Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Vesti od svetot

+25
Flora
Albatros
Nebula
Bosonoga
трендафил
PRVOBOREC
OPOZICIONER
Dino
Teo
TRAJCHE
Luxor
Delta
SHARENI
IVA
defo
Voivodata
tmoro
kiBik
osa
хан Ацо
Hamad bim Khalifa
Естир
reiter
Simulant
Kalinda
29 posters

Страна 11 of 11 Previous  1, 2, 3 ... 9, 10, 11

Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by defo Чет Окт 12 2023, 23:17

Немири во Париз поради забраната за пропалестински протести, демонстрантите извикуваа „Израел убиец“ и „Макрон соучесник“

Почна, денес Париз, утре Берлин, ќе биде слично, дај боже да грешам. Ни следат тешки години. Поготово што и Израел, тргна по лош пат?!?!

ИЗРАЕЛ РАКЕТИРАШЕ АЕРОДРОМИ ВО СИРИЈА И ЈА ЗАСИЛУВА ГРАНИЦАТА СО ЛИБАН

Нема оправдување, за овие постапки. Дури и УСА, во моменто се понаша педерски, ако сакаат или сакале, преку ноќ, ќе ги решеле Хамас

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by defo Чет Ное 16 2023, 02:13

Претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Ѓинпинг ја започнаа средбата на имотот Филоли јужно од Сан Франциско каде што околку четири часа ќе разговараат за билатерални и глобални прашања. Нивната средба се случува на маргините на самитот на Азиско-пацифичката соработка.

Ова е прва посета на Си Ѓинпинг на САД од 2017 година.

Откако го пречека Ѓинпинг, Бајден рече дека е од суштинско значење тој и неговиот кинески колега да имаат разбирање еден со друг и додаде дека конкуренцијата меѓу САД и Кина не може да се претвори во конфликт.

Конкуренцијата меѓу САД и Кина не може да се претвори во конфликт, рече Бајден на почетокот на средбата со Си Ѓинпинг

Лека полека „пријателиве“ ќе си најдат решение. Дури и Украина ќе ја решат. Само онаа исконска руска будала, ќе си остане да виси.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by Luxor Пет Ное 17 2023, 08:06

Таа исконска будала го овожможи ова. Најголема добивка од лудачкиот потег на Путин ќе имаат САД и Кина.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6623
Join date : 2016-10-02

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by defo Нед Апр 28 2024, 15:00

Добро бе 2024 е или 1939 ова......
.Vesti od svetot - Page 11 Captur11

Сериозно вакви изјави и муабети. Наместо да градиме иднина, ние откопуваме скелети од некое друго време.
Идиотизам левел 101.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by Gustav Пон Апр 29 2024, 21:31

Nacionalizmot vristi ne samo na Balkanot.

Gustav

Број на мислења : 15
Join date : 2023-11-16

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by defo Сре Јун 12 2024, 09:48

Анализа: Отпакување на резултатите од изборите за Европскиот парламент


Популистичката десница добива, но дали е победник?

Популистичката десница секако постигна придобивки. Групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) - дом на браќата на Џорџија Мелони од Италија, полската партија Право и правда (ПиС), Шведските демократи и шпанската партија Вокс -- добија 73 места места досега.

И десничарската политичка партија Идентитет и демократија (ИД) на Марин Ле Пен и австриската Слободна Партија (ФПО), исто така би „пораснале“ ако не беше фактот што ја исфрлија Алтернатива за Германија (АФД) неколку недели претходно, откако водечки член на германската крајнодесничарска партија ја минимизираше улогата на СС за време на нацистичкиот период.

Тек допрва не очекува тежок период, губат либералите и зелените. Тоа ќе се одрази на повеќе полиња.
Европски избори: Голем раст на екстремната десница, трите најголеми партии го задржаа мнозинството во ЕП
Зелените/Европската слободна алијанса загуби 20 места и падна на шестото место во Парламентот обезбедувајќи само 52 места. Социјалистите и демократите освоија 137 места во Европскиот парламент, Европската партија за обнова (либерали) 80 места, Европските конзервативци и реформисти (десница) 73, Групата за идентитет и демократија (екстремна десница) 58.

Левицата освои 36 пратенички места, а 99 пратеници не се приклучија на ниту една група во Европскиот парламент.


Заклучокот е дека, не е само ова „дубоко десничрење“ опасност, се пресликува низ цел ЕУ. Епа каков ни ат, таков ни самар.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by трендафил Нед Јун 30 2024, 12:06

Очекувано беше дека кога тогаш и во Европа граѓаните ќе се освестат и ќе почнат да се противат на ненормалните работи што се прогласуваат за нова реалност. Во низа има светска економска криза, емигрантска криза со дојденци насилни кон староседелците, ковид пандемија, војна со фашизмот во Украина која наместо да биде локална станува постепено светска, санкциите кон Русија кои на оваа земја не и штетат туку страда Европа. Не знам зошто еден Македонец би ги поддржувал либералите (доколку не е од северџански тип, се разбира) кога либералите садистички се изживуваат со нас од осамостојувањето до денес. Либералите се исти како комунистите (период во кој и јас сум живеел, а по кажувања такви биле и фашистите), односно сметаат дека политиката одлучува за се. И дали машко може да биде женско (и одбратно) и за мојот идентитет и за историјата ... Се пласира и будалаштина дека меѓународен договор мора да се почитува и ако е донесен од дилтатор или странски слуга и дури дека не може да се раскине. По таа логика според меѓународниот договор од Јалта Русија, а не САД смее да се меша во источна Европа вклучувајќи ја Украина. Меѓународни договори биле и Тројниот пакт Помеѓу Германија, Италија и Јапонија на кој пристапиле и други европски земји кои сите до една сега се членки на ЕУ), Санстефанскиот договор, резолуцијата 1244 по која Косово е дел од Србија и многу други. Меѓународен договор беше и Времената спогодба со Грција која јужниот сосед ја прекрши (за ова постои пресуда од меѓународен суд, а Грција колку гледам не тужи за тоа што смета дека ние го прекршуваме кога го користиме човековото право да си ја викаме својата земја како што сме ја викале од памтивек, туку се обидува да наметне политички протосок преку либералните пајташи од САД и ЕУ.
Ајде да напишам овде и дека изгледа дека за прв пат ќе се случи во САД светскиот лидер на либералите Бајден да се повлече од претседателската трка на неколку месеци пред изборите, затоа што конечно увидоа дека либералниот лидер е излапен. Неговата излапеност е сигурно заслужна за намалената поддршка на линерализмот во Европа и постои страв дека може да има реприза во САД. И во Македонија либералите од СДСМ и зелените од ДУИ заминаа во опозиција.

https://www.pravda.rs/2024/6/30/dzefri-saks-zasto-sad-ne-zele-da-pregovaraju-o-okoncanju-sukoba-u-ukrajini/

https://www.pravda.rs/2024/6/29/sok-iz-amerike-ljudi-nam-se-smeju-kad-uvodimo-sankcije-rusiji-a-ona-jaca-nego-ikad/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by defo Чет Jул 04 2024, 23:16

Америве, ништо не праат и тие. Сакам да кажам, т.е Демокративе, се фатиле ко слеп за стап, за овај окапаниов дедо. Бајден, Бајден, Бајден. Ќе им приумре. Му даваат шанса на онај кловнон, за кој имам став дека е културна верзија и еманципирана на наш Боки 13, Трамп.  Од друга страна ја имаме Мишел Обама. И Америте ја сакат, повеќе од пола. Ќе има со нејзе позитивни трендови. Ваљда ќе се опаметат.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by трендафил Саб Jул 06 2024, 17:47

Мишел Обама не сака да биде претседател на САД. Претпоставувам дека не е спремна да биде параван за воени злосторства о други видови на насилство, како на пример кршење на човековите права на Македонците и други работи што се прават низ светот под водство на САД.

https://vecer.mk/svet/mishel-obama-otkri-dali-kje-se-kandidira-za-pretsedatel-na-sad-me-plashi-shto-mozhe-da-se-sluchi-67eeb8ae-d2a5-47f4-b3c8-92060a433fa5

Така мисли од 2016 година
http://www.nspm.rs/hronika/misel-obama-ne-zelim-da-se-u-buducnosti-kandidujem-za-predsednicu-sad-kao-ni-za-bilo-koju-drugu-drzavnu-funkciju/stampa.html

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by defo Сре Jул 10 2024, 16:01

1.Ама извори си нашол, да се повикуваш на нив.
2. Ок, Мишел неќе, ама па ни ове двајца кои се нудат не се посебно цвеќе за мирисање, з едниот пишав погоре, а за другиов е исто ко немоќно лице да злоставуваш. Не е при свест.
3. Америка има многу за мењавање во однос на надворешната политика. После Обама, мислам оди во несакан правец.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by defo Пон Jул 22 2024, 10:45

Ројтерс: Бајден одлучи да се откаже, откако анкетата покажа дека губи во шест клучни држави на изборите

Ројтерс презентира нови информации за позадината што доведе до одлуката на Бајден да се повлече од кандидатурата за претседател на САД. Според цитиран извор, за одлуката на Бајден одлучувачка била анкетата што му ја покажале неговите блиски соработници во саботата.

И не е само тоа, кутриов веќе на нозе(буквално) неможе да стои. Паметна одлука.


Харис потврди дека ќе бара номинација: Ќе направам сѐ што е во моја моќ да го поразам Трамп

Во текот на изминатата година, патував низ земјата, разговарајќи со Американците за јасниот избор на претстојното гласање. И тоа е она што ќе продолжам да го правам во наредните денови и недели. Ќе направам сѐшто е во моја моќ да ја обединам Демократската партија, да ја обединам нашата нација и да го поразам Доналд Трамп и неговата екстремна агенда на Проектот 2025. Имаме 107 дена до денот на изборите. Заедно ќе се бориме и заедно ќе победиме, соопшти Харис вечерва.

Незнам, многу за женава, сем што била потпрецедател на Америка.

За тимот на кампањата на Трамп, Харис ќе биде уште полоша од Бајден

Харис ќе биде уште полоша за народот на нашата нација од Џо Бајден. Харис цело време беше главен поттикнувач на згрбавениот Џо, се вели во изјава на тимот на кампањата на Трамп.

Исто ко да читаш, соопштение на ДПМНЕ или Левица. И Америчката политичка култура паѓа на ниски гранки.

Али тоа е, народот е во право и кога греши. Па ќе си го изберат Трамп.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3596
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Vesti od svetot - Page 11 Empty Re: Vesti od svetot

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 11 of 11 Previous  1, 2, 3 ... 9, 10, 11

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот