Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 35 of 40 Previous  1 ... 19 ... 34, 35, 36 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:45

Мудрец (4 октомври – 3 ноември)

Среќен ден: петок

Успешни месеци: октомври и февруари

Елемент: вода

Дрво: ариш

Боја: бела

Знакот Мудрец го симболизира слонот и ја означува мудроста на предците во Африка. Тие се топли и внимателни луѓе. Емотивни се, но сепак размислуваат пред да дејствуваат.

Родените во овој знак се совршена слика за комплексноста и дволичноста. Еден ден се идеални поети, а другиот ден – манипулативни генијалци. Нивното расположение се менува, како што се менува времето.

Самите себе најдобро си се разбираат. Нивната најголема предност е тоа што лесно се приспособуваат. Тие инстинктивно знаат дали другите имаат позитивно влијание врз нив.

Љубов: Тие се среќни само кога се заљубени. Така се чувствуваат ценети. Иако се зафатени со различни нешта, не треба да забораваат дека сепак некој ги чека дома. Понекогаш не се верни ниту на самите себе. Нежни се и романтични и ги сакаат патувањата.

Работа: Овие личности ја имаат сета креативност, имагинација, интуиција, писателски и сликарски вештини кои им се потребни за да ја изразат нивната убавина. Во тоа е нивната сила, освен ако не најдат работа која ја поттикнува нивната креативност на друг начин, како што е работењето со деца.

Здравје: Имаат неограничена енергија и затоа секогаш трчаат, се качуваат или скокаат наоколу. Тоа е добро за нивното здравје, но треба повеќе да го слушаат сопствениот организам. Потребно е повеќе да спијат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:46

Тетка (4 ноември – 3 декември)

Среќен ден: сабота

Успешни месеци: ноември и март

Елемент: оган

Дрво: еукалиптус

Боја: беж

Знакот Тетка е поврзан со дрвено стапче што го означува природниот авторитет во Африка. Родените во овој знак се дарежливи, простодушни и посветени. Шират позитивна, смирувачка енергија и така ги привлекуваат другите.

Среќни и интуитивни, овие луѓе постојано се подобруваат како материјално така и духовно. Го гледаат доброто кај другите и затоа лесно се поврзуваат со нив. Не треба да бидат толку наивни. Уживаат во животот, знаат што е добро за нив и обожаваат да ги разгалуваат тие што ги сакаат.

Љубов: Често самите се прашуваат каква врска посакуваат, стабилна љубов или страсни искри? Не можејќи да одлучат, најчесто балансираат помеѓу двете опции, но само ако се сигурни дека нема никого да повредат, затоа што припадниците на овој знак се одговорни луѓе.

Потребен им е секс и многу љубов и внимание за да бидат целосно среќни.

Работа: Не се сигурни каква работа бараат и постојано се во чекор со настаните. Луѓето што ги запознаваат им помагаат да успеат во кариерата. Нивната можност за брзо и лесно приспособување им помага да се адаптираат на секоја непредвидена ситуација. Само така можат да напредуваат.

Здравје: Припадниците на овој знак главно имаат одлична здравствена состојба. Треба често да ги менуваат спортските активности за да не им здодеат брзо. Најмногу им одговараат сезонски спортови на отворено.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 13:46

Изобилство (4 декември – 3 јануари)

Среќен ден: вторник

Успешни месеци: декември и април

Елемент: вода

Дрво: гинко билоба

Боја: златна

Знакот Изобилство се поврзува со водопадот што означува голема способност, богатство и изобилство во секој сегмент од животот. Родените во овој знак се среќни и лесно минуваат низ животот, но не мислат за другите.

Сакани се од другите, но треба да ја заслужат нивната љубов, посветувајќи им повеќе време. Чувствуваат како да има премногу луѓе во нивниот круг и не секогаш тие се вистинските.

Треба да одберат со кого ќе се дружат. Повеќе треба да ѝ веруваат на сопствената интуиција.

Љубов: Не можат да одлучат што точно бараат во љубовта. Ако се решат за еден партнер, тогаш тоа мора да биде според нивните услови. Не смеат да заглават во рутината или да бидат на некој начин ограничени.

Сакаат луксуз и неочекувани изненадувања. Партнерот ќе мора да се бори за да ги задржи.

Работа: Во работата секогаш може да сметаат на нивната среќа. Треба да ги подобрат сопствените вештини и да се здобијат со поголемо искуство. Не треба да ги мешаат љубовта и работата.

Сè што треба да направат е да си ја вршат својата работа, а не да ги прават другите среќни.

Здравје: Потребни им се почести одмори за да можат да продолжат со работата. Најдобро се снаоѓаат во индивидуалните спортови кои им помагаат да се сконцентрираат, како што се голф или јавање коњи. Мора повеќе да се грижат за себе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:24

ХОРОСКОП - Page 35 21j2ds3

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:25

ХОРОСКОП - Page 35 6pyul1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:26

ХОРОСКОП - Page 35 2s0he7t

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:27

ХОРОСКОП - Page 35 259ewav

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:28

ХОРОСКОП - Page 35 29qd0s9

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:29

ХОРОСКОП - Page 35 21ouck7

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:30

ХОРОСКОП - Page 35 Mrwah5

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:30

ХОРОСКОП - Page 35 24gm8ph

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:31

ХОРОСКОП - Page 35 1zyzh92

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:32

ХОРОСКОП - Page 35 311kizd

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:33

ХОРОСКОП - Page 35 20uofew

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:34

ХОРОСКОП - Page 35 Flfxpc

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Вто Окт 25 2016, 11:35

ХОРОСКОП - Page 35 Apjyw1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Окт 30 2016, 22:22

Кога вие се прашувате, различноста е најубавиот зачин на животот. И овој месец ќе бидете такви – ќе бидете отворени кон нови нешта, но нема да бидете во можност да продрете во нив.
Овој месец, изберете нешто што ви значи и посветете се на тоа. без оглед на тоа дали станува збор за физичка активност, реновирање во домот или нова серија, овој месец ќе биде особено важно да се фокусирате на нешто што ќе ви го одвлече вниманието од нештата кои ви тежат на умот.

Бик

Се чувствувате малку заглавени? Соберете малку храброст и направете ги промените кои цела година ги планиравте. Бидете непредвидливи и спонтани и не заборавајте дека еднаш се живее. Соберете енергија, заборавете на лошите нешта и подгответе се за лудиот декември.

Близнаци

Како што завршува годината, добро ќе биде да размислите за нештата кои ја одбележаа вашата година. Размислете за вашите чувства и за тоа колку шанса им давате на луѓето околу вас. Изберете и место каде ќе можете да уживате на викенд или кратко патување за да ги наполните батериите по долгите и истоштувачки анализи, кои не се карактеристични за вашиот знак.

Рак

Знаете кога велат „влезете во туѓите чевли“. Тоа е реченицата која треба да го одбележи ноември за вас. Излезете малку од себе и од самосожалувањето кое постојано го правите и обидете се да ги сфатите другите како се чувствуваат. Обидете се да сфатите дека понекогаш на луѓето им ја отежнувате комуникацијата со вас, и сфатете за нив е многу тешко да ве сфатат, но секогаш ќе бидат околу вас.  Чувајте ги таквите луѓе до себе.

Лав

Тие што вистински ве познаваат, знаат дека не сте само плитка личност која ужива во социјалните дружења и славата каде и да се појави. Овој месец потребно е да се одморите и да размислите малку подлабоко за вашите пријателства, но и да направите филтер на луѓето кои само ви ја трошат енергијата. Не  е тешко да ги препознаете вистинските пријатели од токсичните луѓе – потребно е само да размислите и да се навратите назад на неколку ситуации.

Девица

Иако ретко сакате да сте центар на внимание, ова е месец кој го носи токму тоа. Ќе морате да ги покажете своите лидерски способности и да бидете храбри. Бидете отворени и директни , како на работа, така и во односите со вашите блиски и ќе постигнете токму тоа што сакате.

Вага

Како и за Девиците, ова за вас е месец да се трнете од вашата комфорна зона каде уживате во балансот и хармонијата. Потребно е нештата кои ви значат да ги придвижите кон нови територии, а за тоа ќе морате да влезете во неколку конфликти. Експериментирајте со нови нешта и направете работи кои досега не сте ги направиле. Бидете храбри и ќе имате совршен крај на 2016.



     

Шкорпија

Ноември е месец во кој ќе блеснете. Можеби треба да ја замените својата фризура, да прејдете на ново работно место или пак да излезете од врската која ве заморува и прави несреќни. Што и да направите, ќе биде успех за вас.

Стрелец

Стрелците имаат навика да ги планираат нештата однапред. Вие сте мислител, сонувач и љубител на ризици. Бидете такви и во ноември. Уживајте во сите можности кои ви се нудат, заведувајте ги оние кои ви се допаѓаат и танцувајте како да нема утре. Завршете ја 2016 како што само вие знаете.

Јарец

Постои време кога треба да сме сериозни, а и време кога треба да се забавуваме. Дозволете си мала пауза од сериозноста овој ноември и уживајте во поедноставни активности. Во овој месец ви е дозволено да се однесувате малку незрело. Опуштете се, бидејќи тоа ви е потребно по лошиот и комплициран период кој го имавте на професионално и лично ниво.

Водолија

Вашиот мозок е постојано активен. Но, потребна ви е мала пауза за да се смирите. Изберете физичка активност која ќе ви помогне да ја исфрлите негативната енергија и излегувајте почесто со вашите пријатели. Уживајте во моментите и посветете се на долги и интересни разговори со оние кои ви се блиски.

Риби

Овој месец ќе размислувате за врската во која сте и ќе правите постојана анализа на поврзаноста со вашата сакана личност и емотивното приврзување. Иако можеби тоа ќе ви изгледа страшно и непријатно, тоа исто така ќе биде и многу корисно за вас. За оние кои не се во врска, дозволено е малку повеќе уживање во слободното време и ослободување од сите темни мисли кои се јавија на почетокот на есента.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Ное 13 2016, 21:44

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (14 – 20 НОЕМВРИ)

Овен
Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но Марс се уште се наоѓа во вашето поле на парите, па се уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите грешки.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Ное 13 2016, 21:44

Бик
Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот. Добивањето на убав подарок или пак истата личност ќе ви овозможи надминување на финансиски проблеми, доколку имате такви. Добивањето на вработување, значително би ви ја подобрило финансиската состојба. Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате непријатно, имате чувство дека ова е крајот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Ное 13 2016, 21:44

Близнаци
Комплетно сте насочени кон пронаоѓање на што повеќе начини на заработка. Ќе доживеете враќање на нешто кое во еден период многу ви значело. Но ќе треба добро да размислите, затоа што многу околности се имаат променето и можеби ќе направите погрешен избор. Како ќе размислувате за љубовта, партнерот, такви ќе ви бидат и случките. Значи, сé зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себе си кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Ное 13 2016, 21:45

Рак
Присутни се некои потешкотии кои сепак ве раздвижуваат и ви носат голема упорност и решителност. Добро испланираните акции ви ги отвораат вратите на успехот, само не повторувајте ги старите грешки. Дури и она што ви се нуди, а истото и сте го посакувале во некои минати времиња, во овој период не е пожелно за вас. Потребно е многу труд и повеќе работа, доколку сакате да си ги подобрите односите со партнерот и да дојде до одредено помирување.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Ное 13 2016, 21:45

Лав
Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Ное 13 2016, 21:45

Девица
Премногу се грижите за својата финансиска иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку по овие прашања и ќе имате поддршка од Венера која се наоѓа во вашето соѕвездие. Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасно сте при комуникацијата и истото го очекувате и од другите околу вас. Вашиот брак или врска се во одличен период штом сите тешкотии можат да се преминат преку договор и разговор.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Ное 13 2016, 21:45

Вага
Цела среќа што остварувањата, исто како и грижите доаѓаат преку деловната кариера, па затоа треба да ги елиминирате внатрешните стравови кои веќе некое време ве опседнуваат. Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Нед Ное 13 2016, 21:46

Скорпија
Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Преку здржување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој кој што носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, добрите вести се на пат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 35 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 35 of 40 Previous  1 ... 19 ... 34, 35, 36 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот