Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

+7
Delta
TRAJCHE
Luxor
Teo
IVA
osa
reiter
11 posters

Страна 4 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Вто Фед 21 2017, 17:29

2. Кисела харинга (Шведска)

Едно од најчудните јадења на светот е оваа балтичка харинга. Таа може да се пронајде на полиците во супермаркетите во Шведска. Харингата е сурова и се наоѓа во конзерви во кои се става за да се спречи гниењето на рибите. Процесот на ферментација трае околу 6 месеци и на рибата ѝ дава солено-кисел вкус.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Вто Фед 21 2017, 17:29

3. Копи Лувак (Индонезија)

Најретките и најскапите кафиња на светот се прават од измет на животните кои потсетуваат на мачки, односно од едни диви животни кои се со изразени очи, издолжена муцка и многу остри канџи и заби. Овие ѕверки во текот на ноќта се искачуваат по дрвјата, каде што ги берат и ги јадат само најдобрите зрна кафе и откако ќе ја изгризат надворешноста, го проголтуваат внатрешното тврдо зрно, кое го исфрлуваат преку изметот.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Вто Фед 21 2017, 17:30

4. Фуга (Јапонија)

Дали сте слушнале за фуга? Со оваа риба треба да бидете многу внимателни, затоа што таа е една од најотровните на светот и ако не се подготвува правилно, може да ве убие. Овој деликатес е многу популарен во Јапонија и може да го подготвуваат само вешти готвачи. Отровните органи и кожата внимателно се отстрануваат и она што останува е вкусното месо. Поради тоа во Јапонија го подготвуваат само специјални експерти кои се обучени за подготовка на тој вид риба, а рестораните мораат да поседуваат специјална дозвола за нивно послужување. Поради непрофесионална подготовка на овој чуден специјалитет, имаат починато 15 лица. Тој се јаде во зимскиот период, кога се лови фугата.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Вто Фед 21 2017, 17:30

5. Касу Марзу (Сардинија)

Станува збор за овчо сирење кое во себе содржи ларви од инсекти и е многу популарен производ во Сардинија. Најчесто се јаде со ларвите.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Вто Фед 21 2017, 17:30

6. Вино од змија (Виетнам)

Змиското вино е алкохолен пијалак кој се добива така што во шишето со вино се става цела змија. Се верува дека отровот на смртоносните змии како што е кобрата или ѕвечарката, може да биде разложен со долготрајното стоење во алкохол и дека она што останува во шишето им дава на луѓето сила и виталност, а според традиционалната кинеска медицина, може да оживее и човек.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Вто Фед 21 2017, 17:31

7. Балут (Филипини)

Можеби сте изненадени секој пат кога ќе отворите Киндер јајце, но ништо не може да се спореди со изненадувањето што се крие во Балут јајце од Филипините. Станува збор за јајце од патка или кокошка со речиси развиен ембрион. Најпрво се срка течноста која го опкружува ембрионот, а потоа се лупи јајцето и се јаде содржината која има коски, клун и пердуви на ембрионот. Ова е толку честа храна во овие земји, што дури се продава и на уличните штандови.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Вто Фед 21 2017, 17:31

8. Печена тарантула

За овој десерт да се најде во вашата чинија, готвачот претходно би требало да убие тарантула. Тоа се прави со прободување со стап или нејзино давење во врела вода. Тарантулата стои во маринада направена од шеќер, сол, пилешка супа и локални зачини, а потоа се пржи во масло. Може да се купи на улица и да се јаде како ужина.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Вто Фед 21 2017, 17:32

9. Хагис (Шкотска)

Црниот дроб, белиот дроб и срцето на овцата во Шкотска се вистински деликатес. Тој може да се најде во рестораните и е дел од постојаните менија на повеќето пабови. Типично се послужува со кромид, закини, каша од јачмен и супа, а за да добие посебен шарм, се додава и варен желудник од овца.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Delta Сре Фед 22 2017, 13:42

se se jade4,.//,.samo da go fatis treba,//,
Delta
Delta

Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Саб Фед 25 2017, 12:37

Eve eden recept za delta...Bidejki stechaec i to...ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Happy-smiley17

Здрав и вкусен колач: Без шеќер и брашно, чини помалку од 150 денари

Направете здрав и вкусен колач кој чини помалку од 100 денари, а брзо и лесно се прави.

СОСТОЈКИ:

2 портокали
4 јајца
100 гр кокос
ФИЛ
70 гр темна чоколада за готвење
ПОДГОТОВКА:

Портокалите се мијат и се варат два пати по половина час, па кога ќе се оладат се ставаат во блендер со кората.
Јајцата се двојат, белките се матат одделно, а жолчките се матат со 100 гр кокос. Од белките се прави шлаг и потоа се додава во смесата со жолчки.
Се пече 40 минути на 180 степени.
Чоколадото се прелива кога колачот ќе се излади.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by misterija Нед Фед 26 2017, 12:47

Не ми е јасно што има во рецептов толку за да се пече 40 минути?
Што ли ќе остане од него?

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Teo Нед Фед 26 2017, 14:47

Е па направи ја и пробај. После ќе ни кажеш па и ние ќе знаеме.
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by misterija Нед Фед 26 2017, 15:00

Teo напиша:Е па направи ја и пробај. После ќе ни кажеш па и ние ќе знаеме.

хахаххаа..несакам да фрлам пари бадијала, ќе чекам некј друг да ја направи Very Happy
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by OPOZICIONER Нед Фед 26 2017, 20:44

ej pa ti sto se 150 denari koga zivees vo najdobrata ekonomija u svetot
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by misterija Нед Фед 26 2017, 20:50

OPOZICIONER напиша:ej pa ti sto se 150 denari koga zivees vo najdobrata ekonomija u svetot

хаххаха..абе ние за 10 ден. ке се потепаме а камо ли за 150....ете колку ни е беден стандардот, затоа идам само на испробано Laughing
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by OPOZICIONER Нед Фед 26 2017, 20:51

dodeka ne probas ti licno nema da znaes
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by misterija Нед Фед 26 2017, 20:54

OPOZICIONER напиша:dodeka ne probas ti licno nema da znaes

Понекогаш знам и без да пробам дека не е вкусно....шта чеш, искуство Laughing
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by OPOZICIONER Нед Фед 26 2017, 20:56

kako od skapo e dojdovme do ne e vkusno?
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by misterija Нед Фед 26 2017, 20:58

Така тече моабет со жена кога се збори за рецепти Very Happy Very Happy

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by OPOZICIONER Нед Фед 26 2017, 21:03

ne mi se dopaga koga ne znam vo koja pita ke me odnese tekot
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by misterija Нед Фед 26 2017, 21:05

OPOZICIONER напиша:ne mi se dopaga koga ne znam vo koja pita ke me odnese tekot

Америчка не е, биди сигурен..хахахахахааа
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Luxor Вто Мар 06 2018, 22:20

Полнети компири со сирење и спанаќ

Потребни состојки:

4 компири
100гр сирење
300гр спанаќ
50гр кашкавал
20гр путер
сол
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Luxor Вто Мар 06 2018, 22:21

Начин на подготовка:

Компирите ги миеме убаво и ги вариме цели со кората. Откако ќе се изладат ги сечеме на половина и секоја половина ја издлабуваме со лажичка. Остатокот го ставаме на страна. Спанаќот го вариме, ситно го сечкаме и го мешаме со остатокот од издлабените компири, сирењето и путерот. Ја пасираме добиената смеса. Ги полниме компирите со готовата смеса и ги поросуваме со ренданиот кашкавал. Ги печеме во подмачкана тава додека не поруменат.

http://reporter.mk/hrana/polneti-kompiri-sirene-spanak/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by IVA Вто Aвг 21 2018, 13:06

ментос корпички

Состојки
12 урми
1 јајце
100 гр пулпа од лешник, може и брашно од бадем, лешник....
6 лажички Џем од капини
Карамел со ментос бомбони
4 лажици вода
4 лажици шеќер
1 шолја (120 мл) млеко
4-5 ментол бонбони

Во блендер се стават исчистените урми, јајцето и пулпата од лешник,се соединува смесата и со неа се полнат намаснети силиконските калапчиња за мафини. Се обликуват како корпичка и се печат на 180 С- 10 мин.
Се вадат корпичките од рерната и се полнат со џем од капини во средината, а одозгора се става карамелот. Се ладат и се декорираат по желба.

КАРАМЕЛ-

Во тенџере се стават 4 лажици вода. Проврива и во неа се стават 4 големи лажици шеќер.
Тоа врие на тивко и не се меша, само се протресува. Треба да добие жолта боја, кога е готово се додава 1 шолја (за кафе) млеко и се вари густ карамел. Кога веќе е згуснато, се ставаат 4-5 ментол бомбони и се растопуваат во карамелот.
Се добива прекрасна густа маса како пудинг, се трга и се лади. Малку оладен се сипува врз корпичките и се остава скроз да се олади пред да се послужат.

https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%BE%D1%81-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BF%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by misterija Вто Aвг 21 2018, 18:01

Сезона на модри сливи, годинава родна но за жал нема кој да ги откупи.....ете, јас си бе вредна и си направив џем од сливи..лесно и брзо и вкусно..препорачувам да си направите, сливите се бадијала.

Требаше да сликнам пред да ги наполнам теглите со џемот, но сега се покриени сите заедно со едно чаршафче.

Мојот рецепт е 5 кгр.сливи, 500 гр.шеќер, едно пакетче цимет и малку рум и пола филџан вински оцет.

Миените сливи ги делам на половинки, вадиме семки нормално и ги редам во пекач бидејќи има капак...значи ред сливи, ред шекер, цимет...и се така, оцет на крај..и се пече околу два саати во рерна.

Потоа се собира во топли тегли.
Лесна и брза работа

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ - Page 4 Empty Re: ИНТЕРЕСНИ РЕЦЕПТИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот