Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 34 of 40 Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Окт 17 2016, 13:25

ХОРОСКОП - Page 34 5otgm1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Окт 17 2016, 13:25

ХОРОСКОП - Page 34 2r2sqr6

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Окт 17 2016, 13:26

ХОРОСКОП - Page 34 3461dnm

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:07

ВИКЕНД ХОРОСКОП (22 – 23 ОКТОМВРИ, 2016)

Овен

Ве нервираат луѓето што постојано ви кажуваат дека секогаш може да сметате на нив, да се јавите кога ви е потребно и кога ќе ви требаат ќе немаат време за вас. Не нервирајте се поради нив, имате други пријатели на кои можете да им верувате. Притоа, сигурно ќе изгубите премногу енергија, а нема да постигнете ништо конкретно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:07

Бик

Вие повеќето од вашите идеи, мисли и планови не ги чувате во себе, веднаш ги споделувате со другите. Но една работа сѐ уште е длабоко запишана во вас, и преиспитајте се што треба да направите. Би било најдобро ако на блиска личност со која сте опкружени и се отворите за она кое ве мачи.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:08

Близнаци

Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:08

Рак

Овој викенд ќе посакувате спокојство и мир. Воопшто нема да чувствувате еуфорија поради празникот и ќе претпочитате да ја поминете саботната вечер во домашна атмосфера со саканиот покрај вас. Не сте во врска? Поканете неколку најблиски пријатели и направете си приватна забава, без многу бучава.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:09

Лав

Можеби е крајно време да ја прифатите реалноста и со поголем оптимизам да гледате кон нештата и кон иднината во целина. Избегнувајте ги судирите од каков било облик. Не дозволувајте одредени нешта да ви избегаат, за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:09

Девица

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта. Ако ви треба помош од партнерот или семејството, не се плашете да ги прашате.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:09

Вага

Минатите недели се обидувавте толку многу за некои работи, но на крај ништо не испадна како што сакавте. Во текот на оваа недела ќе дојдете до некои дополнителни информации за кои ќе бидете среќни. Мора да прифатите дека некои нешта не може да се контролираат или да влијаете врз нив, но тоа не значи дека тие се лоши за вас.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:09

Скорпија

Во период сте на промени и сега е време своите потреби и ставови да ги ставите на прво место. Често им помагате на другите што се пред вас, но постои граница, која понекогаш е потребна да ја поставите. Ова не значи дека сите околу треба да ги игнорирате и натаму им е потребна помош, но откако ќе ја завршите својата работа во текот на неделата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:09

Стрелец

Пријателите нема да успеваат потполно да ве разбираат и тоа ќе ве нервира. Можни се расправии со најблиските пријатели. Во наредниот период ќе остварувате контакти со стари пријатели кои одненадеж ќе се вратат во вашиот живот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:10

Јарец

Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги вратите назад. Ви треба само малку волја и желба, а денешниот ден е идеален за оживување на спомените и организација на дружбите какви што беа некогаш.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:10

Водолија

Викендов би можеле да ве вознемират некои спомени од минатото, или средба со личност која не сте ја виделе многу долго. Бидејќи во вас ќе се појават силни чувства, бидете внимателни да не ве обземат и да го заборавите моменталното окружување.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пет Окт 21 2016, 23:10

Риби

Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:42

Африкански хороскоп кој важи за еден од најточните: Кој знак сте вие?

Африканската цивилизација е првата која во историјата се интересирала за ѕвездите, што го прави африканскиот хороскоп најстар и најверојатно најточен.

Пронајдете на кој знак припаѓате и уверете се сами колку е прецизен.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:42

Татко (4 јануари – 3 февруари)

Среќен ден: четврток

Успешни месеци: јануари и мај

Елемент: воздух

Дрво: баобаб

Боја: зелена

Знакот Татко е поврзан со Сонцето и светлината. Припадниците на овој знак се стабилни и чесни личности кои живеат во реалноста. Многу се внимателни и уживаат голема доверба од другите и затоа често им се обраќаат за совет.

Имаат чувство за добри бизнис зделки, но притоа често ја забораваат хуманоста. Среќни се, но повеќе се потпираат на нивната издржливост, отколку на нивната среќа. Работат многу напорно. Веруваат во себе и во своите одлуки.

Љубов: Родените во овој знак бараат стабилна врска која постепено расте и се продлабочува. Сакаат сè да прават заедно со својот партнер - од заедничко живеење до заеднички патувања.

Припадниците на овој знак се најчесто јадрото на врската. Му помагаат и го поддржуваат партнерот. Имаат многу пријатели и сите нив подеднакво ги ценат.

Работа: Имаат потреба од висок социјален и професионален статус. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Треба повеќе да се изразуваат, да водат проекти или тимови. Важно е што луѓето лесно ги препознаваат нивните способности и квалитети.

Здравје: Луѓето родени во овој знак треба да вежбаат за да се ослободат од стресот. Најмногу им одговараат спортовите како тенис и пливање. Корисни им се и вежбите кои вклучуваат длабоко дишење, како што се јогата и пилатесот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:43

Мајка (4 февруари – 5 март)

Среќен ден: среда

Успешни месеци: февруари и јуни

Елемент: воздух

Дрво: кокос

Боја: сива и сина

Знакот Мајка е поврзан со Месечината, со илузијата на ноќта, што им овозможува на неговите припадници да ја истражуваат својата потсвест. Тие се личности кои смируваат со својот убав, но истовремено и силен изглед.

Даваат многу, забавни се и затоа другите им се восхитуваат на нивната човечност и способноста да слушаат. Но, овие луѓе најчесто не се разбрани од другите, затоа што не е лесно да им се пријде.

Припадниците на овој знак повеќе сакаат да ги слушаат другите, отколку да зборуваат за себе.

Љубов: Во љубовта често се предомислуваат и не се секогаш верни. Тие се духовни и индивидуални личности кои бараат партнерот да ги смета за малку понеобични од сите други. Сакаат долги разговори, еротски средби и сè што може да ја направи врската поинтересна.

Не се заинтересирани да бидат само со една личност, но постои можност да го најдат вистинскиот партнер и да останат покрај него, сè додека тој им дава простор и не ги задушува во врската.

Работа: Постојано се зафатени и затоа понекогаш треба да застанат малку и да размислат за работите што ги опкружуваат. Потребно им е слободно време, за да може подобро да функционираат.

Може да ја сменат работата неколку пати. Можно е дури и да се ориентираат кон друга кариера. Опкружени се со луѓе кои секогаш им даваат добронамерни совети.

Здравје: Родените во овој знак треба да јадат здрава и лесна храна и да му се спротивстават на искушението на слатките. Потребно е да внимаваат на коските и белите дробови.

Иако не се големи обожаватели на спортот, добро е понекогаш да излезат на свеж воздух.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:43

Семејство (6 март – 4 април)

Среќен ден: вторник

Успешни месеци: март и јули

Елемент: земја

Дрво: палма

Боја: рубин-црвена

Знакот Семејство е поврзан со симболот на круг со точка во средината, што означува заедница и солидарност меѓу луѓето што се крвно поврзани, или едноставно, означува блиски пријатели.

Родените во овој знак се топли и внимателни луѓе кои понекогаш се забораваат себеси затоа што повеќе се загрижени како да ги задоволат другите. Често се дел од добротворни и хуманитарни акции што им помага на припадниците на овој знак да избегаат од секојдневието.

Љубов: Пријателите, семејството и децата се најважни за родените во овој знак. За да бидат среќни, треба да се опкружени со оние кои ги сакаат. Партнерот треба да го прифати нивниот начин на живеење.

Знаат како да шармираат и да заведат некого, но најчесто успеваат кога не се ни обидуваат да го направат тоа. Овие луѓе никогаш не се здодевни затоа што за нив постојано има нешто ново да се открива.

Работа: Најмногу им одговара да работат во образованието. Сакаат да го споделуваат знаењето со другите. Чувствителни се и знаат да ги слушаат другите. Она што ќе го слушнат од другите, знаат да го преобразат во некој вид уметност. Богатството од емоции им помага да го развијат нивниот потенцијал за креативност.

Здравје: Сакаат јога, таи чи и боречки вештини. Себеси си обезбедуваат добар тренинг и ја следат виталната енергија. Треба да се опуштат и да се грижат за себе, дозволувајќи си масажи со етерични масла или да поминуваат повеќе време во тишина.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:43

Син (5 април – 4 мај)

Среќен ден: сабота

Успешни месеци: април и август

Елемент: земја

Дрво: багрем

Боја: зелена

Знакот Син е поврзан со вертикална стрела што го означува барањето на сопствениот пат. Тоа може да е патот што го покажува припадник на знакот Татко. Родените во знакот Син се луѓе на кои другите може секогаш да сметаат.

Тие се верни и ги одржуваат ветувањата. Секогаш се околу тие што ги сакаат. Организирани и енергични, целосно им се посветуваат на работите, понекогаш и на сметка на сопственото здравје. Треба повеќе да се опкружени со мудри и смирени луѓе и да ги слушаат нивните совети.

Луѓето ги сакаат и сакаат да бидат во нивно друштво, но родените во овој знак ќе мора да научат како да кажат „не“ на другите, за да не се чувствуваат исцрпени без некоја посебна причина.

Љубов: Припадниците на овој знак бараат вистинска љубов. Сакаат силни, страсни врски и партнер за кој ќе чувствуваат дека е љубовта на нивниот живот. Но, понекогаш токму овие барања можат да бидат причина за разделба.

Луѓето често мислат дека родените во овој знак се пребирливи. Тие го привлекуваат партнерот со нивното чувство за посветеност и фантазија. Либерални се и за љубовта се спремни да направат сè. Една од најважните работи за нив се врските.

Работа: Постојано се во потрага по предизвици. Ги сакаат песната, музиката и убавиот збор. Често ги менуваат работните места и не се чувствуваат најдобро во однос на нивните надредени. Најсреќни се кога ќе се здружат со колега за да работат заедно на проект, на кој ќе му бидат целосно посветени.

Здравје: Сакаат секаков вид спортување: велосипедизам, пешачење, планинарење, па дури и активни патувања. Иако се доста активни, не треба да го занемаруваат потребниот сон. Барем еднаш во годината треба да го искористат одморот, така што нема да прават апсолутно ништо.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:44

Ќерка (5 мај – 4 јуни)

Среќен ден: недела

Успешни месеци: мај и септември

Елемент: оган

Дрво: гуава

Боја: кафеава

Знакот Ќерка се поврзува со симболот на ѕвездата со пет крака. Тие се дарежливи и оптимисти, но секогаш се грижат за непотребни работи. Тоа не води никаде и понекогаш им го уништува животот.

Потребно е да ја гледаат светлата страна на работите и да научат да им веруваат на другите. Нивната најголема предност е нивниот светол, весел дух. Животната радост и грижливиот инстинкт ги заштитуваат и им обезбедуваат многу добри пријатели.

Љубов: Ги сакаат силната страст и љубовните изјави. Тоа за нив е сè или ништо; еден момент си заминуваат, а веќе следниот момент се назад во прегратките на партнерот. Имаат идеал за тоа каква треба да биде љубовта и така кршат многу срца, иако по природа не се такви.

Неодоливи се затоа што секогаш го слушаат сопственото срце. Потребна е силна страст, нови големи возбудувања и мотивација за да ја одржите врската со партнерот роден во овој знак.

Работа: На работа, пријателите се тие што им даваат идеи и им помагаат на родените во овој знак. Креативни се и ентузијастички настроени, но им недостасува издржливост. Најдобро се снаоѓаат во графиката, комуникацијата и односите со јавноста. Нивниот талент доаѓа до израз кога работат под притисок.

Здравје: Најмногу им одговараат тимските спортови. Треба да внимаваат на истегнувања на мускулите и на циркулацијата. Рибата и морската храна се добри за нивната кожа и нерви.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:44

Чичко (5 јуни – 4 јули)

Среќен ден: понеделник

Успешни месеци: јуни и октомври

Елемент: вода

Дрво: тропски кактус

Боја: жолта

Знакот Чичко се поврзува со симболот на квадратот кој во центарот има камен насочен нагоре. Овој знак ги симболизира силата и авторитетот кои најдобро функционираат кога и другите ќе ги признаат овие нивни карактеристики.

За жал, убедувањето на родените во овој знак не им е јака страна. Нивниот авторитет понекогаш е толку голем, што другите за нив мислат дека се напорни. Нивните најдобри особини се тоа што имаат смисла за хумор и често знаат да се пошегуваат на сопствена сметка.

Припадниците на овој знак се родени лидери. Потребно е да бидат потолерантни и да сфатат дека другите не размислуваат и не дејствуваат исто како нив.

Љубов: Во љубовта имаат постојани подеми и падови. Знаат да бидат некомпромисни и затоа тешко го наоѓаат вистинскиот партнер. Но, кога ќе одлучат да започнат врска, тоа обично е на долг временски период.

Постојано се опкружени со луѓе кои им се восхитуваат. Најважно е да не се обидуваат да го сменат партнерот, туку да го прифатат таков каков што е.

Работа: Кога станува збор за работните обврски, припадниците на овој знак се чувствуваат одговорни за сите и за сè што се случува, па затоа и често се караат со колегите.

Треба да научат да бидат посебични и посамостојни во работењето. Енергијата треба да ја насочат кон личните предизвици и кариерата, наместо да се обидуваат да ги импресионираат другите.

Здравје: Енергијата е нешто кое никогаш не им недостасува на родените во овој знак. Затоа треба да се занимаваат со спортови кои ќе им помогнат да го потрошат вишокот енергија, како што се трчањето, возењето ролери, сурфањето и тенисот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:45

Вештерка (5 јули – 4 август)

Среќен ден: вторник

Успешни месеци: јули и ноември

Елемент: оган

Дрво: африкански кедар

Боја: портокалова

Знакот Вештерка не означува ништо страшно, ниту опасно. Овој знак всушност се поврзува со рамностран триаголник, што ги симболизира авторитетот и восхитот. Припадниците на овој знак се ведри и определени личности.

Добро се познаваат себеси, сопствената сила и граници. Дарежливи се, но и нетрпеливи. Не го трошат времето жалејќи за минатото. Имаат многу силна интуиција.

Работите ги предвидуваат пред да се случат и многу лесно можат да ги прочитаат другите луѓе. Нивната мистериозност ги фасцинира другите.

Љубов: Сакаат да го привлекуваат туѓото внимание и тоа го прават сосема природно, без нималку напор. Често ги менуваат пријателите. Со партнерот развиваат силна и интензивна врска, базирана на необично партнерство и физичка интимност.

Склони се кон љубов на прв поглед. Често знаат да го напуштат партнерот заради некој друг, за потоа повторно да ѝ се вратат на претходната личност.

Работа: Амбициозни и интуитивни, родените во овој знак успешно се снаоѓаат во секоја работа. Среќни се кога работат во помали компании, на проекти што ги мотивираат. Се стремат кон разбирање со шефот и затоа повеќе им одговара индивидуална работа.

Здравје: Иако припадниците на овој знак се едноставни и прекрасни, сепак треба да вежбаат за да останат во форма, па дури и тоа да е обично пешачење. Од спортовите најмногу им одговара пливањето.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:45

Лав (5 август – 3 септември)

Среќен ден: среда

Успешни месеци: август и декември

Елемент: земја

Дрво: кола

Боја: црна

Знакот Лав, како што кажува неговото име, се поврзува со млад, енергичен лав што означува среќна личност која го сака животот. Сите останати знаци сакаат да го имаат нивниот позитивен начин на размислување и способноста да го заборават она што ги повредило.

Родените во овој знак се живи, нестабилни, сонуваат со отворени очи и не секогаш другите можат да им угодат. Имаат вродено шесто сетило и силно развиен инстинкт.

Не ја сакаат рутината и често го менуваат работното место, домот или партнерот. Ја извршуваат секоја задача, но штом постигнат нешто, тоа брзо им здосадува и бараат нов предизвик.

Љубов: Нивниот љубовен живот е полн со промени. Ненадејни далечни патувања, изјави на вистинска љубов и жестоки расправии се дел од нивните врски. Но и покрај тоа, припадниците на овој знак гледаат објективно на нивниот однос со партнерот.

Кај нив, кога е љубовта во прашање, нивниот разум го победува срцето и така успешно ги надминуваат сите пресврти.

Работа: Овие луѓе брзо се заморуваат од работата. Често го менуваат работното место. Треба повеќе да ѝ веруваат на сопствената интуиција. Родените во овој знак не се плашат да преземаат ризици. Најмногу им одговара професија која ќе ја поттикне нивната креативност.

Здравје: Сакаат секаков вид физичка активност, па дури и едноставно спортување на плажа. Но, често не ги прават вежбите правилно. Потребно е да знаат како да го добијат најдоброто од секоја вежба.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:45

Антилопа (4 септември – 3 октомври)

Среќен ден: четврток

Успешни месеци: септември и јануари

Елемент: воздух

Дрво: савана-грмушка

Боја: бледа розова

Знакот Антилопа се поврзува со извонредна мешавина од стабилност и дебаланс. Тоа е двоен знак со две посебни страни; страв и надеж, поаѓање и враќање. Антилопите се наоѓаат во два различни света.

Едниот е широката савана каде што се слободни, а другиот свет се грмушките каде што тие се кријат. Родените во овој знак се страсни, сакани од сите други, имаат точни барања и донесуваат цврсти одлуки.

Сè што ќе посакаат, го сакаат веднаш. Треба да научат како да размислуваат посмирено и да ги прифатат другите.

Љубов: Повеќе сакаат да имаат неколку навистина блиски пријатели, отколку многу познаници. Истото важи и за нивните партнери. Сакаат силни и интензивни врски. Потребно им е многу време за да ја најдат личноста за која сонуваат, која ќе ги разбере, ќе ги прифати и ќе им ја даде потребната слобода.

Партнерот треба да ја почитува нивната мистериозна страна. Пријателите, родителите и семејството им се многу важни, затоа што ги потсетуваат на нивното потекло.

Работа: Често се случува да работат под притисок и да бидат ограничени во работењето. Креативната работа или хоби го разубавува нивното секојдневие. Најдобро се снаоѓаат со финансии и работа на берзата.

Здравје: Припадниците на овој знак страдаат наизменично од тежок замор и премногу енергија. Потребно е повеќе да спијат и да имаат соодветен појадок за да бидат постојано снабдени со енергија и да немаат променливо расположение.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 34 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 34 of 40 Previous  1 ... 18 ... 33, 34, 35 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот