Во спомен на Никола Младенов!!!
+4
Bosonoga
Hamad bim Khalifa
трендафил
defo
8 posters
Страна 1 of 1
Во спомен на Никола Младенов!!!
Денес се навршуваат точно 3 години од смртта на основачот на Фокус, Никола Младенов. Како дете уште се сеќавам татко ми редовито го читаше уште во 95-96, отвараше теми за атентатот на Киро, приватизацијата, шверцот со нафта....и други забранети теми. Беше ословуван како рекетар....а секогаш беше критизер на власта, секогаш ја рчкаше нивната темна страна, ај имаа и ја имаат....Но некого му присмета, и бидна тоа што бидна, Македонија, сите ние изгубивме борец за подобро утре.
Колку чини слободата!!!
Кога новинарот е водач на борбата за демократија
Штом ќе се добереа до власта, веднаш почнуваа да мрштат чела на сѐ што ќе се дрзне да ги критикува. Паднеа ли од неа, автоматски вклучуваа мозок и го констатираа отсуството на можноста за слободно мислење и негово јавно изразување. Во тие моменти, среде паднатите властодршци, „Фокус“ в миг се трансформираше од црн ѓавол, кој не им давал мир додека владееле, во безмалку единствен простор за пласирање на нивните опозициски мислења!
Колку чини слободата!!!
Кога новинарот е водач на борбата за демократија
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Бог да го прости Никола Младенов.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
трендафил напиша:Бог да го прости Никола Младенов.
Abe licemeri, ne se vika taka. Se vika: "Bog da ni e napomosh" !
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Ме провоцираш, прости ми Никола, Бог да те прости, на тема што е посветена на загинатиот Младенов да морам да ти одговорам дека вам ни Господ не може да ви помогне, ако мислиш на победа на изборите. Без разлика кој го црпнал Заев од нива во Муртино, а Катица од смокварник во Мрзенци.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Mladenov beshe opozicija i trn vo okoto na sekoja vlast...Sekjavanjeto na nego e znak deka seushte ne ischeznale site chesni makedonci...Slava mu...
Гостин- Гостин
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Точно Тео, ама кој разбрал разбрал кој не..
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Вчера гостин на 1 ТВ беше Билјана Младенова, сопругата на Никола Младенов и сегашен сопственик и директор на Фокус. Таа изјави дека единствена причина за смртта на нејзиниот сопруг е пребрзото возење. Тоа на сите што не се полни со омраза кон тие што размислуваат политички различно од нив или полни со љубов кон најголемиот лажго на македонската политичка сцена или се информираат од најлажливата новинарска група во Македонија (соросоидите) им беше јасно од самиот почеток. Да потсетам дека Заев навестуваше наводно вмешување на минатата власт и во терористичкиот напади кај Смилковското Езеро и во кумановско Диво Насеље. Тажно е кога некој идиот користи такви тажни настани за да добие политички поени, а уште потажно кога не е мал бројот на луѓе што веруваат во тоа. Бог да го прости Никола Младенов. Нека почива во мир далеку од валканите раце и лажливи гласови на политичарите кои се обидуваше да ги доведе во ред. Да нагласам и дека не се согласувам со напишаното на Фејсбук статусот „Има ли некој нормален што уште му верува на овој човек после се“. Човекот е толку добар лажго што може да натера и нормални да му веруваат. Тоа му е вродено. Лаже и без потреба.
https://www.facebook.com/CaoZaev/videos/2106596152766206/
https://www.facebook.com/CaoZaev/videos/2106596152766206/
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Моето мение не е сменато, само што ме разочара Билјана со ваквите изјави, некако брзоплета дадена, или можда од некој поголем дил, ќе покаже времето. Секако како и да е Македонија изгуби човек со јајца.
Јас и натаму се сомневам во неговата смрт, сем со доказ не биде поинаку кажано.
А за Диво насеље, изгореа тие шо изгореа Трендо, нарачувачот, по се изгледа ќе си помине неказнето. Се надевам за Смилковско ќе биде поинаку.
Јас и натаму се сомневам во неговата смрт, сем со доказ не биде поинаку кажано.
А за Диво насеље, изгореа тие шо изгореа Трендо, нарачувачот, по се изгледа ќе си помине неказнето. Се надевам за Смилковско ќе биде поинаку.
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Дали сакаш да кажеш дека се сомневаш дека можеби Сашо Мијалков и Заран Заев ја извеле „операцијата“ по налог на евентуален заеднички газда со цел на создавање на нов народ кој има моќ на трансформација. Во Македонија е македонски, во Бугарија бугарски во Грција грчки. Зошто Арнаутите во Македонија или Косово се Албанци, а Македонците може да бидат од различна етничка припадност и ако се браќа и сестри. Прифативме ли дека Грците, Бугарите и евроатлантската заедница се неизлечиво ненормални, па немаме иднина ако не лажеме дека сме Македонци со векови.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Шо трабунаш бе, не те сфаќам?
Што има врска новото име и вашите ДПМНЕ-оски утопии со Младенов?
Немаат никакви!!!
Младенов настрада пошто сакаше да ја открие вистината за Македонската (квази) мафија, не за име не за национализам, не за ништо, сакаше да ги открие џелатите кои од каприц уништуваа цели фамилии, и пикаа пари кои ни јас, ти па уште помалку може да ги изговориме, е тоа сакаше Младенов. Јасно.
Што има врска новото име и вашите ДПМНЕ-оски утопии со Младенов?
Немаат никакви!!!
Младенов настрада пошто сакаше да ја открие вистината за Македонската (квази) мафија, не за име не за национализам, не за ништо, сакаше да ги открие џелатите кои од каприц уништуваа цели фамилии, и пикаа пари кои ни јас, ти па уште помалку може да ги изговориме, е тоа сакаше Младенов. Јасно.
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Според се нема некој голем сомнеж за нешто повеќе од класична сообраќајна несреќа. Ако имало нешто, треба да е извршено од УБК на Сашо Мијалков. Човекот што беше еден од тие што учествуваше во уцените и корупцијата на пратениците што гласаа за уставните промени, па ако е така јас се сомневам дека Никола Младенов бил жртвуван од заевистите (квислинзите) во кои го вклучувам и Мијалков за да падне побрзо минатата власт и побрзо да ни се смени името и да ни се кастрираат историјата, идентитетот и јазикот.
Пак да напишам дека по еден ден од несреќата мислам дека Никола Младенов загина во класична сообраќајна несреќа и дека не ме изненадува тоа што конечно истото го изјави и неговата сопруга. Посебно така мислам откако најголемиот лажго на овие простоти, Зоран Заев го кажа спротивното. Што се однесува до криминалците, нешто не гледам дека проработе бројчаникот на порта Македонија. Што би рекле нема судска потврда за криминал од претходната власт. Ако имало, пак ќе изразам чудење зошто ако порано се крадело, а сега не се краде, нема вишок пари во буџетот. Плус зошто помалку се гради.
Од почит кон Никола Младенов ајде да се договориме да не се препукуваме за други работи на оваа тема.
Пак да напишам дека по еден ден од несреќата мислам дека Никола Младенов загина во класична сообраќајна несреќа и дека не ме изненадува тоа што конечно истото го изјави и неговата сопруга. Посебно така мислам откако најголемиот лажго на овие простоти, Зоран Заев го кажа спротивното. Што се однесува до криминалците, нешто не гледам дека проработе бројчаникот на порта Македонија. Што би рекле нема судска потврда за криминал од претходната власт. Ако имало, пак ќе изразам чудење зошто ако порано се крадело, а сега не се краде, нема вишок пари во буџетот. Плус зошто помалку се гради.
Од почит кон Никола Младенов ајде да се договориме да не се препукуваме за други работи на оваа тема.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
da ne znaesh zoshto go lociraa spored mobilniot ,a potoa mobilniot go "snema",zamisli i listinzite od razgovorite gi snema
Bosonoga- Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Знам дека на мобилен исклучен пред неколку месеци може да се утврди на која локација бил исклучен. Не знам од каде ти е информацијата дека листинзите од телефонските разговори ги снемало, ниту каква врска имаат разговорите со сообраќајката. Ако ти е информацијата од Зоран Заев или некој од порталите финансирани од Џорџ Сорос, размисли дали треба да им веруваш. Бидејќи не си како мене што гледам во минатото, туку гледаш во сегашноста и иднината, те молам да ми објасниш што е целта на ова што го пишуваш. Дали ги обвинуваш Зоран Заев, Оливер Спасовски, Агим Нухиу, Обвинителството или некој друг дека не сакаат да го решат случајот на начин што го посакуваше.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Слава ти.....
Едино за мене дискутабилно останува и ќе остане, зошто доскорешното раководсто на МВР и Обвинителството не го разрешија случајот. Зошто останаа многу енигми, видите драги СДСМ-вци (или комуњари како сакате), едно општество за сите не се гради со помирување, налик на скриена амнестија. Колку за криминалите со пари ајде било како, ама во некои случаеви треба одење до крај. Затоа мислете му ја за во иднина. #НемаПравдаНемаМир
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Нека му е лесна земја на Никола Младенов, кој посмртно беше злоупотребен од црпнатиот од село Муртино. Едно општество за сите тешко дека може да изгради некој што сака да ја злоупотреби несреќата на некого, без разлика дали се работи за Никола Младенов и неговото семејство или за пандемијата што го загрозува целото човештво. Не може на пример во јавно здравство тестирањето да чини 4.950 денари, а во приватното 1.500 кај Жан Митрев (ист тест со земање на брис од иста фирма) или 1.200 денари кај Орце Камчев тест со проверка на антитела во крвта. И да мора секој позитивен од приватното да се провери во јавното здравство (кај што имавме случај како што велат кумановци на почината без вирус, според тестовите, која вирусот го добила по смртта). Да не ги споменувам респираторите кои требаше да стигнат до крајот на минатата недела, а се откажаа откако новинарот на Инфомакс Александар Митевски изнесе документи од тендерската постапка на прес конференција, по што на опозиционите новибнари владата им забрани да поставуваат прашања иако имаат акредитации за тоа. Ќе видиме дали Митевски ќе биде новиот Никола Младенов ако победи ВМРО на следните избори, а тој биде критичен и кон нив.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
5G-то е штетно дефинитвно, ама и 4G-то, и 3G-то, и EDGE, и фискни телефони и струја.........трендафил напиша: Ќе видиме дали Митевски ќе биде новиот Никола Младенов ако победи ВМРО на следните избори, а тој биде критичен и кон нив.
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
neka mu e lesna zemjata ,spomen so pochit
Zhane- Број на мислења : 177
Join date : 2019-05-26
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
chovekot beshe legenda slava mu
OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Никола Младенов пишуваше за пропустите на власта, кој и да е на власт. Не знам друг таков новинар или политичар. Сашо Мијалков или Венко Филишче, на пример, дрмаа со државата и во време на Груевски и во време на Заев.defo напиша:5G-то е штетно дефинитвно, ама и 4G-то, и 3G-то, и EDGE, и фискни телефони и струја.........трендафил напиша: Ќе видиме дали Митевски ќе биде новиот Никола Младенов ако победи ВМРО на следните избори, а тој биде критичен и кон нив.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Ако бил, според тоа што го објавуваш, осуден од режимот (според вас) на Груевски, а сега е осуден и од режимот на Заев, изгледа дека постојат реални шанси Александар Митевски да биде втор новинар по Никола Младенов кој ја критикувал било која власт. Ќе видиме. За жал Фокус на Младенов не ја почитува патеката на својот основач и за прв пат е режимски весник.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
А бе знаеш ли ти да читаш? Прочитај поубаво не се брукај овде. Среќа што прочитав пред да коментирам.
Luxor- Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
Површно прочитав. Поентата била да се потенцира дека криминалец е Љубе Бошковски, па дека штом Митевски бил член на неговата партија мора и тој да бил криминалец. За мене тоа не значи ништо затоа што во седумдесеттите години од минатиот век и јас некое време бев член на СДСМ, па сега не сум пристрасен кон таа партија. Постои ли во реалниот свет партијата Обединети за т.н. северна Македонија.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: Во спомен на Никола Младенов!!!
трендафил напиша:Површно прочитав. Поентата била да се потенцира дека криминалец е Љубе Бошковски, па дека штом Митевски бил член на неговата партија мора и тој да бил криминалец. За мене тоа не значи ништо затоа што во седумдесеттите години од минатиот век и јас некое време бев член на СДСМ, па сега не сум пристрасен кон таа партија. Постои ли во реалниот свет партијата Обединети за т.н. северна Македонија.
Не пошо онај орангутанот, Мартин(Толоски) Протуѓер ја презеде и ја расформира со притиоци и уцени. Дури и на сопружници председателот на Општинската во Аеродром не му дозволи да си ја отвори кафаната.
defo- Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот