Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Страна 14 of 28 Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15 ... 21 ... 28  Next

Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 21, 2016 11:31 am

Финска започна интересен експеримент.

Експеримент - 2.000 Финци ќе добиваат плата за ништо

Станува збор за експерименталното воведување на т.н. основен универзален доход, познат под англиска кратенка УБИ (universal basic incоme).

За 2.000 Финци, државата следната година подготвува „реализација на утопија“: ќе има дава пари секој месец без никакви обврски, па дури не мора ниту да бараат работа.

Станува збор за експерименталното воведување на т.н. основен универзален доход, познат под англиска кратенка УБИ (universal basic incоme). За некои основниот доход е стапица што ќе им овозможи на работодавците да ги отпуштаат вработените со мирна совест, а според други, тој ќе ја зголеми потрошувачката и ќе ја искорени сиромаштијата.

http://plusinfo.mk/vest/86728/eksperiment--2000-finci-kje-dobivaat-plata-za-nishto

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 21, 2016 5:39 pm

Pristigaat ushte dokazi za kriminalnite izbori i rasprodazhbata na suverenitetot na drzhavata od Grujokio...

Нова ТВсептември 21, 2016-2:14 pm
Притисоците на Груевски и Милошоски објавени на Викиликс

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Maxresdefault-5-777x437

Викиликс вчера и денес објави два документи кои откриваат нови детали од 2007 и 2008 година за време на договорот за коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и насилството на изборите во 2008 година.

Предизборниот договор меѓу Никола Груевски и Али Ахмети во 2008-ма година е познат како „Мајски договор”. Тогашниот премиер Груевски долго време избегнуваше да го земе ДУИ како партнер во коалицијата и покрај изборната победа на партијата на Али Ахмети во 2006 година и беше во коалиција со ДПА.

Според документите објавени на Викиликс, Груевски побарал од Ахмети да му помогне да остане премиер а за возврат ќе предложи закон со кој борците на ОНА би добивале социјални пакети, како и закон за употреба на албанскиот како официјален јазик. Но Груевски барал овој договор да не биде јавно објавен.

Документот што го објавува Викиликс е допис на тогашниот амбасадор на САД во Македонија кој пишува:

„Амбасадорот на САД го потсети Груевски на двете отворени прашања од Договорот од 29. мај помеѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската ДУИ – социјални пакети за жртвите од војната во 2001, и завршување на нацрт-законот за јазикот. Груевски одговори дека неговата Влада е подготвена да даде пари и работни места на лицата кои ДУИ веќе ги предложил. Предупредувајќи на триумфализмот на ДИУ, особено во контекст на контра-притисокот на новоформираната организација на македонски воени ветерани од 2001 и коалицискиот партнер ДПА, тој посочи дека македонската Влада јавно ќе негира било каква улога во таков договор. Груевски беше песимист во поглед на Законот за јазикот, и повтори дека не ветил дека ќе го заврши нацрт-законот во рамки на Договорот од 29. мај. Тој изрази незадоволство од одбивањето на опозициската СДСМ да учествува во процесот, велејќи дека ако СДСМ учествуваше, во Собранието веќе ќе постоеше прифатлив нацрт-закон“.

Денешната објава на Викиликс се однесува на притисокот кој тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски го вршел врз ОДИХР (телото на ОБСЕ кое ги надгледува изборите) преку американската амбасадорка во Скопје Џилијан Миловановиќ.

Милошоски барал од Миловановиќ да влијае врз извештајот на ОДИХР во однос на изборите и сугерирал извештајот да го прифати позитивниот став на неговата партија.

Во документот пишува:

“По предвремените парламентарни избори на 1 јуни, проследени со насилство и измами, Антонио Милошоски (во тој период министер за надворешни работи н.з.) се обратил до Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ, со барање да влијае на извештајот на ОДИХР во однос на изборите кој требало да биде објавен подоцна во текот на истиот ден.

Конкретно, побарал од амбасадорката да влијае извештајот да го прифати позитивниот став на неговата партија според кој проблеми имало во само 1-2% од избирачките места кои се наоѓаат во еден дел од земјата и дека изборите биле главно слободни и фер.

Милошоски сугерирал дека истакнување на проблеми (измама, закани и насилство) во Северозападна Македонија ќе разгори меѓуетничките конфликти, тврдејќи дека позитивниот тон е најдобар за внатрешната стабилност.

Додал и дека со истото барање морал да се обрати до шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР, амбасадорот Роберт Бери.

Непријатно изненадена од отворената молба, амбасадорката го информирала дека нема влијание врз независните извештаи на ОДИХР, и дека дури и кога би можела, не би упатила такви барања. Додала и дека нејзините лични забелешки, како и оние на 26-те тимови за мониторинг на Амбасадата забележале сериозни проблеми во многу повеќе од 1 до 2% од избирачките места.

Непријатно изненадена од отворената молба, амбасадорката го информирала дека нема влијание врз независните извештаи на ОДИХР, и дека дури и кога би можела, не би упатила такви барања.

Ова е прв пат Владата на Република Македонија да прави обид да влијае на извештајот на ОДИХР, коментира амбасадорката.

Амбасадорката понатаму го советувала Министерот за надворешни работи да не сугерира дека нерегуларностите  главно во етнички албанските области, не ја одразуваат сликата за Македонија како целина. Додала дека Македонија е една земја, а Владата,преку бегање од одговорноста за спроведување на законите и гаранцијата на еднакви права на целата територија, придонесува за идејата за сепаратизам.

Таа му рекла на министерот дека за изборите да не пропаднат потребно е прегласување не само во околу 60 избирачките места затворени поради насилство или други сериозни нерегуларности, но и во сите останати избирачки места за кои постојат веродостојни извештаи за нерегуларности.

Специјалниот претставник на ЕУ подоцна нé информираше дека на 2 јуни дека Милошоски му се обратил со истото барање и дека тој бил подеднакво јасен во одбивањето да влијае на извештајот на ОДИХР”, објавува Викиликс допис на амбасадата на САД.

Во истиот документ стои и коментар на Миловановиќ која вели дека барањето на Милошоски, и покрај победата, укажува на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е загрижена дека нивниот мандат може да биде ослабен како резултат на критики во однос на спроведување на изборите. Ова е прв пат Владата на Република Македонија да прави обид да влијае на извештајот на ОДИХР, коментира амбасадорката.

http://novatv.mk/pritisotsite-na-gruevski-i-miloshoski-objaveni-na-vikiliks/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Сеп 26, 2016 6:04 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Сеп 26, 2016 6:12 pm

Ова погоре е доказ за мизеријата на властодршците од дпмне-бандитска. Еве што изјавува еден од најизгледните кандидати за Идризово Диме Спасов. Лаже штом зине.

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 B6vvbk

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Сеп 26, 2016 6:28 pm

So e3 mizerija be, toa sto VMRO gi kaci platite? A u Idrizovo Zajko vas ke odi, Dime Spasov pak minister ke si ostane.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пон Сеп 26, 2016 6:31 pm

Без глупости молам. Од видеото јасно се гледа колкави се платите во текстилната индустрија. Инаку, во Идризово министри нема, само бивши и министри и премиери, како што ќе бидат Грујошеску и Диме.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Вто Сеп 27, 2016 1:14 pm

Samo vie smejt6e se komunjari tie sudii posle 11 dekemvri ke vi go ispratat zajakot na robija.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Вто Сеп 27, 2016 6:25 pm

Gladna kokoshka proso sonuva pa i ti taka...

СЈО утре отвора нова истрага „Трезор”

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Katica_Janeva-600x400

Специјалното јавно обвинителство најави нова истрага со назив „Трезор“. Деталите за случјаот од ќе ги презентираат утре на прес-конференција во новите канцеларии на СЈО.

Ова ќе биде шеста истрага која ја води СЈО, а која произлегува од незаконски прислушуваните разговори.

Инаку, на годишнината од формирањето на СЈО, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева покрена две обвиненија.

Првото обвинение e за уништување на докази за прислушувањето, , а второто обвинение, се однесува на нарачаното насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за време на седница на општинскиот Совет, кога се случи протест пред Општината.

http://fokus.mk/sjo-utre-otvora-nova-istraga-trezor/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Вто Сеп 27, 2016 7:35 pm

Ај аирлија, па некој и затвор и долгогодишна робија да си дочека.....како што си постелил да си легне.

defo

Број на мислења : 2395
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Вто Сеп 27, 2016 8:46 pm

parite da gi vratat be parite so gu ukradoja.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 28, 2016 5:22 pm

Одговорот на Катица кон они што се обидуваат да ја спречат работата на СЈО.

Мијалков, Грујовски, Јакимовски и Стајковиќ осомничени во „Трезор“

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Mijalkov11

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков,Тони Јакимовски и бившиот помошник министер во МВР и член на Управен одбор на Телеком Небојша Стајковиќ се осомничените во случајот Трезор, дознава НОВА од судски извори.

Првите тројца осомничени, Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010 година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, осомничените функционери ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР.

Според приложеното од Специјалното јавно обвинителство, „Финзи“, откако ја презела набавката во свои раце во договор со УБК и МВР, увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. Набавката е направена во 2010 година, а „Финзи“ е формирана кон крајот на 2009 година. Легитимните дилеми кои ги отвори СЈО во истрагата се како „Финзи“, која во тоа време немала ниту еден вработен, а ниту пари за да ја набави опремата, била одбрана за партнер во МВР, но и зошто воопшто имало потреба од посредник во зделката. Не е јасно ниту каде завршиле парите со коишто е директно оштетен буџетот, а кои легнале на нивната сметка.

„Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, додека фирмата од САД е поседувана од фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, последен беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој се самоуби. Прочитајте детаљи за „Финзи“ на ОВОЈ ЛИНК.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Чет Сеп 29, 2016 6:39 pm

Грујошеску излегува пред судот на 21 ноември, како обвинет.

СУДЕЊЕТО НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗА ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР ЗАКАЖАНО ЗА 21 НОЕМВРИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Grujo-izlaga-od-sud

Главната расправа од судењето за обвинителниот предлог на СЈО за насилството во Општина Центар против експремиерот Никола Груевски и ексминистерот Миле Јанакиески, судијката Татјана Михајлова ја закажа за 21 ноември во 10 часот, соопшти Основниот суд Скопје 1.

„Судечкиот судија кај кого беше распореден обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) против 14 лица, по разгледување на предлогот, оформи предмет со К.бр 1904/16, а со оглед на распоредот на претходно закажани судења на судијата кој постапува по притворски предмети, а и големиот број на обвинети опфатени во овој предмет, главната расправа е закажана за 21.11.2016 година во 10:00 часот за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог“, информираа од Судот.

СЈО на прес-конференцијата на 15 септември соопшти дека поднеле два обвинителни предлози. Едниот од нив е против експремиерот Никола Груевски и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

http://sdk.mk/index.php/naslovna/sudeneto-na-nikola-gruevski-za-shamarite-vo-tsentar-zakazhano-za-21-noemvri/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Чет Сеп 29, 2016 11:40 pm

Зошто ли не сум изненаден.

Бонева за патни трошоци од ДИК зела 12.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Boneva

Силвана Бонева од Државната изборна комисија за шест месеци земала 12.000 евра за патни трошоци, објави телевизија „Алсат“. Бонева вели дека исплатата е според законот.

– Сè е исплатено согласно законот – вели Бонева.

ДИК од декември до јуни на нејзините членови за патни трошоци им исплатила вкупно 25.000 евра.

По Бонева, најмногу пари земал Атанас Урумов кој е од Гевгелија и добил 6.800 евра. Бедредин Ибраими, кој доаѓа од Тетово, зел 3.000 евра, Субхи Јакупи од Гостивар – 2.000 евра. Реџеп Прекопуца добил 500 евра, Игор Милев – 370 евра, а Александар Чичаковски потрошил 150 евра. Виолета Дума и Сашо Срцев не зеле пари за патни трошоци.

Силвана Бонева беше на удар на јавноста и претходно, кога медиумите објавија дека како пратеничка за само една година, за патни трошоци зела 23.000 евра.

http://novatv.mk/boneva-za-patni-troshotsi-od-dik-zela-12-000-evra/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пет Сеп 30, 2016 12:19 pm

Pa sto ako zela. Neli Cicakovski e komunjar? Pocnavte i na i na vasite veke da ne im veruvate.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Пет Сеп 30, 2016 5:22 pm

Кој колку патарина ке земе не зависи само од тоа каде живее туки о колку редовно доага на работното место а и од каде му е најкраткиот пат до Скиопје, додека од Гевгелија по автопатот директно се оди за Скопје Бонева од Струмица мора да минува преку Штип што е доста подолго и затоа не можете да кажете дека има неправилности, а впрочем како што вели и делмол претседателот на комисијата изборна е од ваша страна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Пет Сеп 30, 2016 11:54 pm

Aj боже ме сачувај....и господ здравје....ало 12.000 евра се отприлика ако колата и троши 10л/100км 120.000км за  6 месеци, дај не ме ебете во здрав мозок.....

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 CtjLrR4XgAAAVFO


Последната промена е направена од defo на Пет Сеп 30, 2016 11:57 pm. Мислењето е променето 1 пати

defo

Број на мислења : 2395
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by osa on Пет Сеп 30, 2016 11:56 pm

defo daj poopshirna matematika ne te razbrav ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


гласав за  СДСМ ,гласав за Заев ,само со нив одиме напред 
osa
osa

Број на мислења : 15936
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Пет Сеп 30, 2016 11:57 pm

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Cth9OLrWEAA13Fe
А колку за чичоски Делмол, од 150 до 12.000 евра разликата е скоро 80 пати....така да тоа на Сител што го кажуваш можда ќе ви пројде.....ШЕТАЈТЕ.....

defo

Број на мислења : 2395
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by osa on Саб Окт 01, 2016 12:00 am

a kako i zoshto za ostanatite SMRTNICI nema patni troshoci ???????? popularno narecheni " pari za prevoz " koi nikogash ne bea realni ,bidejki ni davaa po 900 denari mesechno ,a nie plakavme za gradski avtobuski prevoz mesechen bilet 1400 denari ...znachi ti dava pomalku sekoj mesec 500 denari ,no i tie 900 gi ukinaa ZOSHTO ????????????

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


гласав за  СДСМ ,гласав за Заев ,само со нив одиме напред 
osa
osa

Број на мислења : 15936
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by osa on Саб Окт 01, 2016 12:04 am

ete predizborno i ova javno ke si prasham ; ima li namera idnata vlada (onie koi ke bidat izglasani ) da go vrati nadomestokot za prevoz na rabotnicite i da ne vazi samo za pratenicite koi i taka zemaat golema plata ,da im se isplaka patni troshoci ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


гласав за  СДСМ ,гласав за Заев ,само со нив одиме напред 
osa
osa

Број на мислења : 15936
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by osa on Саб Окт 01, 2016 12:05 am

defo напиша:НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Cth9OLrWEAA13Fe
А колку за чичоски Делмол, од 150 до 12.000 евра разликата е скоро 80 пати....така да тоа на Сител што го кажуваш можда ќе ви пројде.....ШЕТАЈТЕ.....


brejjjjjjjj APASHANA ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


гласав за  СДСМ ,гласав за Заев ,само со нив одиме напред 
osa
osa

Број на мислења : 15936
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by defo on Саб Окт 01, 2016 12:16 am

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Oks7lx

Значи ОСА гледај, типкава има во анкетен лист пријавено опел астра 1.4 2009, целата кола не чини 12000, не па патни трошоци.
Види проста математика
Скопје-Струмица-Скопје=360Х5 работни денаХ4 недели месечноХ6месеци=43200км
Астрата троши не повеќе од 10литри на 100 км, значи за гориво потрошила не повеќе од 500 евра
Цената за сервис со се нови гуми за оваа Астра е 600 евра макс. Тоа се 1100 евра до 12.000, таман и возилото.

defo

Број на мислења : 2395
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by osa on Саб Окт 01, 2016 1:25 am

mnogu blagodaram za opshirnata matematika ...sekoja chest defo ...ja postirav 24 analizata od 29 septemvri i ja slushav ,pa zatoa duri sega ja vidov matematikata i ti se zablagodaruvam so zakasnuvanje ...pogledni ja analizata ako ne si ja gledal ,strashno dobra e ...ovoj od LDP me voodushevi ,no voditelot me iznervira ...pa i on verojatno se prodal ,i ne go opomena nitu ednash ovoj kopukot shto vleguva vo zbor na sogovornikot ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат


гласав за  СДСМ ,гласав за Заев ,само со нив одиме напред 
osa
osa

Број на мислења : 15936
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Гостин on Саб Окт 01, 2016 10:21 pm

ЕКСКЛУЗИВНО Груевски ќе бара од Вашингтон тој да ја состави идната концентрациона влада

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски, од Вашингтон ќе побара тој да ја состави новата концентарциона влада на Република Македонија, ако ВМРО - ДПМНЕ победи на следните избори по што, според Уставот, победникот ќе го добие мандатот за состав на владата.

Според информциите објавени во медиумите, Груевски во текот на следната недела ќе патува во Вашингтон, каде што, според советите на своите лобисти ќе се обиде да го поправи својот нарушен имиџ.

Медиумите известуваат дека мали се шансите да дојде до средба на Груевски со Хилари Клинтон, кандидатка за претседател на САД.

Како што е познато, Плусинфо, прв пред неколку недели ја објави веста дека Груевски „испазарил“ срдба со Клинтон во екот на претседателската кампања во САД. Тогаш ВМРО - ДПМНЕ остро ја демантираше таа вест. Но, според наши извори, средбата навистина била договорена и до неа не дошло само поради влошената здравствена состојба на Хилари Клинтон. Нашиот извор тврди дека постојат намери таа средба да се оствари, но сега проблемот е во тоа што Никола Груевски во Македонија е обвинет за криминал.

Инаку, Плусинфо дознава дека амбициите на Груевски се многу поголеми од поправање на нарушениот имиџ. Неговиот план е прво уверливо да ги убеди Американците дека ВМРО - ДПМНЕ сигурно ќе победи на следните избори, а потоа да им понуди „нешто што не може да се одбие“. Понудата ќе се состои во изразената спремност на лидерот на ВМРО - ДПМНЕ тој, како мандатар, или друго лице избрано од него, како сега Емил Димитриев, да предложи влада во која СДСМ ќе има двојно повеќе министерства од сега и освен ДУИ, еден ресор ќе добие уште една албанска партија. На тој начин, Груевски планира на Американците да им предложи одржлив план за окончување на политичката криза во Македонија - мирни избори, концентрациона влада со учество на сите поголеми политички партии и можно повлекување на лидерот на ВМРО - ДПМНЕ од премиерската позиција. За возврат Груевски од Американците ќе побара договор за амнестија за сите случаи што ги покренува СЈО.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

НАЈНОВИ ВЕСТИ - Page 14 Empty Re: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 14 of 28 Previous  1 ... 8 ... 13, 14, 15 ... 21 ... 28  Next

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот