Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Уставни промени

Go down

Уставни промени Empty Уставни промени

Пишување by трендафил Сре Апр 05 2023, 20:38

Македонија релативно често го менува Уставот и тоа секогаш е под странски притисок. Истото се случува и сега. Никој не прашува што мисли народот, туку како насилно да се спроведе гласање. Изгледа дека веќе се формира комисија за уставните промени, а се игнорира фактот дека не е помината првата фаза, Собранието со 2/3 мнозинство да изгласа потреба од уставни промени. Бугарија бара да има свој член во таа комисија. Поголемо понижување на суверенитетот на една земја не сум видел. Кога не бевме членка на НАТО тоа никогаш не ни се случило. Впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав е проблематично од повеќе причини. Да почнам од реципроцитетот. Бугарија не признава македонско малцоинство. Проблем е и што се работи за малцинство кое не го почитува идентитетот на мнозинството во Македонија. Проблем е и тоа што нашиот Устав не признава постоење на народ и малцинства и според него Македонците немаат своја матична држава. Македонија е збир на еѕнички заедници, односно на македонскиот народ и делови од други народи, при што никаде не пишува дека тие народи имаат свои матични земји.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Уставни промени Empty Re: Уставни промени

Пишување by трендафил Сре Апр 05 2023, 20:44

Да дополнам и дека пратениците за 6 дена покачена плата ќе добијат 16.000 денари. Што би рекле дека секој ден платата им е поголема за 2.ооо денари. Дали ова е корупција за да гласаат за уставните промени?

https://plusinfo.mk/plus-16-000-denari-samo-za-8-osum-dena-pratenicite-zemaa-78-otsto-povisoka-plata/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Уставни промени Empty Re: Уставни промени

Пишување by трендафил Вто Апр 11 2023, 11:39

Интересно е што власта си формира работна група за уставни измени, а собранието воопшто не разговарало, а да не говорам за усвојување дека има потреба од уставни измени. Според сите сознанија Собранието го нема предвиденото мнозинство за да се промени Уставот, дури и ако пратениците ја почитуваат партиската директива, а не мислењето на народот кој наводно го претставуваат. Мнозинство од граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот додека Бугарската држава и претставниците бугарските здруженија во Македонија не признаваат постоење на Македонци. Жал ми е што постојат лудаци што мислат дека подобро од мене знаат за потеклото на моето семејство. Дури и кога би било точно дека наводно некогаш сме биле Бугари (иако ние немаме никаква врска со Татарите, за разлика од нив) наше право е да се чувствуваме како што сакаме и како народ сами да си ја осознаваме историјата. Ако бугарскиот, грчкиот и на евроатлантската меѓународна банда начин на размислување кога се работи за нас Македонците се пренесе на светско ниво ќе излезе дека сите луѓе се Евреи, дури и Хитлер, доколку сме постанале од Адам и Ева, или дека сите се мајмуни (нема луѓе) ако потеклото ни е според теоријата на Дарвин.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Уставни промени Empty Re: Уставни промени

Пишување by трендафил Вто Апр 11 2023, 15:03

Гледам дека во работната група за промена на Уставот има само членови на партии што го поддржуваат понижувањето на Македонија и Македонците во политичката војна со Бугарија. Што би рекле претставени се 35% од граѓаните или 20% од Македонците. Превише е очигледно е дека власта не го претставува народот туку работи за свои и туѓи интереси.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Уставни промени Empty Re: Уставни промени

Пишување by трендафил Пет Апр 14 2023, 13:35

Еве го, без коментар за сега, писмото на непостоечкиот бугарски клуб Иван Михајлов до Претседателот Пендаровски, кој не го прикажува во јавност.

Господине претседателе,

Поминаа повеќе од три децении од крајот на југословенската окупација на нашата земја
Македонија. Три децении во кои македонските Бугари очекуваа нашиот народ да
добие слобода и правда рамноправно со останатите народи кои живеат во
земјата. Денеска ова е инсистирање на сите 27 земји членки на Европската Унија.
Проблемот е веќе ЕВРОПСКИ. Ништо не може да го поништи фактот дека во Македонија
има бугарско прашање кое може да се реши само со алатките на демократијата и
на владеењето на правото. Тепањата на македонските Бугари, отказите од
работа, палења и пукотници во нашите клубови, ослободување на сторителите,
забрана на нашите здруженија, говор на омраза во контролираните медиуми,
сквернавењето на нашите споменици и фалсификувањето на нашата историја – ништо нема да не запре затоа што…НИЕ СМЕ НАРОДОТ! Ние сме народ на цар Самуил, на преродбениците, на егзархијата, на Илинденци, на Гоце, на Тодор Александров и на Ванчо Михаилов. Нашето
вклучувањето во Уставот на РМ не е привилегија, туку право. Без него, татковината би била
сатрапија. Очекуваме јасно да ја кажете вистината – дека без уставни гаранции за
правата на бугарскиот народ во Македонија, нашата земја ќе остане зад оградата
на Слободниот свет.

Господине претседателе,
Вие наведувате дека сакате да се консултирате со Работната група за тоа како да го додадете зборот „Бугари“ меѓу наведените делови на народи на три места во Уставот. Ние сме подготвени да ви помогнат во тешката задача да го запишете Основниот закон три пати од овие ШЕСТ букви.

Гледате, ние сме сигурни дека не можете да разговарате за нашиот статус зад нашиот грб и тврдат дека бараат решение. Без нас и со наметнување на формули кои би биле
камуфлирање на нашата нееднаквост нема да го реши проблемот со нашиот статус.
Очекуваме да бидеме поканети да бидеме сослушани во Скопје, како што бевме поканети и чуени од Европската комисија во Брисел. Адресите каде што очекуваме да ги добиеме вашите покани добро ви се познати – тие се истите на кои беа испратени луѓе да не запалат и да пукаат во нас.

Господине претседателе,

За да ви помогнеме однапред во вашиот тежок потфат со демократски реформи, имаме 4 барања за вас:

1. Кога јавно коментирате за ова прашање, не си играјте со терминот „малцинство“
затоа што не сме малцинство и во иден неизвалкан попис на македонското население овој рестриктивен статут ќе се покаже како невистинит.

2. Не агитирајте кај европските сојузници дека македонските Бугари се „фашисти“. Тие веќе знаат дека КОГА ГО ГУШКАШ ВУЧИЌ ГО ГУШКАШ ПУТИН кој го користи истото
обвинувања за „фашизам“ против жртвите на нивната агресија.

3. Побарајте од вашите безбедносни служби да не ги трошат парите на даночните обврзници за создавање лажни бугарски здруженија да не претставуваат. Годината е 2023, а не 1945 година.

4. Не сметајте на тоа дека ќе можете да не поколебате корумпирајќи ја поединечната јавност лица во Софија. Во Бугарија имаме БРАЌА, НО НЕМА ГАЗДИ. Нашата борба е НАША
борба…додека зората на слободата не изгрее.

Очекуваме, господине претседателе, да ја прифатите нашата подадена рака.

Центар „Иван Михаилов“ Битола

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Уставни промени Empty Re: Уставни промени

Пишување by трендафил Пон Апр 17 2023, 14:41

Бришењето на до сега 20тина векови од македонската историја со политиката на свиткана кичма воведена по шарената револуциа од кадрите на Џорџ Сорос доведе до поделба меѓу Македонците. Покрај условно кажано античките и нордистантските, сега се јавува и трет дел, Македонците од муслиманска вероисповест сакаат да влезат во Уставот како Торбеши.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Уставни промени Empty Re: Уставни промени

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот