Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ ПРЕД ДА ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКА ...

Go down

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ ПРЕД ДА ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКА ... Empty ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ ПРЕД ДА ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКА ...

Пишување by osa Чет Мар 14 2024, 12:32

Borce Trajkovski
1 д. ·
Ако си заборавил, излези и гласај за ДПМНЕ...
На мирисот на тазе ископаната пролетна земја, на тукушто искосената предвелигденска трева во дворовите, на оросените пространи полјани преполни со вртипоп, на цветовите на кајсиите, на мирисот на пасиштата, на боите на македонската пролет, на мирисот на воздухот измешан со крвавите дамки на полјаната покрај Смилковско, на незасирената крв од младите насилно одземени животи, на мирисот на солзите на мајките. Ако си заборавил излези и гласај за ДПМНЕ..
***
На момчето кое сакаше да ја прослави изборната победа, и проба да се искачи на бината. На еден од “чуварите“ на Груевски кој го уби. Го уби со тупаници, со клоци. Му ја одзема душата, го прекина животот на еден млад човек, кој, немаше никаква друга намера, освен да ја прослави фалсификуваната изборна победа на ДПМНЕ, со кражба на гласовите. Да не се пренесеше веста преку А1 телевизијата, како реакција на очевидци, смртта на Мартин ќе беше прогласена за несреќен случај или како смрт од предозираност. Два дена, под ужасен притисок на јавноста, владата на ДПМНЕ од највисоките позиции се договараше со убиецот како да се обзнани неговото име и колку да се осуди. Тогаш судиите не беа под притисок, нели? Ако си заборавил на Мартин, излези и гласај за ДПМНЕ...
***
Не ни е интерес телевизијата туку други фирми во сопственост на Велија, изјави тогашниот портпарол на МВРО. И пази, баш така се случи. Целата империја на Велија беше затворена, заедно со Велија и други членови на неговото најблиско семејство, а неговата телевизија прва. Судиите постапуваа во експресни постапки затоа што не беа под притисок. И истражните без влијание и притисок веднаш одредуваа мерки притвор, а кривичните, брзо носеа пресуди со поголеми казни од онаа за убиството на Мартин. Ако си заборавил излези и гласај за ДПМНЕ...
***
Секое апсење, утрински упади во домови, секое изведување на уапсените пред истражен судија, кршење врати на фирми и под блесави образложенија, беа во директна координација со одбрани ТВ куќи, кои ја имаа ексклузивноста први да пренесат видео снимки од тие настани, неретко користејќи и полициски видеа за да ја збогатат својата програма, а често пати и во директни преноси. Преку тие “спектакли“, државата немаше намера да ја презентира својата односно ефикасноста на ДПМНЕ, туку да влее старав кон секој потенцијален кој ќе се осмели да и’ се противстави на каков било начин.
Многумина од тие несреќници беа осудени, многумина од нив ослободени после повеќемесечни па и повеќегодишни притвори, паднаа пресуди, за кои, државата ќе мора да плаќа отштети во стотици милиони евра. Тогаш, тие судии не беа под никаков политички притисок. Сите беа под посреден притисок преку ДПМНЕ, а се викаа Филимиена и Михајло Маневски. Машите на ДПМНЕ кои го уништија правосудството во Македонија. Ако си заборавил излези и гласај за ДПМНЕ...
***
Ја кретенизираа “гоцевата раса“, на начин, што, нивните политики ги бранеа кретени. Одбрана нискооктанска збирштина од лажни професор(к)и, академици и самопрогласени новинари, квази аналитичари, управувани анкетари и друга ситна боранија до улични тепачи ги бранеа политиките на владата на ДПМНЕ. На здраворазумното мкд пучанство им се згади, им збоктиса од едни те исти кретенчуги кои за грст пари и кафена лажичка привилегии, се глупираа низ медиумите за да ги заштитуваат нивните луди идеи, посебно оние за антиквизацијата и барокизацијата на Скопје. Некои од таквите заминаа амбасадори, некои станаа едноминутни министри, други се задоволуваа со надоместоците од патните трошоци, од членство во управни одбори, комисии и слично. Од Скопје, метрополата на “мајка им“ Македонија, направија Потемкиново село. Срам за светот, а просторот помеѓу стиропорните фасади го збогатија со неверојатно многу поголемо влијание на античките одошто на илинденските херои, врз чии кама и нагант се колнеа и се колнат “патриотите“ ала Пандов. За асномските да не зборувам. Им ги избришаа имињата од улиците, им ги сменија идентитетите со некои нови ликови со револвери на коњи, со ножеви во рака. Херои во нивниот лажен историско советнички ум, набиен од Ачковскисти и други исти, со кретенизирани налудничави идеи со кои имаа само една и единствена намера, да се отрујат вистинските патриоти. Го збришаа и ВМРО со монументалната глупост на плоштадот Македонија, грандиозниот споменик на Александар велики и македонски, кој, набергу потоа, стана воин на коњ, со восочна фигура на Ванчо Михајлов на ударно место во музејот на смртта на Македонија. Преку Аџиев, извлечена фигура од мувлосаните визби на македонската глупост, лустрираа мртовци. Ако си заборавил излези и гласај за ДПМНЕ...
***
Кој идиотизам, кој цинизам, која мизерија од патриотизам покажаа во тој момент? Па ако споменикот си го нарачал како Александар Велики и македонски, од што уцвикаа “патриотите“, па го прекрстија во Воин на коњ? Зошто преку ноќ, како и што вообичаено ги проектираа и реконструираа сите кретенизми, исчезнаа краци од 16 кракото сонце на штитовите на стражарите под Александар? Сакаа да продолжат да го мантраат светот како што овде го кретенизираа сопствениот народ? Сакаа да ги затупат оние од надвор, како овие платени кретенски апологети кои за цркавица од нивната грандиозна пљачка и невидено трошење за глупости, ги прифатат како најголеми патриоти? За да им организираат дипломатски коктели еднаш годишно како што максимално го понижуваа сопствениот народ со таканаречениот новогодишен појадок на Камени, со сендвичи на протести, со сладоледи во Жена парк? Кога од најголемата сиромаштија произведуваа глупандери кои мораат да дојдат во Скопје за да доручкуваат ладни сендвичи. Која мизерија, кој цинизам, кој сељачизам кој идиотизам. Ако си заборавил излези и гласај за ДПМНЕ...
***
Сакаат да се вратат на власт истите ама преку Мицко? Сакаат да владеат вечно, да го глумат Путин, Ким ил Сунг и слични. Сакаат да воспостават таква моќ врз темелите на најлажниот патриотизам за вечно да владеат во држава изолирана од сите, држава на која мамето мамино и го ебаа, и ја истресоа до гола кожа. За потоа, да избегаат во багажници, и од далеку да шират патриотизам преку марионетата Мицко. Не можат дргугачие да владеат. Се плашат од себе, од своите, се плашеше и Груевски. Затоа сакаше сите да му бидат на увид, и затоа ги ангажираше “странските служби“ од внатре, од фамилијата, за да ги следат и прислушкуваат. Никој не смееше да излезе од зацртаното само по неговиот памет. Сакеше да ја окупира Македонија, да ја направи своја Бановина, свој пашалук, свој Сарај, свој Харем, во кој сите оркестри ќе свират според нотите кои само тој ги пишува, а кретенизираната маса и скапите танчерки ќе играат според кореографијата на бате Саше. И ќе му се поклонуваат. Знам, Никола сега се’ би дал, да го види Заев во истата ноќ кога му ја понуди последната шанса да се повлече од власта, ама тој продолжи да сака. Еве, преку Мицко, сака да се врати. Ако си заборавил излези и гласај повторно за ДПМНЕ...
- Да се преврти некој камион со песок, да го блокира патот, а?
- Им ги исклучивме лифтовите...
- Кажи му, и него и жена му и децата сите у ендек ќе ги најде, мамицу им ебам комунистичка...
- Се држат за рачиња и одат на гласање, душички...
- Абе го легнаа пред клозет, еј..., 8 најмалку ќе ги крка... не, него ќе му пуштам у ќелија некој надарен...
- Како бе да сокриеш убиство? Леш имаме...
- Му течеше низ ногавици, ха ха хааа...
- Не ни е интерес телевизијата, туку фирмите на Велија... (прва ја затворија телевизијата, а после и фирмите, и Велија и целото семејство на Велија)
- А да зееме со динамит, да не ја тупиме многу...
- Лустрираа мртви, а на политичките неистомисленици им измислуваа лустрациски процеси. Мртвите по втор пат ги убија, живите ги умираа пред време...
- Пред очите на светската јавност, со полиција ги влечеа пратениците од опозицијата за да изгласате буџет...
- На Тричковски му го запалија џипот, Кежо го апсеа ко у амерички филм, со неизлечиви трауми кај семејството, за да го бутнат во затвор, за дело, за кое, дури сега се потврдува дека било политички терор и реваншизам...
Мал е овој простор за да се изнапишат примерите за нивниот стил на владеење, за нивниот политички терор и раваншизам, со само една цел, грандиозна пљачка на Татковината...
И со цел памет ќе излезеш и повторно ќе гласаш за ДПМНЕ...?
Абе ај...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот