Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонска православна црква

2 posters

Go down

Македонска православна црква Empty Македонска православна црква

Пишување by Гостин Чет Јан 15 2015, 12:08

Poznat e sporot na MPC so srpskata crkva,kade srbite se obiduvat pod svoja kontrola da ja stavat Makedonskata Pravoslavna Crkva-Ohridska Arhiepiskopija.Duri so pomos na rascinetiot vladika Jovan Vraniskovski napravija paralelna crkva vo Makedonija.Ovde ke postiram kratka istorija na Makedonskata Pravoslavna Crkva-Ohridska Arhiepiskopija ,kako i kratok istorijat na crkovnoto prasanje vo Makedonija,od koi jasno se gleda deka srpskite baranje se neopravdani i se temelat samo na srpskiot nacionalizam i hegemonizam...


Последната промена е направена од YAS на Чет Јан 15 2015, 12:18. Мислењето е променето 1 пати

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонска православна црква Empty Re: Македонска православна црква

Пишување by Гостин Чет Јан 15 2015, 12:10

Историја на Македонската Православна Црква

Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и проширува Светиот апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и Делата Апостолски. На тие негови патувања го придружуваат и апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од Светиот апостол Павле работат на христијанизација на овие простори. Низ Македонија проповеда и Светиот апостол Андреј Првоповикан кој и го поставува Светиот апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Светиот апостол Силуан бил првиот епископ во Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Што значи дека уште тогаш се поставени темели на организирана Црква. Би спомнале тука и дека апостолите Аристарх и Секунд биле Солунјани, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија) кој се лоцира накаде меѓу Струмица и Валандово. Во тоа време Македонија била под римска власт така што често биле менувани нејзините граници. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и вселенските Собори.

Во V век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во тој пероиод и низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики.

За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима во тоа време трета по чест меѓу помесните Цркви, после Рим и Цариград. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.

Св. Климент ОхридскиДелото на светиот апостол Павле и светиот цар Јустинијан I го продолжуваат светите браќа Методиј и Кирил и нивните ученици светите Климент и Наум Охридски. Во втората половина на X век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима, во достоинство на патријаршија. Подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, сè до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан Мустафа III, а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија. Од овој момент па натаму, македонскиот народ прави постојани напори за нејзино обновување. Нејзините епархии смениле неколку јурисдикции од соседните православни Цркви. Особено жестоки борби биле водени во втората половина на XIX и првата половина на XX век, но поволни услови за враќање на самостојноста се создаваат дури во текот на Втората светска војна (1941-45 г.). Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан првиот Црковно-народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ, бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна Црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска Православна Црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифаќа оваа одлука, заради што во своите понатамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како автокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но, повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид е одржан Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј.

Архиерејскиот собор на СПЦ се согласи со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година.

Одлуката за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ ѝ дал самостојност на Македонската Православна Црква, со тоа што таа и понатаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот Патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г. Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол Патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе високодостоинственици на Руската Православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата на Пресвета Богородица - Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија, на која што служел патријархот Московски Алексиј, во сослужение со патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални Цркви.

Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор, и на свечената седница во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е совршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Точно 200 години по нејзиното укинувањето од страна на турскиот султан.

Диецезата на Македонската Православна Црква не се протега само на подрачјето на Македонската држава, туку и во црковните општини надвор од границите на Републиката.
Според точката 17 од Образложението на Одлуката за автокефалност, Македонската Православна Црква како административен дел од едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, ќе ги чува Светото Писмо, Светото Предание, апостолските Правила и прописите на вселенските и помесните Собори и ќе се раководи согласно со нив и со Уставот на Македонската Православна Црква.

Молејќи се смирено за другите, Македонската Православна Црква секогаш ќе се потпира на молитвите, благословот и врз помошта на постарите свети сестрински и помесни православни Цркви.

mpc.org.mk/mpc/istorija.asp

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонска православна црква Empty Re: Македонска православна црква

Пишување by Гостин Чет Јан 15 2015, 12:11

Краток историјат на црковното прашање во Република Македонија


1) Република Македонија се наоѓа во срцето на Балканскиот Полуостров со површина од 25,713 км2 и со популација од над 2 милиони жители. Република Македонија е матична држава на македонскиот народ и на неколку други малцинства што живеат во неа. Покрај 1,6 милиони Македонци што живеат во Република Македонија (кои се православни Христијани), повеќе од 1,5 милиони Македонци живеат и работат надвор од Македонија (како во соседните земји така и во Европа, САД, Канада и Австралија...).

Неколку години по распадот на СФРЈ, на 8 април 1993, Република Македонија стана 181 членка на Организацијата на Обединетите Народи (ООН), но заради спорот околу името со Република Грција, призната е како Бивша Југословенска Република Македонија. Под нејзиното уставно име „Република Македонија”, досега е призната од повеќе од 100 земји во светот меѓу кои и од Русија, САД и Кина, како и од Србија и Црна Гора, Бугарија, Романија итн.

И покрај јасната одлука на 17 правило на Четвртиот Вселенски Собор, во која се вели дека организирањето на црковните области треба да биде соодветно на државното и граѓанското организирање, на Црквата во Република Македонија од познати политички причини и до ден денес  се оспорува правото на самостојност.

2) Од неканонското укинување на автокефалната Охридска Архиепископија во 1767 г., остварено со одлука на турскиот султан, а по барање на Цариградскиот Патријарх Самуил I па сè до Првата светска војна епархиите на сегашна Репубика Македонија се наоѓаат под црковна јурисдикција на Цариградската Патријаршија. После Првата светска војна овие епархии територијално потпаднаа под окупација на Српската држава и затоа преминаа под управа на Српската Православна Црква. Со почетокот на Втората светска војна српските Епископи, заедно со својата војска и полиција, ги напуштија овие епархии со кои управуваа само 20 години и на нивно место дојдоа Епископите на Бугарската Православна Црква. По Втората светска војна Република Македонија егзистира како посебна федеративна држава во состав на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

По завршетокот на Втората светска војна свештенството и православните верници на Р. Македонија побараа од Српската Православна Црква (СПЦ) да им ракоположи домородни епископи, заради поголема пастирска стабилност и ефикасност на Црквата. На 5 октомври 1958 година со одлука на Црковно-народниот собор во Охрид Епископот Доситеј, родум од Македонија, Викар на Српскиот Патријарх Герман, е востоличен за 83 Архиепископ на возобновената Охридска Архиепископија, која заради државата во којашто дејствува го доби името Македонската Православна Црква, а тој - титулата Архиепископ Охридски и Македонски.

Светиот Архиерејски Собор на СПЦ во јуни 1959 година донесе одлука (АС. бр. 6/зап. 57) со која потврдува дека „епархиите во Р. Македонија се издвоиле во САМОСТОЈНА Црква која што ќе се управува со Уставот донесен на македонскиот Црковно-народен собор од 1958“ и дека „со оваа одлука престануваат да важат прописите на Уставот на СПЦ за епископите и архиереите на Народна Република Македонија“. Поради потребата од формирање на самостоен Синод, Српскиот Патријарх Герман, Архиепископот Охридски и Македонски Доситеј , како и Бачкиот епископ Никанор, на 19. 07. 1959 во Скопје го хиротонисаа новоизбраниот епископ Преспанско-битолски Климент. Со тоа се создадоа услови за формирање на Свет Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква. За сето ова Патријархот Српски Герман со свое писмо, заведено под синодски бр. 515, од 31 мај 1961 година, го извести и Цариградскиот Патријарх Атинагора.

На 16 јули 1967 година Македонската Православна Црква, возобновената Охридска Архиепископија, на Црковно-народен собор во Охрид, согласно дотогаш востановената пракса на други Цркви, е прогласена за автокефална помесна Православна Црква, после што СПЦ еднострано ја прекина евхаристиската заедница со неа. Сослужувањето на Епископи од МПЦ со Епископи на други Православни Цркви и до ден денешен се случува, само неофицијално и без јавно објавување. Архиепископот Охридски и Македонски на Великиот вход секогаш ги спомнува имињата на Поглаварите на помесните Православни Цркви.

3) Согласно својот Устав и во своето дејствување и учење, Македонската Православна Црква ги чува светите Догми и светите Канони на Православната Вера утврдени на светите Вселенски Собори, како и целото Свето Предание на Црквата наследено од светите Апостоли и од светите Отци просветлени од Божествениот Дух.

4) Македонската Православна Црква има 13 епархии, од кои 7 се во Република Македонија и 6 во дијаспората. Со епархиите моментално управуваат 10 епископи на кои им помагаат над 500 активни свештеници. МПЦ има околу 500 парохии, со повеќе од 2000 цркви и манастири. Пред десет години се возобновија околу дваесетина манастири во кои денес живеат повеќе од 100 монаси и монахињи. Со осамостојувањето, Македонската Православна Црква има основано Средно Богословско Училиште и Православен Богословски Факултет во Скопје.

5) Македонската Православна Црква ја почитува и никогаш не се меша во канонската јурисдикција на останатите помесни Православни Цркви.

6) Со Нишкиот нацрт-договор во 2002 г. помеѓу Македонската и Српската Црква, беа задоволително решени сите спорни канонски и литургиски меѓусебни проблеми на двете Цркви. Единствен спорен проблем за СПЦ остана името на нашата света Црква и нејзиниот статус. Нашата Црква од пастирски причини инсистираше на името 'Македонска Православна Црква' и на самостоен статус, додека Српската Православна Црква, од политички причини (не го признава постоењето на македонскиот народ), инсистираше на името Охридска Архиепископија и на автономен статус. Сите теолошки и историски факти укажуваат дека проблемот на името на нашата Црква нема црковна, туку чисто политичка основа; додека терминот којшто ќе го формулира нејзиниот организационен статус, односно 'автономија' или 'самостојност', нема суштинско туку само формално значење, со оглед дека суштината на самиот статус беше дефинирана со содржината на Нишкиот нацрт-договор. По отфрлањето и на овој работен документ, и тоа главно заради несогласувањето околу името, и откако Српската Православна Црква сфати дека нема да успее да го смени нашето име, таа еднострано ги прекина разговорите со Македонската Православна Црква и оттогаш па наваму се обидува да организира паралелна црква во Р. Македонија преку поддршката што му ја дава на расчинетиот од нашата Црква бивш Повардарски Митрополит. Му благодариме на Бога што досега секој обид на СПЦ да го подели нашиот православен народ и да формира паралелна црква остана безуспешен. Заради погрешниот пастирски пристап, СПЦ никогаш не го доби и никогаш нема да го добие литургиското „амин“ на православниот народ во Р. Македонија, без кое пак, ниту една нејзина одлука не важи и ништо не може да направи на нашите простори.

7) Слични спорови во Православната Црква и досега постоеле, но се решавале и во пократок рок и на братољубив начин. Ова е особено важно од причина што живееме во време на суптилен прогон на Црквата, а и заради сведоштвото на Христос коешто светот го очекува од нас. Со автокефалната Американска Православна Црква, која освен Руската никој друг не ја признава, сите сослужуваат. Албанската Православна Црква, иако неорганизирана, со самото поставување на Архиепископот Анастасиос беше призната како автокефална. Грузиската Православна Црква, набрзо по осамостојувањето на Грузиската држава од бившиот Советски Сојуз, доби томос за автокефалност од Цариградската Патријаршија итн.

Cool Со оглед дека сите информации што се добиваат посредно или од оние коишто нè негираат страдаат од едностраност и од пристрастност, многу би се радувале кога официјална или неофицијална делегација или пратеник на Вашата света Црква, јавно или без информирање на јавноста, би ја посетиле Македонската Правослвна Црква и лично би се увериле во погоре напишаното, односно дека сме жива, организирана и активна Православна Црква. Црква која постојано ја живее Тајната на Распетието и Воскресението Христово, Ваша помесна сестра–Црква.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонска православна црква Empty Re: Македонска православна црква

Пишување by Андреј Чет Јан 22 2015, 22:04

YAS напиша:Poznat e sporot na MPC so srpskata crkva,kade srbite se obiduvat pod svoja kontrola da ja stavat Makedonskata Pravoslavna Crkva-Ohridska Arhiepiskopija.Duri so pomos na rascinetiot vladika Jovan Vraniskovski napravija paralelna crkva vo Makedonija.Ovde ke postiram kratka istorija na Makedonskata Pravoslavna Crkva-Ohridska Arhiepiskopija ,kako i kratok istorijat na crkovnoto prasanje vo Makedonija,od koi jasno se gleda deka srpskite baranje se neopravdani i se temelat samo na srpskiot nacionalizam i hegemonizam...

Парадокс е она што србите го прават .... После два многу важни настани, укинување на Охридската архиепископија од Самоил која не е канонски направена во 1767 година мислам, и создавањето на бугарската екзархија, со султански ферман а не со канонска одлука, целиот спор со СПЦ е една голема глупост ....
Андреј
Андреј

Број на мислења : 182
Join date : 2015-01-22

Вратете се на почетокот Go down

Македонска православна црква Empty Re: Македонска православна црква

Пишување by Фири Пет Јан 23 2015, 23:02

YAS напиша:Историја на Македонската Православна Црква

Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот, прв го проповеда и проширува Светиот апостол Павле при своите мисионерски патувања, за што сведочат и Делата Апостолски.
Ова може и да е така само дека тогаш тука живеале други луге и твоите дедовци кога дошле првин рушеле црклвите и тепали христиjаните. Не дека тие им одговарале со христиjанска лjубов и не биле касапи невидени. Very Happy

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Македонска православна црква Empty Re: Македонска православна црква

Пишување by Гостин Пет Јан 23 2015, 23:10

Koj na kogo mozel, a Firi...Македонска православна црква Happy-smiley21

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонска православна црква Empty Re: Македонска православна црква

Пишување by Фири Пет Јан 23 2015, 23:17

Баш така сега ке ти покажем со какви чувства Бугаринот срешта Коледа или  Рождество христово. Со цвиканjе на прасе на кое одгор се барем 10 луге! Барем така било сега со месо на 25-6 години се не знае од што ама се купуе од КауфландSmile Пишува ли овоj Павле за вакви обичаи на тогашните македонци? Smile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Македонска православна црква Empty Re: Македонска православна црква

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот