Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БОМБАТА

+16
Фири1
Sotir
Arhimed
osa
reiter
Hamad bim Khalifa
ribar
bratucedot
kiBik
Kalinda
tmoro
Боко
haskov
Фири
меанџија
хан Ацо
20 posters

Страна 31 of 40 Previous  1 ... 17 ... 30, 31, 32 ... 35 ... 40  Next

Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Апр 01 2015, 16:21

BonSuar Haim! How are yoy today ?
Imate pozdrav od mojot direktor, prashuva dali ke stignat denes tie nekolku stotcinja? Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Arhimed Сре Апр 01 2015, 16:44

Еве пред неколку недели што коментираше Латекс:
Латекс, 23 Фев 2015 напиша:Видовме нарачани убиства од страна на Мијалков... ни се соопштија сметките на Груевски, Сашо Мијалков, Зоран Ставревски и неколкумина други во странство... ни го објави разговорот на Јанкуловска, со кој се продаваат на црно петсто кила хероин кој полицијата го фати на граница со Косово... објавија седум разговори од кои се гледа дека се полнети кутии, и фалисификувани парламенатарните и претседателските избори во последниве шест години... слушнавме како се купувале пратеници од СДСМ за се добие парламентарно мнозинство во Собранието... од разговорите дознавме дека Груевски и Ставревски граделе финансиска пирамида по која две банки отишле во ликвидација, а тие двајца, потоа, изнеле 240 милиони евра надвор... дека земале пари од Али Ахмети и косовската наркомафија за признавање на независно Косово...
Или, сепак, не слушнавме ништо од ова.
Видов транскрипти како извесна Костова се шета во Франција, трансфери на пари на сметки, како му дошло преку глава на Зоран Ставревски (идеален за сведок против Груевски), ...

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Апр 01 2015, 17:20

Aj da vidime denovive Lateksot kako ke komentira?! Da ne pocne i toj na francuski da zbori? Ili mozebi podobro da pojde kaj Mileta da podnauci kineski!?
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Апр 01 2015, 18:55

SDSM mora da zachesti so bombite...I da obrne vnimanie deka mozhebi, ako premnogu odolgovlekuvaat so bombite, mozhe da dojde do prezasitenost kaj narodot...Po onaa stara narodna "sekoe chudo za tri dena"...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Апр 01 2015, 19:03

Hahahahahah.... Nacalnikot ke go tuzhi Zaev!?!?
Abe DIREKTORE, april 2014 beshe lani EEEEEJ! Nego sraboti si ja Ceca ushte malku, posle i nejze i tebe drugi ke ve rabotat u Idrizbeg!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Апр 01 2015, 19:04

Taka se naucheni...Zakani i pritisoci preku partiskite sudovi...Se ushte ne sfakjaat deka nivnoto vreme pomina...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Сре Апр 01 2015, 19:12

Sudijkava kobajagi rabotela vo sud?! Ustvari taja raboti vo blagajnata kaj kum Stavridis- na uplati -isplat! Ah Zajko, Zajko....pak ja manipulirash javnosta! Evil or Very Mad
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Сре Апр 01 2015, 19:17


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Сре Апр 01 2015, 19:18

хм,има ли некоја поврзаност овој израелецот Хаим и оној што беше 'планинар' на матка... што не можеа да го најдат каде беше паднат?

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Arhimed Сре Апр 01 2015, 19:29

Hamad bim Khalifa напиша:Hahahahahah.... Nacalnikot ke go tuzhi Zaev!?!?
Abe DIREKTORE, april 2014 beshe lani EEEEEJ! Nego sraboti si ja Ceca ushte malku, posle i nejze i tebe drugi ke ve rabotat u Idrizbeg!
од Либертас, Реакција на Мијалков напиша:Сакам да ја известам јавноста дека не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја доби Министерството од нашите пријателски служби.

Донацијата од 5.557.377 евра е примена.

Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност.
Каков автогол - не добиле опрема (тенкови, возил и сл.), туку добиле пари и си купиле опрема.
Од твитер и друг форум коментар
чучулига напиша:
DarkKnight ‏
@crniotvitez

како само у франција ја однеле мобилната тактичка клонирана базна станица ?!?!? #Ж #ДолеВлада
Таја во Франција, соговорникот во Израел ...
шо стори комбиња по то светооот.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Arhimed Сре Апр 01 2015, 20:25

НоваТВ - Провизијата за Мијалков преку сопственикот на „Радио Слободна Македонија“

НВСП, според досегашните објавени истражувања на базата за медиумска сопственост „Медиапедија“ е компанија којашто се занимава со различни дејности - од консултантски и адвокатски услуги, обезбедување на резиденции, дистрибуција на мобилни телефони, дозвола за промет со оружје и со муниција, медиуми и друго. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.
Според евиденцијата на Централниот регистер на Македонија, компанијата НВСП е сопственик на Радиото Слободна Македонија во кое што свои емисии имаат Миленко Неделковски, новинарките на Сител телевизија Славица Арсова и Наташа Мерсовска, професорката на правниот факултет Татјана Каракамишева, екс-вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски и други новинари и експерти кои што во јавноста важат за блиски до владејачката ВМРО ДПМНЕ. Радио Слободна Македонија има седиште на иста адреса со неделникот и портал „Република“, чијшто газда е фирмата „Ирезине Лимитед“ од државата Белизе.

Освен пропагандна перална на мозоци, фирмава била и перална на пари!
Имаше на времето една реклама за пица Буџет 2000 (за жал на Јутјуб никако да ја најдам). Еден млад господин прашува: Како се трошат моите пари!
Навистина поучно.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Апр 02 2015, 17:26

Bomba broj 16...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Апр 02 2015, 17:40

Zoshto se slusha samo eden sogovornik? Obicno hotlajnerkava Gocka mustakj?
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Апр 02 2015, 17:41

Ne znam kalifu...Mozhebi drugite ne smeat da zboruvaat...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Апр 02 2015, 19:28

Илјадници кумановци на протестниот марш

БОМБАТА - Page 31 DSC_0456

Илјадници кумановци во поворка која го привршува маршот низ центарот на Куманово, се упатуваат кон плоштадот во овој град, каде со собир ќе заврши денешниот протест на кумановци во организација на здружената опозиција.

Соодветно на етничката застапеност, во маршот кој го предводи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, учествуваат Албанци, Македонци, Роми, Срби, а случајните минувачи со заинтересираност ги проследуваа транспарентите и слоганите што демонстрантите ги извикуваа. Се слушаат пароли „Доле влада““, „Слобода, слобода, слобода...“, „Грујо, оди си!“ и друго.

http://www.plusinfo.mk/vest/20808/galerija-iljadnici-kumanovci-na-protestniot-marsh

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Апр 02 2015, 19:32

Геровски предупредува за црни сценарија на власта...Треба да бидеме спремни на се...

Предупредувам, власта подготвува црни сценарија!

Пропаднаа надежите на премиерот дека по првата рунда преговори во Брисел, СДСМ ќе го запре проектот „Вистината за Македонија“. „Бомбите“ што ги детонира Зоран Заев од ден на ден стануваат се посилни и поразорни. Митот за Груевски се распаѓа. А според најавите, допрва ќе се објават сознанијата за најскандалозните и најкоруптивни зделки на кликата на Груевски.

По трите митинзи на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Битола и во Штип, на кој присуствуваа главно луѓе вработени во администрацијата и такви што чувствуваат потреба да ги одбранат привилегиите што ги стекнаа од овој режим, сега е ред СДСМ да ја покаже силата на улица. Груевски ќе биде непријатно изненаден, иако на митинзите на опозицијата во Куманово, Прилеп и во Битола, Заев нема да може да ги повика изманипулираните „ранливи“ категории население, подложни на изборна корупцијата – тие што ќе излезат на улиците ќе бидат искрени поддржувачи на идеите за промени. А ќе ги има многу. Застрашувачки многу!

Македонија, полека но сигурно, се освестува. Во недоветните објаснувања дека Заев објавува „креирани материјали“ од „странски служби“ веруваат само тие што ги пишуваат овие небулози. Луѓето веќе не се ни глуви, ни мутави. Тие знаат што е донација, а што е провизија. Знаат што е поткуп, притисок, закана. Од начинот на кој зборуваат ликовите на аудио-снимките, недвосмислено е јасно дека станува збор за корупција и тежок криминал.

Режимот е во паника. Лавот е ранет. А кога е ранет, велат, тогаш е најопасен. Јавно предупредувам дека во кругови на власта се подготвуваат најцрни сценарија, со цел да се предизвика безбедносна криза во земјата. Тоа им е познато на повеќе добро информирани луѓе, како и на странските дипломати во Скопје. Груевски испрати јасна порака дека нема намера да се движи кон мирно решение на кризата и дека ќе ги примени сите средства што му стојат на располагање за да се одржи на власт. Предупредувам уште еднаш, сè е можно, дури и најлошото!

Затоа, чинам дека ова е вистинскиот момент меѓународната јавност остро да ја предупреди владата на Република Македонија да не помислува на насилства, на апсења и на нови притисоци врз политичките противници врз медиумите. Опозицијата и демократската јавност ќе одолеат на тој предизвик, а за евентуалните жртви ќе биде виновен исклучиво Никола Груевски.

http://plusinfo.mk/mislenje/403/predupreduvam-vlasta-podgotvuva-crni-scenarija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Чет Апр 02 2015, 19:42

Митевски: Провизија за донација е кривично дело!

Провизијата при склучување договор од страна на државните институции претставува кривично дело, вели поранешниот директор на Државната безбедност, Горан Митевски. Но, според него, аудио снимките што ги емитуваше СДСМ, може да бидат само индикатор дека е сторено кривично дело. Вчера опозицијата посочи дека во 2011, директорот на УБК Сашо Мијалков договорил провизија од половина милион евра при набавката на опрема за МВР вредна 5 и пол милиони евра. Министерството и Мијалков одговорија дека се работи за донација од пријателските израелски служби

http://telma.com.mk/vesti/mitevski-provizija-za-donacija-e-krivichno-delo

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by reiter Чет Апр 02 2015, 20:21

luxor напиша:Геровски предупредува за црни сценарија на власта...Треба да бидеме спремни на се...

Предупредувам, власта подготвува црни сценарија!

Пропаднаа надежите на премиерот дека по првата рунда преговори во Брисел, СДСМ ќе го запре проектот „Вистината за Македонија“. „Бомбите“ што ги детонира Зоран Заев од ден на ден стануваат се посилни и поразорни. Митот за Груевски се распаѓа. А според најавите, допрва ќе се објават сознанијата за најскандалозните и најкоруптивни зделки на кликата на Груевски.

По трите митинзи на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Битола и во Штип, на кој присуствуваа главно луѓе вработени во администрацијата и такви што чувствуваат потреба да ги одбранат привилегиите што ги стекнаа од овој режим, сега е ред СДСМ да ја покаже силата на улица. Груевски ќе биде непријатно изненаден, иако на митинзите на опозицијата во Куманово, Прилеп и во Битола, Заев нема да може да ги повика изманипулираните „ранливи“ категории население, подложни на изборна корупцијата – тие што ќе излезат на улиците ќе бидат искрени поддржувачи на идеите за промени. А ќе ги има многу. Застрашувачки многу!

Македонија, полека но сигурно, се освестува. Во недоветните објаснувања дека Заев објавува „креирани материјали“ од „странски служби“ веруваат само тие што ги пишуваат овие небулози. Луѓето веќе не се ни глуви, ни мутави. Тие знаат што е донација, а што е провизија. Знаат што е поткуп, притисок, закана. Од начинот на кој зборуваат ликовите на аудио-снимките, недвосмислено е јасно дека станува збор за корупција и тежок криминал.

Режимот е во паника. Лавот е ранет. А кога е ранет, велат, тогаш е најопасен. Јавно предупредувам дека во кругови на власта се подготвуваат најцрни сценарија, со цел да се предизвика безбедносна криза во земјата. Тоа им е познато на повеќе добро информирани луѓе, како и на странските дипломати во Скопје. Груевски испрати јасна порака дека нема намера да се движи кон мирно решение на кризата и дека ќе ги примени сите средства што му стојат на располагање за да се одржи на власт. Предупредувам уште еднаш, сè е можно, дури и најлошото!

Затоа, чинам дека ова е вистинскиот момент меѓународната јавност остро да ја предупреди владата на Република Македонија да не помислува на насилства, на апсења и на нови притисоци врз политичките противници врз медиумите. Опозицијата и демократската јавност ќе одолеат на тој предизвик, а за евентуалните жртви ќе биде виновен исклучиво Никола Груевски.  

http://plusinfo.mk/mislenje/403/predupreduvam-vlasta-podgotvuva-crni-scenarija

ако Груевски се реши на таков чекор да со сила и дестабилизација се одржи на власт со жртви од македонска крв тогаш самиот си пресудил смртна казна од најлош вид и вечен срам на неговото семејство и деца.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Пет Апр 03 2015, 13:28

Taka treba...Zachesteno bombardiranje...Sekojdnevno...Bez da im se dade vreme da smisluvaat spinovi vo svoja odbrana...

Прилеп е подготвен за утрешната „бомба“ на Заев

БОМБАТА - Page 31 988911_10153296028532932_9150759199397887536_n

Седумнаесеттата „бомба“ утре ќе пукне во Прилеп, два дена откако вчера во Куманово беше презентиран 16-от серијал снимки на разговори кои го докажуваат криминалот на власта.

Според најавите, лидерот на СДСМ Зоран Заев и партискиот врв во претпладневните часови ќе имаат средби со граѓаните, а потоа со почеток во 13 часот пред прилепчани ќе бидат презентирани доказите од најновата „бомба“. Потоа ќе биде организиран голем граѓански собир, на кој ќе зборува Заев.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Пет Апр 03 2015, 14:43

Бомбите се автентични, колку и да спинува власта. Сите нивни потези го кажуваат тоа.

Петковски: Пријавата за оддавање државна тајна е доказ дека аудио снимките се автентични

Пријавата на МВР против Зоран Заев за оддвање државна тајна, но и демантот на шефот на УБК, Сашо Мијалков се доказ дека аудио снимките кои ги презентира опозицијата се автентични, смета претседателот на НСДП, Тито Петковски.

Според него власта не бира средства како да го покрие криминалот во кој длабоко навлегла а пријавата од МВР за оддавање државна тајна било само штур обид вината за како што вели криминалните провизии да го префрли врз претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Самото јавување на Мијалков дека станува збор за донација а не за провизија кажува дека тие не ја негираат, туку дека напротив ја потврдуваат содржината на материјалите. Тука нема апсолутно никакви елемнти за кривично дело. Не станува збор за класифицирана информација ако македонската јавност добие информација дека македонската служба за безбедност добила донација и како тоа може да биде оддавање државна тајна, тоа е будалаштина. Тоа е само начин да се побегне од одговорноста, вината да се префрли врз Заев и како што бива обично да се казни аберџијата а не оној што го направил кривичното дело. Владата не може да се извлече од ова и тие дефинитивно ја признаа автентичноста на снимките а обидот да кривичното дело да се префрли на друга страна мислам дека е само неуспешен обид да се одбрани криминалниот начин на делување“, рече претседателот на НСДП, Тито Петковски.

Петковски уште еднаш потсети дека како претседател на комисија во собранието која има улога да ја контролира работата на тајната полиција ниту еднаш не успеале да извршат мониторинг на работата на УБК.

Еден од примерите е кога побарал да направи увид во досието на Љубе Бошкоски и примената на ПИ-мерки врз него за нелегално финасирање изборна кампања. Од МВР добил одговор дека може да дојде во министерството на кафе но и не да има увид во постапката која ја водела тајната полиција.

http://a1on.mk/wordpress/archives/472953

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Hamad bim Khalifa Пет Апр 03 2015, 15:21

Barem da ne pretaat tolki, epten ja zaglibia. Do vrat se u gomna!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Пет Апр 03 2015, 15:23

Таму и ќе се удават. Друго и не заслужиле.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Гостин Пет Апр 03 2015, 17:42

Ne da se fateni vo laga...Fateni se so totalno spushteni gakji...Vo normalna drzhava vekje kje bea niz istrazhnite zatvori...

Донаторите од Израел мераклии за данок, иако не морале да платат

МВР во вчерашното соопштение, по повод „бомбата“ на Зоран Заев за наводна провизија при набавка на опрема од Израел, тврди дека Израелците во 2011 ја префрлиле донацијата од 5,5 милиони евра на компанијата која набавила опрема. Понатаму, според полицијата 4.4 милиони евра од тие пари биле исплатени на производителот на опремата, додека остатокот од 1,14 милиони биле исплатени во буџетот на Македонија на име на царина и на ДДВ.

Полицијата потенцира дека не станува збор за набавка на опрема за прислушување, како што тврдеше Заев, ами за опрема за специјалните единици на МВР.

Со оглед дека МВР тврди дека при набавката на опремата се платени царина и ДДВ, чудно е што во овој случај не била искористена можноста за ослободување на донацијата од овие давачки.

Имено, во Упатството на УЈП стои дека се ослободува од давачки увозот на добра-стоки потребни за реализирање на проекти финансирани со парични неповратни средства на странски донатори, за кои постои договор помеѓу Владата на Македонија и странскиот донатор, во кој стои клаузула дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во државава.

- Навистина не ми е јасно зошто Израел би платил еден милион евра повеќе за царина и за данок кога има можност да не плати. Во принцип ниту еден странски донатор не сака да го полни буџетот на земјата на која ѝ донира, вели Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика.

Таа објаснува дека дури со земјите кои се чести донатори на Македонија, како Шведска на пример, државава склучува меморандуми со кои сите идни донации се ослободуваат од овие давачки.

- Сите странски донации се заведуваат во Централната база на податоци за странска помош во Секторот за европски прашања и врз основа на регистрацијата во базата, Управата за јавни приходи издава решение за ослободување од данок. Постои можност да се избегне оваа регистрација и донаторот да си плати данок, меѓутоа тоа е невообичаено - вели Ристевска Јорданова.

Интересно е дека во Централната база на податоци за странска помош, којашто ги регистрира донациите уште од 2002 година, го нема Израел како земја од каде дошла било каква помош. Базата е сложена за пребарување и со оглед дека донацијата е класифицирана како државна тајна недостасуваат параметри за да се пронајде оваа странска помош во обемната база, доколку воопшто е нотирана таму.

ФИРМАТА ШТО ЈА НАБАВИЛА ОПРЕМАТА РАБОТЕЛА БЕСПЛАТНО?

Во вчерашното соопштение на МВР стои дека во компанијата што ја набавила опремата не останало ниту едно евро од донацијата. Оттука произлегуваат уште две прашања на кои нема одговор. Која е компанијата што ја набавила опремата и дали, според она што го кажува МВР, оваа фирма бесплатно посредувала при набавката на опремата?

Од МВР велат дека името на фирмата-добавувач е дел од договорот којшто е класифициран како државна тајна, а оттаму не одговараат ниту која е улогата на компанијата НВСП, на скопјанецот Владислав Стајковиќ, којашто се спомнува во снимките што во средата ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

НВСП е формирана во мај 2006 година, меѓутоа, според документите од Централниот регистар, во декември 2009 истава фирма добила од полицијата одобрение за вршење промет со оружје, муниција, и со делови за оружје.

НОВА денеска контактираше со сопственикот на НВСП, Стајковиќ и тој одби да коментира било што во врска со случајов, бидејќи како што рече, МВР излегло со соопштение и тој нема што друго да додаде.

За тоа кои се бизнисите на НВСП во медиумската сфера и што работи нејзиниот газда Владислав Стајковиќ, НОВА пишуваше неделава и тоа можете да го прочитате на следниов линк.

МВР досега не се изјасни зошто токму директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и тогашната негова соработничка, Светлана Костовска ја договараат реализацијата на донацијата, со оглед дека опремата била за специјалните единици кои не се во надлежност на тајната полиција.

Засега останува непозната и улогата на Костовска.

Поранешната вработена во УБК, Светлана Костовска во март 2011 е избрана за судијка во Вишиот управен суд, а според СДСМ, дел од снимките во коишто таа ја договара зделката со Израелците потекнуваат во периодот потоа. Костовска ја баравме во Вишиот управен суд, меѓутоа ни кажаа дека е на некакво советување и до објавувањето на овој текст не успеавме да ја прашаме дали навистина и како судијка работела на реализацијата на израелската донација.

Останува нејасно и за каква провизија од 200.000 зборуваат Костовска и Мијалков на една од снимките, со оглед дека судијката за парите има дилема „да ги пренесат преку банка или не“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by tmoro Пет Апр 03 2015, 20:04

Небањаните овие спремаат апсење на Зоран Заев,за да не продолжит со објавувањето на бомбите.
Дали треба Херр Бране да се појавит со неговата машинерија ,или Генералот?

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

БОМБАТА - Page 31 Empty Re: БОМБАТА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 31 of 40 Previous  1 ... 17 ... 30, 31, 32 ... 35 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот