Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонско образование

+9
трендафил
Фири1
Hamad bim Khalifa
меанџија
reiter
Фири
tmoro
osa
bratucedot
13 posters

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пон Апр 20 2015, 09:16

Odamna trebashe...

Студентска герила акција и пленумска поддршка за средношколците

„Не дозволувајте да бидете заложници на образованието! Поддршка за нашите идни колеги и колешки од Средношколскиот пленум!“, порачуваат од Студентскиот пленум кои со нова герила акција повторија дека се заедно со учениците во нивната борба за подобро образование. Ваквата акција за поддршка доаѓа по десетдневниот средношколскиот бојкот со кој учениците се уште безуспешно се обидуваат да добијат прием кај министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми за пред него да ги аргументираат своите барања за враќање на стариот концепт на полагање државна матура и укинување на екстерното тестирање. -

http://www.radiomof.mk/studentska-gerila-akcija-i-plenumska-poddrshka-za-srednoshkolcite/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by osa Вто Апр 21 2015, 22:24

vo chetvrtok (23 april 2015g ) ke marshiraat vo znak na revolt srednoshkolcite ,no ke im se pridruzat i studentite ...bravo mladino ,samo taka zdruzi se za da uspeesh !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16570
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Апр 22 2015, 19:58

Бојкотот продолжува, утре средношколците ќе маршираат

Македонско образование - Page 6 Bojkot-sredno(3)

Провладините медиуми денеска објавуваат дека бојкотот во средните училишта ќе прекине во петок со цел да го деморализираат учеството на утрешниот марш на средношколците кој ќе се одржи на пладне во Скопје и во Битола. Средношколскиот пленум нагласува дека овие информации се лажни и дека бојкотот продолжува.

„Бојкотот продолжува и понатаму. Информациите за прекин на бојкотот што протекоа во медиумите се неточни, невистинити.
Утре сите заедно од бојкот директно на марш во 12 часот на Фонтана“, објави Средношколскиот пленум на неговиот профил на Фејсбук.

Марш утре ќе има и во Битола, кој ќе тргне на пладне од пред Медицинско училиште „д-р Јован Калаузи".

http://plusinfo.mk/vest/23187/bojkotot-prodolzuva-utre-srednoshkolcite-kje-marshiraat

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Апр 22 2015, 23:08

ОТВОРЕНО ОБРАЌАЊЕ ОД ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА АБДИЛАЌИМ АДЕМИ!

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја изразува својата целосна поддршка на Средношколскиот пленум и нивната, како што се вели во обраќањето, јасно искажана и покажана потреба да бидат активни носители на општествените промени кои нив ги засегаат. Обраќањето Ви го пренесуваме во целост.

Го повикуваме Министерот за образование конечно да го препознае потенцијалот кој го носат младите и да ја испочитува нивната одлучност активно да придонесат во создавањето на подобар систем на образование во Република Македонија.

Децата ризикуваат матура и упис на факултет! Протестираат и бојкотираат и се солидаризираат едни со други без оглед дали ќе полагаат математика или не. Изложени се на секојдневни притисоци дека нема да полагаат матура, дека мора да потпишуваат разни изјави.

Не ни е јасно што се чека? Министерството за образование, наместо да преземе одредени мерки кои ќе им помогне во барањата на учениците, кои се пред се во нивен интерес, тие со своите постапки ги казнуваат, заплашуваат, да им се закануваат, понижуваат, потценуваат…

Дали е потребно да се создаде уште поголем револт и уште поголем гнев и на учениците и на родителите, па да се прелее нездоволството во порадикални форми од бојкот? Во тој случај кој ќе ја превземе одговорностза за случувањата?

Први чекори кон промена се воспоставувањето контакти меѓу двете страни и започнување или одржување комуникација. Затоа сметаме дека Министерот за образование треба итно да го повика Средношколскиот пленум на разговор и договарање околу состојбата. Треба да сме свесни дека во спротивно состојбата може и да ескалира со несакани последици, што никој всушност и не го посакува или пак да резултира со гаснење на надежта кај младите дека се можни промените и дека нивните права гарантирани со Конвенцијата за правата на детето не се почитуваат иако Република Македонија е потписничка на истата. Многупати досега апелиравме дека Конвенцијата за правата на детето (КПД) му го признава правото на детето на учество/партиципација, што значи детето да биде слушнато и консултирано за работи и одлуки кои се од негов интерес! Учеството/партиципацијата на децата е еден од четирите основни принципи на КПД, покрај правото на опстанок и развој, недискриминацијата и најдобриот интерес на детето.

На крајот ве потсетуваме дека сите деца се наши деца без оглед дали бојкотираат или не. Тие ја заслужуваат нашата љубов и поддршка и ние им требаме ним. Какви “возрасни” (родители, наставници, министри, пратеници, граѓански активисти/ки…) сме сите ние ако ги оставиме сами во овие нивни напори да бидат активни учесници/учеснички во создавањето промени? Ако не сега господине министре, кога?

М-р Драги ЗМИЈАНАЦ

Директор и оновач на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ

http://grid.mk/read/news/510112116/9919992/otvoreno-obrakanje-od-dragi-zmijanac-do-ministerot-za-obrazovanie-i-nauka-abdilakim-ademi

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by трендафил Чет Апр 23 2015, 19:28

Денеска ги слушам новите барања на средношколците и се крстам. Тие бараат бесплатно школување, иако истото е бесплатно, бесплатен им е и превозот, бараат учениците на математичкииот смер да не полагаат математика и други нови барања, откако страрите им се исполнети. Интересњни се и пленумите. Почна со професорски, продолжи со студентски, сега го имаме и средношколскиот. Треба ли да очекуваме основношколски, забавишен, градинка и јасли пленум. Откако имаме и новинарски. Кој прво му однесе венец на Борјан Јовановски, потоа однесе друг пред владата обвинувајќи ја дека таа е виновна затоа што сопругата на Јовановски го примила венецот. Дали за ова Борјан доби 68.000 евра од странство или тоа му е награда затоа што се бори за „подобра“ Македонија. А веројатно според тие финансиери само мртов Македонец е добар Македонец. Доколку не е маџир доселен во Беломорска Македонија при грчко турските размени на население во минатиот век.
Какви реформи би посакале средношколците? Дали сите да добијат дипломи дека се одлични без воопшто да бидат тестирани или испрашувани.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Чет Апр 23 2015, 19:43

Средношколците ќе кампуваат во Паркот на новинарите

Средношколскиот пленум најави дека во следните денови бојкотот ќе го пресели пред зградата на Министерството за образование и во Паркот на новинарите ќе постави камп каде ќе престојуваат.

- Се надеваме дека во најкраток можен рок ќе бидеме повикани на средба, бидејќи сме свесни дека со секој изминат училишен час образованието се распаѓа. Во следните неколку денови нашиот бојкот ќе добие нова димензија и од училишните холови ќе се префрли пред Министерството за образование и наука односно во паркот на новинари. Ние тука ќе бидеме присутни 24 часа а со тоа ќе покажеме дека сме спремни во секој момент да дојдеме на средба - рекоа средношколците.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by трендафил Чет Апр 23 2015, 19:51

Со оглед на тоа дека пред неколку години СДСМ, да не кажам Сорос, имаше испратено луѓе на обука за организирање протести преку интернет, заедно со Украинците или Исламска држава, на примнер, не ме изненадува тоа што сега се вршат обиди преку младите. Да бидам директен. Не само што не подржувам, туку мислам дека е малоумно ученик од математичка насока да не полага математика на матурата, туку јазик, англиски. Чудно е и барањето за бесплатно образование кога тоа веќе е бесплатно. Со оваа власт бесплатен е и превозот на средношколците. Како тие од средношколскиот пленум да дошле од некоја друга планета. Останува само да побараат тие наместо граѓаните на Македонија преку нивните представници во Собранието да го бираат министерот за образование и Премиерот.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Чет Апр 23 2015, 19:53

Trendo, mene ne mi izgleda taka...Povekje bi rekol deka mladite polesno go gubat trpenieto i zaradi mladosta se i pohrabri, pa prvi i se sprotivstavija na familijata...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Апр 23 2015, 20:06

Trendo bidi spremen na slednoto baranje na studentite: Grujo da se oblece vo hulahopki i u minic pa da prosheta pod trijumfalnata so transparent "ja sum magare so ushite nagore" - ako saka da spaasi koza i da ne zavrshi kako musolini : obesen so glavata nadolu pod istata trijumfalna porta!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пон Апр 27 2015, 17:48

Postaveni se satorite pred MON. Ke se odi do kraj. Zatoa sto edinstvenata sigurna idnina ja nudi kvalitetnoto obrazovanie. Ne partiskite diplomi od partiskite univerziteti. Mladite ne sakaat da zavisat od milosta na nesposobnite licemeri po partiskite stabovi, tuku od sopstvenoto znaenje i sposobnost.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Чет Апр 30 2015, 19:38

Chestitki za srednoshkolcite...Ova treba da bide primer za site, kako treba da se borat za svoite prava...

Средношколците не прифатија компромисни решенија од МОН

На средношколците, кои денеска беа придружени од претставници на Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Детската амбасада Меѓаши, им било кажано дека се прифаќа нивното барање за полагање државна матура според стариот концепт, односно како што се полагаше минатата година, но за екстерното нема отстапки. Средношколците сепак остануваат на своите барања, известува А1он.

– Никаков договор не е постигнат, понудивме неколку решенија на кои што работеа нашите работни групи, но решенијата на проблемите не беа прифатени. Сметаме дека доколку има волја ќе се најде решение за проблемите, но во овој момент никој не ни покажува волја и желба да се реши проблемот - рече Александра Филиповска од Средношколскиот пленум.

Средношколците не отстапуваат од своите две барања и велат дека и понатаму ќе работат и ќе имаат активности со кои ќе покажат дека тие се засегнати и се надеваат дека двете барања ќе им бидат исполнети.

http://plusinfo.mk/vest/24182/srednoshkolcite-ne-prifatija-kompromisni-reshenija-od-mon-

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Нед Мај 03 2015, 19:55

Ludiloto prodolzhuva...Sakajte go pastirot povekje od sopstvenite deca...

Груевски: Разочаран сум од родителите кои кусогледо застанаа зад децата

http://www.radiomof.mk/gruevski-razocharan-sum-od-roditelite-koi-kusogledo-zastanaa-zad-decata/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by трендафил Пет Мај 08 2015, 12:34

Не знам зошто на било кој што знае и врз основа на тоа знаење добил оценка да му биде страв од можноста да го покаже тоа знаење. Ме чуди и зошто до сега гимназијалците од математичка насока и средношколците од технички струки не протестираа зошто на матурата наместо математика полагаа странски јазик. А зошто не и едното и другото.
Очигледно е дека и учениците и родителите гледаат кусогледо. Само на оценката која во моментов можеби им изгледа најважна, но не и на знаењето. Иначе ако реформите се лоши, зошто средношколците бараат да не важат само за нив, односно да се одложат за 4 години. Иначе условите се рамноправни. Новите услови важат за сите ученици, па исти им се шансите за упис на факултет спред покажаното знаење на државниот испит. Каква разлика има помеѓу тоа дали оценката ја дава нивниот наставник, доколку е непристрасен и компјутерот?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пет Мај 08 2015, 12:47

Shtoe sega Trendo...Strav ti e deka mladite i poobrazovani kadri kje ti go zemat mestoto vo administracijata...Pa zatoa treba da gi partizirate uchilishtata i univerzitetite??? Pa diplomite kje gi delite po partiski zaslugi...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Мај 12 2015, 17:22

Студентите гизнаат и бараат своите интереси. Прекин на преговорите со нелигитимната влада.

Студентски пленум: Оваа влада не е легитимна, ги напуштаме преговорите



Оваа Влада повеќе не е легитимна и студентите едногласно изгласаа излегување од работните групи за Законот за високо образование и прекинување секаква соработка со Министерството за образование и наука, соопштија денеска од Студентскиот пленум.

Студентите на вчерашниот генерален пленум, поради крахирањето на политичките процеси и демократските вредности во земјата, што ги зголемило нивните сомнежи во капацитетот на Владата и нејзините добри намери, донеле одлука целосно да ги прекинат преговорите со Владата и МОН.

„Со други зборови, за студентите повеќе оваа Влада не е легитимна. На вчерашниот генерален интерен пленум, студентите едногласно изгласаа излегување од работните групи за Законот за високо образование и прекинување секаква соработка со Министерството за образование и наука, а исто така и со останатите институции. Студентскиот пленум верува дека единствениот начин сега е изразување на револт на мирен начин и масовно. Затоа ги повикуваме сите заедно, да излеземе на мирни протести, да бидеме разумни и да не потпаѓаме под туѓи провокации. Студентскиот пленум верува дека иднината е во заедништвото а не во делбите. Работната група во рамките на УКИМ, заедно со Професорскиот пленум ќе продолжи да работи на тој закон, но сфативме дека не можеме да работиме со нив бидејќи последните случувања укажуваат дека тие не се доследни на нашите договори. Тие неколку пати веќе ги навредија студентите и Студентскиот пленум реши да отстапи од овие преговори во знак на револт“, изјавија денеска од пленумот, пренесе А1он.

Студентите изразија и сочувство до семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили во Куманово.

„Се надеваме дека вакво нешто нема да се повтори. Студентскиот пленум исто така го осудува изрекувањето наредби кои се косат со човековите права и слободи, утврдени со Уставот на РМ. Наредби кои доведоа до упадот на специјалци во читалната „Браќа Миладиновци“. Од осумте луѓе кои беа приведени, двајца се студенти, кои во текот на ноќта беа повикани на информативен разговор, приведени, изнесени пред судија, при што им беше изречена мерка притвор од осум дена“, изјави Марко Христов од пленумот.

Според Студентскиот пленум постои селективна правда за да се заплашат граѓаните и повикаа на мирни протести како дел од движењето „Протестирам“.

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=22325

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Јун 17 2015, 18:59

Одлично изразени приоритетите на Грујо.

Andreas Hz
‏@Andreas_Hz
јбг приоритети...

Македонско образование - Page 6 CHs1iOfWcAEHdV8

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Јун 17 2015, 21:21

Sto k.r sega sakaat studentive? Pe neli im gi naprai tushevite!? I toa na sred PLOSHTAD! Koj preferisa Jakuzi moze da se prefrli pod pederot!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by трендафил Чет Јун 18 2015, 09:45

Што се однесува до приведените во читалната истите притиснати од доказите, видео снимките, го признаа делото, односно насилството врз полицајците на протестите. Осудени се , со милост на судот на условна казна затоа што ова им е прв судир со законот, на условна казна. На која се немаат жалено и е правосилна. Ќе ве молам да не изнесувате небулози на форумов. Дека ако некој прекршител на законот или криминалец е подржувач на опозицијата и уште ако избегал во читална таму полицијата не смее да го гони. Мене не ми е познато дека во Македонија или во било која друга земја постои таков закон. Не сум слушнал ниту за човеково право повредување на полицајци. Таква идеја тешко дека би се родила и во болницата во Бардовци. Што се однесува до студентските домови Гоце Делчев е лош пример. Не целиот, туку на неколку спрата. Се надевам дека до крајот на мандатот владата ќе го исполни ветувањето. Но затоа имаме позитивни примери. На пример студентскиот дом Стив Наумов. Со нови павиљони. Нешто што никогаш го немаше во времето на СДСМ.
Што се однесува до легитимитетот на владата, него не го дава соросовата банда од која дел се и пленумите, туку народот. Поточно кажано мнозинството. А според изјавата на Заев за Алсат-М во моментов најголема подршка во Македонија има ВМРО-ДПМНЕ. Со сите слабости и грешки што ги има. Затоа што и ВМРО-вците не се богови и не се гезгрешни. Но ги исправаат грешките ако ги направат.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 16:14

Studentite reshija da ne molchat...I da ne se nadevat na politicharite...

СТУДЕНТИТЕ НЕ ЧЕКААТ ИЗБОРИ ЗА ДОМОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Студентски пленум за во понеделник го најави настанот „„Ние не чекаме избори…заокружи Гоце“, кој ќе се одржи во паркот зад салата „Форца“ со почеток во 20:00 часот. На настанот ќе има проекција на филмот за студентскиот дома Гоце Делчев со наслов „Зелени ѕидови, црна храна“ на режисерката Сандра Ѓорѓиевска. Потоа, ќе следи дискусија за условите во студентските домови.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:15

I eve go...Mladite prodolzhija so protestie, jasno kazhuvajki ni na site nas deka ne e dovolno ona shto dosega e postignato i deka rabotata mora da se istera do kraj...Rushenje na diktaturata i smestuvanje vo Idrizovo na Grujokio i familijata...

ФОТО: Средношколски протест во Битола – повторно закани и заклучени врати

Македонско образование - Page 6 12226406_10203774920292082_328642574_n-225x300

Македонско образование - Page 6 12200442_10203774920492087_581025334_n-702x336

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Дек 08 2015, 09:38

Еве как оди тоа со студентите. Очигледно не како што замислил пастирот.

Чорбаџи Ербап ‏@BojanVasilevski  10h10 hours ago
#СтудентскиПленум #ЗбогумНикола

Македонско образование - Page 6 CVqJY07UkAAMbl4

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Гостин Вто Дек 08 2015, 09:43

И одговорот од судентски пленум.

Македонско образование - Page 6 23ihvo3

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by reiter Вто Дек 08 2015, 09:45

шо да прави сироти никола???давеник и за сламка се фаќа..и газ да даде џабе му е...секако веќе му е даден...

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Македонско образование - Page 6 Empty Re: Македонско образование

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот