ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ
+7
Delta
TRAJCHE
Luxor
Teo
IVA
osa
reiter
11 posters
Страна 2 of 5
Страна 2 of 5 • 1, 2, 3, 4, 5
Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ
Тикварник со суво овошје и јаболка
Состојки
1 мала тиква (крушкаста)
4 големи јаболки
250гр суви сливи
100 гр суво грозје
1 лажичка цимет
1/2 лажичка морско оревче
Се лупат и сечат јаболките и тиквата на коцки. Се редат во тава прво јаболките, па сувото овошје па тиквата. Се посипува со цимет и морско оревче и без промешување се пече на 200 степени дури не омекне тиквата. На половина печење се промешува да не фати кора.
https://moirecepti.mk/post/%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA-3/

Гостин- Гостин
Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ
Тикварник
Состојки
1,5 кг тиква
50 мл масло
250-300 гр млеко
1 шоља шеќер
2 ванила шеќер
3 јајца
Тикварникот од секогаш бил едно од нашите омилени посластици. Уште како мала поимот тиква го гледав во тикварник, а сега и синот ми е достојна замена...штом види дома тиква, се знае, мора од неа да се прави тикварник.
Тиквата може да биди и печена и варена, но поради сочноста јас ја преферирам да е варена. Така полесно се чисти, а и нема да останат конци во составот. Варете ја на средна температура во малку вода со покриен капак, да се динста. Така нема да се распаѓа во тенџерето, а од пареата секаде убаво ќе се свари.
Додека е уште топла ставете ја во тепсијата во која ќе печите и кашесто испасирајте ја, да нема грутчиња. Тука мерката е од прилика за бр.28.
Скршете ги јајцата и убаво измешајте, па додадете го шеќерот, ванилата, маслото и млекото и пак добро измешајте.
Кај мене се погодија точно овие мерки, иако составот количински овде можи да варира. Пред се, количината шеќер зависи до самиот вкус, но и од блажината на тиквата. Млекото исто така зависи од тоа колку е сува (посна) тиквата. Воглавно содржината во тепсијата треба да биди густа одприлика како онаа за кекс (паднишпан) за да на крај добиете сочно испечен тикварник.
Печете на 180 степени 20-30 мин. Горниот слој треба да отемни.
https://moirecepti.mk/post/%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8%D0%BA-2/

ti shto bi da kasnesh ...prase ili teleshko
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16589
Join date : 2015-01-11
Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ
Кременадли од рерна со сос од бело вино
Состојки
4 парчиња кременадли
3 лажици брашно
100 мл масло
1 ловор лист
100 мл бело вино
500 мл вода
1 коцка супа
4 главици кромид
1 главица лук
На масло се запржуваат претходно зачинетите кременадли.
Кога се малку запржени, се вадат од маснотијата.
Во маслото во кое пржевме, додаваме ситно исецканиот кромид и лук.
Пржиме убаво да омекнат, па додаваме 3 лажици брашно.
Пропржуваме малку, па додаваме бело вино.
Во водата ја раствараме коцката за супа, ја додаваме во садот кај кромидот.
Во огноотпорен сад или тава ги редиме кременадлите, па ги посипуваме со сосот
Додаваме зачини и ловоров лист.
Покриваме со фолија и оставаме да се пече на тивко.
После 40 минути, отворете ја фолијата и оставете така уште 5 минути.
Ви предлагам да го пробате ова прекрасно јадење и да видите дека никогаш помека кременадла не сте каснале.
Сервирајте по желба. Јас тоа го направив со листови марула.
На здравје
http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%BB%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%80%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B0/#ixzz45Gvvx8Ey

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи
Секогаш бидете инспиративни во кујната. Ви нудиме рецепт кој ќе го направите за помалку од 10 минути, а сите ќе ги остави без зборови.
Особено ќе ги обожаваат децата, па дури и големите деца
Потребни ќе ви бидат само 2 состојки и тоа: шпагети и виршли, како и тенџере за варење и вода.
Секоја виршла ја делите на еднакви четвртини и во секое парче прободувате по околу десетина несварени шпагети.
Ги ставате да се варат околу 7 до 8 минути и сервирате. Толку е едноставно
Деталите погледнете ги во видеото:

Потпечен француски компир – тава со преубав вкус
Направете компир на француски начин од кој сите ќе бараат репете. Овој ручек ќе го израдува вашето семејство.
СОСТОЈКИ:
1 кг компири
100 гр шунка
4 колбаси по избор
6 јајца
1 канче кисела павлака
100 гр млеко
зачини
ПОДГОТОВКА:
Компирите се варат во солена вода, а во меѓувреме се варат и јајцата во друг сад на оган. Во истиот сад со јајцата се варат и колбасите, но само неколку минути.
Потоа, сварените компири и колбаси со јајцата се сечат на кругови и се зачинуваат, па се ставаат во тава со масло. Се реди компир, колбаси, јајца, па се така додека има смеса.
Најгоре се става шунка, а сè се полева со смеса од кисела павлака, едно јајце и млеко.
Печете на температура од 180 степени околу 40 минути.
Вкусот е одличен!

Прочистете ги цревата, испеглајте го стомакот за една недела-еден оброк заменете со оваа салата
Салатата „Метла“ ужива голема популарност веќе неколку години по ред. Можеби не изгледа убаво и егзотично, но е драгоцена за оние кои сакаат да го исчистат организмот и да ослабнат. Во што е нејзината тајна?
Основните компоненти на салатата (зеленчукот) го обогатуваат организмот со витамини и минерали, а поседуваат и влакна и петкини. Благодарение на ова, ова здраво јадење придонесува за исфрлање на фекалните наслаги, со што се намалува телесната тежина.
Класичниот рецепт на оваа салата содржи, зелка, цвекло, морков, лимонов сок и масло за јадење.
Подготовка:Нарендајте зелка, цвекло и морков во однос 3:1:1.Додајте зачински растенија по вкус. Изгмечете го зеленчукот да пушти сок. Додајте лимонов сок. По желба може да се додаде изгмечено лукче. Се залева со малку растително масло за јадење, ленено или маслиново.
Салата не е потребно да се соли, а ако не можете без соленкаст вкус ставете малку соја сос.

ete gledas deka se stava i luk ti na mene okolu kujna ne zezaj
IVA- Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29
Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ
Без печење: Скриени банани со плазма и ореви
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г мелени плазма кекси
100 г маргарин
100 г шеќер во прав
2 банани
1 крушка
1 кесичка ванилин шеќер
120 г мелени ореви
4 банани
1 кесичка шлаг пена (за шлагот)
200 мл млеко (за шлагот)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете го маргариннот со шеќерот во прав, потоа додадете во таа смеса изрендана крушка и испасирани две банани.
Смесата полека измешајте ја со лажица. Потоа додадете ги мелените плазма кекси, ванилиниот шеќер и мелените ореви.
Убаво измешајте и на фолија расукајте смеса, наредете ги 4 банани по должина, завиткајте во ролат и оставете на ладно да се стегне.
Оладениот ролат декорирајте го со претходно изматениот шлаг крем со млеко.
http://skopjeinfo.mk/bez-pechenje-skrieni-banani-so-plazma-i-orevi

Специјалитет со авокадо и димен лосос – Ова ќе биде вашиот нов омилен рецепт
Авокадо и димен лосос тарт по оригинален рецепт на Шеф Мирко Митровски. Откако еднаш ќе го приготвите, веднаш ќе стане вашиот нов омилен рецепт кој ќе го правите за вас и најблиските. Еве што е потребно:
СОСТОЈКИ:
50 гр димен лосос
50 гр авокадо
30 гр домати
10 гр млад кромид
5 гр свеж копар
сол и бибер
сок од 1 лимон
2-3 шери домати
5 мл маслиново масло
1 тост лепче
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Димениот лосос, доматот, авокадото и младиот кромид исечкајте ги на ситни коцки или парченца. Додадете ги солта, биберот, маслиновото масло и сокот од лимон.
Ставете го испеченото лепче на чинија за сервирање. Во калап во форма на круг ставете ја смесата одозгора.
Декорирајте со ситно исечкан свеж копар и шери домати.
http://gotvi.mk/2016/08/22/specijalitet-so-avokado-idimen-losos-ova-ke-bide-vasiot-nov-omilen-recept/

Солени мафини од тиквички и сирење
Кога ќе ги пробате, постојано ќе ги јадете. Ова се највкусните солени мафини со тиквички и сирење.
СОСТОЈКИ:
1 шолја пченично брашно
200 мл млеко
3 јајца
500 гр сирење
2 тиквички
1 прашок за печиво
сол и бибер
ПОДГОТОВКА:
Тиквичките се рендаат, се посолуваат и се оставаат во сад.
Во сад се мешаат брашното, млекото, изматените јајца и изгмеченото сирење.
Се додаваат тиквичките, прашокот за печиво и сол и бибер.
Смесата се става во модли и се пече на рерна загреана на 180 степени, 20-30 минути.
Сервирајте ги со јогурт.

Убави се тиквичките, здрава храна. Сепак еве нешто поразлично за доручек.
Француски тост за почеток на денот
Направете вкусен француски тост и почнете го денот сити и полни со енергија.
СОСТОЈКИ:
1 јајце
1 лажица екстракт од ванила
1/2 лажицa цимет
1/4 лажици млеко
4 парчиња леб
ПОДГОТОВКА:
Изматете ги јајцата, ванилата и циметот, па измешајте ги со млекото.
Убаво поминете ги парчињата леб во смесата, па ставете ги на тава да се испржат.
Декорирајте со овошје или џем.
http://gotvi.mk/2016/08/26/francuski-tost-za-pocetok-na-denot/
Гостин- Гостин
Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ
Amaaan bre i od tebe i od rakijarskoto...
Одлично петочно освежување: Наједноставниот рецепт за коктел од кафе
Викендот започнува и конечно е време да се опуштите и да ги наполните батериите. Зошто да не се почестите со малку поинакво кафе кое ќе внесе промена во вашето секојдневие? Нема ништо подобро од коктел со кафе и сигурно досега сте прочитале повеќе рецепти, но овој е наједноставниот без многу потребни производи…
Потребни состојки:
400 милилитри кафе
400 милилитри вотка
Шлаг пена
Рендана чоколада
Начин на подготовка
Во блендер добро изматете ги кафето и вотката и потоа украсете го коктелот со шлаг пена и рендана чоколада.
Бидете креативни и уживајте во коктелите!
Гостин- Гостин
Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ
Кус кус со суво овошје и бадеми
Брзо јадење кое е празник за непцето.
Потребни намирници – 400 грама кус кус, 400 мл вода, 50 грама путер (солен), 40 грама суво грозје, 40 грама суво овошје (кајсија), 40 грама бадеми, излупени, прстофат сол.
Сушеното овошје измијте го и исцедете го. Ако сувото овошје е покрупно, иситнете го да биде со големина како сувото грозје. Во сад помешајте го кус кусот со прстофат сол, путер исечкан на коцки, додадете го сувото овошје и убаво измешајте додавајќи зовриена вода. Оставете го да отстои додека кус-кусот не ја впије водата.
За тоа време тостирајте ги бадемите на сува тава и грубо иситнете ги. Со вилушка изгмечете го кус-кусот и додадете ги тостираните бадеми.
http://www.makmoda.com/kus-kus-suvo-ovoshje-bademi/

Рецепт: Енергетски топчиња со урми
Урмите се богати со железо и флуор и се богат извор на витамини и минерали …
Потребно е:
400 гр урми без семки
70 мелени ореви
30 гр пропржен сусам
2 лажици сок од портокал
200 гр чоколадо
изрендана кора од портокал
Подготовка:
– Во блендер ставете ги урмите и сокот од портокал и сомелете ги.
– Префрлете ги во еден сад и додадете ги мелените ореви и сусамот. Со раце фино умесете ја смесата.
– Направете 25 топчиња малку поголеми од орев.
– Ставете ги во фрижидер да се втврднат, а потоа глазирајте ги со растопено чоколадо кое претходно сте го растопиле на пареа.
– Над чоколадото изрендајте кора од портокал.
– Кога ќе се стегне чоколадото префрлете ги во хартиени корпички и послужете.

Посни мафини со банани и ореви
Состојки
3 шолји (200 мл.) брашно
15 лажици шеќер
1 ванила
1 пециво
1 рака мелени, 1 рака сецкани ореви
8 лажици масло
300 мл. газирана вода
3 банани
прстофат сол
1. Во сад се мешаат сите суви состојки (без бананите и сецканите ореви).
2. Ги додаваме маслото и водата.
3. Мешаме добро, со лажица, за да се соедини убаво смесата.
4. Бананите се пасираат и и тие се додаваат во смесата.
5. Убаво се меша, за да се изедначи конечната смеса.
6. Се полнат калапите за мафини.
7. Секој мафин, откако ќе го наполниме корпето, го наросуваме со сецканите ореви.
8. Се пече 15 минути, на 180 степени во претходно загреана рерна.
9. Се оставаат малку да се изладат, па се послужуваат.
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B8-%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8

Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ
Похувани свински шницли и печен карфиол во сос од путер од кикирики
Состојки
4 парчиња свински шницли
2 јајца
малку брашно
100 гр мелени бадеми
1 кг карфиол
по потреба маслиново масло
по вкус зачини (сув зачин, сол, бибер, лук во прав)
Сос
1 супена лажица путер од кикирики
400 мл павлака за готвење
Шницлите се тенчат со чук за месо, се зачинуваат и се оставаат едно 30 минути во фрижидер. Потоа, секоја шницла се валка во малку брашно, матено јајце (во кое има сол или сув зачин) и на крај во мелени бадеми. Се печат во плех од рерна, на хартија за печење, која е благо намастена со масло.
За прилог имаме печен карфиол исто така печен во рерна, врз кој прелеваме сос од путер од кикирики. Сосот го подготвуваме, така што во еден сад ја ставаме неутралната павлака за готвење, додаваме путер од кикирики и чекаме да зоврие, непрестајно мешајќи го сосот со жица за матење. Кога путерот од кикирики ќе се растопи, вкусот го дотеруваме со зачини по избор и со него го прелеваме печениот карфиол.
http://moirecepti.mk/post/%d0%bf%d0%be%d1%85%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%88%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%bb%d0%b8-%d0%b8-%d0%bf%d0%b5%d1%87%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d0%b0%d1%80%d1%84%d0%b8

Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ
9 кратки и лесни рецепти од само 3 состојки
Готвењето станува многу полесно и позабавно кога правите брзи, лесни и вкусни јадења, а нема ништо полесно од рецепти од само 3 состојки. Благо или солено, ваш е изборот, еве 9 рецепти од само 3 состојки кои ќе ве нахранат, заситат и заблажат.
Готвењето станува многу полесно и позабавно кога правите брзи, лесни и вкусни јадења, а нема ништо полесно од рецепти од само 3 состојки. Благо или солено, ваш е изборот, еве 9 рецепти од само 3 состојки кои ќе ве нахранат, заситат и заблажат.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Страна 2 of 5 • 1, 2, 3, 4, 5
Страна 2 of 5
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|