ЗАЕВ ОПТИМИСТ
Страна 1 of 1
ЗАЕВ ОПТИМИСТ
ПРЕД ДЕНЕШНАТА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА
[size=33]Заев: За разрешувањето на Јанева ќе гласаме ама не за незаконско, туку за нестручно работење[/size]
Пратениците на СДСМ на денешната собраниска седница ќе го поддржат разрешувањето на Катица Јанева, но, не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, изјави премиерот Зоран Заев за ТВ Сител.
„Толку е нелогично тоа дека во „Рекет“ некој бил вмешан од блиските луѓе на Заев и затоа не се разрешува Катица Јанева. Едно со друго нема „блага врска“ за Собранието да не ги кочи постапките на барање на Советот на обвинители, тоа ќе постапи. Нашето укажување, кое и писмено го дадовме, е дека ќе дадеме поддршка во Парламентот, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, рече Заев.
„Сакам постапката за случајот „Рекет“ да заврши час поскоро. Граѓаните сакаат да ги знаат одговорите. Постојат закони во државата и треба да се постапува по нив. Јас сум задоволен зашто веќе нема влијание врз правосудството. Истрагата ќе покаже кој е инволвиран. Секој што е инволвиран треба да одговара“, потенцира премиерот.
На 29 август Советот на јавни обвинители едногласно донесе одлука дека се исполнети условите да се започне постапка за разрешување на шефицата на СЈО поради нестручно, незаконско и несовесно работење.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Катица Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев, во предметот „Империја", да излезе од притвор и да добие времен пасош.
Премиерот Заев во интервјуто за „Сител“ уште еднаш повтори дека предметите на СЈО мора да имаат иднина и тоа, како што рече, е црвената линија што не смее да се помине во преговорите со опозицијата.
За власта, потенцира Заев, е прифатлив предлогот новото обвинителство да го води обвинител предложен од опозицијата што потоа ќе го избере парламентарното мнозинство, а ќе го верификува Советот на јавни обвинители.
„Тоа мора да биде некој „тешкаш“, издржан. Предлогот Никола Груевски, Владимир Панчевски, Јован Илиевски или Марко Зврлевски секако не може да помине. Иднината на предметите се причината. Јас и власта се бориме да биде загарантирана нивната иднина од трансферот, по заокружувањето на СЈО тие предмети мора да имаат иднина, а Мицкоски и неговиот тим бараат предметите да бидат амнестирани, да се заташкаат, да се уништат. Иднината на предметите е црвената линија што не смее да се помине“, подвлече Заев.
За барањето на опозицијата да се одржат предвремени избори, Заев повтори дека на земјава треба да и се даде шанса да ги почувствува придобивките од она што власта досега го направи.
Доста беа предвремени избори. Ги донесовме најхрабрите одлуки, ги решивме пробелмите со соседите, го чекаме членството во ЕУ и НАТО, да ги дочекаме ефектите и придобивките од овие процеси, истакна премиерот Зоран Заев.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот