Македонски непокор
5 posters
Страна 1 of 2
Страна 1 of 2 • 1, 2
Македонски непокор
Тиквешко востание,
Непосредно по Првата Балканска војна, 150 кавадарчани се врзани на колци во центарот на градот од страна на тогашната окупаторска власт и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени напиша:
Тиквешко востание - прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт којашто ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМРО. Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението при напорите за асимилација и посрбување. Српските власти упатуваат јавна закана до населението дека секој оној којшто ќе се спротивстави на новата власт ќе биде погубен. Со поддршка на ВМРО е свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај коишто учествувале и во Илинденското востание, меѓу коишто биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, и покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена. напиша:
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
Райтер,уште ли во македонските учебници по история се пишува "Периодот мегьу двете светски войни",а не "Србската окупация"?
хан Ацо- Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България
Re: Македонски непокор
го ставив видеото од Тиквешкото востание затоа што има кажувања од сега починатиот Зоран Тодоровски(за негов спомен) кое Тиквешкото востание беше забрането за спомнување како и учење во школо за време на поранешната југословенска држава.
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
Охридско Востание,
Македонско-албанскиот бунт односно Охридското востание се случило во септември 1913 година, на само два месеци по крваво задушеното Тиквешко востание во кое биле убиени повеќе од 1.200 луѓе од српската војска и домашните предавници кои станале соработници на српските власти и еден месец по потпишувањето на катастрофалниот Букурешки договор. На чело на востанието застанале охриѓанецот Петар Чаулев и стружанецот Милан Матов, брат на Христо Матов. Биле ослободени Охрид, Струга, Дебар и Кичево во содејство на четите на ВМРО и на албански востаници. Востанието имало тајна поддршка од младата албанска држава. Биле формирани тела со мешан состав. Причините за почетокот на востанието се наоѓале во неподносливата општествено-политичка и економска ситуација во Македонија под српска власт како и незадоволството од решенијата на Букурешкиот мировен договор со кои не било решено македонското прашање. Карактерот на востанието бил ослободителен, со јасни цели за отфрлање на српската власт во Македонија. Впрочем, дека востанието не било стихијно, покажувале кординираните вооружени акции на четите на ВМРО со албанските востанички чети како и заедничката привремена власт, во мешан состав, во градовите кои биле ослободени и завземени од страна на востаничките одреди. Српската власт се обидувала на востанието да му даде наводен бугарски карактер, но во тоа не успеала затоа што и бугарските дипломатско-политички кругови се оградиле од било каква соработка и помош на востаниците. Македонско-албанското востание од септември 1913 година било автохтоно, произлегувало од територијата на Македонија и имало самостоен карактер. Тоа претставувало успешен пример за соработка на македонските и албанските револуционери во борбата против српската власт во Македонија во периодот по Балканските војни 1912/13 година. Охридско-дебарско востание (познато и како Охридско востание) избувнало во септември 1913 година, по завршувањето на Балканските војни, во Дебарско, Струшко и Охридско. Било организирано од структурите на ВМРО на Тодор Александров и од локалните албански востаници, а било раководено од Петар Чаулев, Милан Матов, Павел Христов и Антон Шибаков. По десетдневни борби со редовната српска војска востанието било задушено. Ден по потпишувањето на Букурешкиот договор, на 11 август 1913 година, Централниот комитет на ВМРО свикал состанок на кој било решено да се побара од големите сили ревизија на договорот, во спротивно се заканиле дека Организацијата ќе ја продолжи револуционерната борба за ослободување на Македонија. напиша:
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
mumley напиша:Реши да се запишеш на училиште во Македонија?
Да,во гимназия Йосип Броз-Тито во Скопие.
хан Ацо- Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България
Re: Македонски непокор
reiter напиша:Охридско Востание,
Райтер,интересно е дека Охридското востание за албанците,германците и англичаните е бугарско-албански бунт.
http://sq.wikipedia.org/wiki/Kryengritja_e_Dib%C3%ABr-Ohrit
http://en.wikipedia.org/wiki/Ohrid%E2%80%93Debar_Uprising
http://de.wikipedia.org/wiki/Ohrid-Debar-Aufstand
хан Ацо- Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България
Re: Македонски непокор
luxor напиша:A стипендија ќе ти даде Грујо?
Не верувам,яс сум го навредувал многу,а УБК не спие
хан Ацо- Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България
Re: Македонски непокор
хан Ацо,се е одговорено во 2-видеа што ги имам ставено.Ете има историчари кои кажуваат како и што е било од.Јас не сум историчар.
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
Ройтер ова е непокор на Бугарите во Македония. Не лажи и не мажи дека бил некаков "етничко" македонски непокор.
Фири1- Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14
Re: Македонски непокор
на грешка адреса си фири1...ете има во видеата луѓе кои зборуваат за настаните...некои се сеуште живи..прашај ги нив..јас само ги ставив видеата овде на форум..Фири1 напиша:Ройтер ова е непокор на Бугарите во Македония. Не лажи и не мажи дека бил некаков "етничко" македонски непокор.
п.с. во видеото од тиквешкото востание убаво кажуваат..бугарите биле од другата страна на реката,не дошле на ветеното да ги подржат востаниците..си седеле и фаќале риба и гледале сеир...
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
Да бе сеуште се живи тие дека гордо тврделе дека се Бугари я преживеале српската окупация 20 години каде за вакви зборови те стрелале на улица, преживеяле я и комунярската власт каде за ова одиш директно во Голи оток и сеа збореле вистината.Лажат копуците. Инаку официалната бугарска политика на официалната влада воопште може и да била ваква или онаква. Нели сега вие се борите против Груйо или той не е етнички македонец? Влада и народ во бугарската история не секогаш биле на едно мисленйе, за жал.
Фири1- Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14
Re: Македонски непокор
Фири1 напиша:Да бе сеуште се живи тие дека гордо тврделе дека се Бугари я преживеале српската окупация 20 години каде за вакви зборови те стрелале на улица, преживеяле я и комунярската власт каде за ова одиш директно во Голи оток и сеа збореле вистината.Лажат копуците. Инаку официалната бугарска политика на официалната влада воопште може и да била ваква или онаква. Нели сега вие се борите против Груйо или той не е етнички македонец?
е па ајде стави нешто од тоа што ти си учел во бугарија за тиквешкото и охридското востание да прочитаме и ние..и дали се уште во школите во бугарија ги учат овие настани
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
Ова е востание на бугарите против српскиот окупатор. Кога етнички македонец ке востане против србин? Па той ке му говори на српски ке му излиже и курот и ке му каже фала лепо ова се етничките македонци. Востаниците се разбира се били етнички бугари и албанци
Фири1- Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14
Re: Македонски непокор
не мрдај сега..ете стави видео,документарен филм од кај вас па да погледнеме..Фири1 напиша:Ова е востание на бугарите против српскиот окупатор. Кога етнички македонец ке востане против србин? Па той ке му говори на српски ке му излиже и курот и ке му каже фала лепо ова се етничките македонци. Востаниците се разбира се били етнички бугари и албанци
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
Има нет бе читай, да беше нешто на српски да си го изедел до последната буква ама ако е на бугарски и те фати големиот страв одма
Фири1- Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14
Re: Македонски непокор
[img][/img]Македонски манифест: Државата го заборави Јане Сандански напиша:
„Македонски манифест“ е крајно разочаран што институциите во државава, должни да го чуваат споменот на најистакнатите македонски синови, не прават ништо младите генерации да дознаат за нив. Коските на Сандански останаа кај Роженскиот манастир во Република Бугарија, но тоа не значи дека државните институции треба да го препуштат на заборавот неговото револуционерно дело, се вели во соопштението. Македонски манифест потсетува на делото на Сандански. „На 22 април пред еден век беше убиен Јане Сандански – Пиринскиот цар. Сандански и Делчев се два столба на револуционерната борба за создавање независна македонска држава и за зачувување на македонскиот идентитет. Вистински визионери за македонската иднина. Затоа и двајцата беа убиени со обединети дејствија на надворешните и на внатрешните непријатели на Македонија. Во својот недолг живот Јане Сандански остана доследен на своите идеи и принципи и не попушти пред никакви притисоци. Ниту пред, ниту во времето на Илинденското востание, ниту во периодот на Младотурската револуција, ниту во Балканските војни, кои ја распарчија Македонија. Космополит и патриот од највисок ранг, тој се раководеше од принципот „Да живееш - значи да се бориш: робот за слобода, слободниот за совршенство“. Тој имаше храброст директно да се спротивстави и на најголемите македонски непријатели. На великиот везир Хилми паша му предвиде распаѓање на Османлиската империја, се изјасни против бугарската окупација на Македонија, го организираше елиминирањето на бугарскиот цар Фердинанд и се залагаше за менување на државниот систем и политиката на Бугарија. Сандански немаше шанса да биде македонски државник, но имаше волја, идеи и цврст став на државник. По шест месеци мачни преговори со американската делегација во Цариград и со американската влада, Сандански успеа да добие 63.800 долари (денешни околу 2,1 милиони долари) за киднапираната американска мисионерка мис Стон, кои беа искористени за купување оружје. Во 1909 г. Сандански со 1.200 негови четници влезе во османлиската престолнина и учествуваше во симнувањето од престолот на султанот Абдул Хамид. Како голем визионер, Сандански се бореше за вистински слободна Македонија, во која македонскиот народ, а не странци, ќе одлучуваат за нејзината судбина, без мешање „од која и да е држава“. Во таа борба Пиринскиот цар беше страв и трепет за сите македонски непријатели, затоа што имаше едноставен однос кон нив. Како македонски револуционер тој не користеше обезбедување, независно од шестте атентати организирани против него. Беше убиен од заседа, од зад грб, со 11 рани на телото, но никој од терористичката банда која го опкружи, немаше храброст да му се доближи. Јане Сандански е пример за тоа како се сака Македонија – не со голи зборови, не со ветувања, не на трибини, туку со дејствување и со лична саможртва. Зборуваше малку, но секој збор сечел како нож и биел како куршум. Денес на Македонија, повеќе од кога и да е, ѝ се потребни такви луѓе. напиша:
http://plusinfo.mk/vest/22782/makedonski-manifest-drzavata-go-zaboravi-jane-sandanski
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
Солунските атентатори
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8
Солунските атентати биле серија бомбашки напади во Солун, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година, од страна на Гемиџиите, анархистичка револуционерна група. Целта на овие напади била да се нападне најзначајниот европски град во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили врз македонското прашање.[1][2][3][4] Во изведувањето на Солунските атентати учествувале десетмина гемиџии: Јордан Поп Јорданов - Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов и Цветко Трајков. напиша:
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
Одбележување 112 години од смртта на Гоце Делчев напиша:
Гоце Делчев (4 февруари 1872, с. Кукуш-4 мај 1903 с. Баница) е македонски револуционер и национален херој. Тој се смета за апостол, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. век. Загинал во предвечерието на Илинденското востание, на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, во борби со османлиската војска која го опколила селото. Неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Посмртните останки на Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата „Свети Спас“. напиша:
http://a1on.mk/wordpress/archives/485347
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
112 години од Смилевскиот конгрес напиша:
По повод 112 годишнината од одржувањето на Смилевскиот конгрес во с. Смилево се одржа традиционалното чествување. Се положи свежо цвеќе на спомен костурницата на паднатите илинденци , а се одржа и историски час на тема „Смилевски конгрес- местото и улогата во македонската национална историја“. Со низа свечености во село Смилево, Демир Хисар се одбележа 112 годишнината од одржувањето на Смилевскиот конгрес, кој се одржа од 2 до 7 мај 1903 година. Смилевскиот конгрес е еден од најзначајните датуми во македонската историја .Во чест на паднатите борци од илинденскиот период беше положено свежо цвеќе пред спомен костурницата на Даме Груев и споменикот на смилевските Илинденци од страна на градоначалникот на општина Демир Хисар Љупчо Блажевски како и останати почитувачи на делото на илинденците. Во рамките на чествувањето се одржа историски час на тема „Смилевски конгрес- местото и улогата во македонската национална историја“ во кој зедоа учество д-р роберт Тајковски и Владе Кузмановски. – Смилевскиот конгрес е еден од најзначајните настани во македонската историја од периодот на т.н. Илинденска епопеја. На Смилевскиот конгрес беа донесени многу значајни одлуки. Пред се, беше формиран Главен штаб на востанието и, исто така, започнаа подготовките за почеток на возтанието- рече историчарот д-р Роберт Трајковски. Локалната самоуправа на Демир Хисар, во Смилево продолжува и понатаму да се грижи во одбележувањето на делото на илинденците, и во таа насока ќе реализира повеќе проекти со чија помош ќе го развива историскиот туризам. – Минатата година реализиравме еден голем проект, т.н. туристичка сигнализација за село Смилево, а оваа година ќе биде асфалтиран патот до манастирот “Свети Петар“ во должина од 6 километри- рече демирхисарскиот градоначалник Љупчо Блажевски. Во рамките на одбележувањето на 112 годишнината од Смилевскиот конгрес беше одржана и богата културно умењтничка програма во изведба на ученици од ОУ Даме Груев од Смилево. напиша:
http://tvorbis.com.mk/?p=5427
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: Македонски непокор
pa i ova e dovolno ..ko shto pojma nemam od istorija ...ke naucham neshto ...
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: Македонски непокор
Рицарот го спомна Зоран Тодоровски....Во издание на ДАРМ се објавени прекрасни книги за македонската историја, спомени, фототипни изданија, турски документи за Македонија.....а Македонците својата историја ја учат од веб сајтови. Каква неверојатна почит кон македонската книга.
Пат- Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04
Re: Македонски непокор
Пат напиша:Рицарот го спомна Зоран Тодоровски....Во издание на ДАРМ се објавени прекрасни книги за македонската историја, спомени, фототипни изданија, турски документи за Македонија.....а Македонците својата историја ја учат од веб сајтови. Каква неверојатна почит кон македонската книга.
Опасно е да се учи македонската история од фототипни издания и документи
хан Ацо- Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България
Re: Македонски непокор
Почна одбележувањето на 139-годишнината од Разловечкото востание
Во село Разловци утрово со биењето на камбаните од црквата „Св. Цар Костадин и царица Елена“ беше означена 139-годишнината од Разловечкото востание.
Во организација на локалната самоуправа од Делчево стартуваше и годинашново издание на традиционалниот планинарски марш „По патеките на разловечките востаници“.
Планинари од планинарските друштва „Голачка срна“ , „ПОП“ и „Голак“ и нивни гости од повеќе места од Македонија маршот, чија маршута е долга 13 километри, го започнаа од пред фонтаната на село Тработивиште во 7 часот а на целта во востаничко Разловци е предвидено да стигнат околу 10:30 часот.
Со денешната прослава на 139-годишнината од првото организирано вооружено востание на македонскиот народ, против отоманската империја, се оддава достојна почит и на неговите организатори и водачи Поп Стојан Разловечки и Димитар Поп Георгиев – Беровски.
Учесниците на денешниот црковно-народен собор во Разловци ќе присуствуваат на панихидата за загинатите востаници, по што на гробот и на спомен плочата на Поп Стојан ќе бидат положени свежи цвеќиња.
Во културниот дел од програмата ќе биде посетена постојаната изложба на документи и фотографии за востанието, сместена во спомен домот на Разловечкото востание, каде ќе се одржи и литературно читање. Фолклорни групи, културно-уметнички друштва и исполнители на изворни песни ќе настапат на платото пред основното училиште, а попладнево ќе се одржат и спортски натпревари.
http://lokalno.mk/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-139-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/
Гостин- Гостин
Страна 1 of 2 • 1, 2
Similar topics
» МАКЕДОНСКИ ПОГОВОРКИ
» Македонски дилетализам
» Македонски мизерлак
» ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ ФАРАОН
» МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ ИМИЊА
» Македонски дилетализам
» Македонски мизерлак
» ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ ФАРАОН
» МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ ИМИЊА
Страна 1 of 2
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот