Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

3 posters

Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by defo Сре Мај 11 2016, 21:38

Ајде да направиме список кој се ќе оди на избори на 5 јуни. Засега сигурен само Јанко Бачев и народно движење за Македонија
БАЧЕВ ПРВ ПОДНЕСЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ ДО ДИК
Народно движење за Македонија на Јанко Бачев попладнево поднесе кандидатски листи за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

- Избирачкиот список не е проблем за одржување на изборите бидејќи спорни остануваат околу 40.000 гласачи што за една силна опозиција не треба да е никаков проблем. Од 1994 до 1998 избирачкиот список се зголеми на 212.000 гласачи, но тоа не му сметаше на Љубчо Георгиевски да го победи СДСМ. Од 1998 до 2002 година гласачкиот список е зголемен за 101.000 гласачи, но сепак Бранко Црвенковски го прегази ВМРО-ДПМНЕ. Веруваме дека народот нема да погреши и дека е време да се разбие овој бипартизам во земјата што го држат СДСМ и ВМРО – рече Бачев.

И ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе пратенички листи, ДУИ и целокупната опозиција предводена од СДСМ нема да го сторат тоа, додека се уште се очекува конечниот став на ДПА.
Извор

Грујо планира да е носител во првата изборна единица
Познати имињата на носителите на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски е носител на листата во првата изборна единица, а, министерот за надворешни работи, Никола Попоски во втората изборна единица.

Координаторот на пратеничката група, Илија Димовски ќе ја предводи третата И.Е, додека министерот за здравство, Никола Тодоров четвртата. Антонио Милошовски е носител на кандидатска листа во петтата, а во шестата И.Е е пратеникот, Влатко Ѓорчев.

Ова за Телма го потврдија високи партиски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Извор

Ипак, очекував уште некоја сателит партија да се „одважи“ за избори, сепак останаа само НДМ, ДПМНЕ и ГРОМ.
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Сре Мај 11 2016, 22:03

За мене не така одамна одевме на избори на кои учествуваше само една партија - СДСМ. Тогаш со име СКМ. Сега К-то го има сменето со ДС.
Не верувам дека сега ВМРО ќе го игнорира тотално бојкотот на дел од актуелната власт (СДСМ и ДУИ) и на опозиционата ДПА како што СДСМ во 1994 година го игнорираша бојкотот на ВМРО и (Л)ДП и си владееше до крајот на мандатот во 1998 година. Око не ви трепна ни кога во 1996 година се собраа повеќе од 200 илјади потписи со барање за референдум за предвремени избори. Тогаш и педераната (дел само како карактери, а дел и во вистинска смисла на зборот) од т.н.меѓународна заедница беа слепи, глуви и неми. ВМРО не сакаше да и наштети на државата, па не правеше насилни протести какви што сега прави СДСМ. На која изгледа Македонија не и треба ако не е на власт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by osa Сре Мај 11 2016, 23:14

трендафил напиша:За мене не така одамна одевме на избори на кои учествуваше само една партија - СДСМ. Тогаш со име СКМ. Сега К-то го има сменето со ДС.

kolku da te potsetam iako nema efekt ,ti si nepopravliv tip ,no eve ke se obidam ...znaesh li koj stoi na chelo na DPMNE ????najgolemite komunjari koi ja osnovaa partijata DEMOKRATSKA ALTERNATIVA poznata kako D.A. na CILE ..ova go znaesh no se pravish so saila glup ...tolku bea golemi komunjari direktno vmeshani vo ZDELKITE za isprakanje na GOLI OTOK shto ni SKJ koja ja spomnuvash ,segashna SDSM nemozeshe da gi primi vo svoite redovi ...oni ne gi sakaa tie zlonamerni komunjari ...no DPMNE gi pribra vo svoite redovi i im ja predade partijata pod nivna palka ....SITE ,ama bash site shto se na chelni mesta vo DPMNE se od taa partija ,DA

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by osa Чет Мај 12 2016, 00:29

Листа „КОМУЊАРИСТАН“

Автор: Членовите на форумот „Воденица“
Идеја: Воденичар „ROMA“
Напомена: Листата редовно се ажурира со нови примери

Ова е т.н. Листа „КОМУЊАРИСТАН“ каде што ќе се запишуваат имињата на сите поединци од актуелната власт кои што во минатото биле функционери во СКЈ или СКМ, како и функционери и членови на „левите“ партии во самостојна Македонија.

1. Никола Груевски – поранешен член на ДА, партија основана од Васил Тупурковски

2. Гордана Јанкуловска - поранешен член на ДА, партија основана од Васил Тупурковски

3. Зоран Ставревски - Вицегувенер во НБМ, како кадар на СДСМ

4. Сашо Мијалков - поранешен припадник на титова Гарда

5. Орце Камчев - поранешен кандидат за градоначалник на СДСМ

6. Минчо Јорданов – поранешен заменик на Влада на СДСМ

7. Ванчо Чифлиганец - поранешен член на СДСМ

8. Силјан Мицевски - поранешен член на СДСМ

9. Срѓан Керим – поранешен висок функицонер на СКЈ и близок до СДСМ во 90тите

10. Ивица Боцевски - поранешен член на партиските одбори на СДСМ

11. Благој Ханџиски - поранешен член на СКМ

12. Владо Поповски - поранешен министер во Влада на СДСМ

13. Вељо Тантаров - поранешен член на СДСМ

14. Ѓорѓе Иванов - поранешен член на СКМ и член на Управниот одбор на СОРОС фондација

15. Јован Донев - поранешен член на СКМ и член на Управниот одбор на СОРОС фондација

16. Паско Кузман - поранешен член на СКМ и член на Управниот одбор на СОРОС фондација

17. Влатко Мијалков - поранешен член на СКМ и поранешен припадник на титова Гарда

18. Драги Наџински - поранешен Потпреседател на ОО на СДСМ Берово

19. Миле Јанакиевски - во студентските денови во Солун на својот ѕид има слика од Бранко Црвенковски

20. Михајло Маневски – поранешен член на СКМ и последен Комунистички министер за Правда

21. Мартин Протуѓер - по лобирање на СДСМ,се вработува кај Срѓан Керим

22. Љубисав Иванов Ѕинго - поранешен член на СКМ

23. Драган Павловиќ Латас - поранешен член на СКМ и секретар на ОО

24. Димитар Мирчев - поранешен член на СКМ

25. Ристо Никовски - поранешен член на СКМ

26. Мирка Велиновска - поранешен член на СКМ

27. Бранко Азевски -поранешен член на СКМ

28. Слободан Чашуле - поранешен член на СКМ

29. Панде Колемишевски - поранешен член на СКМ

30. Владимир Талески - поранешен член на СДСМ

31. Страшо Милкоски - поранешен член на ЦО на СДСМ и пратеник

32. Ивица Конески - поранешен член на СДСМ

33. Панде Лазаревски - најмлад делегат на последниот конгрес на СКЈ

34. Виктор Камиловски - поранешен член на СДСМ

35. Никола Бакрачески - поранешен член на СДСМ

36. Јованка Точко - носител на листа на ДПМНЕ во Охрид, поранешен член на СДСМ

37. Зоран Алексов - екс градоначалник на Штип, поранешен член на СДСМ

38. Емил Угриновски - советник на ДПМНЕ во Карпош, поранешен член на СДСМ

39. Ванчо Каргов - поранешен член на СДСМ и директор на Царина

40. Сокол Митревски - генерал во ЈНА и член на КПЈ, аѓутант на Киро Глигоров

41. Панчо Минов - Бивш член на СДСМ, ЛП и ЛПД

42. Благородна Дулиќ - Член на Врховен суд, како кадар на СДСМ

43. Теута Арифи - Поранешен член на Управниот одбор на СОРОС

44. Илија Димовски - Поранешен функционер на младинскиот совет на СОРОС

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Чет Мај 12 2016, 09:42

osa напиша:
трендафил напиша:За мене не така одамна одевме на избори на кои учествуваше само една партија - СДСМ. Тогаш со име СКМ. Сега К-то го има сменето со ДС.
Не верувам дека сега ВМРО ќе го игнорира тотално бојкотот на дел од актуелната власт (СДСМ и ДУИ) и на опозиционата ДПА како што СДСМ во 1994 година го игнорираша бојкотот на ВМРО и (Л)ДП и си владееше до крајот на мандатот во 1998 година. Око не ви трепна ни кога во 1996 година се собраа повеќе од 200 илјади потписи со барање за референдум за предвремени избори. Тогаш и педераната (дел само како карактери, а дел и во вистинска смисла на зборот) од т.н.меѓународна заедница беа слепи, глуви и неми. ВМРО не сакаше да и наштети на државата, па не правеше насилни протести какви што сега прави СДСМ. На која изгледа Македонија не и треба ако не е на власт.

kolku da te potsetam iako nema efekt ,ti si nepopravliv tip ,no eve ke se obidam ...znaesh li koj stoi na chelo na DPMNE ????najgolemite komunjari koi ja osnovaa partijata DEMOKRATSKA ALTERNATIVA poznata kako D.A. na CILE ..ova go znaesh no se pravish so saila glup ...tolku bea golemi komunjari direktno vmeshani vo ZDELKITE za isprakanje na GOLI OTOK shto ni SKJ koja ja spomnuvash ,segashna SDSM nemozeshe da gi primi vo svoite redovi ...oni ne gi sakaa tie zlonamerni komunjari ...no DPMNE gi pribra vo svoite redovi i im ja predade partijata pod nivna palka ....SITE ,ama bash site shto se na chelni mesta vo DPMNE se od taa partija ,DA
И јас бев член на СДСМ пред четириесетина години, но тоа нема никаква врска со сегашноста. Секој треба да признае кога ќе погреши и ќе појде во погрешна насока да се исправи. Да се вратам на уринирањето, пардон фарбањето. Еве ќе ве пофалам, дека вчера колку толку фарбавте цивилизиранио, односно не оштетувавте згради на институции и обележја на значајни личности и настани туку го фарбавте портретот на нашиот претседател, Ѓорѓе Иванов. Минимална замерка е дека можевте да ставите најлон да не се исфарба коловозот. Не знам дали имате добиено заушки од ЕУ за тоа што ја опоганивте зградата на УЈП што беше во завршна фаза на реновирање, а сега ќе треба да се ререновира за да може свечено да се пушти во употреба.
Ако добро ве разбирам мислите дека Албанците најповеќе ја сакаат Македонија и се најдемократска етничка заедница во Македонија, бидејќи ниту една парија на Македонците со албанско етничко потекло не пријави кандидати за пратеници. Сите други етнички заедници имаат партии што се дел од коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by defo Чет Мај 12 2016, 19:04

И да не заборавам на избори и СДПМ на Бранко Јанески со баба Рада, Јана Маја, Игор Иваноски........

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Чет Мај 12 2016, 20:12

Веројатно не е изненадување кога опозициона партија, ДПА, ги бојкотира изборите. Но кога тоа го прават партии од власта, СДСМ и ДУИ работата е многу шашава. Можеби грешам, но мислам дека опозиционата ДПА и владината ДУИ не донесоа сопствена одлука за бојкот на изборите, туку дека некој што сака да заведе диктатура во Македонија ги натера на тоа. Не знам што ќе не очекува во иднина. има интересни опции. На пример ако ВМРО победи на изборите со мнозинство, ако окупаторот дозволи некогаш да имаме избори, па не му треба коалиција за да избере влада, дали ќе избере рамковен процент министри на припадници од мелцинствата (немнозинските заедници кажано според наметнатиот Рамковен договор) од сопствените редови или доколку нема со конкурс? Или во поскора иднина што ако ДИК јасно и гласно ја објави вистината дека услови за избори имало и има. Што правиме со колатералната добивка од проверката на избирачкиот список дека окулу 350 илјади Македонци со албанско етничко потекло се отселени од последниот попис, па колкава е всушност нивната бројка, која никако не може да дојде до 20% ако сите малолетни не се Албанци што сигурно не се. Чудно е некој да протестира за наводна диктатура, а да протестира пред министерство за култура, а не пред министерство за внатрешни работи. Кога протестите ги организира нели божем граѓанскиот сектор кој е во сопственост на Џорџ Сорос, а не на Зоран Заев.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by defo Пет Мај 13 2016, 08:13

Види една работа во Македонија живееле 1.900.000 граѓни од нив 440.000 гласале за ДПМНЕ, што значи не сте мнозинство него во проценти сте 25% наспроти 75%. Што значи дека 1/4 од населението малтретира за нив познати цели 3/4 од населението, кое е жртва, на нечија желба за фотеља, државна работа и слично.
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by defo Саб Мај 14 2016, 17:29

ДПМНЕ V.S ДПМНЕ на избори

СДПМ на Бранко Јаневски ги повлече кандидатските листи, а Народното движење на Македонија во законскиот рок не ги отстрани неправилностите. ДИК не може да ги прифати листите на Јанко Бачев.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ останува единствен учесник на изборите закажани за 5. јуни.

ДИК ќе треба да испрати нов допис до собранискиот спикер, Трајко Вељаноски во кое ќе го извести за новонастанатата состојба. Во Република Македонија, споротивно на Уставот е во повеќепартиски систем да се организираат избори на кој ќе учествува само една партија, партијата на Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата на ДИК на која ќе се направи ова известување ќе се одржи утре.

Ова е уште еден аргумент дека е потребно повторно свикување на Собранието бидејќи не е возможно да се одржат избори на 5 јуни.

На собраниска седница ќе треба да се поништи одлуката за закажаните избори. Вчера ДИК едногласно констатираше дека не можат да се одржат изборите на 5. јуни бидејќи изборни единици се поголеми од законскиот лимит, а во изборната единица седум не се пријавени доволно лица за да гласаат во дијаспората.

ДПМНЕ остана само да оди на избори, со што ќе се оствари желбата на Трајко Вељаноски да има во собранието 123 пратеници, и сите да се на ДПМНЕ.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Саб Мај 14 2016, 22:01

defo напиша:Види една работа во Македонија живееле 1.900.000 граѓни од нив 440.000 гласале за ДПМНЕ, што значи не сте мнозинство него во проценти сте 25% наспроти 75%. Што значи дека 1/4 од населението малтретира за нив познати цели 3/4 од населението, кое е жртва, на нечија желба за фотеља, државна работа и слично.
Претпоставувам дека ова си го напишал во афектна состојба. На последните избори ВМРО-ДПМНЕ доби 475 илјади гласови, а според анкетите на овие се очекуваше да добие повеќе. Забораваш дека и ДУИ беше дел од власта со стотина илјади гласови и дека никој со сила не ги натера да бидат власт. СДСМ пак со сила и со притисок на т.н. чадор влезе во власта. По твојата логика Вардар не е првак на Македонија во фудбал или Барцелона не е првак на Шпанија затоа што другите клубови заедно имаат повеќе бодови од шампионите. Интересна е леснотијата како тие што не излегле на избори или згрешиле кога гласале ги ставаш на листата на поддржувачи на Бејли, односно на СДСМ, ДУИ и ДПА како негови политички представници на изборите. Исто како и леснотијата со која се сака да се суспендира правото на претседателот да амнестира и да ја поништи амнестијата. Но да не може ни случајно да ја поништи аболицијата на Заев за Глобал или на Али Ахмети за командна одговорност за злосторствата против човештвото на УЧК или на некој Американец за воени злосторства било каде на светот кои Македонија се обврза дека нема да ги апси со закон што го донесоа СДСМ и ДУИ кога вие не коалициравте со терористи, а вработувавте по еден од секое семејство.
Повеќе од една година се зборуваше дека само со избори може да се разреши кризата што САД ја предизвика во Македонија, а сега кога е јасно дека на избори и покрај криминално снимените и криминално објавуваните монтирани разговори политичките представници во Македонија на чадорот не можат да победат имаме повторно обид за веројатно овој пат целосна диктатура, по делумната со влегувањето на СДСМ во власта. Дали тоа ќе успее ќе видиме. На повидок по арапската имаме балканска пролет.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Нед Мај 15 2016, 15:58

Груевски за агенцијата Франс Прес изјави дека избори на 5ти јуни ќе има. со тоа што ВМРО е спремна на уште едни избори до крајот на годината. Доколку СДСМ, ДУИ и ДПА до тогаш бидат спремни и соберат храброст да излезат на избори. Да не кажам, доколку Бејли ја смени наредбата и наместо бојкот им нареди да излезат на избори. Вие не сте под диктатура на Груевски, туку на САД. Само не можете да го разберете тоа. Ниту еден диктатор не дозволи министер за внатрешни работи да биде негов политички противник, уште странски послушник.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by defo Нед Мај 15 2016, 18:34

Уште едни избори на кои тој ќе тргне од позиција на 123 пратеници, од позиција на поголеми задолжување за потребите на изборите. Уште едни избори кои ќе му требаат за да ја испере диктатурата. Не би рекол дека ни требаат такви избори. Така да слободно нека тера ако сака и 200 пати на избори, нека ни испоапси сите кои сме против него...слободно..........терај..ако тоа го прави среќен немам проблеми......ама тоа ја прави несреќна Македонија.....е тука е проблемот измеѓу нас и вас...јасно....фала......

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by defo Нед Мај 15 2016, 23:08

Еве какви ќе бидат изборите на 5 јуни, само наместо Тито ми ти се кунемо ќе е ВМРО ти си нашта судбина и место Тито ќе е Грујо.....

Плус еден бонус скеч, секоја случајност со денешницата, не е случајна......

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Пон Мај 16 2016, 00:17

Има повеќе разлики во однос на гласањата во минатото кога СДСМ беше единствената партија. Прво ВМРО не е само на избори, туку се работи за изборна коалиција од повеќе од 20 партии. Потоа право да учествуваат имаа сите партии. Тоа што други не сакаа, е ајде да кажам нивен избор, а не диктатура на Бејли и чадорот. За жал потребно е да ја одиграме и оваа фарса за да покажеме дека Македонија е слободна земја во која народот бира власт, а странските амбасадори не се власт ниту ја бираат власта. На 5ти јуни практично имаме реприза од 8 септември, односно референдум за самостојност. Во времето кога СДСМ беше единствена партија ја контролираше и полицијата и изборната комисија, што сега не е случај.
За прв пат една партија, СДПМ, се одважи да каже дека се откажала од изборите под притисок на меѓународната заедница. Не сум сигурен и дека ДУИ и ДПА доброволно се откажаа од избори, но очигледно е дека дел од Македонците е спремен на ропство само за да биде неговата партија вазал, да не кажам слуга на некој си амбасадор. Што веројатно како неуспешен брзо ќе си замине од нашата татковина. Посебно ако Хилари Клинтон не победи на изборите во САД.
Интересно е што ќе биде после изборите кога коалицијата предводена од ВМРО ќе има 120 пратеника од 120 кандидати, па ако некој стане министер, а сигурно ќе стане, ќе мора да се распишат дополнителни избори за надополнување на тие пратенички места. Што ќе биде шанса за опозицијата, доколку Бејли ви дозволи да освоите некое пратеничко место.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by Гостин Пон Мај 16 2016, 02:58

Има разлика Трендо. СДСМ не ги бетонираше и одлагаше изборите 101 пат. Инаку, успеавте ли да ја прославите победата од изборите на 24 април без да убиете некој свој член а за тоа да ја обвините опозицијата?

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Пон Мај 16 2016, 11:25

Кога СДСМ беше на власт никогаш немавме предвреми избори. И кога беа собрани двеста и кусур илјади потписи (сда не кажам колку што освоивте гласови на последните избори) за распишување на референдум за предвремени избори, што го отфрливте. На изборите ќе учествува 21 партија. Па не може овие избори да се поистоветуваат со изборите кога СДСМ беше единствената дозволена партија. Еве ја листата;

1. ВМРО-ДПМНЕ
2. Социјалистичка партија на Македонија
3. Демократска партија на Србите во Македонија
4. Сојуз на Ромите од Македонија
5. Партија на правдата
6. Странка на демократска акција на Македонија
7. Партија на Власите од Македонија
8. Партија на интеграција на Ромите
9. Работничко земјоделска партија на Република Македонија
10. Нова Либерална Партија
11. Партија на обединети демократи на Македонија
12. Демократска алијанса
13. Демократска партија на Турците на Македонија
14. ВМРО-ДП
15. Демократски сили на Ромите
16. Демократска Бошњачка Партија
17. Обединета партија за еднаквост на Ромите
18. Демократска партија на Ромите
19. Социјалдемократска Унија
20. Роми обединити од Македонија
21. Граѓанска опција за Македонија -ГРОМ

Во врска со злоупотребата на несреќниот сплет на околности и губењето на еден млад живот само ќе те упатам дека кога ќе се прославува изборната победа министер уште ќе биде вашиот Оливер Спасовски, па него треба на партијски состанок да го праша што планира.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by defo Пон Мај 16 2016, 20:58

Трендо, знаеш каде е седиштето на Нова Либерална партија????
Јас ќе ти кажам на раскрсницата меѓу Орце Николов и Рузвелтова, на самата раскрсница, една куќа, на еден од балконите има транспарент Нова Либерална Партија, често покриен со распослан веш за пружење.
Very Happy

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Пон Мај 16 2016, 22:18

Не знам колкава партија е Нова Либерална, но очигледно е дека е една од партиите од која чадорот и неговите домашни слуги се исплашија и побегнаа од изборите. Гледам во интервјуто за Дојче Веле портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич изјавува; „ Комисијата во повеќе наврати ја посочи потребата за прочистување на гласачките листи, обезбедување на балансирани медиумско известување и истражување на заканите врз гласачите. “
Гледам дека уште бладаат за избирачкиот список иако никој за него нема забелешка. Во смисла дека е во потполност усогласен со законот. Проблем е само со тие што се државјани на Република Македонија, а живеат во странство и кои 90% се Албанци и ако гласале гласале за некоја партија која ги бојкотира изборите. ЕУ финансира медиуми кои не што не известуваат балансирано, туку лажеа дека мајка со девојче биле убиени во кумановски Диво насеље минатата година или што го објавуваа сонот на Тричковски за атентат на тогашниот и иден премиер. Веројатно тоа е балансираност според ЕУ. Јас не знам за закана кон гласачите, но очигледно е дека имаше закани врз ДУИ и ДПА да ги бојкотираат изборите за да може Маја и другите да јадат фекалии за нашите избори. Ајде напишете ми едно име на медиум што добива пари од меѓународната заедница, а известува балансирано. треба ли да потсетам дека сегашниот закон за информирање, кој овозможува неограничено клеветење со ограничена парична казна е донесен со закана на САД и ЕУ врз македонските партии. Тоа беше веројатно припрема за објавување на т.н. бомби, односно криминално снимените телефонски разговори. И меѓународната заедница и нивните домашни слуги треба да размислат колку идиотски се однесувале кон Македонија и Македонците што по серијата бомби и стотината милиони евра вложени во пропаганда и божем граѓански здруженија мораат да бегаат од избори како „смрдливи вагинчиња“.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Вто Мај 17 2016, 16:06

Вообичаено во спортот е дека ако конкурентите се предадат без борба, тој што е спремен за игра се прогласува за победник. Можеби така треба да се постапи и со изборите. Коалицијата што не се плаши од соочување со народот да биде прогласена за победник без непотребни трошоци окулу гласањето. Ајде да видиме што ќе превземат сега лажговците што гарантираа избори за 24 април, па ги префрлија за 5 јуни. Сега бараат трет термин веројатно. Утре доаѓа да се обиде да ни го наметне своето мислење како да сме окупирана земја предсатвникот на САД за да размени мисли со нашите политичари, односно да се обиде да ги натера да го прифатат неговото мислење како свое. На радост на неговите слуги во Македонија кои се мнозинство изгледа и на нашиов форум.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by Гостин Вто Мај 17 2016, 19:57

Здраво Трендо. Поздрави од народот за твојот пастир.

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Prote-so-grujo-o

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by defo Вто Мај 17 2016, 20:08

Да му објаснеме на Трендо која е целта на овие избори.....Целта на избориве е Грујо да се обезбеди, во случај на поништување на аболицијата (а ќе биде), ќе има пратенички имунитет. Бидејќи вакви какви што ќе се изборите, ќе влезат сите 120 предложени кандидати, и ако никој од нив не ќе може да го напушти пратеничкото место, бидејќи нема кој да го замени.  Значи Грујо не претендира да биде премиер (бидејќи таа функција нема имунитет), едноставно сака да си го спаси своето задниче како и досега.
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by трендафил Вто Мај 17 2016, 21:22

Овие избори не се желба на Груевски туку се на барање на СДСМ и под притисок на т.н. меѓународна заедница. Очигледно е дека имате проблем со меморијата. Погледнете што пишувавте минатата година во ова време или порано. Вие баравте избори, а јас сметав дека се непотребни затоа што резултатите ќе бидат слични со тие од претходните избори. Вие тогаш се лажевте и самите себе си дека народот го сака црпнатиот од нива. Не спорам дека еден дел од народот мисли исто како вас, но се работи за помал дел од народот. Јас не мислам ниту дека ДУИ демократски одлучи да се повлече од изборите, туку мислам дека се работи за веројатно страотен притисок од страна на „демократските“ диктатори. А сигурен сум дека овие закани нема да бидат забележани во извештајот на „непристрасниот“ ОБСЕ. Не ли ви е срам да посакувате диктатура во својата земја?
Тоа што на мене ми беше јасно уште минатата година очигледно на скапо платените експерти од САД им стана јасно дури пред некој месец. Се чудат како тоа целата работа на одредени тимови експерти можела толку да промаши. А причини има повеќе. Странците прво се имаат дружено првенствено со дибеци соросоиди и со предавничкото крило од СДСМ, па врз основа на таа дружба изгледа правеле психолошки профил на еден Македонец, па имаат направено катастрофално промашување. Потоа на чело на превратот ставија еден прочитан амнестиран криминалец, сељак по карактер и самопрогласен за црпнат од нива во Муртино. Промашива и со обидот да бидеме застрашени со исламистичките напади на караулата Гошинце и во Куманово. Имавме и среќа, па Русија му покажа на светот дека вашите пријатели само симулираат борба со ИСИЛ која до тогаш само се ширеше. По влегувањето на Русија во војна со ИсИЛ почна да губи на сите фронтови, освен во Париз и Брисел. Да не зборувам за тоа што сакаат со досадна реприза на молеро-фарбарска револуција да предизвикаат некоја реакција, а веќе сите се проѕеваме од досада кога гледаме фарбање на споменици и установи и се помалку ни е жал за тоа што меѓу нас има неколку малоумници кои мислат дека со боја ќе дојдат на власт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!! Empty Re: Кој се планира да оди на избори на 5 јуни!!

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот