Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЗАЕВ ОПТИМИСТ

5 posters

Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by osa Вто Јун 12 2018, 01:03

Заев опимист пред утрешниот разговор со Ципрас, решението на повидок

Премиерот смета дека е блиску до договор со Грција. Целта е да се постигне фер договор кој ќе го јакне идентитетот. Референдумот ќе се одржи наесен. Коѕијас соопшти дека доколку дојде до ратификација на договорот Грција ќе даде „зелено светло“ за прием на Македонија во ЕУ и НАТО

СКОПЈЕ —
"Утрешниот разговор со грчкиот премиер Ципрас е клучен, јас сум оптимист и мислам дека може да постигнеме договор", соопшти премиерот Зоран Заев на гостувањето во телевизија „Телма“. Сепак, тој не откри повеќе детали околку евентуалниот договор поради принципиелниот однос кон другата страна.

„Разговаравме еден час, се работи за историски договор за нешто што е вредно да го има целото наше внимение. Остана утре повторно да се слушнеме, надевајќи се дека е можно да го направиме исчекорот. Јас сум оптимист и веројатно мојот оптимизам ќе се оствари. Се надевам дека тоа ќе биде утре. Нашата цел е да добиеме фер договор кој ќе го јакне нашиот идентитет и нашата посебност“, рече Заев.
Доколку се постигне договор, Заев најави дека тоа ќе соопштат истовремено двајцата премиери.

Тој потврди дека следен потег би била ратификацијата во Собранието и најави дека референдумот на кој граѓаните би се изјасниле би се одржал кон крајот на септември или почетокот на октомври. Премиерот откри дека во текот на преговорите се инсистирало референдум да се одржи само во Македонија.

„Кога ќе ги соопштиме сите детали, граѓаните ќе знаат дека договорот е фер и немам дилеми“, рече Заев.

Премиерот нагласи дека очекува поддршка од претседателот Иванов и опозицијата, бидејќи во спротивно тоа би значело спречување на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

„Убаво би било сите политички чинители да стоиме заедно по вакво прашање. Очекувам позитивен аспект и од опозицијата. Јасно е дека и тие се за НАТО и ЕУ“, изјави Заев.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас вечерва, во интервју за грчката телевизија „Контраченел“, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери, соопшти дека денеска бил направен решителниот чекор и дека доколку дојде до ратификација на договорот Грција ќе даде „зелено светло“ за прием на Македонија во ЕУ и НАТО. Тој нагласи дека „преговорите не се права линија, тргнавме и одиме на маратон“ и побара трпение и трезвеност.

„Штом го имаме ратификувано договорот, да се надеваме дека ќе го имаме, од нивното Собрание, како ратификувани и прашањата што ги имаме со Албанија, ние со големо задоволство ќе дадеме ОК за да тргнат по нивниот европскиот пат. Секако, доколку ги имаме навистина решено сите проблеми, се надевам дека утре ќе завршиме, ние треба да помогнеме и да ги поддржиме овие земји на нивниот европски пат“, изјави Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија, рече дека македонскиот јазик „не е нешто што го дава или го зема Грција, затоа што тоа е нешто што е веќе дадено од Обединетите Нации“.

САД пред неколку дена повторно јасно го соопштија својот став, а тоа е дека ги поддржуваат актуелните преговори под водство на ОН за проблемот околу името за Македонија, нагласувајќи ја поддршката за решение на ова дологорочно несогласување.

„Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе најдат заедничко прифатливо решение за проблемот со името, што ќе биде во интерес на евроатлантската интеграција, економскиот просперитет, мирот и стабилноста во регионот“, соопшти Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик.

Американската администрација е децидна дека доколку Македонија и Грција постигнат решение за прашањето за името, приемот во НАТО би требало да биде само формалност.

„Алијансата јасно кажа дека Македонија ги исполнува условите, освен името, и дека штом тоа се среди, ние сакаме земјата да стане полноправен партнер. САД го поддржуваа приемот на Македонија и секако се надеваме дека тоа може да се случи на овој Самит, но, тоа зависи од финалните преговори меѓу двете земји“, изјави Кеј Бејли Хатчисон, амбасадорка на САД во НАТО.

Доколку преговорите не завршат успешно, Хатчинсон потенцираше дека поддршката на САД ќе продолжи, исто како и блиската соработка на двете држави.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by трендафил Пон Aвг 20 2018, 22:05

Вие бевте против т.н. антиквизација за да се обидете да спроведете северизација на Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by Luxor Пон Aвг 20 2018, 22:06

А ти себе се сметаш за антички? Јас мислев дека поради словенскиот јазик и писменост се вбројуваш во словенските групи на народи.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by трендафил Вто Aвг 21 2018, 18:52

Сметам дека сум едноставно Македонец и не сакам некој друг да ми го одредува идентитетот. Дека имам врска и со античките Македонци и со Словените иако не ја исклучувам можноста античките Македонци да се основа на сите Словени. Не ми е познто дека на северната полутопка на земјата имало преселба од масовни размери од север кон југ. Сите миграции биле од југ кон север. Тоа се случува и денес. Мојот идентитет е и поширок. На пример дел од мојот идентитет е и рок музиката со која раснев и ја слушам и сега како пензионер. Не сум видел до сега ниту еден сериозен историски доказ дека античките Грци и античките Македонци биле еден ист народ. Напротив, Грците уште во тоа време биле препотентни идиоти и античките Македонци ги сметале за варвари. Очигледно е дека газдите на Заев и тој самиот се на добар пат да не разделат во два етникума. Еден што како и сите други во светот како дел од својот идентитет гледаат на се што се случувало на територијата на својата земја и што луѓе што потекнуваат од Македонија го направиле било каде во светот и луѓе што мислат дека до 1991 или од 1944 биле Бугари па Тито од нив создал вештачка нација. Јазикот е само една од формите на идентитетот. Има Македонци во САД или некој друг континент што не го знаат македонскиот јазик, но во се друго се Македонци како мене. Да заклучам уште еднаш. Јас сум едноставно Македонец. Такви беа татко ми или дедо ми што во првата деценија од минатиот век учел гимназија во Солун и кој преку приказните има голема заслуга во градењето на мојот идентитет. Татко ми бил против Тројниот пакт, јас бев пофлексибилен и сакав членство дури и во НАТО до 2008 година. Но откако оваа организација стана алатка за уцени на Македонија повеќе не го сакам тоа дури и да не примат во членство со уставното име.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by PRVOBOREC Вто Aвг 21 2018, 18:58

трендафил напиша: Дека имам врска и со античките Македонци и со Словените иако не ја исклучувам можноста античките Македонци да се основа на сите Словени.

Да не си ти Аристотел Тентов, врти сучи сите од македонците потекнуваат м?

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by трендафил Вто Aвг 21 2018, 19:06

Има и други научници, и од САД, Русија и други земји што го сметаат истото. Но така не вели историчарот на кој нај повеќе му веруваш, Зоран Заев, па немам намера бадијала да ти давам податоци во врска со тоа. Во секој случај јас сум Македонец од 1953 година, кога сум роден, па нема шанси да им верувам на тие што тврдат дека тогаш сум бил Бугарин, а во 1991 година, на 38 години сум станал Северен Македонец. Ди жалам тие што така мислат без разлика дали се во НАТО, ЕУ или во нашата земја и им пожелувам побрзо оздравување. Не гледам зошто наместо да се лечат ненормалните ние треба да си го смениме името, па затоа ќе го бојкотирам референдумот како најсигурен начин да се спречи таа будалаштина.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by PRVOBOREC Вто Aвг 21 2018, 19:24

Географската одредница не ти го менува идентитетот ниту јазикот а бојкотот ќе биде само во интерес на полесни уставни промени. Онака информативно би сакал да те прашам ќе ти дадат ли и тебе Бачев и Петровски од парите што ги бараат од владата за бојктирањето?

http://netpress.com.mk/bojkotiram-bara-pari-od-vladata-za-kampanja-za-referendumot/

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by трендафил Чет Сеп 13 2018, 20:19

Еве како изгледаше денес Европскиот парламент во време кога зборуваше нашиот премиер без ниту еднаш да го спомене името на нашата земја.

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Igor-eu-parlament

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by PRVOBOREC Чет Сеп 13 2018, 21:12

Небањатиот твој колега  на сликата покажува само четвртина од салата и при тоа ги заокружил сите празни места, точно 73. Ако знаеме дека Европарламентот има 736 пратеници тогаш Заев го слушале точно 663 пратеници или околу десет пати повеќе од тие што не биле присутни.

Европскиот парламент (Europarl или ЕП) е парламентарно тело на Европската Унија. Заедно со Совет на Европската Унија, го формира дводомната законодавна власт на ЕУ. Оваа институција се смета за една од најмоќните законодавни тела во светот. Парламентот и Советот на ЕУ го формираат највисокиот законодавен дом во рамките на ЕУ. Парламентот е составен од 736 пратеници, кои се избираат од страна на најголемиот транснационален демократски електорат во светот (375,000,000 гласачи во 2009) и втор по големина електорат во светот, веднаш по Индија.[2][3]Парламентот се избира на непосредни избори на секои пет години од 1979 година. Изборите се одржуваат во секоја земја членка на ЕУ посебно, независно односно одделно од локалните или парламентарните избори во матичната земја.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by трендафил Пет Сеп 14 2018, 08:38

Прикажан е делот од салата во кој седат вашите пријатели од Грција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by Teo Пет Сеп 14 2018, 10:57

Znachi samo grcite gi nemalo...Verojatno od maka shto mnogupochituvaniot gospodin Zoran Zaev gi zaeba i uspea da gi zashtiti i zacvrsti zasekogash makedonskiot jazik i makedoncite kako nacija...
Teo
Teo

Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ЗАЕВ ОПТИМИСТ Empty Re: ЗАЕВ ОПТИМИСТ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот