Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонско образование

+9
трендафил
Фири1
Hamad bim Khalifa
меанџија
reiter
Фири
tmoro
osa
bratucedot
13 posters

Страна 1 of 7 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Македонско образование Empty Македонско образование

Пишување by Гостин Пон Јан 12 2015, 01:40

Posle devet godini na vlast , i mnogu idiotski reformi vo obrazovanieto, so sto istoto bese doneseno na najnisko mozno nivo, Grujokio se obiduva da go zadade konecniot udar.Da ja unisti avtonomijata na univerzitetite , i da go partizira kompletnoto obrazovanie. Studentskiot i Profesorskiot Plenum podrzani od celokupnata progresivna javnost zapocnaa zestok otpor protiv obidite na vlasta da go stavi pod partiska kapa i visokoto obrazovanie , i najavuvaat uste pozestok otpor ako vlasta , kako i sekogas se oglusi od baranjata na narodot i go donese zakonot za visoko obrazovanie so koj vsusnost se ukinuva avtonomijata na univerzitetite.

Професорскиот пленум бара повлекување на законот или бојкот на наставата

Повлекување на предлог законот за високо образование бара професорскиот и студентскиот пленум, во спротивно не се исклучени нови протести, но и бојкот на наставата, вели професорката Гордана Силјановска од Професорскиот пленум.

http://24vesti.mk/profesorskiot-plenum-bara-povlekuvanje-na-zakonot-ili-bojkot-na-nastavata

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by bratucedot Пон Јан 12 2015, 03:45

ah da sum studeeent,abe leeelleee,odma bez razmisluvanje si ODAM.

_________________
17 44 52 59 0 36 23 0 11 72 68 31 0 44
47 41 59 12 25 0 72 0
bratucedot
bratucedot

Број на мислења : 51
Join date : 2015-01-12
Age : 44
Местолокација : Skopje

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Пон Јан 12 2015, 04:16

bratucedot напиша:ah da sum studeeent,abe leeelleee,odma bez razmisluvanje si ODAM.

nepovratno ,ili ...
shto ne ti se bendisuva ? obrazovanieto ?
ne zezaj ...najnepismenite sega ni nosat zakoni za opismenuvanje ....
ama treti smee ...ne zapamtiv u shto ?!....evropa ,balkan ili mozda u SVET ...ej zamisli vakva rejting lista

1.Amerika
2.Rusija
3,Makedonija
bitno sme treti ....
osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пон Јан 12 2015, 16:37

Horhe se odvazil , pa ke primel predstavnici na Studentski i Profesorski plenum. Fikusot , ili nesto pogresil , ili toa go pravi so dozvola na Grujosesku .Ne mozam da poveruvam deka sobral hrabrost da napravi nesto na svoja raka...

Професорски и Студентски пленум попладнево одат на прием кај Иванов

Македонско образование 19423golema

Претставници од Професорскиот и Студентскиот пленум денеска во 16 часот ќе остварат средба со шефот на државата Ѓорѓе Иванов, потврдуваат за НОВА од двата пленума.

Тие досега во неколку наврати јавно го повикаа претседателот да ги поддржи и да стави вето на новите измени во Законот за високо образование, а отворена е и онлајн петиција за собирање потписи до претседателот на државата, барајќи од него да застане зад своите колеги, професори и студенти.

Од пленумите велат дека повторно ќе ги истакнат истите барања до Иванов и се надеваат дека претседателот ќе го искористи правото на вето.

Законот за високо образование веќе го помина и вториот филтер, откако Собраниската комисија за образование, наука и спорт во второ читања го изгласа. Ова е претпоследна фаза во постапката пред законот да биде конечно усвоен на пленарна седница.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пон Јан 12 2015, 19:18

Gotovo , ke pcovisam od smeenje.Horhe da ti bil drzavnik.Ova navistina stana zalno i smesno.Pa on be ne smee na kalinkijada da otide bez dozvola od Gujokio...

Иванов до Пленумите: Ќе одлучам како државник, а не како професор



По однос на законот за високо образование за кој Професорскиот и Студентскиот пленум побараа од претседателот Иванов да стави вето, шефот на државата на денешната средба со Пленумците истакнал дека каков и да биде чекорот што ќе го преземе, по ова прашање ќе настапи како државник, а не како професор, без да прејудицира за што точно мисли.

Ова за медиумите го истакнаа претставниците од Студентскиот Пленум, Константин Битраков и Кирил Арсовски, кои заедно со професорите Гордана Силјановска и Абдулменаф Беџети денеска остварија средба со Иванов.

- Претседателот ги ислуша нашите аргументи, па се надеваме дека тоа ќе вроди со искористување на претседателското вето за влијание на законодавната власт. Со тоа ние сме свесни дека парламентарното мнозинство не би било спречено да го изгласа законот со апсолутното мнозинсто, но постои надежта дека со тоа ќе се изврши едно морално и политичко влијание на претседателот како орган кој го црпи својот легитимитет од народот, изјави студентот Константин Битраков.

Студентите ги повториле своите аргументи дека државниот испит ја нарушува автономијата на универзитетот, на нелогичноста на законот и како што велат тие за апсурдноста на решението еден студент во 180 минути да полага бројна материја од повеќе предмети.

Иванов се сложил дека со сите промени во последните години образованието е доведено до кошмар, но истакнал дека очекува оти таргет – група на законот се пониско рангираните универзитети, кои би се бореле за позиција во првите топ 5 универзитети.

-Веројатно веќе е доцна за повлекување, меѓутоа ние посветени на процедурата, решивме да посегнеме и по последниот правен инстумент – ветото на претседателот Иванов. Ние денеска укажавме на основната одредба врзана за автономијата, но и законските одредби, укажавме на решенија кои не се во рамките на автономија, укажавме дека незможно е реформски процес да се спроведете со 15 крпења на еден закон, дека не може преку ноќ 3+2 да преминете на 4+2, дека затворските мерки се некомпатибилни со благородната мисла на образованието и науката, рече професорката Гордана Силјановска.

Иванов изразил загриженост за тенденцијата на поделби во академската заедница и повикал на единство и дијалог. Тој предложил да се одржи заедничка средба со претставниците на Професорскиот пленум, на Студентскиот пленум и на „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование.

И двата пленуми досега во неколку наврати јавно го повикаа претседателот да ги поддржи и да стави вето на новите измени во Законот за високо образование, а отворена е и онлајн петиција за собирање потписи до претседателот на државата, барајќи од него да застане зад своите колеги, професори и студенти.

Во меѓувреме, барање за средба со претседателот испратија и професорите од контра-пленумот, себе нарекувајќи се како Иницијатива која застанува зад знаењето во високото образование. Претставниците од оваа иницијатива, претседателот Иванов во својата вила на Водно ќе ги прими утре.

novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19434

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Пон Јан 12 2015, 20:35

nemozam da go najdam klipcheto koga vika majstorov :akcija .....samo za toa go biva ....a potpis ...eh ne bi bil" glaven "ako beshe bolji

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 01:28

Kako za pocetok, ne ti se cini deka bi mozel da bides malku pouctiv?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 10:21

Pokraj studentite i profesorite , bese najaven i strajk na nastavnicite od srednite i osnovnite ucilista.No kako i prviot pat ,koga nastavnicite popustija pred ucenite i zakanite na vlasta ,scenarioto se povtoruva.Zakanite od rezimot veke pristignaa.Dali nastavnicite ke odoleat ovoj pat na pritisocite, ili kako i porano ke gi podvitkaat opaskite ke vidime na 20 januari za koga e zakazan generalniot strajk na SONK...


ШТРАЈКУВАЧИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗАМЕНЕТИ СО ЗАМЕНСКИ НАСТАВНИЦИ

Македонско образование Timthumb

Тие, по вторпат тврдат, што се смета и како еден вид на притисок, дека ако наставниците од основните и средните училишта излезат на штрајк, веднаш ќе бидат заменети со заменски наставници.

Откако наставниците најавија генерален штрајк на 20 јануари, со експресна реакција се јавија и од Министерството за образование. Тие, по вторпат тврдат, што се смета и како еден вид на притисок, дека ако наставниците од основните и средните училишта излезат на штрајк, веднаш ќе бидат заменети со заменски наставници.

Со вакви притисоци наставниците се соочија и при последната најава за генерален штрајк, кој беше ставен во мирување, само неколку денови пред да почне бидејќи ресорното министерство побара од нив преку социјален дијалог да ги решаваат наталожените проблеми. СОНК имаше неколку барања меѓу кои главни беа зголемувањето на платите и укинувањето на екстерното тестирање во делот на казните.

fokus.mk/shtrajkuvachite-k-e-bidat-zameneti-so-zamenski-nastavnitsi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 19:06

Bravo za studentite . Edinstvenite koi ne podlegnuvaat na ucenite , zakanite i spinovite na vlasta.Najavuvacite na pocetokot na krajot na vlasta na dpmneovcite i nivniot pastir...

СТУДЕНТСКИОТ ПЛЕНУМ УТРЕ ПРЕД СОБРАНИЕ

Македонско образование 29.12.studentski-protest

Членовите на студентскиот пленум утре ќе ги пречекаат пратениците пред собранието со црвени маратонски ленти. Целта  е на ироничен начин да им порачаат дека  со донесувањето на измените на законот пратениците ќе ја истрчаат последната лоша трка на сите досегашни реформи во овааа сфера.
Ќе поставиме ленти кои ќе претставуваат финиш  на маратонот и иронично ќе ги бодриме за лошите реформи кои планираат да ги изгласаат, рече Томислав Тодоровски од  студентски пленум.
Со нив не се согласуваат претставниците на граѓанската иницијатива за подршка на знаењето во високото образоваание, кои денеска на нивно барање  се сретнаа со претседателот. На Иванов му укажале дека никој, а особено не академската јавност не смее да остане нема за се што се случува во високото образование.
Сметам дека државниот испит е првиот механизам кој треба да се спроведе. Не велиме дека е најдобро решение во моментов , но еве да  слушнеме други ставови од страна на професорскиот пленум. Треба да се искажат и други предлози, но не слушннавме ништо освен  преписки кои ги упатувааат до средствата за јавно информирање, рече Татјана  Каракамишева  од Граѓанската иницијатива за подршка на знаењето во високото образование.
Според граѓанската иницијатива, крајно време е академската заедница да се обедини и на заедничка маса да се соочат сите аргументи. Ќе има придобивки од државниот испит, а една од нив е велат унифицираното знаење.
На овој начин одреден квантум на знаење ќе имааат сите- и студентот од Прилеп и од Скопје и од Штип. Пазарот на труд  ќе одлучи кого ќе го ангажира , рече Виктор Камиловски од Граѓанската иницијатива.
Предлогот за заедничка средба меѓу граѓанската иницијатива и пленумот  кој вчера го даде претседателот Иванов, професорскиот пленум го одби.
Според нив, нема потреба од неа бидејќи нивниот став е јасен а тој е дека концептот за државен испит е беспредметен. Во соопштението од кабинетот на претседателот, пишува дека Иванов изразува загриженост за тенденцијата на поделби во академската заедница, како и жалење што била одбиена неговата иницијатива за заедничка средба меѓу професорскиот пленум, студенсткиот пленум и граѓанската иницијатива за подршка на знаењето  во високото образование.

telma.com.mk/vesti/studentskiot-plenum-utre-pred-sobranie

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 19:20

I eve ti gi beskicmenjacite,gnidi uplaseni,prodadeni dusi...Studentite se svetlosni godini pred niv.Oni profesori bile.Pa studentite takvi lekcii im odrzaa , treba da se zasramat , a ne da se narekuvaat profesori. Sekoja cest na isklucocite od Profesorskiot plenum.

МОН го поддржа предлогот на УКИМ за воведување пилот-проект за државниот испит

Македонско образование 19460golema

По денешната вонредна седница, Ректорската управа на Универзитетот „Кирил и Методиј“ достави писмо до Собранието и Министерството за образование и наука да се спроведе пилот - проект на државниот испит во високо образование, пред неговото официјално воведување.

-Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како главен носител на високото образование во Македонија, ќе го поддржи секој предлог кој ќе доведе до подобрување на квалитетот на високото образование базиран врз аналитички и јасни показатели на неговата целисходност. Во таа насока, Ректорската управа му предлага на Собранието на Република Македонија да интервенира во предложените законски решенија, односно да се пристапи кон одредени предлог-решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување темелни анализи и пилот-проекти“, се вели во писмото на Ректорската управа испратено до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и до ресорниот министер Абдилаќим Адеми.

Од ресорното министерство сметаат дека предлогот понуден од УКИМ за спроведување на пилот проект за државниот испит, пред неговото официјално воведување е конструктивен и добар.

-Изразувајќи почит кон Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и другите универзитети, Министерството за образование и наука останува отворено за секоја аргументирана иницијатива и предлог реформа која значи понатамошно унапредување на квалитетот на образованието во Република Македонија, се велив о соопштението од МОН.

Законот за високо образование изменет и дополнет меѓу другото и со воведување на државен испит за студенти е на дневен ред на утрешната пленарна седница во Собранието на Република Македонија.

Доколку законот се изгласа, студентите и од државните и од приватните универзитети, ќе треба два пати да полагаат државен испит. Првиот ќе го полагаат по завршувањето на втора година, на материјалот од прва и втора година, а вториот по завршувањето на четврта, на материјалот од последните две студиски години.

grid.mk/read/news/509454461/9499148/mon-go-poddrzha-predlogot-na-ukim-za-voveduvanje-pilot-proekt-za-drzhavniot-ispit

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by tmoro Сре Јан 14 2015, 00:07

Да се надеваме студентите да истраат во своите барања и да го нокаутираат БОКСЕРОТ.

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Јан 14 2015, 10:56

Reakcija od studentski plenum do rektorot Stojkovski.Da vidime dali ke se "osmeli"...
Neli taka sovetuvase pastirot korumpirajki mediumi so idiotski reklamni kampanji...

Професорски пленум до Ректорот Стојковски: Демантирајте го МОН!

Македонско образование 19464golema

Професорскиот пленум упати јавно барање до Ректорот на УКИМ, проф. д-р. Велимир Стојковски да го демантира Министерството за образование и наука (МОН), дека Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ предложил, а МОН го прифатил предлогот за спроведување на пилот-проект за државен испит на само еден ден пред гласањето на законските измени во Собранието на РМ.

- Според соопштението, Ректорската управа на УКИМ одржала вонредна седница на 13 јануари и заклучила дека нејзиното барање упатено до ресорното министерство да се заложи кај овластените предлагачи „да се повлечат предложените законски решенија од собраниска процедура заради потребата од поопсежна дебата и согледување на сите аспекти од предложените измени“ не биле прифатени, пишува во соопштението на Професорскиот пленум.

УКИМ во своето соопштение објавено на универзитетската веб-страница укажува дека на вонредната седницата донел одлука со која уште еднаш се „укажува дека за вакви суштински промени во високото образование се потребни продлабочени анализи...и детектирање на реалните проблеми“. Исто така, Ректорската управа му предложила на Собранието на РМ да „интервенира во предложените законски решенија, односно да пристапи кон одредени предлог решенија за подобрување на квалитетот на високото образование по спроведување на темелни анализи и пилот проекти“.

Тргнувајќи од јавно објавеното соопштение на Ректорската управа на УКИМ, каде што никаде не е споменато дека Универзитетот предлага пилот-проект за државниот испит, Професорскиот пленум бара од Ректорот Стојковски, јавно да го демантира Министерството за образование и наука.

novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=19464

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Јан 14 2015, 11:06

Od ruga strana , studentskiot plenum ,so povik do Horhe Paljurski.Ne znam na sto se nadevaat.Horhe mozebi ke bide neposlusen ako Gujosesku , ne mu dozvoli prisustvo na nekoja kalinkijada ili smokvijada.Togas ke izbega preku prozorecot na vilata,ke nabere kalinki, i nabrzina ke se vrati, da ne go zabelezat...

PS. Nemojte vie sega zosto ke mu se kalinki. Slatko ke prael za da ima so sto da go doceka gostite u pretsedatelskata palata...Македонско образование Smile Македонско образование Smile

„Студентски пленум“: Претседателе Иванов, бидете непослушен!

„Студентски пленум“ по средбата што завчера се одржа во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, во соопштение до јавноста го повтори тоа што негови претставници го изјавија, дека Иванов им кажал оти како и да одлучува за „ветото“, ќе настапи како државник, а не како професор.

„Студентскиот пленум ја користи оваа прилика повторно да го потсети Претседателот на максимата која тој ја користеше во своите предавања како професор, а тоа е дека во историјата ги памети бунтовните, а не оние кои се послушни. Повикуваме Претседателот да биде непослушен и во оваа прилика да застане во одбрана на уставноста и законитоста и да го искористи своето право на суспензивно вето!“, велат од „Студентски пленум“.


Покрај претставници од Студентскиот пленум на средбата кај Иванов беа присутни и професорката Гордана Силјановска и професорот Абдулменаф Беџети од Професорскиот пленум.

Целта на оваа средба беше да се побара од Претседателот да го искористи правото на суспензивно вето, со што иако нема автоматски да се прекине постапката за донесување на Законот за измени и дополнување на Законот за високо образование, сепак ќе се прати порака до надлежните институции дека истиот е во својата суштина недопустлив.

На средбата претставниците на студентите ги истакнаа сите нелогичности во предложените измени на законот, колизијата на одредбите во истиот, како и причините поради кои за нив не е прифатливо полагањето државен испит. Студентскиот пленум смета дека со ваквиот начин на проверка на знаење се казнуваат оние кои се најмалку заслужни за актуелната состојба во образованието, а тоа се студентите. Исто така, Студентски пленум истакна дека во ниту еден закон за високо образование во светот не се сретнува одредба каде е предвидена казна затвор при дејствување спротивно на пропишаното.

Студентите предочија дека ваквиот чин на одземање на автономијата и префрлувањето на моќта на универзитетот во рацете на извршната власт ќе нанесе ненадоместлива штета не само за развојот на научната мисла и академското знаење, туку и за севкупниот развој на државата.

plusinfo.mk/vest/11168/studentski-plenum-pretsedatele-ivanov-bidete-neposlushen

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Јан 14 2015, 13:22

Od tviter.Mora da se priznae deka studentite imaat smisla za humor...

Македонско образование B7ThzINIgAEJS9I

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Јан 14 2015, 13:28

Od protestite pred parlamentot...Treba site da im dademe podrska...Familijata mora da vidi deka ne moze poveka da go laze i terorizira narodot,pretvarajki ja drzavata vo partiska sopstvenost...

(ВИДЕО) Студентите: Не се откажуваме! Ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме!

Студентите на денешниот протест пред Собранието порачаа дека и покрај тоа што Владата и Собранието останаа глуви на сите нивни укажувања за штетноста на измените во високото образование, тие нема да се откажат од својата борба.

Македонско образование 10872677_10155073735215368_741001981_n-360x540

– Ако се усвојат измените и дополнувањата на Законот за високо образование, Студентскиот пленум ќе ја продолжи борбата со користење на сите можни вонинституционални методи. Го земаме тоа право, затоа што чувстуваме граѓанска одговорност да ја заштитиме слободната мисла. Авторитетите не смеат да бидат апсолутни, и затоа – ќе бојкотираме, ќе блокираме и ќе окупираме! Овој протест денес е симболичен, знаеме дека институциите пред кои стоиме се трули. Имаме само една порака – универзитетот е наш и повторно ќе го преземеме! Дајте да продише граѓанскиот активизам. Има живот и надвор од партија – порачаа студентите.



libertas.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5-%D1%9C%D0%B5/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Јан 14 2015, 20:32

Gotovo...Go pogrebavme obrazovanieto vo Makedonija...Sepak se nadevam deka otporot na studentite i profesorite ke prodolzi...

(ВИДЕО) Студенти и професори: Почина Високото македонско реформирано образование

Македонско образование 10928056_10204615884849837_1147358778_n-650x320

Студентите, професорите и граѓаните само еден час откако пратениците ги изгласаа спорните измени за високото образование, соопштија дека почина „Високото македонско реформирано образование“.



Собрани пред собранието палеа свеќи. На некрологот пишува:

„Со длабока тага ја известуваме сета македоснка јавност дека по долго и тешко боледување на ден 14.01.2015 почина Високото македонско реформирано образование (1949-2015). Последното испраќање на нашето мило и никогаш непрежалено ќе се одржи на ден 14.01 во 19:00 часот пред собранието на Македонија. Предвидено е погребот да го изврши претседателот на собранието Трајко Вељаноски, додека проштален говор пред телото на починатиот да одржи претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Ги повикуваме сите сегашни поранешни, идни студенти и професори и сета македоснак јавност во споменатиот час да дојдат пред собранието, со минута молчење да се простат од упокоениот и да запалат свеќа на неговиот гроб. Ожалостени студенти на Македонија, професори на Македонија“.

По изгласувањето на законот останува претседателот Иванов, инаку професор, да го потпише или да стави вето на законот.

При посетата на професорскиот пленум тој изјави дека во овој случај ќе постапи како државник.



Македонско образование 10917641_10204615884649832_590371117_n

Македонско образование 10917588_10204615884729834_1758262424_n

a1on.mk/wordpress/archives/436425

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Сре Јан 14 2015, 20:34

podrshka za studentite ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by bratucedot Чет Јан 15 2015, 01:55

ВО МОМЕНТОВ СЕ ГЛАСА НОВ ЗАКОН ЗА
ЗАБРАНА ЗА ПАЛЕЊЕ СВЕЌИ НА НЕОБЕЛЕЖАН ПРОСТОР

_________________
17 44 52 59 0 36 23 0 11 72 68 31 0 44
47 41 59 12 25 0 72 0
bratucedot
bratucedot

Број на мислења : 51
Join date : 2015-01-12
Age : 44
Местолокација : Skopje

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Чет Јан 15 2015, 11:00

Ke vidime kako ovojpat kje zavrshi najaveniot shtrajk.Minatiot ne se proslavija mnogu.Podlegnaa pred prviot posilen pritisok od vlasta...

Мултиетничкиот синдикат за образование го поддржува најавениот штрајк на СОНК

Македонско образование 1121

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) соопшти дека дава солидарна поддршка на штрајкот кој е најавен за 20 јануари, на првиот ден од второто полугодие на оваа учебна година.

Во соопштението од МЕСО се повикуваат сите членови и вработени во образованието кои не се синдикално организирани, да се вклучат во штрајкот организиран од СОНК.

„Проблемите во образованието се исти и сите треба со заеднички сили да се избориме тие да се подобрат. Потсетуваме дека правото на штрајк е право кое е гарантирано во Уставот на Република Македонија. Исто така, сакаме да ги потсетиме сите оние што ќе си земат за право да вршат притисоци врз оние вработени кои сакаат да го искористат своето уставно гарантирано право на штрајк дека член 156 од Кривичниот законик пропишува дека тој што на друг со сила или сериозна закана ќе му го одземе или ограничи правото на штрајк, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ги повикуваме и родителите на учениците во училиштата во кои ќе се штрајкува да покажат разбирање за проблемите на вработените кои ќе штрајкуваат. Не е целта на штрајкот да им се наштети на образовниот процес на учениците, туку, напротив, меѓу другото и да им се овозможи поквалитетно образование. И ги повикуваме да го имаат предвид статусот на сопствените права од работен однос кога ги критикуваат вработените во образованието што застанале во одбрана на сопствените права од работен однос“, се нагласува во соопштението од МЕСО.

http://plusinfo.mk/vest/11317/multietnickiot-sindikat-za-obrazovanie-go-poddrzuva-najaveniot-shtrajk-na-sonk

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Фири Чет Јан 15 2015, 21:53

Македонското образование е на умирачка оти се гледа дека половината на ова тема не знаат да пишат на македонската азбука! Амин!

Firi ,kako pishuvaat chlenovite na forumot , ne e tvoja rabota.Ova e sloboden forum i sekoj pishuva na kakvo saka pismo.                  
luxor
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by reiter Чет Јан 15 2015, 23:39

веќе видено или DEJA VU

Раздор во СОНК


alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/12506-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B4%D0%BE%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BD%D0%BA.html

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пет Јан 16 2015, 00:03

Libertas so interesna analiza i podatoci za impakt faktorot a i nepotizmot.Ovoj pat za bratot na Grujoshesku...

Колкав е импакт факторот на братот на премиерот, доц. д-р Ѓорги Груевски?!

Веројатно многумина не знаат, но премиерот Никола Груевски има брат. Се работи за Ѓорги Груевски, полубрат на Никола Груевски, по неговиот татко. Тој е вонреден професор на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер на Универзитетот „Кирил и Методиј“, ја врши и функцијата продекан за финансии на истиот факултетот. Воедно тој е и член на на Комисија за издавачка дејност на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Македонско образование Gorgi-gruevski

Тој е и раководител на лабораторијата за тестирање на мебел и градежна столарија на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Неговите ангажамани не запираат тука, истовремено Ѓорги Груевски предава и на Факултетот за архитектура и дизајн на  универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на Студиска програма: Архитектура и дизајн.

Задолжителна литература за студентите на кои им предава доц. д-р Ѓорѓи Груевски е и книгата чиј автор е неговиот татко Тало Груевски. Потврда за тоа е информацијата која стои на веб страната на универзитетот „Гоце Делчев“, таму под наслов задолжителна литература пишува;

Проф. д-р Тало Груевски, Дрвни конструкции II – Градежна столарија, УКИМ-Шумарски факултет – Скопје, 1994
Katharina Feuer, Jons Messedat, Door Design, Daab, 2007
Jons Messedat, Window Design, Daab, 2007
Покрај тоа што Ѓорги Груевски држи предавања на додипломски студии воедно е и вклучен во постдипломски студии, поконкретно бил член на Комисија за оценка и одбрана магистерски труд на Факултет за природни и технички науки на Универзитет „Гоце Делчев” – Штип.

Според неговата биографија, Ѓорѓи Груевски се стекнал со звањето доктор на дрвноиндустриски науки, на Шумарски факултет во Скопје во 2007 година.

Досегот на импакт факторот на Ѓорги Груевски стигнува до Тало Груевски

По дебатата за државниот испит и изгласувањето на измените во Законот за високо образование, интересно за јавноста е да се информира за досегашната научна дејност на Ѓорги Груевски. Односно, ако се послужиме со речникот на премиерот Никола Груевски, дали и колкав импакт фактор имаат стручните трудови на неговиот брат, дали тие достигнуваат до Врање или подалеку. Од тоа што стои во биографијата на доцент д-р Ѓорги Груевски во делот објавени стручни трудови, може да се заклучи дека импакт факторот на доцент д-р Ѓорги Груевски стигнува до д-р Тало Груевски, односно до неговиот татко.

Имено, од вкупно 11 проекти во кои учествувал, на 10 од нив раководител е неговиот татко. Во продолжение следуваат стручните трудови на доцент д-р Ѓорги Груевски:

Идеен технолошки проект за производство на плочи од масивно дрво за ТД Паком 2000, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2004 година.
Технолошки проект за производство на плочи од масивно дрво за БЦ Транском увоз-извоз, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2004 година.
Студија со технолошки проект за реконструкција и модернизација на производството на градежна столарија за Нипром Струмица, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Студија со идеен технолошки проект за производство на лепени плочи од масивно дрво за Мебел Трејд Д.О.О., раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Студија со идеен технолошки проект за производство на лепени плочи од масивно дрво за Шума-Комерц Прилеп., раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Идеен технолошки проект за производство на крила (фронтови) за Колос Комерц – Куманово, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Идеен технолошки проект за преработка на пилански трупци во бичена граѓа за Колос-Комерц Куманово, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2005 година.
Истражување и развој на технологија за производство на лепени плочи од масивно буково дрво – компаративни анализи на постојните технолошки параметриц и нови технологии, главен истражувач д-р Константин Бахчеванџиев, Скопје 2006 година.
Студија со идеен технолошки проект за производство на лепени плочи од масивно дрво, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2006 година.
Техничка документација, спецификација на подни елемент ии влезни скали за Лумикс ДООЕЛ, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2006 година.
Поставување на развоен технолошки процесс за производство на елементи за мебел од масивно дрво за Колос Комерц Куманово, раководител д-р Тало Груевски самостоен истражувач, Скопје 2007 година.
Тој има и два научно-истражувачки проекти, каде повторно како раководител, исто така се јавува неговиот татко.

„Испитување на јакости на аголни состави изработени од костеново дрво“, раководител д-р Т. Груевски, Проект финансиран од МОН, 2003 година
„Испитување на јакоста на некои основни видови фиксни крајни и средни аголни состави изработени од фурнирани плочи од иверки оптоварени со сили на смолкнување“, раководител д-р Т. Груевски, меѓународен научноистражувачки проект помеѓу Р. Македонија и Р: Бугарија, 2004 година.
Инаку, СДСМ го спомена братот на премиерот во аферата со становите на семејството Груевски.

На прес конференција во 2011 опозициската партија информираше дека со анонимно писмо, потпишано од разочаран член на ДПМНЕ, добиле уште една информација за имотната состојба на семејство на премиерот.

„Во писмото се наведува дека во зграда на Водно, под „Панорама“, како сопственик на недвижен имот се јавува Ѓорги Груевски, брат на премиерот во заминување. Јавноста го запозна братот на премиерот кога Владата отвори нов факултет за дизајн и мебел за Ѓорги Груевски да стане продекан за финансии. Скандалот да биде уште поголем, братот на Груевски го поседува имотот во елитната населба во објект што го градела градежна фирма блиска до бизнис-миленичето на фамилијата, Орце Камчев“, рекоа тогаш од СДСМ.

http://libertas.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%B2-%D0%B5-%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%B0%D0%BA%D1%82-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Нед Јан 18 2015, 23:03

СОНК не отстапува од најавениот штрајк.Дали ке успеат,или заканите од власта ке го поколебаат најголемиот дел од нивните членови ке видиме во вторник...

СОНК не отстапува од најавениот штрајк

Тужби против градоначалници, директори, но и против сите оние кои спротивно на законот ќе се обидат да го спречат штрајкот на СОНК најави првиот човек на синдикатот Јаким Неделков.

Вели притисоците не стивнуваат и порача работодавците да не задираат во правото на штрајк кое законски им е дозволено на работниците, во случајот наставниците и професорите на основните и средните училишта.
 
Во меѓувреме и денеска дел од градоначалниците на скопските општини на средба со градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски излегоа јавно да порачаат дека на 20-ти јануари настава ќе има.  Трајановски порача дека сите оние наставници кои нема да држат настава нема да добијат плата, а на нивно место ќе дојдат замени.
 

На средбата со скопските градоначалници евидентно беше отсуството на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски. Образложението на Трајановски беше дека од таму и така ретко присуствувале на ваквите кординативни средби, на што од општина Центар експресно вратија преку соопштение.

„Градоначалникот Жерновски е изненаден од крајно тенденциозната изјава за неговото неприсуство. Повеќе од јасно е дека изјавата на господинот Трајановски, како и самата средба, се со партиско-политичка позадина. Градоначалникот Жерновски и општина Центар остануваат доследни на принципот на немешање на политиката во образованието. Токму поради тоа, на директорите, наставниците и воспитувачите, им е оставено сами да одлучат дали ќе го поддржат штрајкот на СОНК“, велат од општина Центар.

Во меѓувреме и денеска не престануваат да стигаат соопштенија и од други градови низ Македонија каде градоначалници, наставници и директори се изјаснуваат дека нема да го поддржат штрајкот.

Штрајкот во образованието е закажан за првиот ден на второто полугодие. Минсистерството за образование веќе се закани дека наставниците кои ќе штрајкуваат ќе бидат заменети со привремени наставници.

http://24vesti.mk/sonk-ne-otstapuva-od-najaveniot-shtrajk

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Јан 20 2015, 13:22

I ova e mozno vo Makedonija.Stravot od vlasta natera del od nastavnicite da rabotat.Na sto li tie nastavnici ke gi naucat decata.Da bidat "lojalni gragani" koi se plasat od vlasta???

Штрајкувачите штрајкуваат, штрајкбрехерите држат настава
Синдикатот за образование вели дека 30 илјади нивни членови штрајкуваат, но состојбата на терен покажува дека во некои училишта и градинки не се штрајкува.

Триесет илјади членови на СОНК одат на работа, но не ги извршуваат своите работни задачи, велат од Синдикатот, но состојбата на терен покажува дека во некои училишта и градинки не се штрајкува.

Од СОНК велат дека тоа што има настава во некои училишта е резултата на притисоците од надлежните, кои претходно соопштија дека за наставниците кои сакаат да штрајкуваат ќе бидат обезбедени замени за тоа време и дека наставниците нема да земаат плата.


Весна Неделковска, генерален секретар на СОНК, изјави дека и покрај притисоците, второто полугодие денеска не започна.

Веројатно нема да имаме плата за јануари, меѓутоа и таа плата што ја земаме ние и тоа е како помош, тоа нема да не плаши и ние ќе ја тераме работата до крај.
Љатиф Исамили, наставник од Тетово.
„Секаде се одржува штрајкот, класично се штрајкува, вработените се во канцеларии, а за прифаќање на децата грижа води директорот“, вели таа.

„Секаде се одржува штрајкот, класично се штрајкува, вработените се во канцеларии, а за прифаќање на децата грижа води директорот“, вели таа.

За најавите дека наставниците кои штрајкуваат нема да земаат плата од СОНК, велат дека не веруваат дека реално може да се обезбедат заменски наставници.

„Во колективниот договор стои дека ако се штрајкува за необезбедено право, тогаш нема прекинување на платата, нема да го прекинеме штрајкот, ако евентуално таква работа се направи“, вели Неделковска.

Според информациите од терен во Општината Карпош, некои наставници држат настава, некои штрајкуваат. Во Кисела Вода поголем дел од наставниците се на настава, додека штрајкуваат поголем дел од наставниците во Тетово.

Љатиф Исамили, наставник од Тетово, вели дека и да не земаат плата поради тоа што штрајкуваат, тоа не им ја менува многу ситуацијата.

„Веројатно нема да имаме плата за јануари, меѓутоа и таа плата што ја земаме ние и тоа е како помош, тоа нема да не плаши и ние ќе ја тераме работата до крај“, вели тој.

Во изминатите неколку денови по медиуми излегоа разно-разни членови кои не ја поддржуваат одлуката на Советот на СОНК, изразија незадоволство од раководството на СОНК, од претседателот на СОНК итн., и кажаа дека нема да го поддржат штрајкот. Излегоа и најголемиот број градоначалници на општините во Македонија. За Синдикатот тоа е доказ дека се соочија со жестоки притисоци.

Од СОНК бараат зголемување на платите за 25 отсто, укинување на паричните казни за наставниците според резултатите од екстерното тестирање, рационализација на педагошката администрација, примена на коефициентите по колективен договор во градинките.

Од Министерството, за покачувањето на платите изјавија дека тоа веќе е реализирано, а дека другото покачување ќе зависи од буџетските политики, а за екстерното оценување дека не отстапуваат, но дека се спремни да преговараат.

http://grid.mk/read/news/509502793/9525982/shtrajkuvachite-shtrajkuvaat-shtrajkbreherite-drzhat-nastava

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Вто Јан 20 2015, 22:57

koj gi sovetruvashe ,epten pojma si nema ,kakvi zamenski nastavnici ,ili personal vo gradinkite ...za da se nauchi ,potochno da se privikne edno dete za da posetuva gradinka potrebno e vreme ,narecheno vo psihologijata i pedagogijata "period na adaptacija toj period e od najmalku 15 dena ,no moze da trae do 60 pa i poveke denovi ,toa zavisi od emocionalnata zrelost na deteto ,no i od negoviot karakter ,znachi nekoi ke se naviknat (ADAPTIRAAT )za okolu 15 -20 dena ,no ima i takvi na koi im e potrebno podolg period za adaptacija duri i do 2-3 meseci ,pa i poveke ..
zatoa prashuvam dali DECATA VO UCHILISHTATA , NO POSEBNO I VO GRADINKITE , ke bidat EKSPERIMENTALNI GLUVCI so toa shto ke treba da gi chuvaat ZAMENSKITE uchitelki koi decata PRV PAT KE GI VIDAT ?

ne mi se veruva ,do tolku da ne ja poznava problematikata od gradinkite ,a da bide najgore ,glaven

dali moze da pomislite kolku decata ke plachat vo gradinka ,ako im se smeni uchitelkata ????

pa zoshto decata do CHetvrto oddelenie se samo so eden nastavnik ???
zatoa shto spored emocionalnata zrelost ,deteto se prilagoduva na toj eden dva nastavnici i tolku ,ko shto veke kazav pogore nekoj za 15 - 20 dena ,no ima i takvi shto im treba vreme pogolemo i od 2-3 meseci a ovie ke si pravat EKSPERIMENT ,ke im donesat mladi i zgodni dpmneovki ,ko bozem decata se GLUVCI ,pa da vidat dali ke izdrzat decata

za kraj ,namesto da gi nosat decata vo gradinka i shkolo ,treba roditelite da shtrajkuvaat zaedno so nas ,a ne tupnitoa decata i tolku ,bez mozok ..

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование Empty Re: Македонско образование

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 7 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот