Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 18 of 40 Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 29 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:11

Јарец

Јарците мора уште малку да бидат трпеливи и да го почекаат своето време за љубов! Април ќе биде месец кога ќе закрепнувате, ќе ги лекувате старите љубовни рани и ќе се пдоготвите себеси за нова епоха од животот. Ѕвездите ги советуваат Јарците да не брзаат и да не донесуваат ненадејни одлуки поврзани со љубовниот статус. Времето нека одлучи наместо вас. Зафатените Јарци ќе имаат помали несогласувања особено во втората декада на април.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:11

Водолија

Слободните водолии во текот на април ќе уживаат во потполност. Убавото време, добрата енергија и љубовниот занес ќе ги направи поактивни и тие конечно ќе ги признаат своите чувства на некој од огнените знаци. Најдобро од се е што внатрешната сила и позитивните вибрации ќе ги поттикнат да не се плашат од одбивање и последици. Слободно опуштете се и излегувајте на јавни места, бидејќи токму тука можеби ве чека вашата сродна душа. Зафатените Водолии се окупирани со планови за заедничката иднина, но една мала кавга кон крајот на април ќе им ја заниша досегашната сигурност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:12

Риби

Емотивните Риби во текот на април ќе имаат голем број искушенија. На прво место добро ќе се запрашаат дали да пружат уште една шанса на поранешна врска или можеби е добар избор да излезат на ветена пијачка со личност во знакот на Шкорпија. Што и да изберете, драги Риби, не мора да се грижите за исходот. Април е месецот кој ќе ве поштеди од разочарувања и емотивни рани. Зафатените Риби ќе уживаат во заедничките моменти со саканата личност и што е најубаво токму сега ќе посакаат да се скрасат!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Чет Мар 31 2016, 21:58

ova luxor mi lichi ko da si baba vanga ...samo pretskazuvanja Very Happy .....malku shala ...uzivam vo chitanje horoskop Smile

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16516
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:31

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АПРИЛ 2016

Овен
21.03-19.04


април 2016

Работа: Ако до сега само сте мечтаеле за големи деловни промени, во текот на овој период ќе бидете во можност да ги реализирате своите соништа. Среќата е на ваша страна, особено на полето на финансиите. Месецот кога владее Овен почнува со мноштво позитивни случувања. Околностите ќе им бидат особено наклонети на оние што имаат приватен бизнис затоа што ќе можат своите услуги да ги подигнат на повисоко ниво. Ако немате приватен бизнис, тогаш имате шанси да напредувате, да ги покажете и докажете своите квалитети. Овие денови ќе имате шанса да го промените својот живот кон подобро, да започнете некој нов проект чии позитивни резултати ќе ги почувствувате уште во текот на пролетта. Не се сомневајте во своите цели, бидете доследни и одете до крај. Заборавете на изговорите и прифатете ги советите на блиските личности. Можно е некои пријатели да имаат големо влијание на вашите деловно финансиски резултати.

Љубов
: Заљубените во текот на овој месец може да се релаксираат, да уживаат во љубовта и да ги елиминираат сите непотребни сомнежи од главата. Можно е во вашите врски да има некои ситни промени. Немојте да се грижите, нема да го смените партнерот, ќе воспоставите поблизок и подлабок однос и поотворена комуникација. Немојте да се плашите од тоа, тие промени ќе се случат кога ѕвездите ќе посакаат во вашата врска да внесат малку динамичност, а исходот ќе биде сигурно позитивен за вас. Слободно препуштете им се на емоциите, немојте да дозволите било што да ве ограничува во љубовта. Ако сè уште сте сами, ова не е баш најдобар период за пронаоѓање на сродна душа, па концентрирајте се на дружење со блиските пријатели и семејството. Можно е во текот на овој месец да запознаете некој со кого подоцна ќе започнете врска. Засега немојте да се грижите ако нема љубов. Уживајте со пријателите и правете ги работите што ги сакате.

Здравје:  Март ве остава во добро здравје, а и во текот на април нема да имате некои сериозни здравствени проблеми. Поситните проблеми бргу и ефикасно ќе успеете да ги решите. Избегнувајте стресни ситуации, слушајте музика што ја сакате, мислете позитивно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:32

Бик
20.04-20.05


април 2016

Работа: Почетокот на периодот е интересен, имате големи очекувања, но не и добри резултати. Многу ваши планови не се реални, барем не во овој момент, а идеализмот и мечтаењето за успех, не се доволни. Во текот на оваа фаза бидете внимателни при склучувањето на нови договори, во спротивно може да се соочите со проблеми. Најнеповолен период за овие деловни одлуки е првата седмица од април и најдобро би било да го одложите донесувањето на важни одлуки. Ако барате нова работа, ни случајно немојте да го напуштате старото работно место кон крајот од месецот, а ако имате испитни рокови, дајте сè од себе најдобро да се подготвите за овој период. Само со големо залагање ќе успеете успешно да го пребродите овој кризен период и да ги избегнете лошите резултати и оценки. Финансиите, исто така нема да бидат на задоволително ниво, па штедете каде и колку можете и не влегувајте во непотребни финансиски издатоци.

Љубов: Бидејќи во претходниот период ги решивте сите љубовни проблеми и дилеми, сега можете да здивнете и да уживате во хармоничниот однос. Силните емоции, взаемното разбирање и согласување се главните карактеристики на оваа фаза. Машките припадници на знакот би требало да ги израдуваат своите поубави половини дури и ако немаат посебен повод. На дамите родени во овој период им се советува на бакнежот да одговорат со бакнеж, на љубовта со љубов. Однесувајте се кон вашиот партнер исто како што тој се однесува со вас, а ако можете бидете и подобри од него. Немојте да се двоумите во искажувањето на внимание. Тоа особено се однесува на оние кои не успеваат да го организираат семејниот живот на хармоничен начин. Ако сте по природа кавгаџии или немате доволно авторитет, потрудете се својата позиција да ја согледате од друг агол.

Здравје: Зајакнете го имунитетот на време ако сакате подоцна да немате проблеми со вирусни инфекции. Во текот на овој месец можни се здравствени проблеми предизвикани со појава на песок или камчиња во бубрезите или жолчните канали. Може да се случи нешто што ќе ги предизвика овие акутни напади.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:33

Близнаци
21.05-20.06


април 2016

Работа: Сите оние кои во изминатите месеци имале некои бурни случувања, сега можат да здивнат и да уживаат во помирен период, на што укажува присуството на Меркур во знакот на Риби. Но, кога Меркур ќе помине во знакот на Овен, можни се нови конфликти, кавги со колегите и претпоставените, па дури и поголеми проблеми. За среќа сите непријатности ќе престанат во првата декада на април. Ова ќе биде добар период за релаксација на работа, да не размислувате за непотребни работи и да се сконцентрирате само на она од што живеете. Дајте сè од себе ова да биде само почеток на еден добар деловен период кој подолго време го чекате и кој многу добро ќе ви дојде. На почетокот на април некој може да ве наговори да се согласите на нешто од што ќе имате голема материјална корист, немојте да бидете наивни. Многумина ќе имаат корист од вас или ќе покажат желба за заедничка работа за добро да профитираат. Што се однесува до финансиите, ситуацијата е непроменета. Близнаците кои се занимаваат со приватен бизнис ќе бидат во можност да почнат нова работа. Ако сè не оди онака како што сакате, бидете трпеливи.

Љубов: Ова би можел да биде прилично бурен месец. Во текот на овој период може да се соочите со комплицирани емотивни ситуации кои не можат така лесно да се решат. За сè е крива Венера во знакот на Риби, па овој месец ќе биде негативен на емотивен план. Можеби вие повеќе ќе барате во односот со партнерот, но сеедно, исходот може да биде проблематичен. Ќе мора да донесете неколку тешки одлуки кои би можеле да имаат пресудно влијание на иднината на вашата врска. Во текот на овој период многу ќе одбирате. Време е да ги преиспитате своите желби и да бидете пореални. Слободните припадници на знакот ќе имаат прилика да најдат речиси идеални личности, но тие ќе бидат зафатени.

Здравје: Можни се вообичаени сезонски тегоби, но тоа не е нешто поради што би требало да бидете загрижени. Внимавајте на исхраната, внесувајте повеќе витамини и бидете физички активни. Нема причина да се грижите за иднината.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:34

Рак
21.06-22.07


април 2016

Работа: Ова е период за брзи деловни одлуки, но и за големо внимание. Периодот почнува со Месечината во знакот на Лав, што е за сите Ракови поле на финансиите, па и вашиот ангажман ќе биде фокусиран кон парите. Можно е во текот на периодот да мора да преземете и туѓи обврски што дополнително ќе ве ангажира. Вие сте фер, тимски играч и секогаш сте подготвени да им помогнете на другите, но веќе сте уморни. Финансиски не стоите лошо, иако секогаш може да биде подобро. Ако имате дополнителна работа, потрудете се сè што работите да биде легално. Искористете ја можноста за усовршување. Ќе имате можност своите квалификации да ги подигнете на повисоко ниво. Марс и Венера позитивно влијаат на вашата кариера и ве поттикнуваат да бидете амбициозни. Сепак земете ја предвид и конкуренцијата која сака да се натпреварува. Деловните успеси ќе ги следат добри финансии, особено до крајот на втората декада од април.

Љубов: На љубовен план сè ви оди од рака. Саканата личност прави сè што може за да ја зачува хармонијата во врската, а вие уживате во нејзиниот труд. Се чини дека премногу ве разгалува, па кога би ве прашале дали сте вљубени, одговорот би бил потврден. Нормално е да се вљубите во луѓе кои симнуваат ѕвезди од небото за оние што ги сакаат, но и другата страна мора малку да се потруди. Веќе кон средината на април ќе биде појасно дали е тоа врската за која сте сонувале. Бидете подготвени за компромиси, тоа е единствениот начин својот љубовен живот да го држите под контрола. Со Риба, Лав или со Водолија може да имате комплициран однос. Стрелецот во периодов е единствениот знак на зодијакот кој ви е лојален и кој ќе биде подготвен своите планови и желби да ги подреди на вашите. Ако сте сами, повеќе излегувајте, дружете се, усовршувајте ја комуникацијата затоа што следи период кога нема да можете да се одбраните од додворувачи. Внимавајте кого ќе одберете.

Здравје: Малку сте мрзеливи, енергијата ви е опадната на сериозно ниско ниво. Сте ги запоставиле здравите навики, јадете што ќе стигнете, а при тоа не земате суплементи. Април е превртлив месец, па затоа зајакнете го имунитетот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:35

Лав
23.07-22.08


април 2016

Работа: Ве очекуваат големи промени на деловно поле, па добро би било психички да се подготвите за поинаков ритам на работа. Бидејќи не сте задоволни со сегашната положба, промените се добредојдени. Можно е на почетокот сè да ви изгледа потешко, но со време ќе се навикнете. Финансиите моментално ви се замрзнати, а сите пари ги трошите на основните работи. Инаку не сте од оние на кои парите им се лизгаат од рака. Проблемот во полето на кариерата може да ве поттикне да бидете поборбени. Впрочем, секоја криза е воедно и шанса. Внимавајте само да не си го комплицирате животот без потреба. Импровизации или површност нема да се толерираат. Соработката со странци, особено со оние од далечните прекуокеански земји ќе ви донесат сатисфакција како професионална, така и морална, но тоа ќе ве чини. На почетокот од април може да добиете примамлива деловна понуда која не би требало така лесно да ја отфрлите. Сепак, пред било што да потпишете, консултирајте се со поискусни од вас. Внимателно проучете ги добрите и лошите страни на деловниот ангажман.

Љубов: Романтична личност како што сте вие, тешко ја поднесува самотијата. Важно ви е секогаш да имате некого покрај вас, некој кој ќе ве гледа вљубено и ќе ужива да споделува со вас нежности. Вашата потреба за зближување ве тера да се борите дури и за врска која нема иднина затоа што на сè му се предавате безрезервно. Надежта е вашата водилка. Сепак мора да признаете дека врската во која сте сега не ве исполнува. Додека вие се трудите на секој начин да му угодите на партнерот, тој само ужива во вашето внимание и не му паѓа на ум и тој нешто да преземе. Можеби тој и не знае дека нешто не е во ред. Добро би било искрено да поразговарате за сè и отворено да му кажете што ви пречи. Во спротивно ќе бидете фрустрирани и незадоволни.

Здравје: Нестабилното пролетно време негативно влијае на вас, ве прави нерасположени и ја троши вашата сила. Ако наскоро не поработите на внатрешната и надворешната состојба, ќе бидете изложени на секакви заболувања кои ќе ве заробат во кревет. Тоа најмалку го сакате. Затоа зајакнете го имунитетот. По десетти април ќе ви биде полесно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:35

Девица
23.08-22.09


април 2016

Работа: Почетокот на април навестува поволен развој на финансиската ситуација. Имате многу корисни идеи за нови проекти, па добро би било да го искористите поволниот момент за остварување на поголеми цели. Разговарајте со своите соработници и со претпоставените за евентуалните промени кои може да го подобрат квалитетот на вашите услуги или производи. Бидете отворени за добронамерна критика. Ако сте во светот на трговијата, работата ќе ви донесе добар приход, но имало и подобри денови. На повидок е добра заработка и тоа сериозна сума. Во секој случај, без разлика на професијата, можете да се надевате на поголем прилив на пари. Темпото на работа многу ќе зависи од вашата желба финансиски да се стабилизирате. Зголемувањето на заработката ќе ве мотивира повеќе да работите, но внимавајте да не се претворите во машина. Како и да е, работите ќе тргнат кон подобро. Во текот на овој период ќе бидат нагласени контактите со странство, како и работите поврзани со култура и образование.

Љубов: Не сте од оние кои сакаат да го имаат главниот збор во врската, но не ви одговара ни потчинета положба. Најмногу би ви одговарал некој кој не ви е сличен. Иако тоа би била убиствена комбинација, убаво би било понекогаш да ја доживеете. Сега сте во убава фаза, сè е слатко и сè оди мазно. Но вие сакате поголем предизвик и малку драматичност. Нема причина нешто да менувате. Вашиот партнер ги исполнува повеќето критериуми, а вие самите знаете дека не постои идеална личност. Овој месец нема да се случи ништо значајно на љубовно поле, но наскоро ќе дојде време да одлучите што понатаму. Бидете искрени кон себе и кон партнерот. Ако се уморивте од нечие одолговлекување и несигурни сигнали, направете пауза. Ќе ви годи малку самотија. Уживајте во својот мир.

Здравје: Се жалите на болки во долниот дел од `рбетот кој трпи притисок поради премногу седење. Зајакнете ги грбните мускули и мускулите на задникот, тие го држат `рбетот. Добро би ви дошла масажа на целото тело.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:36

Вага
23.09-22.10


април 2016

Работа: Моменталната положба на планетите укажува дека треба да бидете поскромни. Нема да има покачување на платата, ниту било какви други добивки извесен период. Во финансиите ќе владее затишје и тоа до следниот месец. Затоа бидете внимателни затоа што постои опасност да се повредите и да отидете на боледување што уште повеќе ќе ги намали вашите приходи. На дамите им се советува да избегнуваат многу високи потпетици, а на мажите да внимаваат на првото или последното скалило. Ако сте во криза може да добиете неочекувана финансиска поддршка од некого кој подолго време се двоумел да ви излезе во пресрет, но сега се решил да го смени ставот. Лошиот аспект на Сатурн и Меркур не ги зајакнува вашите позиции во општеството и состојбата на банкарската сметка, особено без помош на деловните партнери. Со поминувањето на Меркур во знакот на Овен, ќе добиете на квалитет и ќе ви пристигне помош. Бидете штедливи.

Љубов: Суетни сте и непријатни, па саканата личност полека го губи трпението со вас. Ја прогонувате и ја испитувате за секој чекор. Вашето незадоволство лежи длабоко во вас. Можно е тајно да сте вљубени во многу блиска личност. Сето тоа се конфронтира со вашите ставови и не ви дава мир. Таа личност е дупло помлада од вас или дупло постара. Наскоро ќе имате средба со неа и вашето неконтролирано држење ќе биде многу воочливо. Бакнежот на разделба може да предизвика плима на емоции. Личноста со која сте во врска нема ништо да забележи. Дури и ако сте слободни, ситуацијата не е весела. Додека чекате некој да се појави во вашиот живот, времето го трошите на интернет допишувања за да ја зајакнете самодовербата и да ја подобрите формата на заведување. Во текот на април усовршете ја тактиката на приоѓање и комуникација, а кога ќе ја сретнете вистинската личност, препуштете им се на емоциите и уживајте. Хемијата ќе биде видлива со голо око.

Здравје: Можни се главоболки поради временските промени и осцилации во температурата, па неретко употребувате кофеин, но ефектот е спротивен. Ве мачи несоница и поради кафето и поради болките во главата. Движете се повеќе, внимавајте на исхраната, пијте чаеви за детоксикација и ќе ви биде подобро.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:38

Скорпија
23.10-21.11


април 2016

Работа: Ова ќе биде добар месец за нови прилики на деловно поле. Ако сте на раководна позиција ова би можело да преставува потпишување на некој договор или почеток на нова соработка, работа на нов проект. Без разлика со која работа се занимавате, ова би можело да биде добар, мирен и стабилен месец, за вашата работа да биде забележана. Ако успеете да се наметнете, можни се унапредувања, бонуси или покачување. Искористете ги сите прилики, дури и оние за кои мислите дека не се многу интересни. Секоја шанса за промена е добредојдена, а и најмалите придвижувања и позитивни резултати наскоро може да прераснат во огромни. Истото важи и за студентите, сега можете да почнете да ги подготвувате потешките испити, оние од кои бегате подолго време. Добрите оценки ќе бидат гарантирани, секако со малку труд. Што се однесува до финансиите, во текот на овој период ситуацијата ќе биде стандардна. Избегнувајте подигнување на кредит, чекови или рати. До крајот на април намалете ги трошоците.

Љубов: Ако сте планирале оваа година да внесете промени во врската, да стапите во брак или планирате проширување на семејството, сега е вистинското време за тоа да разговарате со партнерот. Паровите кои сè уште не се во брак, а подолго време се заедно, би можеле да ја планираат иднината и да започнат живеат под ист покрив. Оние што се во брак може да планираат потомство. Времето е идеално за опуштање и уживање во љубовта. Немојте да дозволите семејните или деловните обврски да влијаат на вашата врска. Излегувајте колку што можете повеќе, долгите прошетки ќе ви годат. Слободните припадници на знакот може да го искористат овој период за да пронајдат партнер на јавни места, во кафулиња или клубови. Таму се најголеми шансите за отворена комуникација, разговори и запознавање. Поминувајте повеќе време со пријателите, постои шанса и тие да познаваат личност за каква мечтаете.

Здравје: Ако сте биле депресивни од почетокот на годината или сте постојано нерасположени, кон крајот од месецот обидете се да ја исчистите душата со најдобриот лек - прошетка во природа или покрај вода. Внимавајте да не ги повредите горните екстремитети.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:38

Стрелец
22.11-21.12


април 2016

Работа: Имате многу желби, но не и доволно волја да ги остварите. Ќе треба малку повеќе да запнете ако сакате вашата работа да биде ценета и подобро платена. Изгледа дека сте ја изгубиле мотивацијата. Потребна е промена на начинот на работа, повеќе креативност за да го „испразните мозокот“, а да ги „наполните мускулите“ па со полна пареа да тргнете кон остварување на своите цели. Мора добро да ги испланирате сите комбинации кон вашите цели и при тоа да ги држите сите конци во рацете за да напредувате со саканата брзина. Во текот на овој период ќе бидете многу ангажирани. Ако имате некои побарувања ќе мора да се потрудите повеќе од вообичаено за да се извлечете затоа што другата страна нема да ви помогне. Економистите и оние што имаат приватен бизнис ќе треба да бидат внимателни при вложување во нови работи.

Љубов: Ако сте во подолга врска или во брак, опуштете се и уживајте во љубовната идила. Во текот на овој период партнерот ќе се труди да ви угодува повеќе од вообичаено. Немојте да дозволите партнерот да остане без награда за таквото однесување. Потрудете се да му исполните некоја неостварена желба или фантазија за која подолго време мечтае. Оние што се во пократки врски би требало да го искористат слободното време за подобро запознавање и зближување. Разговарајте, делете си нежности и мали слатки тајни кои ќе ја подобрат вашата доверба. Слободните припадници на знакот се во исчекување на нови случувања. Постои голема шанса некоја личност која подолго време ја познавате, со која работите или заедно сте студирале во вас да разбуди љубовни чувства. Ќе бидете во искушение да го ризикувате вашето пријателство или познанство не знаејќи дали таа личност ги дели истите чувства. Послушајте го срцето и направете го првиот чекор. А ако бидете одбиени, свртете ја работата на шега. Така ќе ви биде полесно.

Здравје: Наместо само да зборувате за здравјето, внимавајте на исхраната и движете се повеќе. Добро би било менито да го збогатите со риба, зеленчук, овошје и јаткасти плодови. Слатките и печивата обидете се да ги изоставите. Можни се мали проблеми со мускулите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:39

Јарец
22.12-19.01


април 2016

Работа: Април е месец кој би можел да ви ја донесе долго очекуваната стабилизација на деловно поле. Заборавете на напнатоста и нервирањата поради тешките зборови или мисли кои сте ги имале во текот на претходните месеци. Искористете го овој месец да се одморите и да ги наполните батериите за нови деловни победи. Во текот на април не очекувајте никакви добивки на деловно поле. Ако сте имале проблеми во комуникацијата со деловните партнери, колегите или членовите на семејството, ви следи фаза на примирје. Периодот е поволен за решавање на проблеми на најдобар можен начин, со отворен разговор. Ако сте студенти или ученици, смирете се на почетокот на април и решете ги сите проблеми кои ве мачат во учењето со разговор и консултации со професорите. Финансиската ситуација е најдобра кон средината на месецот, почетокот и крајот се стандардни. Ако дојдат некои непланирани трошоци, потрудете се да ги покриете во текот на април или мај. Избегнувајте позајмување.

Љубов: Бурниот период на почетокот од месецот може да го искомплицира односот со партнерот, а тоа може да биде во врска со некоја трета личност или некое случување кое не е директно поврзано со вашето семејство. Некои тешки зборови кои партнерот би можел да ги изговори во врска со пријателите, семејството или некои важни случувања, може да прераснат во бурна расправија и големо несогласување, па дури и да го загрозат вашиот однос. Затоа, овој месец избегнувајте критики, а ако партнерот е тој кој критикува, смирете ги страстите и обидете се на мирен начин до крај да ја разјасните работата и да ја смирите ситуацијата. Најдобро ќе биде несогласувањата веднаш да ги решите, никако да не ги оставате нерешени и недоречени затоа што во иднина може скапо да ве чинат.

Здравје: Оние кои претходниот период имале лоша крвна слика итно ќе треба да направат уште една контрола и благовремено да реагираат ако имаат проблем. Држете се настрана од стресни ситуации и немојте да дозволите било какви животни проблеми да влијаат на вашето здравје.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:40

Водолија
20.01-18.02


април 2016

Работа: Дали понекогаш имате чувство дека никој не ве разбира што сакате да направите, што сте замислиле и како имате намера тоа да го спроведете? Ако некогаш тоа ви се случило, овој месец искористете го да поработите на себе и на подобрување на комуникацијата и вештините на изразување. Извлечете го последниот атом сила од себе и на едноставен, но разумен начин, објаснете сè што другите не можат да сфатат. Ова е дефинитивно добар месец за сите оние кои се занимаваат со било каква комуникативна работа. Ако работите во маркетинг служба или се занимавате со продажба, можете да се надевате на добри резултати. Кон средината или кон крајот од месецот можни се грешки во работата, но нема причина за паника. Сепак, ако се случи тоа, признајте дека сте згрешиле и дајте сè од себе да ја поправите грешката. Немојте вината да ја препишувате на други, тоа би можело скапо да ве чини. Што се однесува до финансиите, првата половина од месецот е подобра од втората, па затоа штедете се кога веќе знаете. Ако е за утеха, втората половина нема да биде многу стресна.

Љубов: Првата половина од месецот ќе биде побурна. Ако можете, убаво испразнете се во првите десет до петнаесет денови, потоа ќе бидете посмирени. Можно е да се појават некои несогласувања, некои нерасчистени работи од минатото да испливаат на површина, па ова е вистинско време да ги решите сите несогласувања со партнерот. Кога ќе го надминете ова, следи помирен период во кој ќе уживате. Ако сте во можност, на почетокот од пролетта испланирајте со партнерот заеднички одмор, погледнете ги понудите и резервирајте го вашиот одмор од соништата. Слободните претставници на знакот може да обрнат внимание на личности од своето опкружување родени во знакот на Овен, Бик или Водолија. Овој месец ќе бидете во прилика да се дружите со некој од овие знаци или барем да се наметнете. Искористете го својот шарм во играта на заведување и успехот нема да изостане.

Здравје: Борете се против стресот. Дефинитивно мора да сфатите дека со нервирање нема ништо да постигнете, само ќе си наштетите и нема да можете да се изборите со проблемите кои ги имате. Смирете се, кога сте нервозни излезете и издувајте се, ќе ви биде полесно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 01 2016, 11:40

Риби
19.02-20.03


април 2016

Работа: Во текот на април би требало да поведете сметка за вашата деловно финансиска сигурност. Проблемите кои сте ги имале на работа, првенствено недоразбирањата со колегите и претпоставените, како и лошите меѓучовечки односи сега почнуваат да се решаваат и да се стабилизираат. Можеби нема да бидат решени засекогаш, но ќе можете малку да здивнете, барем овој месец. Сите оние со кои сте во судир повеќе ќе се занимаваат со себе, па нема да ви пречат. Ако сакате да напредувате, да направите нешто големо што ќе ви донесе добри резултати, направете го тоа до средината на месецот, во тој период се добри аспектите во полето на финансии. Исто така тоа е добар период за склучување на договори, за учење, за разговор со деловните партнери. Потрудете се да не влегувате во непотребни трошоци, особено на почетокот на април. Сè на сè ова е добар период што се однесува до работата. Дајте сè од себе за да го искористите на најдобар можен начин.

Љубов: Во првата половина од април вашата љубовна врска ќе биде на тест. Ако го положите „испитот“ ќе успеете да го сочувате добриот однос со партнерот. Без разлика на тоа дали се работи за ситници или некоја крупна работа, пожелно е малку да ја „спуштите топката“ и да попуштите кога ќе видите дека среќата ви врти грб. Немојте да дозволите да дојде до расправии кои би можеле да прераснат во сериозни кавги со долгорочни последици. Сè што ќе вложите во вашата врска, сигурно ќе ви се врати во текот од наредните месеци, па затоа поминете преку горделивоста, истрпете ја тврдоглавоста на партнерот и надминете ја кризата. Осамените Риби се нетрпеливи да влезат во врска. Уште на почетокот од месецот ќе бидете во прилика да ги остварите своите желби. Можно е да запознаете некоја личност која на прв поглед и нема многу да ви се допадне, но потоа ќе биде поинаку. Последните десетина дена од април отворете ги ширум очите.

Здравје: Внимавајте да не заболите од стомачни вируси кои владеат во нашите краеви. Внимавајте на хигиената и на исхраната. Бидете физички активни, зајакнете го имунитетот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:08

Какво домашно милениче да чувате според хороскопскиот знак?

Овен: Вие сакате да вежбате, па така куче ќе биде одличен избор за вас. Но, размислете добро пред да земете куче бидејќи често пати сте во движење и ќе треба да направите поголеми отстапки во секојдневниот распоред. Исто така, за вас одговара и некој вид на птица.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:08

Бик:Секој вид на куче вам ви одговара, но оние посмирените кои поголем дел од времето сакаат да спијат се најдобар извор за вас. Вие преферирате почисти домашни миленичиња, така што зајаците не се избор за вас.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:08

Близнаци:Вие сакате да имате постојан пријател па куче кое ќе можете да го носите во раце е најдобар избор за вас. Многу Близнаци имат и по две миленичиња.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:08

Рак: Вие добро се снаоѓате со мали суштества склучувајќи хрчаци, мачиња, а исто така одличен избор за вас е златната риба.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:09

Лав: Вие сте знак кој ја сака својата независност, па тешко ќе се обврзете на чување на домашно милениче.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:09

Вага: Вие сте друштвени личности и преферирате куче пред мачка. Шетањето на вашето куче ќе биде ваша омилена активност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:09

Скорпија: Вие сте еден од ретките знаци кои можеле да сакаат пајаци, змија или гуштер како домашно милениче. Исто така обожавате мачки бидејќи тие претставуваат сензуалност и култност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:09

Стрелец: Вие не сте обожувач на домашни миленичиња бидејќи сакате да бидете слободни. Можеби би сакале милениче кое нема потреба од многу внимание. Едно од вашите омилени животни е коњот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:09

Јарец: Миленичињата најчесто го преметуваат вашиот секојдневен распоред. Преферирате големо куче кое би можеле да го чувате во дворот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 18 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 18 of 40 Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19 ... 29 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот