

Слободен сум да кажам дека апелите за родољубивост се толку многу погласни колку што е поголем степенот на уништеноста и на родот и на родината.

Во тоа можеби има логика, но проблемот е во тоа што родољубивоста како што ја сфаќа Македонецот, е докажано средство за упропастување на општите перспективи.

Конечно, нели мислите дека достоинството на народот, на нацијата и на државата се најсамодеструктивната парола која сите тие категории го донесе на работ на пропаста!? И дека на тоа поле, како и на сите други полиња, имаме нужда од радикален пресврт!?
Ќе бидам груб и ќе ви кажам отворено: Достоинството на Македонецот е уништено, темелно е уништено, мораме да видиме што ќе правиме, но старите пароли нема да не донесат до успех, во тоа сум сигурен!

Благодарам на вниманието.

Ви посакувам испех во водењето на државата и во личниот и семеен живот.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo Саб Јан 13 2018, 14:16

Sekoja dobronamerna i izdrzhana kritika bi trebalo da bide alarm za SDSM...

СДСМ е црква за сенародна молитва

Пишува: Сашо Орданоски

Би сакал да го информирам СДСМ дека од тетката на соседот на золва ми сум слушнал оти во едно село околу Битола (да не беше Кичево или Драчево?!), наводно, колку и да звучи неверојатно – а луѓе ми се колнат дека е така – постои ЕДЕН човек кому таа партија не му се допаѓа!
Јас не знам како е тоа можно, кој било, еден-единствен да е, а да не го сака СДСМ?! Бидејќи, откако дојдоа на власт, партијата направи сѐ што е во земна, надземна и, особено, подземна моќ да им се допадне на сите во Македонија, во соседството, во регионот, на континентот, во светот, па и пошироко.

Во тој напор, тие не познаваат ограничувања ниту пречка што не може да се надмине: политичките противници ги ценат многу повеќе од своите истомисленици; верниците ги сакаат неспоредливо повеќе од атеистите кои ги негуваат далеку подобро од богомолците; конзервативците ги чуваат три пати повнимателно од либералите кои им се при срце; со патриотите се натпреваруваат во патриотизам што ги надминува и највлажните патриотски соништа; невработените ги молат да се вработат на место на вработените за кои нема откази; за гладните од уста би одвоиле, а на ситите уште еден залак би им додале; на синдикалците К-15 им делат, на олигарсите тендери, на рекетарите фирми за обезбедување, на веледрогеристите нови лиценци за старите пакувања, на писателите и скрибоманите награди и признанија, на пропагандистите уште пари, на новинарите од рака им јадат, на Албанците на гради им спијат, пред странците се постилаат, на претседателот му се поклонуваат… За десните се подесни, за левите – уште полеви, што во полн круг опасно се приближуваат до крајно десните; за сиромашните се добродетели, за богатите се доброчинители; ако се гушите ќе ви дадат бесплатен превоз, ако пушите ќе ви дадат прочистен воздух…

СДСМ стана и црква и џамија и авра и капела во која има иљач за секого и молитва за сите! МПЦ и ИВЗ можат вода да им носат – а и за тоа СДСМ ќе ги обезбеди и цистерните и превозот и поздравниот говор.

Очекувам за Водици, Владата, преку специјално отворени општински канцеларии, бесплатно да дели корита и пластични турски легени за секој да може дома, без разлика на верската или неверската припадност, да си го фрли крстот во вода, да го фати, а потоа да добие државен телевизор за награда на којшто ќе може да ја следи програмата на МТВ за Велигден, Бајрам, Рамазан Бајрам, Ѓурѓовден и Видовден.

Тоа во политиката, како што е познато, се нарекува популизам. Помешан со конзервативизам и персонализам. Кај нас, пред да пропадне, се викаше Груевизам. Во социјализмот се нарекуваше комунизам: секому според потребите, од секого според можностите, минус верска настава. На минатите избори луѓето масовно гласаа за сдсизам – „Живот за сите!“ – а животот како плима ги подигна сите чамци, особено глисерите на оние кои гласаа против тоа.

Под вода, удавени, останаа приврзаниците на политичкиот идиотизам, односно некои интелектуалци, атеисти, вечни критичари и критизери, на кои оваа политика не им се допаѓа. Тие и денес инсистираат на критериуми, на стандарди, на реформи, на закони и правила, а некои, замислете, дури се дрзнуваат да потсетат дека македонската држава, според Уставот, да ти била секуларна! Срамота.

Какви злобници: сигурно барале пари, позиции и привилегии, а не им се дале! Па сега изигруваат принципиелни критичари, како на власт во Македонија сѐ уште да е Фамилијата, кога за секого имаше цена, попуст, распродажба, субвенција, поволни кредити и програми за лојалност, во кои не учествуваа само будалите кои помогнаа СДСМ да дојде на власт.

Јас мислам дека на таквите, дури и ако бараат, сега да не им се дадат државни корита за Водици, да нема каде да го фрлат и да го фатат крстот, и да останат без телевизори. И да видам, после, на што ќе ја гледаат програмата на МТВ за Велигден, Бајрам, Рамазан Бајрам, Ѓурѓовден и Видовден.

Убаво. Ова е Планот А. Кој сѐ повеќе наликува и на План Б.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Саб Јан 13 2018, 18:10


Мицкоски, можел да поентира, ама според Сашо Политико, стана новиот Грујо, за што и се слагам.....
Лелеее, овој уште во првото интервју се самоутепа?!?! АМАН БЕ ВМРОВЦИ, ШТА БИ?

Лупевска го прашува фино, човечки, му сервира волеј за овој да ја задене право под пречка, му вика да беше ти лидер ќе се десеше ли 27-ми април, и овој наместо да пука пенал, да ја раскине мрежата, да каже НИКАКО, ова е држава, требаше полицијата подобро да реагира, не смееше да дојде до тоа, можеше војна да избие, не смееме да се тепаме, мораме да останеме цивилизирани, ништо не се решава со насилие, изгубивме на избори и требаше да си одиме мирно, и потоа да поентира со патетики за мир во светот, земјата е поле за натрпевар мешу партиите и народотие, чучулигите да си летаат од гранка на гранка, да се дистанцира од Чавков, Грујо и целата банда, и преку ноќ да ја очисти партијата и да ја лансира право нагоре и за 2-3 години да се врати на власт, овој копукот, мамлаз, дебил, ропак, муле ретардирано, вика, ПА НОРМАЛНО Е ДЕКА НАРОДОТ ЌЕ ТЕПА, СИ ГО БАРАА?!?!

АЛОООООООО?!?!?!?! ШАБАНЕЕЕЕЕЕЕЕ, НЕ Е ВЕЌЕ ГРУЈО НА ВЛАСТ БЕ МАМЛААААААЗ?!?!?!?!

Ти разбираш ли што кажа бе кретен?!

Со ова даваш зелено светло власта да ве натепа кога ќе посака, било легитимно, сте си го барале?!?!

Кажуваш дека вие како партија ако дојдете на власт пак ќе тепате?!?!

ЗНАЕШ КОГА ЌЕ ДОЈДЕТЕ НА ВЛАСТ ПОСЛЕ ВАКВА ИЗЈАВА?!?! КОГА ЈА ЌЕ МИЛИОН ЕВРА НА СМЕТКА, ЗНАЧИ КОГА ВРБАТА ЌЕ РОДИ ГРОЗЈЕ КАВАДАРЕЧКО!!!

ЕБАТИ ИМБЕЦИЛОТ, БРЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

п.с Велам прво интервју, затоа што она интервју на МТВ и не беше интервју, со куртони нема интервју, со куртони има само некаква шарада, театар, заебавање, тоа не е интервју, Лупевска сепак, ваква таква, му ги извади џигерите на овој кретен...

Гревче, т.е сите сме гревчиња, пак ќе имам држава со слаба опозиција.Sad
Што видовме не е баш ОК.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino Саб Фед 17 2018, 13:06

Ete gi vasite vikaat i oni isti ste si izgleda cuknaa glavite u zid malku.

http://novatv.mk/ne-smee-da-se-kritikuva-vladata-na-zaev/

Немојте да ја критикувате Владата на Заев- можеби ако поставувате прашања за конфликт на интереси ќе ви ги споменуваат вашите деца, можеби ќе бидете притиснати да не пишувате, а тоа значи да престанете да постоите.

Не отворајте живи рани сега, кога крвари реформскиот организам, не си играјте господа, засрамете се, казнете се самите себе, удрете си по некој камшик, но така да ве видат сите, нека се знае кога сте ја искритикувале Владата на Заев.

Нека ве надгледува во самоизмачувањето најтесното партиско тело на Бихаќка, нека присуствува на самозапалувањето, нека аплаудира, никој нема да заплаче горко во што се претвори Шарената револуција.

Нека се собере целото врвно во успесите раководство, нека испратат автобуси, нека дојде гласачкото тело на СДСМ од цела Македонија, нека се одржи митинг за предупредување за останатите критичари- со билборди со вашиот лик и кукли со вашата глава на копје.

Нека испратат пријателски новинари, ене им ги Цаци и Сарма, за малку па преобратени, ним секоја партиска прегратка им е иста, само нека преживеат и нека ги нарекуваат новинари, затоа што реформите мора да почнат.

Нека ви ги удрат камерите од глава, нека ви го обмотаат микрофонот со жицата околу вратот, нека се смеат сите, нека се фатат за стомаците од смеење до породување на нови, врли новинари, послушни пера, нека прогласат вонредна состојба во која во огномет ќе одлетате за никогаш повеќе да не се осмелите- да ја критикувате Владата на Заев.

Сум  ги покривала сите Влади на СДСМ, но ваква Влада не сум видела.

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino Сре Мар 07 2018, 13:44

Pak na kraj ke go krka narodot ama arno vi trgna so dui zakonot za jazik pa mozda ke go okrkate na vas grb ako se raspadne koalicijata.

http://respublica.edu.mk/blog/2018-03-06-10-04-17

Со бастун ли на работа ќе се оди во Македонија?

„Дупката“ во ПИОМ е резултат на промената на политиките за финансирање на пензискиот систем и ако се сака таа да се намали, далеку посоодветно е решението да се бара кај факторите кои ја предизвикаа, а не, како што им е најлесно на властодршците, цехот да го плаќа обичниот човек.

Откако министерката за труд и социјална политика кажа дека Владата воопшто не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, а и министерот за финансии нагласи дека не треба да се направи таков чекор сè додека не се исцрпат сите други решенија, премиерот Заев изјави дека и оваа опција е во игра. Ваквата неусогласеност на ставовите во Владата кажува многу. Но, настрана тоа, она што веќе е јасно е дека Владата сериозно размислува цехот од погрешните политики да го плати – работникот.

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 24 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 24 of 42 Previous  1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 33 ... 42  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот