СУДСТВО
+8
zozoti
alienmk
Luxor
PRVOBOREC
defo
Hamad bim Khalifa
трендафил
osa
12 posters
Страна 3 of 5
Страна 3 of 5 • 1, 2, 3, 4, 5
Re: СУДСТВО
Скандал во ОЈО ГОКК: Исчезнале докази доставени од Европска институција за криминал во Македонија
https://svedok.org.mk/mk/record.php?id=1493

_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Пишува Сведок, сајт на НВО со исто име чии проекти се финансирани од ЕУ. Браво за твојата доследност во довербата во НВО и земјите членки на ЕУ. Сепак ќе треба да се види дали Сведок воопшто се сигурни во нешто, или само ги оправдуваат потрошените средства од амбасадите на земјите членки на ЕУ и самата ЕУ. Ако во ова има макар малку вистина дпне оФците нема да пропуштат можност за дискредитација на владата. Се разбира ако не исчезнале документи за криминал на нивни функционери. Тогаш сигурно ќе молчат.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: СУДСТВО
Нема реакција ниту од судската ниту од државната власт. Во секој случај ЕУ сака владеење на правото и во бугаризирана Македонија. Затоа и инвестираат пари во реарганизација на судството, иако очигледно се разочарани со изборот на шефот на обвинителството за борба против организиран криминал и корупција. Едноставно не сакаат к9га нивните пари наместо за тоа што се наменети, ма пример за укинување на Македонците и формирање на народ со истото име но нов идентитет да се крадат, па проектот да биде неуспешен што и се случува.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Во последната недела неколку нови скандали во судството. Прво тој со синот на Талат Џафери кој положил правосуден испит пред да дипломира. Илезе дека преку 400 недипломирани студенти добиле потврда дека дипломирале и сите до еден се од еден факултет, правниот на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово. Што би рекле сите до еден од ДУИ или со врски во оваа партија. Бидејќи патријата е на власт најверојатно ниту некој ќе одговара за ова, ниту ќе се поништат испитите на тие што не ги исполниле условите за полагање, па во иднина ќе имаме во правосудните институции 400 функционери што на криминален начин стекнале звања.
За избор на шеф на скопското јавно обвинителство од три остана само еден кандидат. Веројатно затоа и беше одложен изборот за да се одстранат два кандидати и да остане изборот на Ахмети.
Претседателката на судскиот совет си поднесе оставка.
Се убавина до увавина во судството под капа на ДУИ и СДСМ.
За избор на шеф на скопското јавно обвинителство од три остана само еден кандидат. Веројатно затоа и беше одложен изборот за да се одстранат два кандидати и да остане изборот на Ахмети.
Претседателката на судскиот совет си поднесе оставка.
Се убавина до увавина во судството под капа на ДУИ и СДСМ.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Дпне оФците направиле криминал и дале практично фалсификувани уверенија. Се тоа се одвивало 2015 а членови на комисијата биле истакнати дпне оФци.
https://fokus.mk/lidija-nedelkova-idhet-memeti-i-jovo-vangelovski-chlenovi-na-komisijata-pred-koja-polagale-spornite-pravnitsi/Лидија Неделкова, Иџет Мемети и Јово Вангеловски – членови на Комисијата пред која полагале спорните правници
од Fokus 01.12.2022
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: СУДСТВО
Интересна манипулација и обид за злоупотреба на еден национален срам против кој треба сите да се бориме во која можат да веруваат само неинформирани и луѓе што имаат ментални проблеми. Од тое ѓто се наведени Иџет Мемети колку шро знам не бил никогаш дел од ВМРО, напротив беше заменик на секретар на влада и министер за правда вп време кога на власт е СДСМ. Во моментов е член на советот на обвинители. Во секој случај оваа комисија не ги разгледувала документите на кандидатите, туку нивното знаење. Во секој случај криминалци имало и има секаде. Според овој и некои други случаи изгледа во ДУИ најповеќе. Битно е како власта, државна и судска, ќе делува откако е дознато за криминалот, односно како ќе ги казни тие што издале и што прифатиле фалсификувани документи, но и тие, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери на пример, што со фалсификувани документи учествувале на конкурсот . Или ќе молчи за да не се расипат односите во коалицијата на власт. Како што се молчи за криминалното користење на флешери, обидот да избега и ослободувањето на синот на заменикот на министер за внатрешни работи од минатата недела што власта се обиде да го сокрие.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Dodeka Micko im e minister za opozicija i volkot sit i ovcite na broj.
alienmk- Број на мислења : 414
Join date : 2018-11-22
Re: СУДСТВО
И јас мислам како Мицкоски дека нема потреба да почнеме да се убиваме за да си замине актуелната власт некој месец, дури и да се работи за две години колку што има до крајот на мандатот. Друг начин да си замине еден хибриден режим порано нема. Друга работа е доколку има обид за крадење на избори. Тогаш нема избор. Во Македонија мислам дека работата не е отидена до таму.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Да потсетам само дека прв претседател на комисијата за судски реформи по инсталирањето на актуелната власт беше Зоран Заев. Тоа е апсурдно по два основа. Прво се работеше за мешање на извршната (влада) и судска власт, а второ се работи за амнестиран криминалец.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
На секој објективен набљудувач му беше јасно уште во текот на постапката дека во случајот Таргет - Тврдина дека има катастрофални грешки во водењето на постапката. На пример не можеше Ѕвонко Костовски да биде само сведок, а не и обвинет најмалку затоа што го прислушкувал својот поранешен зет во време кога тој водел постапка за развод од сестрата на Костовски, а не е јавна личност или било што друго за да биде предмет на интерес на Мијалков или на власта. Или да се бара штета за неупотребливи уреди за прислушкување наменети за класична (недигитална) телефонија каква што не постои во Македонија. И да се утврди штета во висина на набавната цена на уредот кој е користен повеќе години без амортизација и без вредноста да ја утврди вештак. Ова се доволни причини за враќање на случајот на повторно разгледување, што дава шанса за негово застарување, но не е вина на апелациониот суд тоа што постапката е влечена со години за да може да се користи во ПРот на власта бидејќи народот и понатаму, иако нема верба во судството (со исклучок на 8%) секој што е на суд автоматски го смета за винивен. Посебно ако е од непријателска (во други земји конкурентска) партија.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
PRVOBOREC- Број на мислења : 2482
Join date : 2016-11-25
Re: СУДСТВО
Ако се работи за режими тогаш срушен е маледонски, а инсталиран албанско-грчко-бугарски.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Eве една интересна колумна во втска со начинот на кој се одвиваа политичките судски процеси во Македонија. Ќе го одбележм обидотна власта по секоја цена да се осуди некој и кога нема докази, но и да заработи со рекетирање на обвинетите, по пронципот што е применуван при продажба на државно земјиште во Струмица, едно евро за државата, едно во менувачница кај Вицето и едно за црквата. Да повторам по којзнае кој пат на форумов. Секој криминалец треба да биде осуден, но во законска постапка, без нов криминал од судовите и обвинителството.
https://plusinfo.mk/pochetokot-na-kra-ot-na-prekiot-sud-na-zoran-zaev/
https://plusinfo.mk/pochetokot-na-kra-ot-na-prekiot-sud-na-zoran-zaev/
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Уште една интересна колумна на оваа тема од истиот автор.
Шо е воа, другарчиња, зошто Анџела не е разочарана и шокирана?
Треба да си политички аматер и правно неписмен претседател, премиер или министер, па да си дозволиш јавно да изразиш „разочараност“ и „шокираност“ од судска одлука. И треба да си или глупав, или ептен очаен, за да не сфатиш дека таквите изјави директно ја компромитираат кривично-правната постапка којашто не е завршена и дека таа компромитација е цврста основа за докажување на грубо кршење на едно од основните човекови права на обвинетите, правото на презумпција на невиност. Зоќе може да си дозволи вака да се глупира, ама Пендаровски и Ковачевски? Ај учете малку од мадам Агелер...
Американската амбасадорка Анџела Агелер ги збуни сите егзалтирани новинарски душички и целиот ни државен врв.
После дводневната хајка против судиите на Апелациониот суд во Скопје, коишто ја укинаа пресудата на првостепениот суд за случајот „Таргет-Тврдина“ (да ја спомнеме тука воздржаноста на Бујар Османи, колку за показ дека не се сите исти), едвај се дочека понеделников за да се побара став на Американската амбасада за „бесрамнициве“ од скопска Апелација.
Сигурен сум дека воспалениве очекувале мадам Агелер да објави не само изрази на шокираност и разочараност, туку и најава за одлучна акција на американскиот тим за санкции, во поддршка на извршната власт, која се отепа од борба против корупцијата и гледај сега какви клипови ѝ ставаат во машината.
И глеј чудо! Нов шок и ново разочарување!
За Стево Пендаровски, нормално. И за Оливер Спасовски, па и за Димитар Ковачевски, за Славица Грковска и веројатно најмногу за Зоран Заев.
Ладнокрвно и одмерено, Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека ги следи одлуките на судот за предметите „Таргет-тврдина“ и „Трезор“. И толку. Нема разочараност, нема шокираност. Анџела Агелер одбила да ги коментира одлуките на апелациските судии, со кои двата предмета се вратени на повторно судење во прв степен.
Еми, шупрајме сеа?
Не знам дали на нашиве изненаѓени и увреѓени политици, журналисти и колумнисти им е јасно која е и што претставува Анџела Аџелер во Македонија. Би сакал да им го појаснам тоа, бидејќи имам впечаток дека една лекција од областа споредбени политички системи не им е научена. Таа лекција се учи во петок на четвртиот час, па тие што во петок имале само три часа и после урда јаделе, ја прескокнале.
Вицот е дека воопшто не е важно која е приватно мадам Агелер, дали е вегетаријанец или крка пастрмајлии, дали нѐ сака или нѐ мрази, дали е добра вила или е зла вештерка. Важно е дека таа во Македонија го претставува американскиот претседател, лично и персонално.
Ај да ви биде уште појасно – кога зборува Анџела Агелер, зборува Џо Бајден!
А американскиот претседател може да ви каже сѐ и сешто, може и да ве бомбардира ако му текне, но никогаш нема да си дозволи јавно да коментира судска одлука. Па дури и во еден ваков Бантустан, во каков што е претворена Македонија!
Треба да си политички аматер и правно неписмен претседател, премиер или министер, па да си дозволиш јавно да изразиш „разочараност“ и „шокираност“ од судска одлука.
И треба да си или глупав, или ептен очаен, за да не сфатиш дека таквите изјави директно ја компромитираат кривично-правната постапка којашто не е завршена и дека таа компромитација е цврста основа за докажување на грубо кршење на едно од основните човекови права на обвинетите, правото на презумпција на невиност.
Јас знам дека Зоран Заев не е многу правно едуциран и дека заостанал во времето кога заедно со Катица, Оливер и со Радмила договарале што и како да прават со „бомбите“ и со предметите на СЈО. Им се извинувам на Јанева, на Спасовски и на Шеќеринска за оваа индискреција, но ова се зборови на Заев, а не мои. Тие зборови ги слушна цела Македонија.
И секако, јасно ми е дека Заев е очаен, веројатно и самиот свесен дека „камшикарите“ од САД не дошле овде баш за Сашо Мијалков, туку попрво за некои други, досега недопрени и неказнети магови на корупцијата во оваа земја.
Ама, зошто бре да се разочарани и очајни Пендаровски и Ковачевски?
Зарем чувствуваат обврска кон човекот кому му ги должат своите политички кариери?
И навистина ли му ги должат?
Не би рекол…
Како и да е, би ги посоветувал веднаш да размислат зошто Анџела Агелер крајно внимателно зборува за судски одлуки и зошто е воздржана. Мојата претпоставка е дека таа има добар тим советници од областа на правото и правосудството, кои внимателно прочитале зошто Апелациониот суд одлучил да ја укине првостепената пресуда за „Таргет-Тврдина“.
Под притисок на јавноста, „бесрамниците“ од Апелација денеска мораа во соопштение упатено да медиумите да ја објаснат својата одлука.
Пендаровски, вие како професор и човек којшто работел во МВР, прочитавте ли што пишува таму?
Кога Апелација вели дека во првостепената пресуда се сторени суштествени повреди на одредби од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, тоа значи навистина многу.
Кога апелациските судии утврдиле дека тие повреди влијаеле и врз правилното утврдување на фактичката состојба и на правилна примена на материјалното право, на секого мора да му е јасно дека тоа се смета за дисквалификациска маана на првостепената пресуда. Со други зборови, таквата пресуда мора да падне.
Ај да ви го преведам и ова кога Апелациониот суд вели дека „фактите коишто ги зел за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењата на вештите лица на Јавниот обвинител и на одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и по однос на вредноста на уништената опрема“. Јасно ли ви е што е овде напишано? Напишано е дека целата доказна постапка е промашена и дека пресудата е донесена без докази.
На мене сево ова ми е јасно одамна. Напишав неколку написи за ова. Ме пцуеја читатели, ме навредуваа, ме клеветеа, но никој не седна и со аргументи да ми докаже дека не сум во право.
Како испаднав толку паметен?
Не бе, другарчиња, не е до памет работата. Треба само умот да се отвори.
За разлика од повеќето мои колеги (некои од нив и долгогодишни хроничари на судски процеси), кои во известувањето им дадоа предност на Обвинителството и на политичките моќници под чиј диктат и притисок беше составено фалично обвинение и потоа беше донесена неодржлива пресуда, јас постапив поинаку. Сум чул дека во нашиот правосуден систем веќе не е како порано, дека сега обвинителот и обвинетите се рамноправни странки во постапката. Логично, сфатив дека двете страни треба да имаат и рамноправен пристап до јавноста.
И така, решив да направам разлика. Да го обезбедам токму тоа, рамноправен пристап и за обвинетите и за нивните бранители. Сега го правам истото и за одбрана на Драги Рашковски. Пак некои ме пцујат, ме караат зошто сум ги објавувал брифинзите на одбраната и колумните на Рашковски. А јас истото ќе го сторам и за одбраната на Мухамед Зеќири, ако посака, се разбира. Рашковски и Зеќири мене не ми беа другарчиња, на Заев му беа. Добро, Муки го знам како колега, ама Драги не сум го сретнал никогаш. Тие беа блиски соработници и многу блиски пријатели на муртинецот. Патем речено, ако поранешниот премиер навистина му е кум на Мухамед и ако е чесен и честит како што се претставува (мислам на Зоќе, де), ќе му каже дека Геро во една прилика предварително го предупредил кумот Заев другарчето Муки да не прави некои работи и да си го покрие газот, зашто нема да биде на арно (за ова што го зборувам постои и сведок).
Простете за оваа дигресија, но не можев да одолеам. А сакав само да кажам дека е доволно малку непристрасност, отвореност и професионалност, за секој новинар и секој читател што ги читаше моите написи, во кои укажував дека на Сашо Мијалков и на Гордана Јанкуловска им се суди со фатални процесни повреди и без докази, да ми поверува. Ако не, оак, да провери дали она што го тврдам е вистина.
Е сега никој не мора да ме проверува.
Апелационите судии ја кажаа вистината.
И тоа е многу важно, драги мои. Тоа е суштински важно за тоа како функционира и како изгледа оваа држава.
Во една нормална, цивилизирана држава, во која владее правото, а не волјата на султанот, секој има право на законита и фер судска постапка. Апсолутно секој!
Да, и Мијалков, и Јанкуловска, и сите други осомничени за масовното прислушување.
Сега читам како некои се тупкаат в гради и тврдат дека биле прислушувани, та затоа биле разочарани, а ќе им пропаднеле и оштетните побарувања. Се смеам кога читам вакви глупости. И јас сум еден од прислушуваните. И јас добив „диплома“ од СДСМ, односно це-де со транскрипти од мои прислушувани разговори. Мислам дека беа 12. После Заев ми понуди да ми ги сними сите мои разговори на стикче, бидејќи ги имало многу. Одбив, се разбира. И не поднесов никакво оштетно побарување, бидејќи не сакам арам пари од никого. Сакав само да се дознае вистината. А таа можеби нема да се дознае ако ова судење пропадне. А може да пропадне не поради застарување, туку поради политичка компромитација. И потоа вистината пак нема да се дознае, бидејќи за иста работа не смее да се суди два пати.
Штоооо? И за ова не сте чуле?! Е па за ова се учи на петти час во петок. Бурекот е изеден и се играат џамлии…
Се прашувам, а да не беше токму тоа идејата? Да не беше идејата никогаш да не се дознае како се прислушувало? И особено да не се разбере како потоа нелегалнните снимки стасале во рацете на Заев? И зошто од неговите раце се распрснаа на триста страни?
Не знам…
Навистина не е мое да судам. Не е наше да судиме. Не е на Анџела Агелер да суди. Не смеат да судат ни Пендаровски и компанија. Судат судиите. Ние следиме. Имаме право на свои мислења, но немаме право на свои факти. Затоа следиме мирно и спокојно. На судиите им оставаме да судат според законот и според сопствената совест.
Ако не постапуваме така, грешиме. И тоа опасно.
Кажав и ќе повторам – доаѓа крајот на Прекиот суд на Зоран Заев. Готово е. Финито. Тој што ќе се мачи да го задржи ден повеќе, да има на ум дека еден ден и самиот ќе заврши на обвинителна клупа. Напишав неколку пати досега, паѓа главата на Дантон, ама после паѓа и главата на Робеспјер. Па дајте, мајку му стара, сурфнете малку и научете кои се овие двајцата и што им се случило. Не почнува светот и историјата од Муртино…
Време е на обвинителите и на судиите да им помогнеме да демонстрираат интегритет, храброст и одговорност.
Погрешно се мисли дека тоа зависи само од нив. Не. И од нас зависи. Затоа, за почеток, намалите доживљај. И тоа е нешто…
https://plusinfo.mk/sho-e-voa-drugarchi-a-zoshto-an-ela-ne-e-razocharana-i-shokirana/
Моја забелешка (Трендафил)/ Никој од тие што јадат фекалии *гимна на македонски) не зборуваше кога застаре случајот против Владо Бучковски. По застарувањето истиот беше ангажиран во процесот на бугаризација на Македонија. Процес со кодно име пат кон ЕУ.

Koga ke gi piknat bugarite vo ustavot ke doznaes zosto Ageler ne e sokirana od presudata.
zozoti- Број на мислења : 359
Join date : 2018-11-22
Re: СУДСТВО
Спомнувањето на Бугарите во Ѕставот е интересно само од гледна тичка како брана на продолжување со протолколите со кои треба да се направи сериозен обид за бугаризација на македонците. Кога веќе е почнато со глпавото спомнување на секоја етничка заедница наместо сите да бидеме Македонци по државјанство, а етничката припадност да биде приватна работа. Реално не се плашам од Бугаризација заѕоа што по падот на оваа власт по првите избори кои не можат да бидат подоцна од две години, работите ќе се вратат во нормала затоа што така сака народот. Ако ВМРО и Левица заедно имаат рејтинг од 25% на последната анкета од ИРИ, а 58% сметаат дека државата се движи во погрешна насока, значи дека фронтот против предавниците е поголем.
Инаку на секој што има минимум политичка култура му е јасно дека не се коментира судски процес што е во тек ниту да критикува одлука без да го прочита образложението поради што е донесена. За потсетување и дека Мијалков е исклучен и не е член на ВМРО по неговата улога во Преспанскиот договор.
Инаку на секој што има минимум политичка култура му е јасно дека не се коментира судски процес што е во тек ниту да критикува одлука без да го прочита образложението поради што е донесена. За потсетување и дека Мијалков е исклучен и не е член на ВМРО по неговата улога во Преспанскиот договор.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Има ли никој информации што стана со криминалците што издавале фалсификувани уверениа на студенти дека дипломирале (меѓу кои и на синот на Талат Џафери) и кои со овие фалсификувани документи положоле правосуден испит и се апишале на академијата за судии и обвинители. Дали овие се одстранети од академијата или ја посетуваат како ништо да не се случило и утре и покрај криминалот што го направиле ќе работат во правосудниот систем?
Нема информации и што стана со дисциплинската постапка против Вилма Русковска. Ќе трае ли нејзината суспензија до нејзиното пензионирање?
Нема информации и што стана со дисциплинската постапка против Вилма Русковска. Ќе трае ли нејзината суспензија до нејзиното пензионирање?
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Toa prasaj vo vmro, tie gi izdavale vo 2015. Zatoa na izborite Levica ke bide faktorot koj odlucuva koj ke napravi vlada.
Albatros- Број на мислења : 847
Join date : 2018-08-08
Re: СУДСТВО
За фалсификуваните потврди за дипломи се дозна на крајот од минатата година. Никој не може да гони криминал за кој не се знае.
Малку ми е чудно кога симпатизер на опозициона партија пишува само против друга опозициона партија, наместо за грешките на власта. Ќе ме наведеш да го преиспитам мојот однос кон Левица за која во моментов сметам дека е добра за идна власт.
Малку ми е чудно кога симпатизер на опозициона партија пишува само против друга опозициона партија, наместо за грешките на власта. Ќе ме наведеш да го преиспитам мојот однос кон Левица за која во моментов сметам дека е добра за идна власт.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
КОИ СЕ И ШТО ПРАВАТ ЗАЕВИТЕ „КАМШИКАРКИ“ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ? Весна, Тања и Лорета ги дисциплинираат судиите
Пред да продолжиме со нашата главна приказна за тоа до каде се плановите на Зоран Заев за враќање во политиката на бел коњ и за целосно рекомпонирање на политичката мапа на Македонија, како актуелност на денот се наложува и еден осврт на активностите на Струмичанецот преку неговите инсталации во дел од правосудниот систем.
Активностите на Заевите инсталации во оваа област деновиве се интензивирани. Добро упатените тоа го толкуваат како последен обид на Заев да ги подеси „нишанските справи“ пред завршната битка за остварување доминација во СДСМ. Во оваа драма се препознава уште еден пиаровски обид на поранешниот премиер да ги убеди Американците – откако тие веќе и јавно ја дефинираа борбата против корупцијата како клучен приоритет за Македонија во периодот што претстои – дека токму Заев е најдоследниот борец против криминалот, корупцијата и особено против неказнивоста на судените и несудени криминалци.
Затоа неговите „камшикарки“ во Судскиот совет први добија задача да извршат груба атака врз судиите од Апелациониот суд во Скопје, за да испратат порака дека Советот е камп за превоспитување на судиите кои одбиваат да извршуваат политички нарачки.
Каква е улогата на Заевите „камшикарки“?
Но, да одиме со ред. Како што е познато, приказната за „камшикарот“ датира некаде од септември 2018 година. Тогаш поранешниот премиер Зоран Заев посака „камшикар“ од ЕУ и од НАТО, кој би дошол и би ги „подсредил“ сите од него па надолу. Камшикар од ЕУ и од НАТО тогаш не стигна, Заев потоа абдицираше поразен од граѓаните на локалните избори, но затоа почнаа да излегуваат на површина „камшикари“ во сите институции и насекаде околу нас, кои сега се обидуваат да ги „потсредат“ сите кои размислуваат со своја глава и одбиваат да спроведуваат политички нарачки.
Веднаш по одлуката на скопска Апелација, со која предметот „Таргет-тврдина“ се врати во прв степен, со свој коментар се јави токму Зоран Заев, кој од познавање на правото нема ниту „п“, освен ако за тоа не се смета периодот кога седна на обвинителна клупа како амнестиран за криминал во „Глобал“, потоа како обвинет за земање поткуп од по едно евро за квадрат и најпосле обвинет за аферата „Пуч“.
„Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија, со кои масовно се газат човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција. Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ, тоа нема да го испере овој срам и блам. Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат, бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Заев не беше заинтересиран за образложението на скопска Апелација, дека пресудата за „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, повреди кои влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и врз правилната примена на материјалното право. Советот на Судот тогаш образложи дека утврдил неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено подготвен примерок, односно дека во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Апелациониот суд Скопје информираше дека фактите кои што ги зел за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењета на вештите лица на Јавниот обвинител и на одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и по однос на вредноста на уништената опрема.
Иако дел од стручната јавност која е надвор од влијанието на Заев оцени дека Апелација правилно ја укинала пресудата како неодржлива по повеќе основи, веднаш по Заев се јави и претседателот Стево Пендаровски и буквално на невидено изрази шокираност и ја прогласи пресудата на Апелација за пораз на државата. Во секоја нормална држава во која постојат демократски стандарди и доследна поделба на трите власти (законодавна, извршна и судска), ваков притисок на главните лостови на извршната власт врз судската би бил невозможен, а кога сепак би се случил, би наишол на остар притисок од „четвртата власт“, од јавноста.
И веројатно затоа беше дадено зелено светло за активирање на „камшикарките“ во Судскиот совет поставени токму од Заев и од Пендаровски, за дисциплинирање на оние кои носат одлуки што не им се по волја. Тие добија директива да ја оправдаат довербата од тие што ги поставиле и битката да ја добијат на свој терен, а не само со фејсбук-објавите на Заев и со кампањата покрената во дел од медиумите.
Хајка врз скопска Апелација
Прва за збор се јави новоизбраната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, која се истрча да му излезе во пресрет на шефот кој ја поставил и го најави притисокот врз судиите од Апелација кои не се под контрола на Зоран Заев. Нејзе ѝ се придружија уште неколкумина „камшикари“ од Судскиот совет, кои единствениот начин за просперитет го гледаат во слепото следење на партиските директиви.
Судскиот совет на вчерашната седница го разгледа и го усвои извештајот од работната посета на Апелациониот суд Скопје. Премиерот Димитар Ковачевски, како носител на извршната власт, одби да го коментира извештајот, во кој се вели дека не биле запазени законските рокови за постапување на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина”, „Трезор”, „Транспортер” и „Алфа”. Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет и кoординатор на работната група која го испитуваше постапувањето на судиите, рече дека за тоа, како образложенија, биле наведени сложеноста и обемноста на предметите, како и боледувања и одмори. Во дел од медиумите на тапет е судијата известител за предметот „Таргет-Тврдина“, Енвер Беџети, за кого се тврди дека решавал нови предмети, а овој најважен предмет, за кој Апелација ја укина пресудата и го ослободи Сашо Мијалков, го чувал во фиока девет месеци.
И пред Беџети да добие можност да се брани или да каже штогоде, во рубриката „кој е кој во Апелација“ отворена му е биографијата и му се бара црно под ноктите. Но, тоа и не оди баш лесно, бидејќи неговата долгогодишна кариера по дипломирањето во Приштина во 1990 година оди прилично нормално и би рекле дури и здодевно праволински: секретар во општина Боговиње, управител на приватна фирма, генерален секретар на Тетовскиот универзитет, адвокатски приправник, адвокат, судија во Основниот суд Скопје 1 и на крајот судија во скопска Апелација. Единствениот наводно „спорен“ момент е наводно брзото напредување од Основниот суд во Апелација за период од две години.
Како и да е, овие небитни детали, од кои денеска се прави наратив за некоја нова медиумска приказна за евентуално да се подготви терен за отстрел на „спорниот“ судија Беџети, ги спомнуваме само како шлагворт за нашиот скромен попис на Зевите „камшикарки“ во Судскиот совет. Велиме скромен, зашто списокот на луѓето под директна или посредна контрола на поранешниот премиер во правосудниот систем е многу побогат. Но, за тоа во некоја следна прилика.
Значи, одиме сега на главната тема – кои се главните „камшикарки“ на Зоран Заев во Судскиот совет? Какви се нивните биографии? Што содржат анкетните листови за нивните имоти, кои се информации од јавен карактер?
Весна Дамева – најбогатата приправничка на СДСМ
Пред нејзиното именување во судскиот совет, Весна Дамева во правната фела беше „тера инкогнита“. По нашки, никој и ништо. Тешко ќе се најде правник или новинар кој ја знаел дека постои. Без потенцијал за судија или соодветен квалитет за да стане јавен обвинител или адвокат, врвен дострел во кариерата на Дамева е приправник, а потоа и стручен соработник во Основниот суд Скопје 1. Единствената работа со којашто може да се пофали во биографијата е дека била распоредувана во повеќе одделенија на Судот, а одреден период била и стручен соработник на претседателот на Судот, овластено лице за постапување по претставки и поплаки и овластено лице за посредување со информации од јавен карактер.
Посиромашна и посрамна биографија за еден претседател на Судскиот совет досега не била објавена.
Единствена работа по која ја знае јавноста е фотографијата од штабот на владеачката СДСМ каде што насмеана позира токму со Зоран Заев. После тоа, Дамева се правдаше дека случајно се нашла во штабот и не била член на СДСМ, туку како експерт му помагала на Заев.
Во нејзината биографија нема баш ниту една референца поради која таа би била предложена од страна на претседателот Пендаровски како член на Судскиот совет. Освен блискоста со Заев. Затоа единствената работа со која што може да се пофали во официјалната биографија е дека „на ден 12.12.2019 година е избрана за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија по предлог на претседателот на државата, а функцијата започна да ја обавува на 27.12.2019 година. На ден 05.12.2022 година е избрана за претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија“.
Нејзиниот анкетен лист од друга страна не ја одразува нејзината сиромашна правна кариера.
Дамева е побогата од 99% од судиите на кои им била приправник, а сега треба да ја оценува нивната работа.
Заедно со сопругот поседуваат благородни метали, златен и друг накит, со вредност од околу 20.000 евра, како и уметнички слики од нецели 10.000 евра. За нив не е објавен податок во имотниот лист на кој начин се стекнати. Сопругот пријавил и скапоцени часовници, кои вредат 24.000 евра, како и моторно возило „Ауди А6“, со вредност од околу 16.000 илјади евра, за кои исто нема податок на кој начин се стекнати. Брачниот другар пријавил и акции чија вредност не е наведена, како и удели од по 33 и 50 отсто во одредени фирми. Сопругот на Дамева поседува и две побарувања по основ на даден заем, и тоа едното од 1,7 и второто од 3 милиони денари.
Децата на Дамева им конкурираат на децата на Драги Рашковски и како нивен имот таа пријавила и 3.612 евра и 206 долари, како подарок, како и орочен денарски депозит од 87.985 евра, стекнат со договор за подарок. Децата поседуваат и трансакциски сметки. Брачниот другар на новата претседателка на Судски совет поседува и банкарски сеф во кој има 2,2 милиони, но не е наведено во која валута, а таа лично има кредит од 320.000, исто така непознато во која валута.
Тања Чачарова Илиевска – советничка на Заев за отварање на судството како пупка
Тања Чачарова Илиевска, која важи за десна рака на приправничката Дамева, нема поминато ниту еден ден како судија или обвинител, а и таа треба да ги оценува судиите. Нејзината адвокатска канцеларија не важи за позната, а тоа колку добро работела се гледа по фактот дека се отворала или се затворала во зависност од тоа дали Чачарова-Илиевска имала државен ангажман.
Најголема гордост и достигнување во кариерата ѝ е тоа што во периодот од 05.08.2017 до 30.11.2020 година работи како Посебен советник за правда во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија. Од 01.12.2020 година, до изборот за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија (16.12.2021 година), повторно ја врши адвокатската дејност.
Во јавноста не излегоа нејзини фотографии од штабот на СДСМ или во прегратките на Заев, но затоа немаше демант на информациите објавени во медиумите дека истата во повеќе наврати ги финансирала кампањите на Зоран Заев и СДСМ. Во годишниот извештај за 2018 година е евидентирано дека на сметка на СДСМ уплатила пари во два наврата. Во првата половина од годината 5.540 денари, а во втората – 7.500 денари.
Во годишниот извештај за 2020 година стои дека донирала 17.200 денари. Во извештајот од предизборната кампања за коалицијата „Можеме“, која ја поддржувала и преку својот Фејсбук профил, Чачарова донирала 5.600 денари и 16.000 денари.
Тогаш Чачарова тврдеше дека не е дел од политичка структура и дека секогаш ѝ било чест кога некој од неа барал адвокатски услуги и правни консултации, правдајќи се дека во канцеларијата на премиерот Заев била вработена во постојан работен однос, како што рече, врз основа на стручните достигнувања. Членувањето во судскиот совет ѝ претставува предизвик како на секој адвокат којшто сака напредок во кариера.
Токму во тој период Заев го отвараше судството како пупка, а недовербата во судовите и во обвинителствата го достигна дното. Практично, нејзина заслуга и заслуга на Заев е што поради тогашните „реформи“ и политичките процеси, довербата ги достигна сегашните 4%, со што Македонија е ставена на столбот на срамот.
Лорета Гeоргиева, богатата струмичка судијка на Заев
Сиромашна кариера и напредување само кога СДСМ и Заев се на власт е краткиот опис на биографијата на Лорета Горгиева, чиј најголем успех во кариерата е изборот за основен судија во Судот во Струмица.
На Георгиева ѝ биле потребни 6 години за да положи правосуден испит, но затоа не ѝ требало премногу време за да направи енормно богатство со сопругот државен функционер и да добие шанса да превоспитува судии кои носат одлуки спротивни на волјата на Заев.
Лорета е сопруга на Зоран Ѓоргиев, кој му бил советник и човек од доверба на градоначалникот на Струмица. Георгиева станува судијка по многубројните партиски перипетии во времето кога Судскиот совет беше под целосна контола на СДСМ и на туркање токму од Зоран Заев, тогаш тазе градоначалник.
Професорот Ѓорѓи Марјановиќ за изборот на Лорета Георгиева напиша: „Има ли нешто попонижувачко за една жена, некој да сака да ја направи судија не заради нејзините стручни квалитети туку затоа што му е сопруга на човек кој му помогнал на некојси Зоран Заев да стане градоначалник на Струмица“?
Можеби јавноста и не ја памети по некој судски процес, но затоа Георгиева е добро ситуирана, иако нема доволно образложенија во анкетниот лист, како таа и сопругот се стекнале со богатствата.
Луксузните возила „БМВ“, „Ауди“ и „Инфинити“ се дел од возниот парк на Георгиеви, со кои Лорета се пофалила во анкетниот лист. Нејзините деца, како и децата на Рашковски и на Дамева. исто така имаат богати девизни штедни книшки, но Горгиева не навела дали тие имаат по 15.000 евра или во друга валута. Таа и самата пријавила на своја сметка депозити тешки околу 3 милиони денари, а заедно со сопругот пријавила 9 имоти и куќи на подрачјето на Струмица. Нејзиниот сопруг има дадено на заем околу 10 милиони денари, а истиот зел кредит вреден 200.000 евра. Кому е даден заемот и од кого е земен кредитот не е наведено и осанува дилемата зошто се прикриени овие информации и дали заради нив таа може да има судир на интереси.
Двојните аршини на „камшикарките“
Тоа се трите главни „камшикарки“ на судиите кои носат одлуки спротивни од вкусот на Заев, тие тргнаа во пресметка со судиите на скопска Апелација.
Генералниот секретар на Владата на Зоран Заев , Драги Рашковски, уште на почетокот на 2021 година беше осомничен дека набавувал непотребен софтвер со државни пари и со тоа нанел значителна штета на буџетот, а неговите деца прилично се збогатиле. За кратко влезе и во затворски и во куќен притвор, а од тогаш поминаа цели две години и нема никаква пресуда за прилично едноставен предмет.
Тоа што завршницата за овој предмет не е ниту на повидок, за „камшикарките“ од Судскиот совет не е повод да покренат вонреден инспекциски надзор зошто рочиштата за Рашковски се закажуваат еднаш во месецот.
Помина и повеќе од една година откако вториот генерален секретар на Зоран Заев, Мухамед Зекири, беше обвинет за тежок криминал вреден стотици илјади евра. Ни тој предмет не е ниту блиску до завршница. Нема медиумски прозивки, нема згрозувачки реакции од Заев и од Пендаровски за развлекување на предметот и нормално нема реакција од „камшикарките“.
Нема реакција ниту за постапувањето на врховните судии кои со години не носат одлука по барањата за вонреден правен лек од страна на лицата осудени за тероризам за упадот на 27 април. Судскиот совет не помислува да изврши контрола зошто Врховниот суд не се произнесува, иако десетици луѓе со години не може да си ги видат семејствата и го губат здравјето по затвори. За истиот случај судот во Шведска процени дека е политички, а за посериозен инцидент кога во Конгресот во САД имаше и жртви, од тамошните судови беа изречени драстично пониски казни.
Наместо заклучок
Нема да си дозволиме да го оценуваме извештајот на Судскиот совет по работната посета на Апелациониот суд во Скопје. Иако јавноста со право се нарекува „четврта власт“, правосудните институции постапуваат (или би требало да постапуваат) во строго форматирани постапки и така донесуваат пресуди, одлуки, заклучоци, извештаи и други акти. На увид и на оценување на „четвртата власт“, според нашето чувство за фер однос и справедливост, се само оние одлуки во кои спротивставените страни имале фер третман и еднаков пристап до јавноста.
Секогаш кога ќе оцени дека страните во судските постапки не се третирани фер, Плусинфо им овозможува пристап кон јавноста, со цел засегнатите страни да ги изнесат своите аргументи. Затоа нашите анализи на повеќе спорни судски предмети со т.н. висок сензибилитет, како што беа и анализите за „Таргет-Тврдина“, подоцна беа потврдувани со судски пресуди.
Во случајот на „камшикувањето“ на Апелациониот суд во Скопје, во овој момент, без да навлегуваме во материјална расправа за извештајот – уште помалку во оценувањето на интегритетот и во хајката врз еден судија за кој не знаеме дали воопшто има основано сомневање вака да биде изложен на столбот на срамот – можеме само да кажеме дека јасно и недвосмислено се препознава ракописот на големиот манипулатор и „камшикар“ во политиката, Зоран Заев.
Во следните анализи на Заевиот поход на Бихаќка, но и на неговите обиди да пронајде нови сојузници на македонската политичка сцена за да го оствари својот пеколен план, ќе се осврнеме и на причините поради кои тој сѐ уште жестоко притиска врз своите инсталации во правосудството. Но, нашиот впечаток е дека на голем дел од луѓето во фелата сепак им е јасно дека влијанието на Струмичанецот опаѓа и дека тој се помалку ќе биде кадијата што тужи и што суди. Времето на Заев минува. Тоа им е јасно и на неговите „камшикарки“ и „камшикари“ во судството. Освен на оние што не можат да излезат од својата тесна кожа.
https://plusinfo.mk/koi-se-i-shto-pravat-zaevite-kamshikarki-od-sudskiot-sovet-vesna-ta-a-i-loreta-gi-discipliniraat-sudiite/

Овој пат ќе ти прогледам низ прсти, само за тие што читаат да добијат увид во фрустрациите на писателот. Следниот пат кога во тема што не е „Интервјуа и колумни" ќе постираш колумна, го бришам мислењето.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: СУДСТВО
Се извинувам ако погрешив, но тоа што го мисли колумнистот го мислам и јас.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДСТВО
Одлуката на судот е техничка, односно констатираат дека не е завршена постапката во Македонија, Се чека на одлуката на Врховниот суд, кој пак изгледа чеја да се смени власта, односно му е страв да одлучи додека СДСМ и ДУИ се на власт. Во секој случај веројатно ќе следи тужба за неносење одлука во разумен рок, доколку потрае чекањето.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Страна 3 of 5 • 1, 2, 3, 4, 5
Страна 3 of 5
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|