Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 39 of 43 Previous  1 ... 21 ... 38, 39, 40, 41, 42, 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Пон Ное 26 2018, 11:13

Лав – Среќна недела

Ова за вас е еден среќен период и на работното место и на сентиментален план. Деновите вторник и среда, со Месечина во конјукција, ќе бидат навистина прекрасни – очекувајте убави вести, средби и нови прилики кои треба да ги искористите! Од следната недела, за жал, на работното место може да се појави проблем бидејќи Меркур ќе стане неповолен – затоа максимално искористете ја неделата се до петок.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Пон Ное 26 2018, 11:13

Девица – Трпение

Драги Девици, уште малку вооружајте се со трпение – се до денот недела кога планетата Меркур ќе престане да ви создава невкусни шеги пред се на работното место. Веќе од следната недела ќе почувствувате големо олеснување. Во меѓувреме, уживајте во прекрасната Месечина особено во четврток, петок и сабота. Станува збор за три дена преполни со големи емоции во кои љубовта ќе биде главен протагонист.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Пон Ное 26 2018, 11:13

Вага – На врвот

Драги Вагички, за вас оваа недела ќе биде спокојна и полна со убави изненадувања. Венера во конјукција ви ветува големи емоции и незаборавни средби, додека Меркур – позитивен се до денот недела – е подготвен да ви даде нови прилики, успеси и потврди на работното место. Недела – суперсреќен ден со Месечина во знакот. Единствен недостаток – понеделник, кој изгледа ќе биде малку нервозен ден.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Пон Ное 26 2018, 11:13

Шкорпија – Добредојде Меркур!

Одлични вести за вашиот знак – почнувајќи од денот недела, планетата Меркур ќе се врати во вашиот знак. Затоа, подгответе се за следните недели, и простете им на ѕвездите што оваа недела нема да ви бидат толку наклонети. Но од следната недела, ветуваат дека ќе застанат на ваша страна со силна поддршка и ќе ви донесат големи промоции и успеси. Во меѓувреме, имајте трпение и избегнувајте тензични сутуации особено во вторник и среда кога Месечината е неповолна. Најсреќен ден во неделата – понеделник.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Пон Ное 26 2018, 11:13

Стрелец – Не губете време

Драги Стрелци, оваа недела ѕвездите ви советуваат да не губите време. Меркур останува во конјукција со вашиот знак се до денот недела и ќе ви помогне да постигнете се што сакате особено на деловен план. Љубовта пак е фаворизирана од прекрасен аспект на Венера која ќе ви донесе преубави средби и страсти, посебно во деновите вторник, среда и недела.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Пон Ное 26 2018, 11:14

Јарец – Внимавајте со партнерот

Венера за жал е неповолна и ќе продолжи да ви создава љубовни грижи. Со партнерот тензијата ќе станува поголема, но од средината на неделата ќе успеете да најдете разбирање и смирување. Сепак, многу нервозен ден е понеделник. Убави вести пак, следуваат на работно поле, но и за нив треба да се воздржите до следната недела, кога Меркур (од денот недела) ќе престане да биде неповолен.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Пон Ное 26 2018, 11:14

Водолија – Искористете го максимумот на Меркур

Искористете ја до максимум убавата позиција на Меркур кој е многу наклонет на вашиот знак и таков ќе биде до недела. Од следната недела нема веќе се да ви оди лесно од рака, особено на деловен план. Венера пак, е многу поволна исто така, и ќе придонесе вашата врска да стане постабилна. Внимавајте само на недоразбирања во нервозните денови вторник и среда.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Пон Ное 26 2018, 11:14

Риби – Уште сте на проба

Уште една недела во која Меркур е неповолен, играјќи си со вашите нерви на деловен план. Но работите значително ќе се подобрат од денот недела и ќе одат на подобро целата следна недела – се што сега ви изгледа невозможно и нерешливо, одеднаш ќе најде свое решение. Стиснете ги забите – особено во деновите четврток, петок и сабота кога неповолната Месечина ќе ви создава дополнителни проблеми.

https://lider.com.mk/zivot/nedelen-horoskop-za-periodot-od-26-noemvri-do-2-dekemvri/
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Дек 23 2018, 23:10

3 хороскопски знаци кои секогаш се заљубуваат во погрешни личности
watch_later 21. ДЕКЕМВРИ 2018. @ 17:57

Постојат луѓе кои свесно или несвесно постојано се заљубуваат во оние кои не можат да ги имаат, или пак кои не се за нив.

Овен

Тие се исполнети со храброст и самодоверба. Овните се многу силни личности кои секогаш се убедени дека се во право. Затоа и често се уверени дека љубовта е вистинска. Кога и да се заљубат, тие ја преземаат улогата на спасител и мислат дека со својата упорност можат секоја љубов да ја претворат во реалност. Но, штом сфатат дека згрешиле, стануваат многу депресивни и се обвинуваат себеси долго.

Бик

Биковите се практични и лојални. Тие сакаат интимност и љубов, но нивната лоша страна е нивната тврдоглавост. Навикнати се да се борат за тоа што го сакаат и да го добиваат тоа, но на крајот често прават кобна грешка која скапо ги чини. Биковите често кога ќе сретнат погрешна личност си ветуваат себеси дека никогаш веќе нема да сакаат, но тоа не трае предолго.

Рак

Раковите највеќе патат од сите знаци, бидејќи целосно се вложуваат со сите чувства во секоја љубов која ќе им дојде во животот. Нивната чувствителност често ги заслепува и се заљубуваат во луѓе кои не им одговараат.

kurir.mk/magazin/horoskop/3-horoskopski-znaci-koi-sekogash-se-zaljubuvaat-vo-pogreshni-lichnosti/

kako samo mi pogodile 100%

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пон Јан 07 2019, 17:00

Неделен хороскоп: Еден знак ќе има сопки на работното место - друг несреќа во љубовта
Овен – Поволно за љубов!

Почнувајќи од понеделник може да сметате на поволната Венера која ќе ви донесе вистинска љубовна радост во животот! Можни се нови средби, но и нови љубовни приказни – доволно е само да се ослободите од стравовите и да им се препуштите на страстите! Не врзувајте се за минатото, особено ако гледате дека старите врски веќе не се такви какви што биле…Викендот ќе биде супер среќен, зашто и Месечината ќе застане на ваша страна носејќи ви романтични моменти!

Бик – Убави вести

Биковите конечно ќе чујат супер вести! Во неделата која следува Венера конечно ќе ја смени положбата и нема веќе да биде во опозиција за вас. Сите кавги и недоразбирања со партнерот ќе бидат надминати, а врските ќе станат посилни. И на работното место ви пристигнуваат убави вести, благодарение на Меркур кој особено ќе биде дарежлив кон вас во петок и во сабота.

Близнаци – Венера во опозиција

Драги Близнаци, за вашиот знак има една убава и една лоша вест за претстојната недела. Да почнеме од убавата? Планетата Меркур, почнувајќи од сабота, нема веќе да биде во опозиција што значи дека работите на работното место ќе тргнат на подобро. Лошата вест пак, е што Венера ќе биде во опозиција и ќе ви донесе проблеми и недоразбирање на љубовно поле, особено на оние кои се во врска.

Рак – „Сопки“ на работа

За жал, драги Ракчиња, оваа недела планетата Меркур ќе влезе во опозиција со вашиот знак и ќе ги чувствувате одеднаш тешкотиите на работното место. Внимавајте да не избувнувате и да не влегувате во кавги, особено со претпоставените, зашто може да добиете и финансиска казна. Ако веќе имате за разрешување сериозен проблем на работа, почекајте ги деновите четврток и петок, кога Месечината ќе ве поддржи. На љубовно поле, ништо ново.

Лав – Не се нервирајте!

Неделата нема да ви започне баш како што сакате, а тоа се должи на Месечината која ќе биде во негативна положба за вас и ќе ви донесе бројни нервози и на љубовен и на деловен план. Но издржете до среда и не нервирајте се! Потоа, Венера ќе застане на ваша страна и одеднаш ќе почувствувате леснотија во сентименталниот живот. На работното место пак, за мрднување од „мртва“ точка, ќе мора да се воздржите уште извесен период. Главата горе!

Девица – Тензии со партнерот

Драги Девици, во претстојната недела, за жал, планетата на љубовта Венера ќе биде негативна за вашиот знак – меѓу вас и партнерот ќе се појават тензии, но и некој од вас ќе биде многу љубоморен! Од оваа гледна точка, најпроблематични денови ќе бидат четврток и петок, кога и Месечината ќе биде неповолна, па ќе се чувствувате многу нервозни и неразбрани. Подобро почекајте го крајот на неделата за да се соочите со проблемите и за дискусија со партнерот.

Вага – Среќа и во љубовта и на работното место

Супер вест за вас – во претстојната недела Венера ќе се врати на ваша страна! Оние кои се во пар ќе почувствуваат веселост во врската и подобрување на комуникациите, додека осамените може да сметаат на интересни нови средби. Внимавајте само на крајот на неделата – сабота и недела, кога нешто нема да биде онака како што сакате. Вторник и среда пак, ќе бидат суперповолни денови на работното место, кога може да очекувате многу убави вести.

Шкорпија – На повидок се добри вести

За жал, оваа недела планетата на љубовта Венера ќе го напушти вашиот знак, но вашите љубовни врски се веќе толку силни и стабилни што нема да го почувствувате напуштањето на Венера. На повидок се добри вести на работен фронт – почнувајќи од сабота, планетата Меркур ќе почне да ги фаворизира вашите деловни проекти и во следните недели може да очекувате многу важен предлог, или пак, нешто што долго го посакувате.

Стрелец – Ова е вашиот момент!

Подготвени сте да чуете како ви чука забрзано срцето од среќа? Доаѓа вашиот момент – оваа недела планетата Венера ќе влезе во вашиот знак носејќи ви цел период на голема среќа на сентиментално поле. И на работа треба да пристигнат убави вести – особено во деновите вторник и среда. Внимавајте само на малку стресните денови четврток и петок, кога треба да ги избегнувате деловните дискусии.

Јарец – Добредојде Меркур

Драги Јарци, прекрасни вести доаѓаат за вас – почнувајќи од сабота, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак! Ова значи дека следните недели ќе бидат од исклучителна важност за вашата работа – треба да пристигнат потврди, признанија, премии..Среќни денови во неделата се четврток и петок, на сите полиња. Малку умор ќе чувствувате само за време на викендот.

Водолија – Среќна недела

Конечно во претстојната недела ќе ви се врати насмевката кога срцето е во прашање. Последниот период не беше баш лесен за вас, но сега ќе ви се врати хармонијата во вашиот живот во пар, а ќе се врати и страста! Понеделник, вторник и среда ќе бидат три суперсреќни денови благодарение на Месечината во конјукција. Очекувајте важна средба или значајни прилики на работното место. Среќен е и викендот.

Риби – Љубовни проблеми

Драги Рипчиња, за жал оваа недела Венера нема веќе да биде добронамерна кон вас. Во вашиот сентиментален живот ќе се појават недоразбирања и тензии, а нема да биде лесно да го најдете излезот…За среќа, Месечината ќе притрча на помош и ќе ви подари два спојни дена – четврток и петок. На работно поле пак, ќе пристигнат убави вести благодарение на наклонетоста на Меркур, кој почнувајќи од сабота, ќе ве поддржува.

https://press24.mk/nedelen-horoskop-eden-znak-kje-ima-sopki-na-rabotnoto-mesto-drug-nesrekja-vo-ljubovta

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Јан 12 2019, 00:21

Дневен хороскоп: Овој хороскопски знак го очекува почеток на сериозна врска, а еве што ги очекува близнаците
watch_later 11. ЈАНУАРИ 2019. @ 08:29

ОВЕН

Работa: Ве очекува шанса за промена на работното место на подобро. Пред вас е многу поволен период на ова поле.

Љубов: Не би требало да имате било какви проблеми со саканата личност.

Здравје: Ќе ви години масажа и опуштање.

БИК

Работа: Доколку соработувате со странство, може да очекувате дека наскоро ќе успеете да дојдете до проширување на работата.

Љубов: Не сте подготовени за нова врска иако постои личност која се труди да ви се приближи.

Здравје: Добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Финансиската ситуација генерално ви е добро прикажана и можете да очекувате стабилност како и позитивни промени.

Љубов: Не ви е лесно отворено да ги покажете своите чувства кон личност која ви значи.

Здравје: Чувствителен урогенитален тракт.

РАК

Работа: Можете да очекувате позитивни околности како и шанса да остварите работно напредување во следниот период.

Љубов: Ако имате партнер, со него ве очекува убав ден во кој ќе разменувате нежности.

Здравје: Одлично.

ЛАВ

Работа: Очекувајте шанса да составите работа која на долги патеки ќе ви донесе многу добра заработка.

Љубов: Пред вас е поволен ден низ кој вашиот партнер ќе ви ги покаже своите чувства.

Здравје: Ќе решите некој здравствен проблем.

ДЕВИЦА

Работа: Можете да очекувате дека успешно ќе ги решите малите проблеми кои се создале во последно време.

Љубов: Доколку сте слободни, пред вас е поволна фаза за почеток на сериозна врска.

Здравје: Проверувајте го крвниот притисок.

ВАГА

Работа: Немате доволно доверба во своите колеги, и од таа причина најважните тајни ги чувате само за себе.

Љубов: Можно е партнерот да ви покажува оттуѓеност, на некој начин да не сака зближеност.

Здравје: Потребно ви е повеќе спиење.

ШКОРПИЈА

Работа: Преоптоварени сте со голем број на обврски, а околу вас нема доволно луѓе да помогнат.

Љубов: Не сте задоволни од односот на саканата личност и многу сериозно размислувате за прекин на врската.

Здравје: Зголемете го внесот на витамини.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Избегнувајте да почнете нова работа, и било какви ризични ситуации. Пред вас е поволна фаза само за мирување.

Љубов: Имате чувство дека саканата личност не покажува доволно емоции кон вас.

Здравје: Вирусни инфекции.

ЈАРЕЦ

Работа: Вашата интуиција ќе ви ги даде вистинските одговори на прашањата кои саката да ги поставите.

Љубов: Никогаш не е доцна да ги исправите околностите во кои сте се нашле на љубовно поле.

Здравје: Стомачен вирус.

ВОДОЛИЈА

Работа: Потрудете се да покажете иницијатива на ова поле. Време е да превземете поголема одговорнос на себе.

Љубов: Можно е саканата личност да покажува недоверба, и поради тоа да имате конфликт.

Здравје: Болки во грлото.

РИБИ

Работа: На финансиско поле ситуацијата е променлива денеска, но веќе утре ситуацијата би можела драстично да се поправи.

Љубов: Ве очекуваат сериозни промени кога се во прашање емоциите. Средба со нова личност ве очекува.

Здравје: Избегнувајте маснотии.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Вто Јан 22 2019, 09:24

Дневен хороскоп за вторник, 22. јануари 2019 година
watch_later 22. ЈАНУАРИ 2019. @ 08:01 timelapse 4 МИН.
Дневен хороскоп за вторник, 22. јануари 2019 година
Овен
Работа
Ако не разбирате нечија постапка, побарајте дополнително објаснување. Не го предвидувајте она што е неизвесно, порано или подоцна работите може да бидат комплицирани во ваша штета.
Љубов
Јасното неодобрување на партнерот, доволно зборува за заедничкото расположение преку кое поминувате или можеби за нови емоционални проблеми.
Здравје
Добро се чувствувате.

Бик
Работа
Делувате нерасположени затоа што некој очекува да прифатите мала услужлива улога или да ги почитувате правилата утврдени во деловната и финансиската соработка.
Љубов
Вие премногу ги форсирате вашите потреби и некои ситуации во романтичната врска. Партнерот можеби нема да може целосно да го следи вашиот забрзан ритам.
Здравје
Проблеми со грлото.

Близнаци
Работа
Пристогјноста ви налага да останете воздржани пред една постара личност, како и да не се вклучувате во поширока дискусија со соработниците.
Љубов
Ако не ги знаете најдоброто своите емоционални намери, бидете подискретни и воздржани во реакциите. Мудро премолчете некои детали од вашиот живот.
Здравје
Вие немате кондиција.

Рак
Работа
Ако сакате да се справите со деловно недоразбирање со одредени соработници, бидете внимателни. Не дозволувајте никој друг да зборува во ваше име, проценете кога ќе ја преземете контролата на важни настани.
Љубов
Потребно е подетално и подобар начин да и објасните на саканата личност, поради што повремено изгледа како да сте премногу внимателни или „отсутни”. Објаснете ги вашите постапки.
Здравје
Можна температура.

Лав
Работа
Ако сакате да се справите со деловно недоразбирање со одредени соработници, бидете внимателни. Не дозволувајте никој друг да зборува во ваше име, проценете кога ќе ја преземе контролата на важни настани.
Љубов
Потребно е подетално и подобар начин да и објасните на саканата личност, поради што повремено изгледа како да сте премногу внимателни или „отсутни”.
Здравје
Можна настинка.

Девица
Работа
Важно ви е да го скриете вашиот моментален неуспех или психолошка неподготвеност, да се фокусирате поинтензивно на одредена задача. Сепак, вашиот израз на лице зборува доволно за вашето расположение.
Љубов
Не дозволувајте некој да се крие зад вашите ветувања што остануваат недоречени и неразбирливи. Со тек на времето, решавајте нови недоразбирања во емоционална врска.
Здравје
Вие сте нервозни.

Терезија
Работа
За поддршка на нечија изјава или потврда на соработникот, важно е да продолжите со започнатите бизнис планови. Прифатете нечии корисни совети и избегнувајте некои популарни „инстантни рецепти” како привремено бизнис решение.
Љубов
Позитивен пресврт на настаните се очекува во вашиот приватен или семеен живот. Саканата личност ќе го промени своето мислење, на вашата голема радост или ентузијазам.
Здравје
Земајте витамини.

Шкорпија
Работа
Некој можеби ве наведува на погрешен заклучок или лош избор. Затоа, бидете повнимателни пред лице со двојни стандарди и се обидува да ги ограничите вашите бизнис можности.
Љубов
Во односот со саканата личност не можете да ги задржите сите настани под строга контрола.
Здравје
Лоша циркулација.

Стрелец
Работа
Личното достоинство или гордоста не дозволуваат да прифатите нечија практична помош. Но, исклучивоста во размислувањето создава причина за ново заблуда.
Љубов
Саканата личност во дух на добри намери, се обидува да ја примири заедничката напнатост или да ве утеши со некои нови и интересни идеи.
Здравје
Добро.

Јарец
Работа
Вие сте преокупирани со различни обврски и тоа негативно влијае на вашата концентрација, чувствувате мал замор. Затоа, не дозволувајте другите да ви наметнат различни обврски.
Љубов
Важно е да делувате доволно убедливо пред саканата личност. Некој секогаш ве поставува двосмислени прашања што може да се толкуваат многу поинаку.
Здравје
Добро се чувствувате.

Водолија
Работа
Некој не одговара на вашите барања, што дополнително го комплицира деловниот договор и очекувањата што ги имате. Избегнувајте какво било претерување кое ја нарушува атмосферата на соработка, обрнете внимание само на приоритетните прашања.
Љубов
Некој е воодушевен од вашиот неодолив шарм и стил на однесување, треба да ја отстраните емоционалната конфузија. Понекогаш е многу поедноставно отколку што изгледа.
Здравје
Не сте во кондиција.

Риби
Работа
Кога подобро ќе ги усогласите своите духовни интереси со практични цели, очекувајте позитивни резултати. Понекогаш работите ги гледате од некоја розова перспектива и без желба да влезете во светот на реалноста.
Љубов
Некој може да ве поттикне да направите важна емоционална одлука. Вие не може да ја негирате вашата одговорност пред блиско лице.
Здравје
Добро се чувствувате.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Чет Јан 24 2019, 05:43

Tаква поддршка и помош можеме да очекуваме од секој од хороскопските знаци?
Овен – тие се гласни против неправдата, ќе застанат позади вас и ќе ве натераат да преземете нешто кога се плашите или не можете да се фокусирате на целта.
Бик – да зачувате нешто што е ваше, да се грижите за тоа што го поседувате или да ве потсетат дека треба да се опуштите.
Близнаци – тие ќе ви помогнат да смислите нешто интелигентно, да имате добар разговор, да сретнете нови луѓе или едноставно да се смеете и уживате во животот.


Рак – тие ќе бидат тука за вас да се исплачете.
Лав – тие ќе ви помогнат и ќе ви дадат поддршка да верувате во себе и да се потрудите да ги исполните своите чувства.
Девица – секогаш ќе ви дадат најкорисен совет за вашите проблеми.
Вага – да решите конфликт, да ги видите двете страни од ситуацијата, да се борите против неправдата.
Шкорпија – тие се тука кога некому сакате да кажете тајна која никогаш нема да се открие.
Стрелец – тие се вашиот поттик за авантура и забава, кога треба да се опуштите и да уживате во животот.
Јарец – кога сакате да бидете продуктивни, кога треба да ја истерате правдата или да се организирате.
Водолија – тие се тие кои ќе ви помогнат кога треба да бидете свои, да ви помогнат да верувате во себе.
Риби – тие се најдобрата поддршка кога ќе посакате да ја следите љубовта и да имате храброст за неа.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пон Јан 28 2019, 09:37

Хороскоп: Што велат ѕвездите за понеделник
Објавено: 28-01-2019, 08:48

ОВЕН:
Месечината во Скорпија укажува на средба со некоја интуитивна личност, која може да го одземе вашиот здив! Во соработка со неа би можеле да дојдете до богати ресурси, но само ако сте доволно внимателни и почекате таа да ви се отвори во сопственото време. Откривате нови црти во својата личност. Не брзајте!

БИК:

Како да се наоѓате под закрилата на некој огромен шатор: имате поддршка од Сонцето во Водолија и тоа во лик на човек на егзекутивна позиција. Месечината од Скорпија бара од вас да го приспособите своето темпо, за да може сосема добро да ги искористите поволните аспекти. Најдете ја вистинската пропорција.

БЛИЗНАЦИ:

Ова е време за невиност: планетите од Водолија ја потенцираат вашата весела и пријателска природа и би сакале да ги ставите сите под својата закрила. Сега веќе нема место за заткулисни игри, нека остане тоа во минатото и на тој начин ќе успеете да поставите поздрава основа која ќе го издржи тестот на времето. Среќа.

РАК:

Иако сакате да напредувате пријатели, сепак денес ќе треба да научите да се повлечете за да ги научите скриените причини на последиците во реалноста. Нема потреба за брзање, времето ви е најдобар сојузник сега. Осамете се за медитација и вратете се освежени. Минатото треба да остане таму: во минатото.

ЛАВ:

Влезени сте во длабока развојна фаза: Сатурн во Јарец го поттикнува вашето зреење и, без оглед со колку тешки задачи се носите, успевате да се издигнете над другите, та дури и да се надминете и себе си!Ова е време со зголемена интуиција и ќе треба свесно да избегнувате шпекулации и брзи реакции. Верувајте повеќе.

ДЕВИЦА:

За да избегнете можен колапс, користете ја својата позиција на пријателски и лојален начин и ќе го надминете ова превртливо време. Динамиката на денот може да е непредвидлива и да има застои, но ако сте вие смирени во себе и не брзате никаде, ќе успеете да стигнете на саканата цел. Правење на приоритети.

ВАГА:

Не е време за плачење, ниту за неподвижност. Добро, ако веќе сте одлучиле да мирувате, размислувајте за мистериите на животот и медитирајте. Добро е да се прашате дали сè уште го имате потребниот баланс за да се износите со ситуацијата. Можен е пат, но ако не патувате, барем заминете си со дигнитет. Олеснување.

СКОРПИЈА:

Денес сте во позиција да постигнете бесмртност: од вас извира необична сила, која ќе ја обликувате вешто како скулптор. Можеби нема веднаш да дојдете до резултати, но тие нема да изостанат. Внимавајте на нагласената сензитивност и обидете се да ги синтетизирате информациите до кои што доаѓате. Избегнувајте провокации.

СТРЕЛЕЦ:

Времето за ноншалантност завршува, но тоа не значи веднаш да западнете во апатично расположение. Шанси има, иако вие најмногу би се одмарале. Нема никој да дојде и да ви ги врачи туку така работите, како на послужавник. Ако идете на пат, спремете се добро, особено на финансиски план. Потребен ви е баланс.

ЈАРЕЦ:

Би можеле да дојдете до некоја ситна добивка, но само преку нечесни напори. Ова е силен акцент на денот, затоа очекувајте неочекувани работи и нагли пресврти. Ќе се зачудите од брзината на информациите и од шансите со нов потенцијал. Имплементацијата на овие промени ќе бара интервенции. Сериозност.

ВОДОЛИЈА:

Провокативната ситуација мора да заврши, најдете начин да ги помирите спротивставените тенденции! Ова е прекрасен ден за постигнување на вистинска интегралност, но исто така научете и кога да се повлечете. Вистинскиот воин може да се врати во борба само откако ќе ја реставрира својата енергија. Бидете мудри.

РИБИ:

Месечината од Скорпија ве поврзува со пријателите: дел од нив се со интимна природа, а дел со друштвена. Заборавете на тоа дека успехот е единствено поради вашата заслуга и дајте им предност на другите. Ова е време за понизност, за не за самовеличање. Анализирајте повеќе и правете рационални промени.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:56

Голем месечен хороскоп за февруари 2019 година!

Овен
Работа: Првата недела од февруари ќе ви започне бурно и нема да знаете што ве снашло. Многуте обврски на приватен и професионален план нема да ви дадат многу време за одмор, па нема да можете да најдете време ни за саканата личност. Дури на почетокот на втората недела ќе можете подобро да се организирате. Овој период е идеален за инвестиции, така што вложете пари во нешто што долго време го планирате.

Љубов: Втората половина од месецот е резервирана за вашите пријатели и семејство. Мора да сфатите дека животот брзо поминува и дека еден ден ќе ви биде криво што не сте одвојувале повеќе време за најблиските.

Здравје: Здравствената ситуација нема да ви даде мир кон крајот на овој месец. Иако мислевте дека сте решиле еден здравствен проблем, тој повторно ќе се врати, така што подгответе се за упорна борба со лекови. Мора да го зајакнете вашиот имунитет и да го решите овој проблем еднаш засекогаш.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:56

Бик
Работа: Ќе бидете напнати на почеток од месецот, затоа што некои проекти веќе ви доцнат, ве очекуваат и нови, а тоа чекање може да потрае и неколку недели. Не можете сè да постигнете сами, но другите не ви помагаат, бидејќи мислат дека нема потреба некој да ви се меша во работните задачи. Треба да знаете дека ве очекува напорен период и ќе ви треба многу сила за да завршите сè што сте планирале.

Љубов: Средината на месецот е идеална за да расчистите некои работи со луѓето кои зборувале лошо за вас, иако не сте им дале повод за тоа. Некои луѓе само бараат причина да ве критикуваат. Вие само сакате да бидете во добри односи со сите, како со колегите така и со познаниците. Но додека не дојде до тоа, ќе мора често да се расправате со другите и да ги браните вашите ставови.

Здравје: Ќе бидете под стрес поради многуте недоразбирања со луѓето околу вас. Обидете се да се изолирате и да се исчистите од негативната енергија што другите ви ја пренесуваат.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:57

Близнаци
Работа: Работата и кариерата ќе ви бидат најважни овој месец и ретко кој ќе може да ве спречи да напредувате. Конкуренцијата е голема, но тоа не ве плаши, напротив, ви дава енергија и мотивација да се борите уште посилно. Сметате дека имате потенцијал да бидете најдобри, па затоа не брзате, туку ја чекате својата шанса. Ако постигнете успех на работа, ќе ви се укаже можност да остварите финансиска заработка.

Љубов: Во љубовта не ви цутат рози и многу добро го знаете тоа. Другите постојано ве распрашуваат и сакаат да знаат зошто е тоа така, а тоа само ви создава дополнителен притисок. Знаете и сами дека имате направено некои грешки во љубовта, но тоа сега не може да се поправи. Мора да размислувате позитивно и да ја чекате вашата шанса која наскоро ќе ви се укаже.

Здравје: Здравјето добро ќе ве служи овој месец, но можни се проблеми со дигестивниот систем. Внимавајте на исхраната и пијте доволно вода.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:57

Рак
Работа: Февруари е месец кога ќе остварите нови деловни контакти и соработка, а само од вас зависи како тие соработки ќе завршат. Доколку не избрзувате со вашите идеи и бидете трпеливи, можна е деловна соработка што ќе ви донесе не само финансиска корист, туку и подобра репутација. Од друга страна, ако не сакате да чекате, и најмалата грешка може скапо да ве чини. Ако ви тргне работата, бидете подготвени на тоа дека веќе нема да имате време за некои слободни активности.

Љубов: Во љубовта ви оди како што треба и тоа ве чуди. Секогаш сте имале некакви несогласувања со саканата личност околу важни работи, но и околу ситници. Секогаш сте имале причина за расправија, но овој месец нештата се поинакви и не сте навикнати на олку мирен период во врската. Наместо да се чудите зошто односот со партнерот е одличен, уживајте во убавите моменти и искористете го овој период за да испланирате некое заедничко патување. Можеби на тоа патување ќе сфатите дека сте подготвени да ја издигнете вашата врска на повисоко ниво и да ја претворите во вистинска сериозна врска, каква што долго време не сте имале.

Здравје: Ќе имате доволно енергија за да ги надминете сите работни и приватни предизвици. Можен е пад на имунитетот кон крајот на месецот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:57

Лав
Работа: Овој месец едноставно нема да ви биде до работи. Односите со колегите се далеку од одлични и немате енергија секојдневно да се расправате околу неважни работи. Размислувате да напуштите сè, да го промените работното место и средината, но моментално немате доволно храброст за тоа. Едноставно не сакате да преземете толкав ризик и чекате подобри времиња.

Љубов: Ќе изгледате подобро од кога било претходно и за тоа ќе бидете заслужни само вие. Иако не ви е лесно во животот, не сте задоволни и работите не се одвиваат онака како што би сакале, си имате ветено дека никогаш нема да им дозволите на другите да видат дека страдате. Сте сакале дополнително да се образувате, да патувате, да видите нови земји и нови места, но сфаќате дека партнерот цело време ве спречувал во тоа. Мислевте дека има време, но дури сега си признавате дека нема повеќе време.

Здравје: Можни се болки во вратот и грбот. Прекувременото работење ви остава последици, што дури сега ги забележувате. Овие проблеми не се големи, но сепак ви задаваат проблеми во одредени ситуации и би требало да го решите овој здравствен проблем што е можно порано.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:58

Девица
Работа: Веќе долго време ве искористуваат на работа, а вие моравте да молчите и трпите за да не испадне дека се буните и дека не сте задоволни од работното место. Сепак, овој месец вашата толеранција ќе го достигне врвот и ќе бидете на чекор од тоа да ја напуштите работата и да заминете што е можно подалеку. Ништо веќе не ве врзува за овој крај и за местото каде што живеете.

Љубов: Февруари е период за кој сте емоционално врзани. Некогаш ви се случувале најубавите работи во февруари, но овој месец ќе ви се случат некои лоши нешта. Вашите емоции се измешани и иако се обидувате да ги сочувате гордоста и достоинството, длабоко во себе знаете дека немате веќе никого и дека сте препуштени сами на себе. Тоа ве јаде однатре, но не смеете никому, па ни себеси, да си покажете колку се плашите од иднината и од тоа што таа го носи.

Здравје: Со оглед на напорната и прекувремена работа, здравствените проблеми се неизбежни и сами знаевте дека ќе ви биде лошо порано или подоцна. Добар дел од овој месец ќе го поминете на разни анализи и терапии, но ќе ви стане подобро, па затоа мора да издржите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:58

Терезија
Работа: Првата половина од овој месец ќе ви биде психички напорен, кога станува збор за работата и работните обврски. Но наредниот период ќе биде полн со позитивна енергија и нема да ви биде многу напорно, па ќе имате време за одмор и дружење.

Љубов: Пријателите често ви се јавуваат и се прашуваат каде сте, а вам ви е доста од тоа секогаш да им објаснувате дека сте премногу зафатени и дека немате време ни за себе, а камо ли за пријателите. Сепак, кога ситуацијата на работа ќе се смири малку, одвојте некој ден да се видите барем со најблиските пријатели за да дознаете што им се случува во животот.

Здравје: Алергијата е состојба што и овој месец нема да ви даде мир и покрај сите лекови што ги користите. Знаете дека тоа не може целосно да се излечи, но мора да најдете начин да ја држите под контрола, барем извесно време.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:59

Скорпија
Работа: Ќе успеете да ја реализирате секоја идеја што ќе ви падне на памет. Сите коцки ќе ви се наредат и на професионален и на приватен план, така што овој месец ќе се чувствувате одлично. Сепак, знаете дека тоа нема да трае вечно, па затоа секогаш сте подготвени на непријатни и непредвидливи ситуации.

Љубов: За вас, љубовта е само збор. Не се трудите доволно да разберете колку му е тешко на вашиот партнер на работа. Не сакате да го слушате и си терате по свое, па затоа расправиите се неизбежни. Сепак, не можете да мислите само на себе и на своите емоционални потреби, мора да му дадете малку повеќе поддршка на вашиот партнер.

Здравје: Сега за сега сè е во ред со вашето здравје, но не сте сигурно колку ќе трае тоа. Иако се чувствувате уморно и исцрпено, тоа сè уште не може да се види. Исхраната секогаш може да ви биде подобра, но не е толку лоша. Ако забележите дека губите енергија, внесете малку повеќе здрави производи и сè ќе биде во ред.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:59

Стрелец
Работа: Комуникативни сте и во првата половина на февруари тоа позитивно ќе се одрази и на вашите работни активности и ангажмани. Лесно стапувате во контакт со луѓето и знаете што сакаат да слушнат, па затоа вашата ефикасност на работа ќе биде на повисоко ниво за разлика од претходно. Финансиската ситуација не ви е најсјајна, затоа што и сами знаете дека не ви оди штедењето и сакате да си се почестувате со нова гардероба и уреди. Треба да се контролирате малку, додека состојбата на вашата сметка не стане малку поповолна.

Љубов: Немате идеја како да ја подобрите љубовната врска. Се чувствувате како во кафез, како да сте под постојан надзор, а вам ви треба слобода и нови познанства. Желни сте за авантура и добра забава.

Здравје: Енергијата како и секогаш ви е на високо ниво, но можни се проблеми со забите. Посетете заболекар.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Сре Јан 30 2019, 23:59

Јарец
Работа: Вашите амбиција и трудољубивост се дел од вашиот карактер, па затоа успехот на работа нема да изостане ни овој месец.

Љубов: На почетокот на месецот ќе имате неконтролирана потреба за нови познанства, но тоа е потешко одошто мислите. Во денешно време не е лесно да му пристапите некому отворено, бидејќи луѓето веднаш помислуваат дека имате лоши намери. Ако не сте во врска, овој месец не е идеален за започнување нешто ново. Немојте да брзате, зашто сигурно не ви треба уште една неуспешна врска со личност која е многу поразлична од вас. Флертот е само флерт, но врската е нешто многу посериозно и бара вложување и посветеност, а вие не сте подготвени за тоа.

Здравје: Здравствената ситуација не е стабилна, но обидете се да ја подобрите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Јан 31 2019, 00:00

Водолија
Работа: Овој месец, ѕвездите ви се наклонети и мислите дека сте доволно способни за да ги завршите сите обврски на време. Колегите се воодушевени од вашите идеи. На некои колеги тоа не им се допаѓа многу, бидејќи тие паѓаат во втор план, но вие сметате дека конкуренцијата е здрава и дека секој има право да покаже што знае.

Љубов: Кога станува збор за односите со семејството, тука ситуацијата е малку неповолна. Сите ве обвинуваат за некои работи што се случиле неодамна, а никој не разбира дека ниту вие не сте сакале да се случи тоа, едноставно сте морале д апостапите на таков начин. Потребно е време за да се подобрат односите меѓу вас. Вие само гледајте да давате доволно поддршка и сè ќе биде во ред.

Здравје: Здравствено не сте биле никогаш подобри. Полни сте со енергија. Ќе го промените начинот на исхрана и тоа ќе се забележи. Мора да ги исфрлате лошите навики една по една, ако сакате да се чувствувате уште подобро. Обидете се да внесувате доволно минерали и витамини секој ден. Не се откажувајте кога ќе видите резултати!
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 39 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 39 of 43 Previous  1 ... 21 ... 38, 39, 40, 41, 42, 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот