Интервјуа и колумни
+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters
Страна 11 of 42
Страна 11 of 42 • 1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 26 ... 42
Re: Интервјуа и колумни
Иселениците мора да имаат право на глас, но власта од тоа не смее да прави фарса!
Деновиве во фокусот на вниманието на политичката јавност е гласањето на иселениците од Македонија во светот. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги вкрстија копјата околу прашањето дали иселениците треба да немаат, да имаат три пратенички мандати како сега, или можеби 20, како што инсистира премиерот Никола Груевски. На оваа тема разговаравме со Ден Дончев, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, наш иселеник во Австралија.
Господине Дончев, како ја оценувате досегашната дебата за гласањето на иселениците, во пресрет на следните парламентарни избори?
- Дебатата околу гласањето на дијаспората се развива во погрешен правец. Сосема е во ред да се има општествена дебата за прашањето дали и на кој начин иселениците треба да имаат право на глас. Па, ако сакате, дури може да дебатираме и за мајтап предлогот на Груевски за избор на 20 пратеници од дијаспората. Мое лично мислење е дека дијаспората треба да учествува на изборите. Меѓутоа, сето тоа е за некои идни времиња, кога ќе се создадат услови за тоа што може да се нарече фер и демократски избори во државите каде иселениците ќе гласат.
Да, но сите погледи се вперени кон изборите во април 2016 година...
- Во меѓувреме, под итно треба да се прекине гласањето на дијаспората за парламентарните избори во април 2016. Еве зошто! Целата работа, како што беше до сега поставена, е со единствена цел сегашното ВМРО-ДПМНЕ да добие сигурни три пратенички места, безмалку на криминален начин. Конкретно ,зборувам за ситуацијата во Австралија, но сум речиси сигурен дека околностите се идентични и во Европа и во Америка.
Што се случува во Австралија?
- Според последниот попис, во Австралија, официјално, се регистрирани околу 120.000 граѓани со македонско потекло. Мојата проценка е дека таа бројка е поблиску до 200.000, ако се земат предвид Македонците од егејскиот дел и значаен број од втората и третата генерација Македонци кои се немат изјаснето како Македонци на пописот. Според пописот, од вкупниот број Македонци, околу 45 проценти живеат во Сиднеј и околината, 45 проценти живеат во Мелбурн и околината, 5 проценти се во Перт и уште 5 проценти во други помали градови. Како и да е, може да претпоставиме дека најмалку 50.000 Македонци се на возраст над 18 години и со потенцијално право на глас.
На последните таканаречени избори во дијаспората, само околу 900 Македонци од Австралија гласаа за пратеник. Ова значи дека не може да стане збор за гласање на „дијаспората”. Тоа беше гласање на мала група луѓе. Ваквиот мал број гласачи (од кои 96 отсто гласаа за сегашното ВМРО-ДПМНЕ), е фарса сама по себе и речиси сите во Македонија се свесни за ова.
Зошто е толку слаб одѕивот на избирачите?
- Мислам дека малкумина во Македонија знаат дека гласачите во Австралија имаат право да гласаат само во Амбасадата во Канбера и во Конзулатот во Мелбурн (лоциран во центарот на градот). Ова значи дека Македонците во Сиднеј треба да патуват 200 километри до Канбера и 200 километри назад, за да го остварат своето уставно право на гласање. Македонците во Мелбурн, кои инаку живеат во неколку сконцентрирани населби, во просек треба да патуваат 30 километри до Конзулатот во центарот на градот и 30 километри назад, за да го остварат своето уставно право на гласање. За да гласаат, Македонците од Перт треба да патуваат 4.000 километри до Мелбурн или Канбера и 4.000 километри назад.
Целата процедура е дополнително отежната со дополнително патување. Пред некој да реши да дојде на денот на гласање, треба претходно да се регистрира како гласач. А за да се регистрира, треба да се поседува македонски пасош или лична карта. За тоа, треба да се се отиде во Амбасадата во Канбера или во Конзулатот во Мелбурн.
Што подразбирате под фер и демократски услови за гласање на дијаспората?
Но, тие што ионака мислат да гласаат, секако би се обиделе да се регистрираат како гласачи, во двете дипломатско-конзуларни претставништва. Зошто е ова доиполнителен проблем?
- За време на изборите во 2011 и во 2014 година, имаше сериозни пречки од страна на службениците во Амбасадата и во Конзулатот за Македонците кои самоиницијативно се обидоа да се регистрираат како гласачи. Бидејки сегашното ВМРО-ДПМНЕ не ги сметаше како нивни сигурни гласачи, овие Македонци се соочија со разни административни барања. Целта беше да се откажат од регистрација. Други, пак, едноставно ги немаше на избирачкиот список и покрај уредно доставените документи.
Значи ли тоа дека власта свесно си обезбедила предност на изборите?
- Сето ова практично значи дека тие што беа регистрирани гласачи во Австралија (околу 750 во Мелбурн и 250 во Сиднеј), беа стриктно избрани луѓе од страна на активисти на ВМРО-ДПМНЕ, а под директна контрола на одредени поединци од Скопје. На самиот ден на гласањето, во 2011 и 2014 година, активисти на ВМРО-ДПМНЕ организираа автобуси во Сиднеј и Мелбурн да ги носат гласачите на гласање.
Со ваквиот начин на организирање и спроведување на избори, со сигурност се прекршени многу услови за фер и демократски избори. Во овој момент не постојат теоретски шанси да се обезбедат услови кои би можеле барем малку да бидат фер и демократски.
Што подразбирате под фер и демократски услови за гласање на дијаспората?
- Пред се, регистрација на минимален број гласачи, бројка која би била слична на бројката со која се обезбедува еден пратенички мандат во Република Македонија. Воедно, оваа подразбира и обезбедување на ефикасен и релативно лесен начин на кој гласачите би можеле да се регистрираат. Потребно е да се обезбеди доволно голем број гласачки места на денот на изборите во близина на местата каде што живеат најголем дел од гласачите. Сето тоа, се подразбира, мора да биде под контрола на Државната изборна комисија.
Според Уставот, секоја Македонец има подеднакво право да гласа на избори. Од друга страна, државата има обврска да обезбеди подеднакви услови за гласање на сите граѓани. Кога веќе сегашната ВМРО-ДПМНЕ дозволи гласање во Австралија, небулоза е да се каже дека Република Македонија обезбедила подеднакви услови за регистрација и гласање на македонски граѓанин кој, на пример, живее во Перт. Значи, кога гласачите немаат реални услови за регистрација и гласање, право кое е загарантирано со Уставот, тогаш по дефиниција, целиот процес на гласање во Австралија е антиуставен.
На кој начин би се постигнале овие услови и колку сето тоа би го чинело македонскиот буџет, се прашања кои барат сериозно размислување и планирање. Но, се додека Република Македонија не обезбеди барем елементарни услови за уставно загарантираното право на регистрација и гласање, фарсата со наводно гласање на дијаспората треба да биде прекината, вклучително и за изборите во април 2016 година.
Разговарал Бранко Героски

Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Никој не им бранеше на Македонците во странство да излезат на гласање. Иако еден од начините на гласање е и тој што го избра мнозинството иселеници. Да не гласаат. Дека и негласањето е еден од начините на гласање не убедуваа СДСМ и странските платеници. Кога сметаше дека некои прашања не заслужуваат одговор, па пдобро е да се седи дома и да се глада телевизија.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Osven shto pastirot tvoj ne im dade mozhnost da go napravat toa birajki gi najoddalechenite mesta ods groto iselenici za punktovi za glasanje...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Секс-скандалите на Нашите и Вашите
од Биљана Секуловска, НОВА | објавено на: 03-10-2015 11:32:29
Катастрофата никогаш не доаѓа без покана. Појавата на миленковци, јанковци, латасовци и други слични буреци, го отвори најсрдечно и великодушно она добредојде за најбрзиот пат кој води кон бездната- за официјализирање на крвавиот пир помеѓу Нашите и Вашите.
Заглупувањето, затупувањето на народот за да се омлитави до парализирање беа најавени одамна, има веќе многу, се чинат векови, иако се години жалосни, поминати не само залудно, туку и тажно потрошени години како најава за опасност за која малкумина беа свесни.
Мизерни години на сите оние петпарачки и примитивни, во секоја смисла евтини индиски и турски серии, особено кога почнаа да го синхронизираат секое офкање, лелекање и јадосување на голем дел од неталентираните македонски глумци и глумици.
Како поминуваа годините, квантитетот на офкање одеше паралелно со капитализирање на лојалноста кон Партијата, само така можеше да се смета на затрупување со свежи износи на банкарските сметки. Партиските книшки на ВМРО-ДПМНЕ станаа основен двигател и најдобра причина кој од глумците најмногу ќе пишти како најревносна нарикача на погреби низ македонските домови.
Се разбира дека свирепиот план за моронизација на еден народ оди рака под рака со раширување на маса на "Планот за сеење на црното семе", она на омразата, најава од Генералштабот на таткото, кој не сака да види преживеани од т.н Нивните.
Безочен план за сотирање на сите од црната листа на неподобните, традиционално омразени интелектуалци. Можеби наредбата за егзекуција е потпишана со невешт инфантилен ракопис, но трагот кој се остава со притискање на пенкалото, говори за одлучноста да се докрајчи и последниот непријателски остаток, макар значела и смртна пресуда или расчистување приближно кон тоа. Конечно, дебилизацијата на еден народ изведуван преку така милата за сите диктатори пропаганда, е мајката на сите крвави војни.
Демонизацијата на оние оние кои ги нарекуваа Вашите, со кои требаше власта да се пресметува деноноќно, критичарите и неистомислениците на груевизмот, беше прва и основна задача на буреците.
Миленко Неделковски лепеше и фала на прашањето, се уште лепи слики по таблоата, слики на со црвен фломастер заокружените непријатели на Груевски и неговите покорни следбеници, денеска само свиснати и овенати функционери, чии црни подочњаци со филмска брзина се шират со секое ново и ново штиклирање на точките од Договорот во Пржино.
Затоа, откако грижливо е врзана машничката на црвената лента и ножицата е наострена, за свечено да се отвори во употреба тој пат на хајки и линч на секој кој се осмелил да го погледне попреку Груевски, воопшто не изненадува оваа нова етапа на пресметки.
Што би било најбескрупулозно, ако не отворање секс-скандали на политичари, новинари, интелектуалци?
Нашите за Вашите, Вашите за Нашите, двете банди распукуваат со податоци, факти, лаги и манипулации, но што е тоа воопшто важно, каква разлика прави дали е тенка или непремостлива линијата помеѓу безочната лага и неприкосновената вистина? Заглибени сме одамна во сотирањето, сега претстои само мала сочна забава, еден вид најава на рекламите пред да настапи на сцена тенковската дивизија со која се пука од најдебелиот топ, додека во позадина оди блуткаво веселата симфонија на ступидноста.
Поминаа години, но кој заборава? Беше време на братоубиствени војни, и хрватската машинерија го стави во употреба Јура Стублиќ за да им објасни на сите Срби и останати омразени народи- како се завршува oткако разулавените лидери ќе дадат наредба за истребување. Песната се вика "Е, мој друже београдски", ужасна песна во која се слави неминовноста од убивање на српскиот брат, песна која значеше повик на засегнататата страна да пристапи кон поголем и еднакво фатален удар.
Кој најдобро би реализирал ваква наредба, не се сомневам дека била слатка и страшно привлечна, ако не Бора Чорба? Неговата "Е, мој друже загребачки", подеднакво ужасна песна во која низ кикот говори за убивањето на хрватскиот брат, раздрагано пее дека точка мора да им се стави на сите загребачки браќа, што да се прави, слегнува со рамениците, тоа е пресудата.
Така се почнува, затоа што не знаеја поинаку да се справат со, низ кркорење од смеа, најава на плачот и денот кога тој им ги уништи животите.
Промоторите на хушкањето на Нашите и Вашите во Македонија, силно импресионирани од Стублиќ и Чорба, безгрижно, но со фуриозен бес со години ги свират нотите на "За дом спремни" и "За краља и отаџбину".
Во вакви денови на медиумско лудило, новинарската фела мора паралелно да работи и на друг договор, освен на оној од Пржино. Реформата на јавниот сервис МТВ не смее да биде единствена задача за нас новинарите. Затоа што, јалов ќе биде плачот кој допрва ќе ни претстои, ако не ги закопаме засекогаш омразата и животинскиот порив да бидат заштитени Вашите и Нашите преку операција која се изведува со закрвавени очи и пена во устата, од отровот кој веќе Стублиќ и Чорба и нивната хушкачка армија го исплукаа.
Сега македонскиве бранители на Нашите и Вашите ги собираат остатоците од блуениците
(кај бившите Ју-републики не се со остатоци од крв, туку се експлицитни докази за масакри и геноцид) расеани низ годините на овие простори и ги промовираат како патриотска реликвија. Ако не ги спречиме веднаш, не е далеку денот кога ќе соопштиме дека сега е веќе предоцна, а за тоа ќе бидеме виновни само ние (не Ние и Вие, туку токму тоа, сите Ние) и никој друг.

За секого и ѕиври и опинци
Народот не ни е глупав. Гледа дека Царот е гол, но истовремено и „натртен“, па си вика чекај, на поминување, и јас да му го… Затоа деновиве од власта можете да побарате што сакате, таа е подготвена сé да ви исполни!
Македонија е на добар пат сосема да го реши проблемот со високата невработеност. До 31 декември, кога ќе замине од премиерската функција – да, засекогаш – г. Никола Груевски планира во државната администрација да вработи уште 200-300 илјади лица од списокот на невработените во државава. На тој начин, стапката на невработеност ќе стане дефлаторна, бидејќи ќе падне под 0%, со што ќе се создадат услови, покрај македонските успеси на планот на „Дуинг бизнис“, да се постигне и нов Гинисов рекорд: тоа ќе биде прв пример во светот каде во државниот сектор ќе има повеќе вработени од оние во приватниот сектор, со што ќе се оствари сонот на социјализмот да премине во комунизам. Браво! Мао Це Тунг и Едвард Кардељ можат вода да ни носат, додека седиме и се ладиме под дебелата сенка на уникатниот светски модел на македонскиот капитализам à la Grujo.
КОЛКУ ЗА СПОРЕДБА…
Деновиве читам дека градската администрација на Лондон – мегалополис со нешто под 9 милиони жители, без дневната доза од уште неколку милиони туристи – брои 76.840 вработени (внимателно: морам да предупредам, бидејќи знам дека сте навикнале на македонските прецизни, транспарентни и секогаш ажурирани статистики и други државни податоци, дека ова е стар лондонски податок, се однесува на 2014 г.). Добро, Лондон е само четири-пет пати поголем од Македонија, ред е да има два-три пати помалку бирократи од нашава држава. Плус, годишниот бруто-домашен производ на Лондон е ист како и на Саудиска Арабија, иако нема десет супер-успешни министерства, дирекции и управи за привлекување на странски инвестиции. Нема Лондон Музеј на ВМРО, има некаков очај од Британски музеј и уште 200-300 други музеи, па нормално дека на таа сиромаштија нема ни каде да вработат луѓе во градската управа. А и Борис Џонсон, градоначалникот на Лондон (бивш познат новинар, nota bene!), на работа си оди со велосипед или со метро, па нема потреба од 36 возачи, бодигарди, лакеи, секретарки и келнери, во една смена.
Впрочем, годишниот буџет со кој располага г. Џонсон за 2015 г. е само околу 18 милијарди фунти (тоа би дошло помалку од мизерни 30 милијарди евра), па со тие скромни средства и не може да се има поголема администрација од таа боранија од 76.840 луѓе! Нема Лондон такво претпријатие како Македонски шуми, да речеме, кое нема дрва за греење баш кога ќе дојде зима – е-хеее, немаат поим глупиве Британци што ти е јавно претпријатие за мерак, иако Лондон има, речиси, повеќе површини под шума од цела Македонија! Со толку паркови во Лондон, наш Коце сонува еден ден да им се пробуди како градоначалник, па малку да им ги прошири булеварите и да им ги асфалтира тоа англиските тревници – безобразлук, да се немало катни гаражи по тоа Лондонот, со по десетина вработени службеници на секој кат! Го немаат ни Ставревски како надлежен за водење на финансиите на „лудаците“, а нема ни лондонска програма за прислушување телефони, набавена од Израел, оти кај нас, на секој еден од 26.000 прислушувани граѓани е вработен по еден административец со инка на увото – ете ти 26.000 оправдани работни места во државната администрација!
А тој Лондон – село, со двокатни автобуси, виделе од кај нас, па увезле од Украина! Будали! Алооо, така ли се води главен град, бе! Па, затоа сакаат Шкотите да ја напуштат Велика Британија, а Британците да ја напуштат Европска Унија, а Лондон да отплови по Темза! Нема, не е таму за живеење, со таква мизерна бројка на административци, да не можеш ни чевлите да си ги извалкаш кога шеташ по улица… Катастрофа.
ТЕШКИ ВРЕМИЊА
Народот не ни е глупав. Гледа дека Царот е гол, но истовремено и „натртен“, па си вика чекај, на поминување, и јас да му го… Затоа деновиве од власта можете да побарате што сакате, таа е подготвена сé да ви исполни! Сакаме мост – ќе добиете мост. Сакаме пат – срам да им е на моиве што за десет години власт до сега не ви го направиле. Сакаме обесштетување за поплавите и за сушата и за тутунот и за ајварот и за сметките за струја и дотации за на бања и бесплатно возење во ЈСП и на жичницата и за семки за мајмуните во зоолошка – ало, министре, одма да се одобрат пари за тоа! Ама мене и ќерка ми не ми е вработена – еве го Спире, во вторник одма да се вработи ќерката! А синот? И синот, во среда! А внуците неродени? И внуците, до петок, кога ќе се родат! А и на баба ми чифтијаните ѝ се скинати – одма нови чифтијани за баба му, два пара! За дедо ти – гратис опинци и ѕиври од нас! А, бе, умрен е дедо ми, во Австралија. Таму да се испратат опинците, некој иселеник да гласа за нашите нови 46 пратеници од дијаспората!
Некој деновиве забележа – мислам дека беше Саше Политико – дека на сите прошетки низ Македонија, не само Грујо, туку и сите негови министри се видно „озвучени“, со микрофоните закачени за сакоата или на виолетовите џемперчиња на премиерот. Тоа значи дека, ај што сега го трпиме овој патувачки циркус од пропаганден „роуд шоу“ секој ден, туку кога ќе почне и официјалната предизборна кампања, ќе бидеме затрупани од 156 разни видео-спотови во кои Груевски се дружи со народот на кој, тој и неговите гавази, малку поднаведнати, им ги исполнуваат сите нивни барања. Што да се прави, такво време дојде, мора ременот да се откопча.
Но, не е таа стратегија на Грујо сосема залудна…
ДА СЕ БАКНЕ СЕКОЈ ГЛАСАЧ!
Ми раскажува еден пријател, амбасадор на една мала балканска земја – оти, на Балканот има и големи земји, ама овој е од една од најмалите – дека кога неговиот премиер бил во официјална посета на Индија, тамошниот премиер го прашал колку луѓе живеат во малата балканска земја. Кога нашиов регионален лидер му рекол дека се толку-и-толку (многу малку, се обидувам да не ви откријам за кој балкански политичар станува збор), индискиот премиер почнал да го гледа жалостиво, па му вели: „Ооо, драг колега, вие навистина имате многу потешка работа од мојата!“… Се зачудил нашиот балкански претставник и го прашал Индиецов, по малку плашејќи се да не биде исмеан, на што точно мисли индискиот премиер кога вели дека неговата работа во земја со над милијарда жители е полесна од раководењето на земја со димензии на едно помало маало во Бомбај. „Па, драг колега – му одговорил индискиот премиер мртов-сериозен – јас секое утро откако ќе влезам во кабинетот, денот ми поминува во бескрајна расправа и раководење со институции – вие секој ден морате да се расправате со луѓе, а тоа во политиката е неспоредливо потешко!“… Се насмеал балканскиов политичар и, малку со олеснување, му рекол на индискиот колега дека, навистина, после сите избори на кои со години и години постојано победува, до сега се има веројатно поздравено, поединечно, а можеби и гушнато, со секој жител на неговата мала балканска држава!
Со други зборови, познато е дека, кога ќе дојдат избори, секоја политика е локална, но во мала балканска земја како Македонија, политиката е и, буквално, персонална. После десет години на власт, сигурен сум дека Груевски (додуша, со првиот круг партиски апаратчици околу него) поименично ги познава речиси сите оние стотици илјади луѓе кои гласаат за него. Во мала земја, моќта на власта е огромна, а кога таа моќ се сака да се злоупотреби, и тоа без усул во подјармувањето на институциите и во празнење на буџетот како сега, тогаш е навистина тешко да изгубите избори. Ако половина од населението сте го ставиле на програма за државни јасли и субвенции, а другата половина ви е ставена на програма за прислушување и заплашување, потребна е шпакла за да ве отстранат од власта!
Проблемот за Груевски е што шпаклата проработи. Така, на пример, некои македонски „кремљолози“ ме убедуваат дека добар дел од тимот заменици обвинители неодамна именувани од Специјалната обвинителка се луѓе сугерирани од идниот министер за внатрешни работи, стар „амерички ѓак“, кој ќе го превземе МВР од 1 јануари 2016 г. И дека тој тим ќе меле сé што ќе им застане на патот.
Ако тоа се испостави како точно, тогаш ни три рала опинци, ни три пара ѕиври нема да им помогнат на фамилијата. Ама ако не…
П.С. Деновиве примив поздрав од една многу блиска роднина на Груевски дека во фамилијата на власт мене ме сметаат за „Државен непријател бр. 1!“. Добро, голема чест ми направиле, иако мислам дека конкуренцијата за таа титула е жестока, а има барем неколкумина попаметни од мене кои ја заслужуваат таа чест пред мене, но, еве, користам прилика да го возвратам поздравот: Јас мислам дека фамилијата е „Македонски непријател бр. 1!“. Без конкуренција.
Сашо Орданоски
објавено во Слободен печат

Ај сеа да резимираме…
Ај сеа да резимираме. ДПМНЕ и ДУИ поднесуваат предлог закон за забранување и објавнување на бомбите и целиот материјал што претходно бил поврзан со бомбите да биде изришан, вклучувајќи ги и социјалните мрежи. Тоа допира до јавноста и јавноста за неполн ден ги актуелизира бомбите, голем дел од луѓето ги споделуваат повторно, за повторно да се актуелизираат сите тие лоши муабети што беа дел од бомбите. Се освежува меморијата на сите и сите се потсетуваат на што имаат сторено преку муабетите. Бомбите се повотрно актуелни и свежи.
Во меѓувреме ДПМНЕ и ДУИ со предлогот се демантираат себеси од претходните изјави дека бомбите се лепени, сечени, прелепувани, полуточни и неточни.
Народот продолжува да објавува и пак на актуелизирање ги вади бомбите за пошироката јавност. За брзо време се организира и протест, се собира народ и искажуваат револт. После неколку часа, предлагачите од ДПМНЕ и ДУИ го повлекуваат предлог законот.
За ДУИ не знам, ама ДПМНЕ за толку брзо време да направи вакви грешки и испади во јавност е за неверување, но е возможно. Возможно е од аспект дека тие веќе ја губат подлогата под нозе, народот се освестува а нивниот инат и самоувереност мислејќи си дека се уште ги држат работите под контрола, им се враќа како бумеранг.
На оваа тема ќе го цитирам Линколн кој вели: Еден дел од народот можеш да го лажеш цело време. Целиот народ можеш да го лажеш извесно време. Но целиот народ не можеш да го лажеш цело време.
Епа не можеш. Никој не може, па макар бил и на власт 10 години!
Влатко Васиљ
фејсбук статус

СО нашите бомби има два дефекта. Прво прислушкувана е само една страна, власта, а бомбите ги објавува тој што прислушкувал и што се бори за власт. Не се работи за неутрален свиркач кој се бори за демократија кој до материјалите дошол случајно, туку за организирано масовно прислушкување на повеќе стотици илјади разговори, од кои многу мал дел селективно е објавен. Сега кога има обвинителство, институција, во која сите имаат доверба, време е да се префрлат работите во институционални рамки. Па секој да си одговара према тоа што направил. СДСМ со старото раководство (Бучковски, Шеќеринска, Црвенковски ...) за аферата Телеком. Нешто што е веќе докажано пред судот во Њујорк во голем дел. ВМРО за работите што се објавија во бомбите доколку се покаже дека освен зборување (вербален деликт) имало и материјална повреда, односно зимање, дури и само барање на мито.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Кога странски „пациенти“ лекуваат црпнати домородци...
Кога странски „пациенти“ лекуваат црпнати домородци...
Ете ви ги Пржино и договорот за демонтажа и на овој рамковен странски устав, кој го спонзорираа, смислија ем напишаа странски пациенти, а го поздравија и прифатија домашни неодговорни политичари. Како беше она ако еднаш ме зафркнеш јас сум крив, ако двапати ме зезнеш јас сум крив.
Како што ни тргнало нам, со нашите „водачи“ и партиски дејци, и ова народно искуство ќе треба амандмански да се преправа оти македонскиот капацитет неговата „елита“ да ведне глава и витка кичма пред сенешто со предзнак на глупа ко ноќ сила, бил безгранично растеглив.
Јас веќе и не се трудам да разберам што сака оној црпнатиот од Муртино. Оти тој си е роден како лејка и служи онака, со прекршен ’рбет, да ги пои оние што го штитат со чадор. Ни под разно не ги рецкам ни неговите високи соработници, сѐ од ред пљачкаши и мафиози. За мене СДСМ веќе подолго време не постои како реална политичка партија. За народот таа е дијагноза што се потврдува конзилијарно веќе девет години, а за ВМРО-ДПМНЕ е фантомска опозиција што е спонзорирана од центри на моќ, што би рекол „прецизниот“ Ѓорге Иванов, со цел да ја прикаже Македонија како европски Авганистан. Демек, неодржлива како спастрена држава. Иста задача и иста цел има и ГМО „партијата“ ДУИ-УЧК.
Во амбиентот во кој сме присилени да заспиваме и да се будиме, верувајте ми никој при здрава памет, ниту еден нормален Македонец од која било политичка или религиозна провениенција не се чувствува добро. Напротив, сите нѐ јаде срамот што ни го приредуваат токму оние што очекуваат да ги гласаме и да им ги довериме нашите животи. Со својата неодговорност, бесрамност, плиткоумност и неспособност веќе нѐ доведоа во ситуација на презир и изгубена надеж. На изборите што си ги договорија со странска интервенција, а под стандардните „притисок, закани и уцени“ олеснителски техники, ако излеземе, ќе биде тоа веќе избор на помало зло. Затоа што уште немаме одговор, ниту сме нашле одржливо оправдание, зошто водството на владејачката и најголема партија се согласи на пржинската антиуставна пиздарија „промена на режимот“ во изведба на стратегиските ни евроатлантски пријатели. Во нашиот случај дури не мораше да се употребат или произведат исламски радикали. Таа работа бесплатно ја извршија социјалдемократите, односно белите шлемови на Сорос и експертутките и даскалите од пленумската заедница.
Ние, неколкумина маргиналци, којзнае по кој пат ќе јуришаме на ѕидот на молкот и јавно ќе прашуваме каква е таа сила што ги натера партиските поглавари и нивните преговарачки тимови да прифатат „решенија“ што ја поткопуваат државноста на Македонија и ја водат директно во зоната на недржави. Ама никој ни одлево ни оддесно ни од центарот нема да се осмели и отворено да одговори. Никој нема ни еден, а камоли два пара мадиња за соочување со очите на својот народ. Кој им рекол дека можат на своја рака, без дозвола на населението, да прифатат паралелно специјално обвинителство надвор од Уставот и законот? Зошто на таква улога се согласила специјалната „ни“ обвинителка, за која претпоставувам дека има барем реално завршено правен факултет? Јас токму поради ваквиот начин на странско замешателство во македонските работи, ете, се сомневам во нејзината професионална и човечка етичност и интегритет. За разлика од женерозните ни партиски главатари. Чиј избор е таа госпоѓа, која како обвинителка во гевгелискиот реон за време на својот мандат дозволила да ѝ застаруваат мошне интересни предмети, кои ги третирале на разни нивоа разни „независни“ судии и зошто партиските експерти од четирите „главни“ партии го поздравија радосно нејзиниот избор? Затоа што и таа е под странски чадор? Зашто исполнува евроатлантски стандарди? Зашто таа ќе е гаранција за политичка разврска на криминален антиуставен напад? Јас нешто се думам како да ја третирам, како наш или странски обвинител?
На времето, кога Груевски стана премиер, изложи идеја странец, со искуство во борба со крупниот организиран криминал (мафијаштвото), да раководи со државното обвинителство. Леле, како му нарипа сѐ живо и диво. Се потепаа кој од кој да го потсети Груевски дека идејава му била антиуставна, а да не говорам дека со неа ги навредил професионалните чувства на судиско-обвинителската заедница. Ете ги сега кај молчат како попчиња. Сосе Гордан Калајџиев. Тој има само персонални забелешки оти и самиот е странски објект, кој во случајов само извисил оти имал посилен конкурент (од женската заедница).
Кој разумен човек може воопшто да си претстави на што ќе личи една влада, макар и техничка, во која одредени министри ќе имаат право на вето во одлучувањето, а в.д. премиерот, нивниот шеф што има командна одговорност, такво право нема? Кој и како ќе донесува и спроведува одлуки кога таа самата си ги врзала рацете? Зошто Белгиецов што ни го смисли договорот од Пржино не предвидел ваква идиотштина и за законодавците за во иднина? Зошто на ДУИ и на СДСМ не им дал право нивните пратеници да имаат и право на вето за својата следна „револуција“, па и ова чудо да најде место во претстојните уставни измени? Како, бре, никој од „Јустинијан Први“, макар почесниот дародавец Трифун Костовски или „претЦедникот“ на МАНУ, инаку и академик, Владо Камбовски, нема што да каже по ова прашање, а им продаваат правна наука на студентите и на граѓаните? Дали тие сите воопшто имаат факултетски дипломи и кој им ги дал?
Како стигнавме за четврт век македонската државна самостојност да ја претвориме во оаза на срамот и дива лабораторија на странски шарлатани и јасновидци? Мамлази како Питер Фејт и разни батлери, фуериња, орави, кои од забава и за пари ловат во овој резерват, типуси што прават политичка кариера и тераат приватен бизнис со нашата ес-де-ес и учка-елита се единствените што не сакаат да ја напуштат Македонија оти овде имаат третман на доживотни ВИП-личности. Знаат ли нашите елитисти дека со нивен творечки напор, односно поради нивната недокваканост само Македонија во Европа медиумски се бербати оти не умеела да организира ни да изведе саглам избори. Само за Македонија се загрижени ЕУ-бирократите и европските „државници“ што немала слободно новинарство. Што градела и естетски го преуредувала центарот на својот главен град. Што сака да се гасифицира како и Европа. Само во Македонија двајца странски амбасадори во содејство со легализирана терористичка групација и група квислинзи - трабанти законски забрануваат национална енциклопедија. Само во Македонија ВИП-криминалците се легални политичари под странска заштита. Само во Македонија демонстрациите имаат статус на обоена револуција за смена на „режимот“ и само во неа слободно ушетуваат и се рашетуваат „демонстранти“ од соседството.
Ние пак ќе си се чудиме како било можно во држава со сите институции и уставно воспоставен правен поредок дури сега да дознаваме во детали за бонбона-зделките на „државотворците“. „Маѓар телеком“ е една од таквите зделки. ЕВН е втората, а третата е ЕУ. Првата ни ја открија Американците, втората, дубарата околу продажбата на ЕСМ, проба да ја открие Никола Груевски во првите месеци откако застана на чело на извршната власт. Проба но не успеа, оти му нарипа не само сопственичката од Австрија со закани за тужба туку и центарот на големиот гангстерај Брисел, а да не говорам за петоколонашката невладина боранија и корумпирани политички слугинчиња што глумат опозиција. Така, остана судски неисчистен скандалот во кој истата екипа профитери од СДСМ, на чело со Бранко, Рада, Бучко, Слаѓана Тасева во тандем со Зоран Јачев од „транспарентно Македонијо“, министерот за економија Бесими, сега во улога на евроинтегратор, нѐ истретираа како млади мајмуни, профитирајќи од нашата сиромаштија.
Па, се разбира, бе, дека се чувствуваат недопирливо и нѐ гледаат како глупандери. Ги заболе што ги озборуваме немоќно во медиуми, кога државата, односно институциите со политички одлуки и под притисок на странци ги штитат оти тие си имаат употребна вредност и тарифник како секоја регистрирана курвештија.
Се ежам напросто кога ќе се сетам на последниот проект на социјалдемократско-учкистичката влада во 2006 година, кој, за среќа, и само поради изборните резултати не стана уште еден, овој пат и фатален бонбона-бизнис чиј родоначалник беше скопскиот радоначалник Ристо Пенов. Имено, владата на Папата, Бучко, Рада и Али подготвија предлог-закон за шиткање на земјата. Во него фино ем елегантно е запишана криминалната намера сосе земјата топтан да се продава и сѐ во неа. Покрај рудата и археологијата, пред сѐ и над сѐ водата. Оти Македонија лежи на длабоки подземни води. Дури откако протече во јавноста таинствениот трансатлантски трговски договор против кој се крена цела нормална Европа, а кој Барак Обама инсистира да се потпише до крајот на годинава (ако опулените Европејци воопшто дозволат такво нешто), ми стана јасно зашто земја што не е ни членка на ЕУ брзала да го шитне ова национално богатство, односно како и зошто Пенов брзаше да го шитне (приватизира) Рашче. Но пред сѐ гледам зошто Кинезите го откупија од ООН проектот за Вардарската долина. Во тој ТТИП е предвидено целокупната вода на Европа да стане сопственост на мултинационалната корпорација „Нестле“, пандан на водата во Азија каде што по потпишувањето на транспацифичкиот договор од страна на 11 држави, сопственик стана „Кока-кола“. Дури и да не се работи за стратегиски енергент со кој ќе се кубури цел 21 век, свесни ли сме ние овде, во оазава, дека водата им е неопходна на оние нафтени компании што решиле да преработуваат нафта од шкрилци и колку вода оди во тој скап процес?
Законот во предлог-верзија, за среќа, не стигна да биде озаконет заради изборите. А веднаш по нив, Никола Груевски го зеде на преработка и, сполај му на проникливоста, овој гангстерај го спречи. Сакам да кажам, значи можело кога се сакало и државнички да се постапува инаку во блиска иднина и ако нѐ „зачленат“ во ЕУ нашите потомци ќе користеа вода на лажиче а ќе ја плаќаа како течно злато.
Ете ви го одговорот зошто на „меѓународната“ предаторска заедница ѝ требаат црпнати политичари. Колку поглупи, порасипани и пострвни за пари, толку поисплатливи за ставање под заштитен чадор. Како сега ИСИЛ.
А вие уште ваквите ги признавате за свои колеги, народни претставници, медиумски ѕвезди, јавни авторитети и пред нив развевате бело знаме.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=109159999&id=13&prilog=0&setIzdanie=23586
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Еве уште една колумна. Автор е човекот беше во првата група што требаше да биде замолчана од страна на наводните борци за слобода на говорот и белосветски и домашни. Заедно со Мирка, Миленко, Јанко и Слободан Томиќ.
http://vecer.mk/komentari/dragan-pavlovikj-latas/crveno
http://vecer.mk/komentari/dragan-pavlovikj-latas/crveno
Црвено
Ние, сега и овде, ја пишуваме историјата на Македонија. Да. Кој го гледа тоа, разбрал, кој не ќе му се појасни потоа, кога оваа сегашна историја ќе ја чита некаде. Македонија, каква што ја познаваме, можеби веќе одгодина нема да ја видите.
dragan-pavlovikj-latas-310013Станува збор за оваа Македонија: матична држава на Македонците, во која службен јазик е македонскиот. Со своја територија, суверена и демократски избрана власт, своја историја и култура. Со свое историско и етничко име, Македонија.
Виделе или не, запалена е црвената сијалица за тревога.
Поминаваме десет години на државна, економска и национална рехабилитација. Со радикално намалена невработеност, зголемени пензии, плати, субвенции... по дваесет години за прв пат почнаа да се градат болници, школи, судови, театри, булевари...
И време кога човек почнува да верува во себе, и можноста да биде и подобро. Време без етнички тензии, иако војната од 2001. и не е така далеку.
И одеднаш, некој сето тоа сака да го запре. Зошто?
Да запрат сите тие процеси, и на власт да се вратат оние од темната транзиција; кои ја уриваа одбраната на Македонија во 2001.; кои го продадоа знамето и уставното име; зад чиј потпис стојат 200.000 невработени; сопственици на најскапите куќи на Водно откупени по кратка постапка по цена за гарсоњера; комунистички кодоши кои изградиле кариери и богатства од кодошење колеги во полиција, конвертирајќи во невладин сектор кој е сервис на странски политики и пак за пари, и повтроно за пари продавајќи нешто што е наше: име, знаме, демократија, јазик, култура, слобода, нација, перспектива...
Еве ги сега, во нова акција: федерализација на Македонија. А потоа, федерализираната Македонија ќе биде она што Грција ќе го побара. И ќе го добие.
Се почна, барем видливиот дел од акцијата, со уцена на локален кримоген олигарх од Струмица, донесен преку ред и без капацитет за шеф на опозициска партија, кој оди кај легално избран премиер и го уценува: имам ваши приватни телефонски разговори, или дајте оставка или ќе ги објавам.
Видовме снимка како уценува газди на големи фирми, по истиот модел. Сега го избрале и пратиле да урне држава. За возврат, ќе добие нова амнестија. И, сосема логично, уцената е одбиена.
Требаше Заев да биде уапсен уште истиот ден. Да се запленат незаконски стекнатите разговори, и да го изнесат пред суд. Да објасни од каде добил толку снимки, колку што Македонија нема од 1945-та до денес. Да објасни која е природата на неговите контакти со некои амбасадори, со италијанскиот за почеток.
Да дознаеме и кои биле контактите на Верушевски во Италија, додека бил функционер за безбедност во нашата амбасада во Рим.
Но, тоа не се случи.
Кога соросоидите почнаа насилства пред владата и собранието, доаѓање на дежурните пропагандисти од глобалните медиуми од типот на Ал Џезаира, плус влез на косовски терористи во Куманово... беше веќе јасно дека работата е спремана од надвор. Беше тајна само причината.
Да сакаа странците да ја соборат владата на Груевски, уште во март-април ќе го направеа тоа. Но, не. Разликата, доминацијата на Груевски над СДСМ кај Македонците е толку голема што со тоа би се предизвикал силен негативен ефект, немири и тензии кои без сомневање би завршиле како етнички, и регионални. Треба, за почеток, ВМРО да се ослаби до крајни граници. А потоа...
На нив се уште им треба владата на Груевски, како изворно доминантна во јавноста, но им треба и СДСМ посилен од сега, за да биде менаџер на кризата и извршител на уривањето.
И тогаш, и сега, сметам дека требаше ВМРО- ДПМНЕ да го напушти собранието, да се гласа за предвремени избори веднаш, и да се излезе на улица. Без подоцнежните малтретирања со преговори, специјални обвинители, тивката втора амнестија на олигархот Заев. Јавно да се каже што е целта на превратот и кој стои зад тоа, и да се бара поддршка од Македонците за избори - веднаш, и победа - сега.
Почна уривањето на македонското општество. Оние кои градат, треба да бидат лошите. Оние кои краделе, амнестирани или не, треба да бидат добрите.
Кодошите, соработници на комунистичките полиции, сега им судат на другите за нивни приватни телефонски разговори. Приватни, не кодошлаци. А и тие монтирани.
Стаорци од политичките подземја станаа агитатори. Ги собираа од маргините, и им отворија сајтови кои служат за неказнето газење врз луѓе. Како во нивната '48.
Зошто се случува сето ова... која е крајната цел.
Да се сузбие секаков отпор - вербален, политички, економски, медиумски, интелектуален, финансиски, етнички... личен и колективен за уривање на Македонија која ја знаеме сега. И создавање некоја друга... која, и каква?
Треба само да се гледа, и ќе се разбере.
Заев го вети следното: двојазичност на албанскиот и македонскиот јазик на цела територија на Македонија. Подготвеност да ги прифати условите од Атина како најдобро можно решение за нас, накитено со зборови за нашите европски иднини и слично.
Право на Албанците во Македонија на вето на секоја одлука. Последниот чекор на Заев и СДСМ да прифати дека двајца албански членови на Државната изборна комисија имаат право на вето на одлука на другите седум членови – е првиот чекор. Ова правило, наскоро, со СДСМ ќе биде правило во Уставниот и Врховен суд, во судскот совет... во сите државни институции. Гласот на Македонците, колкав и да е, нема да има никаква важност.
Почна со поништување на Македонецот во иселеништво. А продолжува и тука.
Накусо, да добиеме федерална држава во која Албанците имаат право на вето на одлуките кои ќе важат за сите. Ние, Македонците, никаде немаме право на вето.
Дали е ова само можност, опција. Не. Ова веќе се случува, сега и овде.
Тоа е причината зошто ВМРО и Груевски треба да се ослабат. Да се замрзнат медиумите кои не се под соросоидите. Затоа се валкаат и газат сите од јавниот живот кои не се согласуваат со ова.
Но, ќе издржиме. Тоа газење и валкање не е ништо во однос на косовизацијата која ќе следи ако им успее превратот со Заев. Затоа, подобро да се издржи овој напад сега кој, сепак, е привремен - од она што следи со федерализирана, косовизирана и колонизирана Македонија, без народ и уставно име. Тоа е засекогаш.
Затоа и се врши притисок на Заев да не му се суди. Да се заштити извршителот.
Заштита на Заев не е можна според закон, затоа се менуваат законите и се создава неуставна институција. Се повторува истиот модел кој беше применет со СДСМ за Заев: се измислува специјално обвинителство и се носи на чело анонимен неквалификуван лик, како и Заев, кој ќе стори се што амбасадорите ќе побараат од него. Кој не одговара пред Македонија, туку пред нив.
Ја извадија Катица од никаде, и ја наградија со функција, како и Заев. Сега тие им се должни на амбасадорите за таа награда, и треба да одработат. А ние да платиме.
Како што ја ценат Геровски и Калајџиев, со капацитет кој не надминува обвинител за кражба на кокошки во Удово, или кршење чаши во казино Аполон.
И не помина многу време за дилеми. Уште на старт Катица, донесена од никаде, се соживеа со улогата на амбасадорски измеќар на кој во Македонија никој ништо не му може, и побара вработувања за дури 124 луѓе, и буџет од 4 милиони евра годишно! Бара 30 бодигарди да ја чуваат... Ако е специјална, нека бидат специјални и парите за неа. Кој провинцијализам и искомплексираност е тоа човече.
Госпоѓо, ти си државен орган во Република Македонија, а не во Вирџинија. Од искуство да ти кажам дека тие на кои им измеќариш, ќе те употребат и фрлат како што стотици такви фрлија низ Балканов. А треба да се живее меѓу своите и понатаму. Можеби тие ќе ти дадат надомест, ќе те прослават и сликаат по нивните медиуми, ќе добиеш стипендии и проекти за децата во странство, и такви нешта но, се што имаш е овде, и се што е овде ќе те презира додека си жива ако планот кој го измеќариш – успее.
Ќе страдаме сите, и од ВМРО и од СДСМ, а особено третите. Ќе ги снема покачувањата пензии, вработувањата, булеварите, субвенциите, новите болници... ќе ја снема оваа Македонија.
Кога е Балканот во прашање, Вашингтон е заинтересиран само за Албанците. Но, можеби тој број на Вашингтон пост и Херлад трибјун не стасале до Гевгелија.
И, со таков шеф на опозција, кримоген олигарх, соросоиди кои и родена мајка би продале за пари и кафе кај амбасадорот кое завршува со нов проект... со специјална од овој калибар која треба да држи страв на се што го ремети планот за федерализација, ние треба добро да отвориме очи, и да го следиме само својот интерес, и својот здрав разум.
Секој од нас има своја совест, и своја одговорност. Јас ова го пишувам со време, и зад мене ќе остане трага за ова. За знаење на другите, и мир на сопствената совест.
Направи го својот чекор и ти. Да опстанеме, и да се сочуваме себе, а потоа ќе имаме време да се расправаме и за партии, и за бизниси, и за се што ќе поскаш.
Сега е време да бидеме заедно. Сијалицата свети црвено. Додека свети, а потоа настапува – мрак.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Toa drakche go izvlekol od kurton vestite shto gi ureduva na shitel ili mu bilo kazhano od "alo nachalniche" ?!?!?!
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Тео напиша:Toa drakche go izvlekol od kurton vestite shto gi ureduva na shitel ili mu bilo kazhano od "alo nachalniche" ?!?!?!
ke pochne da se somnevame deka go obozavash trendakis ...poveke duri i od ljubenata
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Еве уште една колумна невообичаена за мнозинството на овој форум. Кој, да ја парафразирам авторката на колумната, изгледа како дел од евроатлантскиот ИСИЛ.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102115844492&id=9&prilog=0&setIzdanie=23595
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102115844492&id=9&prilog=0&setIzdanie=23595
Преку Пржино, евроатлантскиот „ИСИЛ“ веќе ги крена во воздух и античка и современа Македонија
И овој пат со Пржино, како и во 2001-та со Охрид, како и претходно со Привремената спогодба, па атентатот врз Киро Глигоров и првата интервенција врз Уставот, со која се избриша чл. 15 за грижата на македонската држава за македонското малцинство во соседските држави, кои до денес не ги признаваат Македонија и Македонците, се покажа дека сите тие се потфати со една монструозна цел, која почна да се остварува од денот на прогласената независност: Македонија и нејзиниот народ доброволно да исчезнат еднаш за секогаш. А парчето земја да се претвори во живинарска фарма за одгледување бројлери и вршење други експерименти. Недостигот од применливо знаење кај нашата општествена елита, комплексот на инфериорност, малодушноста, стравот, недостигот од карактер и неодговорноста за своите постапки пред општеството нѐ направија сите нас експериментални глувци на политичката лабораторија на „сериозниот Запад“, чиј експеримент во фази е да докаже дека е можно да се произведе слободна, демократска и суверена држава со население што нема колективен идентитет заснован на историско сеќавање, кое нема заеднички јазик за комуникација, кој пак нема да е автохтон. Со други зборови, да се самоцитирам од времето на пакувањето на криминалниот рамковен договор, д-р Менгеле сака да произведе краставица во форма на домат, а со вкус на лимон. Чудовишноста е во тоа што домицилните политичари тоа го преименуваа во безалтернативна државна политика, го вградија како патоген ген во своите основачки партиски документи, вклучувајќи ги и програмите за работа.
Историската одговорност паѓа на елитите
Инаку, сѐ низ што минуваме е мошне, едноставно кажано, со зборовите на бившиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Даглас Херд, кого пак ќе го цитирам: „На нас е да ве притискаме, а на вас е да се браните и да издржите ако сакате да имате држава“. Како што врви работава, според планот што ни го скоцка овој пат фламанскиот лаборант Петер Ванхоуте од Белгија, а формално го потпишаа во Пржино четворица главатари на партиски племиња, Македонците како народ, по 25-годишно експериментирање, се единствената прва и последна линија на фронтот за одбрана на основните човекови права за слобода, достоинствен живот и самопрепознавање. Во меѓувреме и етапно, преку серија криминални дубари, исчезна државата и за тоа историската одговорност паѓа на елитите. Сега ни претстои тешка борба за слобода и остварување на правото на достоинствен живот. Тоа ќе биде цената за да ги поправиме грешките на оние на кои на избори им го отстапувавме правото да ни ја управуваат куќата, а тие нѐ гледале како свој бонбона-бизнис. За да бидеме подготвени за она што нѐ очекува, еве што е неопходно да знаеме: големиот планер и неговите европски слуги сакаат да ги уништат во корен државотворните општества на чии колективни идентитети градени со милениуми почиваат денешниве цивилизации. За таа цел произведуваат локално употребливи политичари и друга интелектуално-експертско-медиумска логистика, кои ќе бидат доволно корумпирани и мотивирани да го извршуваат она што ќе им се нареди.Така ја објасни американската политика на виткање рака „императорот“ Барак Обама. За непослушните следува вшприцување на ИСИЛ-вирусот, политички еквивалент за галопирачки рак. Тој, пак, ги напаѓа виталните центри на организмот, по што настапува смрт. Монструозноста на овој метод е во тоа што вистинскиот убиец само ви ја води раката и ви го мести чкрапалото, кое вие, во несвесна состојба, само го стискате пукајќи во себе. Што убаво се докажува и со пржинскиот антиуставен атентат што е во тек.
Нападнати сите стари цивилизации
Ирина Бокова, генералната директорка на УНЕСКО, неодамна, веднаш по кревањето во воздух на еден од спомениците обележени како светско културно наследство во прастариот сириски град Палмира, изјави: „Културното чистење што го врши ИСИЛ е напад на човечкиот индивидуален и колективен идентитет. И тоа не е случајно, зашто без идентитет, човечките суштества престануваат да бидат луѓе“.
Ќе потсетам дека „Нова Македонија“ веќе пишуваше за феноменот на „случајноста“ во еден ист момент (намерно) од различни причини и поводи (произведени лабораториски) да бидат нападнати сите стари медитерански цивилизации и во тие крвави судири најпрецизно да бидат систематски и темелно уништувани и пљачкани културните наследства. Денес ги нема ни Сумер и Акад во Месопотамија, како што го нема ни современ Ирак. Гори Асирија. Практично е уништена Феникија. Разнебитено е до темел и она што останало од историскиот Египет. Уништена е Картагина, нападната е Хетитската држава (денешен Курдистан). Монструмот беше тргнал и на Вавилон, односно на Персија, ама мораше да паузира. Турција, Грција и Италија се на овој список (на линијата на огнот), само што се преголем залак за брзо тумбање, па засега се работи со Македонија како дел од овој „историски“ потфат. Ем тоа се работи систематски, стручно и темелно. Ние го гледаме тоа, ама заслепени од бомбастичните магионичарски политички трикови и заќоравеноста на државните институции, тие парчиња од информации не ги есапиме за значајни, па ги складираме во подрумот во кој се чуваат непотребни работи.
Терористички мегапакет
Кога им тргна наопаку на Никола Груевски и неговата екипа? Ние можеби и не сме свесни зашто себично сме преокупирани со советот на курдисувачите на времето „гледајте напред, а не наназад“, ама сите соросоиди или, како што сега ги именува нивниот газда Сорос, односно ЦИА, „белите шлемови“ одлично знаат. Беше тоа во мигот кога Владата тргна со проектот на обновување на сеќавањето за континуитетот на македонскиот идентитет. Истражувањето на минатото во сите негови слоеви и негово видливо оживотворување и материјализација ЦИА го окарактеризира како опасна тенденција за „исправување на ’рбетот на македонскиот народ“. Мислите дека беа случајни хистеричните и оркестрирани напади на именувањето на фудбалскиот стадион, автопатот и аеродромот со членови на македонската античка кралска династија или објавувањето на Македонската енциклопедија од страна на англосаксонските амбасадори, потпомогнати со домашните и соседските бели шлемови и кандидатите за ИСИЛ-терористи, односно сириска опозиција од Косово, Грција, Бугарија и Македонија? Или можеби беше случајно произведено востанието против моноетничката архитектура и спомениците, односно Музејот на револуционерната борба, се заедно озаглавено како „антиквизација“? Да не ви се чинеше нормална европската хистерија околу кревањето споменик на Александар Трети Велики? Или за такво го цените координираното дејство на евроатлантските амбасадори против ваквите проекти со терористичките акции на Милчиновата медиумско-активистичка банда и соросоидно-усаидистичката пропагандна Ал каеда во светот? Во истата категорија беа и востанијата против преводите на научна литература на македонски јазик, евалуацијата на факултетите и универзитетите, екстерното тестирање, битката за задржување на незнаењето во процесот на образование, уривањето на сите пакети на образовни реформи. Заедно со неговиот прагрев да ја тужи Грција за прекршување на килавата Привремена спогодба, која ја напиша бирократијата на Бил Клинтон, пресудата на судот на ООН, која Евроатлантскиот државен клуб не сака да ја испочитува, предвременото раздолжување кај ММФ, Светска банка, парискиот, односно лондонскиот клуб, ете ви го обвинението против Никола Груевски и терористичкиот мегапакет на кој сериозно работат нашите стратегиски „партнери и пријатели“ заедно со домашните бонбона-бизнисмени.
Белите пропагандни банди и нивните црни егзекутори
Малкумина знаат дека пред да биде крената во воздух античка Палмира преку симболичните останки на големиот храм, џелатите на ИСИЛ јавно го обезглавија д-р Калед ел Асад, 82-годишен пензиониран кустос на античкиот археолошки музеј. УНЕСКО посмртно го прогласи за херој на човештвото. Што не е чест случај, ама категоријално целосно одговара на времето во кое живееме. Имено, по појавата на овој ужасен облик на тероризам, кој го напаѓа и уништува битието на човештвото, се јави и потребата за формирање светски археолошки сини шлемови во рамките на ООН како противтежа на белите пропагандни банди и нивните црни егзекутори. Во случајот со д-р Асад обезглавувањето беше извршено по едномесечно стравотно измачување од страна на „радикални исламисти“, а всушност истренирани убијци на разузнавачките служби на САД и Велика Британија, за да им ја реконструира прецизно археолошката карта на древната Асирија и да ги каже тајните државни археолошки депоа во кои се чуваат драгоцените археолошки примероци. Што овој храбар човек не го сторил.
Најдобар доказ дека не се работи за случајност или некаквоси заговорничко сценарио на шарлатани доволно е да се погледне картата на која денес се распространува Исламската држава во Сирија. Таа е буквално во рамките на границите на античка Асирија. Борбата за Сирија што се води е за опстанок на човештвото. Не за политички опстанок на Башар ел Асад.
Политички директиви на странските газди
И сега да се вратиме во Македонија со „еретичкото“ прашање среде пржинската уставно законска распродажба: Што мислите вие, дека Паско Кузман случајно пред година и пол се најде на списокот на осомничени за пљачка на археолошкото богатство на Македонија, и тоа токму во овој период, а по неуспехот на противантиквизаторската револуција? И тоа откако ја објави археолошката карта на Македонија, откако заедно со проф. д-р Иван Микулчиќ конечно ја развалија директивата за забрането истражување во длабочина на македонското историско минато, а поради која македонските историчари речиси до вчера смееја да ги истражуваат само 19 и 20 век, за што единствено и беа остручени. Со процесот „Фаланга“, во кој токму тој требаше да биде фатен капиталец, а кој уште е во тек, Кузман е веќе ритуално егзекутиран. За жал, и тој очигледно ќе ја помине голготата на неговите славни претходници „осудени“ на постхумна рехабилитација, оти кај нас „џелатите“ се под заштита на секакви чадори, дури до толку што општеството не може ни да ги лустрира за да се прочисти темелно.
Иако првичното „предлог-обвинение“ беше да му се суди како на криминалец - препродавач на културното наследство, а поради објективен недостиг од материјални докази мораше да се преуреди во обвинение за несовесно работење, гледаме дека налогодавците се немаат откажано од целосно и темелно отстранување на Кузман и неговата трага од живата археолошка наука на Македонија. Сѐ уште се бара каков било материјален доказ против него за формалноправно да ја оправдаат неговата веќе извршена егзекуција. Се работи за вид атентат, сличен по ефектите како оној на Глигоров, без дилема. Тоа ви е нешто што е надвор од планот на секој атентатор - жртвата ви го преживеала потфатот. За среќа, дури и ваквото килаво македонско судство, кое сака да им заврши работа на авторитетите, сепак не е во состојба баш до толку „стручно“ да ги исполнува политичките директиви на странските ни газди кога нема ни трага од докази. Фабриките за нивно производство не се од тој квалитет, за среќа на Македонија. Но уште поголема среќа е што овој пат не го применија стандардниот и многукратно применуван метод на физичка ликвидација со сообраќајки или ненадејна смртоносна болест, од која „традиционално“ умираат речиси сите светски истражувачи на македонската античка историја, почнувајќи со историско-археолошките истражувачи на историјата на Бригите, која е европска научнополитичка табу-тема.
Финалниот удар - нападот на името
Како и да е, неговиот „случај“ школски педантно стигна до скопска апелација, која уште „одлучува,“ а од постапката и дополнителните обиди на обвинителството во меѓувреме да му најде материјален несоборлив доказ за неговото криминално поведение, јасно се гледа дека најекспонираниот балкански археолог и движечката сила на македонската археологија е отстранет по налог. Од кого? Трагите водат директно во Брисел, кујната каде што се динстаат полуготовите производи на големиот кулинарски шеф. Едноставно, за да финишира крајот на Македонија преку нејзино обезименување, мора да се елиминираат идентификациските коти заедно со носечките вредносни столбови. Оти Кузман е заразен.
Може да произведе генерација мотивирани археолози. Може да ги поврзе испокинатите нишки на македонското историско помнење. Склон е кон „произведување“ нови факти за прастарото минато на почвата на Македонија. Не му недостигаат идеи и елан. Му го призна тоа и стручното списание „Археологија“ од Франција, кое во април 2005 година насловната страница и носечката тема распослана на шест страници му ги посвети токму на Паско Кузман и неговите откритија, како што е златната маска од Охрид. Тие новооткриени артефакти своевремено кренаа вистинска бура на Балканот, на кој нашите соседи упорно се мачат да ја докажат вештачката историја на Македонија и Македонците, чии оригинали во својство на окупатори си ги присвојуваа претставувајќи ги како грчко, српско и бугарско национално богатство. Патем, ги реконструира Скопското кале, Самоиловите кули, Наколната населба во Охрид, Плаошник, Стоби, Кокино, Била зора. Ги наполни археолошките музеи со илјадници неукрадени артефакти, кои љубоморно ги чуваше на тајни локации, ги евидентираше педантно, па ја стокми и четритомната археолошка историја на Македонија. Плус, не слуша политички директиви и не се занимава со политика. Што е многу, многу е за еден работен век. И тоа би било доволно за негова елиминација само ако егзекуторите не се плашат од Кузмановата неуморна потрага по локалитетот број еден, кој би можел материјално да го докаже македонскиот антички идентитет, а кој нема врска со грчко-хеленистичкиот конструкт и ако, патем, не ѝ се замереше отворено на американската империјална власт кога помогна да се обелодени начинот на кој беа „извезени“ значајни артефакти од земјава, меѓу кои и кратерот од Корешница (Демиркаписко), а извозникот беше лично американскиот амбасадор Лоренс Батлер. Нормално, штедро помогнат од македонската влада на СДСМ.
Сега, додека нацијата опулена и трајно разочарана од капацитетите на македонските политичари (преговарачките особено) го следи скандалот од Пржино, мора да се подготви за финалниот удар - нападот на името, односно македонскиот идентитет, по што планираат да следува историски фајронт за државата Република Македонија. Една од ставките на тоа испланирано колективно самоубиство, изрежирано како драма во пет чина, е и Паско Кузман, еден од неколкуте современи македонски преродбеници што се маркирани како „капиталци“ за дозволен отстрел.
Исходот сепак е во рацете на живиот македонски народ и неговата одговорност да ги одбрани животот и сопственото постоење. Што би рекле умните аналитичари, ова е време во кое крупните одлуки не ги носат политичарите туку луѓето. Затоа и „ИСИЛ“ во Македонија мора да падне!
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Се надевам дека овие предвидувања на рускиот аналитичар странците подржани од соросоидите и СДСМ нема да ги одстварат во Македонија. Ова е прв дел од неговата анализа. Другите ќе следуваат на http://infomax.mk
](Ексклузивно)ПЛАНИРАНА НОВА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Македонија може да биде жртва на асиметрична војна!
Андреј Корибко е политички аналитичар, новинар и редовен автор на текстови во неколку онлајн списанија. Член е на експертскиот совет при Институтот за Стратегиски Студии и Предвидувања на Универзитетот “Народна Соработка” во Русија. Тој специјалзира во Руски надворешни работи и геополитика, поточно во стратегијата на САД во Евроазија. Негови останати сфери на интерес се тактиките на промена на режими, обоени револуции и неконвенционална војна која се употребува во светот. Неговата книга “Хибридни војни: Индиректен Адаптивен пристап кон Промена на Режими”, екстензивно ја анализира состојбата во Сирија и Украина и докажува дека таму се одвива нов модел на стратешка војна која ја води САД.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Луѓето во Македонија се манипулираат кон нова политичка криза, а за тоа директно се виновни Зоран Заев и неговите странски поддржувачи. СДСМ започна и продолжува со опструкција на Договорот од Пржино со форсирање на нови и претходно недоговорени барања со Владата, претходно добро знаејќи дека тие ќе бидат децидно одбиени како повреда на првичниот договор. Тој не постапува по сопствено убедување, туку онака како што го советува Питер Ван Хојте, официјалниот “медијатор” помеѓу најголемите политички партии кои се вклучени во преговорите. Вредно е да се напомене дека, Ван Хојте е конфликтен профитер кој е платен двојно за неговите “услуги”. Имено, врз оние 900 евра дневно кои ги добива како плата, шпекулации говорат дека тој заработува и екстра од црните пари на Заев, што значи дека комплетно е компромитирана неговата претпоставена “неутралност”, а тоа се доволни аргументи за тој да биде заменет како “медијатор” во преговорите.
БЕЈЛИ Е ПОЗАДИ СЦЕНАТА
Промена на медијаторот во преговорите најверојатно нема да се случи, бидејќи Ван Хојте оперира под водството на Амбасадорот на САД Џес Бејли, индивидуата која ги влече конците целото време. Вредно е да се спомене и да се потсетиме на неговите претходни искуства во Стејт Департментот и симултаното менаџирање на билатералните релации со Турција, Грција и Кипар како дел од одговорностите кога тој беше Директор на Канцеларијата за Јужно Европски Работи, како што е презентирано во неговата онлајн биографија. Ова докажува дека тој има надарена способност да ги изигра двете страни, во случајов Грција и Кипар против Турција, а се во корист на САД. Најверојатно тој се обидува да го емулира ова искуство на помало ниво, изигрувајќи ги ВМРО против СДСМ, а оттаму и потребата да се има човек како Ван Хојте кој ќе му наредува на Заев да направи што треба за да го блокира Договорот од Пржино. Откако ова ќе се случи, Бејли најверојатно ќе ја употреби неговата друга професионална способност, а тоа е менаџирање со Обоени Револуции, токму онаква како во Турција против Ердоган додека беше Заменик шеф на мисијата и извршен дипллмат во амбасадата на САД во Анкара. Треба и да се потсетиме дека Бејли е амбасадор во Македонија од Јануари, токму тогаш кога дестабилизацијата на Републиката тргна со полна пареа.
ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ, СО ИЛИ БЕЗ ЗАЕВ
Причината за актуелната криза е бидејќи Ван Хојте се закани дека нема да има избори доколку Договорот од Пржино не биде имплементиран. Овој трик е наменет со цел да се остави дамка на рејтингот и репутацијата на Премиерот Груевски како “диктатор” и дека “намерно” не дозволува да се одржат избори, без разлика на тоа што вината за тоа е СДСМ, не ВМРО. Тие знаат дека доколку избори се одржат денес, опозицијата ќе изгуби со голема разлика. Скорешните резултати од истражувањето на јавното мислење на Брима Галуп докажува дека ВМРО има повеќе од двојна поддршка од електоратот за разлика од СДСМ, а различно истражување спроведено за неделникот Република потврдува дека владеачката партија освојува повеќе поени од СДСМ во сите категории на владеење и тоа со огромна разлика. Како и да е, заканите за откажување на изборите не се избори и одлука на Ван Хојте, како што и Премиерот Груевски го потсети светот во својот говор на Денот на Револуционерната борба на 23 Октомври. Тој гордо прокламираше дека ниту еден странец нема да решава за иднината на Македонија, и дека такво право имаат само граѓаните на државата. Ова може да биде прочитано како силен сигнал дека Владата ќе оди на вонредни избори без разлика на тоа дали СДСМ ќе ги бојкотира или не, на база на наредбите на Ван Хојте и Бејли.
ШЕМИ СО СОРОС
Од САД неможе да се очекува дека ќе се откаже од планот да ја контролира Македонија само затоа што Заев ќе ги бојкотира изборите, онака како што ќе му наредат. Тие навистина се подготвуваат за асиметрична агресија под превезот на политичкото повлекување. Работејќи заедно со огромниот број на НВО групи контролирани од Џорџ Сорос, организациониот и операциониот мозок позади секоја Обоена Револуција и експертот за креирање на куклени држави, за очекување е дека Заев ќе притисне кон нова рунда на дестабилизација преку улиците на Скопје како и на други места низ земјата. Овие заеднички двигатели (НВО и СДСМ) имаа доволно време да научат од грешките и од пропаднатите обиди во Мај, затоа се очекува дека следниот бран дестабилизација ќе биде многу пософистициран и опасен.
ОБОЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА
Ова повторување на дестабилизацијата ќе вклучува и тактичка импровизација на жив штит составен од деца и “бегалци демонстранти”, со што драстично ќе се отежне работата на властите за адекватна реакција на најновите обиди за дестабилизација. Некои од погрешно наведените средношколци веќе беа фатени како добиваат речиси 20$ за протестирање против најновите образовни стандарди, затоа не е нереално да се претпостави дека овој “лажен” протест ќе се приклучи на Обоената Револуција на СДСМ кога ќе им се даде сигнал. Исто така, сево ова се случува во момент кога се одвива невиден прилив на илијадници недокументирани индивидуалци кои илегално поминуваат низ Македонија секој ден, а знаејќи ги симпатиите на Сорос кон нив, може да се очекува дека добра бројка на овие луѓе во секој момент може да бидат платени да се придружат на анти-владините манифестации.
Веќе кружи гнасна информациона кампања која треба да ја обвини Македонската влада и Премиерот Груевски лично за секоја потешкотија низ која поминуваат бегалците, а сето тоа со намера да се добие меѓународна анти-владина поддршка која може да биде канализирана во официјални повици за смена на власта во иднина. Во ситуација каде професионални провокатори во СДСМ насилно ја напаѓаат полицијата и во состојба кога државата е ставена во ситуација да одговори со цел воспоставување на ред и мир, може да се претпостави дека деца и “бегалци” ќе бидат користени како живи штитови со цел да се испровоцира глобална осуда против Македонија. Вистинските пријатели на Македонија веќе ги искусија овие гнасни манипулативни кампањи против себе, и ќе знаат што се случува и ќе застанат покрај демократски избраната Влада на Македонија. Ова најпрво и највеќе ќе биде Русија, чиј Амбасадор беше единствен дипломатски претставник кој положи цвеќе и се поклони пред борците за слобода на Македонија на Денот на Револуционерната Борба, чин кој дури и Заев одби да го направи.
“ГОЛЕМА АЛБАНИЈА”
Заедно со обидот за Обоена Револуција, можам да претпоставам дека терористичка група со Албанска афилијација ќе се обиде да направи воен конфликт. Заев веќе се обидува да го заузда ѕверот на етнички раздор со играње на рационална политика и нереални ветувања на Албанската заедница и предлози за идна федерална држава. Али Ахмети, кој се повеќе се потчинува на Заев, во неофицијална информација за еден дневен весник изјавува дека доколку Пржино пропадне, тогаш ДУИ ќе го напушти парламентот и власта и ќе формира сепаратистичка влада во Северозападна Македонија, вклучително со сопствен парламент и премиер. Терористичкото крило на партијата веќе се оддели и формираше сопствена политичка група, или еден вид реинкарнација на ОВК, и се поизвесно е дека овие борци ќе бидат “војската” за следното започнување на проектот “Голема Албанија”, ако Ахмети навистина се залага за де-факто сецесионизам. Во тој случај, исто како и во Сирија која мораше да се брани од терористите спонзорирани од странски држави како Турција, исто така и Македонија ќе треба да го направи истото против Албанија, тогаш ризиците од регионална војна драстично ќе се зголемат!
ДОБРО ДРВО, СКАПАНИ ЈАБОЛКА
Сите треба да се потсетат дека до овој момент Албанската популација веќе ја докажа својата определба за мултикулурна, поликонфесионална, и унитарна Македонија преку константното одбивање да се придружат на Обоената Револуција минатиот Мај, иако имаше исклучителни напори да се провоцираат (Смилковско, Монструм). Најголемиот дел од Албанската популација заслужува аплауз, огромен аплауз, бидејќи ако тие потпаднеа под искушението за милитанта борба за “Голема Албанија” во тој период, тогаш земјата ќе западнеше во тотален хаос. За среќа, тие не потпаднаа на манипулациите, и ова заслужува да биде признаено и прославено, но имаше и ужасни случаи на неколку екстремистички индивидуалци кои се обидоа да расипат се.
Овие беа блиски до СДСМ терористи на ОВК кои сакаа да извршат напади низ целата земја за време на Обоената Револуција. За среќа, Македонското разузнавање ги откри пред да се случат нападите, и храбрите безбедносни сили успеаа да ја запрат заканата пред да биде спроведена, за жал неколкумина херои ги изгубија нивните живот во процесот на одбрана на земјата. Затоа, сите треба да бидат потсетени дека Албанското население е определено за мирна, стабилна и демократска Македонија, но има неколку скапани јаболка кои се обидоа да ги наведат на другата страна. Во иднина, најскапаното јаболко од сите најверојатно ќе се докаже дека е Ахмети!
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Трендафиле, обожавателу на диктатори, овој сигурно го плаќаат многу повеќе од тебе. Кој ти е крив кога ти не знаеш да конструираш лажни политички сценарија.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
[size=30]ПАНДОВ ЗА ЗАЕВ: A отвори уста, изговара лага[/size]
Кога се работи за Заев, можеби, најинтересното е што за голем дел од неговите лаги дознаваме по неколку дена, а многу често и по неколку часа, вели аналитичарот Александар Пандов.
Сведоци сме дека во период од еден ден Заев трипати ги има менувано своите ставови и искази, а, по правило, партијата има потреба со соопштение да го дообјаснуваа тоа што сакал да го каже лидерот. И тоа сѐ додека е на домашна сцена – на луѓето што ги следиме политичките збиднувања, ни е забавно и смешно. Човекот си е, едноставно, палјачо облечен во костум, кој секое негово појавување во јавност го користи за да истресе некоја зелена. Дека е трчи-лажи и дека а отвори уста изговара лага, знаеме, а, верувам, знаат и во СДСМ. Срамот во даденава ситуација е што ликов појде во Израел, па оттаму почна да нѐ лаже и нас, ама и домаќините, па ги доведе во ситуација да мораат да се правдаат и да објаснуваат дека кажаното од страна на Заев нема никаква допирна точка со темите за кои е разговарано и дека само поради тоа што Македонија ја сметаат за пријателска земја го пречекале и лидерот на македонската опозиција. Бламирање! Да имаше барем малку образ, најпонизно ќе ѝ се извинеше и на македонската јавност, а и на Израелците. Ама Заев е ѓон и без „кичма“, па повторно следуваше само уште едно бледо соопштение од неговиот тим за односи со јавноста. Вистински за жалење се претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се во преговарачкиот тим. Замислете да треба да се договарате со ваков лик. Човек никогаш не може да биде сигурен дека тоа што си го договорил ќе важи утре. СДСМ барем малку да беше демократска партија, овој лажго и шарлатан одамна ќе го испратеше на македонското политичко буниште, но поради тоа што е немоќна и неспособна да го направи тоа, тогаш на 24 април в година тоа ќе го направи македонскиот народ…“ – вели Пандов.

A DA PRASHAM MOZEBI NEKOJ ZNAE "OD KADE POLITICHKI ANALITICHAR ?????????
KAKO SE DOBIVA TOA "ZVANJE ?????????????????????
SE SAMONAREKUVASH I TOLKU ?????????????????????
p.s. prashuvam za pogorniov "politichki analitichar "
KAKO SE DOBIVA TOA "ZVANJE ?????????????????????
SE SAMONAREKUVASH I TOLKU ?????????????????????
p.s. prashuvam za pogorniov "politichki analitichar "
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Интервјуа и колумни
Toa ne e zvanje tuku chin! Prvo stanuvash ANALITICAR, pa posle ANALEN CISTAC, pa duri na kraj DLABOK DETALEN PROCISTUVAC NA ANALNIOT OTVOR NA GRUJOKAKIS!
Pandov se bori za ova zadnoto, uste mnogu malku mu fali pa da mu opnat zvezdicka plus na epoletite!
Pandov se bori za ova zadnoto, uste mnogu malku mu fali pa da mu opnat zvezdicka plus na epoletite!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Аналитичари, експерти, дипломатски кругови и слично се измислица на соросоидите, а најупотребувани беа на А1 телевизијата, Бог да ја прости. Кај нас порано ги имаше само од една страна, од непријателите на Македонија. СИте до еден не убедуваа дека ќе пропаднеме за неколку години доколку не си го смениме името. Посебно беа активни по идиотската одлука на НАТО да не не прими во членство и покрај тоа што ги исполнивме условите и кога ни поставија уште поидиотски услов, да се самоукинеме како народ поради членство. Сега експерти и аналитичари има и на македонска страна. Тука е разликата.
Непријателите на Македонија, на пример, пишуваа со радост за евентуалното затварање на првата фабрика на Џонсон Контрол. Сега кога оваа фирма ќе отвара трета фабрика во Македонија, во Струмица, изгледа тагувате.
Непријателите на Македонија, на пример, пишуваа со радост за евентуалното затварање на првата фабрика на Џонсон Контрол. Сега кога оваа фирма ќе отвара трета фабрика во Македонија, во Струмица, изгледа тагувате.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Интервјуа и колумни
Trendafile, predavstvoto go pravite vie i vashiot pastir...Kolku shto znam vie ste edinstvenite shto pregovarate za promewna na ustavnoto ime...A se vo interes na tatkovinata na en kleine diktator grujos i pobratimot mu aca koj za volja na vistinata raboti za udba...No se vo sklop na srpsko-grchko prijateljstvo...
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
ПОЛИТИЧКИ САДИЗАМ
Арсим Зеколи
Современиот политички садизам е наметнат од новите генерации политичари без животни искуства, базична емоционална интелигенција и огледани во покриениот со асфалт свет на бесчувствителност
„Пинковин кон Наферон немаше други зборови освен лути пцости, додека, пак, Наферон мирно се потсмеваше и го канеше Пинковин на вечера“
Рајнард Киплинг
Опкружени сме со него, соочени и присилени да го трпиме секој ден на секој чекор. На работните места, во мачните исповести од другата страна на перницата, од екраните низ кои под љубезните насмевки вирее цинизмот, во службените вести за измислени успеси. Не гуши и ко за врат не држи да висиме до половина надвиснати над грлото на лудилото и тлото на нормалноста. Од мака се потсмеваме себеси дека кој овде не полуди не е нормален и дека се' е свртено наопаку и дека стануваме шизофренични, дека очигледно нешто не разбираме и дека нешто не е во ред со самите себе. На крај, утешно покорувајќи се со залудноста, бидејќи, ете, такви биле времињата. Времиња на политичкиот садизам усовршен до речиси перфектна техничка умешност на владеење од страна на нововремените садисти со пријатен лик, реверна функција и празна душа.
И порано се имам осврнувано на овој аморфен, флуиден, а сепак лесно осетлив феномен, препупредувајќи за последиците на психолошките, социјалните, културни и општествени потреси и експерименти во трката за создавање „нова раса на господари кон создавање господарска раса“ (А.Е. Саман). Низ историските лектири имаме читано за имеријалните садизми (Киплинг, Орвел, E.M. Форстер), за колонијалниот протоколарен супрематизам кон покорените народи, за дехуманизирањето на човекот Јозеф К. спроведуван низ змијовитите лавиринти на процедуралноста, преку баналната беспоговорна експедитивност на германската бирократска покорност, до експериментите на Зимбардо низ лажните затворски ќелии на Станфорд и психотичните помодари на новиот свет на Брет Истон Елис. Се' до денешниот политички новоговор на пост-лидерската елита, заменета со „talking heads“ постер ликови изродени и диригирани низ илјадници тинк-тенк институти, маркетинг, ПР и рејтинг агенции. Сите зададени во истражување, евидентирање и санација на секоја и најмала трунка човечка слабост и промоција на натчовечна – ерго, бласфемична - безгрешност.
Современиот политички садизам е наметнат од новите генерации политичари без животни искуства, базична емоционална интелигенција и одгоени во со асфалт покриениот свет на бесчувствителност и бело-мртви светла на канцеларијски стеринли неонки. Нивната оска на самоувереност се врти околу перфекционистичкото владеење со факти без фигури, терминолошко комуницирање низ административен есперанто, униформна педантерија и стилистичка клонираност, опсесивна и секојчасовна потреба за друштвена потврда. Нивната мантра е ропски извртената ничеовска максима дека „човек без план не е човек“. Нивните архи-смртни непријатели се спонтаноста, дарот на логиката, сопствената сексуалност, емоциите, духовитоста и хуморот, милоста и скромноста. И повеќе од се' – иднината во која ја препознаваат сопствената предавничка несовршеност во староста и поразителната неминовност на смртта.
Новиот дехуманизиран хомо-политикус умее да ги искористи вкоренетите инстинкти и потреби на човекот да биде предводен и верува во добрите намери на побратимот по човечки род. Ползувајќи ги современите цркви за масовна манипулација и строга контрола врз лостовите за награда и казна, притоа користејќи ги старите изрази, правила и процедури, но со сосема нова смисла и цел. Низ кои демократијата веќе не е продукт на волјата на мнозинството, туку статистички пресек на лица со право на глас и минимално обезбеден финален резултат. Правото на избор е сведено на полит-алхемистичка селекција на изборот помеѓу однапред дефинирани прифатливи нијанси на различност и целосна стигматизација на неприфатливите неприлагодени кон правилата на однесување. За кои никој, всушност, и не знае кој воопшто ги има измислено и наметнато.
Но правила кон кои секој се повинува како кон општоприфатени и логични координати на нормалноста и пристојноста, како институции на стабилноста и поредокот за добробит на прогресот. Во тие институции е логично парламентот да изгласува декрети на крвави војни и илјадници пресуди на живот и смрт, но било која демонстрација на несогласност, кој било плакат и која било фрлена солзавец-петарда е акт на насилство и хулиганизам. Во тој театар на апсурдна нормалност е сосема цивилизирано граѓаните да гласаат за омраза и насилство, но протестот на кршење на таквата пандорина кутија на црнила неминовно води зад решетки. Актот на војна сведен на интер-континентално прецизно бомбардирање преку притискање на копче во пристојно климатизирана и хај-тек опремена и безбедна просторија, се смета како врвен дострел на хуманоста, но покажувањето на голи женски гради со краво-црвени букви на протест е хулиганизам и нечињстотија недостојна за современието и софистицираните очи на преплашената политичка елита.
Човештвото, низ призмата на новите политички хумандроиди, треба да за свое добро им ги прости изгубените низ банкарски малверзации пензии и социјалии, но не треба да покажува сочуство кон девојчето заспано во скутот на таткото просјак-бегалец. Алчноста е добра, корупцијата е економска интервенција, тројан-коњските банкарски заеми се за развој, нуклераните бомби за одвраќање. Исламот е закана, Куранот е прирачник за тероризам во рацете на лицата од валканите касаби, но тоа превентивно правило не важи и за црномурестите клиенти во бели чаршафи и со карт-бланш чекови, добредојдено расштркани низ западните саеми за распродажба на најновиот воен арсенал.
А се' што е светски современо не може и не смее да ни биде и нам туѓо, туку во име на сите нас мора да биде прифатено, адаптирано кон околностите и дисциплинирано имплементирано. Поради тоа не треба да се чудиме кога четирите големи партии повеќе се занимаваат со себе отколку со граѓаните, новинарите со своите привилегии и потреби отколку должности кон јавноста, лекарите со министерските закони отколку хипократови заклетви. И повеќе од сите, владините претставници кои низ безмалку нескриен садизам и цинизам едвај се воздржуваат во лице да ни кажат дека единствениот начин за нивна смена и скротување е насилството и ломот. Зарем треба се' уште да се преправаме дека во нивните цинични изрази и вербално провокации не ја препознаваме исчашеноста и распашаноста на нивниот болен ментален склоп, според кој секој договор е тоалетна хартија, секоја коректност е знак на кукавичлак, молкот означува припитоменост, а бесот можност на другите да им се упати порака за дисциплинирање. Во светот на нивниот сатрапски неморал и цинична декадентност дури и обвиненијата за криминал и гангстерај се сметаат како потврда на нивната семоќност и алфа-мажјаштво. Натчовечност, дури!
За волја на не само политичката коректност туку и според историските искуства, треба да се подвлече дека насилството не може да го победи политичкиот цинизам, колку и да е провокативен и болен. Во крајна инстанца, таквото насилство ќе означи само зачеток на нов циклус на манипулација. Но тоа е сепак само промислување според нашиот агол на гледање врз состојбите. Илузорно и смешно е да се очекува дека тој поглед ќе биде прифатен и од оние кои се веќе сосема рамнодушни кон нашите бескрајните рефрени на осуди, дебелослојни етики налепени врз нивни чела и тешки животни премрежија на кои се изложени поради бескрајните експерименти од страна на политичкиот садизам. Бидејќи кога некого со децении смислено именуваш, третираш и отфрлуваш како ѓавол, сетики еден ден и ѓаволот ќе реши да го посети својот кум.
(Авторот е аналитичар)

БЕЛИЗЕ И ОХРИД
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - На СДСМ уште не му верувам. Ама на ВМРО не му заборавам
1 На кого му кажуваат од ВМРО-ДПМНЕ дека тие биле за слобода на информирање и за демократија? На новинарите ли им кажуваат? Па новинарите да не не знаат со кого си имаат работа последниве седум-осум години? Тие што ги примаат нарачките да не не знаат од каде им стигнуваат? Тие што одбиваат да ги исполнат нарачките да не не знаат што ги чека? Нас ли, новинарите, нè убедуваат какви демократи се? Ај на Ванхауте нека му продаваат демократија. Човекот е нов, можеби ќе им купи.
Па дури и денеска кога владејачката партија се обидува нападно да ни манифестира апсолутна демократија, редовно се случува потполно исти текстови и коментари да се појават во исто време на три-четири национални телевизии и едно десетина портали. Уредниците сосема спонтано дошле до иста идеја, да развијат иста тема со истите зборови и со исти соговорници во нивните вести. Па дури и запирките им се на исто место во коментарите. А богами и граматичките грешки. Човек, ако е малку наивен, ќе помисли дека од исто место им ги испраќаат вестите.
Во некакви сечени, монтирани и лепени материјали што ги пушташе опозицијата во форма на прислушувани телефонски разговори слушнавме дека некој правел куртон вести. Оти од 12 прилози седум биле нарачка од партијата. Па слушнавме како високи функционери си нарачуваат кој новинар да им покрие настан. Па слушнавме и дека општинските комитети предлагале кадри за МТВ. Слушнавме и како се нарачуваа прилози во колку саат и во кои вести да одат. Зарем тоа не е демократија?
2 Башка, не мораше ни да слушаме како се третираат медиумите во туѓи телефонски разговори. Па ние ги живееме тие телефонски разговори. Божем денеска паднавме од Марс во своите редакции и не знаеме како нè третираат, па сега Илија Димовски ќе ни раскажува приказни за европски стандарди во новинарството. А Груевски бара предложениот закон да бил европски, а не хибриден. Оти таков закон немало во Европа. Па во Европа нема ни куртон вести. Па што?
Од тоа што ВМРО-ДПМНЕ толку ја бранеше слободата на медиуми сите овие години, затоа сега цел свет ни дојде дома да ни ја процени штетата. Да видат како може да нè спасат од нехибридната демократија. Од тоа што многу ја почитуваат слободата на изразување, сега Ванхауте ќе ни пишува закон за медиуми. Од тоа што Груевски од позиција на премиер на партиски митинзи ги повикуваше луѓето да не им веруваат на некои медиуми, па потоа и ги затвори, дојдовме до дереџе сега и Заев од позиција на опозиција да прогласува медиуми за политички непријатели. Стандардот на однесување кон медиумите е поставен. А јавниот интерес запоставен.
Власта како експерт за поделби во општеството, откако не подели по сите линии сега се обидува да ја направи најапсурдната поделба. Да се прашуваме: Кој фашизам е пострашен? ВМРО-вскиот наспроти СДСМ-вскиот?
Тие не престануваат да спружуваат по насловни страници, а нè убедуваат дека "сите сме исти". Е па не сме. На СДСМ уште не му верувам. Ама на ВМРО не му заборавам.
3 Зошто СДСМ инсистираше да се формира собраниска анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, кога самите изгласаа седниците да можат да бидат и тајни? Прислушуваните разговори ги слушавме јавно, а сослушувањата на сведоците во Собранието ќе бидат тајни. Проектот "Вистината за Македонија" на Заев ќе има маестрална завршница. Јавноста нема да ја дознае вистината.
Стварно, зошто седниците на анкетната комисија да бидат тајни? Зошто да не го слушаме Груевски како одговара на прашања на пратениците како дојде до најголемата политичка криза што ја стресе Македонија од 2001 година до денеска? Како ќе ја дознаеме "вистината за Македонија" ако нема директен пренос на Собранискиот канал? Зошто пак сè мора да остане помеѓу двете партии? Не сакам да дознавам. Сакам да знам. Не сакам да гледам новинарски прилози кои ќе се повикуваат на партиски брифери. Демек дознаваме... На едните ќе им раскаже Илија Димовски, на другите Роберт Поповски. Тие ќе ни кажат што се зборело, а ние треба да им веруваме.
Ние ги биравме пратениците. Ние им даваме плата. Ние ја плаќаме таа анкетна комисија. Ние го плаќаме Собранискиот канал. И сакаме да знаеме дали биле прислушувани 20.000 граѓани.
Меѓу прислушуваните сум и јас. И јас сум носител на папка со транскрипти од мои разговори кои сведочат за нехибридната демократија на власта. И јас сакам да знам зошто Македонија е во криза. И јас сакам да знам кој наредил прислушување и зошто и мене ме прислушувале. И сакам да знам дали уште ме прислушуваат. И ако не престанале, до кога мислат да ме прислушуваат.
4 Што е толку страшно за сведочењето на премиерот Груевски да се прогласи за тајно? Па поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон сведочеше пред Конгресот и пред цела американска јавност за евентуалните пропусти на американската дипломатија кога им отепаа амбасадор и тројца службеници во два напади во Бенгази, Либија. Одговараше на прашања на конгресмените цели 11 часа и нејзиното сослушување одеше на телевизија. Дури и ние го гледавме. Уште се врти на Интернет.
Зошто Американците нејзиното сведочење го отвориле за јавност, а ВМРО и СДСМ се договорија сведочењето на Груевски и другите да биде тајно? Изгледа дека сведочењето на Клинтон не било толку чувствително за американската безбедност, како што за нашата безбедност би биле плацовите на Водно, израелската донација, кинеските проценти, изборните списоци, Индијанците во Парламентот, "мерцедесот" од 600.000 евра со телевизорчиња, списочето за судии...
Во некои земји со хибридна демократија јавноста смета дека треба да знае што правеле функционерите со нивните пари. Јавноста бара да знае и не се откажува од тоа право. А нас тука уште нè влечат за уши како на гласање. Гревчиња, како што би се изразил еден од сведоците во анкетната комисија.
5 Владата одлучи да ги покачи субвенциите за носење странски туристи од 25 на 65 евра. На списокот на субвенционирани туристи се и граѓаните на Малезија и на Јужна Кореја. Ќе го чекаме првиот налет на Малезијци и Корејци, па кога ним ќе им помине меракот, ќе се ослободат туристички капацитети и за туристите од Белизе и Сен Винсент и Гренадини. Оти тие се веќе субвенционирани. Нашите пари се веќе таму.
Белизе го оствари сонот на Охрид. Парите од Македонија им стигнаа, а туристите не им дојдоа.

Добро би било кога навистина би се остварило.
Злотворите ќе ги фаќаме и по берберниците во Тасманија
И уште неколку важни работи: Документациониот центар мора да биде кадровски, технички, правно и финансиски опремен за да може да трага по парите и имотот на злосторниците и по злосторниците како такви. Да ги враќа од берберниците во Тасманија и парите да им ги враќа на граѓаните на Македонија, од Белизе и од најдлабокото ниво на шупакот во кој си го набутале шишето на Срѓан.
Гостин- Гостин
Re: Интервјуа и колумни
Vesna " bejbi" momentalno na 24 vesti: Se kae za glupostite od pred 3 godini, i nikogash vekje ne bi i se povtorilo takvo neshto !!! Toa ne bilo nejzin tekst i vo golema mera ne se slagala so tekstot : AMA SEPAK GNETELA GOMNA SO KUTLACA!!!! AJDE BEJBE NE SERI ! LAJNOSANA SI DO GUSHA I KE SI GO NOSISH CEL ZHIVOT - ZEMSKI I VONZEMSKI - JEBIGA TVOJ IZBOR!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Интервјуа и колумни
Poslednata kolumna na Goran Mihajlovski vo Vest...Ne uspeaa da go kupat i da go zamolchat, pa go otpushtija...Noviot glaven i odgovoren urednik kje bide izvlechen dlaboko od shupakot na Grujo...Prvata ponuda e upatena do Goran Petreski od MTV no ovoj odbil...
25.12.2015, 19:05
САКАМ ДА КАЖАМ
УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ
Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ - Бидејќи не може да има подобро од ова што нè снашло, не треба да заборавиме само на бомбите, туку треба да заборавиме и кој е Перо Антиќ
1 Премиерот Груевски изјави дека бил фрапиран од откривањето на некаква фабрика за фалсификување лични карти. Сега е фрапиран. Не беше фрапиран кога Заев пред половина година ги пушташе разговорите на неговите министри и блиски соработници како пред избори, меѓу другото, нарачуваат и лични карти. Пред тоа ВМРО-ДПМНЕ беше згрозена затоа што СДСМ во разговорите за договорот од Пржино, наводно, предлагал решенија кои ќе воведат цензура во медиумите. А пред шест месеци не беа згрозени од разговорите во кои се нарачуваат куртон вести и од начинот на кој министри и шефови на кабинети си нарачуваат новинари за покривање настан и во тефтерче запишуваат кој е подобен да се вработи во МТВ.
Ај да фатиме со ред. Опозицијата излезе со бомби со прислушувани разговори што откриваат индиции за криминал на власта. Државата влезе во длабока политичка криза. Цел свет се покрена да се постигне мировен договор. Хан сто пати доаѓаше од Брисел, Нуланд допатува од Вашингтон и се јавуваше на телефон, Пржино стана славно во странските медиуми, амбасадорите Бејли и Орав станаа неизбежен декор на сите средби меѓу власта и опозицијата, се формираше Специјално обвинителство за да ги истражи индициите за криминал во разговорите и да открие кој прислушувал, илјадници луѓе беа на улици и протестираа, шатори се дигаа, закони се менуваа... И зошто? Е па ако досега не ни било јасно зошто сето тоа било потребно, ќе ни се разјасни сега кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го обвини СДСМ за мафијаштво и за поврзаност со криминалци. И кога Груевски, кој на крајот на оваа тешка година го изгубил трпението, ќе повика дека ова лудило на опозицијата треба да прекине. Кое лудило? Му пречи лудилото на опозицијата. А не се вознемирува од признанието на Ставрески што, исто така, го чувме на почетокот од годинава. Како беше она сеченото, лепеното и креираното: "Ние сме лудаци". Тоа лудило не мора да прекине. Она што власта посветено и грчевито го прави додека преговара за создавање услови за фер и демократски избори, оди понатаму од обидот да се создаде мислење дека сите - и ВМРО и СДСМ се исти. Пораката не ВМРО оди уште подалеку. Дека нема подобро од ова. И подобро не може ни да биде. И дека не смееме да бидеме незадоволни од оваа убавина и здравје што нè снашле. Особено здравје.
2 Приказната за убавината не смее да биде нагрдена ни од обична Фејсбук порака . На пример, најславниот македонски кошаркар на сите времиња, единствениот Македонец што играл во НБА лигата, напишал порака дека е изненаден зошто државата не го номинирала во годинашниот избор за спортист на годината. Веднаш дојде соопштение од Кошаркарската федерација. Во него беше објаснето како оделе номинациите "за да некој обичен и небитен поединец не би пишувал невистини, навреди и манипулации, бидејќи истиот поединец очигледно не е посветен на својата професија и на работата која ја работи, туку е посветен на други активности, па дури и политички, а нема капацитет за такво нешто".
Звучи познато? Да. Звучи како да е напишано во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи не може да има подобро од оваа убавина и здравје што нè снашле, не треба да заборавиме само на бомбите, туку треба да заборавиме и кој е Перо Антиќ. И кој нè тера да заборавиме? Тие што не можат да купат ни карта за натпревар на НБА, и покрај сите пари што ги имаат, а не пак да играат во НБА.
Сега Перо Антиќ се занимавал со политички активности. А не бил способен за тоа. Демек само тие се способни за политика. Ма немој. Море, ги боли. Секој што е успешен, а не мисли како нив ги боли. Секој што е надвор од нивниот црно бел-свет ги боли. Секој што не им преќутува ги боли. А најмногу од сè ги боли дека самите се дилетанти. И свесни се за тоа.
3 Претседателот Ѓорге Иванов го одржа годишниот говор во Собранието. Досега се правеше како да паднал од Марс. Ама сега се покажа дека никогаш не ни бил на Марс. Дека тој е тука, веќе седум години го грее столот, и втор мандат не се меша во својата работа. Ама научил лицемерно да попува.
Тој раскажува дека "поради политичка неодговорност, го добивме договорот од Пржино...". Чија неодговорност? Тој се брои ли меѓу политичарите? Потоа вика дека "оние што си презеле обврска, треба и да си ја исполнат...", па дека "граѓаните се револтирани затоа што се дозволи други да се грижат за нас повеќе од самите нас. Револтирани се што наместо во институциите на државата, трчаме во амбасадите на странските држави... ". Па претседател на држава институција ли е, или амбасада на партијата на власт? Потоа рече дека сме "сведоци на деградација во медиумскиот простор. Јавната пристојност и професионалност стана исклучок наместо правило...". А на новинарите им порача: "Не смеете да дозволите да ви наметнуваат правила и стандарди, да бидете мегдан за партиски препукувања и алатка за остварување нечии интереси. Не смеете да трпите какви било влијанија, како од политичарите така и од други моќници...".
Кој го кажа тоа? Претседателот во чиј мандат се затвораат медиуми, власта цензурираше насловни страници, новинар беше осуден со затворска казна за објавен текст, главен уредник на критички ориентиран политички неделник загина во сообраќајка, а немаше саглам професионална истрага, новинарите, заедно со пратениците, како партал беа исфрлени од Собранието, ги избркаа од седниците на Уставниот и на Врховниот суд и од анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Претседателе, да редам ли уште како беа погребани институциите и новинарството додека вие се правевте дека сте на Марс?
4 Ќе се формира трет државен универзитет на албански јазик. За да може и ДУИ да се пофали дека остварува.
Тогаш зошто патриотите од владејачката партија и патриотските медиуми, до пред само две недели хистерично врескаа на идејата албанскиот да биде втор официјален јазик?Кој во свет се плаши од учење јазици? Само ние. Оти македонскиот и албанскиот во Македонија не се странски јазици. Непријателски се. Ама не се непријателски затоа што Македонците и Албанците не се разбираат и не сакаат да живеат заедно. Туку затоа што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги користат јазиците за создавање непријателство кога ќе им притреба. За да можат пријателски да си ги делат процентите.
Колумната "САКАМ ДА КАЖАМ" © излегува од 12 јануари 1991 година
Гостин- Гостин
Страна 11 of 42 • 1 ... 7 ... 10, 11, 12 ... 26 ... 42
Similar topics
» Последно ке можам ли да си коментирам актуелни колумни?
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
» Копментари од Здравко и на секоj коj што сака на колумни во весници и страници
Страна 11 of 42
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот